ТОП

korona1

15 починати и 111 нови случаи на корона

Денес се регистрирани 111 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 195.002Оздравени се 165 пациенти, во изминативе 24 часа – пријавени се 15 починати лица.Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нов случај на КОВИД-19:Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.• Регистрирани сe 165 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 25, Штип – 21, Кавадарци – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Битола и Свети Николе – по 10, Прилеп – 6, Охрид и Кратово – 5, Радовиш – 4, Пробиштип – 3, Гевгелија – 2, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица: 5 починати лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по 2 починати лица од Кавадарци (64г и 84г) и Кичево (54г и 87г) и по едно починато лице од Велес (72г), Берово (56г), Гевгелија (64г), Кочани (76г), Крива Паланка (61г) и Струмица (81г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебари едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.• Направени се 1.529 тестови преку: ИЈЗ-30, ЦЈЗ Скопје-22, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-3, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-57, Авицена-59, Биотек-124, Систина-43, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0,Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-256, ВФВ Медикал-17,Ели Медика-38, Ројал Медика –0, Спектра-ММ-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 878.Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирањана Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.

Македонија | пред 4 години

245313071_159407426398445_5342789601683878008_n

(ВИДЕО) Кандидатот кој молзеше крава споменикот на Ѓорче Петров го нарече „коњ“

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумоски, гостувајќи на дебата во МТВ споменикот со Ѓорче Петров поставен во општината го нарече „коњ“. Токму ова беше причината за реакција на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Александар Стојкоски.„Еве, сега дознавме и дека патронот на општината, Ѓорче Петров, за некого е 'коњ'“, напиша Стојкоски.Наумоски, вчера се фотографираше и како молзе крава, на која отпосле и го испи и млекото. 

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

ВИДЕО: Левица застана пред Заев, Пендаровски и министрите во Прилеп каде се чествува 11 Октомври

Претпладнево во Прилеп се одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание.Активисти на политичката партија Левица застанаа пред меморијалниот комплекс Могила на непобедените и го попречи патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња.Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит. 

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-10-11-112606

Ана Петровска се обврзува да го реши Вардариште, децениски проблем на Скопје

Граѓаните на Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода, заедно со Ана Петровска се борат за санација на поранешната депонија на Скопје Вардариште. Веќе 25 години сите градоначалници на Скопје си ја предаваат како жежок костен, без да се зафатат со нејзино решавање, вели Ана Петровска кандидат за градоначалник на Скопје.„Вардариште е небранета територија од 20 хектари на левиот брег на Вардар, на која се уште незаконски се депонира градежен шут, на повеќе локации неформални собирачи селектираат отпад и палат кабли, мебел и отпадни гуми, за да дојдат до метал, кој потоа преку посредници се продава во отпади што имаат дозвола. Од горењето се ослободуваат канцерогени емисии што ги загрозуваат жителите на Гази Баба и Аеродром, но и самите собирачи. Неформалните собирачи се воглавно социјално ранливи лица без лични карти, кои живеат од отпадот што го наоѓаат, или што вработените во Комунална хигиена им го оставаат пред претоварната станица на Вардариште.Решението е најпрво да се оградат и да се постават рампи на пристапите кон ѓубриштето, а во меѓувреме да се изработи техничка документација и да се обезбедат пари за санација и рекултивација и да се отпочнат градежните работи. Луѓето кои живеат од собирање и горење на отпадот, треба да добијат привремени лични карти и живеалиште и да се вклучат фомално во селекција и компостирање на отпадот на претоварната станица. Казни треба да има за оние што незаконски постапуваат со отпаден метал!Скопје мора да биде зелен и хуман град“, додава таа.

Скопје | пред 4 години

mobilen-telefon

Повторно се споделуваат експлицитни фотографии од Македонки на интернет, МВР работи на случајот

Експлицитни приватни фотографии и видеа на жени и девојки се објавуваат на неколку социјални мрежи. Фотографиите се преземени од јавните профили, но и од приватни разговори на засегнатите. Лицата ги уценуваат и им се закануваат на жртвите, а упатуваат и повици за да ги обелоденат, како што велат тие, „нечесните жени“, пишува ТВ 21. Целта на тоа, според активистката за правата на жени, Салија Бекир Халим, е валкање на честа и репутацијата на жените. Откако таа го крена гласот, беше објавена и нејзина слика.Од МВР се известени за случајот и моментално работат на приведувања. Велат дека во текот на пандемијата ова појава видно се зголемила и додаваат дека најчести жртви се жените, а најмногу младите девојки. За ова, полицијата на Северна Македонија  во соработка со полиција на Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, ја започна кампањата „Кажи не“, која има за цел борба против сексуалната злоупотреба на интернет.

Македонија | пред 4 години

dimitrov-1

Димитров за Бугарија: Не можат да ни бидат пријатели ако не блокираат и го доведуваат во прашање јазикот

Во интервју за BBC вицепремиерот Никола Димитров за тврдењето на Бугарија дека постои јазичен проблем со Македонија, велид дека македонскиот јазик е мајчин јазик на Македонците.„Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик - за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик; ова е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација. Инвестиравме многу во нашите односи со Бугарија, го потпишавме Договорот за пријателство во суштина велејќи - ние Владите ќе работиме гледајќи кон иднината, за да ја зголемиме нашата соработка, Бугарија ќе ни помогне на нашиот евроинтегративен пат, а за прашањата на историјата, формиравме Комисија на историчари за  да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земји.На прашањето дали се уште ја чувствуваме Бугарија како пријателска земја тој вели дека тие тоа многу го отежнуваат, бидејќи не е пријателски да се доведува јазикот во прашање.„Искрено, тие тоа го прават многу тешко. Не е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија - нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели. Најприродната состојба би била нашите соседи да бидат нашите најголеми поддржувачи. Ние се обидуваме да ги убедиме нашите бугарски соседи во тоа, зашто решението на ова прашање мора да биде европско“, вели Димитров

Македонија | пред 4 години

Dimitrov

Со оспорувањето на јазикот и европската иднина, Бугарија прави тешко да ја гледаме како пријател, порача Димитров

BBC: Со години државите од Западен Балкан напорно се обидуваат да добијат влез во ЕУ, но тоа не е едноставен процес. Земјите се ставени на тест за нивната способност да се усогласат со голем број правила и стандарди. Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, сите имаат таканаречен кандидатски статус. Но, процесот за овие четири земји е во застој во последните години и на Самитот во Словенија со лидерите од Западен Балкан минатата недела, лидерите на ЕУ уште еднаш не можеа да се согласат за да ги придвижат работите напред. Еден од најновите камења на сопнување беше спорот за јазикот меѓу земјата членка на ЕУ Бугарија и Северна Македонија. Разговарам со вицепремиерот на Северна Македонија, Никола Димитров. Прво, тој ми ги кажа своите размислувања за Самитот во Словенија.​Димитров: За прв пат по неколку години, ЕУ успеа да постигне консензус за да ја потврди својата посветеност кон проширувањето. На претходните Самити - оној во Загреб и тој во Софија – се зборуваше само за европската перспектива. Во таа смисла, сега барем имаме политички сигнал, но тоа што ќе биде потребно за да се врати довербата кај луѓето дека тоа е всушност возможно, дека навистина постои европска иднина за нашиот регион, покрај добрите зборови, е акција. Веројатно, најголемиот пресврт за враќање на патот, ќе биде почеток на пристапните преговори со мојата земја, Северна Македонија и со Албанија.BBC: Кои се вашите обиди по тоа прашање? Бугарија тврди дека постои јазичен проблем меѓу таа земја и Северна Македонија. Бугарија го блокира зачленувањето во ЕУ и на Албанија и на Северна Македонија, инсистирајќи дека Скопје, вашиот главен град, треба да ја признае заедничката историја и јазик. Што велите вие на тоа?Димитров: Во Европа на 21 век, на кој јазик зборуваме, кој ни е мајчин јазик - за етничките Македонци во Северна Македонија тоа е македонскиот јазик; ова е прашање за луѓето во земјата. Ова не е прашање за друга земја, не е прашање за меѓународна организација. Инвестиравме многу во нашите односи со Бугарија, го потпишавме Договорот за пријателство во суштина велејќи - ние Владите ќе работиме гледајќи кон иднината, за да ја зголемиме нашата соработка, Бугарија ќе ни помогне на нашиот евроинтегративен пат, а за прашањата на историјата, формиравме Комисија на историчари за  да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земји.BBC: Зборувавте за Договорот за пријателство, сè уште ли чувствувате дека сте пријатели со Бугарија?Димитров: Искрено, тие тоа го прават многу тешко. Не е пријателски да го доведувате во прашање јазикот на вашиот сосед. Не е многу пријателски да се блокира нешто што е толку важно за луѓето во Северна Македонија - нашата европска иднина. Навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели.BBC: Го покренав ова прашање, зашто вие самиот го посочивте. Системот во рамките на ЕУ е таков што една земја членка може да го блокира проширувањето на Унијата, или приклучувањето на одредена земја. Значи, треба да ја убедите Бугарија за ова, a во моментов се чини дека сме некаде далеку од тоа.Димитров: Најприродната состојба би била нашите соседи да бидат нашите најголеми поддржувачи. Ние се обидуваме да ги убедиме нашите бугарски соседи во тоа, зашто решението на ова прашање мора да биде европско.BBC: А што станува со поопштите загрижености? Можеби не толку гласни како Бугарија, но земји членки како Франција или Холандија стравуваат дека земјите како вашата не се подготвени да се приклучи, дека има уште  многу работи за да се исполнат европските критериуми во области како правото, на пример. Што велите за тие грижи?Димитров: Не му приоѓаме на ова со леснотија, разбираме дека не сме центарот на универзумот, разбираме дека ЕУ е погодена од голем број последователни кризи. Прашањето на тие лидери е легитимно. Нивното прашање е: овие нови шест земји, дали ќе донесат повеќе проблеми или ќе донесат повеќе решенија? Другата перспектива е, ова е регион опкружен со земји членки. Ние сме во ист брод во економска смисла. ¾ од трговијата на регионот е со Европа, ¾ од странските директни инвестиции што доаѓаат во регионот се од земјите членки на ЕУ. Мигрантската криза преку балканската рута покажа колку нашиот регион е од клучно значење за безбедноста на самата Европа. Значи, ако Европа е куќа, а Западен Балкан е просторија која не е дел од куќниот ред, која не е вклучена во системот на електрична енергија, снабдување со вода, клима уред итн. Тоа не е добро за самата просторија, но исто така не е добро и за целата куќа.”Линк до интервјуто (од 32 минута): https://www.bbc.co.uk/sounds/play/w172xytdqyjnjnr

Македонија | пред 4 години

Molz

„И јас би влегол во штала да молзам, ама потоа 4 години да крадам милиони“, лавина реакции за молзењето крава на Наумоски

 Градоначалникит на Ѓорче Петров, при предизборната посетата во Ново Село, молзеше крава.-Природно млеко……само во Ѓорче. Во Ново Село, напиша Наумоски.По ова, лавина коментари:https://twitter.com/CheGuev21277156/status/1447288542242160646https://twitter.com/Rebrendiran/status/1447286395731681284https://twitter.com/S7black7GMC/status/1447284326777884674https://twitter.com/goranman2/status/1447280312845750272https://twitter.com/ednokollace/status/1447279666453225478https://twitter.com/cheshma7/status/1447259615704588291https://twitter.com/dulestefanoski/status/1447263947783090183  

Коментари | пред 4 години

244789020_1196471197517830_2262466866063045837_n

Македонија го празнува 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание и НОВ

Република Македонија денеска го одбележува 11 Октомври, почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.Во македонското Собрание денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2018 година.Добитници на наградата се проф. д-р Драги Михајловски, преведувач и писател, Ристо Лазаров, писател и новинар, Петре Арсовски, актер и проф. д-р Александар Ставридис, хирург – уролог.Михајловски, Лазаров и Арсовски наградата ја добиваат за животно дело во областа на културата и уметноста, а Ставридис за животно дело во областа на здравството.Одлуката ја донесе Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на својата последна седница.Државната награда „11 Октомври“ се доделува како највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.Културната понуда на Скопје е збогатена со Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944), кој на 4 јануари годинава го отвори скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Музејот е лоциран на левиот брег на реката Вардар, зад Археолошкиот музеј на Македонија.Посетителите во Музејот можат да ја погледнат постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“ и да се запознаат со историјата на антифашистичко Скопје од авторот Зоја Богдановска, виш кустос и историчар. За изложбата е изработен и двојазичен каталог (македонско/англиски), во издание на Музејот на Град Скопје.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Што направил Максим со рекламирањето за изборите?

Претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска рече дека според распоредот од ДИК, независниот кандидат Максим Димитриевски кој е кандидат за градоначалник на Куманово има добиено три локации, додека во приговорот стои дека има девет локации дополнително обезбедени преку системот „прв дојде и прв услужен“.Во приговорот се наведува дека со низа дејствија на независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово предложен од група избирачи „За наше Куманово“, Максим Димитриевски му е овозможено да користи поголем број рекламни паноа и билборди од предвидените 10 проценти согласно ченот 78 став 4 алинеја 4, а во врска со ставот 2 на истиот член од Изборниот законик како вкупен процент на дозволени рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање на територијата на определена општина, а во случајот општината Куманово.– Тој своите три билборди си ги користи и плус останатите ги користи заради тоа што законот му дава право, меѓутоа моментот како да се користат неискористените, не е регулиран, и ние од тука немаме основ како било да изреагираме односно да изречеме мерка во однос на независниот кандидат, додаде Ивановска.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.14

Нови ужасни детали за несреќата во Тетово

Со ќебе и вода медицинскиот персонал се обидел да го изгасне пожарот кој избувна во тетовската модуларна болница, што ги потврдува и првичните неофицијални информации дека во објектот немало противпожарен апарат. Начинот на кој се обиделе да се справат со огнената стихија со она што прво им дошло до раце, за “Фокус”, го откриваат од Обвинителството.Поточно, неодамна од Обвинителството информираа дека медицинскиот персонал “презел обид за гаснење”. Затоа прашавме со што точно се обиделе да го изгаснат огнот, односно дали со противпожарен апарат, ќебе .-Во врска со пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, ве известуваме дека обидот за гаснење на оганот преземен од страна на медицинскиот персонал бил со средства кои им биле во непосредна близина – ќебе и вода. Поради брзото ширење на пожарот не успеале во обидот и брзо го напуштиле објектот. Обвинителите ги утврдуваат сите детали околу настанатиот пожар во тетовската болница, ни одговорија од Обвинителството.Целиот текст можете да го прочитате на Фокус

Македонија | пред 4 години

DSC_86191

Предизборно во Карпош се носи нов ДУП: Што му е целта на Богоев?

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и претседателката на Советот Наташа Пеливанова, за вторник, 12 октомври, закажаа нова седница за да донесат нов ДУП, предупредуваат кандидатите од советничката листа Независни за Карпош.Се работи за Деталниот урбанистички план ССИ 03 блок 7, дел од Карпош, кај Аквадуктот.„Не се ферма ништо. Седницата ќе биде онлајн, сите ќе бидат дома или во канцеларија или во кафиќ на ЗУМ, ама ние нема да можеме.Ќе бидеме таму, во 9:45 во вторник пред просториите на општината за да ја следиме онлајн седницата физички во нивни простории. Седницата е закажана за во 10 часот. Дојдете и видете во живо на што личи седница на Совет на „најтранспарентната“ општина и како изгледа почитување на начелото на јавност и граѓански права за учество на седници. Ова е демократија и јавност поставени наопаку. Доста е“, се вели во повикот на Независни за Карпош.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-10-10-at-15.00.06

ВИДЕО: Патеката во Карпош 4 со вирови, кал, дупки при најмал дожд

Пропаднати бекатон плочки, големи вирови, купишта кал. Вака изгледа патеката во Карпош 4 на булеварот Партизанска и при најмал дожд. Жителите се револтирани бидејќи овој проблем не се решава, а е во надлежност на Град Скопје. Според нив, ова се случува откако пред една година, Градот Скопје ги вадел бекатонките, а потоа, истите биле вратени по неколку месеци, но не соодветно наместени. До сега, Град Скопје неколку пати има интервенирано за поправка на бекатон плочките, бидејќи претходно се отвораа и големи дупки кои стоеа и по неколку недели.Зелените садници на булеварот Партизански одреди во Карпош 4, делот кој се протега од „Сити мол“ до ТЦ „Антико“ се отстранети. Ова доаѓа откако претходно, дел од тревата беше целосно исушена. Жителите на овој дел од Скопје постојано реагираа поради тоа што садниците се уништуваа, а освен кратење на тревата, не се преземаше ништо за тоа да се спречи. Во овој дел на Карпош, во садниците, има и систем за наводнување кој е целосно уништен. По отстранувњето на тревата, се гледа како дел од цевките се искинати и не функционираат. Жителите велат дека работниците веќе им најавиле дека веројатно овде повторно ќе има садници со трева, иако, засега на терен не се работи.

Скопје | пред 4 години

DSC_0683

316 новозаразени и 10 пациенти починати од Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:• Направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.• Регистрирани сe 240 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 27, Штип и Кочани – по 14, Велес – 12, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Битола – 9, Гевгелија – 8, Тетово – 7, Кичево – 6, Кратово и Демир Хисар – по 3, Охрид – 2, Свети Николе, Неготино, Радовиш, Ресен, Делчево, Богданци и Македонски Брод – по 1.• Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.• Направени се 3.486 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–39, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–291, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-117, Биотек-134, Систина-41, лабораторија Лаор-185, Синлаб-14, Ремедика-3, Плодност–59, Генеа-16, Никоб лаб-400, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-47, Ројал Медика –25, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.473.Досега во земјата се направени вкупно 1.323.365 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

пред 4 години

arsovska-dksk

Данела се фаворизира со рекалмите нарачни од ВМРО-ДПМНЕ, но не е ништо незаконски смета Антикорупциска по пријавата од Левица

Нури Бајрами од ДКСК нема ништо незаконско во рекламирањето на независниот кандидат за Град Скопје, Данела Арсовска иако ги користи средствата од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи само дека е фаворизирачки пристапот, но не е незаконски согласно правилниците и законите. Левица бараше одговорност од Арсовска бидејќи се сомневаат дека незаконски се финансира нејзината кампања со средства доделени од ДИК на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ги користи само своите средства кои и се доделени од ДИК, како независен кандидат.„Не се потврдени и правно се неиздржани наводите. Поради тоа ДКСК не е во можност да предлага мерка согласно своите надлежности, предлагам приговорот да се одбие. Постапката да се запре“, кажа Бајрами.Пет членови на ДКСК го излгасаа предлогот. Бајрами претходно го образложи приговорот.„Доставен е приговор од Левица. Приговорот е за постапка за утврдување на законитост за финансирање на изборната кампања против Данела Арсовска, независен кандидат за Град Скопје. Во приговорот се содржани следниве констатации: пријавената е учесник како независен кандидат за градоначалник тоа значи над нејзината кандидатура стојат илјада избирачи, таа има свој даночен број како самостоен независен субјект. Пријавената настапува по број 82, кој е различен од подносителот Обнова за Македонија. Тоа согласно Изборниот законик се два различни субјекти. Не може да ги користи средствата за платено рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ. На пријавената и се овозможува фаворизирачки пред останатите кандидати, неовластено да ги користи средствата од РСМ“, рече Нури Бајрами.Според ДКСК, Данела Арсовска користела средства од ВМРО-ДПМНЕ без договор за платено политичко рекламирање со партијата констатираше ДКСК.„Ги користи правата и средствата кои следуваат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во платено политичко рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ има спотови и за кандидатката Данела Арсовска. Таа не користела средства за платено политичко рекламирање. АВМУ кажа дека не е спротивно емитувањето на платеното политичко рекламирање на Арсовска според правилникот“, додаде Бајрами.Арсовска смета дека нема ограничување за користење на средства од други партии за платено политичко рекламирање. Таа посочува и дека нарачките за платено политичко рекламирање од ВМРО-ДПМНЕ не е спротивно на правилниците. Според неа, со приговорот се тера негативна кампања против неа и прашува дали Левица поднела приговор и за СДСМ.„Наводите во приговорите се неосовани и немаат за цел утврдување на законитост туку се обид за неоснован напад на независниот кандидат за Град Скопје. Нема незаконско финансирање на кампања или корупција, но и било каква активност за која има надлежност ДКСК“, одговорила Арсовска на обвинувањата.Нури Бајрами од ДКСК нема ништо незаконско, иако е фаворизирачко тоа што Данела користи средства од ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање на изборите.„Мора да истакнувам и да кажам дека во случајов точно е дека на пријавената, односно Данела Арсовска и овозможува фаворизирачки пристап со користење на средства од РСМ. Но, не и неовластено. Бидејќи тоа е предвидено во едно упатство. Тоа значи дека отстапувањето од поносител на листа на дел од времето за платено политичко рекламирање, на кандидат кој го поддржуваат, не е забрането ниту поддржано“, рече Бајрами.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања