ТОП

VLEN-press

ВРЕДИ очекува победа на локалните избори, можна поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг

Синоќа владиниот коалициски партнер ВРЕДИ го отвори Централниот штаб на плоштадот Скендербег во Скопје, како почеток на подготовка за претстојните локални избори закажани за средината на октомври оваа година.Лидерите на коалицијата, Изет Меџити, Биљал Касами и Арбен Фетаи покажаа силна верба во победата на овие избори.Изет Меџити изјави дека коалицијата ангажирала професионални агенции за спроведување анкети и дека имаат намера да ги предложат најдобрите и најуспешните кандидати кои треба да бидат добри менаџери кои ќе работат во интерес на граѓаните.„Ова се локални избори и главен критериум е да бидат добри менаџери кои ќе сработат во интерес на граѓаните”, рече Меџити.Можна е поддршка на кандидатите на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Нови ракетни напади меѓу Иран и Израел

Нови напади меѓу Иран и Израел утрово и тоа само еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори.Околу 2.30 часот Иран активираше ракетен бараж кон Израел, покренувајќи ги израелските системи за воздушна одбрана кои пресретнаа проектили на небото над Тел Авив.Израел, пак, соопшти дека погодил десетици воени цели, вклучително и локации за производство на ракети, истражувачко тело за кое рече дека е вклучено во развојот на нуклеарно оружје во Техеран и воени објекти во западен и централен Иран.Израел започна со напади врз Иран на 13 јуни, велејќи дека „Техеран е на работ да развие нуклеарно оружје“.

Македонија | пред 7 месеци

Zemjotres

Земјотрес од 2,4 степени ноќеска почувствуван во Охрид и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, веднаш по полноќ, во 00 часот и 33 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентралното подрачје со Република Албанија, Јужен дел на Охридско Езеро, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.Земјотресот бил со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат откако е обвинет во предметот за пожарот, но и откако излезе од притвор, објави статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој е во куќен притвор, а напиша само два збора.„Октомври = референдум“, пишува во статусот, кој се толкува како политичка порака за мобилизација.Во октомври, се очекува да се одржат локалните избори. Оваа објава веројатно е најава за мобилизација на албанското гласачко тело.

Коментари | пред 7 месеци

ohrid-turisticka-42

Без дозвола, со туѓо возило: Двајца осомничени за трагичната несреќа во Охрид – загина жена

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот “Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено.„Првиот осомничен го извршил делото со директно загрозување на безбедноста во сообраќајот, односно во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил Фолксваген голф без да поседува возачка дозвола и со брзина неприспособена на својствата и состојбите на патот. Поради тоа 21-годишникот изгубил контрола над возилото, навлегол на кружниот тек преминувајќи преку средишниот остров, возел надвор од коловозот и удрил во метален столб – канделабра на тротоарот. Потоа продолжил да се движи по тротоарот каде налетал на двајца пешаци и конечно удрил во бетонска ограда“, велат од Обвинителството и додава:Во несреќата била повредена пешакот Александра Божиноска која починала на лице место, додека кај другиот пешак биле предизвикани тешки телесни повреди.Истрага е поведена и за сопатникот во автомобилот Фолксваген голф, 18-годишен сопственик на автомобилот. Тој делото го сторил загрозувајќи ја безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство, односно во врска со член 298 став 1 од Кривичниот законик.Иако бил свесен дека поради неговото постапување може да настапи штетна последица, односно дека неговиот другар не поседува возачка дозвола и може тешко да ја загрози безбедноста на сообраќајот и да го доведе во опасност животот на луѓето, вториот осомничен му го дал возилото цо негова сопственост да го управува.

Македонија | пред 7 месеци

lokalni4

Филипче со 19 кандидати – СДСМ на локалните избори оди со старо-нови имиња

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатура на градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на првите 19 кандидати за градоначалници.Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Филипче:„Дозволете да информирам за донесената одлука на Извршниот одбор да се даде согласност за кандидатура за градоначалници на неколку општини од страна на СДСМ. Имено, во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето.Во тие општини завршија внатрепартиските постапки, роковите се завршени во однос на кандидирањето и оваа согласност понатаму на крајна одлука ќе ја доставиме до Централниот одбор на партијата тогаш кога ќе комплетираме сите општини. Сега станува збор за 19 општиниДозволете да ги прочитам кандидатите за градоначалници.Некои од нив се веќе споменати во јавноста.За Општина Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.За Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски.За Општина Ѓорче Петров – претседателот на општинската организација, Костадин Ацески.За Општина Чучер Сандево, актуелниот градоначалник Сашо Комненовиќ.За Општина Берово, актуелниот претседател на општинската организација Илија Рунтевски.За Општина Крива Паланка, актуелниот градоначалник Сашо Митовски.За Општина Лозово, Ацо Велковски.За Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.Општина Богданци, Блаже Шопов.Општина Дојран, Ристо Џинев.Општина Могила - Зоран Ристевски.Општина Неготино, Петар Мантев.Општина Новаци, Љубе Кузманоски.Општина Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник.Општина Вевчани, претседателот на општинската организација Стефан Радиноски.Во Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски.Во Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски.Во Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов.И претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и кредибилитет и легитимитет да ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните.Актуелните градоначалници коишто навистина направија вистинска промена во општините: во Центар, во Крушево, во Крива Паланка – општини и градови коишто станаа целосно нови во времето на нивните мандати, и сметам дека се луѓе кои што можат да излезат пред граѓаните и може слободно да кажеме дека сè што ќе ветат ќе биде исполнето согласно нашата програмска заложба, која што ќе биде градена врз основа на вредносните принципи“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-20-at-12.28.55

Апелација го испрати Нино Васев во затворот во Шутка

Поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Нино Васев, и организацискиот директор Нехат Нухи ќе одат во ефективен притвор од 30 дена, одлучи Апелациониот суд Скопје.Судот ги прифати жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје, кое побара построги мерки за двајцата обвинети, укажувајќи на опасност од бегство.„Апелациониот суд ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје против решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје и истото го преиначи, на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С.“, се наведува во соопштението.Судот констатирал основано сомневање дека Васев сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, и поради тоа му е одреден притвор во траење од 30 дена, согласно член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка.Двајцата се обвинети за злоупотреби поврзани со скапа терапија и за тешки дела против здравјето на луѓето.

Македонија | пред 7 месеци

jovan-hajrulahi-1

Предложено разрешување на обвинителот Хајрулахи и казна за Цветановски поради тешки дисциплински прекршувања

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по спроведени две дисциплински постапки, утврди дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител, Јован Цветановски, од истата институција сториле тешки дисциплински повреди, согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.Според одлуката на Комисијата, двајцата обвинители „намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки“ при извршувањето на својата функција.Во една од постапките, јавен обвинител од ВЈО Скопје е прогласен за одговорен поради нестручно и несовесно постапување во четири предмети, каде се откажал од жалба или обвинение. Како дисциплинска мерка, му е изречено намалување на платата за 30% во период од шест месеци од правосилноста на решението.За Вишиот јавен обвинител биле водени две одвоени дисциплински постапки. Во едната, Комисијата утврдила неправилности во начинот на заведување на предметите, а во другата – донесување нестручни одлуки во три случаи. Обвинителот ги одобрил тие одлуки, откако предметите му биле реферирани.Врз основа на овие наоди, Комисијата донесе одлука да поднесе предлог до Советот на јавни обвинители за разрешување на Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје.Во однос на дополнителен навод за повреда поврзана со нарушување на угледот на Јавното обвинителство, Комисијата оцени дека постои застареност на предлогот и по тој основ не постапуваше.

Македонија | пред 7 месеци

velibor-manev-obvinitelki

Уапсен вработениот во Народна банка, за кого Манев сведочеше дека го земал ранецот со пиштолот со кои Вања и Панче се убиени

Попладнево е уапсен З.Д., вработен во Народна банка, за кого обвинетиот Велибор Манев сведочеше дека го уништил ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче. Информацијата ја потврдија од Обвинителството.„Да, лицето е лишено од слобода по наредба на јавен обвинител. Се преземаат и други дејствија”, велат од Обвинителството.Манев ги шокираше сите во судницата кога го кажа името на човекот и каде е вработен.

Македонија | пред 7 месеци

gjorceski-2

Таткото на Вања до Палевски: „Зошто ми е убиена Вањичка?“

На денешното рочиште за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, пред судот се обрати и таткото на Вања, обвинетиот за помагање при нејзиното грабнување, Александар Ѓорчевски. Тој истакна дека и по месеците судење, чувствува дека вистината сè уште не е откриена до крај.„Од почетокот на самото судење имаше воведни зборови и убаво се сеќавам дека станав и изразив очекуѕвање дека се ќе дознаам. Во текот на судскиот процес цело време мижам во просторијава, меѓутоа внимателно го слушам секој збор. Сега како се сведе, се приближи кон крај процесот, имам чувство на непотполност во поглед на вистината која што очекував да ја дознаам. Еден од обвинетите го посочи Палевкси како човек кој ги имал одговорите на сите прашања. Токму поради тоа и само од тие причини му се обраќам на Палевски после мене уште тој останува со завршен збор, нека стане, нека се поклони и во две реченици нека ја каже вистината. Зошто ми е убиена Вањичка? Благодарам“, рече Ѓорчевски.Со завршните зборови продолжува Љупчо Палевски, кој треба да се изјасни по сите наводи.

Македонија | пред 7 месеци

velibor-manev

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и уценет од Палевски – чувствувам срам и душевна болка“

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за учество во киднапирањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд завршен збор. Тој изјави дека негира дека сторил убиство, но призна дека учествувал во дел од настаните и тврди дека бил манипулиран и уценет од Љупчо Палевски.„Од почеток одлучив да ја кажувам вистината, без разлика на казната. Не негирав ниту една снимка, потврдував присуство и објаснував детали за да добие судот јасна слика,“ рече Манев.Тој посочи дека Обвинителството упорно се обидува да го прикаже како дел од организиран план за убиство, што според него не е точно. Претходно, во неговите искази, Манев тврдел дека не знаел оти Палевски планирал убиства и дека, доколку знаел, не би копал три метра длабока дупка „со табаници и капак“.„Не би направил земуница како за таен бункер ако знаев дека лицето ќе биде убиено. За мене, тоа беше операција за грабнување и изнуда пари од ќерка на фармацевт, како што тврдеше Палевски,“ рече Манев.Обвинетиот истакна дека Обвинителството нема конкретни докази за соработка со лицето Сашо, ниту дека тој лично го познава, туку дека целата врска се темели на присила и манипулација. За убиствата рече дека тој и останатите обвинети биле во целосен шок, откако Палевски „ги извршил ладнокрвно, без претходна најава“.„После убиствата, ја чував снимката од мојот ресивер. Можев да ја избришам, можев да ги исклучам камерите – но тогаш ќе му давав алиби на Палевски,“ рече Манев.Спомена и дека бил уценуван и заплашуван со животот на своето семејство. Го посочи и случајот со „плавиот ранец“ за кои се тврдеше дека во него било оружјето, за кој рече дека Палевски му дал наредба да биде пренесен или уништен по неговото бегство од државата. Притоа, го спомена и лицето З.Д., вработен во Народна банка и член на политичката партија Десна.„Бев само алатка – шест години го поддржував, му ја давав душата, го вадев од затвор, трчав по адвокати. За крај, ме напика во затвор за нешто што не сум ни замислувал“, изјави Манев.Своето излагање го заврши со каење и лично признание дека чувствува голем срам и душевна болка.„Испаднав наивна будала која си го уништи животот. Загубив пријатели, доверба и себе си. Простете ми,“ заврши Манев, очекувајќи ја пресудата.

Македонија | пред 7 месеци

bore-videvski

За убиствата на Вања и Панче: Обвинетиот Видевски без збор; Кешишев: „Многу се каам, ми рекоа да ќутам“

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, во предметот за киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, завршен збор дадоа дел од обвинетите.Обвинетиот Боре Видевски кој негира вина, кусо се обрати пред судот:„Нема да давам завршен збор, нема да кажам ништо. Се согласувам со тоа што го кажа мојот бранител“.Покрај него, збор зеде и обвинетиот Влатко Кешишев, кој во своето обраќање истакна:„Морам да кажам дека многу се каам и имам грижа на совест за што воопшто бев со нив, бидејќи се разговараа, испланираа и завршија сами сè. На мене ми кажано да ќутам, да не се мешам и да седам настрана“.Кешишев пред судот повтори дел од неговиот претходен исказ, опишувајќи го денот на грабнувањето на Панче Жежовски.Судењето продолжува со завршните зборови на останатите обвинети, по што се очекува донесување на пресудата.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-11-at-09.44.05

Нино Васев да оди во притвор, а не да седи во куќен притвор, бара Фетаи

Обвинителката од Вишото обвинителство-Скопје, Фатиме Фетаи, бара наместо куќен притвор, на д-р Нино Васев да му биде одреден ефективен притвор. Таа смета дека истрагата може да тече само ако Васев биде зад решетки.„Ставот на Вишото јавно обвинителство е дека во оваа фаза на постапката, имајќи ги во предвид сите околности, мерката притвор и единствено мерката притвор, претставува доволна гаранција за обезбедување присуство на осомничениот и успешно обезбедување во кривичната постапка“, рече Фетаи.На аргументот дека Васев и досега ги почитувал мерките за обезбедување на присуство, Фетаи рече дека тоа било друга фаза на постапката.

Македонија | пред 7 месеци

palco

10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Адвокатот Јовица Страшевски, побара од судот Љупчо Палевски-Палчо да биде ослободен од обвинението за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Предлагам обвинетиот Љупчо Палевски да се ослободи од вина, бидејќи според обвинителниот акт не е јасно какви дејствија преземал.  Околу целата постапка ниту преземал одредени дејствија кои му се ставија на товар со другите обвинетите, а ниту поттикнал, ниту наведувал другите обвинети да сторат нешто.  Иако истрагата не беше почната, пресудата беше донесена, а медиумите истото го пренесуваа без пресумпција на невиност. Јавноста креираше јавно мислење со предвремена пресуда за обвинетиот.  Обвинителството не докажа ниту разумно сомневание ниту докажа тоа што му го става на товар на Љупчо Палевски“, рече Страшевски во завршниот збор.Тој рече дека обвинителниот акт е непрецизен и паушален.„Почитувани пред нас имаме Обвинителен акт доставен до судот на ден 12.08.2024 година. И од тогаш до денеска помина близу 1 година, едно што можевме заденички сите овдека да констаираме е дека и уште 10 години да се труди обвинителството да ги докажува напишаните невистини тези и дејствија нема да може да ги докаже затоа што веќе на сите им стана јасно дека за обвинетиот Љупчо Палевски ниту сторил ниту имала намера да стори вакви кривични дела за да се стекне со користољубие или уште да изврши две убиства од кои едно на малолетно дете.“, рече тој меѓудругото.Тој посочува дека нема докази.„Палевски е обвинет со обвинителен акт со само 17 докази а нема ниту еден конкретен доказ дека ја докажува неговата вина која му се става на товар. Докази во овој судски процес не постојат“, додаде тој.Потоа Страшевски ја спомена прес-конференцијата во Обвинителството каде скопскиот обвинител Гаврил Бубевски и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски споделија детали од истрагата.„Прва грешка јавно на прес конференција, беше прекршена уставно загарантираната пресумпција на невисност. Со таа прес конференција кога истрагата не беше ниту отпочната Палевски и цела партија јавно беа осудени, а медиумите го пренесуваа да внимаваат на пресумпција на невиност и уставот“, рече тој.Потоа, тој презентираше снимки на кои се гледаат Велибор Манев и Боре Видевски.„Се поставува прашањето зошто е убиена Вања, а не Миња, ќе додадам. ОЈО не докажа зошто било грабнато девојчето. Бев често прашуван како адвокат, зошто киднаперите се одлучиле да ја грабнат Вања, или биле двете девојчиња? Прашања кои не беа одговорени ниту од МВР ниту од ОЈО. Дали Кешишев тргнал со полицијата да го откопува телото на Вања и дали притоа свесно биле уништени голем број докази?“, рече Страшевски.

Македонија | пред 7 месеци

policacec-ohrid

Ужасна несреќа во Охрид: Загина пешак, друг е во тешка состојба - уапсен е возачот

На 19.06.2025 во 22.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.С.(22) од с.Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница „Св.Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик.

Охрид | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања