ТОП

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Техеран ветува одмазда по американските напади

По американските напади, се огласи и Иран.Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“.Тој јасно предупреди дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.САД според Аракчи, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие. Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет”, тече Аракчи.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп се закани: Или ќе има мир или Иран ќе доживее трагедија, има уште многу цели

Американскиот претседател Доналд Трамп, по нападот врз Иран, се обрати директно до нацијата.Тој потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.„Сите ги слушаа тие имиња со години додека ја градеа таа страшна и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше да го уништиме иранскиот објект за збогатување ураниум“, рече Трамп.Според него, нападите биле спектакуларен воен успех, а клучните капацитети за збогатување ураниум биле целосно уништени.Или ќе има мир, или Иран ќе доживее трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во последните осум дена, остануваат уште многу цели, се закани Трамп.„Иран, насилникот на Блискиот Исток, мора да се согласи на мир сега. Ако не го стори тоа, идните напади ќе бидат многу помоќни и многу полесни за извршување“, рече Трамп.

Свет | пред 7 месеци

antonio-guterres-un

Гутереш предупредува: Американскиот напад врз Иран може да има катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, излезе со остро предупредување дека американскиот напад врз Иран е опасна ескалација на состојбата во регионот и може да значи директна закана за меѓународниот мир и безбедност.„Постои сѐ поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот. Во овој опасен момент, клучно е да се избегне вител на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, изјави Гутереш.

Свет | пред 7 месеци

sonce-so-termometar

Доаѓа афрички топол бран и пеколни температури до 40 степени

Од утре температурите повторно ќе се зголемуваат. Под влијание на воздушна маса од Африка, во нашата држава температурите ќе се искачат и до 40 степени.Ќе биде сончево и многу топло со високо и опасно УВ зрачење.Во сила се сите препораки за заштита од вакви топлотни удари: да не се излегува на отворено од 11 до 17 часот доколку нема поголема потреба, да се консумираат течности и лесна храна, да се носи светла облека. Хронично болните редовно да ја земаат терапијата.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Прв американски удар врз иранска нуклеарна инфраструктура – Се заканува поширок конфликт

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД извеле воздушни напади врз три ирански нуклеарни постројки: Фордоу, Натанс и Исфахан. Во објава на социјалните мрежи, тој потврди дека мисијата била „многу успешна“ и дека сите авиони веќе го напуштиле иранскиот воздушен простор.„Голема количина бомби беше фрлена врз главната постројка – Фордоу“, напиша Трамп.Во обраќање од Белата куќа, Трамп му се заблагодари на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека дејствувале „како тим, можеби подобро од кој било тим досега“. Тој го повика Иран на примирје, предупредувајќи на нови напади ако не следува дипломатско решение.Израелскиот премиер ја потврди соработката и рече:„Прво доаѓа силата, потоа мирот.“Израелскиот јавен сервис КАН јави дека нападите се изведени во „целосна координација со Вашингтон“. Засега нема официјален одговор од иранските власти, а светската јавност е во исчекување на нивниот следен чекор.Оваа интервенција доаѓа само два дена откако Трамп изјави дека „во рок од две недели“ ќе реши дали ќе се приклучи на Израел во напади со цел уништување на иранските нуклеарни капацитети. Според извештаите, во мисијата учествувале и американски бомбардери B-2 со способност за пробивање на подземни објекти.

Свет | пред 7 месеци

tatko-sin-edinec

(Видео) „Излезете на следниот марш, ние сме тука за вие да не одите по гробишта како нас“, рече таткото кој изгуби син единец

Таткото, кој изгуби 21-годишен син единец во пожарот во „Пулс“, упати порака до жителите на Кочани, но и сите граѓани на државата, да излезат со нив и да ги преплават улиците на следниот марш кој ќе се одржи следната недела.Тој посочи дека се бори за другите деца, за да трагедијата не се повтори, бидејќи тој останал без ништо.„Немојте да се плашете, не се плашете од смртта, страшен е животот, овој кој го живееме. Како ќе живееме ние сега? 62 деца отидоа, моето дете отиде. Прашајте како живееме ние. Затоа кажувајте сите, да го преплавиме градот“, рече тој.Родителите и оваа сабота, упатија порака, дека чекаат одговори и правда.

Македонија | пред 7 месеци

palestina-mars

(Видео) Во Скопје марш за „слободна Палестина“: транспаренти ‘Нема гордост во геноцид’ низ центарот

Десетина граѓани денеска маршираа низ центарот на Скопје, носејќи транспаренти со пораки „слободна Палестина“, „нема гордост во геноцид“ и „тишината е смрт“. Акцијата беше проследена со извикувања преку разглас и гласно изразен став против насилството врз палестинскиот народ.Иако бројот на присутни беше симболичен, пораките беа директни и јасни.Овие пароли се дел од глобалниот протестен вокабулар против израелските воени дејства во Газа, кои предизвикаа масовни цивилни жртви, уништена инфраструктура и хуманитарна катастрофа. Војната избувна по нападите на Хамас врз Израел.

Македонија | пред 7 месеци

kocani-mars

(Видео) Нов марш во Кочани – болката веќе не е тивка...

Во Кочани повторно маршираа родителите, роднините и пријателите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“. За разлика од претходните маршеви, одбележани со молк и тишина, денешниот доби поинаков тон – се слушаа исвиркувања.Од почетната до крајната точка на маршот, граѓаните ја пренесоа пораката дека трпението е при крај, а одговорноста за загубените животи – сè уште ја нема. Маршот почнува подоцна, како симбол на задоцнетата реакција на институциите.Маршот, достоинствен, јасно покажа дека болката повеќе не е тивка – таа веќе бара правда, не сочувство.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-21-at-17.36.10

„Support Kocani“ обезбеди 4070 силиконски лепенки Atrauman Silicone – пристигнати во Кочани, наскоро ќе бидат донирани на Општата болница

Граѓанската иницијатива Support Kocani информира дека во Кочани пристигнаа 407 кутии со силиконски лепенки Atrauman Silicone, со вкупно 4070 лепенки, како дел од континуираната хуманитарна помош за повредените од трагичниот настан.Овие медицински лепенки, во кои секоја кутија содржи 10 парчиња, се специјално наменети за третман на изгореници и чувствителни повреди на кожа. Тие претставуваат донација од хумани сограѓани и компании кои живеат и работат во Словенија, кои великодушно се приклучија на нашата мисија за помош.Лепенките наскоро ќе бидат донирани на Општата болница во Кочани, во координација со здравствените служби и потребите на пациентите.Дополнително, Support Kocani очекува нови пратки со медицински материјали и од други земји, меѓу кои Австралија и Данска, каде македонски иселеници и пријатели на Кочани активно се вклучуваат со поддршка.„Оваа донација е уште еден потсетник дека вистинската поддршка понекогаш доаѓа таму каде што најмалку ја очекуваме - од срцата на обичните луѓе, преку граници и без големи зборови.” - велат од иницијативата.Support Kocani и натаму останува целосно посветена на транспарентна, брза и ефикасна поддршка за сите на кои им е најпотребна.

Македонија | пред 7 месеци

fasdfasd

(Видео) Четири бели гулаби полетаа кон небото – тага за младите животи изгубени во „Пулс“

Во тишина прекината од тешки воздишки и солзи, четири бели гулаби полетаа кон небото – симбол на душите на Андреј Стојанов, Андреј Лазаров, Стефанија Соколова и Стојанче Стефанов, четирите млади жртви кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.Хуманитарниот натпревар, одржан под мотото „Хуманост без граници“, беше само поводот – вистинската суштина на настанот беше во силната емоција и непремостливата болка на нивните семејства и пријатели.Најемотивниот момент не дојде со свирежот на судијата, туку со гестот што молчи погласно од зборовите: четири бели гулаби, пуштени од најблиските на младите загинати. Со солзи во очите и стиснати срца, роднините ги испратија во небото како симбол на невината младост, незавршените животи и надежта дека таму некаде – има мир.Настанот ги обедини граѓаните во заедништво, солидарност и достоинствена тишина. Влезниците беа симболични – 200 денари – но пораката беше бесценета: овие четири имиња нема да бидат заборавени.

Македонија | пред 7 месеци

glasanje-makedonija

Локалните избори го кристализираат теренот: ЗНАМ самостојно, СДСМ се повлекува од неколку општини

Политичката сцена пред претстојните локални избори почнува да добива појасни контури. Партијата ЗНАМ најави дека ќе настапи самостојно на овие избори, и со советнички листи и со кандидати за градоначалници, додека СДСМ ќе се повлече од трка за градоначалници во неколку доминантно албански општини.Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, потврди дека партијата преговара со ВМРО-ДПМНЕ за заемна поддршка на кандидати за градоначалници, но дека ќе настапат со сопствени имиња, а не во коалиција.„Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат свој кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка уште во првиот круг“, изјави Мемов.Преговорите, според него, се во завршна фаза и се водат за повеќе општини – веќе е дефинирано Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе помали низ земјата.Од друга страна, СДСМ, под водство на Венко Филипче, нема да настапи со кандидати за градоначалници во седум општини со мнозинско албанско население: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино. Партијата ќе има само советнички листи, додека прашањето кого ќе поддржи во трката за градоначалници останува отворено.Партиски извори брифираат дека одлуката е донесена од Извршниот одбор, но не се исклучува можноста за понатамошни преговори – било со ДУИ, било со Вреди. Особено бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе најави поддршка за Вреди уште во првиот круг.

Македонија | пред 7 месеци

van

Сите детали за уапсениот осомничен дека го криел пиштолот со кој се убиени Вања и Панче: се правеле претреси

Основното јавно обвинителство Скопје постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.“По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено кривично дело согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик.Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор. По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени.Со цел проверка на наводите, јавниот обвинител обезбеди и судски наредби со кои беа извршени претреси на две локации, а се преземаат и други истражни дејствија.Со цел обезбедување на осомничениот до завршување на постапката, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање, како и да се определи повремено да се јавува кај службено лице во судот.Истрагата против ова лице претставува посебен предмет кој не влијае на судската постапка за двете грабнувања и убиства која е во завршна фаза и во рамките на која Јавното обвинителство го поткрепи обвинението со огромен број вербални и материјални докази за сторените дела”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 7 месеци

putin-98132489

Путин: Русија постојано му кажува на Израел дека нема докази дека Иран сака нуклеарно оружје

Русија постојано му кажуваше на Израел дека нема докази дека Иран има намера да развие нуклеарно оружје, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју во саботата, цитирајќи го „Скај њуз Арабија“.„Русија, како и МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала никакви докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано го предупредувавме израелското раководство“, изјави Путин, цитиран од „Скај њуз Арабија“.Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на нуклеарна програма во мирновременски период, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа. Зборувајќи на економски форум во Санкт Петербург во петокот, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во конфликтот Иран-Израел со двете страни.Тој не ги кажа деталите за тие идеи.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-21-at-10.38.55

(Видео) Не наседнувајте: Се појави лажна реклама со Тони Михајловски, направена со вештачка интелигенција

Актерот Тони Михајловски се огласи по појавувањето на видео-реклама во која наводно промовира лек – но, како што вели, сѐ е измама. Рекламата e целосно лажно склопена со помош на вештачка интелигенција. За видеото да изгледа пореално, искористена е и графиката и снимка од репортер на телевизија „Сител“.„Рекламата со мене за некаков лек за било што е лажна. Вештачка интелигенција. Освен делот у некое собрание кај што ‘тепам’ некои пратеници.  Едноставно, сечено, лепено и монтирано“, напиша Михајловски на својот Фејсбук-профил.Актерот појасни дека во моментов е ангажиран на снимање вистински реклами за друг клиент и најави дека тие наскоро ќе бидат објавени. До тогаш, апелира до граѓаните да не наседнуваат на секое видео што ќе го видат на интернет:„Не наседнувајте на сѐ што ќе се исправи пред вас“, додаде тој со доза хумор.Ова е уште еден случај на злоупотреба на ликови и гласови на јавни личности во дезинформативни видеа, најчесто поврзани со здравствени производи и „чудотворни“ лекови.

Македонија | пред 7 месеци

velibor-manev

И натаму е во полициска станица уапсениот од Народна банка, за кого Манев тврди дека го уништил пиштолот со кои се ликвидирани Вања и Панче

Уапсениот Зоран Д., кој е вработен во Народна банка, а вчера беше приведен под сомнение дека го зел и уништил ранецот во кој, според обвинетиот Велибор Манев, бил сокриен пиштолот со кој се извршени бруталните ликвидации на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сè уште се наоѓа во полициска станица. Неговиот исказ пред надлежните органи сè уште не е обелоденет, а Обвинителството посочува дека повеќе информации за текот на постапката ќе бидат соопштени во текот на денот.Оваа разврска следи по шокантното сведочење на Велибор Манев во кое го спомена името на сега уапсениот. Претходно, на три рочишта во судскиот процес изјавуваше дека знае кој добил задача да го крие оружјето со кое е извршен двојниот масакр. И покрај овие тврдења, Обвинителството со месеци не нареди спровод на Манев за да направи распит, што отвори сериозни прашања за начинот на водење на истрагата.Вчера, откако Манев јавно го именуваше Зоран Д. како лице што го презело и наводно уништило ранецот, истиот беше уапсен. Случајот дополнително ја вжешти јавноста, која со месеци бара одговори за тоа како оружјето не е лоцирано, иако обвинетиот упорно тврди дека знае детали.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања