ТОП

272657594_468285018113800_489941184548056827_n

Етно-комплексот „Македонско село“ по седум години повторно отворен

Скопје доби уште едно туристичко место, со убав поглед и преубави соби и апртмани.По седум години, денеска се отвори етно-комплексот „Македонско село“.,,За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полу уништен објект се става во функција, тоа е овој комплекс, наречен Македонско село.Благодарност до инвеститорите, до концесионерите, кои што се охрабрија да инвестираат и да понудат и на Скопје и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко, алтернативно и би рекол, ултра квалитетно место, каде што може да се ужива во преубав поглед, во преубави соби, апартмани, би рекол и сигурен сум во превкусна храна. Така што јас би им посакал многу среќа во работата, се разбира“, рече премиерот Христијан Мицкоски.Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша владината Служба за општи и заеднички работи.Инаку комплексот никогаш и не заживеа за да биде исплатлив, а потоа беше ставен под клуч.Комплексот се состоеше од 12 автентични куќи од македонските краеви, простории каде се претставени македонските занаети, а дел и се продаваа. Имаше и хотелски соби и ресторански дел.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-01-05-at-10.23.06

Синдикатот на контролори на летање се заканува со штрајк доколу не се поништи огласот за нови вработувања во М-НАВ

Повторно вриее во М-НАВ, нарушени се меѓучовечките односи, блокирани се процесите за јавни набавки, има тајни измени во систематизацијата со отворање несуштински работни позиции.Синдикатот на контролори на летање е незадоволен и од огласот за нови вработувања и ССКЛМ го известил раководството на М-НАВ дека бара да го поништи последниот оглас за нови вработувања и да ги испочитува обврските од минатогодишната Спогодба која беше основа за ставање во мирување на тогашната одлука за штрајк.Инсистираат да се пристапи на итна реализација на неисполнетите точки од Спогодбата најдоцна до крајот на јуни, во спротивно најавува реактивирање на штрајкот на 10 ти јули.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-19-at-18.26.54

Мицкоски се сомнева на саботажа во РЕК, МВР испитува

Вчера наутро Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски се исклучи од електроенергетскиот систем поради проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура или опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.Постои основано сомнение дека е можно да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција, порача премиерот Христијан Мицкоски.,,Важно е што навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници. Во РЕК Битола се прават натчовечки напори во делот на дисциплината и ремонтите. Двата блока се веќе во ремонт, а овој единствено работеше, бидејќи таква е потребата на пазарот во моментов, РЕК Битола да работи со еден блок, а пикот да се пегла со други извори”, рече Мицкоски потсетувајќи дека АД ЕСМ и Владата не побара зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули, како што, како што посочи, тоа многу пати го правеше мината влада.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-18-at-20.14.19

Кочани доби ПРП терапија – повредените од трагедијата веќе се третираат локално

Во Општата болница во Кочани за првпат е изведена ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити) кај десет лица повредени во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Интервенциите се извршени од специјализиран медицински тим од скопската болница „Св. Наум Охридски“, објави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.Претходно, девет други пациенти беа третирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!“, порача Клековски.ПРП терапијата е современа медицинска метода која користи плазма од сопствената крв на пациентот, збогатена со тромбоцити, со цел да се стимулира и забрза процесот на регенерација и заздравување на кожата и меките ткива.Овој напредок значително ќе го олесни лекувањето и рехабилитацијата на повредените, но и ќе обезбеди побрз пристап до современи терапии за целото источно подрачје.

Македонија | пред 7 месеци

brza-pomos-nokje-3

Крвава пресметка во Чаир: постака против 18-годишник кој прободел малолетник во граден кош

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека за истиот настан постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата.Од доказите обезбедени во предметот постои основано сомнение дека повод за оружениот инцидент со нож била меѓусебна вербална расправија во сообраќај, меѓу осомничениот и неговиот татко од една страна и малолетникот од друга страна. Расправијата прераснала во физичка пресметка, во која таткото и синот со употреба на физичка сила, клоци и тупаници го нападнале малолетното дете. Во тој момент детето извадило нож со кој им нанело повеќе убодни рани по телото на осомничениот и неговиот татко. Осомничениот успеал да му го земе ножот на детето и го прободел во градниот кош.Во физичката пресметка трите лица се повредени, при што малолетникот и таткото се хоспитализирани со тешки телесни повреди. Полесни се повредите кај сега осомничениот 18-годишник, за кого јавниот обвинител веќе побара да се определат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со малолетното дете кое го повредил.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-18-at-17.06.10

(Видео) Пожар на дивата депонија во Визбегово – кабли се палат намерно, повик за контроли

Во текот на денешниот ден избувнал пожар на депонија во скопската населба Визбегово. Според информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), веднаш било стапено во контакт со Полициската станица Бутел и со Противпожарната бригада на Град Скопје, кои излегле на терен и интервенирале.Се работело за пожар кој зафатил сува трева, ѓубриште и кабли, а истиот бил успешно изгаснат. Сепак, од ЦУК информираат дека одделни поединци намерно палат кабли на депонијата, што го отежнува гаснењето и создава дополнителен ризик по животната средина и здравјето на граѓаните.Граѓаните апелираат за поинтензивен надзор и санкции за намерното предизвикување пожари и загадување на воздухот, особено во делови како Визбегово, каде проблемот е хроничен.

Скопје | пред 7 месеци

mijalkov-hotel-

Молк од институциите за хотелот на Мијалкови во Охрид – игнорирана претставка од 25 организации

И покрај поднесена претставка од 25 граѓански организации со барање за итно отстранување на хотелот што се гради во охридската Горица, ниту Владата, ниту премиерот, ниту Општина Охрид постапиле во законскиот рок – со што е прекршен и Законот за постапување по претставки и предлози.Хотелскиот комплекс на фирмата „Дивелоп Груп“, чиј сопственик е „Бест веј инвестмент“ на Мијалкови, се гради на местото на поранешна шума. Невладини организации тврдеа дека е без соодветна еколошка проценка, со незаконско одобрение и во спротивност со препораките од УНЕСКО и Бернската конвенција. Но, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, тврди дека се е според закон и дека Мијлаков не би дозволил таква почетничка грешка. Градбата е посочена како закана во Планот за управување со светското наследство, а активностите започнаа и покрај барањето на УНЕСКО за нивно стопирање.Од екоактивистите велат дека институциите ги игнорираат и законските и моралните обврски. Кабинетот на премиерот претставката ја препратил до Општина Охрид и МЖСПП. Молк стигнал и од пратениците, па дури и од ДКСК, каде случајот е поднесен уште во март.На оваа тема, зборуваше и потпретседател на Влада и министер за транспорт и врски, Александар Николоски во „Претрес“:?t=2233

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-18-at-12.20.42

Туфегџиќ за таткото на Вања: Овој човек не е убиец – тој е родител кој изгуби сѐ

Во завршниот збор пред Судот, адвокатот Владимир Туфегџиќ се обрати во одбрана на својот клиент, Александар Ѓорчески – обвинет во случајот за помош при грабнување на 14-годишната Вања Ѓорческа, негова ќерка.„Александар поради бруталното убиство на неговото дете и тешките последици за него и за неговото семејство, од овој суд не бара милост или одлука поради сожалување и емпатија кон него, Александар бара праведна судска одлука со која ќе бидат казнети сторителите, судска одлука со која ќе ги дознае мотивите и вистинските причини за овој монструозен чин и одговор на прашањето, зошто токму тој и неговото семејство се одбрани да бидат до крајот на животот осудени да живеат со огромна празнина, тага и болка. Застапникот на обвинението (обвинителката) не докажа надвор од разумно сомнение дека Александар го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, рече Туфегџиќ.„Обвинителниот акт кон Александар Ѓорчески не само што е контрадикторен, туку и човечки неприроден“, истакна Туфегџиќ па додаде: „Овој човек е татко. Преживеа нешто што ниту еден родител не треба да го доживее – да му ја грабнат ќерката и подоцна да му ја пронајдат мртва.“Туфегџиќ го обвини обвинителството дека „со невидена леснотија, го ставиле таткото на убиеното дете на обвинителна клупа“.„Ваквиот пристап на застапникот на обвинението во теоријата на докажувањето за учеството на таткото Александар дека комуникација помеѓу таткото и Љупчо Палевски имало, но сепак нема докази за постоење на комуникацијата затоа што било логично да нема доказ за нивната комуникација е недозволен и опасен преседан кој значи обвинување за претпоставена а не докажана вина, тврдење кое е потполно неосновано и паушално од причина што телефоните кои ги користел таткото се криминалистички вештачени, нема доказ за комуникација или избришани записи по претходна комуникација со телефонските броеви кои ги користел Палевски а кои ги посочува застапникот на обвинението“, додаде тој.На крајот, Туфегџиќ апелираше до судот да „погледне со разум и правичност, но и со човечност“, и побара целосно ослободување на Александар Ѓорчески од обвиненијата.„Овој човек не е убиец – тој е родител кој изгуби сѐ. Во оваа смисла по однос на обвинетиот Александар се докажа дека ваквото обвинение е резултат на прекршување на основните принципи на кои почива истражната постапка и криминалистичка истрага, во која не е направена прелиминарна анализа на информациите, ниту е направена нивна организација и диференцијација, ниту била формирана основа на структурата за одлучување.Токму од доказите на обвинителството произлегува дека доказите од видео надзорот врз основа на кои се темели обвинението се обезбедени и прибавени токму од обвинетиот Александар и сведокот Гоце и тоа со знаење, согласност и со напатствија од полициските службеници кои учествувале во истражната постапка“, заклучи тој.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-2530PM

Паркингот на Клинички не е ни мапиран, новиот министер бара бара решение

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека паркингот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не е ни мапиран и дека тоа е првиот проблем со кој се зафатил откако стапил на функција пред шест дена.„Ќе почнеме со анализа – колку паркинг места има, колку ги користат пациенти и вработени, и потоа ќе понудиме краткорочно решение. Долгорочното ќе зависи од иднината на самиот Клинички“, рече Алиу.Проблемот со паркингот се актуелизираше откако поранешниот министер Арбен Таравари најави дека нема да се реализира договор со фирмата „Ѓока констракшн“ од Албанија, која требаше 20 години да стопанисува со паркингот преку јавно-приватно партнерство.Премиерот Мицкоски тогаш изјави дека договор не е склучен и оти јавноста ќе има последен збор дали ваквиот модел ќе се реализира.

Македонија | пред 7 месеци

kesisev-7345

Бранителот на Кешишев: „Мојот клиент не е убиец – туку заложник на туѓа волја“

На денешното рочиште, адвокатот Игор Ефремов, бранител на обвинетиот Влатко Кешишев, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во делот од обвинението што го товари за соизвршителство во двете грозоморни убиства на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.Во својот завршен збор пред судот, Ефремов тврдеше дека во текот на целата постапка Обвинителството не изнело цврсти докази дека Кешишев делувал како соизвршител. Напротив, според него, токму исказите на другите обвинети и сведоци, како и самата изјава на Кешишев, укажуваат дека тој немал ниту умисла, ниту конкретни дејствија кои би го вклучиле како активен учесник во самите убиства.Адвокатот посочи дека Кешишев имал подредена, па дури и потчинета позиција во однос на Љупчо Палевски, за кого рече дека „управувал со целото окружување, вклучително и со Влатко“. Неговата улога, според одбраната, била ограничена на помош околу грабнувањето, без свесност или согласност за конечниот чин – убиствата.„Ако соизвршител е оној без чии дејствија делото не би било сторено – прашањето е: Кои се тие клучни дејствија на Влатко Кешишев?“ – праша Ефремов пред судот, повикувајќи се на начелото на индивидуализација на вината.Според Ефремов, Кешишев не само што не знаел за намерите на сообвинетите, туку бил и првиот што по апсењето ги водел истражителите до местото на закопаните тела. „Да не беше неговата совест и каење – телата немаше да се најдат. Тој им помогна на органите на прогонот. Тоа не го прави убиец – туку сведок и жртва на туѓа контрола“, истакна тој.На крајот, одбраната побара од Судот исклучиво да го цени учеството на Кешишев во делото „грабнување“, но да го ослободи од обвиненијата за „убиство“ и „соизвршителство“.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 7 месеци

bore-videvski-5

Адвокатот бара ослободителна пресуда за Боре Видевски, обвинет за убиството на Вања: Тој е колатерална штета

Во завршните зборови на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски – Бојан Манев – ја спореше основата на обвинението против својот клиент, оценувајќи ја целата истрага како „погрешно насочена, политички мотивирана и професионално аматерски изведена“.Манев се обрати со остра критика кон институциите: обвинителството, полицијата и целиот истражен процес. „Од почетокот, овој предмет беше изведен како театар пред јавноста, со намера да се покаже брзо ‘расчистување’ на случајот. Наместо докази, гледаме конструкција“, рече адвокатот.Тој потенцираше дека против Видевски нема ниту еден директен доказ – ниту ДНК трага, ниту видео снимка, ниту сведочење кое го инволвира на местото на злосторствата. Единствениот елемент на кој се потпира обвинението, според Манев, е наводно изнудено признание под тортура, добиено додека Видевски бил подложен на физичко и психолошко насилство, иако, како што истакна, обвинетиот има трансплантиран бубрег и сериозна здравствена состојба.„Обвинителството дури и не го повикало сведокот кој можел да го потврди алибито на Боре. Не беа изведени снимките од бензинските пумпи и камерите кои, според сведоци, постојат и се во доказниот материјал. Намерно беа премолчени“, истакна Манев.Тој го нарече случајот „правно недозреан експеримент“, кој ќе остане запишан како пример за тоа како не треба да се води една кривична постапка. Манев тврдеше дека Видевски, како татко на две ќерки, долгогодишен карате тренер и човек со интегритет, не само што не би можел да биде сторител на такво монструозно дело, туку и самиот се пријавил во полиција, што го исклучува каков било бегалски или прикриен мотив.„Обвинителството сака од јавноста да бара верба во сценарија без логика – дека некој сам се снима додека подготвува убиство, дека човек без мотив станува дел од криминална група, дека татко на две ќерки учествува во киднапирање на дете, без апсолутно ниту еден доказ“, истакна адвокатот.На крајот, Манев побара судот да го ослободи Боре Видевски од вина, со образложение дека тој е колатерална жртва на „институционална неспособност, јавен притисок и политичка потреба за виновник по секоја цена“.Одлуката на судот сега останува да се донесе во атмосфера на силен јавен интерес и поделени ставови околу тоа дали обвинението ќе успее да ги поддржи своите тешки обвинувања со цврсти докази – или предметот ќе се распадне под тежината на правните аномалии.

Македонија | пред 7 месеци

kazni-policija-policaec

Кумановец се обидел да прегази полицајци во прилепско

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Т. (26) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Инцидентот се случил на 20 мај 2025 година, во село Беровци, прилепско, кога пријавениот управувал патничко возило марка БМВ со бугарски регистарски ознаки. На даден знак за запирање од страна на полициски службеници, тој одбил да застане и со возилото се обидел да ги удри полицајците на терен.По кратка потера, Д.Т. бил фатен и веднаш лишен од слобода.Против него е поведена кривична постапка и се очекува понатамошна одлука од надлежното обвинителство.

Македонија | пред 7 месеци

velibor-manev-obvinitelki

Манев бара да биде суден за грабнување, а не за убиство, па раскажа како барал од Палчо да ја ослободат Вања

Денеска во судот на завршните зборови, адвокатот на обвинетиот Велибор Манев, Горан Бошевски, побара судот да го ослободи неговиот клиент Манев од обвиненијата за убиствата, а да остане само обвинението и да биде казнет само за грабнувањата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.По грабнувањара Вања и Панче беа бездушно убиени во ноември 2023 година.,,Треба да постои претходен договор за да има соизвршителство. Треба делото да го извршат заедно. Треба да се работи за дејствија кои претставуваат особен придонес кон извршување на делото.Соизвршител за убиство може да биде само некој кој се договорил дека ќе бидат убиени лица”, објаснуваше бранителот и рече дека Манев ги познава обвинетите, освен таткото на Вања, Александар. Го познава и Панче, кој му останал должен. Рече дека планирале грабнување, но не и убиства.Тој и натаму тврди дека со Боре Видевски мислеле дека киднапираат возрасна жена од влезот, која Палевски ја следел.„Кога ја отворивме вреќата видовме ранец. Палевски ја тргна лентата и видовме дека е дете. Ја праша која е, кои и се мајка и татко, и потоа ја фотографираше со вперен пиштол. Со Боре му рековме да го ослободи девојчето, и така бевме под маски, но тој ја фотографираше, зеде перниче од ѓубриштето и ја застрела во главата“, рече адвокатот на Манев.

Македонија | пред 7 месеци

puls-38

Обезбедени средства за спомен-обележје во чест на младите жртви од „Пулс“

Со амандман поднесен и усвоен денес во Собранието, обезбедени се 2 милиони денари како почетни средства за изработка на идејно решение и отпочнување на активности за подигнување на спомен-обележје во Кочани, во чест на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“.Спомен-обележјето ќе биде поставено во централното градско подрачје на Кочани и ќе претставува тивок, но моќен симбол – сведоштво за загубата, потсетник за солидарноста и опомена дека ваква трагедија не смее никогаш да се повтори.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.23

Хуманитарна линија претворена во масакр: Израел нападна луѓе што чекаа помош

Израелските тенкови пукаа врз толпа што се обидуваше да добие помош од камион во Газа во вторникот, при што загинаа најмалку 59 лица во еден од најкрвавите инциденти досега, соопштија медицински лица.Видео објавено на социјалните мрежи покажува десетина осакатени тела како лежат на улица во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.Израелската војска, која е во војна со палестинските милитанти предводени од Хамас во Газа од октомври 2023 година, го призна пукањето во областа и рече дека го истражува инцидентот.Сведоци интервјуирани од Ројтерс рекоа дека израелските тенкови испукале најмалку две гранати врз илјадници луѓе што се собрале на главниот источен пат низ Кан Јунис надевајќи се дека ќе добијат храна од камионите за помош што ја користат рутата.„Одеднаш нè пуштија да одиме напред и ги натераа сите да се соберат, а потоа почнаа да паѓаат тенковски гранати“, рече Алаа, очевидец интервјуиран од Ројтерс во болницата Насер, каде што ранетите жртви лежеа распнати на подот и во ходниците поради недостаток на простор.Палестинските лекари изјавија дека во инцидентот загинале најмалку 59 лица, а 221 се ранети, од кои најмалку 20 се во критична состојба. Ранетите биле итно префрлени во болница со цивилни автомобили, рикши и коли со магариња.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања