ТОП

palevski-gjorcevski

Денеска завршни зборови на одбраната за грозоморното убиство на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Во Основен Кривичен суд Скопје завршен збор има одбраната на обвинетите.Прв е велешанецот Велибор Манев кој веќе призна вина во сведочењето.На претходното рочиште, обвинителството во завршните зборови побара максимална казна или доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, побара судот да му одреди соодветна затворска казна.Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворицата обвинети, бидејќи, рекоа нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста.По завршните зборови на сите зборови следува пресудата за овој случај.Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Македонија | пред 7 месеци

foto

Четири деца и четири возрасни евакуирани од Израел и вратени во Скопје

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа безбедно пристигна на скопскиот аеродром.Станува збор за осум лица – четири деца и четири возрасни – кои, како дел од поголем организиран транспорт, ја напуштија територијата на Израел и се упатија кон Египет, од каде со авион во сопственост на Владата беа транспортирани до Скопје.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, преку социјалните мрежи информираше за успешно завршениот процес на евакуација, нагласувајќи дека со оваа операција нашата земја се вбројува меѓу првите во Европа кои организираа и реализираа безбедно враќање на свои државјани од зоната на конфликт на Блискиот Исток.Министерството, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, останува во континуирана комуникација со останатите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел. За сите прашања и конзуларна поддршка, на располагање се дежурните телефонски броеви.

Македонија | пред 7 месеци

delai-annuler-emails-gmail

Предупредување до речиси 2 милијарди корисници на Gmail: Веднаш сменете ги лозинките

Потпретседателот за безбедност и приватност на GOOGLE, Еван Коцовинос, издаде сериозно предупредување до сите корисници на Gmail (кои ги има речиси две милијарди) - веднаш сменете ја лозинката, објави Индекс.хр. Според податоците, дури 61% од американските корисници биле цел на обид за напад преку е-пошта, а експертите предупредуваат - работата е сериозна и повеќе не е прашање дали, туку кога.Лозинките, иако сè уште се најраспространетиот начин за најавување, се сè поранливи. Луѓето ретко ги менуваат, често ги користат на повеќе услуги и избираат премногу едноставни варијанти. Ново истражување открива дека речиси половина од возрасните Американци користат „ризични“ лозинки, вклучувајќи ги имињата на домашните миленици, членовите на семејството или дури и сопствената адреса. Уште полошо, 8% од испитаниците користат лозинка за која веќе знаат дека е компромитирана.Затоа Google предлага побезбедна алтернатива: passkey.Passkey е форма на автентикација без лозинка што користи комбинација од јавен и приватен клуч. Јавниот клуч се чува на сервер, додека приватниот клуч е безбедно складиран на вашиот уред. За разлика од лозинката, лозинката не може да се погоди, украде или искористи во фишинг напад. Сè останува на вашиот уред - а најавувањето се врши со препознавање на лице, отпечаток од прст или ПИН.Дури и ако го изгубите уредот, можете да ги вратите вашите лозинка преку вашата сметка на Google - тие се поврзани со вашиот кориснички идентитет, а не со одреден уред.

Магазин | пред 7 месеци

filipce

Филипче со жестоки обвинувања за Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро го нападна премиерот Христијан Мицкоски, нарекувајќи го симбол на неисполнети ветувања, политичка хипокризија и опасни амбиции за авторитарно владеење. Во своето обраќање на Фејсбук, а откако Мицкоски го нарече предавник, Филипче го оцени слоганот „Најдоброто допрва доаѓа“ како навреда за интелигенцијата на граѓаните.„Што допрва доаѓа? Не беа доволни четири години локална и една година централна власт за да се види барем еден резултат?“, праша тој, обвинувајќи го Мицкоски за лаги и неспособност.Филипче се осврна и на економијата, велејќи дека Македонија, според Евростат, има најлош животен стандард во Европа, со стагнирани плати и инфлација, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ, според него, ужива во луксуз и непотребни трошоци.„Се лета со приватни авиони, се јаде папаја и манго, а народот едвај врзува крај со крај“, истакна лидерот на СДСМ.Тој го прозва Мицкоски и за, како што рече, „тајниот договор со Бехтел и Енка“, прашувајќи зошто уште нема тужба, и кој се вградил со проценти, откако Трајко Славески признал дека цената ќе порасне од 1,3 на 2 милијарди евра.Во најостриот дел од настапот, Филипче го обвини премиерот за авторитаризам и нарушување на демократскиот поредок:„Мицкоски сака да воспостави диктатура. Тоа не е ‘кодошење’, туку патриотизам – борба против врховизам и предавство.“Во обраќањето, тој не го поштеди ни начинот на кој се третира културното наследство, прашувајќи „нели му беше срам на Мицкоски да се вози по дупките до Хераклеја“ и посочувајќи на запуштеноста на локалитетот во Битола, каде, според него, ВМРО-ДПМНЕ владее веќе четири години.Филипче најави дека јавноста ќе слушне имиња на финансиери и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, се поврзани со трагедии и криминал, а кои досега биле чувани во тајност.

Македонија | пред 7 месеци

2-1

Мицкоски: Не смеат функционерите да заборават дека, макадамот по селата и улиците е повистински, поавтентичен и помек од килимот по скапите хотели и канцелариите

„Денеска, кога ја одбележуваме јубилејната година од основањето на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, на денот кога го славиме не само бројот на годините, туку и патот што го минавме како народ и како политичка сила, се чувствувам повикан и обврзан да зборувам за она што сме, што бевме и што ќе бидеме. Овој ден не е само празник, туку повик на одговорност, повик на надеж и повик на заедништво“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, па додаде:ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и под притисоци, се бореше за својот идентитет, за слобода, за правда. Ние сме оние кои што ја продолжуваме таа светла и чесна мисија, кои не ги забораваме корените, ни темелите на кои е изградена македонската државност. Не треба никој да заборави дека тоа се темели изградени со човечки страдања, со крикот на илинденците и победата на асномците, со заветот на комитите и војводите, со плејадата мажи и жени кои гинеле за нашата слобода, кои поразите ги надминувале со пркост, а до победите доаѓале со надеж и непобедлива волја. Она што оваа партија ја разликува од другите е нејзината непоколеблива вера во народот, во неговите вредности и во правдата како наш најсилен стожер.И затоа овие бели и мудри глави кои денес се заедно со нас, но и многумина кои веќе не се со нас, но чие дело го паметиме, ја потврдуваат историската грамадност на оваа организација која постела, постои и ќе продолжи да постои за нашата единствена и најголема кауза - Македонија!Во растењето на партијата, во нашите порази и победи се вклучени многу наши браќа и сестри. Оние кои се наши истомисленици, но и оние кои размислувале различно, но сепак ги споделуваат нашите идеи и во чии срце е ВМРО, сакам да испратам благодарност за нивната преданост и нивната искрена желба за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ за многумина е партија, но и за многумина од нас е пред се идеја што не запира и вредности кои носат промени. Тие промени ја донесоа независноста, таа жед за своја држава донесе да учествуваат во создавањето на темелите на државата, кои многупати потоа беа силно разнишувани, разјадувани и имаше обиди да бидат уништени. Но ние не се откажвме. Затоа што верувавме во нашата идеологија и затоа што си ја сакаме нашата татковина.Но, мораме да признаеме – периодот што го оставивме зад нас не беше лесен. Последните седум години, беа години на катастрофално владеење од страна на СДСМ и ДУИ, полни со корупција, предавства и разнишување на нашите институции. Институции кои беа столбови на државата, за жал, беа рушевини. Вербата на народот беше разнишана, економијата заглавена, политичарите потонати во корупција, стандардот на граѓаните паѓаше од ден на ден. Луѓето беа разочарани, уморни, полни со апатија, страв и неизвесност. И токму поради ова, нашиот влез во Владата пред една година беше повеќе од промена на една обична владина гарнитура. Тоа беше нов почеток и потврда дека народот не заборавил, дека народот не се откажал, и дека сега почнуваме да градиме темели – темели на промени, темели на чесност, темели на работа и темели на правда.Ние не сме тука да ветуваме лесни приказни или брзи решенија. Не!...Ние сме тука да направиме она што е правилно, да ги исправиме грешките и да ги санираме штетите од минатото. Се знае, нема назад!Со неизмерна чест и одговорност стојам пред вас на овој ден кога одбележуваме 35 години од основањето на нашата партија — нашата голема, наша вечна идеја. Идејата која не прекинува, која не паѓа, која гори во срцата на секој од нас. ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од политичка организација. Тоа е жив дух, потекло и продолжение на македонската борба за слобода и правда. Нашата партија, како идеолошки наследник на историското ВМРО, го носи товарот и светлината на една борба што трае повеќе од век и половина. Од првите денови на Внатрешната македонска револуционерна организација, која се крена против неправдата и угнетувањето, па до денес, кога ние се бориме против невидливи, но не помалку опасни непријатели – корупција, предавства и уништување на институциите.Ние сме партија која стои на темели на храброст, достоинство, родољубие и чесност. Партија во чии штабови, на чии настани сеуште се живи приказните и се раскажува за жртвата на Христо Узунов, се поклонува пред делото на Гоце Делчев, сеуште се паметат херојските дела на Александро Турунчев, Горче Петров, Карев. На овие темели градиме иднина. И затоа денеска, во ова време на надеж, ви велам – ВМРО-ДПМНЕ е светилникот што ја осветлува темнината која долго време ја покриваше нашата земја.Нашата држава беше предмет на долготрајно уназадување и разрушување. Седум години владеење на ДУИ и СДСМ кои оставија, навистина, длабоки рани. Рани кои се гледаа во секоја институција, во секој агол од нашата Македонија. Корупција што ги рушеше темелите на правдата. Предавства што ги поткопаа државните интереси. Руинирање на институциите, со што нашите граѓани останаа разочарани и без надеж, но, со силна решеност, народот повторно да ја зема власта во свои раце. ВМРО-ДПМНЕ застана како вистински чувар на промените кои се неопходни. Целата наша енергија и секој наш чекор се насочени кон обновување и стабилизација на државата. Затоа, да не заборавиме – нашата фотелја не е крајна цел, туку должност. Должност кон народот, кон Македонија.И немојте никогаш да забравите од каде потекнуваме, од каде доаѓаме и конечно, каде ќе се вратиме по сето ова. Најскапата работа што еден човек може да ја остави на своите потомци, не се парите, не е имотот, туку честа и чистиот образ. Како што мудро знаат нашите да кажат, не смеат функционерите да заборават дека: макадамот по селата и улиците е повистински, и поавтентичен и помек од килимот по скапите хотелите и канцелариите. И тоа е така поради реалноста која ја има во себе и чекорот на своите сограѓани кои чекорат по него, а фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, поради тоа што таму извира твојата моќ и твојата цел. Токму затоа, сите функционери во нашата партија мора да бидат свесни дека ова што го работиме не е лична игра, туку служба. Клупата во вашите маала е таму кај што мора да знаете дека еден ден пак ќе се вратите и ќе мора луѓето таму да ги погледате во очи и со гордо крената глава да им одговорите, јас го направив тоа за вас, јас се борев за вас, и да не се срамите и да се криете од нивните прекорни погледи.Несовесното седење во фотелјата носи срам и разочарување. Достојното и пријателско седење на столчето или гајбата пред кооперацијата, на клупата во маалото, носи пријатели, поддржувачи и вистинска сила за идејата. Таму лежи основата на вистинската политичка иднина на честа и на нашиот образ.Во овие мигови на промени, апелирам до сите наши функционери и членови: не заборавајте кој сте, од каде дојдовте, и кому му служите. Никој не смее да дозволи бахатост, агонија од моќ и корист да го заматат погледот. Да демонстрираме волја и докажеме пред народот дека ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор, дека не сме исти како оние кои владееја со земјата во минатото.Драги браќа и сестри,Ние сме новата надеж. Ние сме промената која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките и да постави правичен ред и правда. Владата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ.Сепак, ние не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека народот сè уште не го чувствува подобрувањето во својот секојдневен живот. Затоа упорно работиме на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на услови за сите работници, посебно младите, земјоделците и пензионерите. Македонија нема повеќе да биде земја на понижување и предавство. Нашата надворешна политика е достоинствена, принципиелна и се темели на заштита на нашата заедничка историја, култура и идентитет.Не можеме да дозволиме да не кодошат во странство оние кои треба да бидат чувари на националните интереси. И да не мислат дека ветувањата за отстапки, деградации и понижувања ќе ги донесат повторно во Владата. Народот е свесен и нема да дозволи повторно да биде измамен. Она што Венко Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не е туѓо и не смее да се заборави, за да не се повтори.Ние не сме тука за да изградиме праведно општество, во кое нема да има непривилегирани, туку напротив ние сме тука за да изградиме општество во кое ќе нема привелигирани. Тука сме за да изградиме правда за сите. И за тоа ќе бидеме безмилосни кон секој кој ќе ја злоупотреби довербата на народот.Драги пријатели, знам колку тешко се живее во Македонија. Ги слушам вашите приказни, вашите грижи, вашите надежи. Затоа и велам дека оваа влада ќе продолжи да работи максимално, без одмор, без отстапки, до моментот кога секој човек ќе ја почувствува промената.Имам една лична приказна која ќе ја споделам со вас. Пред многу години, како млад човек од автентично семејство, сфатив дека ништо не доаѓа само од себе. Мојот татко велеше: „Може да имаш многу амбиции, но без чесност и труд, ништо не се гради.“ Тој совет ми стана животно мото. Ние сме тука, заедно, да ја изградиме Македонија каква што ја сакаме – силна, слободна, горда. Секој од вас е дел од оваа борба. Нашата идеја не запира. Нашите вредности носат промени. Со вера во иднината и со непоколеблива надеж, верувам дека најдоброто допрва доаѓа. Благодарам на сите основачи, борци, членови на ВМРО-ДПМНЕ кои со љубов и посветеност го чуваат овој дух и ја водат нашата партија кон светла иднина.За Македонија. За народот. За сите нас.Во секоја историска борба, а особено во онаа на нашиот народ, која трае со децении, клучот за успехот лежи во единството и свесноста за одговорноста што ја носиме како наследници на нашата земја. Не сме тука за да се бориме за фотелји или моќ, туку за да создадеме вистински вредности кои ќе останат засекогаш и ќе ги препознаат идните генерации. Се сеќавам како после седумте години катастрофално владеење на ДУИ и СДСМ, кога нашите институции беа разнишани, корупцијата цветаше, а идентитетот и националниот интерес беа на удар, многумина помислија дека нема спас за Македонија. Но токму тогаш, во најтешките моменти, ние одлучивме да преземеме одговорност и да покажеме дека има надеж.Ние не сме партија која ветува празни зборови. Нашите дела се најсилната порака. И затоа во првата година од оваа влада, успеавме да ја стабилизираме економијата. Но тоа не е доволно. Народот го чувствува товарот од минатото и сè уште очекува промени кои ќе ги подобрат животите.Затоа, сега повикувам на искрена самокритика и совест кај секој член и функционер на ВМРО-ДПМНЕ.Силна Македонија не се гради само со бројки и економски показатели, туку и со чување на традицијата и вредностите кои нè дефинираат како народ. Конзервативните вредности на семејството, традицијата, трудот, честа, нацијата, редот, правдата и одговорноста се нашиот стожер. Тие вредности нè водат низ темнината и нè крепат во времето на предизвиците. Секоја промена почнува од дома, од личната одговорност и од свеста дека само заедно можеме да направиме голема разлика. Ние не сме тука за себе, туку за народот. Тука сме за Македонија и за иднината на сите граѓани во Македонија.Не заборавајте, нашата партија е иднина на борците од 1893-та, борците кои со крв и солзи ја изградиле нашата држава и култура. Ние сме нивни следбеници, а ова наследство нè обврзува да бидеме чесни, силни и непоколебливи. Сите ние, од најмалиот член до највисокиот функционер, мораме да го чуваме ова наследство со чист образ и посветеност.И токму во овој контекст ги споменав претходно и однесувањата на претседателот на се уште најголемата опозициска партија СДСМ, пред кои не можеме да молчиме, неспособноста и предавствата кои со зачуденост јасно ги гледаме. Народот веќе ја знае вистината. Ние сме сведоци на тоа дека македонската жица на овие политичари свири само кога ќе се објави тендер или лична корист. Ова се нови времиња, кога народот има очи да гледа и памет да не биде излажан. Ние нема да дозволиме да се повтори истата приказна. Ќе ги држиме на одговорност сите кои ќе се обидат да ја злоупотребат довербата на граѓаните. Секој ќе одговара пред законот.Но оваа борба како што кажав, не е за политички поени. Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина. Понатаму, нашата влада ќе продолжи со имплементација на конкретни проекти кои ќе донесат вистински економски развој и подобрување на стандардот. Секој од овие чекори е дел од нашата стратегија за долгорочен развој. Нашата желба е секој граѓанин да почувствува подобрување во својот живот. Затоа и велам – тешко е сега, но нема да отстапиме, нема да се откажеме. Јас сум горд што сум дел од овој тим и во Владата и во партијата. Мојата лична приказна е приказна за човек кој не се предал, кој верувал во Македонија, верувал во нејзините граѓани.Од скромни почетоци, преку тешки моменти, до позиција на претседател на Владата, секогаш ми била водилка љубовта кон татковината и желбата да оставам подобра иднина за моите деца и за сите македонски семејства. Верувам во вас, верувам во народот, верувам во Македонија. Нашата идеја не запира, нашата волја не се крши, а најдоброто допрва доаѓа. Заедно, со чесна работа и срце полно надеж, ќе ја изградиме Македонија каква што заслужуваме.Би сакал во оваа прилика да ми биде дозволено да им се поклонам на нашите основачи, на сите борци за ВМРО, на сите кои воздивнуваат и треперат при секој предизвик на нашата партија, и се подметнуваат и искрено се радуваат и втемелуваат во секој успех. На сите вас, на сите кои од 90-та до денеска се вградиле во оваа партија, во ова движење, во оваа енергија, која ја носеше и канализираше мислата и идејата за слободна, демократска и независна Македонија, со свој идентитет и стремеж, да биде горда членка на европското и евроатланското семејство.Ние не сме тука по случајност. Тука сме затоа што идејата за Македонија, како суверена, достоинствена и праведна држава, не умира. ВМРО-ДПМНЕ како што кажав во повеќе наврати во ова мое денешно обраќање не е само партија. Вредност, идеологија, љубов. Тоа е макотрпното градење на домот на секој македонски човек.Им благодарам на синовите на ВМРО-ДПМНЕ кои не нè изневерија, ни кога беше најтешко. И на сите вас. На секој кој и без ништо, без да бара сатисфакција — гласаше, се бореше, веруваше, затоа што нема поголема сатисфакција од тоа да знаеш дека една идеја, твојата идеја живее и не запира, ВМРО-ДПМНЕ живее и ќе живее.Драги сопартијци, симпатизери, поддржувачи, почитувани коалициони во Владата, почитувани граѓани.Како што мудро рече Теодор Рузвелт: „Најголемата чест во животот не е никогаш да не паднеш, туку да се кренеш секојпат кога ќе паднеш.“ И ние сме тука, како народ, да се кренеме по секој пад, по секоја битка и по секоја тешкотија.На крајот, сакам да споделам лична приказна од моето детство. Кога бев мал, татко ми често ми велеше: „Секогаш носи чест во срцето и никогаш не заборавај дека секој што ќе сретнеш е потенцијален сојузник или предизвик, предизвик за твојата душа.“ Тоа ме научи да ги слушам луѓето, да ги разберам нивните маки и надежи, да живеам со нивните слабости и секогаш да ги чувам вредностите на ВМРО – чест, борба и заедништво. Ние не сме политичари. Ние сме чувари на иднината на Македонија, чувари на идејата што не запира и вредностите што носат вистински промени.Драги браќа и сестри,Понекогаш, кога одам назад до моето старо маало, седнувам на истото столче. И гледам: не се сменило многу. Само што тогаш зборувавме за соништата, а денес зборуваме и работиме на план како ќе ги оствариме.Ќе успееме. Не заради нас, туку заради децата наши. За нив, и за секој човек кој верува дека Македонија е местото каде што сонувањето има смисла.

Македонија | пред 7 месеци

policija-skopje-koronaviris-1

Крвава пресметка кај Бит Пазар: 14-годишник и двајца возрасни завршија во болница

Тројца повредени, меѓу кои и 14-годишно дете, е билансот на жестока пресметка со ножеви која се случила вечерва (17 јуни) во скопската населба Чаир. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 19:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“, по претходно недоразбирање, дошло до физичка пресметка.Во конфликтот учествувале 14-годишно момче и две лица на возраст од 64 и 18 години – сите од Скопје. Нападот ескалирал до тој степен што биле извадени ножеви, а сите тројца си нанеле повреди.Повредените итно биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде им е укажана медицинска помош.Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, вклучително и утврдување на причините и деталите за инцидентот кој ги вознемири жителите на овој фреквентен дел од Скопје.

Скопје | пред 7 месеци

vlada

Ќе им се тресе имотот на тајкуните? Владата со нова стратегија за финансиски истраги

На денешната 84-та седница, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025–2028, заедно со Акциски план за нејзина примена.Како што соопштија од Владата, документот е дел од заложбата за „системски пристап во борбата против организираниот криминал и корупцијата“, со фокус на откривање, одземање и управување со нелегално стекнат имот.Во обид за засилување на институционалниот притисок, покрај веќе постојната Национална комисија, ќе биде формиран и нов Национален совет за финансиски истраги и конфискација.И покрај заложбите на хартија, останува клучното прашање – дали ова ќе донесе конкретни резултати или ќе остане уште еден документ без вистинска примена?

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Пијан возач предизвика сообраќајка во Кисела Вода – повредена жена

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец, поради основано сомнение за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот, по член 297 став 1 од Кривичниот законик.Како што соопшти Обвинителството, на 16 јуни, во вечерните часови, осомничениот под дејство на 1,34 промили алкохол, управувал туѓо возило марка „Фолксваген пасат“ на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода. Преминал на спротивната коловозна лента и со автомобилот удрил во „Фиат стило“ што доаѓало од друг правец.Во сообраќајната несреќа со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат“.Јавниот обвинител побара од судот да му се одземе возачката дозвола и да му се забрани издавање нова, најмалку до завршување на постапката. Како причина за предлогот се наведува реална опасност од повторување на дејствието и потребата осомничениот да не учествува во сообраќајот сè додека не се расчисти случајот.

Скопје | пред 7 месеци

IMG_6696

(Фото) Црн чад се крена над Скопје, се гледа од Карпош до Аеродром

Од Карпош па до Аеродром се гледа црниот чад од пожар кој избил кај гробиштата во Трубарево. Од Центарот за управување со кризи велат дека добиле десетина пријави. Веќе противпожарни екипи се на терен и се работи на негово гаснење.Според првичните информации, пожарот не е ризичен и се очекува брзо да биде изгаснат.

Скопје | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

Побарал пари за дрога, па го запрел возилото и се обидел да ја прегази сопругата – обвинителството бара забрана за приближување

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 41-годишен маж, осомничен за семејно насилство и телесна повреда.Според Обвинителстовто, инцидентот се случил кога, во алкохолизирана состојба, осомничениот ја принудил сопругата да подигне пари од нејзината плата за да купи дрога. По пат назад започнал расправија, го запрел возилото и се обидел да ја прегази. Кога не успеал, и го одзел телефонот, ја удрил со шлаканица и со удари во лицето и вратот.Жената се здобила со видливи повреди – нагмечувања на лицето, вратот и раката.Јавниот обвинител предложи мерка забрана за приближување и контакт со жртвата, имајќи ја предвид сериозноста на нападот и ризикот од повторување.

Македонија | пред 7 месеци

verica-zakani

Закани кон мајката на загинатата Моника во Кочани: „Среќен сум што се случи ова – Господ ги казни“; МВР работи на случајот

Верица Трифунова, мајка на трагично загинатата Моника Спасова објави низа на принтскринови од разговори, од кои се гледа како извесен Благојче Велков ѝ испраќал вознемирувачки пораки.  Претходно истото лице, испратило заканувачка порака кон друго лице на социјалните мрежи, во која и вели „Не јади го*на многу, немој да останеш без едно дете“. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека постапуваат по допрен глас и испитуваат наводите.„Сектор за компјутерски криминал нема добиено пријава од родителите на загинатите деца во дискотеката Пулс во Кочани, а по однос на добиени заканувачки пораки на социјални мрежи. По допрен глас од добиени информации од јавноста, а поврзани со горенаведеното Сектор за компјутерски криминал врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое испраќа вакви пораки и утврдување на веродостојноста на информациите во врска со истото. Се замолуваат лицата кои ги добиле овие пораки за истото да достават пријава на емаил адресата    cybercrime@moi.gov.mk“, велат од МВР за „Скопје1“.Трифунова, ги објави пораките. Од нив се гледа и содржината. Па така, Велков пишува „Госпоѓице да знаеш колку се плашам од ова што си го пишувала, едно да знаеш, јас работам за ЦИА, тоа во Швајцарија. Така зад мене стојат многу народ, несе плашам, од ништо. Друго среќен сум јас и многу луѓе што се деси ова, Господ ги казни предавниците. Ако сакаш јави се дека сакаш кај кој си намислила никој ништо не ми може“.Потоа, за да биде уверлив, се фали самиот дека бил специјално пратен да прави инциденти на изборите.Истото ова лице, има објавено и повеќе коментари кои се јавно достапни. 

Коментари | пред 7 месеци

mickoski-3

Мицкоски до Радев: Нашите стари рекле – помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев, кој тврдеше дека Бугарија никогаш не ставила вето за македонската евроинтеграција.„Нашите стари рекле – помалку слушај што зборуваат, повеќе гледај што работат. Еве им шанса да го докажат тоа – на 24 јуни нека ги повлечат амандманите во Европскиот парламент со кои се условува македонскиот јазик“, изјави Мицкоски од Битола.Тој најави дека очекува средба со бугарска страна на Самитот на НАТО во Хаг, каде ќе се разговара и за Коридорот 8.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Самитот во Тирана порача дека соседите ја блокираат Македонија со вето и идентитетски услови, што води кон „балканизација на ЕУ“.Радев ѝ возврати дека нема блокада од Софија и дека Бугарија е подготвена да подаде рака, но бара исполнување на постојните договори, преговарачката рамка и уставните измени.Сиљановска најави дека на Самитот на НАТО во Хаг ќе разговара и со бугарскиот премиер Жељазков, откако беше потврдено дека Радев нема да присуствува.

Македонија | пред 7 месеци

apsenje

Хорор во Велес: Удрил дете по глава, го влечел по улица – со секира тргнал и на полицајци

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 23-годишен велешанец кој е осомничен за брутално насилство врз дете и напад врз полиција со секира и тесла.Инцидентот се случил на 13 јуни, кога осомничениот прво ја навредувал, а потоа со метален предмет ја удрил по главата 8-годишнo девојче. Откако паднала, тој продолжил да ја влече по улица.По пријавата, шест полициски службеници излегле на терен, но осомничениот им се заканувал со секира и тесла, одбивал наредби и продолжил да се приближува. Полицијата испукала два предупредувачки куршуми, по што напаѓачот избегал и бил во бегство два дена.По неговото приведување, продолжил со закани и во полициската станица, што според обвинителството претставува реална закана по безбедноста. Јавниот обвинител предложи мерка притвор поради опасност од повторување на делата и бегство.Против него се води постапка за едно кривично дело – насилство врз дете, и шест дела за напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.

Македонија | пред 7 месеци

o_37009020_1280

(Видео) Погледнете како камикази дронови се уриваат во станбени згради во Киев, теророт траел девет часа

Десетици руски беспилотни летала и ракети погодија неколку области на украинскиот главен град Киев во раните утрински часови во вторник, при што загинаа 14 лица, а 44 беа повредени, објави украинското Министерство за внатрешни работи.Нападот погоди 27 локации низ Киев, оштетувајќи станбени згради, образовни институции и објекти од критична инфраструктура, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко.https://x.com/MemorySteelUA/status/1934865474786844697?ref_src=twsrc%5Etfw#dmid=cbb77a21-e3c3-474c-b6c7-cd9dfa993be7„Денес, непријателот не поштеди ниту беспилотни летала ниту ракети“, рече Клименко, опишувајќи го нападот како еден од најжестоките врз главниот град од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.Нападот, кој траеше речиси девет часа, вклучуваше масовно лансирање камикази беспилотни летала, крстосувачки и балистички ракети. Според претседателот Володимир Зеленски, повеќе од 440 беспилотни летала и 32 ракети беа лансирани низ цела Украина. Нападот погоди 27 локации во Киев, оштетувајќи станбени згради, образовни институции и објекти од критична инфраструктура.„Ваквите напади се чист тероризам“, рече Зеленски на социјалните мрежи. „Целиот свет, САД и Европа, конечно мора да реагираат како цивилизирани општества на терористите.“Клименко потврди дека балистичка ракета погодила деветкатна зграда во киевската област Соломјански, уништувајќи дел од зградата. Спасувачките служби бараат можни преживеани под урнатините. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека 62-годишен американски државјанин починал во стан спроти каде што лекарите пружале помош за време на нападот. Според Клименко, човекот починал како последица на шрапнели.И Украина и Русија ги засилија нападите со беспилотни летала во последните недели, и покрај тоа што одржаа две рунди директни разговори за ставање крај на тригодишната војна. Досега се постигнати само делумни договори за размена на затвореници и враќање на телата на паднатите војници. „Уште еден руски напад со беспилотни летала врз станбени згради во Киев. Русија ја продолжува својата војна против цивилите“, напиша на Телеграм шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак.Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека нивните противвоздушни единици собориле вкупно 147 украински беспилотни летала над руска територија, вклучувајќи ја и московската област, во текот на ноќта.

Свет | пред 7 месеци

sudija

(Видео) Најубавите куќи во било кое населено место сѐ на адвокат, судија, обвинител и цариник, вели Николоски во „Претрес“

Најубавите куќи во било кое населено место сѐ на адвокат, судија, обвинител и цариник, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во „Претрес“. Тој посочува дека не е задоволен од правосудството.„Ако човек има мака и не го знае правиот адвокат или да го знае а да нема да му плати, и да е 100 отсто во право, во македонското правосудство нема да добие“, рече тој.Цел поткаст изгледајте го тука:

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања