ТОП

ukraina-grad-zelesnski

Руските единици уништија 51 украински дрон и извршија напад врз Киев

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украински дрон над Белгородската област, објави руското Министерство за одбрана во понеделник навечер.Во последните недели, и Русија и Украина користеа напади со беспилотни летала врз голем број прекугранични цели, а руските сили извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област во понеделник навечер. Лидерите на Киев досега објавија дека најмалку 11 лица се повредени во нападот, како и дека е причинета штета на инфраструктурата.Руското Министерство за одбрана објави дека претходно споменатото уништување на украинските беспилотни летала се случило во понеделник, помеѓу 20:00 и 23:00 часот.Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш се осврна на продолжувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, велејќи дека неговата страна сè уште има санкции кон Русија во тек.„Уверен сум дека може да се постигне договор со Москва за прекин на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали ќе биде потпишан договор или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.

Свет | пред 7 месеци

saport

Пристигна првата пратка компресивни костуми за повредените од „Пулс“, неопходи за лицата со длабоки изгореници и транспалтирана кожа

Организацијата „Сапорт Кочани“ денеска ја прими првата пратка со компресивна медицинска облека за повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Овие специјализирани костуми се наменети за жртвите кои претрпеа тешки изгореници и се од клучно значење за нивната долготрајна рехабилитација.Пратката пристигна од „Хелт2000“ – компанија од Бугарија, а облеката е од брендот „Јузо“ – водечки германски производител со долгогодишно искуство во компресивна терапија. Заедно со донацијата во Кочани пристигнаа и медицински стручњаци од Бугарија, Германија и Холандија, кои одржаа обука за правилна употреба на облеката.Компресивните костуми се медицинска неопходност за лица со длабоки изгореници и трансплантирана кожа. Тие го спречуваат развојот на хипертрофични лузни, ја намалуваат болката и го подобруваат квалитетот на животот во посттрауматскиот период. Без нив, пациентите може да се соочат со сериозни и трајни последици.Вредноста на првата пратка изнесува 923.458 денари и целосно е покриена од донации преку „Сапорт Кочани“. Организацијата информираше дека веќе се обезбедени средства и за втора тура облека, а упатија благодарност до сите кои помогнааВо пожарот што избувна во март годинава во дискотеката „Пулс“, загинаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени, од кои дел со тешки телесни и изгорени повреди. Рехабилитацијата на преживеаните е долга, скапа и комплексна, а јавноста сè уште бара одговорност за трагедијата.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-22.46.09

Радев за Македонија: Бугарија никогаш не ставила вето

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не ставила, ниту ќе стави вето на европскиот пат на Македонија. Изјавата ја даде на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај, по Самитот на ПСЈИЕ.„Се повикуваме на постојните договори – Договорот од 2017, преговарачката рамка од 2022 и двата протокола. Бугарија не блокира, туку очекува спроведување на преземените обврски“, рече Радев.Тој додаде дека Софија очекува реален напредок во почитувањето на човековите права и дека ја поддржува Македонија, но со почитување на европските стандарди.Претседателката Сиљановска-Давкова изјави дека Скопје не добива доволна поддршка од соседите, на што Радев возврати дека проблемите се внатрешни и поврзани со владеење на правото.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Г7 со остра изјава за Иран – Трамп нема да ја поддржи?

Лидерите на Г7 на самитот во Италија усвоија заедничка изјава со остра реторика кон Иран и силна поддршка за Израел – став што веднаш отвори прашања околу одржливоста на американската надворешна политика, особено доколку Доналд Трамп се врати на власт.Во изјавата, групата најразвиени демократии во светот (САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Канада и Јапонија) го осудија „дестабилизирачкото однесување на Иран во регионот“, посочувајќи на неговата поддршка за Хезболах, Хути бунтовниците во Јемен и нападите врз израелска територија. Во исто време, Г7 изрази „недвосмислена поддршка за правото на Израел да се брани“.Меѓутоа, дипломатски извори велат дека тоновите во документот се многу поостри од вообичаеното и дека таков пристап веројатно нема да биде прифатен од Доналд Трамп. Како што јавуваат дел од западните медиуми, поранешниот претседател е скептичен кон долгорочна вмешаност на САД на Блискиот Исток и досега бил резервиран кога станува збор за безусловна поддршка за Израел, особено во контекст на конфликтот во Газа.

Свет | пред 7 месеци

mucunski-c

Македонци заглавени во Израел – државата активира кризен штаб за евакуација

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел.Министерот нагласи дека веднаш по добиените информации за ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Израел започнало активности за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на таа земја. Формиран е кризен штаб со примарна надлежност за организација на безбедно извлекување на нашите државјани, а Амбасадата во Тел Авив од самиот почеток на кризата е во редовна и директна комуникација со нив.„Согласно најновите информации, заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација. Првата фаза од процесот ќе се реализира преку трета земја – Египет. Очекуваме осум наши државјани (четири возрасни лица и четири деца) до крајот на денешниот ден, или најдоцна утре, да бидат префрлени на безбедна територија, од каде што по воздушен пат ќе се изврши нивно враќање во земјата“, изјави Муцунски.Тој додаде дека македонската амбасада во Тел Авив активно ги финализира подготовките за првата група – вклучително и обезбедувањето на потребната документација, логистиката и организацијата на безбеден конвој за трансфер кон Египет.„Како што беше побарано од самите државјани, втората група се очекува да ја напушти територијата на Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставувањето на редовен авионски сообраќај од аеродромот во Тел Авив“, додаде министерот.Со оглед на прекинот на редовниот воздушен сообраќај со Израел, оваа фаза од евакуацијата ќе се реализира со авион во сопственост на Владата, кој ќе обезбеди транспорт за првата група државјани кои изразија подготвеност веднаш да ја напуштат територијата на Израел.Муцунски посочи дека персоналот на нашата амбасада се наоѓа на безбедна локација и останува постојано на располагање на македонските граѓани. Воедно, потсети дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите наши државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, освен во случаи на апсолутна неопходност.„Повторно нагласуваме дека 24-часовно се достапни дежурните телефонски броеви на Министерството и на нашата амбасада во Тел Авив за сите прашања, поддршка и конзуларна помош“, подвлече министерот.На крајот на прес-конференцијата, Муцунски упати апел до сите страни да го почитуваат меѓународното право и да покажат воздржаност.„Внимателно ја следиме состојбата на Блискиот Исток и ја изразуваме нашата најдлабока загриженост за опасната ескалација. Ја повторуваме нашата силна посветеност на регионалната и глобалната безбедност и апелираме до сите страни да го почитуваат меѓународното право, да покажат воздржаност и да се воздржат од понатамошни дејствија кои би можеле да доведат до сериозни последици“, заклучи министерот Муцунски.

Македонија | пред 7 месеци

policija-policaec

Загина пешак, бил прегазен од автомобил на патот кон Битола

На 15 јуни 2025 година, околу 21 часот, во Полициската станица Прилеп била пријавена тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Прилеп-Битола, во која животот го загубил 49-годишен маж од Прилеп.Според информациите, патничко возило од марката „Рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д. (51) од селото Галичани, удрило во пешакот М.Б. (49), кој во моментот на несреќата туркал велосипед. Од ударот, М.Б. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде што, за жал, подоцна им подлегнал на повредите. Смртта ја констатирал лекар од болницата.На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител. По негово наредување, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.

Македонија | пред 7 месеци

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Нов ценовен удар: Поскапуваат бензините и дизелот – важи од ноќеска

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,63% во однос на последната пресметка од 9 јуни 2025 година.Зголемувањето е резултат на растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, каде што цените се зголемиле во просек:кај бензините за 4,09%,кај дизелот за 5,63%,кај екстра лесното масло за 5,13%,а кај мазутот за 5,69%.Исто така, курсот на денарот во однос на доларот, кој се користи при пресметката, е понизок за 0,62% во однос на претходната пресметка.Нови цени од 17 јуни (00:01 часот):ЕУРОСУПЕР БС-95: 76,00 денари/литарЕУРОСУПЕР БС-98: 78,00 денари/литарЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): 67,50 денари/литарЕкстра лесно масло (ЕЛ-1): 67,50 денари/литарМазут М-1 НС: 39,779 денари/килограмСо новата одлука:Цената на бензините и дизелот се зголемува за 1,50 денари по литар.Цената на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар по литар.Цената на мазутот се зголемува за 1,293 ден/кг.Од РКЕ потсетуваат дека овие се максимални малопродажни цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско од утврдените граници.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-12.27.01

Умре мајмунка од редок вид во ЗОО, се бара одговорност

Од Зоолошката градина во Скопје информираат дека починала женка од загрозениот вид сијаманг. Смртта на животното се случила неодамна, а причините ќе бидат официјално соопштени веднаш по добивањето на резултатите од обдукцијата, која е извршена од стручњаци од Факултетот за ветеринарна медицина.„Со цел поголема транспарентност, како што тоа е пракса и од минатото, јавноста ќе биде навремено информирана штом ги добиеме наодите“, соопштија од скопската Зоолошка.Од таму ги демантираат шпекулациите дека мајмунот бил бремен во моментот на угинувањето, нагласувајќи дека секое животно добива ветеринарен третман веднаш штом се забележат симптоми на болест или повреда.„Благосостојбата на животните се следи континуирано од страна на вработените, а соработката со Факултетот за ветеринарна медицина ни овозможува современо лекување и дијагностика“, додаваат од ЗОО.Од институцијата посочуваат дека, и покрај сите преземени здравствени мерки, како и кај луѓето, не секогаш е можно да се спаси животот на болните животни.Паралелно со официјалната верзија, во јавноста се појавија жестоки реакции и обвинувања. Советникот во Град Скопје, Стефан Кирков, на социјалните мрежи објави дека „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува“, тврдејќи дека починатата мајмунка од видот сијаманг била бремена и дека се работи за еден од најретките и најзаштитени видови во светот.Според неофицијални информации кои ги наведува, животното било тајно носено во приватни ветеринарни ординации, а раководството на Зоолошката градина – директорот Попов и неговиот заменик Стаменов – молчат за случајот.„Скопје ЗОО е претворена во куќа на стравот“, се наведува во објавата, во која се повикуваат новинарите да го истражат случајот и се бара одговорност за состојбите во институцијата.Обвинувањата се насочени и кон градоначалничката Данела Арсовска, која, според авторот на објавата, во интервју јавно ги бранела одговорните во ЗОО.

Скопје | пред 7 месеци

noname

(Видео) „Мерцедес“ удри во жардињера и канделабра во центарот на Скопје – возач повреден

Во раните утрински часови на 16 јуни 2025 година, околу 01:05 часот, на улицата „Мајка Тереза“ во центарот на Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрило во бетонска жардињера и метална канделабра.Возилото го управувал 40-годишниот А.И. од Скопје, кој во несреќата се здобил со телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил хоспитализиран.Незгодата се случила по крстосницата на улиците „Јордан Мијалков“, „Васил Ѓоргов“ и булеварот „Климент Охридски“. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се испитуваат.

Скопје | пред 7 месеци

f_37004484_1280

Луди видеа кружат на социјалните мрежи: Погледнете што прават Либанците додека иранските ракети паѓаат врз Израел

Додека Блискиот Исток се соочува со една од најсериозните ескалации во последните години, луѓето во Либан се чини дека се радуваат. Всушност, луди видеа од Бејрут и други делови од земјата се шират на социјалните мрежи, на кои се гледа како луѓето танцуваат, слават и се забавуваат кога сфаќаат дека одмаздничкиот ракетен напад на Иран врз Израел се случува над нивните глави.Виралните снимки покажуваат барови на покривите во Бејрут каде што гостите стануваат од своите маси за да снимаат ракети што го разбиваат ноќното небо. На друг кадар, свадбената група танцува додека лесната трага од балистички ракети може да се види во далечината.Снимката е придружена со натписи како „Во меѓувреме во Либан“, што го истакнува речиси надреалниот контраст помеѓу забавата и реалноста на војната, а коментарите се во иста насока.„Каква прекрасна ноќ“, „Прекрасен поглед“, беа само неколку од нив...

Свет | пред 7 месеци

skender-redzepi

Правосудството е во служба на премиерот, вели Реџепи од коалицијата на ДУИ

Скендер Реџепи од Европскиот сојуз на ДУИ остро ја критикуваше работата на правосудните институции, обвинувајќи дека се ставиле во функција на власта и дека се врши политичко влијание врз истрагата за трагедијата во Кочани.„Жалосно е што Обвинителството и судството се ставаат во служба на власта. Сега се во служба на премиерот. Прво бараа разрешување на обвинителот, па потоа се откажаа. Сега во Кочани имаме одговорност за секој што е надвор од власта. Се влијае на процесот“, изјави Реџепи.Тој додаде дека јавноста треба да внимава кој се соочува со одговорност и како се води случајот, алудирајќи на можни политички притисоци и селективен пристап во постапките. Смета дека за ова треба да се запознае и меѓународната заедницаИзјавата на Реџепи доаѓа во чувствителен момент кога вниманието на јавноста е насочено кон истрагата и обвинението за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица.

Македонија | пред 7 месеци

DSC_0349

Црковниот имот станува бизнис – МПЦ со хотели, станови и земјиште, но без да каже колку заработува

Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) сѐ повеќе ја претвора својата имотна основа во бизнис стратегија, открива истражувањето на БИРН – Призма. Станови, деловни простории, хотели и илјадници хектари земјиште се користат за остварување приходи, но без притоа да има транспарентност или отчетност пред државата.Во периодот од 2010 до 2023 година, МПЦ поднела само една завршна сметка во Централниот регистар, и тоа без пријавени приходи од закуп, инвестиции или други стопански активности. Според Призма, на тој начин се избегнува државен надзор над приходите кои се остваруваат од комерцијализацијата на црковниот имот.„Средствата што се прибираат служат за издршка на МПЦ“, е официјалниот став на Црквата за Призма, со образложение дека верските институции мораат сами да се снаоѓаат за одржување и функционирање.Истражувањето посочува дека МПЦ располага со над 195 станбени објекти, 129 деловни простории, два хотела на охридското крајбрежје („Изгрев“ и „Бисер“) и повеќе од 9.000 хектари земјиште – вклучувајќи ниви, шуми и пасишта. Хотелите се дадени под долгорочен закуп (на пример, 37.000 м² за период од 50 години), а за многу од становите и деловните простори постојат договори за издавање.Иако со години важи за „непрофитна организација“, МПЦ-ОА практично оперира како институција со сериозен економски потенцијал. Од БИРН нагласуваат дека недостигот на контрола и транспарентност создава простор за злоупотреби, а граѓаните остануваат без одговор за тоа како се трошат средствата собрани преку имотот кој историски е во служба на јавноста.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.11.10

(Видео) Се навршуваат 82 години од стрелањето на 12-те младинци во Ваташа – вечен симбол на отпорот и жртвата

На денешен ден, пред 82 години – на 16 јуни 1943 година – во близина на селото Ваташа, фашистичкиот окупатор безмилосно ги стрелаше 12 македонски младинци. Тие беа симбол на младешкиот порив за слобода, на отпорот против фашизмот и на жртвата за татковината.Младите, на возраст меѓу 15 и 25 години, беа уапсени и под лажно изговорени причини изведени над селото, каде што беа масакрирани. Без суд, без милост – само затоа што ги сакале правдата и слободата. Злосторството било извршено од бугарски фашистички единици, кои во тој период го тероризирале регионот.Овој настан остави длабока рана во колективната меморија на македонскиот народ. Но, од болката се роди и отпор – а Ваташа остана врежана како симбол на младешкиот идеализам и храброст. Стрелањето ги обедини селаните, македонските патриоти и антифашистичкиот фронт, кој сѐ посилно пружаше отпор во годините што следеа.Денес, 82 години подоцна, Македонија се сеќава. Делегации, ученици, ветерани и граѓани се поклонуваат пред Спомен-костурницата, каде што се врежани имињата на младинците. Секоја година, овој ден служи како потсетник – дека слободата не е подарена, туку изборено право, и дека младите имаат сила да го променат текот на историјата.Слава им на 12-те младинци од Ваташа! Нека нивната жртва биде врежана вечно во меморијата на нацијата.

Македонија | пред 7 месеци

97A0C6C3-4D24-424B-AD62-EDE4A95437D5_1_105_c

„Ќе објасниме сѐ“ – Обвинителството прифаќа средба со родителите на загинатите во „Пулс“

Јавното обвинителство соопшти дека стои на располагање за директна средба со семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Оттаму додаваат дека, доколку има такво барање, во следните денови ќе организираат средба на која ќе ги информираат блиските на жртвите за сите аспекти од поднесеното обвинение, без да ја нарушат натамошната постапка.„Воедно, блиските на жртвите кои беа на претходната средба во Обвинителството добија и директен контакт, и им беше посочено дека сите семејства можат во секој момент да се информираат директно во обвинителството во Кочани за текот на постапката“, велат од институцијата.Ова следи по јавниот апел на родителите на 62-те загинати, кои побараа од Обвинителството директно да им објасни кои лица се обвинети, а против кои е запрена постапката, бидејќи, како што велат, правната терминологија во соопштението не им е јасна и не може да ја заменува личната комуникација.

Македонија | пред 7 месеци

toskovski

Сејф Сити ќе го смени менталитетот: „Нема веќе бегање од казни“, вели министерот

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше колку Македонија е безбедна држава и потенцираше дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега и тоа се должни на многуте акции кои беа спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи.-Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие пред нас и она кое што ние го работиме сега. Сметам дека сите оние акции кои што ги спроведовме како од аспект на борба против организиран криминал и особено висока корупција и злоупотреба на државни институции во минатото, сите оние акции кои што ги спроведовме во делот на уличниот криминал, потоа на борбата против трговија со дрога, трговија со луѓе, бандите кои што ги разбивме, му даваат една надеж на македонскиот народ дека можело и поинаку. Гледаат дека со посветеност, со макотрпна работа, со професионален пристап можело и поинаку и да се дадат резултати, рече Тошковски.Тошковски во текот на своето гостување објасни како успеале да ја намалат стапката на криминалот на државата. Имено тоа е резултат на неселективноста во примената за законските прописи и во професионалноста.-Едноставен е одговорот. Кога ќе сте неселективни во примената на законски прописи и кога ќе се трудите да професионално си ја сработите работата, без разлика за кого се однесува конкретното, дали ќе е прекршок, дали ќе е кривично дело и така натаму, мислам дека во различни сегменти покажавме дека можело поинаку. Мислам дека разлика е јасна, видлива и се надевам дека ќе имаме капацитети и сила да продолжиме и понатаму да чекориме со исто темпо, објасни министерот.Тошковски говореше и за проектот „Сејф Сити“ и посочи дека со овој проект за многу краток период ќе се смени односно на македонските граѓани во делот на почитување на сообраќајните правила.-Јас искрено многу верувам во овој проект „Сејф Сити“. Кога ќе го имплементираме „Сејф Сити" како решение, јас сум убеден дека за многу краток временски период ќе го смениме менталитетот и односот на нашите граѓани во делот на почитување на сообраќајни правила. Со имплементација на овој систем нема да има опција за избегнување на казна, вели тој.На крај Тошковски акцент стави и на дигитализацијата со што потенцира дека таа е основен пилар за осовременување на сите процеси и подобрување на услугата која што ја пружи не само МВР туку цела влада.-Дигитализацијата е еден од основните пилари кои што сме ги воспоставиле како такви уште при отпочнување со целокупната реорганизација во Министерството за внатрешни работи и многу внимание посветуваме на тоа. Сакаме сите процеси кои се водат во рамки на министерството да се дигитализираат се со цел да можеме да ги убрзаме процесите, да исклучиме човек фактор при донесување на одредени одлуки кои што не се во интерес на граѓаните од аспект на непроцесуирање на одредени предмети, селективен пристап во постапување и така натаму и особено во аспект на подобрување на услугите кои што ги имаме кон граѓаните. Еве на пример, овозможување на граѓаните да можат да извадат уверение за државјанство преку електронски пат, овозможување да се извади дозвола за одредено оружје преку електронски пат, целокупната постапка да се води електронски. Мислам дека дигитализацијата и те како е клучен пилар за осовременување на сите процеси и подобрување на услугата која што ја пружиме, не само како МВР, туку општо како влада, дополни Тошковски.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања