Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ТОП

Vladimir-Taleski

Почина ќерката на ексградоначалникот и актер, Владимир Талевски

Марија Талеска-Мургоска, ќерка на ексградоначалникот на Битола и актер, Владимир Талевски, почина на 39-годишна возраст. Лошата вест, доаѓа во моменти кога нејзиниот татко издржува затворска казна за случајот „Транспортер“ во прилепскиот затвор. Марија е една од двете ќерки на Талевски. Причината за смртта, според првичните информации, е срцев удар.Талевски денеска ќе биде пуштен од затворот за да присуствува на погребот. Марија Талеска-Мурговска е сопруга и мајка.Нејзините пријатели и сограѓани

Македонија | пред 2 години

taravari-1

По не сакам - сакам: Таравари е кандидат за претседател на албанската опозиција

За петнаесет дена, Арбен Таравари од незаинтересиран за кандидатура, стана кандидат за претседател на албанската опозиција. Денеска ќе биде извршена негова промоција, а на прес-конференцијата ќе присуствуваат лидерите на четирите албанските партии кои се обединија против ДУИ.„Со почеток во 10:00 часот, ве покануваме да присуствувате на вонредната прес-конференција, на која претседателот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари ќе ја објави својата кандидатура за претседател на државата, ка

Македонија | пред 2 години

granica-grcija

Граѓаните се обидуваат без „северна“ да ја напуштат Македонија - 14 лица се вратени од полицајците на граница

Граѓаните сепак се обиделе да поминат граница со пасошите без „северна“, но граничарите не ги пропуштиле. Во изминатите 24 часа, имало 14 вакви случаи. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека им било и укажано дека мора да ги променат пасошите со новото уставно име, за да им биде дозволен излез од Македонија.„Во последните 24 часа на 14 лица на граничните премини при излез им е укажано дека не може да патуваат со патни исправи во кои стои старото уставно име“, велат од МВР за „Скопје1“.Засега не е

Македонија | пред 2 години

soobrakajka

Двајцата загинати, седум повредени - несреќата се случила при претекнување

Двајца загинати и сеудм повредени има во несреќата на патот Штип-Кочани.„Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување.Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Фото) Арсовска се појави да крои со скопските градоначалници во Кучково, кои претходно јавно ги „плукаше“

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски беше домаќин во Кучково на скопските градоначалници каде традиционално се одбележа св. Трифун со кроење на лозјата. Таму освен Дарко Костовски од Бутел и Орце Ѓоргиевски од Кисела Вода, се појави и скопската градоначалничка Данела Арсовска која војува со нејзините колеги и јавно ги обвинува откако стана претседателка на партија.Од фотографиите може да се види како таа стои зад Костовски и Стојкоски.На настанот беше и поглаварот на МПЦ, г.г. С

Скопје | пред 2 години

dzaferi-mickoski-543151234

Минимум две години се потребни за сите да извадат лични документи, смета Мицкоски и го повика Џафери да се продолжи важноста

Повеќе од две години ќе треба за сите граѓани да извадат лични документи, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој посочува дека тие се изработуваат на две машини и во идеални услови, кога ќе има обрасци и нема да има проблеми – пак ќе требаат две години.„Вистинското прашање е зошто ова се случи и кој ги доведе граѓаните во подредена положба. Видовте благодарение на времената реакција на министерот Тошковски, пратениците поднесоа измени на Законот за возачки дозволи и беше доне

Македонија | пред 2 години

IMG_3078

Можете ли без „северна“ на пасошите во банка: за МВР таквите исправи се неважечки, на терен различна пракса

Дел од банките се уште не знаат како треба да постапуваат при идентификација на граѓаните со пасоши кои не се со „северна“. Граѓани за „Скопје1“ сведочат дека во различни банки, има различна пракса. Со оглед дека за пасошите нема законски измени, тие треба да се неважечки и во Македонија. Но сепак, дел од банките чекаат за тоа да добијат известување од надлежните органи. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека пасошите не можат да се употребуваат, но не навлагаат како ќе постапат банките.„Според нај

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Пожар во „Ист гејт“, евакуирани сите, вклучени алармите; Локализиран е, остануваме на терен, велат од Противпожарната бригада

Аларм за пожар се вклучи во „Ист гејт“, а посетителите го напуштаа објектот. Забрзано, поради алармот, објектот го напуштаа и вработените во локалите. Неофицијално, имало мал пожар во еден од дуќаните во ресторанскиот дел.На терен од Проивпожарната бригада-Скопје биле испратени пет противпожарни возила кои интервенирале.„На терен се пет противпожарни возила. Пожарот е локализиран, но се уште сме на терен, додека целосно не се расчисти состојбата“, велат од Противпожарната бригада.Засега се немаа

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-28-at-12.19.57

Во 17 часот се распишуваат парламентарните и претседателските избори

Собранискиот претседател Јован Митрески попладнево во 17 часот ќе ги распише претседателските и парламентарните избори. Ова е последната информација од неговиот Кабинет.„Потпишувањето на правниот акт со кој се распишуваат изборите ќе биде денеска во 17 часот, после тоа ќе има изјава во холот на портрети“, велат од Кабинетот на Митрески.Ова се седми по ред претседателски избори и 12 по ред парламентарни избори. Претседателските треба да се одржат на 24 април, а на 8 мај парламентарните избори. До

Македонија | пред 2 години

IMG_3049

(Фото) Од „НМК“ налепниците за таблиците, се направи и бизнис

Налепниците „НМК“ од вчера не се достапни само во техничките прегледи, туку можат да се најдат и на итнернет во форма на стикери или по локални маркети. Продавачите на социјалните мрежи не ја објавуваат цената јавно, но посочуваат дека стикерите можат да послужат за да бидат поставени на регистарските таблици, а возачите да ја избегнат гужвата и процедурата во станиците за технички преглед.Налепниците кои се продаваат на интернет, се идентични како оние кои се даваат во техничките станици. Засег

Македонија | пред 2 години

vrnezi-dozd-vreme

Најава за голема промена на времето: од понеделник ќе има чести врнежи и повремено засилен ветер

„Искористете го максимално ова убаво време кое ќе го имаме до крајот на оваа недела, поради тоа што веќе од понеделник ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон од запад и на серија на влажни воздушни бранови“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:„До крајот на ова недела наутро ќе биде постудено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак н

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-14-at-09.19.39

Казината ги скараа ДУИ и Пендаровски; Шефот на државата утврди злоупотреба, Ахмети му кажа дека раскажува приказни

Претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот на Законот за игри на среќа и го врати во Собранието, а ДУИ му порача дека одлуката која ја донел е за жалење. Шефот на државата кажа дека ваков закон не може да стапи во сила, а тоа го констатирал заедно со Делегацијата на Европската Унија во Македонија бидејќи тој е донесен во несоодветна постапка со употреба на европско знаменце. Овој закон го туркаше пратеничката група на ДУИ, кои дадоа сѐ од себе за да биде изгласан.„Претседателот Пендаро

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-13-at-21.59.54

Ако не го избраа за државен обвинител, годинава ќе одеше во пензија - Коцевски во шест страни кажа што ќе прави шест години на функцијата

Шест страници со многу сликички, од кои, на две се приоритетите, а на по една се клучните стратегии, планираните активности и заклучокот - вака изгледа програмата на новиот државен обвинител Љупчо Коцевски, кој во следните шест години треба да раководи со Републичкото обвинителство. Во старт објаснува што за него значи одговорно лидерство, па покажува дека ја знае организациската структура, по што посочува: „оваа програма ја отсликува мојата визија за приоритетите на обвинителството...“. Коцевск

Македонија | пред 2 години

IMG_0969

Имате ли право на штета, можете ли да тужите: Пет години, Македонија противзаконски издавала документи со старото име

Од Здружението на млади правници излегоа сос тав дека по измената на Уставот во 2019 година, Македонија не смеела да издава документи со старото име. Нивниот став во целост:„Од стапување на сила на Амандманот XXXIII на Уставот (12.02.2019), државата не смеела да издава документи со поранешното имеСо Амандманот XXXIII на Уставот од јануари 2019 името на државата се промени во Република Северна Македонија. Амандманите влегоа во сила со влегувањето во сила на т.н. Преспански договор[1] на 12 февруа

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Коцевски го наследува Јовески - за новиот државен обвинител малку се знае

Власта смогна сили и изгласа Љупчо Коцевски да биде нов републички јавен обвинител. Собраниското мнозинство на СДСМ и ДУИ го излгасаа со 62 пратеници, па сега, тој ќе го наследи Љубомир Јовески кој претходно ја извршуваше функцијата пред Соња Симовска да биде именувана за в.д. државен обвинтител.Изборот на Коцевски доаѓа откако Советот на јавни обвинители ја исфрли од игра обвинителката Фатиме Фетаи и кажа дека немала комплетна документација. Лидија Раичевиќ не ја доби поддршката од колегите кои

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-03-18-at-00.24.43

Уште пред да ги изберат, се знаеше дека ќе бидат тие: Пеливанов и Сарамандова си одат во Вишо

Обвинителите Наташа Сарамандова и Трајче Пеливанов се избрани за обвинители во Вишо обвинителство, како што најави „Скопје1“ утринава пред седницата. Нивниот избор беше договорен уште пред седницата, за што брифираа извори од Советот на јавни обвинители за „Скопје1“. На седницата по кратките пофалби, двајцата обвинители го добија само мнозинството гласови.Изборот на Пеливанов во повисокото обвинителство доаѓа во период кога за него беше објавен скандл. „Алфа“ пишуваше дека додека тимот на Катица

Македонија | пред 2 години

gasdgas

(Видео) Лепенките „НМК“ и денеска прават гужви по техничките прегледи

И денеска во дел од станиците за технички прегледи редици и чекање за лепенки со „НМК“. Граѓаните во трка со времето, особено оние кои неделава треба да патуваат надвор од Македонија веќе оваа недела.Прво се пополнува кратко барање, во кое се содржат податоците за автомобилот и барателот. Барањето се дава на лице од шалтерот.Потоа, лице од техничката станица, ги лепи лепенките на таблиците. Со тоа завршува целата процедура.

Македонија | пред 2 години

saramandova

Пеливанов и Сарамандова на чекор до Вишо - кои предмети ги водеа, за да сега бидат унапредени

Обвинтиелите Трајче Пеливанов од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Наташа Сарамандова од Основното јавно обвинителство-Скопје на чекор да бидат избрани во Вишото обвинителство-Скопје, неофицијално дознава „Скопје1“ од свои извори. Во Советот на јавни обвинители, седницата за избор ќе се одржи денеска, а се чини дека уште пред да се излезе пред јавноста за дискусија и гласање, сите детали се усогласени.Изборот на Пеливанов во повисокото обвинителство доаѓа во период ког

Македонија | пред 2 години

skopje-sneg-2022-2

Дали нѐ очекува снежен бран кон крајот на месецот?

Оваа недела можете да уживате во претежно стабилното и суво време.Што се однесува за последната декада од овој месец, таа изгледа ќе биде метеоролошки многу интересна. Нумеричките модели и денес цртаат спуштање на ладен воздух од Арктикот кон нашите краишта.Токму ова ќе услови формирање на секундарен циклон над Медитеранот кој ќе донесе снежен бран во Македонија, но и значителна снежна покритвка.Доколку токму ова остане вака, лубителите на зимата и на снегот ќе си дојдат на своето. Ова особено ќ

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Бајден: САД ја делат целта на Израел за поразување на Хамас

Американскиот претседател Џозеф Бајден, по разговорите со јорданскиот крал Абдула Втори во Белата куќа, рече дека САД ја делат целта на Израел да го поразат Хамас, но во исто време истакна дека палестинскиот народ „исто така претрпе огромна болка и загуба“.Бајден повтори дека израелските воени операции во Рафа не треба да продолжат без план за обезбедување безбедност и помош за повеќе од еден милион Палестинци кои се засолниле во областа.„Исто така, од почетокот бевме јасни дека се спротивставув

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Спасовски добива тужба од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ се претстави како „спасувач“ за возачките да важат

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека ќе поднесат тужба против ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додека СДСМ се пофали дека преку измени на закон кои тие ги предложиле се решил проблемот да нема хаос со возачките дозволи. Според опозициската партија, СДСМ го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани.„Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навр

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-33-7000PM

Ако не ви дозволат да излезете од Македонија, граничарите мора на писмено да ви кажат од кои причини - се кршат правата на граѓаните

Патувањето во странство со пасош со старото уставно име од утре ќе биде невозможна мисија, а и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски се согласува дека тоа отвора можност граѓаните да ја тужат државата. Според него, тоа е попречување на движењето, што е противуставно. Потенцираше дека барале решение во рамки на МВР, но залудно.„Разговаравме со директорот на БЈБ, под чија команда се граничните премини, заедно со правниот сектор и заклучивме дека по однос на ова прашање, службите не можат

Македонија | пред 2 години

Demiri-Bajrami12-1024x585-1

Младиот Бајрами и докторот Демири ќе водат министерства - опозицијата критикуваше, власта си ги изгласа

Со низа критики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и бранење од пратениците од владејачкото мнозинство, Собранието ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри. Демири кој е инфектолог е нов министер за здравство, Бајрами за информатичко општество и администрација. Тие доаѓаат на местата од нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои се од таборот на Арбен Таравари и беа разрешени.За изборот на двајцата министри немаше ниту еден глас против или воздржан, а 63 пратеници галсаа „за“.Џафери кажа

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Хаосот за документи во МТВ не запира - турканици за фотографирање

Хаосот при вадење на лични документи продолжува. Попладнево во МТВ одново големи гужви. Редици се чека за фотографирање, иако граѓаните доаѓаат со закажани термини. Поплаки има за можни фотографирања преку ред.„Се чека со часови, дојде нашиот термин, ама не влеговме на време. Проблемот е што има многумина што влегуваат пред нас. Дали преку ред или имало доцнење не можеме да тврдиме. Но се сомневаме дека многумина немаат ни термини“, вели граѓанин за „Скопје1“. Граѓаните со месеци трчаат по нови

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-12-at-15.20.08

Возачките важат до крајот на годината

Едногласно пратениците ги изгласаа измените во Законот за безбедност во сообраќајот.Со измените возачките дозволи ќе важат до 31.12.2024 година.Според измената во Членот 5 на Законот, „Возачките дозволи и возачките книшки, кои го содржат натписот ,,Република Македонија”, издадени до денот на започнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во возачката дозвола, најдоцна до 31 декември 2024 година“.Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања