Побарано Владата да ги укине маските за учениците
Донесена одлука од Комисијата за заразни болести со која бараат од Владата да се укинат заштитните маски во основните училишта.„Обврската за наставниците и административно-техничкиот персонал во основните училишта за носење маски останува задолжителна. Ако некој сака да носи маска на училиште за да ги заштити дома возрасните членови на семејството не е забрането, но обврската ја укинуваме“, рече претседателот на Комисијата Александар Петличковски.Комисијата ја донела одлуката со мнозинство.
пред 4 години