Локализиран пожарот во „Жито Битола“
Локализиран пожарот во поранешната фабрика за леб „Жито Битола“.Според информациите нема повредени.Пожарот е пријавен во 17 часот и 20 минути, а очевидци велат дека се запали зградата каде биле сместени административниот дел, а имало и склад со брашно. Пожарникарите и полицијата ќе останат на терен цела ноќ.Командирот на Противпожарната служба во Битола вели дека се уште нема точни информации за тоа како избувнал пожарот.
Македонија | пред 4 години