Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ТОП

Screenshot-2025-05-14-at-15.19.41

Има услови за третман на изгорениците во кочанската болница, се прави во посебни сали, тврдат од Министерството за здравство

Министерството за здравство, тврди дека во Болницата во Кочани, има сали каде се третираат пациентите со изгореници. Според нив, станува збор за двајца вакви пациенти, кои лекувањето сепак го продолжуваат во Клиниката за пластичка хирургија во Скопје. Ова доаѓа откако организацијата „Support Kocani“ објави за овој проблем во текот на вчерашната вечер.„Од болницата информираат дека во меѓувреме се обезбедени и услови и за набавка и монтирање када за подобар треман на пациентите кои имаат потреба

Македонија | пред 1 година

kocani1111

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Support Kocani“: Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните на повредените!

Организацијата „Support Kocani“, која им помага на повредените од „Пулс“, алармира дека пациентите кои се вратиле со отворени рани, не можат да бидат третирани во кочанската болница. Доцна синоќа, тие објавија и фотографии од ужасните повреди на нивните сограѓани. Посочуваат дека тоа е вистината за повредените и дека ќе продолжат со такви објави, со цел, државата да преземе одговорност.„Ове е вистината за повредените. Повредените во нашата болница ги пречекале со отворени рани. Медицинските лица

Македонија | пред 1 година

zakon-za-finansiska-poddrka-kocani

Во Собрание не помина законот за помош на семејствата од Кочани, предложен од СДСМ

Законот за помош на семејствата на загинатите и повредените во Кочани, нема да биде ставен на дневен ред. Ова е конечната одлука, согласно гласовите на пратениците. ВМРО-ДПМНЕ, но и другите партии не го поддржаа предлогот на СДСМ, за кој гласаа 18 пратеници „за“ и еден „воздржан“, од 94 присутни во салата.Епилогот од ваквото гласање доаѓа по низа јавни повици на СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ, да дадат поддршка за заедно да го изгласаат овој закон.Законот предвидува директна финансиска поддршка за семејства

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-14-at-11.14.10

Весна Јанеска воздржана за министерската функција во здравство, Мицкоски најави дека следната недела ќе се знае сѐ

Името на министерката за образование, Весна Јаневска, уште од вчеравечер беше лиферувано во јавноста, за потенцијален министер за здравство. Таа, не одговори дали се гледа во овој ресор.„Оваа држава има премиер, претпоставувам има и преговарачки тимови. Јас ќе бидам таму каде премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене“, рече Јаневска, а на прашањето, дали се гледа во ресорот здравство, таа додаде: „Веќе ви одговорив на прашањето“.Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан дали ресорите

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-14-at-10.42.53

Ниту еден судија од Велес не прифатил привремено да суди во Кочани, Судскиот совет ја избра Емине Калач

Судијката од Основниот суд Велес, Емине Качал, следните два месеци ќе работи во судот во Кочани, бидејќи таму има недостаток и невозможно е навремено да се носат судските одлуки. Со 11 гласа „за“, Калач времено е испратена да работи во тој суд. Ова доаѓа по големата трагедија и покренувањето на истрагата за пожарот во „Пулс“.Претходно, членот на Судскиот совет, Весна Дамева, кажа дека ниту еден судија од Велес не прифатил, самоволно, да суди во Кочани.„Одржана е вонредна седница на Кривичниот од

Македонија | пред 1 година

zemjotres

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Егејското Море. Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, почувствуван е и во Египет.Епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 64,4 километри, околу 20 километри оддалечен од грчкиот остров Касос. Досега нема пријавени жртви или материјална штета.На жителите на Родос и Касос им било упатено предупредување за можна опасност од цунами.

Свет | пред 1 година

vasil-jovanov

Врховен му ја укинал пресудата со затворска казна на Јованов, изречена во предметот за дрогата

Врховниот суд ја укина тригодишната казна на возачот Васил Јованов, кој беше осуден за трговија со дрога. Оттаму без многу детали, но посочуваат дека одлуката ја донеле откако жалба поднел адвокатот на Јованов. Па така, сега предметот одново е во рацете на Апелација, а откако условната осуда која ја изрече Кривичен, тие ја преиначија во затворска казна.Одлуката е донесена на 7 мај, односно една недела пред Јованов да биде осуден и за прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин кај Универ

Македонија | пред 1 година

lence-ristoska

Интегритетот клучен за Стразбур, Ристоска опфатена со предметот за бонусите во СЈО, а комисијата ја предложил министерот чија сопруга е братучедка на кандидатката

Реакции покрена името на Ленче Ристоска, обвинителка за врски со Европравда, а порано дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство, кога се најде на листата за судии во Стразбур. Покрај значајните предмети кои ги водела и позитивните критики, се фрла сомнеж на целата постапка поради нејзина далечна, но сепак роднинска врска со сопругата на министерот Тимчо Муцунски. Вклученоста на Муцунски во процесот е само како предлагач на членовите на Комисијата која ги оценува кандидатите, а што Владата

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Имама со продажба на станови: скопјанец склучувал фиктивни договори за продажба, а недвижности - немал

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.„Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.Осомничени

Македонија | пред 1 година

7478438452_99cbe66773_b

Кривична против Фрчкоски: го гонат за злоупотреби додека бил во Њујорк

На 12.05.2025 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ.„Пријавениот Љ.Д.Ф. во својство на службено лице - Шеф на Постојаната мисија на РСМ при ООН во Њујорк, во периодот о

Македонија | пред 1 година

frosina-4512513245

Утре во 17 часот кај Универзална за Фросина: „Ова е плукање врз нашата болка, не е пресуда“

„Оваа срамна пресуда е само уште еден триумф на праксата на неказнивост што ја негува нашето труло судство. 12 години за животот на Фросина. 12 години за масакрот на сестра ми што преминуваше улица на пешачки премин на зелено. 12 години за искршен череп, распарчено срце и уништена иднина“, вели Росица Кулакова, сестра на загинатата Фросина.Таа додава:„Ова не е пресуда. Ова е плукање врз болката на цело наше семејство и врз болката на сите што ја сакаа Фросина. Во оваа фарса убијците добиваат мил

Македонија | пред 1 година

frosina-majka-

Ова е уште една шлаканица, убиецот на Фросина доби милост, казната не е правда, вели мајката на загинатата Фросина

Камелија Кулакова, мајка на загинатата Фросина Кулакова, вели дека 12-годишната казна затвор за Васил Јованов е нова шлаканица за сите кои веруваат во закон и човечност. Според неа, Јованов добил милост.“Ова не е правда. Ова е уште една шлаканица за сите кои веруваат во морал, во закон, во човечност. Моето дете – мојата Фросина – е згасната на најсуров начин, а нејзиниот убиец, дури и со признание и со криминално досие, денес доби милост. Каква порака испраќаме? Дека живот вреди помалку од зборо

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-13-at-11.26.38

Возачот Васил Јованов вратен во затворот, во судницата тензии

Возачот Васил Јованов кој на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова, останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка.„По советување и гласањето, судот донесе решение, спрема обвинетиот Васил Јованов, се продолжува до правосилноста на пресудата, но не подолго од должината на изречената казна затвор“, рече судијката Снежана Марковска.Во судницата имаше тензии. Тодор Кулаков, татко на Фросина се обрати до родителите на Васил Јованов, при што интервенираше судската полиција.„Родителите на Васо

Македонија | пред 1 година

vasil-j

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата дизајнерка Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.„Обвинетиот Васил Јованов е виновен. Судот обвинетиот го осудува на казна затвор во траење од 12 години. Му се изрекува и забрана за управување со моторн

Македонија | пред 1 година

gmail

Апел од МВР до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

„Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади преку електронска пошта во која се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив. Овие пораки лажно тврдат дека сте сториле повреда на авторски права и содржат фишинг-линкови до наводна документација или барања за преземање на активности“, велат од МВР и додаваат:Важн

Македонија | пред 1 година

koalicija-vredi-89786

Не се враќаш кај народот туку на црната листа, не излегуваш туку ја предаваш Владата, му вели Меџити на Таравари

Изет Меџити, лидерот на Демократското движење и еден од предводниците на коалицијата „Вреди“, реагираше остро на одлуката на Арбен Таравари и неговото крило од Алијансата за Албанците да ја напуштат владината коалиција. Во објава на Фејсбук, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата – туку ја предал.„Ти не донесе промени. Не се враќаш кај народот – се враќаш на црната листа. Не излегуваш од Владата, туку ја предаваш“, истакна Меџити во својот пост.Тој додаде дека, според него, Таравари

Македонија | пред 1 година

vasil-jovanov

Се очекува пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Јавноста бара правда, Јовановски знае дека ќе добие затвор

Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе ја соопшти пресудата за случајот што ја потресе македонската јавност: прегазувањето на 22-годишната студентка Фросина Кулакова од Неготино, која на 29 јануари беше усмртена на обележан пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.Обвинетиот, 20-годишниот Васил Јованов, управувал со возило без возачка дозвола и поминал на црвено светло, при што ја удрил Кулакова која починала на самото место.Јавното обвинителство го квалификува делото како те

Македонија | пред 1 година

zelenski

Зеленски: Чудна тишина во Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа се обрати до нацијата во видео објавено на неговиот официјален канал на Телеграм, велејќи дека Русија сè уште не одговорила на предлогот за прекин на огнот.„Тукушто разговарав со претседателот Ердоган. Тоа беше суштински разговор. Благодарен сум за неговата поддршка. Ја потврдив подготвеноста на Украина за директен и суштински дијалог со Путин. Украина отсекогаш ја поддржувала дипломатијата. Подготвен сум да дојдам во Турција“, рече Зеленски.Укра

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-12-at-21.45.09

Таравари си оди во опозиција: Третманот на вработените во администрацијата е полош од порано!

Арбен Таравари, кој застапува едно од крилата на Алијанса за Албанците, излегува од Влада. Тој сега почна да го критикува и ВЛЕН, па рече: „Третманот за вработените во администрацијата е полош од порано“. За Македонија, рече дека ќе минува низ тежок период.„Ја донесовме промената во албанскиот блок по 20 години, меѓутоа, промените кои ги ветивме не ги испорачавме. Затоа одлучивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме доверба на локалните избори. Со ВЛЕН се обидовме да изнајдеме решение за ка

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-12-at-15.30.17

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Осудениот поранешен врховен судија, Наќе Георгиев, кој е осуден за земање на мито, сега се вработи како магационер, дознава „Скопје1“. Ова пак, му овозможува денот да го поминува излезен од зад решетките, но треба да се враќа таму и да преспива. Погодноста му е овозможена бидејќи тој издржа нешто повеќе една година од тригодишната затворска казна. Од затворот „Скопје“, беше префрлен во струмичкиот затвор.„Осуденикот редовно користи погодности, викенд од три дена, излез од седум часа. Од денес е

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-12-at-14.43.13

(Видео) Дел од полицијата на улица, бараат повисоки плати и праведна судска пракса: Не сме од втор ред

Дел од полицајците членови на Независниот синдикат на полицијата денеска протестираа на скопските улици. Тие се незадоволни се поради ниските плати и, како што велат, неправедната судска пракса. Порачуваат дека вработените во полицијата не се службеници од втор ред. Според претседателот на НСП, Мартин Ефремов, мора да се почитува Законот за минимална плата.„Во моментов имаме илјадници предмети кои полициските службеници ги водат против Министерството за внатрешни работи во кој бараат да се досуд

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-12-at-12.26.21

(Видео) Се одлучувало за животите на повредените од „Пулс“: Мицкоски вели тоа била најтешката одлука во неговиот живот

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека на негова одговорност, биле транспортирани повредените, бидејќи дел од медицинарите му укажале дека во таква состојба тие не можат да бидат пренесени во болниците во соседството. Посочува дека ако не биле пренесени, ќе имало повеќе жртви.„Јас имам 47 години, но кога би анализирам кој бил најтежок ден во мојот живот, тоа беше тој ден. Беше 3:30 наутро, кога човек тропаше на вратата од мојот дом. Тоа беше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни ра

Македонија | пред 1 година

teodora

Сестрата на загинатата Теодора со емотивен статус потсетува дека чека правда: Треба да знаете кое унишување сум го доживеала

Ева Ристовска, сестра на загинатата Теодора од Тетово која беше прегазена на пешачки премин, во емотивен статус посочува како четири месеци по трагедијата го видела возачот повторно во автомобил, со насмевка. Таа посочува дека се виделе очи во очи.„Мислам дека ова треба да го знаете кое уништување сум го видела и дожевеала јас,а сум немала можност да кажам и да да зборувам пред судот бидејќи не се водам како оштетена страна.... После загубата на мојата сестра ни 4 месеца после таа голема трагеди

Коментари | пред 1 година

internet-terorizam

Во Европа се раѓа нова генерација терористи: тие се помлади и на властите им е тешко да ги откријат

Во последните месеци, десетици малолетници, некои на возраст од само 14 години, беа уапсени низ цела Европа под сомнение за планирање напади врз музички места, трговски центри и верски објекти. 14-годишно девојче од Црна Гора беше уапсено во Австрија во мај минатата година под сомнение за планирање напад врз „неверници“. Полицијата пронајде секира, нож и пропагандни материјали на Исламска држава во нејзиниот дом. Друго 14-годишно девојче беше уапсено во февруари под обвинение за планирање напад

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

САД и Кина постигнаа договор

САД и Кина се согласија значително да ги намалат тарифите за стоките на другиот крај за период од 90 дена, по преговорите одржани минатиот викенд.Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент рече дека „двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115%“ откако се согласија на 90-дневна пауза.Тоа е значително деескалирање на трговската војна што ескалираше минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ги зголемија тарифите за кинеските стоки на 145% (вклучувајќи дополнителни 2

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања