Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

УБИСТВО

rosica

МВР со детали за убиството на Росица и нејзиниот татко: По извршеното злосторство, Илија Стефановски се самоубил

МВР со детали за фемицидот во Велес – поранешен партнер ја усмрти 31-годишната Росица и нејзиниот таткоМВР и официјално соопшти детали за последниот фемицид што вчера попладне се случи во Велес. На улицата „Кочо Рацин“ била пронајдена 31-годишната Р.К. со повреди од остар предмет. Таа била пренесена во велешката болница, каде лекарите констатирале смрт.Според првичните информации, жената заедно со својот сегашен партнер Ф.Т. дошла во домот на нејзиниот татко. Кога ја отворила вратата, била нападната со нож од нејзиниот поранешен партнер И.С. (39) од Скопје, кој ја заклучил вратата.Полицијата потоа во куќата го пронашла и нејзиниот татко К.К. (74) мртов, со повреди од остар предмет. Таму бил затекнат и осомничениот Илија Стефановски, кој исто така имал повреди, за што полицијата смета дека откако ги убил и двајцата, самиот посегнал по сопствениот живот. Подоцна починал во болницата.На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Велес. Телата на починатите се дадени на обдукција, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5168

Крвав злостор во Велес: Убиени ќерка и татко, почина и напаѓачот

Денеска околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува збор за 31-годишната Р.К. од Велес, која итната медицинска помош ја пренела во болницата, но лекарите констатирале смрт.Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, бил пронајден мртов и нејзиниот татко К.К. (68), исто така со повреди од остар предмет.Во истиот дом со повреди од остар предмет бил затекнат и И.С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К. Според првичните информации, токму тој ги нападнал ќерката и таткото, по што сам си нанел повреди. И.С. бил пренесен во болницата во Велес, каде што лекарите исто така констатирале смрт.Увид на местото на трагедијата врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 5 месеци

Atina-policija

Убиен Артур Тураби во Атина, брат на криминалец со богато досие

Артур Тураби е пронајден мртов на улицата „Михаил Вода“ во Атина. Полицијата синоќа го блокирала подрачјето, а мотивот за убиството сè уште се истражува, јавуваат албанските медиуми.Според „Панорама“, Тураби е брат на човек кој важи за десна рака на Албанецот обвинет за убиството на полицаец во Тирана во 2017 година. Во 2022 година, Тураби наводно бил уапсен поради поврзаност со банда која напаѓала патници во јавен превоз.Неговиот брат, Марсел Башими – познат и како Марсел Скуртај или Марсел Гозита – има долг криминален список и во Албанија и во Грција. Тој бил уапсен во јули 2022 година заедно со Бледар Џамбели и Кристак Лечи во врска со вооружен инцидент во Грција. Последните двајца се обвинети за ликвидацијата на полицаецот Артан Цуку пред неговиот дом во Тирана во 2017 година.Башими е добро познат на полицијата повеќе од две децении: уапсен е за разбојништво во Албанија во 2014 година, а во Грција има богато досие кое вклучува апсења за кражби, поседување оружје, лажни документи и обид за убиство. Тој бил поврзан и со криминална група од 41 член која крадела паричници и мобилни телефони во јавниот превоз.Истражните органи во Атина сега го поврзуваат убиството на Артур Тураби со криминалното минато на неговиот брат.

Свет | пред 6 месеци

DSC_0052

Обид за убиство во Скопје: 28-годишна жена се обидела да ја задуши бабата на својот сопруг

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство – кривично дело по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Според обвинителството, на 15 август во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во Скопје, за време на семејно насилство, осомничената се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг, родена во 1938 година, со која живееле во семејна заедница.Додека жртвата одмарала во една од собите, осомничената влегла и ја заклучила вратата. Таа седнала врз бабата и ставила перница врз нејзината глава со намера да ја задуши, при што дополнително ја удирала со тупаници по главата. Нападот го прекинала мислејќи дека жртвата е мртва, по што му кажала на сопругот за стореното.Сопругот веднаш ја известил полицијата, а повиканата екипа ја пренела повредената во болница, каде биле констатирани нагмечувања на главата и вилицата, како и повеќе хематоми.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената. Од Обвинителството велат дека постојат очигледни околности кои укажуваат на опасност таа да го повтори делото или да го доврши започнатиот обид за убиство.

Скопје | пред 6 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_712855

Се комплетира сликата за ликвидираните во Боливија- со Дејанчо Л. во црните кеси биле и Хрват и Србин

Марко Шкербец, роден во Риека во 1992 година, кој исчезнал во Јужна Америка на 8 август, бил убиен во Санта Круз, Боливија, минатата сабота, заедно со српскиот државјанин Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш и Дејанчо Лазаревски (43), познат како Македонец од Струмица, кој со себе имал бугарски пасош.Според добро информиран извор за „Јутарњи лист“, Шкербец имал неколку лажни идентитети под кои престојувал во Боливија, пренесе Индекс.Тој, заедно со Ѓекиќ и Лазаревски, биле на пат кон состанок кога биле ликвидирани минатата сабота во близина на градот Санта Круз, Боливија. Боливиската полиција ги пронашла нивните тела во кујната на изнајмена куќа.Конфликт меѓу нарко клановитеБоливиските истражители се сомневаат дека се убиени поради конфликт меѓу клановите Кавачки и Шкаљарски, или дека мотивот за убиството бил трговија со кокаин.На страницата „Исчезнати“, заедно со фотографија од Шкребец, се наведува дека тој бил маж со кафеава коса и овално лице. Меѓу карактеристичните знаци во времето на неговото исчезнување, наведено е дека имал тетоважа на сидро на левото рамо, тетоважа на неговата ќерка на градите и тетоважа на глаголско писмо на десната подлактица. Иако неговото живеалиште е во Риека, тој долго време престојувал во Боливија, а неговото исчезнување било пријавено во Полициската управа на регионот Приморје-Горска.Марко Шкербец е наведен како еден од водачите на криминалната група што го користела прекарот Коко на шифрираната апликација Скај. Во истрагата спроведена во 2020 година, Марко Шкербец и неколку други лица биле под надзор на тајната полиција. Стотици страници од обвинението содржат снимени разговори во кои се споменува Марко Шкербец, извештаи од надзор, фотографии од дрога и нивните транспортни патишта - од Шпанија, Италија, Германија до Словенија и Хрватска. Приложени се и фотографии со суми пари заработени од нелегална трговија со дрога.Марко Шкербец, кој, со оглед на тоа што по него биле издадени потерници, имал и неколку други документи, бил убиен во брутални судири меѓу клановите Кавачки и Шкаљарски. Овој конфликт не е немилосрден само во Србија и Црна Гора, каде што неодамна се евидентирани неколку брутални ликвидации, туку членови на спротивставените кланови се ликвидираат меѓусебно и во Хрватска, Словенија, Грција па дури и во Шпанија. Судирите се проширија во Јужна Америка, а некои избегаа во земји како Турција и Обединетите Арапски Емирати од страв од одмазда.

Свет | пред 6 месеци

droga

Брутално тројно убиство во Боливија – жртвите се Македонец од Струга и двајца Срби, биле тешко мачени!

Телата на еден македонски и двајца српски државјани, брутално убиени и спакувани во црни кеси, се пронајдени во Боливија во средата наутро. Според боливиските истражни органи, убиствата се поврзуваат со дејствување на јужноамерикански нарко-картели и меѓународни криминални пресметки.Неофицијалните информации од истрагата, која ја води јавниот обвинител Алберто Зебалос, укажуваат дека сите тројца биле подложени на тешки мачења во зграда северно од Санта Круз де ла Сиера, пред да бидат ликвидирани. Двајца од мажите имале повеќекратни повреди од тап предмет, а третиот – прострелна рана во главата. Телата се испратени на обдукција, по што ќе се изврши официјална идентификација.Иако првичните медиумски извештаи тврдеа дека сите жртви се српски државјани, подоцнежните проверки потврдија дека едниот од убиените е Македонец – стружанецот Дејанчо Л. Другите двајца се од Ниш – Миљан Ќ., познат под прекарот Хитри, и уште еден маж кој, според наводите, бил водач на меѓународна криминална група задолжена за транспорт на кокаин од Јужна Америка во Западна Европа.Според истрагата, Миљан Ќ. бил ликвидиран два дена претходно, а групата се движела низ регионот со фалсификувани документи за идентификација. Боливиските власти, со поддршка на меѓународни полициски служби, го истражуваат случајот како дел од поширока операција против нарко-картелите.„По дознавањето за случајот, обвинителот пристигна на местото на настанот за да ги спроведе почетните истражни чекори. Имаме прелиминарен полициски извештај, записник од пребарување, законско отстранување на телата и други елементи што се анализираат за да се расветли ова тројно убиство. Три лица се уапсени за истражни цели,“ изјави обвинителот Зебалос.Телата биле откриени околу 1 часот по полноќ, по итен повик до полицијата. Истражителите велат дека според првичните сознанија, ликвидациите произлегуваат од вооружен конфликт меѓу спротивставени криминални структури кои се борат за контрола врз дистрибутивните канали на дрога во Јужна Америка.Од македонското МНР потврдија дека амбасадата на Северна Македонија во Бразил е во постојана комуникација со амбасадата на Боливија во Бразилија. „За потврда на идентитетот на жртвите, се очекува завршување на обдукцијата, која е во тек,“ наведуваат од министерството.

Македонија | пред 6 месеци

viber_image_2025-08-10_13-39-47-293

Малолетници од 15 и 17 години дел од групата уапсена за убиството во Тетово

Двајца малолетници се меѓу четворицата уапсени за убиството кое се случи Тетово, а при кое има уште тројца повредени. Од МВР псоочуваат дека тие се на возраст од 15 и 17 години. Попладнево, тие се изведени и пред судија на претходна постапка при тетовскиот суд.На 11.08.2025 во периодот од 12:50 до 15:00 часот во с.Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка која се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.При претресите биле лишени од слобода две женски лица, А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од с.Гајре. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката”, велат од МВР за “Скопје1”

Македонија | пред 6 месеци

policija

(Фото) Убиство во Тетово – жртва застрелана со автоматска пушка

Попладнево во Тетово се случи убиство, потврдуваат полициски извори. Според првичните информации, има една жртва.Неофицијално, убиството е извршено со автоматска пушка. Засега не се открива идентитетот на убиениот, ниту мотивите за нападот. Полицијата е на лице место и врши увид, а дел од областа е блокиран за сообраќај.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6897

Побаран притвор за пијаниот штипјанец кој со ловечки нож ја убил својата мајка

Основното јавно обвинителство Штип отвори истражна постапка против 54-годишен жител на градот, осомничен за убиство на својата 84-годишна мајка, кривично дело од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Трагедијата се случила рано утрово во семејниот дом на улицата „Страшо Пинџур“ во Штип. Според обвинителството, осомничениот – под дејство на алкохол со концентрација од 2,43 промили во крвта – по вербална расправија земал ловечки нож и и нанел убодна рана во пределот на вратот на својата мајка. Жената починала на лице место од исцрпување на крв.По нападот, тој самиот се јавил на бројот за итни случаи 112 и го пријавил настанот. Полицијата веднаш интервенирала и го привела осомничениот.Јавниот обвинител поднел предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд во Штип за определување мерка притвор.

Свет | пред 7 месеци

policiska-lenta

Трагедија во Штип: Поранешен угостител во алкохолна криза ја убил својата мајка

Рано утрово, Штип беше потресен од тешко убиство – 54-годишниот С.З., поранешен познат угостител, ѝ го одзеде животот на својата 84-годишна мајка. Локалното население тврди дека угостителот со години се борел со зависност од алкохол, но и дека имал и проблеми со коцка, поради што често се позајмувал пари од најблиските.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека трагедијата се случила ноќеска, околу 02:00 часот. Жената е убиена во семејниот дом. Осомничениот со остар предмет ѝ нанел убодна рана на својата мајка, која починала на лице место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.„Во 04:15 часот, полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода осомничениот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, а на лице место бил извршен увид од страна на екипа на СВР Штип, под раководство на Јавното обвинителство. Острото оружје е пронајдено и одземено за натамошна постапка“, информираат од МВР.Од полицијата потврдија дека против С.З. ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка за убиство на близок роднина, по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Жителите на Штип велат дека С.З. некогаш важел за успешен угостител, но зависноста од алкохол и коцка целосно го оддалечила од бизнисот и од нормалниот семеен живот, што на крај кулминирало со оваа трагедија.

Македонија | пред 7 месеци

WhatsApp-Image-2025-08-07-at-15.54.20_60788882

Истрага за убиството во Бардовци: Спасов се гони за убиство, а се бара и притвор - се проверува и како се спроведувало лекувањето во психијатриската болница од каде излегувал, а и објавувал насилни сн...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка за убиството што се случи во Психијатриската болница „Скопје“ – Бардовци, каде што 36-годишниот Димитар Спасов, хоспитализиран поради претходно убиство, со стаклено шише усмртил друг пациент. Настанот, што се случи по наводна кавга за легло, ја вознемири јавноста и ги отвори прашањата за (не)функционалноста на системот за задолжително психијатриско лекување.Како што соопштија од Обвинителството, против Спасов се води постапка за кривично дело – Убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик. Поради опасност од повторување на делото или сторување ново кривично дело, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор. Дополнително, ќе се бара и целосна документација за досегашниот третман на осомничениот, вклучително и како се спроведувала мерката на задолжително лекување.„Скопје1“ објави дека Спасов – кој во 2012 година беше прогласен за непресметлив откако ја уби својата мајка – подолго време бил гледан како слободно се движи низ Ѓорче Петров, па дури и седи по кафеани. Полицискиот надзор му бил повлечен по одлука на правосудни органи, по што се враќал и излегувал без контрола од болницата.На социјалните мрежи имал активни профили и споделувал насилни снимки – на една од нив, повикува друго лице на тепачка, а на друга дава насоки како да се претепа пациент. Сведочења од вработени наведуваат и закани, малтретирање, алкохол во установата и поплаки кои, очигледно, не довеле до заострување на надзорот.Жртвата, пациент со иницијали И.Т., беше пронајдена мртва во собата на Спасов, каде напаѓачот и по настанот останува сместен. Телото е дадено на обдукција.Овој случај ја отвори јавната дебата за третманот на опасни пациенти во психијатриските установи, прашањето на надзор, пристап до алкохол, интернет и социјални мрежи, но и одговорноста на институциите кои дозволиле лице со такво досие да се движи меѓу граѓани – сè додека не уби повторно.

Скопје | пред 7 месеци

slika-ubistva

Братоубиство во Кавадарци: го убил, закопал и покрил со шперплоча

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека е сторител на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 43-годишник, на 27 јули во вечерните часови, го лишил од живот својот една година помлад брат, удирајќи го неколку пати со метален предмет по главата. Делото го извршил по вербална расправија во дневната соба во домот на оштетениот.Потоа во период од неколку дена презел повеќе дејствија за да го прикрие делото и да уништи трагите – ја избришал крвта од подот и предметите, а телото го пренел во помошна просторија во дворот на куќата, каде го закопал и го покрил со шперплоча и други предмети.Поради опасноста да се даде во бегство, но и да преземе и дополнителни дејствија за уништување на трагите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Македонија | пред 7 месеци

policiska-lenta

Си го убил братот! Расчистена мистериозната смрт во Кавадарци, сестрата го пријавила делото

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистено тешко убиство во Кавадарци, при што 43-годишен маж е пријавен за убиство на својот брат. Телото на жртвата било пронајдено закопано во помошен објект во дворот од заедничкиот семеен дом, по пријава од нивната сестра. Осомничениот го признал делото во службен разговор со надлежните.Денеска (06.08.2025), ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичнo делo „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 27.07.2025 во семејниот дом во Кавадарци со метален предмет нанел повреди на неговиот брат И.И.(42) од Кавадарци, од кои тој починал, по што телото го закопал во помошен објект во дворот од заедничката куќа.Имено, вчера (05.08.2025), нивната сестра В.О.(44) во 11:00 часот во ОВР Кавадарци го пријавила за исчезнат нејзиниот брат И.И.. Додека, во 13:00 часот пријавила дека во помошниот објект во дворот од куќата на нејзините браќа, каде што отишла со сопругот, забележале дека има ископ покриен со ровка земја, по што се посомневале дека е можно нејзиниот исчезнат брат да е закопан внатре.Веднаш по пријавата, на местото излегле јавен обвинител, полициски службеници и претставници од Институт за судска медицина Скопје, а од погребално претпријатие откопана е дупката и било пронајдено телото на И.И.. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода С.И., по што го спровеле во јавното обвинителство, каде во службен разговор го признал делото.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5168

Мистериозна смрт во Кавадарци: 42-годишен маж пронајден мртов, се сомнева на убиство

Тело на 42-годишен маж било пронајдено во помошни простории од куќа во Кавадарци, при што првичните наоди упатуваат на можноста за насилна смрт. Телото било прекриено со земја и разни предмети, што ја зголемува сомнителноста околу причините за смртта.На терен излегол дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци, кој заедно со полициски екипи извршил увид и издал наредба за обдукција на починатиот.Според информациите, мажот живеел сам, а неговото семејство неколку дена безуспешно се обидувало да воспостави контакт со него.Од местото на настанот се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат подложени на вештачење, а надлежните органи преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расветлување на случајот и откривање на можниот сторител.

Македонија | пред 7 месеци

policija-1313

ОЈО Струга отвори истрага за обид за убиство и насилство – предложен притвор за двајца осомничени

Две лица се опфатени со истражна постапка што ја отвори Основното јавно обвинителство Струга по насилен инцидент што се случил на 2 август во Струга. Едниот од осомничените се товари за обид за убиство и насилство, а вториот за помагање при извршувањето на делото.-На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото, информираат од обвинителството.Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања