Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

УБИСТВО

batinci

Муса Џавит кој го уби армискиот офицер и понатаму е недостапен за правдата – се бара со меѓународна потерница за две убиства

Бегалецот Муса Џавит, кој е осомничен дека минатата недела го застрела и усмрти армискиот офицер пред селото Батинци, се уште не е пронајден и, според сознанијата на истражните органи, најверојатно ја напуштил земјата.Од Министерството за внатрешни работи за ТВ 24 потврдуваат дека Џавит веќе подолго време се бара со меѓународна потерница за претходно извршено убиство, а откако е осомничен за ново кривично дело, по него се трага со засилена меѓународна акција.„Нашите служби се во континуирана соработка и контакт со безбедносните служби од странските држави каде што постои сомнеж дека осомничениот би можел да се наоѓа“, соопштија од МВР.Муса Џавит, кој има богато криминално досие, за само една година е поврзан со две смртни пресметки. Двата вооружени инциденти се случиле во летниот период, минатата и оваа година, во скопското село Батинци. И покрај сериозноста на случаите, полицијата сѐ уште не успеала да го лоцира и приведе.Последното убиство се случи пред неколку дена, кога 50-годишен офицер на АРМ беше смртно застрелан со два куршума додека се возел со ќерка си кон нивниот дом. Напаѓачот отворил оган непосредно пред влезот на селото.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-13-at-12.45.27

Напишал „не играјте си со оние што немаат што да изгубат“, па го убил внукот и 13-годишниот Милан

Панчо Чупаркоски и неговиот 13-годишен син Милан се жртвите на ликвидаторот Пеце Белото.Пред да го стори грозоморниот злочин, попладнето во 17 часот, објавил и фејсбук статус со морничава фотографија. Напишал: „Мојата сестра Љуба Чупаркоска и нејзиниот син ... Ми украде и одзеде скоро Сее, останатото им го дадов Сам, но... Не играјте си со оние кои што немаат што да изгубат!“. Потоа го извршил злочинот.[caption id="attachment_342865" align="alignnone" width="1366"] Screenshot[/caption]Пријавата до МВР, дека ги нема Панчо и Милан, дошла во 21:20 минути, кога се јавила мајката односно сопругата на двете жртви, кои биле ликвидирани со огнено оружје. Во куќата е влезено по повеќе од три часа, кога се најдени безживотните тела на двете жртви, но и на ликвидаторот кој се самоубил.Вечерта кога се случи грозоморниот настан, ликвидаторот имал именден. Жртвите ги намамил додека бил надвор од домот, а потоа, кога ги внел во неговата куќа, им ги одземал телефоните и им се заканувал. Со него освен огнено оружје, имал и бомба. Засега не е познато во кој дел од денот ги извршил убиствата.Ликвидаторот има низа контроверзни и морбидни објави на неговиот профил на „Фејсбук“. Ги величи Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, напишал „Човекот е најголемото зло на земјата“.Сомневањата на обвинителот се дека убиствата се сторени поради семејни недоразбирања кои траеле подолг период, а поврзани со имнотно-правни прашања. Ликвидаторот имал 63 години.

Македонија | пред 7 месеци

batinci

Мотивот зад убиството во Батинци – маж пукал во татко на девојка која одбивала брак

МВР ја откри причината за убиството на влезот од скопското село Батинци кое се случи вчера, а каде што 50-годишниот А.М. им подлегна на прострелни рани откако во него пукал Џ.М., осомничен дека делото го сторил од одмазда поради одбиван предлог за брак.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот е пријавен во 10:15 часот, а жртвата била веднаш пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што околу 11:00 часот починал.Потресни детали открива ќерката на убиениот, 20-годишната Е.М., која изјавила дека, заедно со нејзиниот татко, биле на Клиниката за неврологија. Таму се обидел да стапи во контакт со неа Џ.М., кој во изминатиот период ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Девојката одбила да комуницира, по што следувал крвавиот епилог.„Кога тргнале кон домот во с. Батинци, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.“, информираат од МВР.Случајот се води како убиство со сомневање за семејно/родово мотивирана омраза, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на околностите и утврдување на мотивите.

Скопје | пред 7 месеци

policija-4141

Кој е уапсениот во Грција: 27 години бегалец, 15 години казна

Ацо Боцевски, во подземјето познат како „Циганот“ e Македонецот кој е уапсен по речиси три децении бегство. Него денеска го лоцирала и лишила од слобода грчката полиција во градот Катерини, потврди македонското Министерство за внатрешни работи.Боцевски беше во бегство од 1998 година, кога наместо да отслужи 15 години затвор за ладнокрвното убиство на Сеат Ибраими, исчезна под сомнителни околности додека беше во домашен притвор. За него беше распишана една од најстарите и најозлогласени меѓународни потерници.Крвавиот настан што го внесе Боцевски во криминалната историја се случи во ноември 1997 година, среде бел ден, во центарот на Скопје. По кратка автомобилска потера, Боцевски излегол од „корветата“, го стигнал Ибраими, кој со „мерцедесот“ излетал од патот и испразнил цел шаржер врз него. Убиство со потпис – ладнокрвно, брутално и пред очите на градот.Со денешното апсење, правдата конечно му се доближува. Од МВР најавуваат дека ќе следи процедура за негова екстрадиција во Македонија, каде го чека неиздржаната затворска казна.

Македонија | пред 9 месеци

ubistvo

Обвинение за двајца браќа, обвинети за убиство и обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против две лица кои како соизвршители се товарат дека сториле едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и уште едно кривично дело – Убиство во обид предвиден со член 19 од Кривичниот законик.Во текот на истрагата се обезбедени докази кои потврдуваат дека на 01.11.2024 година во Арачиново двајцата браќа на возраст од 23 и 31 година со умисла и на подмолен начин лишиле од живот едно лице и се обиделе да лишат од живот уште едно. Со двајцата оштетени – татко и син обвинетите се договориле да се најдат и да разговараат за наводен долг од 7.000 евра. Со автомобил пристигнале на договорената локација, но по краток разговор, едниот од обвинетите извадил огнено оружје – пиштол и започнал да пука кон жртвите. Од нанесените огнострелни повреди оштетениот татко починал, а синот се здобил со тешки телесни поврeди.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, бидејќи се уште постојат законските основи за најстрога мерка за обезбедување.

Македонија | пред 10 месеци

Habib-Bunaku-960x573-1

За убиството на Буњаку во Чаир: Две лица ги криеле пиштолите, по тројца се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11 февруари во скопската општина Чаир.Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.На критичниот ден, на паркинг на улицата „ Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице. Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент.Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 година

emilija-peseva-ubiena

Доживотен затвор за Фадил, кој свирепо ја уби штипјанката Емилија: „Моето дете гние, нека гние и тој во затвор“

Убиецот Фадил Зејнелов кој свирепо ја убил Емилија Пешева на 29 години, е осуден на доживен затвор.„Обвинетиот сторил убиство, судот го осудува на доживотен затвор. Во изречената казна му се смета и времето поминато во притвор. По анализа на сите докази, утврди дека оваа казна е потребна и оправдана. Пред се поради начинот на извршување на кривичното дело, траело неколку минути.. Имало решителност од негова страна, а борба од страна на Емилија. Второ, покрај свирепоста при извршувањето, судот утврди дека во август 2024 година, при меѓусебни средби имало физички напад, утврдени во болница“, рече судијата Сашко Георгиев.Родителите се задоволни од пресудата.„Правилна одлука донесе. Не може да ја излечи болката, таа нема да се врати. Но работата е такви луѓе да нема. Моето дете ќе гние, нека гние и тој во затвор“, рекоа мајката и таткото.Ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар. Вака изгледало убиството на Емилија Пешева во ноември минатата година. Убиецот Фадил Зејнелов го призна убиството, а семејството и обвинителството бараат доживотен затвор. Слободан Пешев, татко на убиената Емилија рече дека неговата ќерка била користена од убиецот за пари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-11-at-10.17.33

Убиениот Хебиб е син на поранешен функционер на ДУИ

Лицето кое загина вчеравечер на територија на Чаир е Хебиб Буњаку, син на Екрем Буњаку кој е ексфункционер на ДУИ, а сега вработен во Општина Чаир, кој во 2013 година беше и директор на Државната техничка инспекција. Пријателите на Хебиб се простуваат од него на социјалните мрежи.„На Аллах му припаѓаме и само на Него ќе се вратиме! Хебиб Буњаку, најдобриот син на нашето маало во Серово, познат по широкото пријателство низ фудбалот, и по многу други атрибути, почина и Хебиб беше син на Екрем Буњаку. Како соседи кои ги делеле истите неволји во едно маало и во знак на почит, изразувам сочувство до чичко Екрем и целото негово семејство! Бог да ви даде трпение, а Аллах да му даде на Хабиб највисоките чинови од Неговиот Рај“, се вели во една од објавите.[caption id="attachment_321584" align="alignnone" width="753"] Screenshot[/caption]Од него се прости и фудбалскиот клуб „Футсал Скопје“.„Со скршено срце и длабока болка ја примивме веста за смртта на нашиот поранешен играч, нашиот пријател Хебиб Буњаку. Извонреден човек, кој зад себе остави незаборавни спомени за сите што го познаваа. Нашето најискрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите оние кои имаа среќа да го запознаат. Аллах да ве помилува!“, стои во нивната објава.[caption id="attachment_321590" align="alignnone" width="715"] Screenshot[/caption]Повреденото лице со две прострелни рани е Аритон Далишта, кој е задржан на лекување но е вон животна опасност.Деталите од МВР: 

Коментари | пред 1 година

policija-ubistvo-pishtol

Убиство во Топанско: едно лице однесено мртво во болница, а второто е погодено со два куршуми и преживеал

Едно лице е убиено вчеравчер во Топанско поле во Скопје, а друго е повредено но во сатбилна состојба. Од Универзитетската клиника „св. Наум Охридски“ за „Скопје1“ велат дека кај нив, двете лица биле донесени на полноќ.„На полноќ се донесени двајца пациенти, едниот без знаци на живот. Другиот со две прострелни рани, едната во лумбална регија, другата во подлактица и е во стабилна состојба“, вели доктор Ристо Пејков од „св. Наум Охридски“ за „Скопје1“.Пријава до МВР дошла докму од болницата. Детали се очекуваат.ДОПОЛНЕТО:

Македонија | пред 1 година

ubistvo

Обвинение за убиство за 33-годишник од Штип

Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт против 33-годишник против кого се спроведуваше истрага за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.Јавниот обвинител до Основниот суд во Штип достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.04

Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство во Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од Арачиново на возраст од 23 и 30 години, кои се осомничени дека како соизвршители сториле по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 и по едно кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Тие заеднички и со умисла на подмолен начин лишиле од живот едно лице, а се обиделе да го лишат од живот и неговиот син,  поради нерасчистени должничко доверителски односи, односно поради долг од 7.000 евра, кој сега починатиот го имал кон покојниот татко на осомничените.Двајцата браќа се договориле да се најдат со таткото и синот, при што постариот брат тргнал кон нив физички да се пресмета, а помладиот извадил огнено оружје – пиштол и испукал неколку пати кон оштетените, нанесувајќи им повеќе прострелни рани. Кај нападнатиот татко настапила смрт, додека неговиот син се здобил со тешки телесни повреди. Двајцата осомничени со автомобил веднаш го напуштиле местото.Подоцна постариот брат е пронајден и лишен од слобода, а по помладиот се трага.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за двајцата достави предлог за определување мерка притвор, со тоа што за лицето во бегство таа ќе се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.  До Судот е доставено и барање за издавање наредба за приведување на осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот.

Скопје | пред 1 година

slovenija

Маж од Македонија убил жена, па се самоубил во Словенија

Маж по потекло од Македонија пукал во 40-годишна жена, по што се самоубил. Ова се случувало во Словенија, односно градот Градац во текот на вчерашниот ден. „Скопје1“ дознава дека македонскиот државјанин е по потекло од прилепскиот регион и има околу 30 години.Словенечката полицика посочува дека мажот починал на лице место, додека жената во тешка здравствена состојба е пренесена во Општата болница на градот Градец, каде што починала.Неофицијално, пукањето се случило во индустриската зона Памече, објавија словенечките медиуми.На местото имало истражен судија и јавен обвинител. Детали се очекуваат од Одделот за криминалистичка полиција при полициската управа Цеље.

Свет | пред 1 година

IMG_6633

(Видео) Напад со нож во Ротердам: Едно лице е убиено, а две се тешко повредени

Најмалку едно лице е убиено во напад со нож, а две се тешко повредени во нападот кој се случи во Ротердам. Осомничениот напаѓач е уапсен. Тој е повреден и е ппренесен во болница, соопшти полицијата, додавајќи дека ги истражува причините за нападот кај мостот Еразмо.Идентитетот на жртвите и на осомничениот се уште не се соопштени.Холандскиот медиум De Telegraaf, повикувајќи се на сведоци на местото на настанот, објави дека човекот по случаен избор ги нападнал луѓето со два ножеви додека викал Алах егбер, арапска фраза што значи Бог е голем.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Мајката, вујкото и братот се главни осомничени за смртта на девојчето кое се бараше низ цела Турција: Ова се потенцијалните мотиви на злосторството

Поминаа четири дена откако телото на малата Нарин Гуран беше пронајдено во потокот, а по сторителот на ова злосторство што ја потресе Турција и целиот свет се уште се трага.Нејзиниот вујко Селим е именуван како главен осомничен за убиството на девојчето, а очите на јавноста се вперени и кон нејзината мајка и постариот брат.Турските власти сега се фокусирани на три можни мотиви за убиството на девојчето.Како најверојатен мотив за убиството со денови се зборува за љубовната врска меѓу мајката на Нарина, Јуксел и вујко Селим. Се сомневаат дека малата Нарин можеби ги видела мајка си и вујко во непријатна ситуација и затоа била убиена.Сепак, чичко Селим, кој инаку е во притвор, ја негираше врската со Јуксел.Според медиумите, се верува дека ситуацијата околу љубовната врска ќе се разреши кога експертите ќе ги вратат избришаните пораки од телефонот на мајката и вујкото.Кога било пронајдено телото на девојчето, прво бил приведен братот на Нарина, Енес, бидејќи на неговата рака биле пронајдени отпечатоци од заби, пренесува Телеграф.Многумина во селото тврдат дека таткото на Нарина Ариф и вујко Селим имале многу лоши односи.Наводно, Селим еднаш напишал на една социјална мрежа: „Ќе те натерам да доживееш таква болка...“ и дека пораката била наменета за неговиот брат Ариф.

Свет | пред 1 година

srbija

Се огласи обвинителството по грозоморното убиство во Ниш: Ќерка ја заклала мајка си, таа е во бегство

Вишото јавно обвинителство во Ниш денеска соопшти дека е наредена обдукција на телото на З.Ц. (69) за која постои сомнение дека е убиена и дека се преземени сите потребни дејствија за расветлување на околностите под кои се случил настанот и за пронаоѓање на сторителот.„Вишото јавно обвинителство Ниш е известено дека на 8 септември во вечерните часови во куќата на адресата во Ниш било пронајдено безживотното тело на З.Ч.(1955) и дека постојат основи на сомнение дека е лишена од живот“, соопштија од обвинителството.Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Ниш заедно со полициските службеници на ПУ Ниш изврши увид на местото на инцидентот, дадена е наредба телото на З.Ц. е пренесен во Институтот за судска медицина во Ниш, а на таа институција и е наложено да се изврши обдукција.Обвинителството наведува дека е наложено и преземање на сите потребни дејствија за расветлување на околностите под кои се случил настанот и за пронаоѓање на сторителот.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања