Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

УБИСТВО

media-libraryh83q5vtmc9j99SeSIkV

Обид за убиство во Скопје: маж си го претепал братот и легнал да спие

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе истрага против лице осомничено дека се обидело да изврши убиство на својот брат во семејниот дом во село Марино.Како што соопшти Обвинителството, настанот се случил на 18 октомври, кога осомничениот физички го нападнал братот, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и телото. Од ударите, оштетениот почнал да крвари и изгубил свест, по што осомничениот – наместо да повика помош – си легнал да спие.Следното утро, кога го забележал брат му како лежи во крв, не реагирал веднаш, туку повикал итна медицинска помош дури по речиси три часа.Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му биде определен притвор, имајќи ги предвид околностите и тежината на делото.Според Обвинителството, случајот се води како обид за убиство по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryhvkm2gion51faA8d8SH

(Видео и фото) Ликвидиран е Филип Ивановиќ од Цетиње во „Белград на вода“, бил баран од Интерпол

Доцна синоќа во познатата белградска населба Белград на вода, е убиен 33-годишен маж на детско игралиште.Станува збор за Црногорецот Филип Ивановиќ од Цетиње, кој бил застрелан со куршум во челото од страна на 21-годишно момче. Полицијата брзо го уапсила Ѓ.З. кај кого биле пронајдени два пиштола и словенечки документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани.По Ивановиќ била распишана меѓународна потерница, откако на 4 декември 2024 година побегнал од куќен притвор во Белград, при што насилно го отстранил електронскиот надзор.Во Србија против него се водел судски процес поради помагање на Лазар Тејиќ по убиството на Бојан Мирковиќ, додека Црна Гора го барала под сомнение дека бил член на организирана криминална група и соизвршител во неколку тешки убиства.Од Управата на полицијата на Црна Гора соопштиле дека Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион објавил меѓународна потерница по Ивановиќ и дека неговото екстрадирање во Црна Гора било планирано по завршување на судскиот процес во Србија.Ивановиќ претходно бил уапсен во Белград на 25 ноември 2020 година под сомнение дека учествувал во тешко убиство. По бегството од куќниот притвор, повеќе од девет месеци бил во бегство, сè до неговото убиство синоќа.Осомничениот, Ѓ.З. (21), бил пресретнат од полицајци во цивилна облека на само 200 метри од местото на злосторството, каде што бил разоружан и уапсен.На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, а во тек е истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали.Итната медицинска помош потврди за РТС дека човекот е убиен и дека пукањето се случило во 23:13 часот.

Свет | пред 4 месеци

Germanija-eksplozija

Политички шок во Германија – избодена новоизбраната градоначалничка на Хердеке

Градоначалничката на германскиот град Хердеке, на западот на земјата, е тешко повредена откако била нападната со нож пред својот дом, јавуваат германските медиуми.Полицијата соопшти дека нападот се случил околу пладне, кога 57-годишната социјалдемократка Ирис Шталцер се наоѓала пред влезот на својата зграда. По нападот успеала да се довлечка до станот, каде што се онесвестила.Во моментот на инцидентот во домот биле нејзините посвоени деца – 15-годишен син и 17-годишна ќерка – кои веднаш ја повикале полицијата. Според сведочењето на момчето, мајка му била нападната од неколку непознати лица на улицата.Шталцер, која е адвокатка специјализирана за работно право, станала градоначалничка во септември, победувајќи во вториот круг од локалните избори со 52,2 проценти од гласовите.Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази шок и загриженост по нападот.Примивме вест за овој грозоморен чин во Хердеке. Се плашиме за животот на градоначалничката Ирис Шталцер и се надеваме на нејзино целосно закрепнување. Моите мисли се со нејзиното семејство“, напиша Мерц на социјалната мрежа X.Полицијата ја истражува позадината на нападот и сè уште не е познато дали станува збор за политички мотив.

Свет | пред 5 месеци

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Од ракометар до модел: животот и мистеријата околу Македонецот Мартин Сипковски, кој загина во експлозија која сам ја предизвика

На 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која животот го загуби државјанин на Македонија, Мартин Сипковски (21), пишува српски „Телеграф“. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, пренесуваат белградските медиуми.Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја — пентрит (PETN), моќен детонабилен состав кој, како што се наведува, наводно бил наменет за ликвидација на лице поврзано со организиран криминал. Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се случил настанот, а оштетени се и два соседни стана.Полицијата приведе лице осомничено дека му предало експлозивБелградските истражни органи соопштија дека го привеле Филип В. (26), кој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел експлозивна материја — пентрит — и, според сомневањата, му ја предал на Сипковски. По приведувањето тој бил сослушан во Више јавно обвинителство во Белград; против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали, а обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело.Истрага за околностите и мотивитеКако што стои во досегашните откритија на истрагата, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.Кој беше Мартин Сипковски?Во јавноста Сипковски беше познат како поранешен младински ракометар на РК Вардар, кој подоцна се насочил кон моделинг и работење во модната индустрија. Неговиот пресврт кон модата и достигнувањето договор со агенција во Истанбул беа широко покриени во медиумите, а соработуваше и со покоен Зоки Фаци; исто така е споменат како студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје. Белградските извештаи, како и некои информации од Македонија, укажуваат дека имал претходни полициски евиденции, но точниот карактер и опсег на евентуалните криминални активности се предмет на истрагата.Што е пентрит?Пентрит (пентаеритритол тетранитрат, PETN) е силен експлозив во форма на бели кристали, користен во детонатори и во производството на одредени видови пластични експлозиви. Заради големата разорна моќ и чувствителност на удар и триење, неговото нелегално поседување и употреба претставува значаен безбедносен ризик.Надлежните српски служби најавија дека ќе продолжат со темелна истрага за да ги утврдат сите факти и мотиви поврзани со трагичната експлозија.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytkajub90rqqf2GvaTDu

(Фото) Елвис Шкамби е убиецот на албанскиот судија Астрит Калаја

Елвис Шкамби е убиецот на албанскиот судија Астрит Калаја, кој вчера го застрела во судницата, а според наводите на медиумите во Албанија, 30-годишниот Шкамби му пукал директно во срцето.Албанските медиуми, според првичните информации, пишуваат дека Шкамби не бил запрен од обезбедувањето на влезот во судот и вооружен влегол во судница.По објавување на пресудата, која според сторителот била во корист на другата страна, убиецот го извадил пиштолот и пукал директно во судијата.Веднаш потоа, тој испукал куршуми и кон Ракип и Елвис Куртај, татко и син, кои пред судот ја застапувале другата страна. Двајцата се здобиле со повреди и се во болница, но се надвор од животна опасност.

Свет | пред 5 месеци

media-librarynh9gq624b5tj25hqSV4

Македонските судии изразија сочувство за трагичното убиство на Астрит Калаја

Здружението на судии на Република Северна Македонија со најдлабоко жалење и искрено сочувство реагира на трагичниот настан што се случи во соседна Република Албанија, каде што судија беше смртно застрелан при вршење на својата службена должност. Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Владеењето на правото е можно само кога судството е заштитено од каков било притисок или закана. Здружението упатува апел до сите релевантни институции и чинители во општеството да придонесат кон зачувување на достоинството и безбедноста на судиската професија, се наведува во соопштението на Здружението на судии.Тие воедно повикуваат на особена внимателност во јавното коментирање на судските постапки и носителите на судската власт, особено, како што се наведува, од страна на влијателни поединци и структури, бидејќи неодмерените изјави можат да создадат атмосфера на недоверба и притисок, што индиректно може да поттикне несакани и трагични настани.Здружението на судии на Република Северна Македонија останува посветено на промовирањето и заштитата на независноста, непристрасноста и безбедноста на судиите, како основа за праведно и демократско општество, се посочува во соопштението.Во Апелацискиот суд во Тирана вчера беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој подоцна почина во болница. Во него пукало лицето за кое било прочитана пресудата на судот.

Македонија | пред 5 месеци

pistol-vperen

Пукање во судница во Тирана – убиен судија, две лица повредени

Во Апелациониот суд во Тирана денеска се случи вооружен инцидент со трагичен исход, кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан за време на судење. Иако веднаш бил пренесен во Клиниката за трауматологија, лекарите не успеале да му го спасат животот.Напаѓачот, Ѓан Шкемби, отворил оган кон судијата во моментот кога тој започнал да ја чита пресудата во неговиот предмет. Во пукањето биле повредени и две лица – татко и син – кои, според првичните информации, се надвор од животна опасност.Случајот што го водел Калаја се однесувал на спор за сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар, каде што живееле 31 семејство. Според обвиненијата, Шкемби со фалсификувани документи се обидел да стане сопственик и да ги исели станарите.Се спроведува истрага за тоа како сторителот успеал да внесе пиштол во судот, иако објектот е под високи безбедносни мерки и има метал детектори на влезот.

Балкан | пред 5 месеци

media-libraryc5pulguctnf1bxPqBB7

(Видео) Убиен висок член на Шкаљарскиот клан кај Будва, бил застрелан преку шофершајбната на возилото

Во близина на плажата Трстено кај Будва вчера околу 18 часот беше пронајден мртов 33-годишниот Бобан Сјеклоќа, висок член на ќелијата на Шкаљарскиот клан од Цетиње. Неговото тело било откриено во автомобил „голф“ со регистарски таблички од Подгорица.Пожарникари кои биле повикани поради тоа што возилото излетало од патот го нашле телото, а првичните наоди укажуваат дека тој бил застрелан преку шофершајбната. На местото биле пронајдени неколку чаури. Вишата државна обвинителка Ана Радовиќ потврди дека наредена е судска обдукција и вештачење на запленетите траги.„Жртвата е идентификувана како Б.С. (33). Пронајдени се одреден број траги и чаури кои ќе бидат испитани во Центарот за судска медицина“, изјави Радовиќ.Според извор близок до истрагата, Сјеклоќа со години бил во бегство и важел за значајна алка во структурата на Шкаљаpскиот клан во Цетиње. Специјалното државно обвинителство го товарело за шверц на половина тон кокаин и за учество во ликвидацијата на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во 2020 година. Полицијата повеќе пати ја претресувала неговата куќа во Цетиње, но тогаш не го пронашла.За потсетување, Шкаљарскиот и Кавачкиот клан се во судир од крајот на 2014 година, откако исчезнувањето на околу 200 килограми кокаин во Валенсија доведе до поделба на некогашниот заеднички криминален клан на два спротивставени табора.

Балкан | пред 5 месеци

media-library5i8t2fenk4a4f00fUY0

Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го убил во Штип - планот го знаеле уште три лица ама не реагирале - поднесено обвинение за убиството

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт против пет турски државјани осомничени за убиството на Енес Оздемир, кое се случи во мај годинава.Еден од нив се товари за директно извршување на кривичното дело „убиство“ и за неовластено поседување оружје, додека тројца обвинети ќе одговараат за помагање при извршување на делото. Петтата обвинета, пак, се товари за помагање на сторителот по извршување на тешкото кривично дело.Според обвинението, првообвинетиот, 21-годишен турски државјанин без регулиран престој во Македонија, на почетокот на мај во Скопје нелегално купил полуавтоматски пиштол марка „FEG“, калибар 9 мм, со избришани ознаки. На 8 мај преку мобилна апликација се договорил да се сретне со жртвата во кафе-бар во центарот на Штип. По краток разговор, обвинетиот извадил пиштол и испукал неколку куршуми, нанесувајќи му шест прострелни повреди на Оздемир, од кои починал.Тројцата сообвинети, иако знаеле за намерата на извршителот, му обезбедиле сместување, логистика и превоз до Штип, а му помогнале и во набавката на оружјето. По убиството, сите заедно се обиделе да се вратат во Скопје, при што петтата обвинета со свој автомобил се обидела да му овозможи бегство на убијцата, кој излегол од возилото пред патарината „Миладиновци“. Таму подоцна бил фатен и приведен од полицијата. Останатите четворица биле запрени на патарината и лишени од слобода.Обвинителството побара продолжување на мерката притвор за четворица обвинети, додека за петтата остануваат претходно определените мерки на претпазливост.

Македонија | пред 5 месеци

rosica

По убиството на Росица — „Ниту една повеќе!“ повикува на блокада пред паркот „Жена Борец“

По убиството на Росица, феминистичкото движење за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните да се приклучат на блокадата што ќе се одржи денес од 18 часот пред паркот „Жена Борец“ во Скопје.Организаторите велат дека целта е јавно и солидарно да се испочитува барањето за еднаквост и живот без насилство. „Движењето е резултат на нашиот гнев – затоа што жените во оваа држава не се заштитени – и нашиот страв за тоа уште колку жени живеат во насилство или под ризик од насилство, чии крици за помош се задушени секој ден. Но, истовремено е и резултат на нашата храброст и одлучност: наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме дека нема да има ниту една повеќе. Целта ни е да изградиме заедништво и решително да покажеме дека не може да се продолжи како досега – да покажеме надеж за иднина без насилство, но и должна правда за сите жртви кои не беа навремено заштитени“, порачуваат од „Ниту една повеќе!“.Тие ги повикуваат сите граѓани да дојдат, да го искажат своето мислење и чувство, да предложат што треба да се подобри во системот и заедно да дискутираат за решенија против институциите кои, според нив, го загрозуваат животот на граѓанките.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryitr46p4moe8ma5gIABN

Детали за убиството на хрватскиот политичар: Зоран Гргиќ е застрелан со неколку куршуми

Полицијата уапси вкупно три лица за убиството на 61-годишниот Зоран Гргиќ, поранешен член на Советот за цивилен надзор на безбедносните и разузнавачките служби на Хрватскиот парламент, синоќа во Шушњевац во близина на Славонски Брод.Бродско-посавинската полициска управа го потврди ова, наведувајќи дека покрај првично уапсениот 33-годишник, кратко потоа се уапсени уште две лица на возраст од 25 и 39 години.„Околу 18 часот се случила пукотница во која 61-годишникот бил повреден од огнено оружје, а од повредите починал. Следела брза полициска интервенција, при што бил пронајден 33-годишникот, по што биле уапсени уште две лица. Во тек е кривична истрага за утврдување на важните факти и околности за гореспоменатиот настан“, соопшти Бродско-посавинската полициска управа.За убиството на политичарот се огласи и Надлежното Окружно државно обвинителство во Славонски Брод и соопшти детали.„Според досега собраните информации, постои основано сомнение дека на 23 септември 2025 година, околу 18 часот во градот Шушњевци, хрватски државјанин (роден 1964 година) е убиен со пукање од огнено оружје. Постои основано сомнение дека сторителот или неколкумина од нив удриле во возилото на жртвата, по што кон жртвата биле испукани неколку истрели од огнено оружје, од кои тој починал на местото на настанот. Потоа сторителот го напуштил местото на настанот“, велат од обвинителството во Брод.Тие исто така наведуваат дека во соработка со полицијата, преземаат сите потребни мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност за да ги утврдат сите релевантни факти и околности за овој настан.

Свет | пред 5 месеци

rosica

Поранешната министерка предупредува: Без целосна истрага – нови трагедии како со Росица ќе се повторат

Професорката по право и поранешна министерка за правда, Рената Десковска, реагираше по повод двојното убиство и самоубиството што неодамна се случи во Велес, предупредувајќи дека случајот не смее да се затвори само затоа што убиецот е мртов.Таа како пример го наведе најновиот случај Scuderoni против Италија (бр. 6045/24), во кој Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги прекршила член 3 и член 8 од Европската конвенција за човекови права поради тоа што властите не презеле навремени и соодветни мерки за заштита на жртвата. Судот тогаш наложи исплата на 15.000 евра за нематеријална штета и 10.000 евра за трошоци.„Потребна е целосна истрага за да се утврди одговорноста на оние кои требало да преземат дејствија за заштита, а не го сториле тоа. Тоа е потребно заради задоволување на правдата, но и како поука за идни случаи. Не може секогаш вината да се бара во наводните ‘дупки’ во законите“, напиша Десковска.Таа истакна дека најблиските роднини на убиените имаат право да ја тужат државата за сериозни прекршувања на домашното право и на Европската конвенција за човекови права, како и да бараат надомест на штета.https://www.facebook.com/share/p/19hVXX25uV/?mibextid=wwXIfr

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryitr46p4moe8ma5gIABN

(Видео) Убиен е познат хрватски политичар и безбедносен експерт, по целодневна потрага уапсен е убиецот

Полицијата во Славонски Брод соопшти дека е уапсено лицето поврзано со убиството што се случи во вторникот во општината Гарчин. Според неофицијални информации, жртвата е 62-годишниот Зоран Гргиќ од Славонски Брод, експерт за безбедност и поранешен член на Советот за граѓански надзор над безбедносно-разузнавачките служби при Хрватскиот сабор.Инцидентот се случил нешто по 18 часот во местото Шушњевци. Според сведоци, Гргиќ целиот ден бил во друштво со осомничениот на излетничкото место Лескови води. Подоцна, на патот во Шушњевци, напаѓачот со своето возило му го попречил патот, излегол од автомобилот и пукал кон него. Гргиќ бил смртно погоден додека бил во сопственото возило.Поради истрагата, полицијата го блокирала сообраќајот кон Лескови води и Врховина, а за осомничениот, кој во прв момент бил во бегство, беше организирана широка потрага. Неколку часа подоцна, тој е пронајден и уапсен.

Свет | пред 5 месеци

rosica-1

Убиството на Росица ја отвори сликата за институционалните пропусти: Судија дал условна казна и покрај докажани напади, сторителот имал седум пријави и активни мерки за забрана

Илија С., кој на 15 септември во Велес ги уби својата поранешна девојка Росица Коцева и нејзиниот татко Киро, а потоа се самоуби, го сторил делото и покрај тоа што имал изречени судски забрани и условна казна.Канал 5 објави дека судијата Шефшет Адеми претходно му изрекол условна казна за две кривични дела – Насилство и Загрозување на сигурноста – иако биле докажани обвинувањата. Во еден случај ја нападнал Росица додека го шетала кучето, удирајќи ја по глава и лице, а во друг, пред неа физички го нападнал нејзиниот партнер. Наместо затворска, добил условна казна поради „олеснителни околности“ – тоа што бил неосудуван и се однесувал коректно во судница.Во меѓувреме, „Сакам да кажам“ објави дека во моментот на убиството против Илија биле активни две судски мерки: забрана за напуштање на местото на живеење – Скопје, како и забрана за приближување и контакт со Росица. Дополнително имал три заштитни мерки – забрана за закани, вознемирување и приближување на помалку од 100 метри од жртвата. Сепак, тој дошол во Велес и ги прекршил мерките. Ова го сторил и претходно, во месец мај, кога Росица пријавила во Обвинителството.Росица претходно седум пати го пријавила во полиција, вклучително и за палење на автомобил и за други акти на насилство.Граѓаните протестираа под мотото „Ниту една повеќе“, барајќи независна истрага за институционалните пропусти и пораката дека игнорирањето и минимизирањето на насилството врз жените може да има фатални последици.

Македонија | пред 5 месеци

rosica-1

Дали полицијата потфрлила во случајот со Росица, ќе треба да каже Внатрешната контрола при МВР

Јавноста бара одговори кој потфрлил во заштитата на 31-годишната Росица Коцева од Велес, која беше убиена и покрај тоа што претходно имала низа пријави против убиецoт, Илија Стефановски, пред трагедијата. Кога новинарите прашуваа, зошто велешкото или скопското Обвинителство не барале построги мерки за Стефановски, кој не ја почитувал забраната за приближување на Росица, оттаму одговорија дека полицијата не ги известила. Истовремено, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција посочува дека тие не можат да лоцираат директна одговорност кај полициски службеници, бидејќи тоа прво треба да го испита Внатрешан контрола при МВР.„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР има надлежност за испитување дали полициските службеници постапувале спротивно на законските прописи во конкретниот случај. Доколку се утврди дека со дејствијата на полициските службеници се исполнети елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Документите покажуваат дека Росица повеќепати пријавувала вознемирување и напади – од вознемирување додека таа шетала куче, преку физички напад во двор на училиште, па сè до испишување навредливи графити со нејзиното име, запалено возило на нејзиниот татко, па дури и експлицитни снимки оставени на влез од продавница.Иако постоеле судски мерки за забрана за приближување, доказен материјал бил доставен до Обвинителството уште во јули годинава дека Стефановски не ги почитувал. Сепак, институциите очигледно не реагирале навреме.Прашањето кое јавноста сега го поставува е – зошто никој не ја спречил трагедијата.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања