ВАЊА

IMG_4237

Обвинение за убиствата на Вања и Панче: познати нови детали, Палчо ќе се гони во посебна постапка

Пет дена пред истекот на шесте месеци од истрагата, Обвинителството денеска го поднесува обвинението за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинети ќе бидат Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, а пак, за Љупчо Палевски-Палчо истрагата ќе потрае бидејќи тој беше во бегство, а по враќањето кај него беа најдени повеќе телефони и мемориски уреди кои се на вештачење.„Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се гонат за:– едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик,– едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.Како соизвршители, заедно со уште едно осомничено лице за кое истрагата за исти кривични дела е во тек, испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.На 22.11.2023, заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.На 27.11.2023, обвинетите и осомничениот, помогнати од четвртиот обвинет, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје.Откако претходно обвинетиот татко на оштетеното дете, преку првоосомничениот дал упатства за времето кога девојчето ќе излезе само за да оди на училиште, тројцата сега обвинети дошле пред влезот на зградата каде живее оштетеното дете.Со штрафцигер ја отвориле вратата од влезот на зградата, па кога жртвата излегла од лифтот, ја фатиле, ја совладале и ја врзале, заканувајќи и се да не вика затоа што ќе пукаат. Ја ставиле во вреќа за спиење со подотворен патент и со автомобил ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда.Таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице, така што првоосомничениот и нанел огнострелна повреда со истрел од пиштол со калибар 9 милиметри, а обвинетите го закопале телото во претходно ископана дупка.Потоа на нива покрај земјен пат, во атарот на селото Бразда, го запалиле автомобилот “Цитроен” со велешки регистарски таблици, за што употребиле бензин во туба што го набавил еден од обвинетите.Таткото на девојчето им помогнал да го реализираат нивниот план и тој е обвинет за помагање во кривичното дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети соизвршители и мерката куќен притвор за нивниот помагач.Обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција продолжува, јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал.Постапката продолжува и против уште едно лице кое е осомничено дека му помогнало на првоосомничениот по извршувањето на кривичното дело така што му овозможило превоз при бегството до Република Турција. За тоа лице на сила се претходно определените мерки на претпазливост“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

IMG_4075

(Видео) Палчо имал посета во затворот, а бил и шишан

Осомничениот за двојното убиство, Љупло Палевски-Палчо имал посета во затворот „Скопје“ во Шутка, откри за „Претрес“ директорот Филип Андов. Екипата на „Претрес“ влезе во притворското одделение и во ќелија, иста како таа во која е сместен Палчо.Палевски исто така поминал детални проверки, а бил и ишишан при приемот согласно протоколите. Немал повреди, а имал барања до судот.Повеќе за однесувањето на Палчо и детали од притврското одделение:?t=1955

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-21-at-17.12.20

(Видео) Палевски прашан каде бил за време на убиствата: Не сум бил во бегство

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не одговори каде бил за време на убиствата и искоментира: „Не смеам да говорам за истрагата“. На прашањето зошто се дал во бегство, Палевски посочи: „Не сум бил во бегство“.При спроводот во Кривичен суд, Палевски дека не ги сторил убиствата. Прашан од „Скопје1“ дали за тоа има докази – рече: „да“. Тој не одговори какви докази поседува. Пред судијата на претходна постапка нема да се брани со молчење.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-21-at-15.53.46

(Видео) Љупчо Палевски-Палчо: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, при спроводот во Кривичен суд кажа дека не ги сторил убиствата. Прашан од „Скопје1“ дали за тоа има докази - рече: „да“.Тој не одговори какви докази поседува. Пред судијата на претходна постапка нема да се брани со молчење.

Македонија | пред 1 година

ubijci-vanja-2

Утврдени сите детали: Заврши истрагата за луѓето на Палчо кои признаа вина за убиствата на Вања и Панче

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапка и е на пат да покрене обвинение против сите осомничени во случајот за убиствата на 14-годишна Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. „Скопје1“ дознава дека решенијата се доставени до сите освен Љупчо Палевски-Палчо поради тоа што тој треба да даде исказ пред обвинител, па да се донесе решение. Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски остануваат со статус на осомничени лица за сторени кривични дела убиство, помагање, грабнување. Статус на осомничено лице добива и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за кого обвинителката тврди дека дал информација за траекторијата и времето на движење на неговата ќерка.Според наши извори, обвинителката Крстевска-Јосифовска ги утврдила сите траеоктрии на движења на Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски како лица кои се гонат за сторување на грозоморните убиства.Обвинителката Крстевска-Јосифовска ги утврдила и дејствијата на сите осомничени ги презеле за убиството на Вања, како и на Панче Жежовски.Во случајот со Вања, како што пишуваше „Скопје1“ и претходно, истрагата утврдила дека Палевски давал насоки на Кешишев, Манев и Видески, со автомобилот на претходно убиениот Панче Жежовски од Велес да одат пред зградата на Вања и да ја грабнат. Таа се симнала со лифт, кога ја зграбиле, ја врзале и ставиле во вреќа за спиење и ја изнеле низ влезот, па ја ставиле во бажаникот на украдениот автомобил марка „цитроен“.До овој момент, според истрагата, го нема Палевски, кој по кратко време се среќава со осомничените, кои во багажниот дел ја носат сега убиената Вања Ѓорчевска. Одат во Бразда, во место кое има див пат до лозја, викендици и дива депонија. И тука се случува убиството. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски, на прес-конференција посочи дека куршумот го испукал Палевски.Извесно е дека по сослушувањето на Палевски, и анализа на доказите, обвинителката ќе ја заврши истрагата и за Палевски, по што ќе биде дел од обвинението заедно со останатите осомничени.Освен вербални докази, Обвинителството со помош на МВР дојде до низа снимки кои откриваат детали од планот, а во корелација, ја даваат целата слика за убиството на Вања, но и за убиството на Жежовски. Притоа, има признанија на вина.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се петте лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-17-at-11.51.23

Ги исконтактиравме тројцата адвокати кои Палевски ги бара за бранители: ќе прифатат или не

„Скопје1“ ги исконтактира тројцата адвокати, за кои Љупчо Палевски-Палчо бара од судот да ги исконтактира за да му бидат бранители во постапката каде што е осомничен како планер и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Адвокатот Тони Менкиновски, за „Скопје1“ посочи дека не е заинтересиран за тој предмет.„Но, не е ништо стигнато“, рече Менкиновски во кратката изјава.Го исконтактиравме и адвокатот Славко Секулов, кој е вториот што Палчо го бара да го застапува. На телефонот од адвокатската канцеларија ни одговори службеник кој посочи дека бранителот не е таму и дека не може да даде негов телефонски број. И покрај нашето инсистирање да го искомуницираме, до моментот на објавување на овој текст – тоа не се случи.Јовица Страшевски е третиот адвокат на кого Палевски сака да му поклони доверба. Исто како Менкиновски и тој досега нема добиено вакво барање.„Не сум добил барање, не сум размислувал“, рече Страшевски за „Скопје1“.Правото на одбрана му е загарантирано на Палевски, а два дена по екстрадицијата тој реши да побара и правен застапник, во спротивно ќе треба да му одреди државата по службена должност. За ова ќе треба да одлучи судијата на претходна постапка, а адвокатите да кажат дали ќе прифатат или не.„Скопје1“ објави дека однесувањето на Палчо во притвор било ладнокрвно, без никакви поплаки. Сместен е во притворското одделение на затворот во Шутка.Објавивме и дека дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Тој треба да биде повикан и во Обвинителството каде за првпат ќе треба да даде исказ за убиството на Вања и Панче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-16-at-12.21.58

Првата ноќ на Палчо во притвор: ладнокрвно однесување, со себе имал мемориски дискови, камери и картици

Со ладнокрвно однесување, без никакви поплаки, Љупчо Палевски-Палчо е сместен во притворското одделение на затворот во Шутка. „Скопје1“ дознава дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.Извори за „Скопје1“ откриваат дека со во него, освен пари, имал документи, мемориски дискови, но и картици и камери. Овие материјали турските власти ги предале на македонските, при екстрадицијата. Непознато е дали истите завршиле во МВР, Обвинителство или со него во затворот во Шутка.Првите две локации во Македонија каде ќе биде носен Палчо се очекува да бидат Кривичниот суд, а потоа и на сослушување во Обвинителство.Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов кажа дека посебни протоколи важат за Палевски-Палчо. Од начинот на негово обезбедување со лица кои се посебно одредени, до крилото каде се наоѓа, но и неговата исхрана.При приемот се извршени редовни проверки кои се прават за сите притвореници, Палчо немал поплаки на неговото здравје.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

Под посебни протоколи Палчо го носат во Македонија - екстрадацијата во тајност на барање на турските власти

Со комерцијален лет на „Turkish Airlines“ вечерва се очекува да биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо. Под посебни протоколи и во тајност, Турците сакаат првоосмничениот за двојното убиство да биде спроведен во Македонија, дознава Скопје 1 од извори во МВР.Тој ќе биде спроведен директно во затворот Шутка, каде што, според информациии на Скопје 1, веќе се пристигнати од специјалнната единица Тигри. Тој ќе биде сместен во притворското одделение бидејќи уште првиот ден кога беше пронајдено телото на Вања му беше веќе му е одреден 30-дневен притвор, а неофицијално и таму за него ќе важат посебни безбедносни протоколи.Палевски е обвинет за две тешки дела: „киднапирање“ и „брутално убиство“ на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според досегашните информации, Палчо треба да слета на скопскиот аеродром околу осум часот.Палевски првично избега во Србија, па преку Бугарија стигна во Турција, каде тамошната полиција го уапси на 6 декември во Баликесир.

Македонија | пред 1 година

palco

ДЕСНА потврдува дека Палчо е во авионот на „Turkish Airlines“

„Љупчо Палевски Палчо се наоѓа во авион на TURKISH AIRLINES од ISTANBUL лет број TK 1005. Очекувано време на слетување ETA е во 19:30 часот на меѓународниот аеродром Скопје“ соопштија на ФБ станицата на политичката партија ДЕСНА чиј претседател беше Љупчо Палевски Палчо.Тој беше сменет од партиската функција на 16-ти јануари годинава.

Македонија | пред 1 година

zatvor

Посебни оперативни мерки во затворот во Шутка заради пристигнувањето на Палчо

Во истажниот затвор Шуто Оризари се спроведуваат посебни оперативни мерки поради екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо. Во затворот се пристигнати специјални единици, а сите затвореници се под клуч односно како одделенијата така и ќелиите.Командирите издале наредби дека никој не смее да излегува надвор од местото каде што издржуваат затворска казна без разлика дали во отворено или полуотворено одделение. 

Македонија | пред 1 година

palco-traektorija

Турција дала одобрение за естрадиција на Палчо

Министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи објави дека е добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо. Но, се уште, точен датум за екстрадиција - нема. Тој се сомничи како планер и реализатор на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски.Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда“, објави Лога.

Македонија | пред 1 година

IMG_8866

Таткото на Вања излегува од затворот во Шутка и оди во куќен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.„Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни“, со овие зборови, низ солзи, Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска, која беше убиена, денеска пред Врховниот суд побара да биде пуштен од притвор каде е држен со месеци.Во меѓувреме, како што истакна неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, семејната трагедија што ја преживува неговиот клиент ескалира бидејќи тој нема контакт со другата ќерка, односно не му е дозволено да го види своето друго дете

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

Уважена е жалбата против мерката притвор во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.„Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни“ со овие зборови, низ солзи, Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска, која беше убиена, денеска пред Врховниот суд побара да биде пуштен од притвор каде е држен со месеци.Во меѓувреме, како што истакна неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, семејната трагедија што ја преживува неговиот клиент ескалира бидејќи тој нема контакт со другата ќерка, односно не му е дозволено да го види своето друго дете.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c95e789b946e135c59bbfc6844334b1890fc921b6abee116c79a5b6fe5dc0f8c_2176f4fc936.00_00_22_02.Still001

Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова, вели таткото на Вања

Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни. Со овие зборови, низ солзи, Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска, која беше убиена, денеска пред Врховниот суд побара да биде пуштен од притвор каде е држен со месеци.Во меѓувреме, како што истакна неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, семејната трагедија што ја преживува неговиот клиент ескалира бидејќи тој нема контакт со другата ќерка, односно не му е дозволено да го види своето друго дете.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

(Видео) Турција дала рок за екстрадиција на Палчо, испораката ќе одела брзо тврди Лога

Министерот за правда, Кренар Лога, кажа дека Турција дала рок во кој ќе го испорача Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој не сакаше во јавноста да го каже рокот, но посочи, дека очекува тоа да биде за брзо.„При нашата официјална посета во Турција, ни кажаа дека судскиот дел е завршен, останува административниот дел. Според нивните правила, нивното МНР мора да потпише, па министерот за правда. Очекувам за брзо да биде тоа, така кажа и мојот колега од Турција. Ни дадоа некој рок, но не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив, а не од нас“, рече Лога. Воедно, додаде дека одржува комуникација со турските власти. Посочи дека и денеска, на настанот „60 години Уставен суд“, се сретнал со тамошни претставници.„Нема друга комуникација, сите постпаки се затворени на време. Неофицијално комуницираме, денес баравме информација кога би била испораката“, додаде Лога.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања