Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

вања

bore-videvski

За убиствата на Вања и Панче: Обвинетиот Видевски без збор; Кешишев: „Многу се каам, ми рекоа да ќутам“

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје, во предметот за киднапирањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, завршен збор дадоа дел од обвинетите.Обвинетиот Боре Видевски кој негира вина, кусо се обрати пред судот:„Нема да давам завршен збор, нема да кажам ништо. Се согласувам со тоа што го кажа мојот бранител“.Покрај него, збор зеде и обвинетиот Влатко Кешишев, кој во своето обраќање истакна:„Морам да кажам дека многу се каам и имам грижа на совест за што воопшто бев со нив, бидејќи се разговараа, испланираа и завршија сами сè. На мене ми кажано да ќутам, да не се мешам и да седам настрана“.Кешишев пред судот повтори дел од неговиот претходен исказ, опишувајќи го денот на грабнувањето на Панче Жежовски.Судењето продолжува со завршните зборови на останатите обвинети, по што се очекува донесување на пресудата.

Македонија | пред 5 месеци

palco

10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Адвокатот Јовица Страшевски, побара од судот Љупчо Палевски-Палчо да биде ослободен од обвинението за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Предлагам обвинетиот Љупчо Палевски да се ослободи од вина, бидејќи според обвинителниот акт не е јасно какви дејствија преземал.  Околу целата постапка ниту преземал одредени дејствија кои му се ставија на товар со другите обвинетите, а ниту поттикнал, ниту наведувал другите обвинети да сторат нешто.  Иако истрагата не беше почната, пресудата беше донесена, а медиумите истото го пренесуваа без пресумпција на невиност. Јавноста креираше јавно мислење со предвремена пресуда за обвинетиот.  Обвинителството не докажа ниту разумно сомневание ниту докажа тоа што му го става на товар на Љупчо Палевски“, рече Страшевски во завршниот збор.Тој рече дека обвинителниот акт е непрецизен и паушален.„Почитувани пред нас имаме Обвинителен акт доставен до судот на ден 12.08.2024 година. И од тогаш до денеска помина близу 1 година, едно што можевме заденички сите овдека да констаираме е дека и уште 10 години да се труди обвинителството да ги докажува напишаните невистини тези и дејствија нема да може да ги докаже затоа што веќе на сите им стана јасно дека за обвинетиот Љупчо Палевски ниту сторил ниту имала намера да стори вакви кривични дела за да се стекне со користољубие или уште да изврши две убиства од кои едно на малолетно дете.“, рече тој меѓудругото.Тој посочува дека нема докази.„Палевски е обвинет со обвинителен акт со само 17 докази а нема ниту еден конкретен доказ дека ја докажува неговата вина која му се става на товар. Докази во овој судски процес не постојат“, додаде тој.Потоа Страшевски ја спомена прес-конференцијата во Обвинителството каде скопскиот обвинител Гаврил Бубевски и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски споделија детали од истрагата.„Прва грешка јавно на прес конференција, беше прекршена уставно загарантираната пресумпција на невисност. Со таа прес конференција кога истрагата не беше ниту отпочната Палевски и цела партија јавно беа осудени, а медиумите го пренесуваа да внимаваат на пресумпција на невиност и уставот“, рече тој.Потоа, тој презентираше снимки на кои се гледаат Велибор Манев и Боре Видевски.„Се поставува прашањето зошто е убиена Вања, а не Миња, ќе додадам. ОЈО не докажа зошто било грабнато девојчето. Бев често прашуван како адвокат, зошто киднаперите се одлучиле да ја грабнат Вања, или биле двете девојчиња? Прашања кои не беа одговорени ниту од МВР ниту од ОЈО. Дали Кешишев тргнал со полицијата да го откопува телото на Вања и дали притоа свесно биле уништени голем број докази?“, рече Страшевски.

Македонија | пред 5 месеци

palevski-palco

Финална фаза на судењето за убиствата на Вања и Панче – Обвинителството бара доживотен затвор, одбраната се брани со "нема мотив"

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одржува едно од завршните рочишта во случајот што ја потресе Македонија – грабнувањето и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.На рочиштето своите завршни зборови ги изнесува адвокатот на првообвинетиот Јовица Страшевски, по што ќе се изјаснат и останатите обвинети – Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој е обвинет за помагање во нејзиното киднапирање.Обвинителството е децидно: четворицата обвинети треба да добијат доживотни затворски казни за киднапирање и убиство, а таткото на жртвата – соодветна казна за соучесништво.Одбраната, пак, настојува да ги убеди судиите дека кај дел од обвинетите немало претходен договор за убиство, туку само за киднапирање – и затоа бара или ослободување, или поблаги казни.Адвокатите на Александар Ѓорчевски тврдат дека тој нема ниту мотив, ниту доказ за вина, и дека наместо обвинет – тој е уште една жртва во оваа трагедија.Судењето влегува во завршна фаза. Доколку денешното рочиште тече според планот, пресудата се очекува на следното појавување пред суд. Вниманието на јавноста останува високо – како поради тежината на делото, така и поради шокантните детали што излегоа на површина за време на процесот.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-18-at-12.20.42

Туфегџиќ за таткото на Вања: Овој човек не е убиец – тој е родител кој изгуби сѐ

Во завршниот збор пред Судот, адвокатот Владимир Туфегџиќ се обрати во одбрана на својот клиент, Александар Ѓорчески – обвинет во случајот за помош при грабнување на 14-годишната Вања Ѓорческа, негова ќерка.„Александар поради бруталното убиство на неговото дете и тешките последици за него и за неговото семејство, од овој суд не бара милост или одлука поради сожалување и емпатија кон него, Александар бара праведна судска одлука со која ќе бидат казнети сторителите, судска одлука со која ќе ги дознае мотивите и вистинските причини за овој монструозен чин и одговор на прашањето, зошто токму тој и неговото семејство се одбрани да бидат до крајот на животот осудени да живеат со огромна празнина, тага и болка. Застапникот на обвинението (обвинителката) не докажа надвор од разумно сомнение дека Александар го сторил кривичното дело кое му се става на товар“, рече Туфегџиќ.„Обвинителниот акт кон Александар Ѓорчески не само што е контрадикторен, туку и човечки неприроден“, истакна Туфегџиќ па додаде: „Овој човек е татко. Преживеа нешто што ниту еден родител не треба да го доживее – да му ја грабнат ќерката и подоцна да му ја пронајдат мртва.“Туфегџиќ го обвини обвинителството дека „со невидена леснотија, го ставиле таткото на убиеното дете на обвинителна клупа“.„Ваквиот пристап на застапникот на обвинението во теоријата на докажувањето за учеството на таткото Александар дека комуникација помеѓу таткото и Љупчо Палевски имало, но сепак нема докази за постоење на комуникацијата затоа што било логично да нема доказ за нивната комуникација е недозволен и опасен преседан кој значи обвинување за претпоставена а не докажана вина, тврдење кое е потполно неосновано и паушално од причина што телефоните кои ги користел таткото се криминалистички вештачени, нема доказ за комуникација или избришани записи по претходна комуникација со телефонските броеви кои ги користел Палевски а кои ги посочува застапникот на обвинението“, додаде тој.На крајот, Туфегџиќ апелираше до судот да „погледне со разум и правичност, но и со човечност“, и побара целосно ослободување на Александар Ѓорчески од обвиненијата.„Овој човек не е убиец – тој е родител кој изгуби сѐ. Во оваа смисла по однос на обвинетиот Александар се докажа дека ваквото обвинение е резултат на прекршување на основните принципи на кои почива истражната постапка и криминалистичка истрага, во која не е направена прелиминарна анализа на информациите, ниту е направена нивна организација и диференцијација, ниту била формирана основа на структурата за одлучување.Токму од доказите на обвинителството произлегува дека доказите од видео надзорот врз основа на кои се темели обвинението се обезбедени и прибавени токму од обвинетиот Александар и сведокот Гоце и тоа со знаење, согласност и со напатствија од полициските службеници кои учествувале во истражната постапка“, заклучи тој.

Македонија | пред 5 месеци

kesisev-7345

Бранителот на Кешишев: „Мојот клиент не е убиец – туку заложник на туѓа волја“

На денешното рочиште, адвокатот Игор Ефремов, бранител на обвинетиот Влатко Кешишев, побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во делот од обвинението што го товари за соизвршителство во двете грозоморни убиства на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.Во својот завршен збор пред судот, Ефремов тврдеше дека во текот на целата постапка Обвинителството не изнело цврсти докази дека Кешишев делувал како соизвршител. Напротив, според него, токму исказите на другите обвинети и сведоци, како и самата изјава на Кешишев, укажуваат дека тој немал ниту умисла, ниту конкретни дејствија кои би го вклучиле како активен учесник во самите убиства.Адвокатот посочи дека Кешишев имал подредена, па дури и потчинета позиција во однос на Љупчо Палевски, за кого рече дека „управувал со целото окружување, вклучително и со Влатко“. Неговата улога, според одбраната, била ограничена на помош околу грабнувањето, без свесност или согласност за конечниот чин – убиствата.„Ако соизвршител е оној без чии дејствија делото не би било сторено – прашањето е: Кои се тие клучни дејствија на Влатко Кешишев?“ – праша Ефремов пред судот, повикувајќи се на начелото на индивидуализација на вината.Според Ефремов, Кешишев не само што не знаел за намерите на сообвинетите, туку бил и првиот што по апсењето ги водел истражителите до местото на закопаните тела. „Да не беше неговата совест и каење – телата немаше да се најдат. Тој им помогна на органите на прогонот. Тоа не го прави убиец – туку сведок и жртва на туѓа контрола“, истакна тој.На крајот, одбраната побара од Судот исклучиво да го цени учеството на Кешишев во делото „грабнување“, но да го ослободи од обвиненијата за „убиство“ и „соизвршителство“.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 5 месеци

bore-videvski-5

Адвокатот бара ослободителна пресуда за Боре Видевски, обвинет за убиството на Вања: Тој е колатерална штета

Во завршните зборови на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски – Бојан Манев – ја спореше основата на обвинението против својот клиент, оценувајќи ја целата истрага како „погрешно насочена, политички мотивирана и професионално аматерски изведена“.Манев се обрати со остра критика кон институциите: обвинителството, полицијата и целиот истражен процес. „Од почетокот, овој предмет беше изведен како театар пред јавноста, со намера да се покаже брзо ‘расчистување’ на случајот. Наместо докази, гледаме конструкција“, рече адвокатот.Тој потенцираше дека против Видевски нема ниту еден директен доказ – ниту ДНК трага, ниту видео снимка, ниту сведочење кое го инволвира на местото на злосторствата. Единствениот елемент на кој се потпира обвинението, според Манев, е наводно изнудено признание под тортура, добиено додека Видевски бил подложен на физичко и психолошко насилство, иако, како што истакна, обвинетиот има трансплантиран бубрег и сериозна здравствена состојба.„Обвинителството дури и не го повикало сведокот кој можел да го потврди алибито на Боре. Не беа изведени снимките од бензинските пумпи и камерите кои, според сведоци, постојат и се во доказниот материјал. Намерно беа премолчени“, истакна Манев.Тој го нарече случајот „правно недозреан експеримент“, кој ќе остане запишан како пример за тоа како не треба да се води една кривична постапка. Манев тврдеше дека Видевски, како татко на две ќерки, долгогодишен карате тренер и човек со интегритет, не само што не би можел да биде сторител на такво монструозно дело, туку и самиот се пријавил во полиција, што го исклучува каков било бегалски или прикриен мотив.„Обвинителството сака од јавноста да бара верба во сценарија без логика – дека некој сам се снима додека подготвува убиство, дека човек без мотив станува дел од криминална група, дека татко на две ќерки учествува во киднапирање на дете, без апсолутно ниту еден доказ“, истакна адвокатот.На крајот, Манев побара судот да го ослободи Боре Видевски од вина, со образложение дека тој е колатерална жртва на „институционална неспособност, јавен притисок и политичка потреба за виновник по секоја цена“.Одлуката на судот сега останува да се донесе во атмосфера на силен јавен интерес и поделени ставови околу тоа дали обвинението ќе успее да ги поддржи своите тешки обвинувања со цврсти докази – или предметот ќе се распадне под тежината на правните аномалии.

Македонија | пред 5 месеци

velibor-manev-obvinitelki

Манев бара да биде суден за грабнување, а не за убиство, па раскажа како барал од Палчо да ја ослободат Вања

Денеска во судот на завршните зборови, адвокатот на обвинетиот Велибор Манев, Горан Бошевски, побара судот да го ослободи неговиот клиент Манев од обвиненијата за убиствата, а да остане само обвинението и да биде казнет само за грабнувањата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.По грабнувањара Вања и Панче беа бездушно убиени во ноември 2023 година.,,Треба да постои претходен договор за да има соизвршителство. Треба делото да го извршат заедно. Треба да се работи за дејствија кои претставуваат особен придонес кон извршување на делото.Соизвршител за убиство може да биде само некој кој се договорил дека ќе бидат убиени лица”, објаснуваше бранителот и рече дека Манев ги познава обвинетите, освен таткото на Вања, Александар. Го познава и Панче, кој му останал должен. Рече дека планирале грабнување, но не и убиства.Тој и натаму тврди дека со Боре Видевски мислеле дека киднапираат возрасна жена од влезот, која Палевски ја следел.„Кога ја отворивме вреќата видовме ранец. Палевски ја тргна лентата и видовме дека е дете. Ја праша која е, кои и се мајка и татко, и потоа ја фотографираше со вперен пиштол. Со Боре му рековме да го ослободи девојчето, и така бевме под маски, но тој ја фотографираше, зеде перниче од ѓубриштето и ја застрела во главата“, рече адвокатот на Манев.

Македонија | пред 5 месеци

palevski-gjorcevski

Денеска завршни зборови на одбраната за грозоморното убиство на Вања и Панче

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Во Основен Кривичен суд Скопје завршен збор има одбраната на обвинетите.Прв е велешанецот Велибор Манев кој веќе призна вина во сведочењето.На претходното рочиште, обвинителството во завршните зборови побара максимална казна или доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. За таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, побара судот да му одреди соодветна затворска казна.Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворицата обвинети, бидејќи, рекоа нема олеснителни околности, а нивните постапки дополнително ја трауматизираат јавноста.По завршните зборови на сите зборови следува пресудата за овој случај.Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Македонија | пред 5 месеци

zorica-gjorcevska-vanja

Целото емотивно писмо од мајката на Вања до судот: Судскиот процес е секојдневен пекол, како секој ден да ја погребувам, молам за правда!

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената 14-годишна Вања, денеска преку својот адвокат испрати писмо до судот, кое не беше исчитано до крај. Дел од него беше презентирано, а судијата Ивица Стефановски рече дека не може да се исчита до крај бидејќи не се однесува на имотно-правното побарување за кое требаше да се произнесат оштетените. „Скопје1“ исконтактира со мајката на убиената Вања, а таа преку нејзините адвокати ни го прати целиот допис преку кој се обраќа до судот и порачува дека само од пресудата на судиите може да се спречи, вакво злодело да се случи одново. Таа порачува „Ја јас сега молам за правда. Правда за Вања“. Во емотивното писмо објаснува дека  судскиот процес не и дава мир и се чувствува како секој ден да си ја погребува својата ќерка.Писмото доставено до „Скопје1“ ви го пренесуваме во целост:„Почитуван суде,Се обраќам до Вас, не само како мајка на Вања, туку како човек кој живее со најтешката и необјаснива болка.Скоро една година, целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот, беа презентирани низа материјални докази и сведоштва. Секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори... Но, за жал, еден факт останува непобитен – Вања ја нема.Ја киднапирале, и ја однеле. Ја убиле безмилосно, на најбрутален начин. Детето мое. Кога ќе слушневме за некој немил настан низ светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи во Македонија, кај нас, не се случуваат. Далечни ми беа.Но се случи. И тоа токму мене, на моето најмило. И не смее да се повтори. Ниеден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав, да го испрати детето во училиште и по една недела да го најде во мртовечки сандак. Вања не е само број на жртва. Вања беше живот, со очи, со глас, со планови.Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 13 години и како секоја деветооделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимување и летување со другарчињата од одделението, и подготвувајќи се за новите предивици со кои требаше да се соочи во средно училиште – жалеше за разделбата од соучениците од основното училиште.Вања сакаше да гледа стари филмови од 70-тите и 80-тите. Ги знаеше знамињата и главните градови – буквално на сите држави во светот. Кога ќе ја заинтересираше некоја тема, ја проучуваше детално, наоѓајќи одговор за секое прашање. Ја интересираше историјата, а најмногу сакаше да го проучува холокаустот – не можеше да разбере како е можно да се случи такво зло на толку луѓе.Секое утро со музика се подготвуваше за на училиште. И тоа утро – последното утро, стана, си ја пушти омилената песна и потпевнувајќи, се подготви за на училиште. Ја испратив до врата и и реков „се слушаме мама, подоцна“. Тоа беше последен пат да ја видам.Вања не ја дочека полуматурата. Не ги дочека ниту патувањата со соучениците, не дочека ниту да ги искуси предизвиците на средното училиште, на новите другарска, на првата љубов, на создавањето на свое семејство и остварување на личните амбиции.Цела генерација на деца, соученици на Вања, доживеаа силна траума од нејзината насилна смрт. Долгоочекуваната полуматура ја дочекаа во солзи, без волја да се забавуваат без својата другарка.Вања остави зад себе шокирани и скршени родители, роднини, братучеди, а пред сѐ – сестра која не знае како да го продолжи својот живот беа неа. Двете растеа со верба дека што и да се случи, ќе се имаат една со друга.Детето кое го одгледував со љубов, со грижа, со соништа. И тие соништа – сите до еден – се одземени. Со ладнокрвност. Со злоба. Со нечовечност. Мината е година и пол. Но, јас ја живеам таа кобна недела секој ден. Како може некој да покаже сила врз живот што допрва започнувал?Овој судски процес не ми дава мир. Тоа е мојот секојдневен пекол. Ја буди траумата, тагата и ја врти лентата на болката одново и одново, како секој ден да ја погребувам Вања. Но, јас морам да бидам дел од процесот, не од избор, туку од нужност. Морам да сум дел од процесот заради Вања, но и заради сите мајки. Дали злото ќе добие казна што ја заслужува или ќе испратиме порака дека животот на дете не тежи ништо? Почитуван суде, вечерта кога ме однесоа за последен пат да си го видам своето мртво дете, низ плач му реков на инспекторот: „немојте да дозволите ова да се случи на друго дете“.Сега, го упатувам истиот апел до вам – во оваа судница, не се суди само за убиството на Вања – туку се суди за правото на секое дете во оваа држава да живее. Да расте. Да сонува. Да не дозволите ова да се случи повторно. Вакво злосторство не смее да се толерира. Не смее веќе родители да плачат и да молат за правда. А јас сега молам за правда. Правда за Вања. Ви благодарм. 

Македонија | пред 5 месеци

vanja-pance-palco-sudenje-6

„Нема ниту еден доказ за комуникација меѓу таткото на Вања и Палчо“, адвокатот вели дека обвинителките се контрадикторни

Обвинителките завршија со завршниот збор за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Не понудија никаков доказ дека таткото на Вања, Александар Ѓорчески, имал конекција или комуникација со обвинетиот планер и реализатор на убиствата, Љупчо Палевски-Палчо. Ова го кажа адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој посочува дека Обвинителството образложило сѐ за другите четворица обвинети, а ништо за таткото.„Јавното обивнитлство го потврди она што го знаеме од првиот ден, а тоа е дека нема никаков доказ за било каква вмешаност и инволвираност на Александар. Немаат ниту било каков доказ за конекција или комуникација со Љупчо Палевски, како што стои во обвинителниот акт. Напротив, завршнот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен, сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети со кои Обвинителството докажува дека имале разработен план, дека од првото грабнување се откажале и зошто се откажале, како и дека реализацијата се завршила во понеделникот. Никаде не е споменат таткото ниту конекција со него“, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчески.

Македонија | пред 5 месеци

palevski-obvineti-vanja

Нема олеснителни околности, рече обвинителката и побара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче

Јавното обвинителство побара доживотен затвор за четворицата обвинети – Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев – за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, што се случија во ноември 2023 година.Во завршните зборови, обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска рече дека се работи за свирепи убиства, извршени со умисла, и дека за ниту еден од обвинетите нема олеснителни околности.„Да се одземе живот на дете е недозволиво. Обвинетите не покажаа каење, манипулираа со јавноста и ја повторно ја трауматизираа фамилијата. Сите се во зрела возраст, родители, а дел и со политички амбиции“, рече таа, пренесе „Плусинфо“.За Велибор Манев, Oбвинителството тврдеше дека свесно учествувал во двете убиства – закопувал тела, чистел траги, користел лопата, селотејп и вреќи. За Боре Видевски рече дека пред Обвинителството признал сè, но подоцна негирал сè пред судот, тврдејќи дека исказот бил изнуден – нешто за што нема докази.Влатко Кешишев, според Обвинителството, не бил само „послушник“ туку директно учествувал: копал гробници, носел радиостаници, го возел „цитроенот“ и ги палел доказите.За Палевски, првообвинетиот, обвинителката рече дека ја водел целата операција, креирал алиби, уништувал докази, користел повеќе телефони и комуницирал преку радиостаници. Сите докази, вклучително и базните станици и сведочењата на другите обвинети, го поврзуваат со злосторствата.Според Обвинителството, жртвите биле грабнати со намера да се изнуди откуп – прво Панче, заради возилото, потоа Вања. Убиствата биле внимателно планирани, а извршени со особена суровост: жртвите биле врзани, држени во гепек, со вперен пиштол, подложени на тежок психолошки и физички стрес.„Станува збор за тешки, двојни убиства извршени со умисла. Секој од обвинетите одиграл клучна улога. Единствена соодветна казна е доживотен затвор за сите четворица“, заклучи обвинителката.

Македонија | пред 5 месеци

palevski-obvineti-vanja

Обвинетите планирале свадби за своите деца со парите од откупот за Вања, рече обвинителката Јосифовска

На денешното рочиште за грозоморното двојно убиство што ја потресе македонската јавност, обвинителката Жаклина Крстевска–Јосифовска ги даде завршните зборови, во кои со детали го опиша ладнокрвниот и однапред испланиран начин на кој, според Обвинителството, е извршено киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Обвинителката истакна дека обвинетите со месеци го правеле планот, водени од материјален интерес, без грам совест и човечност – дури и покрај тоа што сите имале свои деца. Во центарот на приказната, според Обвинителството, стои монструозен мотив: со парите добиени од откупот за Вања, на своите деца да им обезбедат удобен живот.„Најпрво сакале да обезбедат возило, кое нема да биде барано, кое нема брзо да биде пронајдено. Анализирајќи неколку месеци, одлучиле да го грабнат Панче, кој има „цитроен“ со голем гепек, а живеел сам. Со тоа возило во петокот на 24 ноември се обиделе да го грабнат девојчето, откако таткото претходно им кажал дека секој петок таа сама оди на училиште. Не успеале да ја грабнат во петокот, но не се откажале. Кога инцидентно во неделата ја добиле информацијата од Александар дека во понеделник на 27 Вања по исклучок ќе оди сама на првиот час, во неделата вечер Манев и Видевски експресно пристигнале од Велес во Скопје, за утрото да го извршат злосторството. Со „рено кангото“ и со „цитроенот“, во понеделникот наутро, со радио-станици за комуницирање, со оставени телефони, тргнале да ја грабнат Вања. Ја убиле и Вања, брзо, ладнокрвно, сигурни во монструозниот план дека никој никогаш нема да дознае за злосторот. Немале никакво чувство, иако и самите имале деца, немале чувство кон Вања. Сакале со парите за Вања на своите деца да им обезбедат свадби, погодности“, рече обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска.

Македонија | пред 5 месеци

zaklina-obvinitelka-vanja

Свиреп план, ладнокрвно извршување: Последниот збор на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Обвинителството денеска ги даде завршните зборови за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кои обвинети се Љупчо Палевски – Палчо, Влатко Кешишев, Боре Видевски, Велибор Манев и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.Обвинителката Жаклина Крстевска – Јосифовска истакна дека се работи за убиство на дете и на пензионер на свиреп и монструозен начин, со што обвинетите заслужуваат не само правна, туку и длабока морална осуда. Таа рече дека делото е напад врз човечноста и врз општеството, уништувајќи ја вербата во добрината и правдата.Според обвинението, обвинетите сковале план за грабнување на лице што живее само. Го избрале Панче Жежовски од Велес бидејќи неговиот „цитроен“ имал голем гепек, а тие планирале да му го одземат. На 22 ноември 2023 година, околу 11 часот, го грабнале и убиле. Два дена подоцна, на 24 ноември, се обиделе, но не успеале да ја грабнат Вања Ѓорчевска. Обидот го повториле на 27 ноември, по добиена информација од нејзиниот татко дека тој ден ќе оди сама на училиште. Таа била киднапирана и убиена во период од 8.30 до 9.30 часот.Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, остана во обвинението како соучесник. Тој според обвинителката им ги дал на обвинетите информациите за движењето на Вања и, според обвинителката, неговото однесување било сомнително. По исчезнувањето на Вања, не прашал ништо за другата ќерка, Миња, туку веднаш тргнал сам да ја бара Вања по патеката што ја користеле киднаперите. Вечерта пред убиството ѝ пратил порака да се облече слоевито „како за планинарење“, иако училиштето ѝ било само на 7 минути од дома. Во разговори со сведоци од МВР постојано повторувал: „Киднапирана е и убиена, џабе ја бараме“.Јосифовска истакна дека по убиството на Панче, ниту еден од обвинетите не покажал каење или реакција, туку веднаш продолжиле кон реализација на планот за грабнување и убиство на девојчето, кое не им сторило ништо.Палевски, според обвинителството, побегнал во Белград од страв да не биде фатен, иако немал закажано никаков медицински преглед. Јосифовска нагласи дека врз обвинетите не е вршено никакво насилство и дека вина има и Александар Ѓорчевски.Обвинителството смета дека сите дејствија се докажани и бара соодветна казна за сите обвинети.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-03-05-at-10.32.50

Контроверзија со снимката од Велес на Видевски: адвокатот ја нема, обвинителката вели не покажува ништо

Бојан Манев, адвокат на Боре Видески, обвинет за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, рече дека не ја обезбедиле снимката од бензиската станица, каде наводно се гледа Панче Жежовски на денот кога според обвинението тој бил убиен.„Не го обезбедивме доказот бидејќи немаме технички услови“, рече Манев.Судијата Ивица Стефановски: „Судот ви го прифати тој доказ, знаете?“Манев: „Да, но не го обезбедивме, Обвинителството го има“,Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска рече дека ја имаат снимката, но на неа не се гледа ЖежовскиНе постои видео запоис од Макпетрол безниската пумпа во Велес, на која се забележени обвинетите лица. Од таа причина, прибавен е и тој доказ, но не е предложен како доказ бидејќи не се забележани предметите лица затоа не е доставен како доказ, рече обвинителот.Доказна постапка заврши, рече судијата откако ги праша сите странки дали имаат дополнителни докази.

Македонија | пред 5 месеци

emiisija-nasilnici.02_31_41_07.Still002

Палевски опоменат дека ќе го отстранат од судница оти не го почитува редот, Обвинителството се противи на новите докази доставени од Ѓорчевски

Адвокатите на Велибор Манев и Влатко Кешишев немаат докази кои ги предлагаат во дополнение на доказната постапка.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев, предлагжи да биде изведен како доказ обезбедениот видео материјал, со наредба од ОЈО Велес.„ОЈО Велес има издадено наредби за две камери од бензинските станици Лукоил и Макпетрол кои можат да послужат како доказ, издадена од 29.11.2023 година и од 00:00 22.11.2023 до 00:00 23.11.2023 година“ рече бранителот на Видевски.Манев не достави копии од наредбата, па судот ги праша поединечно дали секој од обвинетите и нивните бранители сакаат да ја видат. Никој не побара копија, а Палевски му рече на судијата дека ја знае.„Ве молиме, да провериме дали таков видео запис е обезбеден по наредбата за да може да се произнесеме“, рече обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска.Обвинетиот Љупчо Палевски беше опоменат да го почитува редот во судницата и да не зборува без одобрение од судот, да не го нарушува редот во судницата и да ги почитува укажувањата од судијата му укажа судијата Ивица Стефановски.„Во спротивно, ќе бидете отстранети од судницата, ова е последна опомена“, рече судијата Стефановски.Судот прифати да се изведат видео снимките од бензиската пумпа.„Се прифаќа предлогот на Бојан Манев, да се презентираат видео записите од бензинската пумпа, доколку истиот ги обезбеди овие докази, односно видео записи“, рече судијата.Судот му укажува на бранителот Бојан Манев дека доказот треба да го обезбеди, а судот ќе му овозможи технички услови да го презентира, доколку не го обезбеди нема да биде презентиран како доказ.„Исто така предлагам до судот, како доказ да се изведе видео записот обезбеден со наредба од 04.12.2023 година на Основен суд Велес, која се однесува на обезбедени камери од 22.11.2023 до 24.11.2023. Ова го барам на околноста, дека на споменатата улица се наоѓа точно, на рутата на движење на „реното кангу“. Доколку се движело или одело кон куќата на Велибор Манев, мора да помине низ таа улица, тоа го знам бидејќи потекнува од Велес“ рече Манев.Нови докази до судот достави и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, обвинет за помагање.„Во дополнение на доказна постапка се изведуваат: Потврда број од 14.04.2025 година на Здружение Хопс Скопје, со која одбраната докажува дека корисник на телефонскиот број е Дарко Костовски, доктор, психијатар од Градска болница „8-ми Септември“. Фактура број на име Дарко Костовски како сопственик, а со ова одбраната докажува дека Александар Ѓорчевски, во критичниот период од 27.11.2023 до 03.12.2023 има остварено телефонска комуникација и овие докази се во корелација со веќе изведените докази, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски.На ова се противеше Обвинителството.„Се противиме на овие докази“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска за дополнителните докази на Ѓорчевски.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања