ВАЊА

zaklina-obvinitelka-vanja

Свиреп план, ладнокрвно извршување: Последниот збор на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Обвинителството денеска ги даде завршните зборови за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кои обвинети се Љупчо Палевски – Палчо, Влатко Кешишев, Боре Видевски, Велибор Манев и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.Обвинителката Жаклина Крстевска – Јосифовска истакна дека се работи за убиство на дете и на пензионер на свиреп и монструозен начин, со што обвинетите заслужуваат не само правна, туку и длабока морална осуда. Таа рече дека делото е напад врз човечноста и врз општеството, уништувајќи ја вербата во добрината и правдата.Според обвинението, обвинетите сковале план за грабнување на лице што живее само. Го избрале Панче Жежовски од Велес бидејќи неговиот „цитроен“ имал голем гепек, а тие планирале да му го одземат. На 22 ноември 2023 година, околу 11 часот, го грабнале и убиле. Два дена подоцна, на 24 ноември, се обиделе, но не успеале да ја грабнат Вања Ѓорчевска. Обидот го повториле на 27 ноември, по добиена информација од нејзиниот татко дека тој ден ќе оди сама на училиште. Таа била киднапирана и убиена во период од 8.30 до 9.30 часот.Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, остана во обвинението како соучесник. Тој според обвинителката им ги дал на обвинетите информациите за движењето на Вања и, според обвинителката, неговото однесување било сомнително. По исчезнувањето на Вања, не прашал ништо за другата ќерка, Миња, туку веднаш тргнал сам да ја бара Вања по патеката што ја користеле киднаперите. Вечерта пред убиството ѝ пратил порака да се облече слоевито „како за планинарење“, иако училиштето ѝ било само на 7 минути од дома. Во разговори со сведоци од МВР постојано повторувал: „Киднапирана е и убиена, џабе ја бараме“.Јосифовска истакна дека по убиството на Панче, ниту еден од обвинетите не покажал каење или реакција, туку веднаш продолжиле кон реализација на планот за грабнување и убиство на девојчето, кое не им сторило ништо.Палевски, според обвинителството, побегнал во Белград од страв да не биде фатен, иако немал закажано никаков медицински преглед. Јосифовска нагласи дека врз обвинетите не е вршено никакво насилство и дека вина има и Александар Ѓорчевски.Обвинителството смета дека сите дејствија се докажани и бара соодветна казна за сите обвинети.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-05-at-10.32.50

Контроверзија со снимката од Велес на Видевски: адвокатот ја нема, обвинителката вели не покажува ништо

Бојан Манев, адвокат на Боре Видески, обвинет за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, рече дека не ја обезбедиле снимката од бензиската станица, каде наводно се гледа Панче Жежовски на денот кога според обвинението тој бил убиен.„Не го обезбедивме доказот бидејќи немаме технички услови“, рече Манев.Судијата Ивица Стефановски: „Судот ви го прифати тој доказ, знаете?“Манев: „Да, но не го обезбедивме, Обвинителството го има“,Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска рече дека ја имаат снимката, но на неа не се гледа ЖежовскиНе постои видео запоис од Макпетрол безниската пумпа во Велес, на која се забележени обвинетите лица. Од таа причина, прибавен е и тој доказ, но не е предложен како доказ бидејќи не се забележани предметите лица затоа не е доставен како доказ, рече обвинителот.Доказна постапка заврши, рече судијата откако ги праша сите странки дали имаат дополнителни докази.

Македонија | пред 7 месеци

emiisija-nasilnici.02_31_41_07.Still002

Палевски опоменат дека ќе го отстранат од судница оти не го почитува редот, Обвинителството се противи на новите докази доставени од Ѓорчевски

Адвокатите на Велибор Манев и Влатко Кешишев немаат докази кои ги предлагаат во дополнение на доказната постапка.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев, предлагжи да биде изведен како доказ обезбедениот видео материјал, со наредба од ОЈО Велес.„ОЈО Велес има издадено наредби за две камери од бензинските станици Лукоил и Макпетрол кои можат да послужат како доказ, издадена од 29.11.2023 година и од 00:00 22.11.2023 до 00:00 23.11.2023 година“ рече бранителот на Видевски.Манев не достави копии од наредбата, па судот ги праша поединечно дали секој од обвинетите и нивните бранители сакаат да ја видат. Никој не побара копија, а Палевски му рече на судијата дека ја знае.„Ве молиме, да провериме дали таков видео запис е обезбеден по наредбата за да може да се произнесеме“, рече обвинителката Ана Стојковиќ Димитриевска.Обвинетиот Љупчо Палевски беше опоменат да го почитува редот во судницата и да не зборува без одобрение од судот, да не го нарушува редот во судницата и да ги почитува укажувањата од судијата му укажа судијата Ивица Стефановски.„Во спротивно, ќе бидете отстранети од судницата, ова е последна опомена“, рече судијата Стефановски.Судот прифати да се изведат видео снимките од бензиската пумпа.„Се прифаќа предлогот на Бојан Манев, да се презентираат видео записите од бензинската пумпа, доколку истиот ги обезбеди овие докази, односно видео записи“, рече судијата.Судот му укажува на бранителот Бојан Манев дека доказот треба да го обезбеди, а судот ќе му овозможи технички услови да го презентира, доколку не го обезбеди нема да биде презентиран како доказ.„Исто така предлагам до судот, како доказ да се изведе видео записот обезбеден со наредба од 04.12.2023 година на Основен суд Велес, која се однесува на обезбедени камери од 22.11.2023 до 24.11.2023. Ова го барам на околноста, дека на споменатата улица се наоѓа точно, на рутата на движење на „реното кангу“. Доколку се движело или одело кон куќата на Велибор Манев, мора да помине низ таа улица, тоа го знам бидејќи потекнува од Велес“ рече Манев.Нови докази до судот достави и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, обвинет за помагање.„Во дополнение на доказна постапка се изведуваат: Потврда број од 14.04.2025 година на Здружение Хопс Скопје, со која одбраната докажува дека корисник на телефонскиот број е Дарко Костовски, доктор, психијатар од Градска болница „8-ми Септември“. Фактура број на име Дарко Костовски како сопственик, а со ова одбраната докажува дека Александар Ѓорчевски, во критичниот период од 27.11.2023 до 03.12.2023 има остварено телефонска комуникација и овие докази се во корелација со веќе изведените докази, рече Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски.На ова се противеше Обвинителството.„Се противиме на овие докази“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска за дополнителните докази на Ѓорчевски.

Македонија | пред 8 месеци

palco-palevski-141

Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - ќе се изведуваат нови докази

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува главната расправа за бруталните убиства на Вања Ѓорчевска (14) од Скопје и Панче Жежовски (74) од Велес, кои беа ликвидирани.На минатото рочиште, дополнителни докази изведуваше Обвинителството помеѓу кои имаше снимки од безбедносните камери кај Велибор Манев кои, според Обвинителството, покажуваат дека обвинетите однапред се подготвувале за убиство, а не само за киднапирање на Вања Ѓорчевска. На снимката што беше прикажана во судот, видлив е моментот кога Манев става лопата во возилото „Рено Кангу“.Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Македонија | пред 8 месеци

zaklina-obvinitelka-vanja

(Видео) Се враќаат по лопатата оти ја заборавиле, тоа е јасен доказ дека планирале убиство на Вања, рече обвинителката

Обвинителките кои ги гонат Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, остануваат на тврдењето дека убиството на Вања Ѓорчевска е направено поради користољубие. Со старо-нова снимка во судницата, докажуваат дека сите заедно, се вратиле да земат и лопата, што за нив е јасен знак дека целта била Вања Ѓорчевска да биде убиена.„Во случајов се работи за користољубие, од почеток до извршување на делата, обвинените заедно се договарале за да ги преземат дејствијата, за да остварат користољубие. Со убиството на Вања се докажува дека сите ги презеле дејствијата“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.Прашана, кои се доказите дека станува збор за користољубие, бидејќи не побарале средства, туку веднаш го убиле девојчето, обвинителката одговори: „Причината поради која не е побаран било каков износ на парични средства или друго, било во контекст на целта која сакале да ја остварат“, ја па дополни нејзината колешка Ана Стојковиќ Димитровска која рече: „Дозволете за тој мотив дополнително да се изјасниме во завршните зборови. Денеска не беа изведувани докази на таа околност. Ќе ни дозволите до крајот на постапката да се изјасниме“.Обвинителките беа прашани, дали снимката на која се гледа дека обвинети се враќат по лопатата, што за Обвинителството е јасен знак за намерата да биде извршено убиство, е јасен знак дека таткото немал поврзаност со помагање при грабнување.„Снимката беше иснесена како одговор на тврдењата на обвинетите, дека тие немале мотив да убиваат туку тргнале да грабнуваат луѓе. Тоа што тие се враќаат да ја стават лопатата, да ја земат со себе, бидејќи им била заборавна, укажува дека тие биле подготвени за убиство. Од таа причина беше изнесен и тој како доказ. Ова беше побивање на нивниот мотив согласно дадената одбрана, а нема врска со вината на Александар Ѓорчевски никако ниту е обвинет за убиство, туку за помагање при грабнување на детето“, рече обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска.

Македонија | пред 8 месеци

gjorcevvv

(Видео) Сторителите имале цел за егзекуција, враќањето на лопатата ја исклучува улогата на таткото, вели адвокатот на Ѓорчевски

За адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, снимката каде Велибор Манев и Боре Видевски се враќаат по лопатата откако ја заборавиле, денот кога имало неуспешен обид за грабнување на Вања – докажува дека таткото нема никаква инволвираност, а мотивот дефинитивно не е користољубие.Со снимката се докажува дека критичниот ден на 24. ноември и враќањето на Велибор Манев и Боре Видевски за да ја земат лопатата, а тоа е денот на неуспешниот обид на грабнување, практично исклучува било каква улога на таткото во овој случај и јасна цел имале сторителите за егзекуција односно ликвидација на личноста која подоцна е грабната од зградата. Со тоа оваа секвенца е испуштена минатиот пат кога е презентиран доказот“, рече Туфегџиќ.Тој смета дека се добиваат јасни контури на намерите на сторителите.„Се исклучува било каква инволвираност во однос на изнуда и она што е наведено во обвинението, користољубие. И целосно се исклучува улогата на таткото во овој настан“, додаде адвокатот.За изјавата на обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска, која рече дека во завршни зборови ќе укажат на тоа која и каква е инволвираноста на таткото, Туфегџиќ рече: „Тоа е нивно гледање на работите. До сега не е изведен ниту еден доказ кој покажува било какво учество на таткото во ова злосторство“.

Македонија | пред 8 месеци

vanja-palco

(Видео) Го бараат ли обвинителките пиштолот со кои се извршени убиствата на Вања и Панче, како и човекот кој наводно го земал?

Јавната обвинителка Ана Стојковиќ Димитровска, прашана дали го бараат пиштолот со кој е извршено убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, рече дека тие имаат доволно докази кои ја докажуваат вината на сите обвинети. Потоа, беше прашана за да даде јасен одговор, дали го бараат ликот, кој обвинетиот Велибор Манев го посочи во својот исказ, а кој според него го „уништил пакетот“, мислејќи на пиштолот.„Ние во целата истражна постапка, а и додека трае судењето имаме преземено дополнителни дејствија, за да се утврдат сите факти и околности. За тоа што е дојдено со доказ кој може да има валидна вредност во судска постапка е предложен во судска постапка. Едно е да тврдиме, но ние сме обвинители и апсолутно ако немаме релевантен доказ, несериозно би било и за нас и за државата, да се произнесуваме со тврдења, паушални или било какви на главна расправа“, одговори обвинителката без да каже конкретно дали трагаат по лицето или не.Адвокатот Игор Ефремов во поткастот „Претрес со Ландов“, кажа дека Велибор Манев не бил викнат да даде дополнителен исказ во однос на тврдењата кои ги кажа во судница, а кои се однесуваа на пиштолот. Инаку, тој рече дека Палевски дал насоки да се уништи „пакетот“, односно ранчето со моторолите и пиштолот.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-16-at-10.48.41

Сите алиби моменти на Палевски ги сузбиваше Обвинителството: презентирани пораки праќани кон обвинетиот деновите кога се случиле убиствата

Обвинителството со докази ги сузбиваше тврдењата на Љупчо Палевски-Палчо, дека деновите кога се убиени младата Вања Ѓорчевска (17.11) и велешанецот Панче Жежовски (22.11), тој не бил на локациите на ликвидациите. Истовремено, се произнесе зошто чаурата најдена на местото каде е убиен велешеанецот, не е вештачена. Освен ова, Обвинителството го оспоруваше и тврдењето на каратистот Боре Видевски, дека деновите кога жртвите биле ликвидирани, тој бил на работа. Па така до судот достави податоци од Јавното комунално претпријатие „Дервен“-Велес кои одговориле дека тој не се евидентирал преку електронскиот систем критичните денови„Приговарам и се противам на изведувањето на овој доказ и на таа околност ќе предложам соодветен доказ“, рече адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев.Љупчо Палевски и неговиот адвокат Јовица Страшевски, во текот на претходните рочишта бараа вештачење на чаурата, за да се спореди со базата на МВР, а од што ќе може да се види дали во Жежовски било пукано од оружјето на Видевски, кое не е најдено. Последно, Видевски рече дека го извадил од домот, но не се сеќава каде го оставил. Но, МВР одговорило дека не може да се направи споредба на чаурата, бидејќи немало пробно испитување на оружјето.„Доказ 2: Известување по донесена наредба од ОЈО Скопје, од МВР Оддел за граѓански работи, Сектор/Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи Велес, во однос на околноста дали е извршено пробно испитување од оружјето кое обвинетиот Боре Видевски го поседува во евиденцијата од МВР. Нема податоци за пробно испитување за оружјето кое тој го поседува во евиденцијата и тоа пиштол Зброевка 75Б калибар 9мм“, кажа обвинителката.На ова реагираше обвинетиот Љупло Палевски.„Во однос на овој доказ, му посачувам на судот дека барав вештачење на пронајдената чаура, која е доказ на одбраната а не на ОЈО. Барав да се вештачи е не да дава информации дали или не отисок од додената игла на конкретното оружје. Наместо наредба за вештачење, гледам наредба за доставување известување, кое го прави Форензика а не Сектор за оружје. Така да нема никаква употребна вредност, така што поседувам докази со кои ќе докажам на судот дека ОЈО неполни 18 часа по пронаоѓање на телото на отштениот Жежовски е запознаено со ова оружје, но тие документи на МВР не постојат ниту во истражните списи, не само во судските. И затоа сметам дека ова не може да биде изговор за да не биде вештачена предметната чаура со однапред познато оружје. Мене не ми смета нека биде изведен како доказ, но инсистирам на вештачење“, рече Палевски. .Потоа, беше презентирано и вештачењето направено од Секторот за форензика на МВР. Била направена анализа на пиштолот на Видевски, но не можело да се направи совпаѓање со чаурата оти немало пробно испукување.„За пронајдената чаура е направена споредба со базата која ја поседуваат. Видно од известувањето, доставена е информација дека предметната чаура потекнува од муниција со калибар 9мм пара произведена од 2002 година, истата поседува траги.. механичките траги се внесени во автоматска компарација и не постигнати совпаѓања и поклопување на трагите, со внесените чаури во системот кои потекнуваат од кривично правни настани на територија на државата. Била направена и компаративна анализа и за пиштолот на Боре Видевски, доставени од полицијата во Велес, од 6 мај 2025 година, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршени пробно испукување не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури од пробно испитување од конретното оружје не може да се врши компаративно испитување од предметната чаура“, кажа обвинителката.Палевски тврдеше и дека на 22 ноември, денот кога е убиен Жежовски, бил кај лицето Ерол Османи за му го поправа котелот. Обвинителството изведе фотодокументација со комуникација на обвинетиот и Османи. Комуникацијата е од 22 до 28 ноември.„Од пораките произлегува дека комуникацијата била најпрво на 22 ноември во 16:13 минути кога сведокот Османи испратил фотографија и порака: ‘ова го врзав директно. Не знам зошто, можеби има склопка, како се врзува поинаку? Сакам да ми работи на тивок режим’, а на ова не добил одговор. На 25 ноември во 19:17 минути, сведокот пратил порака до: ‘Ми требаш за греењето’, одговор нема. Од 22 до 25 не е извршено поправање на греењето“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска, со што докажува дека тврдењето на Палевски дека поправал котел кога Жежовски е убиен е неточно, а пак првата поплака на сведокот Османи била на 22 неомври, попладнето, кога Жежовски, според обвинението е веќе убиен.Потоа, следуваа пораките од сведокот кон Палевски на 27 ноември, кога е убиена Вања Ѓорчевска. Комуникацијата започнала во попладневните часови, кога Вања е веќе убиена.„На 27 ноември во 12:44 часот сведокот Ерол му праќа порака: ‘Идеш навака?’. И овде нема одговор, па истиот ден во 15:55 сведокот Ерол праќа порака: ‘Да купам нова електроника?’. Тоа значи дека обвинетиот Палевски ниту отишол кај сведокот Османи на 27 ноември ниту извршил поправка. Порака е пратена дури во 23:30 минути од обвинетиот Палевски кон Османи, од која е видливо дека до тој момент Палевски не отишол кај Османи“, додаде обвинителката.На ова пак реагираше обвинетиот Палевски.„На сликата пратена на 22 ноември е вентиатор, а не котел и тој се жали дека тој работи, ама нон-стоп. Нема потреба да го поправам кога веќе сум го поправил котелот и тој грее. Затоа и не одговарам на пораките. И самиот праша, прочитавте – дали да купи нова електроника. На 28 ноември тој тврди дека сум го поправам котелот кај него, а не на 27 ноември. Јавниот обвинител не покажа датум 28 ноември, не слушнавме ништо за тој ден. Денот 27 ноември е веќе расчистен и не знам што докажавте со котелот на Ерол на 27 ноември. Објаснете му на судот зошто во телефонската анализа сте го прескокнале денот 28 ноември“, рече Палевски.Палевски спореше и колку лица имало во автомобилите „рено кангу“ и „цитроен“ кога поминуваат покрај велешки хотел, упатувајќи се од/кон местото каде е ликвидиран Жежовски. Тој изведе службена белешка на која полицаец напишал дека се гледаат три лица. Според него, ова е потврда дека во грабнувањето на Панче учествувале три, а не четири лица.„Еден цитат од службената белешка, што е утврдено со неа, а влијае на фактите во врска со грабнувањето на Жежовски: ‘При прегледот на видеозаписите од 22. Ноември во 10.25 забележува патнички автомобил ‘рено кангу’ како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележуваат две лица. Се забележува и ‘цитроен’ како се движи во правец Велес-Скопје по регионалниот пат и во внатрешноста на возилото се забележува едно лице“.Со дополнување на доказната постапка, овој предмет се ближи кон пресуда. Следуваат завршни зборови на обвинетите.

Македонија | пред 8 месеци

kesisov

(Видео) Кешишев му се восхитувал на Палевски на судењата, адвокатот сведочи: Имаше моменти кога ќе ми шепне дека е појак од обвинителите

Адвокатот Ефремов ексклузивно откри дека обвинетиот Влатко Кешишев на некое од судењата му се восхитувал на првообвинетиот Љупчо Палевски.Нечуенeни детали во “Претрес” за обвинетите за убиствата на Вања и Панче.

Македонија | пред 8 месеци

kesisev-2

(Видео) Адвокатот на Кешишев не очекува доживотен затвор за неговиот клиент

Адвокатот на еден од обвинетите за грозоморното убиство на Вања и Панче, во Претрес со Ландов вели дека не очекува најстрога казна за неговиот клиент Влатко Кешишев.„Не очекувам казна доживотен затвор за Кешишев, за него очекувам најблага казна”, вели адвокатот Игор Кешишев.Кешишев му кажал дека никогаш не било договарано убиство.Палевски му рекол дека луѓе му нуделе по 400.000 илјади евра за хард дискот со прислушкувани разговори.

Македонија | пред 8 месеци

palco-kesisev

(Видео) Адвокатот Ефремов: Кешишев Палчо како Тито го гледал

Адвокатот Игор Ефремов во Претрес со Ландов кажа дека еден од обвинетите за убиството на Вања и Панче, Влатко Кешишев му готвел на Палчо и имал поданички однос кон него. Сега вели дека се уште има восхит кон Палевски.„Кешишев го гледаше Палчо како Тито. Му верувале на Палевски, тој им велел дека има докази, ветувал дека името ќе го врати”, вели Ефремов.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-07-at-21.04.30

(Видео) Адвокатот на Кешишев: Низ солзи ми кажа дека се кае, ќе ја каже вистината и ќе одговара за стореното

Игор Ефремов, адвокат на обвинетиот Влатко Кешишев вечерва во Претрес со Ландов на директното прашање кој ги уби Вања и Панче рече дека најдобар одговор ќе даде обвинителството а конечниот збор го има судот„Судот ќе каже кој ги уби. Секој обвинет има право на своја одбрана, беа изнесени 197 докази. За тоа кој е вистинскиот директен извршител секој од 5 те обвинети лица има своја приказна за случајот.Јас го држам ставот на Кешишев. Нормално е премногу алиби да се изнесува од обвинетиот за да се оправда себеси”, рече Ефремов.Ефремов посочи дека има пропусти во постапката .„Кешишев цело време е со солзи во очи, на првата средба ми рече рече дека не е директен сведок на убиствата.Не се правдам, ми рече Кешишев, се каам, ќе ја кажам вистината и за стореното ќе одговорам. Така ми беше речено да направам”, рече бранителот на Кешишев.На полицајците кога дошле да го апсат Кешишев им рекол-конечно дојдовте долго ве чекав.

Македонија | пред 8 месеци

vanja-palco

Палевски одговори на прашањето: Си правите ли алиби со плаќањето во банката денот кога е Вања убиена?

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска продолжи со прашања за обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Според Обвинителството, Палевски дава само алиби за деновите кога се убиени Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, но не нуди докзи,Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Дали си правевте алиби за 27.11.2023 со плаќањето на сметка во Банката?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Бев да плаќам кога ми стигнаа пари на сметка, ако сум убил - ќе правев алиби. Добив 1000 евра од ‘јутуб’ на сметка и отидов во ‘Халк Банка; на Буњаковец, има многу експозитури на Партизанска. Вие слушнавте дека сите биле под уцена од мене, се плашеле да не им ги убивам фамилиите и зошто имало потреба јас да одам во ‘Дупки’ туку едноставно ќе сум наредил, зошто би отишол од Скопје во Велес за ‘цитроен’ канта, што е поевтин од мојот Ајфон. Но според вашата логика сум морал да отидам и да го убијам Панче. И покрај тоа што сте ги обезбедиле доказите, некој пред 10 години имал кривична пријава, од Панче Жежовски кон него, пријава до Советот на јавни обвинители, жртвата тврди дека Велибро Манев е под заштита на ОЈО Велес. Но вие повторно тврдите дека јас сум отишол во Велес да го убивам.Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Вие тврдите дека криминален ум би ја убил Зорица Ѓорчевска, а не Вања.. Вам ви беше ли познато дека Зорица и Александар Ѓорчевски се разведени, и дека при убиство на Зорица, Александар не би наследил ништо, познато ви беше така?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Не ми беше познато. Прашањето навредува просечен човек, и ова го сметам за навреда и ќе објаснам зошто. Вашиот мотив во обвинението, е нелогичен и недокажан, затоа што не се приложиле ниту еден доказ. Моето компарирање на логики и кажување дека доколку постои користољубие ќе имаше засолниште, а не класично убиство, ќе имаше контакт со мајката или таткото за да се направи таа уцена, за да се принуди некој да даде пари, но не само што не се случило, вие не понудивте ниту еден доказ на таа многу важна околност - мотив зошто е сторено делото. Затоа дадов пример со еден криминален ум. Јас во списите прочитав дека Александар го поседува најскапиот имот во семејството, станот од каде е грабнато детето, преку 250 илјади евра, и доколку биде убиена мајката - законски старател ќе биде таткото. Мотивот не само што не е докажан, туку целосно нелогичен.Тој потоа говореше повторно за базните станици каде е регистриран неговиот телефон.Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска: Вие тврдите дека го поправате котелот, но од доказите произлегува дека немате никаква комуникација со Ерол, освен во попладневните часови неуспешен од негова страна. Така ли е?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Повикот на Ерол е точен, но зошто би ми вртел доколку јас сум кај него и поправам котел. Ерол треба да одговори. Токму на 22 шест полиња се избришани едно по друго за базните станици. А смртта на Жежовски не е утврдена во ниту еден доказ, туку само од двајца обвинети кои кажуваат различни аргументи за ист настан. Котелот е поправан на 22.11 како што кажа Ерол од 11.40 кога сум пратил порака па натака. А кога е убиен Панче јас не знам и јас не го разбирам ова во времето на кривично правниот настан, како што кажа обвинителката.Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска:  Му благодарам на забелешката, сведокот сведочеше дека на 28.11.2023 сте го поправале котелот а не на 22.11.2023, но нејсе, но за да одите на 22.11 кај Ерол претходно логично е да си искумуницирате со него, за да знае кога точно би дошле?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Јас сум одел кај Ерол и кога не бил тој дома, бидејќи заборави да каже дека котелот се наоѓа во сутерен дел од неговиот дом...

Македонија | пред 9 месеци

palco

Утрото разговарав со сопартиец, име не му знам, рече Палевски одговарајќи каде бил кога е убиен Жежовски

И во одговорите на прашањата од Обвинителството, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да ги дискредитира снимките од дворот на обвинетиот Велибор Манев, а кои се направени ден пред денот кога велешанецот Панче Жежовски бил грабнат. На нив се гледаа сите обвинети за грабнувањето и убиствата. Дел од нив со мотороли и слушалки на уши. Истовремено, Палевски рече дека денот кога Жежовски е грабнат и убиен зборувал со некого, ама не може да се сети со кого.„Во 2023 година најмалку 3-4-5 пати сум бил во дворот на Велибор Манев, сум бил и доцна навечер, сум бил и преку ден, кога сум се враќал од Прилеп, Битола сум застанувал сме пиеле кафе и сме разговарале. Го негирам видеото со докази, а не мои тврдења“, вели Палевски, без да приложи докази.Обвинителството праша: „За 22.11.2023 година (денот кога е грабнат и убиен Жежовски) кажавте сте станале 09:30-10:00, сте пиеле кафе, сте го шетале кучето и дека при тоа сте разговарале со некој член на партијата кој се плашел od кучето, но за чудо не се сеќавате кое е тоа лице, ниту пак до денес е предложено такво лице за да го потврди тоа што го кажувате, не постои такво лице нели?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Постои такво лице, претепано е во вашата истрага, има сериозни последици, јас и тогаш и денес не можам да се сетам на неговото име и презиме, мојата одбрана подготвува некакви чекори за што не сум должен да ви објаснувам. Додека ја шетам Хера среќавам многу луѓе, како што е примерот на професор Мартин, кој го предложив за сведок, кој не прифати да прими покана, за да нема опструкции на предметот јас го повлеков предлогот.Обвинителството: „На 22.11.2023 од телефонската анализа произлезе дека прв успешен реализиран повик е дури во 13 часот и 14 минути, а претходно сте користеле интернет, ова значи дека сигурно сте имале причина што не сте биле активни во однос на повиците до 13,14 часот, така ли беше на 22.11.2023 година?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Еве како беше на 22.11.2023 година. Телефонскиот повик кој го споменавте е на обична линија, но заборавивте да објасните, па јас ќе му објасннам на судијата. Тој е поделен на 7 разговори, сите седум разговори се по 60 секунди, и после тоа повеќе не постојат базни станици во извештајот до 16 часот и до некоја минута. Се работи за Мери Минџевска, која ме повикала од базна станица Бисер, но базна станица за Палевски нема - празно е. Спомнавте дека сум користел интернет, а таму има броеви и тоа посериозна количина, но не го кажавте времето на користењето на интернетот. Интернет сообраќајот е после 9.30 на 22.11.2023. Јас не одговарам на повици на обична линија, затоа што не сакам да бидам прислушуван незаконски. Користам исклучиво Телеграм. Според тоа, според анализата, со Влатко Кешишев е првиот разговор во 11.47 часот. Во обвинението не ни е објаснето како успеал Влатко, од 10.30 пред хотелот „Романтик“, да направи прв повик во 11.47 во Центар на Скопје“.

Македонија | пред 9 месеци

palco-palevski-141

Обвинителството докажува дека Палевски и во минатото не ги почитувал законите, а тој обвинува дека го местеле за подготовка на атентат врз Заев

Обвинителките му ја предочија целата казнена евиденција на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за двојното убитво на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие му посочија дека бил повеќе пати осудуван, како во Македонија, така и во Задар. Тој пак, ги обвини дека врз него се прави политички прогон. Обвинителката го праша, дали за него е својствено да не ги почитува законите.„Осудуван сте со правосилна пресуда на судот во Задар, Хрватска, за две кривични дела против платниот промет и измама во економско работење, изречена ви била условна осуда, потоа, со правосилна пресуда исто така во Задар, за две кривични дела за платниот промет и работење, измама при економско работење и повреда на губење, презадолженост и неспособност за плаќање, во единствена казна затвор од траење од 8 месеци. Осудуван сте и со пресуда на Основен суд Скопје 1, која постапка почнала во 2012 година која со пресуда на 15.03.2020 за кривично дело измама, ви била изречена условна осуда. И повторно пресуда од Скопски кривичен суд, за кривично дело за злоупотреба на службена положба за кое дело на 2013 година ви била изречена условна осуда затвор 8 месеци, услов 2 години. Во 2023 година не сте ги почитувале ниту прописите за време на прогласената епидемија, а сте сториле и кривично дело за што сте биле условно казнет, а во вашата евиденција постои и постапка која се води против вас за кривично дело оддавање службена тајна, која што постапка била во тек кога се прибавувала казнената евиденција. Сето ова очигледно укажува дека имате проблем со почитување на законите и дека долг период постапувате противзаконито за што се донесени и правосилна пресуда. Очигледно ви се својствени, очигледно имате проблем да ги почитувате законите така?“, праша обвинителката и доби одговор:„Му благодарам на ЈО што би постави прашања, ниту еднаш не се спомна било какво кривично дело врзано со насилие, грабнување и убивање луѓе. Заборави да каже дека условни се осудите во Хрватска за правен субјект за неплатени фактури, а не за мене. Организираа да седам во притвор во Белград, осум месеци за кривичен случај за кој се бараше условна казна. Се договоривме екстрадицискиот притвор да биде казната, бидејќи никој не барал затвор за Љупчо Палевски. ОЈО не извадил од судот во Прилеп, осуда на 3 години ефективен затвор, снимање на телефонски комуникации без разлика што колегата јавен обвинител од Прилеп барал условна казна за така сериозно дело. Е таа пресуда е донесена додека сум во притвор во КПУ затвор Скопје во отсуство, во судот во Прилеп. Јавниот обвинител намерно ја испушти оваа пресуда во набројувањето. Тие разговори некогаш не биле злоупотребувани. Се обидувам да кажам што сѐ испуштија во нивното набројување на кривични дела кои сум ги сторил. Споменатата постапка која била во тек исто така е процес во кој ме судат за објавени службени белешки од тогашна УБК сегашна АНБ во кои службени белешки има дека незаконски сум прислушуван. Но АНБ ја потврди веродостојноста дека пред референдумот во 2018 година сум сликан, физички пратен и има 10-тина цитати од мои разговори од мојот телефон. Направив прес конференција и го повикав јавниот обвинител јавно да дојде и да ме испитува бидејќи во јавните белешки беше напишано дека сум организирал атентатот на тогашниот премиер Заев“, одговори Палевски.Обвинителката се интересираше, дали ако во Македонија го гонат оти е под политички прогон, иста ли е причината што бил гонет и во Хрватска, а Палевски одговори: Не, не беше. Ако беше така, јас ќе кажев“.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања