ВАЊА

aleksandar-gjorcevski-vanja-tufegdzik-palco

(Видео) Година дена наназад пред убиствата на Вања и Панче се подготвувале грабнувања на луѓе, ова треба да нѐ загрижи, укажа Туфегџиќ и побара истражните органи да реагираат

Адвокатот Владимир Туфегџиќ го впери прстот во Обвинителството, оти не реагирале по сведочењата на дел од обвинетите во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дека грабнувања и убиства се планирале уште пред да се реализираат овие две. Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчески, татко на Вања, вели дека и со исказот на обвинетиот Влатко Кешишев, кој рече дека за таткото првпат чул во притвор, се докажува дека тој нема никаква вина.„Уште еден сведок кажа дека година дена наназад пред случувањата во Скопје и Велес, се подготвувале грабнувања на луѓе и за такви активности кои сите нас треба да нѐ загрижат. Наместо Јавното обвинителство да тргнат во таа насока, ја дефокусираа истрагата со неоснованото обвинвање на Александар, а тоа е поради не поседување на унифицирани стандарди за постапување во ваков случај“, укажа Туфегџиќ.Тој додаде дека Обвинителството не постапило и по неговите пријави дека во странски држави се објавувале докази од постапката за убиството на Вања, алудирајќи на објавите од српскиот политичар Срѓан Ного.„Обвинителството не постапи ни по пријавите за тортура, ни по известувањето за објавување на дел од доказниот материјал од странска држава. Не добивме одговори на многу прашања. Се надевам дека ќе преземат нешто“, додаде тој.

Македонија | пред 9 месеци

palco-palevski-141

Палевски во петок ќе го испитува Кешишев, откако тој го посочи за планер на убиствата на Вања и Панче

Првообвинетиот за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше вратен во судница откако обвинетиот Влатко Кешишев заврши со давање одбрана и одговарање на прашањата од судијата Ивица Стефановски и адвокатот Игор Ефтимов. Час и 10 минути, траеше читањето на исказот на Кешишев, а Палевски запишуваше рачно. Палевски побара судијата Стефановски да чита пополека за да може да запише сѐ, па судијата продолжи со побавно читање.Судијата Стефановски констатираше дека Палевски знае каков исказ дал Кешишев, додека пак, обвинетиот, рече дека запишал колку што можел и побарал во келијата во затворот во Шутка, да му се достави записникот за да може да направи прашања кои ќе му ги постави на Кешишев во петок.Со ова, заврши денешното рочиште.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 9 месеци

palco

Палевски бил „Царот“ во именикот на Кешишев, кој сведочеше дека извршувал сѐ што ќе било побарано од него

„Царот“, ова бил псевдонимот под кој бројот на Љупчо Палевски-Палчо бил заведен во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев. Тој не криеше дека правел сѐ што Палчо ќе побарал од него, односно извршувал секаква наредба.„По навика му бев послушен. Палчо ми кажа да не зборам многу, да ќутам и да бидам настрана“, сведочеше Кешишев кој претходно побара Палевски да излезе од судницата за да може да сведочи за убиствата на Вања и Панче, без да се цензурира.Тој посочи дека било посочено дека ќе има грабнувања на луѓе, но не и убиство. Овој исказ е ист како оној на Велибор Манев даден на претходните рочишта. Потоа посочи и: „Рекоа дека никој не смее да дознае за ова, бидеќи можат и глави да летаат“.Кешишев последен пат на телефон се слушнал со Палевски кога првообвинетиот беше во Турција, односно денот кога полицијата ја претресуваше канцеларијата на партијата „Десна“. Тогаш Палчо му рекол дека е во Турција, а кога слушнал дека врие од полиција во партиското седиште веднаш го прекинал повикот.Кешишев сведочеше и како истите лица, односно тој заедно со Палевски, Велибор Манев и Боре Видевски биле во пештера кај Демир Капија да копаат злато.„Вељо (Велибор) нѐ натера, тој и Боре влегоа во пештерата, јас и Палчо запаливме цигара покрај реката. Дојде полиција, ги претресоа Боре и Вељо, а го најдоа и пиштолот на Палчо“, рече Кешишев.Обвинетиот одговара на прашања на обвинителството, а потоа ќе треба да се соочи и со Љупчо Палевски и Боре Видевски кои негираат дека воопшто учествувале во двојното убиство.Претходно во детали сведочеше за грабнувањата и убиствата.

Македонија | пред 9 месеци

kesisov

Кешишев за планот за убиството на Вања: Го смисли Палчо, тој имаше пиштол во рака, а мене ме викнаа за закопувањето

Обвинетиот Влатко Кешишев сведочеше дека го видел Љупчо Палевски-Палчо со пиштол во рака на местото каде Вања Ѓорчевска беше убиена и закопана. Кешишев посочи дека откако слушнал звук на истрел, го викнале да помогне во закопувањето на убиеното 14-годишно девојче.Адвокатот Игор Ефремов: Дали знаевте колку пари треба да се земат и кој треба да ги земе?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, еднаш му кажав на Палчо дека е непотребно такви работи. Меѓу нив беше договорот, меѓу Палчо, Вељо и Боре. Планот го правеше Палчо.Адвокатот Игор Ефремов: Каква беше вашата улога? (се мисли на планот за грабнувањето на Вања)Обвинетиот Влатко Кешишев: Беше да ја поместам колата до пред скалите (на зградата каде живееше Вања) и да го отворам гепекот и да седнам на совозачко седиште. Jас требаше да седам во цитроенот, да не го гасам да работи. Тогаш и јас имав моторола, јас Палчо и Вељо. Ми кажаа да го отворам гепекот. Јас тогаш излегов,го отворив, Вељо дојде прв носеше вреќа, ја стави во гепекот и отидовме. И отидовме до Бразда и тука заврши се“.Според Кешишев, возел Велибор Манев кого тој го нарекува Вељо. Позади нив седел Боре Видевски (каратистот). Палевски им се придружил кај позвожњакот кај Качанички пат.„И возеше пред нас, ние по него, за да стигнеме до местото“, рече Кешишев.Продолжи да сведочи што се случувало по грабнувањето на Вања Ѓорчевска.„Никој ништо не прозборе додека не стигнавме до местото. Кога стигнавме, излеговме сите од колата од ‘цитроенот’, Палчо од ‘кангуто’, и тој ми кажа да одам едно 20 метри да внимавам ако наиде некој бидејќи долу под патот имаше викендица со лозје, со црвени блокови, немачкана, и ми кажа да стојам на тоа растојание да гледам да не наиде некој. Па едно 3-4 пати се свртев да видам што се случува, првиот пат ги видов кога разговараа а гепекот беше отворен, не знам што разговарале беа одалечени. Повторно кажувам не се правдам, не напаѓам никого туку кажувам како што беше. Чекав таму,они разговараа. И после кога се свртев работеа, копеа. И последниот пат кога се свртев видов дека Палчо држеше пиштол во рака. Кажувам како што беше. И потоа слушнав истрел пукање-тап, тап ама некако тапо. Како неприслушно.  На крај ме викнаа да го ззатрупаме телото и не го видов беше покриено со земја. Се покри се за кратко време, ставивме стари работи кои ги најдовме таму, се што имаше фрлено. Тогаш Палчо ги избриша лопатите, една лопати и ашов и еден копач со ВД 40. Ги ставивме во ‘кангуто’, позади јас и Боре, а Палчо возеше со ‘кангуто’. Вељо го возеше ‘цитроенот’. Излеговме на патот на селото Бразда, на едно 500 метри ми кажа да ги фрлам лопатите и копачите во една банкина покрај патот, каде што имаше капини. Јас ги фрлив, он полека возеше, и продолжив со ‘кангуто’ до местото каде што се запали ‘цитроенот’“ рече Кешишев. Адвокатот Игор Ефремов: Кога видовте дека станува збор за мало девојче?Обвинетиот Влатко Кешишев: Кога го запаливме ‘цитроенотот’ се вративме во штабот, Велибор и Боре тргнаа кон Велес, Палчо остана сам во студиото, јас отидов во кујната да правам кафе и тогаш видов на ФБ дека се бара дете. Кога влегов ја покажав сликата од телефонот на детето, а Палчо не ми одговори ништо. ‘Што е ова?’, го прашав и не ми одговори ништо. Jас се повлеков во кујната и таму имав кревет, спиев таму. Кога отиде во Белград не знам, не разговаравме, не ми беше јасно ништо што се случи. Доволно ми беше што видов на слика дете, на ФБ“ рече Кешишев.Тој сведочеше за алататот со кој било извршено закопувањето на Вања.„Алатот беше во ‘кангуто’, претходно купени од Бит пазар, јас и Палчо. Пазарувавме нешто за јадење и тогаш Палчо ми рече дека имаме да земеме уште нешто. Тогаш ги купи лопатите и копачот“ рече Кешишев кој не го прашал Палчо зошто ги купил.„Моторолите ги купи Палчо, пиштолот бил на Боре, како што слушнав овде, не можам да тврдам, не сум го видел не бев таму“, додаде тој.

Македонија | пред 9 месеци

kesisov-515124

Кешишев раскажа за планот за грабнувањето на велешанецот Панче: Копавме дупка, мислев се бара злато, па Велибор кажа дека е за киднапирање

Обвинетиот Влатко Кешишев во судница призна дека тој заедно со Велибор Манев, ја копале дупката во која подоцна беше фрлено телото на убиениот велешанец Панче Жежовски. Дупката ја ископале во 2022 година, активност за која Кешишев вели: „Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо, така копавме, па се стемни, па се вративме назад“. Тој знаел и учествувал во киднапирањето, но посочува дека не знаел дека Жежовски е фрлен во дупката во чие копање тој учествувал.Целиот распит за грабнувањето и убивањето на Панче Жежовски:Адвокатот Игор Ефремов: Влатко дали се познаваш со останатите обвинети, ако да, со кои и од кога?Обвинетиот Влатко Кешишев: Се познавам со сите. Од штабот на Десна, ги запознав во Опера Хаус, кога почнав таму да работaм крајот на септември, кога се вратив од Хрватска. Со еден сопартиец од Штип зборевме дека треба да готвам за децата преку патот, има училиште, бидејќи најуваа дека „лок даун“. Спремивме мал шанк и се што е потребно да не влегуваат внатре и од таму да испорачуваме сендвичи за децата. Бидејќи немаше лок даун останав да готвам за Палчо, за мене и некој гостин ако побара. Палчо го запознавам на протест во Скопје и повеќе се запознававме во Опера Хаус. Таму ги запознав и Велибор и Боре.Адвокатот Игор Ефремов: Дали го познаваш Александар Ѓорчевски? Обвинетиот Влатко Кешишев: Епа го видов овде во судница.Адвокатот Игор Ефремов: Кои беа твоите обврски во партијата и кој ти ги даваше обврските?Обвинетиот Влатко Кешишев: Мојата обврска беше да готвам и да ги пречекувам гостите кои ќе доаѓаат во партијата за да даваат поддршка на партијата која тогаш беше Движење Трета. Служев, давав кафе, сок, вода така ќе ги пречекував сите.Кешишев рече дека не бил вработен, не примал плата од партијата но не се жали бидејќи тоа беше акција да се формира една партија. Кешишев имал понуди да работи на други места, а добар впечаток имал оставено и во Хрватска. Но сакал да работи за партијата. Адвокатот Игор Ефремов: Дали ги познаваш оштетените?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, ги видов на ФБ, до тогаш ги немав видено. Кога беше објавено за Панче, првиот пат, а за Вања видов кога се вративме видов на ФБ дека девојчето се бара. Адвокатот Игор Ефремов:  Дали имаш учествувано во копање на дупка во близина на Велес?Обвинетиот Влатко Кешишев: Да, тоа беше 2022 година, во недела дојде Велибор во работно одело, бевме сами јас и Палчо, бидејќи во недела спрема емисија за навечер. Тогаш не ми кажаа што е работата само ми кажаа да им помогнам, јас го послушав, отидовме заедно со Вељо, со неговата кола. Стигнавме кај местото Рудник, по стариот пат, од кај Катланово, таму имало стар пат за Велес и од таму се оди за Рудник. Кога стигнавме таму, Вељо извади лопати и влеговме во едни грмушки. Закриено место. И таму обележа еден круг Вељо и почна да копа, ништо не зборувавме. Јас ја исфрлав земјата. Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо. Така копавме до 2 метри длабочина се пакувавме и се вративме назад. Не зборувавме ништо. Се сучуваше во недела, бидејќи Вељо беше само во недела слободен. Пак отидовме двајцата на истото место и почнавме пак да работиме, он да копа, јас да ја исфрлам земјата. Мислев дека се работи за злато. Нелакомо на тоа, само на тоа помислив.Дупката била наменета за киднапирање на лице му кажал Вељо, сведочеше Кешишев. Дупката стоеше отворена од 2022 година додека не случи со Панче, рече обвинетиот. Обвинетиот Влатко Кешишев за снимките од куќата на Велибор Манев: Бев вечерта со Палчо, датум не паметам, се работи за таа вечер. Палчо го носеше ранецот, и го стави на совозачкото седиште каде што седев јас помеѓу нозете и тој ми побара да го извадам. Претходно извадив кеса, внатре се гледаа токи-воки моторилите. Кесата ја однесов во гаражата каде пиевме кафе и се договараа што како. Мислам дека ранецот го вративме во возилото.На прашањето што разговарале таа вечер Кешишев кажа: „Се разговараше за Панче и како да се пријде до него во куќата. Околу половина час разговаравме. Потоа ги земаа токи-воки, тројцата и тргнаа кон Панче, кон куќата. Мене ме оставија да го земам „кангуто“ и да чекам долу на страна на патот. За да се вратат они“ рече Кешишев и дополни дека тој немал моторола и ги чекал околу 40-тина минути.Потоа се вратија, рече Кешишев, кажаа дека ништо не бива и се вративме назад во штабот во Скопје.„Вториот пат, сабајлето утре дента, тогаш успееја. Отидовме пак, мене ме оставија кај пругата. Палевски замина, како што се договорија кај Панче. Јас останав во ‘реното кангу’, бидејќи Палевски ми рече да не излегувам да го чекам да се врати“ рече Кешишев и кажа дека ги чекал околу еден час.„Се вратија со ‘Цитроенот’ со нив тројцата, они се спуштаа и се паркираа покрај ‘кангуто’, со цитроенот на Панче. Запаливме по една цигара и тогаш Палчо го фрли во фолот, каде што имаше капини. И се договоривме ние да одиме, до мене седна Вељо и ми покажуваше патот. Возевме 200-300 метри а во ‘Цитроенот’ беа Боре и Палчо. Вељо имаше моторола и му кажуваше дека патот е чист. И тогаш стигнавме до тоа место, Вељо излезе од  кангуто, отиде со нив, со ‘Цитроенот’, до дупката. Кога се вратија Вељо пак седна до мене и ми кажа да влеземе на стариот пат до Катланово. Од таму стигнавме до првата населба, Маџари или како се вика,не знам. Палчо му јави на Вељо да се паркираме на поголем паркинг, а тој се паркираше позади нас. Излегоа од колата и мислам дека ги избриша воланот и мењачот со ВД 40, и дојде во кангуто и до него седеше Вељо, а јас и Боре бевме позади во кангуто и стигнавме во штабот“.Кешишев не знаел дека Жежовски е во гепекот, тоа го слушнал додека разговарале останатите обвинети. По пат до Скопје не зборувавме ништо, Велибор зборуваше само со Палевски.„Не го видов Панче Жежовски бидејќи рекоа го ставиле во ќебе, во гепек. Од тоа што разговараа, дознав дека Панче е во гепекот. Кога дојдовме во штабот на партијата во Скопје, тогаш сфатив дека Панче всушност е убиен“, тврди Кешишов.„Во штабот дознав дека грабнатиот Панче е убиен и фрлен во дупката“ рече Кешишев.„Која беше целта во разговорите за грабнување на Панче Жежовски?“, беше прашан обвинетиот, на што одговори: „Целта пред се беше за возилото, човек кој живее сам кој нема да го бараат. Возилото да се грабне за друга намера“.

Македонија | пред 9 месеци

kesisov-1

Палевски отстранет од судница, оти Кешишев се плаши да сведочи пред него

Обвинетиот Влатко Кешишев се плаши од првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој беше отстранет од судница. Адвокатот на Влатко Кешишев, Игор Ефремов, потсети дека Палчо веќе еднаш се обидел да изманипулира со Кешишев, давајќи му изјава за да ја препише, а потоа, да ја претстави како негова, во која стоеше дека Палчо не бил на местата каде се случија убиствата. Потоа, пред судот призна што се случило, односно кажа дека Палевски му ја дал изјавата при транспорт со насоки што да направи за следното рочиште.„Неговиот страв е оправдам, нема да ја зборува вистината во негово присуство“, рече Ефремов, а Кешиев рече дека и тој сака Палевски да не е во судницата додека дава одбрана.На ова реагираше Палевски, кој рече дека не е вистина дека тој му давал писма, кој тој требало да ги препише и да ги претстави како негови.„Ова е вторпат да се кажуваат лаги без доказ. Молам да бидам присутен зошто што ниту досега не сум бил укорен на судења. Мене ми е важно да го слушам“, рече Палевски.Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Палевски, сметаше дека ова е само драма и сметаше дека Палевски треба да остане во судницата додека Кешишев зборува.„Не треба судот да гог дозволи барањево. Пред блефирања, судот не треба да попушти“, рече адвокатот на Палевски.Судијата Ивица Стефановски реши дека Палевски треба да биде отстранет од судницата поради сомнежот дека Кешишев ќе се плаши да ја каже вистината. Палевски беше изнесен низ страничниот влез на судницата, од каде што и го спроведуваат кога го носат од затворот во Шутка каде издржува притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 9 месеци

bore-videvski-5

Каратистот обвинет за убиството на Вања и Панче не знае кај му е пиштолот кој го споменуваше Палчо: Беше на разни места во куќата, па надвор

Обвинетиот каратист Боре Видевски, на кому му се суди за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кога бил уапсен од полицијата, па давал исказ пред обвинител, раскажал сѐ, во детали, планот и реализацијата на грозоморниот чин. Ова го покажуваат записниците кои беа читани во судницата, а откако Видевски, во тек на судењето, реши да негира било каква поврзаност со убиствата. Прашања до обвинетиот поставуваше и судијата Ивица Стефановски, кој го праша, зошто носеле радио станици со нив, што се гледа од снимките кои беа презентирани. Според Видевски, вообичаено било да зборуваат на мотороли во партијата.„Партијата планираше активности, собиравме декларации за името на МПЦ-ОА. Радиостаниците, претпоставувам, беа за конекција, за да комуницираме ако има повеќе народ. Еден стои напред, друг позади и не се користат мобилни“, рече Видевски, образложувајќи ги ноќните снимки.Откако на претходните рочишта, првообвинетот Љупчо Палевски-Палчо сведочеше дека пиштолот на Видевски е „клучот“ за разчистување на убиствата, судијата Стефановски го праша обвинетиот – каде му е оружјето за кое имал валидна дозвола.„Не знам. Повеќе години не ми текнало на него, не знам каде е ставен. Во 2017 година се правеше пререгистрација на дозволите, но не го барав пиштолот, отидов само со дозволите. Без овие година и пол (додека е во притвор), го немам видено пиштолот. Беше на разни места во куќата, па дислоциран надвор“, одговори Видевски.Прашан од судијата Стефановски, кој го изнел пиштолот надвор, Видевски одговори: „Јас, но не се сеќавам каде го дислоцирав, каде е ставен. Не сум љубител на ооружје, купен е од помодарство пред 30 години“.Обвинетиот Видевски не образложи ниту зошто го изнел од дома.На претходните рочишта, Марјан Витановски, поранешен адвокат на Љупчо Палевски-Палчо, рече дека случајот ќе се расчистел ако чаурата најдена на едно од местата каде се случија убиствата се поврзе со оружјето на Видевски.Судијата го праша обвинетиот и дали му било чудно што Велибор Манев, го поканил доцна навечер да се прошета со него, па му дал да стави ракавици, на што Видевски одговори: „Не ми се верува дека било многу доцна, а и друг пат знаеше да ми каже, ‘имам работа, дојди ако сакаш’“.На следното рочиште, исказ треба да даде Влатко Кешишев.

Македонија | пред 10 месеци

vanja-pance-palco-sudenje-2

Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче, ќе се читаат исказите на каратистот Видевски

Денеска продолжува судењето за грозоморното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и вечешанецот Панче Жежовски.На рочиштето ќе се читаат исказите на каратистот Боре Видевски од истрагата.На последното рочиште, тој негираше вина за двете грабнувања и убиства.Тој тврдеше дека не договарале киднапирање туку литија против промена на името на МПЦ, за време на убиството на Жежовски бил на работа, а за време на убиството на Ѓорчевска спиел во седиштето на партијата „Десна“ во Скопје и тоа до 10 часот, а потоа си заминал во Велес.Негираше се што кажал во полициска станица каде што тврдеше бил тепан за да признае и потпише.По читањето на исказите ќе следи испитување на адвокатите на останатите обвинети.

Македонија | пред 10 месеци

bore-videvski-5

Каратистот „смени касета“: Откако призна, сега негира вмешаност во убиствата на Вања и Панче, а памети дека преспал во партијата вечерта пред ликвидацијата на девојчето

Каратистот Боре Видевски, обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во неговиот исказ негираше било каква поврзаност со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој пред судот тврдеше дека на средбите со другите обвинети бил со цел да договорат литија против промена на името на МПЦ. Ова негирање дека сторил било што, доаѓа, откако претходно призна вина, како во полиција, така и пред обвинител, па подоцна менуваше ставови. Сега, пред судот рече дека признал вина под присила.Денот пред да се  случи убиството на Панче Жежовски во Велес, тои посочува дека бил на работа, па дома славел „Св. Архангел Михаил“. Од неговиот адвокат беше прашан, кога сил во домот на Велибор Манев, за што постојат снимки.„Претседателот на партијата Палевски имаше одредени сознанија дека ќе се смени името на МПЦ-ОА во Црква на Северна Македонија. Ние имавме задача да ги собереме декларациите од цела држава, да се соберат најмалку 150.000 декларации, па да се прават митинзи и литии низ градовите. Првата литија требаше да биде во Велес, претпоставувам дека видеата е една од тие подоготвки“, рече Видевски за снимките, за кои претходно Манев кажа дека се дел од подготовките за грабнувањето на Панче Жежовски.За снимките од вечерта пред грабнувањето на Вања Ѓорчевска, обвинетиот Видевски рече дека отишол на состанок во партијата „Десна“.„Разговаравме до доцна, имаше потреба да се најдат простории за активности, дискутиравме за политика. Преноќивме, а спиевме кој кај ќе најде место. Јас легнав во просторијата каде што седевме, на едно душече, Велибор и Влатко спиеја во кујната, а Палевски беше на спратот. Утредента поседовме малку и си отидов“, рече на кратко Видевски, спротивно на исказот на Манев кој кажа дека утрото отишле да го киднапираат девојчето, кое подоцна, Палевски го убил.Потоа, Видевски почна да зборува за приведувањето на 3 декември, кога беа пронајдени безживотните тела на Вања и Панче. Се жалеше дека го тепале и терале да зборува.„Ми кажуваа податоци, па ме прашуваа зошто сум го направил тоа, ми рекоа ‘зборувај’, a јас од почетокот им кажував дека не знам ништо, бидејќи не знаев ништо. Ме удираа посилно, не знаев каде да се бранам, ме удираа во ѕид. Ми покажуваа слики од мобилни телефони меѓу кои и од Вања. Тие ја направија изјавата и ме натераа да потпишам“, рече обвинетиот Видевски, тврдејќи дека полицајци го присилиле да каже дека го познава и обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања.Тој се правдаше дека признал се пред обвинител бидејќи бил под страв.„Таму (Обвинителство) дадов таква изјава, затоа што бев под огромен страв. Ме прашаа дали имам повреди, реков дека не сум повреден. Оттука ме однесоа во притвор“, посочи обвинетиот Видевски, жалејќи се дека бил тепан и во ќелија откако добил притвор.Тој призна дека и пред судот признал вина односно го кажал истото што и во Обвинителството и судот.Сведоштвата на Велибор Манев од претходните рочишта можете да ги најдете тука.

Македонија | пред 10 месеци

velibor-manev

Манев за убиствата на Вања и Панче: Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари, така се роди идејата за грабнување

Обвинетиот Велибор Манев, за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговараше на прашања од судијата Ивица Стефановски. Тој раскажа како дошле до идеја за грабнување.„Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари. Така се роди идејата за грабнување. Реков претходно дека 150 илјади евра ни беа ветувани, но откако виде дека не е таа жена, ни рече дека ќе се обиде да извади по 20 илјади евра по човек. Се двоумеше Палчо меѓу поранешен директор на Гранит и оваа ќерка на фармацевт. Имавме намера да грабнеме едно лице“, рече Манев.Тој се бранеше дека не би учествувал во грабнувањата ако знаел дека Палевски има пиштол. Но истовремено, вели и: „Имаше моменти кога сакав да се откажам, но два пати ми повтори дека ќе ми ја убие фамилијата пред мене“„Да знаев дека Палевски носи пиштол немаше да бидам тука, рече Велибор Мане.Тој раскажа и како со каратистот Боре Видевски купиле WD-40 средство, за да бришат траги.„Неколку дена подоцна купивме WD 40 спреј и ракавици. Јас и Боре отидовме во куќата на Панче Жежовски сакавме да бришеме евентуално ако има траги. Но не можевме да ја отвориме вратата“, вели Манев.За комуникација при спроведување на грабнувањата и убиствата, посочи дека користеле мотороли, а не телефони. Според него, единствен кој имал уред со него бил Палевски, но не знае кој број го користел. Според Манев, телефонот му бил за да ја слика Вања и да изнуди пари.

Македонија | пред 10 месеци

palco-palevski-141

Палевски ја убил Вања, ја сликал, па запалил цигара, сведочи обвинетиот Манев

Љупло Палевски-Палчо откако ја би Вања, ме натера да ја одлепам ленатата од нејзината уста за да може да ја слика со вперен пиштол, сликата да ја прати на родителите од кои сакаше да побара пари, сведочи обвинетиот Велибор Манев.Сведоштвото е монструозно. Според обвинетиот, по убиството, Палевски, запалил цигара и го отворил телефонот да види што се случува. Потоа, според него, Палевски извадил нови алати од возилото со кои ги натерал да се откопа дупка и да се закопа Вања.„Тој човек воопшто не учестуваше во убиствата и да не ја минува истата голгота досега не го спомнав“, додаде Манев.Пред да ја фрли лопатата, Палчо со средство за чистење ВД-40 ја чистел рачката и металот за да ги сокрие трагите, додаде обвинетиот.

Македонија | пред 10 месеци

manev-palco

Прашајте го Палевски зошто ја уби Вања, рече Велибор Манев прашан од таткото зошто ја убиле ќерка му

„Зошто ми го убивте детето?“, го праша Александар Ѓорчевски обвинетиот Велибор Манев откако, по неговото сведочење во кое детално ги опишуваше киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„На тоа прашање не можам да одговорам, треба да го прашате Палевски, тој што го изврши тоа“, му врати Манев.На денешното рочиште Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски, го испрашуваше второобвинетиот Велибор Манев.Манев рече дека во тој момент патот кон езерото не бил затворен поради градежни активности.

Македонија | пред 10 месеци

palco-velibor-manev-5

Еден адвокат се откажа од Палевски, му го откажа полномошното и нема да го брани

Адвокатот Марјан Витановски му го откажал полномошното на неговиот клиент Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година, јавува „Плусинфо“. Судијата Ивица Стефановски ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово.Адвокатот Јовица Страшевски ќе продолжи да го застапува Палевски.Од самиот почеток на судењето Палевски беше застапуван од кумановскиот адвокат Марјан Витановски, кој тврдеше дека Палчо е невин.

Македонија | пред 10 месеци

MVI_0147.00_31_16_12.Still005

Му се слоши на таткото на убиената Вања, додека Манев раскажуваше како ја грабнале и убиле неговата ќерка

Додека траеше сведочењето на Велибор Манев, обвинет за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, му се слоши на обвинетиот Александар Ѓорчевски, кој е татко на убиената Вања. Ова се случи додека Манев раскажуваше како е грабната Вања, кој бил планот, но и како е убиена. Манев до најситен детал го раскажуваше планот.Судијата даде пауза, а Ѓорчевски беше изнесен и вратен во судницата. Му беа дадени медикаменти.Судењето ќе продолжи. 

Македонија | пред 10 месеци

manev-vanja

Велибор Манев сведочеше како ја грабнале Вања: Палчо им дал слика, им кажал дека е жена, планот успеал од третпат

Обвинетиот Велибор Манев раскажа дека од зградата во Скопје каде е киднапирана Вања Ѓорчевска, требало да биде изнесена жена на возраст од 38-40 години. Манев сведочеше дека Љупчо Палевски Палчо: „Цело време ни ги покажуваше сликите на жената на телефонот, стварно изгледаше на 38-40 годишна жена дали беше фотошопирана важно староста не беше за дете“.Интегрално, „Скопје1“ го пренесува распитот на Манев:Адвокатот Горан Бошевски: Се исклучивме кај Катланово, по стариот пат продолживме за Скопје. Каде отидовте во Скопје?Обвинетиот Манев: Па искрено возев, до Хиподром, не знам ни јас како возев, кога дојдов кај Хиподром го видов пикапот, значи тргнавме за Скопје, Палевски со Влатко Кешишев наред, а јас и Боре во ‘цитроенот’ позади нив. Преку моторола Палевски ми кажа да го следам и он скршна према Кванташки. И пред пругата, тука запре имаше паркинг и ми рече тука да го оставиме возилото на Панче Жежовски да го паркирме тука на паркингот. Откако паркиравме, нѐ товари во задниот дел од пикапот и не однесе во канцеларија.Адвокатот Горан Бошевски: Што разговаравте после тоа?Обвинетиот Манев: Отидовме во канцеларија, кога влеговме, Боре отиде до тоалет, Влатко отиде да прави кафе, останавме ја со Палчо и го прашав зошто сето ова, он ми рече ‘прекини Вељо, ништо не разбираш прекини да не се повторувам’. Мислеше најверојатно на тоа дека ќе расипеме пријателство и фамилијата ми е убава. Влатко дојде, и Боре мислам го испивме кафето, станав да си одам заедно со Боре со автобус да си одиме и нѐ праша „каде?“ Му реков ќе си одам за Велес. За вечер повторно да се видиме, му реков дека немам пари, со последните пари што ќе ги дадам за автобуски карти за Велес, дека нема да можам да дојдам и немам со што да дојдам. Ги зема клучевите од пикапот, ни ги даде и вика со ова ќе одиш и вечер пак ќе дојдеш со него гориво има.Адвокатот Горан Бошевски: Дали дојдовте истата вечер во Скопје?Обвинетиот Манев: Да. Палевски нѐ однесе до местото викано Оризови или не знам Дупки (местото каде е убиена и закопана Вања), и што да видам под самиот пат имаше лозја необработени, и некои столпчиња бетонирани и мислев дека тука ќе се чува грабнатата жена, го видовме местото и се вративме во канцеларија. Чекавме, оти беше уште рано, прилегнавме да дремнеме по малку, првиотпат, тргнавме да ја грабнеме жената, малку закаснивме временски, и поради тоа што не можевме да стигнеме на време, тука се вратив, со колата што претходно ја земавме од паркираното место, на Панче Жежовски, и повторно се вратив и го препаркирав вториот пат на главната улица на поширок тротоар на главната улица кон Мааџари. Од десна страна. И си заминавме после тоа до канцеларија, не се задржавме многу, и од таму продолживме до Велес со пикапот ‘кангу’.Адвокатот Горан Бошевски: Кога следен пат дојдовте до Скопје.Обвинетиот Манев: Во четвртокот ноќта повторно бевме во Скопје и да пробавме по втор пат за да ја грабнеме жената што претходно ја лоцирал Палевски. Стасавме на местото, пред зградата, требаше по кажување на Палевски, жената да се бутне по скалите по излезот, да се бутне во нискиот дел она зградата и таму да сме ја врзувале. Ми дојде дека од еден до дуќаните. излезе жена, па така се одложи и вториот пат грбнувањето.Адвокатот Горан Бошевски: Која особа планиравте да ја грабнете?Обвинетиот Манев: Претходно, Палевски кажуваше повеќе особи, една запамтив, беше директор на Гранит, Страшо, наводно. Така го кажуваше, не го познавам не знам ни како изгледа. После тоа се одлучи на жена на 38-40 годишна жена, ќерка на некој од фармацевтските куќи. Цело време пред да се случи самото грабнување, 10-тина дена претходно ја следел да ги видиме кога излегува, каде работи и наводно ја сликал. Цело време ни ги покажуваше сликите на жената на телефонот, стварно изгледаше на 38-40 годишна жена дали беше фотошопирана, важно староста не беше за дете.Адвокатот Горан Бошевски: Кога го грабнавте женското лице?Обвинетиот Манев: Тоа беше сабајлето 27-ми, третиот обид за грабнување.Адвокатот Горан Бошевски: Од каде тргнавте од Скопје?Обвинетиот Манев: Во текот на викендот, Палевски со уште една особа возилото на Жежовски го пренесуваат во Радишани. Кај пазарот на Радишани. Сабајлето на 27.11 нѐ однесе во Радишани и не остави со ‘кангуто’, тројцата, мене Боре и Влатко Кешишев, таму го стартувавме возилото и тргнавме кон зградата за грабнување.Судењето е во тек, сведочењето продолжува...

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања