Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

вања

vanja-tatko-tufegdzik

(Видео) Адвокатот на таткото на Вања: Нема основ ниту аргумент да го држат како обвинет, се обидоа да го дискредитираат

Адвокатот Владимир Туфегџиќ смета дека обвинителките се обидувале да го дискредитираат обвинениот Александар Ѓорчевски, им смета дека со завршување на испрашувањето - немаат основ да го држат како обвинет со вакво обвинение.„Единствено што ми пречеше беше дозата на дискредитација од страна на јавниот обвинител. Тој смее да дискредитира исказ, но не и личност на обвинетиот. И тука се почувствува тоа, еден малку понижувачки однос кон Александар. Тоа го забележавте по прашањата кои беа поставени и се од лична природа. Ова денеска значеше проверка на Александар, проверка на сите искази на Александар дадени во постапката, вклучително и полициска и истражна постапка, и постапка пред јавен обвинител. Јас сум лично задоволен и во основа нема никаков основ ниту аргумент понатаму да го држи Александар со вакво обвинение“, рече Туфегџиќ.Авокатот кажа дека не приговарале на прашањата од Обвинителството, без разлика на дискредитацијата, за да Александар Ѓорчевски објасни се што тие сакаат.

Македонија | пред 7 месеци

aleksandar-gjorcevski-vanja-tufegdzik-palco

Палевски го испрашуваше таткото на убиената Вања, кој одби да му одговара на прашањата

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кого го гонат за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го распрашуваше Александар Ѓорчевски, татко на убиеното девојче.Љупчо Палевски-Палчо: Дали сте слушнале дека сум имал комуникација со било кој член од вашето семејство?Александар Ѓорчевски: Јас како што кажав ниту ве знам ниту ве познавам, за прв пат ми бевте посочени како монструм во полициска станица, првпат ве видов тука во судница, ниту па знам човек што ве познава вас вклучително и моето семејство. И би ја искористил можноста да не одговорам на ваши прашања, инаку секое моj нареден одговор ќе гласи исто.Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека вие сте се грижеле за станот на Наум Наумовски Борче, сте слушнале ли дека сум бил присутен последните 10 години?Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Апсолутно приговарам, бидејќи со првиот одговор е одговорено на прашањето рече адвокатот Туфекџиќ.Судијата Ивица Стефановски: Се дозволува прашањетоАлександар Ѓорчевски: Немам коментар.Љупчо Палевски-Палчо: На истата околност, дали сте слушнале од таткото на Зорица, Лазаров, имал било каков проблем при купување на предметните станици?Александар Ѓорчевски: Немам коментар.Љупчо Палевски-Палчо: Последното, колку да влезе во записник, неколку пати кажавте дека МВР се однесувала кон вас како да сте ретардиран, но и денеска видовме такви ретардирани однесувања од ОЈО….Реагираше судијата Ивица Стефановски за квалификациите..Љупчо Палевски-Палчо: Добро не сте ретардирани. Но и денеска видовме слични тврдења од ОЈО, хипотетички, доколку јас и вие сме биле во дослух од користољубие да ја примораме Зорица Ѓорчевска да даде пари како што е напишано во обвинението, нели е логично да биде убиена Зорица Ѓорчевска а не Вања Ѓорчевска, бидејќи ќе наследевте сѐ, така ли е прашувам како ОЈО?Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Ова се слободни константации на обвинетиот кои никаде не се содржани во обвинението, во делото кој се однесува на Александар Ѓорчевски, ниту е посочено лице кое го посочува обвинетиот - рече Туфеџиќ.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Немам коментар.Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека Гоце Трајковски ви помагал во истрагата, дали почувствувавте дека секој ваш збор на вашата сестра, сопруга е содржан во доказот број 152 каде јасно се гледа дека се што видел и слушнал Гоце Трајковски во ваша близина, е пренесено на Музефер Каришиќ. Дека додека одмарате во станот на 02.12.2023 ве сликал како одмарате со коментар „еве го“. Дали останувате на тоа што го кажавте дека сте малтретиран и тепан во ПС, во доказот 152, од комуникација на Гоце Трајковски и Каришиќ постои доказ за незаконска истрага ексдиректорот на КПУ Затвор Скопје, вршел истраги, влегувал во ќелиии и поставувал прашања кои се следни: Дали сте познаваме? На што вие сте одговориле нека дојде Палчо очи во очи, да видиме дали сме кажале некогаш во животот, дали сме упознале а тие тројцата му викале на Сокол, „Палчо ја уби“ му рековте зошто ја уби, сум рекол и така и вака парите ќе ги земам, демек ми требаат за партијата, сме немале пари за избори“. Дали овие разговори се случиле во КПУ Затвор Шутка, за време на вашиот престој?Александар Ѓорчевски: Немам коментар повтори Александар Ѓорчевски.Љупчо Палевски-Палчо: Не сакам да поставувам прашања, гледам дека човекот е вознемирен, и сметам дека е невино обвинет тука. Се спомена ФБ група, но ниту ОЈО денес, ниту во обвинението, не кажа во колку часот се праќани тие пораки. Па јас би ве замолил да го кажете втремето, кога е пратена пораката?Александар Ѓорчевски: Немам коментар.Љупчо Палевски-Палчо: Во колку часот сте пратиле порака на децата за да се облечат заради ниските температури, затоа што во целата истрага не се користи часовник, туку само денови а многу е важно заради изјавите кои ги давале другите обвинети, а се единствените причини вие да сте овде?Александар Ѓорчевски: Немам коментар.Со ова, распитот заврши.

Македонија | пред 7 месеци

aleksandar-gjorcevski-vanja-tatko

Таткото на Вања: „Цитроенот“ возеше споро, како да добива инструкции и ми стана сомнителен, од полицијата не видовме ништо конректно, почувствував дека се сомневаат и во мене

Таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кого обвинителите го гонат дека помогнал со информации на Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, одговараше на прашањата поврзани со денот на грабнувањето на Вања.Обвинителство: Кога сте отишле на локацијата каде што бил последно сигналот на Вања, вие не сте излегле од автомобилот, сте одлучиле да одите во болницата, за вашето заминување кај докторот не кажавте на никој?Обвинетиот Ѓорчевски: Вашето прашање од почетокот е погрешно поставено. Кога се сретнав со чичко и на Зорица, и со групата на полицајци во цивил, пребарувавме во околните гаражи. Не сум го напуштил веднаш местото. Позади мене седи еден од тие луѓе, ако смее нека потврди. Не сум го напуштил веднаш местото. На Митре не сум му кажал дека ќе одам во болница.Обвинителство: Не ја известивте Зорица дека заминувате, ниту Митре Лазаров, ниту овластените службени лица дека биле на местото кои ја барале Вања?Обвинетиот Ѓорчевски: Не, не е така, знаеше за моето движење, јас знаев за нејзиното движење, телефони постојано фрчеа, јас се јавував кај Зорица она кај мене, а дедо Митре рече дека ќе продолжи до потрагата со регионот во кој се наоѓа.Обвинителство: Зорица беше испитана и кажа дека не сте ја известиле дека заминувате од местото, а од ваша страна нејзе не и поставивте прашање, за да го докажете ова што денес го тврдите?Обвинетиот Ѓорчевски: Јас навистина не знам кога точно и сум се јавил, но таа знаеше дека ќе одам со братучедот Дарко да ја барам Вања по болниците.Обвинителство: Пред да одлучите да заминете, не ја прашавте Зорица каде е Миња?Обвинетиот Ѓорчевски: Јас знаев дека Зорица ќе оди во училиште, Миња и Вања имаат трет час заедно, зошто да ја прашувам како е Миња, кога Вања ја нема, што е приоритет?  Значи не е воопшто така, ние бевме повикани од полицијата да се вратиме од Хаус Гарден пред зградата. Таму се договоривме, откако на кратко дадовме некакви изјави, не се сеќавам на што се однесуваа, јас се вратив сам, без Зорица кај Хаус Гарден, каде што веќе беше чичко и на Зорица, една група луѓе кои претпоставив дека се полицајци и влегував со нив по гаражите. Не го известив чичко и каде ќе одам.Обвинителство: Рековте дека откако сте провериле дека Вања не се наоѓа по болниците, тој ви дал нешто вам за смирување, па ви дошло некако природно со колата да продолжите кон граничниот премин Блаце, нели е чудно тоа?Обвинетиот Ѓорчевски: Откако ја завршивме претрагата по болниците, најблиските премини се Блаце и излезот од Скопје кон Ѓорче Петров. Јас претходно се јавив кај пријатели кои ми потврдија дека детално ќе се прегледуваат детално сите возила на граница. Поминав кај Палас, и наидов на невидена гужва решив да свртам полукружно и да се упатам кон Ѓорче Петров, вие како обвинител може да дадете наредба до безбеден град, да се види моето движење пред и после една недела од настанот.  Оваа информација ви е од мене. Јас на првиот исказ кај вас ви побарав детектор за лаги. Ми рековте дека не е дозволено употреба на таков уред, кој децидно ќе докаже дали ја зборувам вистината или не. Од мене ви е таа информација, а до бранителот веднаш реагирав во судницата, му посочив за која снимка се работи и каде се сум се движел, и му посочив за кој момент се работи, он ве прашал, и вие сте му рекле дека само тие пет секунди сте ги добиле. И уште една снимка како од кај мостот на Треска влегувам во Скопје.Обвинителство: Како не ви дојде природно да се вратите од местото каде што се сите и ја бараат Вања, значи ли тоа дека однапред знаевте дека нема никакви шанси да ја најдете Вања?Обвинетиот Ѓорчевски: Јас се надевав дека ќе ја најдам Вања по пат, дека некој што ја украл ќе ја пушти, разговарав по телефон со пријатели кои можат да помогнат, пресудна беше пораката во Вибер групата да се гледаат камери и одлучив веднаш се вратам во Центар и заедно со родителите почнавме да бараме камери.Обвинителство: Велите дека во дадената одбрана на 07.04 дека сте имале и сценарио дека Вања е киднапирана?Обвинетиот Ѓорчевски: Да.Обвинителство: Нели е чудно зошто да имате сценарио дека Вања би била киднапирана?Обвинетиот Ѓорчевски: И јас се прашувам зошто, и тогаш сите се прашувавме, но моментот на исклучување на нејзиниот телефон, скршнување на патот кон улилиште, наведуваа на тоа дека не е по своја волја отидена. Тоа со Зорица го констатиравме во 7 часот и 47 минути, и Зорица ги замоли колешките да објават по социјалните мрежи.Обвинителство: Кажавте дека еден од инспекторите, ви рекол дека, само вие велите дека Вања е киднапирана?Обвинетиот Ѓорчевски: Точно е дека тој тоа го кажал, но апсолутно не е точно дека само јас сум го кажал дека Вања е киднапирана. Не видовме ништо конректно од истрагата на полицијата за пронаоѓање на Вања.. Уште на самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене.Ѓорчевски раскажа за сведокот, Гоце Трајковски, за кој рече дека го знае 23 години од неговото венчавање од кога му бил кум. Потоа одговараше и на прашањето околу поврзувањето на работите и откривањето на возилата.Обвинетиот Ѓорчевски: Во моментот кога се појави Гоце воошпто немав поим какви контакти има во полиција и какви пријатели кои можат да ни помогнат. Но многу брзо дека заклучив она што вие сега го констатиравте. За лицето од ‘Сејф сити’ и некои други во истрагата која ја работевме јас и Гоце бевме замолени да не ги откриваме индентитот за да не си ја загубат работата.  Не знам колку скрин шота испративме во Сејф сити, меѓу кои беше и тоа возило, кое навистина испушташе поголем час, се движеше со помала брзина, имаше одблесок на хаубата како да е замрзнато, времето се совпаѓаше со времето на исчезнување на Вања, која пеш не би можела да стигне до таму, се сомневавме и на едно бело комбе, а испративме повеќе снимки од возила.Обвинителство: Ако полициските службеници, ги обезбедуваат снимките, како вашиот пријател кој работи во ‘Сејф сити’ не ги исвестил неговите претпоставени туку прво ве известува вас, а не можете да го откриете неговиот идентитет, а притоа се работи за вашето дете?Обвинетиот Ѓорчевски: Ако биле внесени регистарските таблички во системот на ‘Сејф сити’ денес во судницата ќе се расправаше само за убиството на велешанецот Панче. Претпоставувам дека немале наредба да го бараат возилото. Toa е пропуст на полицијата. Контактот навистина не знам кој е, немам разговарано со него, тој не смееше да ни дава снимки од ‘Сејф сити’, така би ги прекршил правилата и би соочил со казна, меѓутоа ние смеевме него да му праќаме снимки.Обвинителство: За првото возило кое ви станало сомнително, сте го известиле и началникот Дејан Димовски кој кажа дека сте му пратиле фотографии на ‘Вибер’ дека од сите возила кои се забележуваат на камерите само тоа возило ‘цитроен’ ви е сомнително бидејќи било тазе запалено, така?Обвинетиот Ѓорчевски:  Не беше таков редоследот на настаните. И не се сеќавам дека јас му пратив снимка, мислам дека Гоце му прати и тоа беше во деновите кога јавно на социјалнните мрежи имаше објавува за исчезнување на татко (од семејството на убиениот Панче Жежовски) заедно со возилото. А господинот Дејан Димовски не приметив дека ниту во еден момент мене ме обвинува дека има докази за мене и против мене и само дека имале сомнежи.Обвинителство: Кога сведокот Дејан Димовски ви одговори за возилото кое било пратено, дека тоа е запаленото возило, вие сте одговориле дека мислеле на тазе стартувано возило?Обвинетиот Ѓорчевски:  Дејан Димовски не ме информираше дека е запалено возилото, дознавме од социјалните мрежи дека е запално возилото. И јас му немам пратено на ‘Вибер’ дека возилото е запалено. Го немам информирано. Дури и како што разбрав од Гоце, они дознале два дена потоа, по службена должност, дека е запелено возилото.Обвинителство: Значи од нигде никаде само вам ви стана сомнително возилото ‘цитроен’, каде што не се гледа Вања?Обвинетиот Ѓорчевски: Од снимките не се гледа колку лица има во возилото, не ми беше само тоа возило сомнително. Но кога ми беше посочено од ‘Сјефт сити’, го гледав на три камери. Се движеше сомнително, како се движи како да добива инструкции од некого.Распитот е во тек.Претходно:

Македонија | пред 7 месеци

gjorceski-2

Кога Зорица јави дека Вања ја нема, бев избезумен што и гол да излезев немаше да биде невообичаено, рече таткото на Вања, откако обвинителот го праша дали бил буден и спремен кога исчезнало девојчето

Обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и на Ана Стојкова Димитриевска, на денешното рочиште го испрашуваат обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, пред судот.Обвинителство: Кажавте дека освен Љупчо Палевски, другите не ги познавате, а за него сте слушнале само?Обвинетиот Ѓорчевски: Да токму така, но не како личност туку кога имаше за објектот Тифани, него го споменуваа како Упа, не знам дали како изведувач или не знам што. Инаку ниту на ТВ, ниту никаде на друго место го имам видено како изгледа.Обвинителство: Кажавте дека од 1993 до 1995 година, бевте зависник но не кажавте од која дрога. Од хероин така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да, кажав, бев зависник. Неспорно тоа го знаеја сите мои колеги, пријатели. Супстанцата беше хероин. Ја користев назално, не со шприцеви. Не сум бил екстремен зависник.Обвинителство: Кога ви се родиле децата, сте одлучиле да не работите 7-8 години, за да ги чувате децата, така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да токму така, Зорица имаше срцева мана, и јас од самиот почеток ги презедов сите обврски кон децата и семејствата, како за моето така и за на Зорица, и за да и олесниме, дури во еден момент дадов целосно отказ, во моментот кога бев вработен во Кометал. За кој што отказ мислев дека ќе биде од краток временски период додека сте стабилизираме. Меѓутоа многу набрзо дојде Миња, имаше само 1 година и 4 месеци помеѓу девојчињата, обврските се дуплираа така што се продолжи мојот рок кога бев невработен. Од 2010 до 2017 година.Обвинителство: Вие одлучивте да не работите, иако децата можат да одат во градинка, или двете баби може да се грижат за децата, да немате никаков финансиски придонес во семејството кое требало да се издржува само од нејзината плата?Обвинетиот Ѓорчевски: Не е така, додека Зорица беше бремена, немаше приходи, живеевме од мојата заштеда. Имавме пари од свадбата, имав поддршка од татко ми, а што се однесува до тоа со бабите, мајка и на Зорица инсистираше да земеме жена, а она и мајка ми воопшто да не се мешаат во воспитувањето на децата. Имавме неуспешен обид, земавме жена додека беа уште малечки, во детали ја фативме како на Миња и дава некакви средства за спиење за да седи мирна, од тие причини не се осмеливме да побараме друга жена, во градинка се обидовме, ги запишавме, и двете, една недела одеа во градинка и потоа две недели беа дома.Обвинителство: За вас беше нормално да не сакате да работите и ви беше сеедно дали ќе земате вие плата или не?Обвинетиот Ѓорчевски: Не било нормално, јас бев принуден, немаше кој. А јас не знаев колку време ќе трае тоа мое отсуство од работа. Се надевавме дека што побрзо ќе се вратам на работа, во секој момент можев да се вратам на работа и ми беа отворени вратите на две фирми.Обвинителство: Кажавте дека сите сопственици биле задоволни од вашето работење, ви давале дури и препораки, чиј сопственик бил Трифун Костовски, кој неодамна јавно изјави дека за вашиот татко има само пофални зборови, но за вас рече дека  не сака да коментира и дека не бил задоволен од вашиот придонес, тоа значи дека не сте биле добар работник како што се фалите, така ли?Обвинетиот Ѓорчевски: Не сум слушнал за таква изјава од господинот Костовски, го знам од мали нозе, дури сме играле и тенис заедно. Господинот Костовски не ми беше надреден мене директно, имаше многу структури помеѓу мене и него кои ја оценувале мојата работа и мојот придонес, а лично од господинот Трифун Костовски сум слушал само пофални работи, за конкретно нешто што сум направил. ТВ не гледам од  тие причини, дека се објавуваат непроверени информации. Јас до 5-то одделение бев соучесник со Радмила Шеќеринска и бевме првенци на генерација. Потоа дојде тинејџерски период, татко ми заминуваше на привремена работа во Полска, и како сите мои другарчиња попуштив со учењето. Во средно училиште бев принудно запишан во Економско, сакав да се запишам во Орце Николов, насочено образование за ниски струи, но татко ми ме запиша економско без моја согласност бидејќи ќе може во иднина да ме запосли бидејќи е успешен во тој сектор.Обвинителката реагираше бидејќи Ѓорчевски не одговара кратко и јасно на прашањата, на што обвинетиот рече: „Мене ова ми личи на испитувањето во полиција“.Обвинителство: Рековте дека ги следите вашите деца на Гугл мапс, за неделата рековте, дека Миња била излезена вечерта, ви се јавила дека останала сама, дека е во ваша близина, побарала помош од вас да ја испратите дома, вие рековте дека не сте отишле и преку камерата и преку мобилниот да ја следите иако било смртно преплашена?Обвинетиот Ѓорчевски: Слонче не е во моја непосредна близина, туку во близина на училиштето, а Миња не била смртно преплашена, туку вообичаено. И да, точно е дека ми требаа 15 минути за да стигнам до таму за да ја испратам до дома, и таа ќе требаше да седи сама 10-15 минути, да заедно се решивме и се договоривме, да и правам друштво како што опишавте. Не отидов бидејќи тоа сме го правеле многу пати претходно. Откога почнаа да одат и да се враќаат дома од училиште, зборуваа или со мене или со Зорица.Обвинителство: Децата одеа само прва смена?Обвинетиот Ѓорчевски: Да децата одеа само прва смена.Обвинителство: Учеа во исто училиште и одеа иста смена, така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да.Обвинителство: Вие го знаевте распоред на часови, од повеќе причини?Обвинетиот Ѓорчевски: Имаше моменти кога губеа некој час, сакав да имам увид во тоа, кога ќе им спојат со други одделенија, кога порано ќе ги пуштат да си одат дома. Во секој момент сакав да знам на кој час се.Обвинителство: Според редовниот распоред на часови, Вања без исклучок, секој петок оди сама на првиот училишен час, бидејќи Миња почнува со настава од вториот час, така ли беше на 24.11.2023 година во петокот?Обвинетиот Ѓорчевски: Да таков беше редовниот наставен план, за таа година за прв пат. Дури невообичаено, Миња наставата ја почнуваше од втори час.Обвинителство: На 24.11.2023 бил направен обидот за грабнување на Вања, тоа го слушнавме од многу искази тука, така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да.Обвинителство: На 27.11.2023 понеделник, Вања по исклучок треба да оди сама на првиот училишен час, така?Обвинетиот Ѓорчевски: Да.Обвинителство: За тоа дека Вања ќе оди сама, а Миња ќе оди од вториот час, се знаело од неделата вечерта, на 26.11.2023 година...?Обвинетиот Ѓорчевски: Постои комуникација помеѓу мене и Зорица каде го дискутираме.Обвинителство: Сепак Миња на 26.11.2023 година недела вечерта, е известена за тоа дека на 27.11 понеделник дека ќе оди на втор час?Обвинетиот Ѓорчевски: Ќе повторам мислам дека во саботата знаевме, и дискутиравме со Зорица. Бидејќи и претходната недела беше отсутен класниот наставник, и ги губеа сите часови со неа.Обвинителство: Но требаше  да се врати во понеделникот?Обвинетиот Ѓорчевски: Да, така не извести првично, но потоа ни рече дека ќе отсуствува и оваа недела.Обвинителство: Значи дека од сите обвинети овде дека Вања на 27.11 понеделникот дека ќе оди сама на училиште?Обвинетиот Ѓорчевски: Не знам што знаеле другите обвинети, јас знаев.Обвинителство: Вечерта на 26.11 недела точно ли е дека пративте порака во ‘дискорт’ групата во 21.20 часот, цитирам, ‘Утре ќе биде ѕивра, извадете уште сега алишта сабајле да не губите време, извадете уште сега.... плус блуза, плус јакни, ракавици не мора ако каде да ги брцнете рацете’, оваа порака сте ја препратиле и на Зорица во 22,35 часот. Со пораката сакавте да ги спремите децата дека ќе одат на планина, а не на училиште?Обвинетиот Ѓорчевски: Не се сеќавам точно за минути за часови, личи на мене тоа што го кажавте, не знам до збор како сум им пренел, меѓутоа суштината била да се облечат топло, затоа што тој ден навистина за прв пат беше најавуван како најстуден ден тоа зимо, познавајќи ги децата дека нема да ме фермаат ја препратив пораката и кај Зорица, за да ги наговори да се облечат топло за на училиште, а не во ски-комбилизони како што тука прејудицирате за на планина. Згора на се, како што претпоставував, и јас и Зорица, они беа во тинејџерски години, не ме послушале ниту мене ниту Зорица, и си се облекле фенси а не топло.Обвинителство: Иако сте ги известиле со пораката, дека ќе биде ладно, на 27.11.2023 како пожртвуван родител, како што велите дека сте биле, не отидовте утрото да ги однесете децата на училиште?Обвинетиот Ѓорчевски: Помислив на тоа, ми дојде таа идеа меѓутоа Зорица имаше став дека треба да престанеме да ги галиме и размазуваме, иако се јавив да и се понудам знаев каков ќе беше нејзиниот одговор. Што се однесува до мене, да немаше таков однос од страна на Зорица, ќе идев ќе ги земев и ќе ги однесев на училиште. Тука има само уште еден момент, кога помислив да ги носам, целосно имав заборавено дека Миња е од втор час.Обвинителство: На 27.11 Зорица ви се јавила дека Вања ја нема, дека вие веднаш сте се облекле и сте се нашле пред зградата пред Зорица, за вас е својствено секогаш да доцните, да биде поспан. Не е својствено да функционирате така рано од сабајле. Како тогаш, успеавте толку брзо да станете и да се спремите и да се симнете?Обвинетиот Ѓорчевски: Не знам од каде ви е овој заклучок, дека било својствено да доцнам, можеби не сум стасувал бидејќи сум имал обврски и не сум стасувал навремено да сменам две пелени, да облечам две деца, да ја изгасам ринглата каде што се готвела манџа и не се стигнувало можеби на некој роденден. Кога преземав пола од обврските, ги поделивме со Зорица, не сум задоцнил ниту секунди. За пауза на работа, за половина час, ќе стасав да идам до АХВ, да заверам сертификат, до Стопанска комора, и да стигнам до училиште да ја преминам Миња преку раскрсница и да се вратам на време на работа. Што се однесува до сабајлето, јас бев толку избезумен, што и гол да се симнев немаше да биде невообичаено.Обвинителство: Што значи дека на 27.11 вие бевте станати и подготвени, облечени така?Обвинетиот Ѓорчевски: Не, не е така, јас бев во кревет по долна облека, а Зорица ја ставив на спикер додека ми објаснуваше како класната ја известила дека Вања не е дојдена.РАСПИТОТ Е ВО ТЕК.

Македонија | пред 7 месеци

strasevski-palevski

(Видео) Адвокатот на Палевски: Пострашно е да браниш педофил, отколку убиство на дете

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на Љупчо Палевски-Палчо кој е обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во „Претрес со Ландов“ вели дека за него е пострашно да се брани педофил отколку убиец на дете.„За мене ова е многу бизарно и просто прашање, затоа што јас сум адвокат на сите кои ги бранам или сум полномошник во таа постапка. Јас имам и за три-четири убиства.. Значи јас работам како адвокат, не ги делам странките на вакви или такви. Има мои колеги кои бранат педофили, што по мене е поопасна работа некое дете цел живот да има трауми, да браниш педофил, отколку да браниш убиство, за мене е пострашна работа. Детето да остане живо и да има трауми од педофил кој го нападнал...“, рече Страшевски.Прашан од водителот: „Педофилија е пострашно од убиство на дете“, адвокатот Страшевски одговори: „За мене да“.https://www.youtube.com/live/VgO5UF9EzMo?feature=shared

Македонија | пред 7 месеци

tufegdzik-15

(Видео) Не очекувам обвинителот да се предаде, а докази против Александар - нема, порача адвокатот Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, откако неговиот клиент Александар Ѓорчески сведочеше како обвинет во постапката за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, рече дека не очекува јавниот обвинител да се предаде, што би требало да значи, повлекување на обвинение. Порача дека Ѓорчевски е спремен да одговори на секое прашање на идното рочиште, кое е закажано за во петок.„Јас не очекувам дека јавниот обвинител така едноставно ќе се предаде. Јасно му е на Јавното обвинителство дека аргументи и докази против Александар – нема. Она на што тие одат дека се аргументи и докази – не можат да бидат докази и аргументи во кривична постапка. Реален доказ против Александар не е изведен. Оставам на совеста на Јавното обвинителство како ќе одлучи, а секако конечната одлука ќе ја има судот“, рече Туфегџиќ.Тој посочи дека нема причина за да не му верува на Ѓорчевски, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од обвинетиот кон инспекторите кои изјавија дека тој бил незаинтересиран во потрагата по неговата ќерка.Тој додаде: „Јас му верувам на Александар и треба да му се верува на Александар бидејќи токму по однос на полициските службеници, даде многу јасен и категоричен опис акко и на кој начин постапувале и го потврди она што јас како бранител го тврдам од прв ден, тоа е немање на унифицирани стандарди за постапување во ваков случај“.

Македонија | пред 7 месеци

aleksandar-gjorcevski-vanja-tufegdzik-palco

Таткото испратил порака кон Вања за да ги контактира киднаперите: Инспектор ме обвини деја јас сум и ставил селотеп, а што се случило дознав дури во Обвинителство

За да ја најде Вања, таткото кој сега е обвинет, Александар Ѓорчевски, сведочи дека правел сѐ што ќе му текне. Бил свесен дека полицијата се сомнева во него. Во неговиот исказ посочи детали од деновите кога Вања и натаму се водела како исчезната.„Направив сѐ што ми текна. Барав помош од КФОР, Интерпол, пријатели во МВР, Амбасадата на САД. Кога ми текна дека киднаперите на Вања можат да го вклучат телефонот за да нѐ контактираат, пратив порака, за да ја видат. Во пораката напишав дека ќе направиме сѐ што ќе побараат. Зорица беше избезумена. Двајцата се трудевме да бидеме смирени пред Миња, заедно со неа обезбедувавме снимки. Се јавуваа разноразни ојасновидци, па доби и порака дека Вања е најдена во Косово. Луѓе се нудеа да дадеме облека од Вања, па да кажат каде е“, сведочеше Александар Ѓорчески.Тој одговараше и на прашањето, како ги поврзале двете возила – „рено кангу“ и „цитроенот“ од исчезнатиот велешанец.„Не се сеќавам дали беше среда вечер или четврток, Гоце ми покажа на неговиот телефон слика од постар човек со бела коса, од неговата ќерка која објавува дека татко и е исчезнат заедно со автомобилот. Гоце помисли дека тој човек ја има киднапирано Вања, јас се обидов тоа да го пренесам на инспекторите, меѓутоа не смеев да ги откривам идентитетот на човекот од ‘Сејф сити’, но бидејќи инспекторите Дејан и Muzafer ми се жалеа дека цело време тапкаме во место, а кај нив се наоѓаат сите инструменти за пронаоѓање на Вања а не кај мене, му се јавив на Дејан се обидов да му посочам, на суптилен начин дека е исчезнат човек од Велес и дека можеби е некој педофил па да проверат.Ѓорчевски продолжи: „Инспекторот Дејан ми рече, не се прави дека не знаеш, сега ти нам ќе ни кажеш што се случило. Ги имаше зафатено еуфорија, инспекторот Кире викаше на цел глас со 100 нула ве победивме, инспекторот Дејан Димовски, почна да ми поставува апсурдни обвинувања, дека ја сум и ставил селотејп преку устата, дека цело време сум знаел што се случува, дека сум ги влечел за нос, паралелно со апсурдните обвинувања, имаше и физичка тортура, која не ја приметував, бев парализиран како дух, едноставно поминуваа ударите врз мене, и на секое мое прашање добро луѓе кажете што се случило, ми одговараа дека јас сум тој што треба да им каже. Велеа дека во другата просторија, киднапирите се признале, се отпеале, се сѐ знае, дека само уште јас дека треба да признаам, не знаев што треба да признаам, ги прашав за кои луѓе се работи, они ми рекоа дека не ги знам. Дека сум се договарал само со монструмот. Им реков не познавам монструм, кој е тој? Ми одговорија Љупчо Палевски. ‘Човекот кој ја правел зградата’, реков јас, они иронично ми рекоа ‘не се прави дека не знаеш’. Навистина не се сеќавам на тие моменти, какви сѐ детали би можел да ви посочам сега во моментов, затоа што бев стварно парализиран од душевна болка, иако никој не ми соопшти што се случило човечки и отворено“.Сведочеше и како сведокот Гоце Трајковски ја вршел работата на полицијата и обезбедувал снимки од надзорни камери.„Паметам дека инспекторот Музафер, на кого Гоце му обезбедуваше снимка од Макпетрол од Велес, бидејќи ако оделе по службен пат многу време ќе требало, Гоце ја обезбеди од некој братучед кој рече да не го кажуваме за да не ја изгуби работата, инспекторот Музафер насетуваше и знаеше дека ние сме чекор пред нив кое е возилото со кое е киднапирана Вања, од социјалните мрежи дознавме дека е запалено во село Бразда, а полицијата официјално добила соопштение после два дена. Тоа инспектор Музафер го предочи на Дејан и Кире, они добивале од ‘Сејф сити’ од братучеди и полицајци, им рече ‘не го тепајте може стварно нема врска’. Не се сеќавам ни колку време помина, бев парализиран. Ме симнаа во едни како  ќелии, потоа ме однесоа во затвор, и таму добро ме обработија. Докторот се преплаши и ме пратија на Торакална неколку пати. Првпат, што се случило дознав од обвинителот Жаклина кога давав исказ со адвокатот. Првпат.Тој на крајот од испрашувањето на Туфегџиќ, додаде: „Стојам зад се што сум кажал до сега, и пред инспектори, и пред јавниот обвинител Жаклина, кај неа мислам два пати бев спроведен. И се уште стојам на располагање, спремен сум да одговарам на кое било прашање од  било кого“.

Македонија | пред 7 месеци

gjorceski-2

Таткото на Вања: Немам поврзаност со овие луѓе за кои приметив дека не се каат, туку се разочарани од „царот“

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, за првпат прозборе пред судот за деновите кога трагал по неговата ќерка, но и за сите детали од истрагата. Прв, прашања му поставуваше неговиот бранител, Владимир Туфегџиќ.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали денеска се чувствувате спремен и согласен да дадете исказ пред судот за овој настан?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Психички не сум сигурен колку сум подготвен, но сум согласен да дадам исказ и го чувствувам како обврска. Од почетокот на судењето реков дека се ставам на располагање на судот, поради неколку причини, пред се заради Вања, затоа што во текот на истрагата и тука во судницата беа изнесени ноторни невистини во врска со нејзе, на кои сакам да има порачам дека тато е истиот тој човек кој од пред 4-декември и од тогаш навака се претставува во екстремно спротивно светло од  она што сум. Се решив да соберам, да ги потиснам емоциите за да можам да го дадам овој исказ, да соберам сила, храброст и поради сите  оние кои ме познаваат и страдаат заедно со мене, но и поради сите оние кои не ме познаваат да ја кажам мојата страна на вистината, мојата приказна, дека немам апсолутно никаква инволвираност со овие луѓе од чии искази во текот на постапката приметив дека не чувствуваат ниту вина ниту покајание, приметив дека демонстираа гнев и разочарување од т.н. „цар“. Одновно и одново со секое рочиште слушам што му правеле на моето дете. Кој имал задача да ја грабне, кој да ја врзува, ја трескале по гепеци, ја ставале во вреќи, психички и вршеле тортури, се обидувале да ги замачкаа доказите како и за првото убиство за тој велешанецот Панче, и заташкаат, Господ знае уште колку убиства ќе направеле и киднапирале. За себе сметам дека дадов голем придонес во истрагата во која како соучесници контактите на Гоце Трајковски од полицијата и ‘Сејф сити’. Ќе повторам, ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание, и дека ќе престанале со дејствата“.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали ги познававте лицата Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски од порано?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Ниту ги познавам, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, додека траат рочиштата претежно мижам. Затворени ми се очите, не можам да ги гледам. Во минатото, не се сеќавам од која временска дистанца, се крена врева поколу објектот Тифани во чија непосредна близина живеам јас и тогаш за прв пат слушнав за Палевски, меѓутоа не како Палевски туку меѓу нас комшиите го нарекувавме Упа. Го немам видено на ТВ ниту запознаено. Во коментарите со комшиите се говореше дека е голем бизнисмен, дека му го стопирале објектот затоа што наводно ‘Партизански одреди’ биле блокирани со самиот објектот, јас така паметам, не ми било важно, но сме коментирале. Тогаш дознав дека живее во близина на ‘Песталоци’ во голема куќа го голем двор, луксузно и наводно имал куче. Само сум слушнал за него. Исто така Зорица со родителите во периодот кога почнавме да се забавуваме, живееше во зграда која што позната како зградата на Упа, спроти фонтана, не знам како придонел во зградата, бидејќи сите знаевме дека е градена од комшија Страшо, газда на Бетон или Гранит, не знам точно. Дури го имав помешано со еден човек со многу понизок раст од него, Тоше, кој дознав дека е друг, со фирма Линк. Така го викаа Тоше Линк.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога се прв пат дознавте за имињата на овие луѓе?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: За Љупчо Палевски дознав кога ме задржаа во станица. Цело време ме прашуваа како сум комуницирал со него, што сум договарал а за останатите имињата ми беа кажани, но и ден денес ги мешам, ми беа кажани од обвинителката Жаклина во присуство на мојот адвокат.Адвокатот Владимир Туфекџиќ:  Дали сте биле нарко зависник?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Релативно краток временски период во раните 90-тите поточно од 1993 до 1995 година. Мојата генерација ја зафати епидемија од нарко зависности. Не се гордеам со тоа, мене ме зафати и јас потклекнав меѓутоа веднаш штом почувствував дека сум заразен од супстанцата, побарав помош од семејството, им се поверив, иако тоа беше забележително, се гледаше, не беше тајна сите мои колеги тоа го приметуваа. Физички слабее човек. Сам најдов клиника во Турција, каде што бев се детоксицирав, 10 дена траеше третманот, и потоа следеше период на ресоцијализација кој за мене помина многу брзо, бидејќи имав поддршка од семејството имав разбирање од работодавците кои би дадоа неплатен одмор од три месеци, имав девојка, со еден збор имав живот на кој повторно му се вратив. Од тогаш до ден денес, не сум имал контакт со никаква нарко супстанца.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: :  Кажете ни дали бевте вработени и доколку сте биле, каде?Обвинетиот Александар Ѓрочевски:Накратко, од својата 18-година работам. На времето беа популарни студентските задруги имав многу ангажмани преку студентските задруги, во туристичка агенција, фри-шоп, штедилница, прво вработување на неопределено работно време ми беше во Фершпед АД каде работев од 1993 до 2002 година потоа преминав во Кометал, во еден сектор од корпорацијата за инженеринг, кога се родија дечињата. Вања беше захтевно бебенце имаше грчеви, слаба и беше крвта бараше 24 часовен ангажман околу нејзе нѐ повикуваше со плач постојано, со Зорица се обидовме да земеме жена да платиме за испомош, не се покажа добра идејата, бидејќи Зорица имаше поголема плата од мене, решивме јас да останам дома и да ги чувам децата. Бидејќи разликата помеѓу нив е 1 година и 4 месеци. Тоа траеше до 2017 или 18- кога се вратив во Фершпед, каде што ми беше кажано дека таму за мене вратите секогаш се отворени. Истото важеше и за Кометал.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали имавте долгови?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Апсолутно не сум имал никакви долгови, можеби во периодот кога сум бил нарко зависник, имавме можности во Фершпед да земаме краткотрајни позајмици додека да стаса платата, меѓутоа тоа го правеа сите вработни. И да сум имал долгови, веднаш сум ги вратил, немам специјални и луксузни барања, скромен човек не сум познат како трошаџија.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Каков беше вашиот однос со децата?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Односот беше љубов на прв поглед. Поготово со Вања. Јас ги чував малечки. Се грижев околу нивната исхрана додека беа болни, ги анимирав, бевме среќно семејство. Постојано знаев каде се, бев загрижен родител, и кога пораснаа со Зорица ги имавме на ‘гугл мапс’ и во секое време знаевме каде се движат. Иако и они самите ако решеа да сменат локација, обавезно ни се јавуваа да не известат за тоа. Беа интровертни, добро воспитани, ангели, кукли, дури и кога ќе останеа сами после училиште кога ќе го напуштеа друштвото, обавезно се јавуваа или кај мене или кај Зорица, телефонски им правевме друштво на патот до дома.По ова, следуваа прашања за една недела Вања да биде киднапирана.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Што правевте една недела пред 27.11.2023 година особено во деновите од петок до недела?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Тој период бев слободен, неврабитен, отказ дадов во Фершпед, и со самото тоа обврската со децата ги преземав јас. Тоа ми беше рутината за целата недела, не можам точно да се сетам кој ден што сме правеле, но се сеќавам за саботата. Можам да ви го опишам тој ден. Беа кај мене на ручек, поручекот добија понуди од друштвото и двете да излезат вечерта. бидејќи надвор почна да роси, да врне, преземав обврска да ги разнесувам со кола. Двете ги однесов кај Зорица и бидејќи имаше порано договорено состанок, да ја почекам во колата додека да се спреми, и ја однесов во ‘Дајмонд мол’ каде што се чекаше со друштвото. Потоа се вратив ја земав Миња ја однесов на договореното место кај Католичка црква, таму тие го променија мислењето, и решија дека сакаат да одат во ‘Сити мол’. Миња на шега баш ми кажа, значи тато ти и мама, ми сте како ‘убер драјвери’. Ја однесов Миња во ‘Сити мол’. Бидејќи помина повеќе време од кога ја оставив Вања во ‘Дајмонд’, а јас бев излезени и се јавив да ја прашам дали можеби можат да ме искористат бидејќи секако сум излезен не сум прибран дома, да ги пренесам на некоја друга локација. Вања се консултираше со девојчињата и решија да ги земам и да ги однесам во ‘Сити мол’. Потоа се прибрав дома. Децата имаа време за излегување до 10 часот исто така и нивните другарчиња. Околу 9 и 20 приметив дека Вања пешки го напушта ‘Сити мол’ а надвор веќе почна да снежи. И наеднаш ми стана офлајн на апликацијата. Веднаш и се јавив на Зорица. Ми рече ‘не се секирај тато знам зошто ми се јавуваш Вања ми се јави од телефонот на Ина, и снемало батерија и си доаѓа накај дома’. Во истиот разговор Зорица ме замоли кога ќе одам да ја земам по пат да и купиме и цигари, и така и бидна. Пред 10 часот Миња ми се јави дека го напуштила друштвото кај Универзална и бидејќи е проблем со паркингот кај Универзална, се договоривме пешки да дојдам кај Силбо да купиме цигари и да ja допратам до дома. Во неделата, сите до покасно поспавме, децата кај Зорица, јас кај мајка ми. Сме слушнале сигурно, сме комуницирале на платформата ‘Дискорт’, заедно со внук ми каде се дружевме кога не беа кај мене. Само заради нив ја имав симнато апликацијата, они нон стоп висеа на неа. Миња попладнето излезе, околу 6 часот, мислам дека беше можеби подоцна, ги испратила сите другарки, во околината кај Песталоци и ми се јави да дојдам да ја земам оти останала сама. Јас и предложив да вклучи камера, да го држи телефонот пред себе и да се упати накај дома за да не ме чека 15 минути додека дојдам до нејзе. Си разговаравме додека се движеше накај дома, и безбедно се прибра дома“.Распитот е во тек.

Македонија | пред 7 месеци

tizer-pal.00_53_03_22.Still007

(Видео) Нѐ убедуваа дека Вања избегаала во Тетово, па во Шведска, па дека е регрутирана за ИСИС - ме правеа ретардиран!, сведочи Ѓорчевски за полицијата од истрагата

Таткото на убиеното девојче Вања Ѓорчевска, обвинетиот за помагање, Александар Ѓорчевски, пред судот раскажа за денот кога неговата ќерка е грабната од пред излезот од зградата во која живееше, а подоцна и убиена.Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Кажете што се случи на 27.11.2023-та година?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Се случи лудило. Добив телефонски повик од Зорица со растревожен глас, ја цитирам ‘Сашко Вања ја нема, ја нема Вања’ јас го ставив телефонот на спикер и веднаш почнав да се облекувам. Зорица рече дека се движи кон мене и да се најдеме доле. Кога се симнав, свртев повторно, ја здогледав. Уште пред да се симнам ја отворив апликацијата каде што видов дека Вања последно ја евидентирал кај ‘Хаус Гарден’ пред раскрсницата со Рузвелтова и веднаш знаев дека нешто не е во ред, бидејќи беше офлајн што значи дека го исклучила телефонот или е онеспособен. Истото го констатиравме заедно со Зорица кога се најдовме пред зградата, Зорица ме праша дали да пријавуваме во полиција, и реков: ‘апсолутно пријавувај а во меѓувреме да се движине кон колата’. Кога стасавме кај колата, утрото беше ладно, минусни беа температурите, јас ја запалив колата и со прскалките ја одмрзнував. Зорица влезе во колата, мислам дека разговараше со колешката со која заедно оди на работа, и дека и рече да најде слика од Вања и веднаш да објави по социјалните мрежи. Со Зорица се упативме кај местото кај ‘Хаус Гарден’, бидејќи на ‘Партизанска’ не може да се запре возилото, влеговме во блокот од улички, кој што се наоѓаат под Партизанска а каде што последен пат телефонот на Вања емитувал сигнал. Тука излеговме од автомобилот, тоа беше една слепа уличка, Зорица се качи по скалите и искочи горе на ‘Партизанска’, а јас приметив веднаш од десната страна на возилото, напуштена куќа без прозорци и влегов внатре да ја пребарам. По извесно време, Зорица се симна кај колата, и ми се јавија од полиција да дојдеме да се вратиме пред зграда кај мене за да дадеме изјави. Се вративме пред зграда двајца полицајци, разговараа со нас, не се сеќавам што, бевме и двајцата избезумени, ги прашав дали пратиле екипи каде што Вања беше последен пат евидентирана. И тогаш Зорица ми кажа дека им се поклопува на Вања и Миња часот по физичко дека им е заеднички час, дека Миња ќе примети дека ја нема Вања, и реши она да оди да ја земе Миња и да соопшти а јас да се вратам на местото каде што веќе бевме со Зорица. Кога пристигнав таму, веднаш приметив полицајци во цивил беа, им пријдов, потврдија дека се полицајци, јас им кажав дека сум таткото, и заедно со нив барав, по соседните подземни гаражи и влезови. Таму веќе пристигнат и чичко и на Зорица, со точак, со насолзени очи, Зорица го известила, побарала помош од него, и тој ја пребарувал куќата. Ме праша ‘Саше што е работата?’. Му кажав Вања ја нема, ако не ја најдеме - мене ќе ме нема. Полицајците во цивил рекоа дека сѐ што можело да се пребара во околината е пребарано. Мене ми се вртеа во глава безброј сценарија. Едно од нив дека ја има удрено кола, и дека некој совесен возач ја ставил во кола и ја однел во болница. Имам братучед кој работи во ‘8ми Септември’, му вртев но не ми одговори. За кратко време ми се јави, ми кажа дека бил на визита, јас му објаснив што се случило и ми кажа веднаш да одам кај него. Oтидов пред боницата, инсистираше да влезам да ми даде нешто за смирување, ми кажа каде да се смирам. Влеговме во една просторија, каде проверуваше  по урегентитните центри дали утрината е хоспитализирано повредено девојче. Исто така се јавивме во Kлиниката на Водно, кај заеднички другар, и таму ни дадоа негативен одговор. Ја немаше никаде по болниците. Не ме држеше место, морав нешто да правам. Братучед ми инсистираше да останам таму, но не го послушав, излегов и влегов во кола. Наредно сценарио беше дека некои заостанати пијаници или наркомани, или дилери во Дебар маало, ја повлекле во кола се упатиле по Партизанска ја повлекле од лудило од каприц, и дека можеби ќе ја пуштат по пат. Исто така едно од сценаријата кое ми се моташе низ глава беше дека Вања е киднапирана и прво што ме фати страв е да не ја изнесат од државата. Од колата пред болницата почнав да вртам по телефони. Прво ми текна да се јавам кај секретарка кај поранешен функционер во полиција, за преку нејзе ги извести колегите на граничните премини да се проверуваат возилата. Таа не ми одговори веднаш, па свртев кај незиниот сопруг, кој е мој бивши колега од Фершпед, на кој му кажав дека ми се случува најлошата ноќна мора и дека за тоа ја барам неговата сопруга и таа подоцна ми се јави. Ми кажа дека е пренесено, да не се секирам од тој апсект, дека наводно на граничните премини имало и ренгени. Дека после нејзиното јавување ни мува нема да може да премине. Решив да тргнам кон преминот Блаце, така и ми беше наместана колата, свртев десно од 8ми Септември, па лево кај Палас, па дури и прекршок мислам дека направив, имаше голема гужва и свртев полукружно назад, па се вратив на претходно сценарио од Партизанска кон Ѓорче Петров дека некаде по пат ќе ја најдам. Од Ѓорче Петров се стори крајот на Сарај, затоа што во меѓувреме разговарав на телефон, на секои 2 минути вртевме со Зорица кај Вања, Зорица ги известила родителите. Почнав да добивам пораки на вибер групата. Имаше една порака, дека е паметно да се прегледуваат камери за патот кон училиште, тоа ми е виде многу пологично, од бесцелното возење, и тргнав накај Центар“.Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Каков беше односот на полицијата?Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Со амонизитет. И сомнеж кон мене. Они тапкаа во место уште од самиот почеток, ми покажуваа слики од девојчиња, да потврдиме дали тоа е Вања, нѐ убедуваа дека не си го познаваме детето, дека Вања избегала, со некој дечко накај Тетово, дека се решила да помине пат од 4 илјади километри до Шведска кај другарче од платформата Дискорт, нѐ прашуваа колку станови имаме, не чие име се водат, колку возила поседуваме, а кога ќе споменавме дека Вања не е отидена по своја волја, во правец спротивен од училиштето појавува и агресија кон нас. Имаше еден инспектор, Владимир се викаше. Тој беше задолжен за распит на децата. Се наоѓавме во мојата кола, се враќавме од претходна посета кај мајка ми со Владимир бидејќи сакаа да го погледнат и тој стан, но одговорот дека тоа не Вања на сликата, ми се развика дека не можам да си го познаам сопственото дете, каков татко јас сум бил. Тоа било слика на некое девојче снимено од камера во некоја мобилара, и он беше убеден дека тоа е Вања, и отишла да си го поправа телефонот. Подоцна го приметив дека бара потврда и до Зорица по истата слика. Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата Дискорт разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот. Па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС-јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам, на неговиот дијалект „Киднапирана е Кире, киднапирана е“. Не е по своја волја скршнала од патот кон училиште“.Ѓорчевски рече дека на еден од состаноците со полицијата: „испекторот Музафер ми рече ајде малку да се повозиме. Ме правеа ретардиран во целата таа ситуација, а да не зборам дека цело време во погрешна насока ја водеа истрагата. Што правиш, кај ги молиш да ти го најдат детето, да бидеш некултурен... му реков во ред“.Судијата даде пауза, па продолжува распитот од адвокатот Туфегџиќ.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 7 месеци

aleksandar-gjorcevski-vanja-tatko

Таткото на Вања ќе сведочи како трагал по ќерка му, за да го убеди судот дека не помагал на групата на Палчо

Таткото на Вања, Александар Ѓорчески, обвинет за помагање на групата која ја грабна неговата ќерка, ќе сведочи пред судот. Тој ќе даде своја одбрана, а ќе го испрашуваат неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ, обвинителките, судот. Тој ќе треба да објасни што правел критичните денови кога неговата ќерка ја немало, како и да ја сузбие теоријата на Обвинителството дека дал информации кога убиеното девојче ќе излезе од дома, за да може да биде киднапирана. Со овие тврдења, обвинителките тргнаа да докажуваат вина кај Ѓорчевски, иако во текот на судењата сите обвинети кажаа дека не го познаваат, ниту имале контакт, а ниту слушнале Палевски да има контакт со него. Обвинението за него, дојде и по тврдење на еден инспектор кој бил вклучен во потрагата, дека Ѓорчевски се однесувал „чудно“ и дека постојано велел дека неговата ќерка е киднапирана.На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Македонија | пред 7 месеци

kesisov-1

Кешишев ја „одмотува“ мрежата со негови тврдења за Вања; Туфегџиќ: Се разговарало ли за грабнување на повеќе лица, пред грабнувањето на Вања?

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, продолжија со испрашување на обвинетиот Влатко Кешишев. Прв започна адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски, кој во Обвинителство призна вина, а пред судот посочи дека ниту учествувал, ниту знае нешто за убиството на двете лица.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Од каде тргнаа и по која рута се движеа за време на убиството на Панче Жежовски?Обвинетиот Влатко Кешишев: Во Велес јас ги чекав кај пругата, кај црниот паркинг. После саат време мислам дојдоа кај мене, ставивме гориво во ‘цитроенот’ потоа влезе Вилибор со мене во ‘кангуто’ за да ми кажува по кој пат да возам. По нас доаѓаа Палчо и Боре со цитроенот. По стариот пат Велес-Скопје, стигнавме до самиот пункт, Вељо излезе од ‘кангуто’ и појде со нив, со ‘цитроенот’ до јамата. Ги чекав околу пола саат и потоа дојде Велибор, седна покрај мене во ‘кангуто’ и ми кажа каде да возам. Се спуштивме покрај самиот пункт да излезе на автопатот и ми кажуваше каде да возам. Се приклучивме на стариот пат за Катланово, по нас доаѓаа Палчо и Боре со цитронот. На растојание. Бидејќи имаа комуникација со моторолите. И стигнавме до првата населба, Маџари мислам се вика и ми кажаа: ‘на паркингот’. И тогаш стигнаа Палчо и Боре се паркираа позади нас. Палчо ги избриша возачот и мењачот во ВД 40, потоа влезе во кангуот покрај него беше Боре, а позади бевме јас и Вељо.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев:  Кога стигнавте во Велес каде се наоѓа тој паркинг плац и дали ги поминувате бензиските пумби?Обвинетиот Влатко Кешишев: Ние не влеговме во Велес, последниот тунел каде што е пред Велес, по индустриска зона и таму стигнавме до тој плац, каде што е блиску до пругата. Но не сме влегле во Велес.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев:  Во својот исказ кажа дека после убиството на Вања он ги фрлал лопатите. Може ли да појасни каде ги фрлал?Обвинетиот Влатко Кешишев: Од кога излеговме од местото, се приклучивме на асвалтот, имаше едно 500 метри од патот. Ми кажа мене Палчо да ги фрлам во еден дол со капини. Јас ги фрлив, мене ми рекоа.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев:  Дали пред убиството на Вања биле во обиколка на зградата каде што живее девојчето?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сум бил на обиколка, првиот пат кога се проба, вториот пат кога се изврши сум бил, инаку не сум бил во обиколка а не знам дали биле они.Адвокатот на Боре Видевски, Бојан Манев: Дали знае колку влеза има зградата?Обвинетиот Влатко Кешишев: 2, од каде да знам.Потоа, прашања поставуваше и адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кажавте дека една година пред грабнувањата и настаните во Велес и Скопје сте биле присутни во штабот во Скопје каде се правеле планови за грабнување со кои не сте се согласувале, дали во ваше присуство имало разговори за повеќе лица кои требало да бидат грабнати пред да се донесе одлука за грабнување на особата во зградата во Скопје?Обвинетиот Влатко Кешишев: Знаев дека првиот пат кога ја ископавме дуппката дека ќе биде наметнета за киднапирање на луѓе, на човек, после тоа немаат разговарано за други работи до тоа што се случи во Панче. Да имав слушано муабети, не се правдам, не ме интересираше. Помина долго време од кога се правеше тој муабет а немаше ништо. Јас не се правдам, не но го сфатив тоа здраво за готово, се додека не се случија тие работи.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога се вративте со ‘цитроенот’ од Велес во Скопје кога за прв пат слушнавте договарање на друга особа?Обвинетиот Влатко Кешишев: Мислам дека тоа беше првиот пат кога немаше успех. Потоа вториот пат, се случи тоа.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: На 15.12.2023 ќе кажете пред јавен обвинител: ‘По ден ипол околу пладне дојдоа Велибор и Боре, го донесоа ‘кангуто’ и тогаш се договараа за грабнување на особа женска а на која не знам. Дали тоа е точно?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не се сеќавам точно, не ескивирам и не лажам за тоа.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Колку состаноци имало за грабнување на особата од зградата во Скопје?Обвинетиот Влатко Кешишев: Па не знам колку точно, неколку пати кога доаѓашe Велибор во штабот, се почнуваше таа тема.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Kолку временски траеле овие состаноци?Обвинетиот Влатко Кешишев: Јас не бев присутен до крај, не се правдам ама не знам колку долго.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали сте слушнале некои од присутните da разговарале со таткото на особата што треба да се грабне?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не тука во судница слушнав прв пат, од Велибор или не знам кој.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Што мислевте вие зошто треба да се грабне таа особа?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не мислев ништо, бидејќи не го сфатив сериозно тоа додека не се случи.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали знаевте или слушнавте од кого треба да се бараат пари за грабнатото лице?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам тоа беше договор меѓу нив.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали ја видовте сликата од особата која требаше да биде грабната?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, кога се вративме во штабот на ФБ ја видов сликата од детето, до тогаш немав видено никаква слика.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Кога за прв пат дознавте за таткото на детето?Обвинетиот Влатко Кешишев: Кога го доведоа во притвор слушнав дека разговарале со таткото на детето. Во притвор слушнав дека се вика Александар.Дали вие еслушнавте или видовте како Љупчо Палевски како разговара со Александар Ѓорчевски? Не го слушам ниту го пратам со кого разговара.Дали знаевте дека пред зградата нема камера? Не знам, не сум информиран.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали денот кога е грабнато детето имавте мобилни телефони или само радио станици?Обвинетиот Влатко Кешишев: Никој немаше телефон беа само трите радио станици.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Каде го оставивте мобилниот телефон пред да тргнете да ја грабнете особата од зградата во Скопје?Обвинетиот Влатко Кешишев: Сите телефони мислам беа во штабот.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали слушнавте дека некој кажал дека некој кажал дека девојчето е погрешка грабното и дека не требало да биде грабното?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не бидејќи бев на 20-тина метри поставен за стража и немав слушнато разговори.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали некој во ваше присуство пред убиството се јавил на мајката и таткото на детето?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам, не сум видел не сум слушнал.Адвокатот Владимир Туфегџиќ: Дали по убиството некој ги спомена мајката и таткото на детето?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сите ќутеа, и јас.

Македонија | пред 8 месеци

kesisev-5

Палевски го испрашуваше Кешишев кој му рече дека се плаши од него: Дали во ранецот, Палевски го носел пиштолот?

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, го започна распрашувањето на обвинетиот Влатко Кешишев. На претходното рочиште, Кешишев побара Палчо да биде изваден од судницата, оти тој би бил причина за да сведочи невистини. Палевски во имениот на Кешишев бил запишан како „царот“, а во неколку наврати има сведочено дека го слушал сѐ што ќе му кажел. И на ова рочиште, Кешишев рече: „Уште имам страхопочит кон тебе“.Палевски најмногу време посвети да поставува прашања за ранецот кој претходно го споменуваше Кешишов. Меѓу првите прашања до обвинетиот му беше: Зошто кога ќе се спомене ранецот, Кешишов зборува за пиштол со кој се извршени двете убиства.„Претпоставувам дека пиштолот е во ранецот. Ако беше во тебе, на телото, ќе се препознаеше, ќе се видеше преку маицата. Затоа и претпоставувам дека пиштолот бил со моторолите во ранецот“, рече Кешишев.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Кажавте дека ме познавате 2 години, па ве прашувам во тој период слушнавте закани, навреде и уцени од мене кон вас?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, никогаш.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Во истиот тој период сте слушнале на посетители, членови да им се зкаанувам, навредувам или оценувам?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не секогаш на другите им даваше совети, немам слушнато во периодот додека бев таму.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Во истиот период, било кога сте слушнале закана кон Велибор Манев?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не никогаш.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Дали ви се пожалил Велибор дека е уценет од мене?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Забележавте дека Велибор Манев не по своја волја презима и извршува дејствија?Обвинетиот Влатко Кешишев: Какви дејствија?Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Дејствија кои ги споменавте во вашиот исказ. Поконретно: Дали за време на настаните забележавте дека Велибор Манев не по своја волја извршува дејствија?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Кажавте дека сте биле домаќин во штабот, Може ли било кој да изнесува било што од штабот без јас да дадам дозвола?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, прво требаше да се праша Палчо пред да се изнесе и изнесе. Зад негов грб ништо не се работело, без да знае он.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Штабот кој го споменавте имаше 80 м2 на двата ката, каде сте забележале ранец во штабот?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не сум видел, не се сеќавам.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  Во штабот освен мојот пиштол кој ми беше одземен во ваше присуство 6 месеци пред настаните, сте виделе друго оружје?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не знам, не сум видел. Не знам каде стоел ранецот, но главно Палчо го носеше.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо:  На монтираните видеа на ОЈО, на незаконски начин презентирани во судот, на инсертите каде носите ранец и гориво, се гледа Љупчо Палевски или Влатко Кешишев и Велибор Манев?Обвинетиот Влатко Кешишев: На тоа што видов, се гледам јас и Велибор,  кога ми кажа да го извадам ранецот од ‘кангуто’ и да го внесам во гаражата.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Кога последен пат сте го виделе или носеле плавиот ранец?Обвинетиот Влатко Кешишев: Мислам дека само тогаш беше.Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: На месноста Дупки го носевте ли ранецот?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не јас цело време бев во ‘кангуто’, не сум видел ниту носел ранец.

Македонија | пред 8 месеци

aleksandar-gjorcevski-vanja-tufegdzik-palco

(Видео) Година дена наназад пред убиствата на Вања и Панче се подготвувале грабнувања на луѓе, ова треба да нѐ загрижи, укажа Туфегџиќ и побара истражните органи да реагираат

Адвокатот Владимир Туфегџиќ го впери прстот во Обвинителството, оти не реагирале по сведочењата на дел од обвинетите во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дека грабнувања и убиства се планирале уште пред да се реализираат овие две. Во однос на обвинетиот Александар Ѓорчески, татко на Вања, вели дека и со исказот на обвинетиот Влатко Кешишев, кој рече дека за таткото првпат чул во притвор, се докажува дека тој нема никаква вина.„Уште еден сведок кажа дека година дена наназад пред случувањата во Скопје и Велес, се подготвувале грабнувања на луѓе и за такви активности кои сите нас треба да нѐ загрижат. Наместо Јавното обвинителство да тргнат во таа насока, ја дефокусираа истрагата со неоснованото обвинвање на Александар, а тоа е поради не поседување на унифицирани стандарди за постапување во ваков случај“, укажа Туфегџиќ.Тој додаде дека Обвинителството не постапило и по неговите пријави дека во странски држави се објавувале докази од постапката за убиството на Вања, алудирајќи на објавите од српскиот политичар Срѓан Ного.„Обвинителството не постапи ни по пријавите за тортура, ни по известувањето за објавување на дел од доказниот материјал од странска држава. Не добивме одговори на многу прашања. Се надевам дека ќе преземат нешто“, додаде тој.

Македонија | пред 8 месеци

palco-palevski-141

Палевски во петок ќе го испитува Кешишев, откако тој го посочи за планер на убиствата на Вања и Панче

Првообвинетиот за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше вратен во судница откако обвинетиот Влатко Кешишев заврши со давање одбрана и одговарање на прашањата од судијата Ивица Стефановски и адвокатот Игор Ефтимов. Час и 10 минути, траеше читањето на исказот на Кешишев, а Палевски запишуваше рачно. Палевски побара судијата Стефановски да чита пополека за да може да запише сѐ, па судијата продолжи со побавно читање.Судијата Стефановски констатираше дека Палевски знае каков исказ дал Кешишев, додека пак, обвинетиот, рече дека запишал колку што можел и побарал во келијата во затворот во Шутка, да му се достави записникот за да може да направи прашања кои ќе му ги постави на Кешишев во петок.Со ова, заврши денешното рочиште.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 8 месеци

palco

Палевски бил „Царот“ во именикот на Кешишев, кој сведочеше дека извршувал сѐ што ќе било побарано од него

„Царот“, ова бил псевдонимот под кој бројот на Љупчо Палевски-Палчо бил заведен во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев. Тој не криеше дека правел сѐ што Палчо ќе побарал од него, односно извршувал секаква наредба.„По навика му бев послушен. Палчо ми кажа да не зборам многу, да ќутам и да бидам настрана“, сведочеше Кешишев кој претходно побара Палевски да излезе од судницата за да може да сведочи за убиствата на Вања и Панче, без да се цензурира.Тој посочи дека било посочено дека ќе има грабнувања на луѓе, но не и убиство. Овој исказ е ист како оној на Велибор Манев даден на претходните рочишта. Потоа посочи и: „Рекоа дека никој не смее да дознае за ова, бидеќи можат и глави да летаат“.Кешишев последен пат на телефон се слушнал со Палевски кога првообвинетиот беше во Турција, односно денот кога полицијата ја претресуваше канцеларијата на партијата „Десна“. Тогаш Палчо му рекол дека е во Турција, а кога слушнал дека врие од полиција во партиското седиште веднаш го прекинал повикот.Кешишев сведочеше и како истите лица, односно тој заедно со Палевски, Велибор Манев и Боре Видевски биле во пештера кај Демир Капија да копаат злато.„Вељо (Велибор) нѐ натера, тој и Боре влегоа во пештерата, јас и Палчо запаливме цигара покрај реката. Дојде полиција, ги претресоа Боре и Вељо, а го најдоа и пиштолот на Палчо“, рече Кешишев.Обвинетиот одговара на прашања на обвинителството, а потоа ќе треба да се соочи и со Љупчо Палевски и Боре Видевски кои негираат дека воопшто учествувале во двојното убиство.Претходно во детали сведочеше за грабнувањата и убиствата.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања