ВАЊА

20190913110803

Се трага по Љупчо Палевски – Палчо, го поврзуваат со случајот на Вања

Љупчо Палевски – Палчо е лицето по кое се трага, а го поврзуваат со киднапирањето на Вања Ѓорчевска, дознава „Скопје1“. Тој во моментов е надвор од Македонија. Палчо имал контакти со останатите осомничени во групата, а тие го посочиле кога биле приведени. „Скопје1“ поседува и фотографии од останатите лица, кои во интерес на истрагата нема да ги објави во овој момент.Тој е претседател на движењето „Трета“ кое беше негово политичко здружување. Станува збор за лице кое беше јавно експонирано, а имаше и свои поткасти.Трите лица кои се уапсени се сѐ уште на распит, по што ќе бидат спроведени во Кривичен суд. Ќе се бара притвор. Неофицијално, приведени се и други лица чии поврзувања во моментов се проверуваат.Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учествувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.

Македонија | пред 2 години

majka1412-1

Во Вања било пукано, причина е изнуда - вмешан и член на потесното семејство

Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учествувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.Едно од осомничените лица кое не е достапно на органите на истрагата е познато за јавноста. По него се трага, по што, ќе биде приведен. Мотивот за убиството се пари.Станува збор за група од пет лица кои се осомничени. Тројца се спроведени во Кривичен суд. На нив ќе им биде определен притвор, кој ќе го издржуваат во затворот „Скопје“ во Шутка.Претходно, Обвинителството сподели детали.„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Вања е убиена по скоро три часа откако е киднапирана, истите лица се осомничени и за убиството на велешкиот фризер

Исти лица стојат зад убиствата на исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски кој имаше 74 години, објави Обвинителството. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Според обвинителот, сите осомничени се Македонци. Вања беше исчезната од понеделникот (27 ноември), додека Панче од средата (22 ноември). Еден од осомничените е надвор од Македонија.Според тајминзите кои во јавност ги кажа мајката Зорица Ѓорчевска, девојчето излегло од дома. Полицијата посочува дека било земено од пред зградата, а било убиено во 10 часот. Извори на „Скопје1“ посочуваат дека телото на Вања е најдено во скопско село.„Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, велат од Обвинителството.Телата се на обдукција.„Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации“, велат од Обвинителството.Оттаму сооптшија и детали како течела акцијата за пронаоѓањето.„Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи“, додаваат од Обвинителството.Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Македонија | пред 2 години

majka1412

Се бара притвор за тројца осомничени за исчезнувањето на Вања

Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази, велат од Обвинителството.„За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката“, додаваат оттаму.Тие се децидни и велат дека сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани.

Македонија | пред 2 години

spasovski-vanja

(Видео) Приведени пет лица за исчезнувањето на Вања

„Низа на криминалистички истражни мерки се преземаат во изминатиот период со цел да се утврдат сите факти, кои ќе ги соопштиме во момент кога треба да бидат соопштени.Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возила со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај“, вели министерот Оливер Спасовски.

Македонија | пред 2 години

majka1412

Патроли низ цело Скопје, пребарувања, вештачења - Вања и натаму ја нема, замина во училиште но не стигна

Шести ден се трага по исчезнатата Вања Ѓорчевска, на која и’ се изгуби трагата на пат кон училиштето „Песталоци“.Во пребарувањето вклучени се стотици полицајци, граѓани, ловџии. За Вања распишана е и потерница на „Интерпол“.Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера изјави дека за пронаоѓање на 14-годишното девојче досега пребарано е речното корито на Вардар, сите подрумски простории, не само во околината туку и пошироко, добиени се информации од околните цркви и манастири, подигнати се камери, а ислушани се и голем број лица.„Преземени се електронските уреди од семејство и од девојчето, се вештачат, од некои од нив се земени податоците. Имаме одредени податоци од овие уреди, кои може да бидат од помош на истрагата и целата постапка“, рече Спасовски.Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрото во Скопје на пат кон училиштето „Песталоци“ во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата.Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’.Мајката на Вања во разговор кажа дека полицијата ги прегледувала и камерите и сите достапни материјали и докази што би можеле да помогнат во пронаоѓање на исчезнатата Вања.„Вања излезе вчераутро во 7.20 часот, а јас излегов по неа во 7.40 часот. Набргу ми се јави нејзината класна и ми кажа дека Вања не е на училиште. Јас веднаш ја побарав, но беше недостапна, телефонот ѝ беше исклучен. Проверив на ‘Гугл мапс’ и видов дека последно е регистрирана во близина на ‘Броз кафе’ на ‘Партизанска’“, рече таа.Вели дека Вања била весела вечерта пред настанот и дека ништо не наведувало оти нешто такво може да се случи.„Вечерта беше весела, весела си отиде на училиште, не сме се расправале, отворено си разговараме за сè. Ги распрашав сите нејзини другарчиња. Тие доаѓаа и претходно тука, се дружеа, си седеа. Но, никој вчера не ја видел Вања во училиште“, кажа мајката.

Македонија | пред 2 години

spasovski-vanja

Први детали за потрагата по Вања од МВР: Земени снимки од 50 локации, има податоци од уредите кои се од корист

Снимки од преку 50 локации каде имало безбедносни камери се земени и прегледани, се проверувало во подруми и манастири, земени се компјутери и телефони од семејството – со цел да се пронајде исчезнатата Вања Ѓорчевска која петти ден ја нема. За ова информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој посочи дека детални информации не можат да се дадат, освен што се презема за нејзино пронаоѓање.„Ова е најважниот приоритет за секторот за внатрешни работи Скопје. Има посебен штаб кој е формиран, работи со семејството, соученици, пријатели. Вклучени се стотина полициски службеници кои работат на оваа проблематика. Помогнати се од началниците. Преземаме опсежни мерки, незборувајќи за детали од тоа што се вади како податок, искористување на сите можни капацитети за јавната безбедност што значат подигнување на камери – преку 50 места каде имало камери се преземени и прегледани, целосно е во функција „Безбеден град“, информациите од Телеком се важни, десетици и десетици лица се сослушани за да се добијат информации, преземени се електронски уреди од семејството и девојчето. Имаме одредени податоци од овие уреди кои можат да бидат од корист на истрагата и постапката, сме во комуникација или работиме заедно со родителите. Овој тим работи до доцна во ноќта“, вели Спасовски.Тој додаде дека се правело и пребарување.„Се пребаруваше речното корито на Вардар, се пребаруваа подрумски простории, не само во околината туку пошироко, се добиваа информации од цркви и манастири во близина на Скопје. Тука нема да се застане, интензивно работиме.За лажните вести кои се објавуваат од профили на „Фејсбук“, се детектираат.„Се викаат во полициски станица, каде ќе се утврди дека се штети на истрагата, ќе има мерки“, додаде Спасовски.Тој алармираше дека ова не е тема за забава.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Наводен оџа од Косово лажеше дека Вања е најдена и ширеше морбидни коментари - МВР и меѓународната полиција му ја бараат локацијата!

Профил на „Фејсбук“ кој се претставува во име на „Џамија во Подујево“, а со фотографија од имамот Арбер Бериша, предизвика паника со коментари под објавата за исчезнатата Вања Ѓорчевска, објавени на профилот од нејзината мајка. Вчера во попладневните часови, од овој профил беа објавени коментари со содржина: „Јавете се“, „Девојката е кај нас“, за денеска да објави нови погрдни и морбидни коментари со пцовки. „Скопје1“ го извести МВР, кое пак, преку меѓународна соработка работи на лоцирање на сопственикот на профилот, со цел, санкционирање.[caption id="attachment_264501" align="alignnone" width="1586"] Дел од морбидните коментари објавени кај мајката (цензурирани поради паниката која ја предизвикуваат во јавноста)[/caption]„Ве известуваме дека Секторот за компјутерски криминал во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка веќе постапува по истото и за истото веќе се поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР за „Скопје1“.Во текот на вчерашниот ден, редакцијата на „Скопје1“ се обиде да стапи во контакт со сопственикот на профилот, кој одговара и на пораки – но не на сите. Речиси постојано е вклучен на интернет. Кога побаравме било каква потврда дека профилот не е лажен, но и потврда за информацијата дека Вања е кај нив – оттаму ги гледаа пораките, но не одговараа.[caption id="attachment_264487" align="alignnone" width="1726"] Дел од преписките со лажни тврдења преку лажниот профил со редакцијата на „Скопје1“[/caption]Редакцијата на „Слободен печат“, пак, стапила во контакт со повеќе џамии во косовско Подујево. Тие не ја виделе, ниту имаат информации за Вања. Контактирале и со имамот, чиј идентитет е злоупотребен.„Веќе сум запознаен со овој профил кој неколку пати го пријавував во полиција затоа што често преку него некој, или криминална група, ги злоупотреубаше верниците злоупотребувајќи го моето име. Им давал совети, а потоа им барал пари користејќи го моето име и претставувајќи се од различни локации во светот. Овој профил нема никаква врска со ниедна џамија во Подујево“, рекол Арбер Бериша чија фотографија е злоупотребена за „Слободен печат“.На социјалните мрежи, корисниците веќе се самоорганизираа за да го пријават профилот како лажен, но и коментарите како „спам“. Токму коментарите од овој профил, беа поттик за објава на вест во дел од медиумите дека Вања е најдена, што веднаш беше демантирано од Министерството за внатрешни работи.Истовремено, тече четвртиот ден како се трага по Вања. Мајката нема никакви информации за неа од понеделникот, а заедно со таткото замолуваат секој што знае било што, да го пријави во полиција. Во изјава за „Скопје1“, мајката Зорица ја опиша ќерката како дете кое никогаш не би избегало, посочи дека утрината излегла од дома насмеана, како и дека телефонот бил исклучен во 07:40 минути. Тргнала на училиште, но не стигнала, за што алармирал класниот раководител. Мајката пријавува во полиција, па помош бара преку социјалните мрежи.Поради можноста Вања да е надвор од Македонија, по неа сега трага и Интерпол. Вчера беше објавена меѓународната потерница. Во Скопје осамнаа куп фотографии од девојчето. Мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“ посочи дека се проверуваат сите траги. Шпекулациите дека се качила во бел автомобил од Дебар маало кажа дека се проверени и неточни.МВР има посебен оперативен штаб за овој случај.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Вања е на „стоп-листа“ од вчера во 13 часот, ја бара и Интерпол

Исчезнатата Вања Ѓорчевска од вчера во 13 часот е ставена на т.н. „стоп листа“, на сите гранични премини. Оваа информација ја потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи. Истовремено, распишана е и меѓународна потерница по 14-годишното девојче, кое сега го бара Интерпол. Од МВР информираа дека за решавање на случајот и пронаоѓање на 14-годишното девојче е постапено веднаш по добиената пријава, вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани се камери.„Податоците за исчезнатото лице на 28 ноември во 13.00 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол“, велат од МВРСе додава дека истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.Вања Ѓорчевска исчезна во понеделникот утрото во Скопје, на пат кон училиштето Песталоци во близина на Дебар Маало. Последен пат била забележана на булеварот Партизански одреди пред „Броз кафе“, од каде што ѝ се губи трагата.Девојчето е високо 175 сантиметри, тешко 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Пред исчезнувањето била облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носела школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“, објави МВР.Освен полицијата, по Вања тргаат и нејзините соученици од училиштето „Јохан Хајнрих-Песталоци“, кои лепат нејзини фотографии во градот, а во потрагата се вклучени и семејството, роднини и пријатели и голем број граѓани.Семејството и полицијата постојано апелираат да не се споделуваат дезинформации на социјалните мрежи и во медиумите кои ја попречуваат истрагата и го вознемируваат семејството на исчезнатото девојче.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1-1

Рекла-казала е муабетот дека Вања се качила во автомобил, вели мајката Зорица и додава: „Сите траги се прегледуваат“

Неточна е информацијата која беше објавена во јавноста дека исчезнатата Вања Ѓорчевска се качила во автомобил близу „Броз кафе“. Ова за „Скопје1“ го посочува нејзината мајка, Зорица Ѓорчевска. Според неа, коментарот дека Вања влегла во бел автомобил, паркиран пред кафуле во Дебар маало - не е вистина. Истовремено, два дена се трага по 14-годишното девојче кое тргна во училиште, но таму не стигна. Како јавноста, така и семејството е во исчекување. На случајот се работи темелно, смета и мајката, која сведочи дека полициски службеници деноноќно го пребаруваат теренот.„Немаме нова информација. И јас сум во истото исчекување. Полицијата е на терен, цело време се работи, вчера пуштија и објава на републичко ниво. Во контакт сме со полицијата, сите можни траги се прегледуваат, меѓутоа, се уште немаме ништо. Немаме никаква официјална информација“, вели Ѓорчевска за „Скопје1“.За шпекулацијата во јавност, дека девојчето се качило во некаков автомобил, а за што, објавувачот тврдеше во коментари на социјалните мрежи, мајката за „Скопје1“ вели: „Не, не, не. Тоа беше прегледано. Тоа е муабет рекла-казала, начул, сакал да помогне, да пише.. Значи таа информација е шпекулација, односно пред се рекла-казала“.Мајката на исчезнатата Вања, посочува дека полицијата неуморно работи за пронаоѓање на нејзината ќерка. Смета дека на истрагата нема да влијае ниту Самитот на ОБСЕ кој се одржува во Скопје.„Полицијата е цело време на терен. Во интерес на истрагата не можат да информираат. Кога треба наша помош, тие бараат. Гледаме, разговараме, прабаруваме.. Луѓето навистина се цело време на терен. Ништо нема да ја попречи истрагата, работат луѓето“, додава Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.Пред два дена, во 7:20 минути наутро, на Вања и се губи секој траг. Тргна накај училиште, по 20 минути, класниот раководител јавува кај мајката дека Вања не е таму, по што, мајката не може да ја добие ниту на телефонот кој е исклучен. Ја алармира полицијата, а потоа, во 12 часот, и јавно бара помош.По 24 часа, МВР ја објави Вања во делот на исчезнати лица, на нивната веб-страница.„Ѓорчевска Вања, татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон“, пишуваат од МВР.Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-27-at-19.43.51

Нема траг од Вања, мајката сведочи: Излезе весела, не веруваме дека избегала, немаме нарушени односи

Дванаесет часа семејството Ѓорчевски трага по Вања, за која нејзината мајка акламираше дека е исчезната и јавно побара помош. Истовремено, проверки врши и полицијата, испитани се и повеќе лица кои имале контакт со девојчето. Зорица, мајка на исчезнатото девојче, за „Скопје1“ посочува дека до сега, немаат никаква информација. Раскажа и како започнала голготата.„Таа во 7:20 минути излезе за на училиште. Наставничката ми реагираше дека ја нема на прв час, на класен час. Класната реагираше одма бидејќи бара во случај некое дете да не дојде, да ја информираме. Класната изреагира во 7:40 минути дека Вања не е на прв час“, вели мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.Таа појаснува дека Вања немала нарушени односи со семејството, како со мајката, така и со таткото. Во моментот кога „Скопје1“ контактираше со мајката на исчезнатото девојче, родителите беа заедно во исчекување на било каква информација која ќе помогне да се најде детето.„Разведени сме, но немаме нарушени односи. Еве, секој ден е тука, има клуч од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени односи. Тука е, еве го, со мене е“, вели мајката.Прашана дали има нови информации поврзани со Вања, посочува дека и таа е во исчекување. Тврди дека нејзината ќерка не е девојче која би избегала со некого.„Нема ништо, се уште нема ништо. Не знам во што да се сомневам. Имаше две-три другарки, сите се испрашани. Не веруваме дека избегала со некого, не е таков тип на девојче. Првпат се случува ова. Весела излезе сабајле да оди во училиште“, вели мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“.За исчезнувањето на девојчето, алармираше мајката уште утринава. Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути, а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Потрагата по Вања Ѓорчевска продолжува и во текот на ноќта, извести МВР

Министерството за внатешни работи извести дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишната Вања Ѓорчевска откако денеска во 08.35 часот Зорица Ѓорчевска од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка е исчезната. – За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, велат од МВР.Од таму апелираат да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Поминаа 24 часа од исчезнувањето на Вања: полицијата трага, семејството бара информации, граѓаните загрижени

Поминаа 24 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања, која тргна во училиште и ѝ се губи секаков траг. Полицијата извести дека и во текот на ноќта биле мобилизирани службеници задолжени за нејзино пронаоѓање, а до вчеравечер, семејството Ѓорчевски немаше никакви информации за тоа каде може да се наоѓа девојчето.Вања, според мајката, излезе од дома вчера (понеделник), во 7:20 часот, а веќе во 7:40 минути, семејството дознало дека девојчето не било на првиот училиштен час. Во 12 часот на пладне, беше објавен и апелот. Мајката Зорица Ѓорчевска за „Скопје1“ појаснува дека Вања немала нарушени односи со семејството, како со мајката, така и со таткото. Во моментот кога „Скопје1“ контактираше со мајката на исчезнатото девојче, родителите беа заедно во исчекување на било каква информација која ќе помогне да се најде детето. Прашана дали има нови информации поврзани со Вања, посочува дека и таа е во исчекување. Тврди дека нејзината ќерка не е девојче која би избегала со некого.„Разведени сме, но немаме нарушени односи. Еве, секој ден е тука, има клучен од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени односи. Тука е, еве го, со мене е“, вели мајката.Вчеравечер (понеделник) се огласија и од МВР. Велат дека се трага по младата Вања.„За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“, објави МВР.Исчезнувањето на Вања донесе загриженост и кај јавноста. Апелот е споделен илјадници пати, а има и иницијативи за да се направи граѓанска потрага, со цел побрзо да се најде девојчето.

Македонија | пред 2 години

IMG_8276

МВР ја објави Вања за исчезната со слика и опис: носи протези, има бемка на десната страна од лицето, школски ранец и Ајфон

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија.ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее.Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

Македонија | пред 2 години

majka1412

Мајката на исчезнатата Вања со апел: Ве молам, не ширете дезинформации, не помагаат во пронаоѓањето

Низа коментари, теории на заговор, дезинформации беа објавени на социјалните мрежи по исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Мајката, Зорица Ѓорчевска, упати апел до сите, со цел, да не се одмага на истрагата и потрагата по девојчето. Таа дел од вечерта ја поминала во полициската станица „Беко“ од каде се координираат активностите за пронаоѓање.„Би сакала многу да се заблагодарам до Министерството за внатрешни работи кое несебично е на терен и доцна вечерва, за да се пронајде моето малолетно дете. Ве молам, не ширете дезинформации, не помагаат во пронаоѓањето“, напиша мајката на социјалните мрежи.Во потрагата, вклучени се и роднини и пријатели. Досега, нема траг од девојчето. Полицијата извршила претрес и во домот, каде е пребаран и компјутерот, а отворени се и пораките кои Вања ги разменувала. Во нив, според мајката, немало ништо сомнително. На распит се повикани и другарите на Вања, а во потрагата вклучени се нивните родители. Полицијата работи на сите можни теории, поврзани со тоа каде би можела да биде и што би можело да се случи со 14-годишното девојче.„Како родители мислиме само на најлошто. Надлежните ни велат дека досега не памтат сличен ваков случај“, додава Ѓорчевска.Официјалните информации од мајката која зборуваше за „Скопје1“ се дека Вања немала конфликт со родителите, од дома излегла насмеана, по 20 минути и јавиле дека не се појавила во училиштето кое било на мала оддалеченост. Последно е видена во Дебар Маало, по што, и се губи секој траг. Мајката Зорица, за „Скопје1“ посочи дека немаат нарушени односи со таткото на Вања, заедно трагаат по неа. Таа го опиша своето дете, како личност која никогаш не би избегала, бидејќи како што рече: „таа не е таква“.Од МВР веќе посочија дека работат на пронаоѓање. Вчера, беа мобилизирани сите екипи од Секторот за внатрешни работи-Скопје. Земени се снимки од камери на околни објекти по трасата која Вања ја одела, но и од градските камери поставени по раскрсници и улици.Вања е 14-годишна ученичка во деветто оделенение. Телефонот и е исклучен од 7:34 минути вчера (понеделник), а последен пат е видена во Дебар Маало. Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања