ВАЊА

velibor-manev

(Видео) Еден од уапсените за убиствата барал доктори во притвор, оти не му било добро

Еден од тројцата уапсени и осомничени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, барал да биде прегледан од доктор, жалејќи се дека му е лошо, дознава „Скопје1“. Станува збор за Велибор Манев, кој раскажа што се и правеле на Вања, но и на Панче, пред да бидат убиени. Тој барал да биде спроведен на доктор, посочувајќи дека има здравствен проблем. „Скопје1“ исконтактира со Филип Андов, директор на затворот „Скопје“. Тој посочува дека имало поплаки, но дека се е во ред.„Проверена е состојбата, Улицето е во добра општа здравствена состојба“, вели Андов за „Скопје1“.Манев вчера беше спроведен од полициска станица во Кривичен суд. Таму му беше одреден 48 часовен притвор, кој го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка. Манев кога влезе во судот, прашан од „Скопје1“ дали го сторил убиството, одговори со: „не“. Тој го призна злочинот кој го направиле заедно со групата, предводена од Љупчо Палески-Палчо.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1

Реконструкција на убиството на Вања: Што се случуваше осум дена за време на потрагата

Дебар Маало – Мирковци (Скопска Црна Гора) – Бразда – непознат правец. Вака од прилика изгледа траекторијата на движење на убиецот на Вања и неговите помошници. Сѐ започнува во строгиот центар на Скопје. Зградата се наоѓа близу булеварот „Илинденска“, а околу неа има десетина локали. Станува збор за место кое е раздвижено во секој дел од денот. Близу зградата има и градски надзорни камери – минимум три, од кои едната е насочена токму кон улицата каде бил паркиран автомобилот. До местото каде е однесена, потребно е околу 40 минути.„Скопје1“ направи реконструкција, користејќи ги деталите дадени од надлежните органи, но и изјавите на мајката Зорица Ѓорчевска за медиумите.Утро (понеделник 27 ноември), 7:20 минутиВања излегува од дома. Вообичаено ја придружува нејзината сестра, но не и денеска. Овојпат е сама, бидејќи сестра ѝ губела час, па останала дома. Излегла од домот и се упатила кон излезот на зградата. Таму ја чекале две лица, додека на улицата бил паркиран украдениот „цитроен“. Тие претходната вечер ги дознале деталите дека Вања ќе излезе сама од дома и испланирале како да го направат грабнувањето.Двете лица ја грабнуваат, врзуваат и ставаат во вреќа за спиење. Ја изнесуваат од зградата и ставаат во автомобилот марка „цитроен“. Во непосредна близина има и автомобил „рено“, кој постојано ги следи во текот на целата траекторија на движење. Тргаат двете возила во исто време.Утро (понеделник 27 ноември), 7:40 минутиМајката Зорица Ѓорчева добива известување од класниот раководител дека Вања не се наоѓа на класен час. Пробува да ја добие на телефонот – но тој е исклучен. Последниот сигнал од нејзиниот телефон зрачи во близина на „Силбо“, односно „Броз кафе“. По ова, се губи секаква трага.Утро (понеделник 27 ноември), околу 8:35 минути Бидејќи не може да стапи со неа во контакт, а Вања не е во училиштето – Зорица пријавува дека нејзината ќерка е исчезната. Во тој момент нема информации дека е грабната, ниту се сомнева во тоа.Полицијата ја добива информацијата и почнува да постапува. Се алармираат полициските службеници кои вршат контроли, а започнуваат и распити. Мајката контактира со две-три другарки на Вања, кои не се слушнале, ниту знаат каде е девојчето.Во исто време, Вања е веќе во автомобилот „цитроен“ кој се упатил кон скопско Мирковци. Точната локација во селото, не е позната.Утро (понеделник 27 ноември), околу 10:00 минутиВања е во гепекот од „цитроенот“, кој претходно бил украден од убиениот Панче Жежовски од Велес. Се претпоставува дека е жива, но врзана и затворена во вреќата.Според пресметките на „Гугл мапс“, постојат две траектории по кои би можело да се движи возилото. И низ двете, треба по околу 30 до 40 минути за да се пристигне од зградата каде е грабната до Мирковци каде е однесена. Едната траекторија е преку Качанички пат, додека другата преку Бутел и Радишани.[caption id="attachment_265609" align="alignnone" width="1682"] Трасите од Дебар маало до Мирковци[/caption]Пред „цитроенот“ постојано возело возилото марка „рено“. Во едно од нив бил и првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо – кој е осомничен дека пукал во Вања.Апроксимативно (од прилика) во Мирковци би требало да пристигнат околу 8 часот и 20 минути. Не се знае што се случувало во периодот од пристигнувањето до 10 часот.Според сведоштвата, Палчо пукал во Вања во 10 часот, а едно лице чувало стража. На овој чекор, според МВР и Обвинителството, лицата се одлучиле откако, како што кажаа: „работите излегле од контрола“.Се копа дупка, а телото се фрла во неа. Потоа, се закопува.Во недефинирано време, осомничените купуваат бензин, кој им треба за да го запалат возилото „цитроен“ со цел да ги уништат доказите.Утро (понеделник 27 ноември), околу 11:00 минутиИ Александар, татко на убиената Вања, се одлучува да ја пријави ќерката за исчезната. МВР ја добива пријавата, без никакви детали или сомневања од страна на таткото. Тој нема својство на осомничено лице, соработува со полицијата.Постојано е достапен за инспекторите, одговара на повиците, се пријавува во станица. Но во ниту еден момент не укажува дека зад грабнувањето има план.Попладне (понеделник 27 ноември), 12:08 минутиОва е времето кога на социјалните мрежи се објавува апелот за помош од мајката Зорица. Таа посочува дека на Вања ѝ се губи секаков траг, објавува и две фотографии од девојчето. Во објавата посочува како е облечена, како изгледа, од каде тргнала и каде требало да стигне.Најпрво, Зорица остава нејзин телефонски број. Подоцна, поради големиот број на шпекулации го брише и повикува доколку некој има информации да ја контактира полицијата.Потрагата трае во текот на целиот ден, полицијата се екипира и пребаруваОд Вања ниту трага ниту глас. Ниту една информација во тие моменти не е корисна. Граѓаните се мобилизираат. Иницијативи за независно пребарување низ Скопје, фотографии осамнуваат на бандери низ цел град. Вања во овие моменти е веќе убиена, според тврдењата на осомничените лица.[caption id="attachment_265610" align="alignnone" width="1630"] Апелите за помош (фото КОД)[/caption]Вечер, (понеделник 27 ноември), околу 20:00 часот Редакцијата на „Скопје1“ контактира со мајката Зорица, која нема никакви нови информации за нејзината ќерка по која интензивно се трага. Прашана дали таа или таткото имаат нарушени односи со некого – негира.На прашање дали меѓу таткото и нејзе има нарушени односи, Зорица посочува: „Разведени сме, но немаме нарушени односи. Еве, секој ден е тука, има клуч од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени односи. Тука е, еве го, со мене е“.Потрагата трае и наредните пет дена, различни информации во јавност„Земена со бело возило“, „Однесена во Косово“, „Дојдете земете ја од џамија“. Ова се само дел од дезинформациите кои кружеа на социјалните мрежи и ја вознемируваа јавноста. Се ширеа различни тврдења, а ниту едно од не беше поткрепено ниту со материјални, ниту со вербални докази.Веќе на 28 ноември, 24 часа по пријавата, Вања е огласена за исчезната и на сајтот на МВР. Истиот ден, попладнето, објавена е и потерница по неа, прво национална, а потоа и меѓународна.Нејзините фотографии беа ставени на сајтот на „Интерпол“. На границите, таа беше на т.н. „стоп листа“.МВР имаше формирано штаб кој пребаруваше низ цело Скопје за да се најде девојчето. Но залудно. Се барало во подруми, речното корито на „Вардар“, верски објекти. Истовремено, се вештачеле уредите кои биле одземени од семејството, а за кои министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека дале одредени информации – не прецизирајќи што.Сепак, клучни биле снимките од надзорните камери. Биле одземени над 70 снимки од различни места. Била следена трагата, која довела до првите осомничени.Четврток, 30 ноември Главниот осомничен за организација и извршување на убиството на Вања, но и на велешанецот Панче Жежовски е Љупчо Палевски-Палчо. Станува збор за лик кој беше бизнисмен, потоа политичар, а заврши како контроверзна личност кој има статус: осомничен за две убиства.Додека трае потрагата по Вања започната од 27 ноември, тој постојано споделува објави на социјалните мрежи. Воглавно, насочени против западните политики, а додека во Скопје се одржува ОБСЕ-самитот. Додека цела Македонија трага по Вања, тој на десетиците профили на кои ги има содржините кои тој ги објавува, на неговиот не објавува ниту збор за 14-годишното девојче.Четврток, 30 ноември, тој ја напушта Македонија. Со автомобил заминува за Белград. Го вози неговиот адвокат Васко Стојков. Тој денеска за медиумите кажа дека нема никаква поврзаност со настанот, ниту знаел дека Палчо е осомничен.За „Телма“ изјави дека откако разбрал за што е осомничен Палевски, му пратил порака да се врати и да даде исказ затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие, рече дека сѐ кажал во полиција, но оттогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи, биле и пријатели.Од Белград, Палчо заминал за Бугарија, покажуваат трагите кои ги оставал зад себе. По него ќе биде распишана и меѓународна потерница, во моментот кога ќе биде започната истрагата.Сабота, 3 декемвриПолицијата сослушува сведоци, меѓу нив и еден од сега осомничените. Тој дава информации преку кои се почнува со разоткривање на целиот злочин кој го направиле. Се проверуваат локации, се обезбедуваат лица. Потрагата по Вања трае.Вербалните докази се споредуваат со материјалните, се склопува целата приказна. Се наоѓа возилото марка „цитроен“ и се прават поврзувањата помеѓу двете убиства.По Вања, сѐ уште се трага. Доцна вечерта се дознаваат првите грозоморни детали.Недела, 4 декември, утро и пладне Телото на Вања е најдено. Закопано. Локацијата е во селото Мирковци, во Скопска Црна Гора. Поради тоа што се обезбедуваат лица, но и докази, нови лица добиваат статус на осомничени – не се споделуваат детали сѐ до вечерта.Полицијата трага по Палчо, кој е недостапен. Утврдуваат дека е надвор од Македонија. Ги наоѓаат соучесниците, трите лица Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски. Тие признаваат вина и сите дејствија кои ги сториле.Сите искази се поклопуваат. Токму од нив се посочува и таткото Александар, како лице кое учествувало во планот за киднапирање и користољубие. Кажуваат дека Александар ги давал информациите околу тајмингот кога Вања излегува за на училиште и дека тој ден ќе биде сама. Практично, укажуваат дека Александар имал контакт со Палчо – кој се сомничи дека ја уби Вања.Недела, 4 декември, 20:57 минутиОбвинителството излегува со заедничко соопштение.„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.  Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“.Понеделник, 00:00 часот Осомничените се носат во Кривичниот суд, каде им се одредува притвор.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Солзи, воздишки, ружи за Вања во „Песталоци“ - книгата на жалост полна со сочувства

Соченици, пријатели, познаници и непознаници – редици пред книгата на жалост во ОУ „Јохан Хајнрих - Песталоци", каде учеше убиената Вања Ѓорчевска. Со солзи и воздишки, завиено во црно, многумина се простуваат од 14-годишното девојче за кое тагува цела Македонија.Пред книгата на жалост, сликата од Вања, носи уште поголемо треперење кај секој што се потпишува во неа. Дел од нејзините соученици, оставаат цвеќиња и мечиња.Општина Центар ги повика блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат.Во моментот, менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-12.24.36

Сведоштво на адвокатот на Палчо: Го однесов во Белград, не знаев за овие работи, му пишав да се врати и да даде исказ

Го однел Палевски во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жеровски. Вака адвокатот Васко Стојков во телефонски разговор за Телма објаснува зошто бил со Палевски кога тој избегал од државата.„Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако ако е сѐ во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав“, вели адвокатот Стојков.Откако разбрал за што е осомничен Палевски, адвокатот Стојков му пратил порака да се врати и да даде исказ затоа што станува збор за сериозна работа. Дали и каков одговор добил не сакаше да открие, рече дека сѐ кажал во полиција, но оттогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи, биле и пријатели. Стојков објаснува дека имал добра намера да му помогне и после сѐ се чувствува злоупотребено. Јас сум адвокат и ако сум знаел било што сигурно немаше да го носам, рече Стојков во телефоснкиот разговор за Телма.Извор: Телма

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-11.48.43

Љупчо Палевски од бизнисмен и политичар до контроверзна личност и ладнокрвен убиец на 14-годишната Вања

Кој е Љупчо Палевски- Палчо, човекот за кој истражните органи открија дека пукал и ја уби 14-годишната Вања Ѓорчевска, човек познат и на јавноста и на полицијата?Во 90-те години, во времето на владеење на СДСМ, моќен градежник, попознат и по прекарот УПА по неговата градежна фирма ,,Упа Ентерпрајз”. Палевски во еден период го основа и води неделникот „Старт“, познат по опозициската ориентација. Палчо ја врши и функцијата претседател на градска организација на СДСМ и е инвеститор во нивно време на подрачјето на Центар. По менувањето на власта, со многу помпа и сензации се урива диво изграденото поткровје на негова вселена зграда во скопско Дебар Маало. Во 2017 година, Љупчо Палевски беше на распит во тогашното СЈО поради тоа што неговото име се врзуваше со прислушуваните разговори, односно приватните разговори кои што беа објавени на Каналот „Јутјуб“ под корисничко име „Никола Тесла“. Стануваше збор за приватни разговори на политичари и новинари.Во 2019 година е притворен во Белград во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва поради активирана потерница од Хрватска од 2015 година, каде останал задолжен 2.500 евра.На јавноста и е познат по тоа што откако беше пуштен на слобода од притвор во Србија, во Македонија преку својата активност беше критички настроен кон власта и кон работата на поранешниот прв човек на службата за државна безбедност во МВР Сашо Мијалков.Во 2020 година е објавено дека е нападнат и претепан претседателот на движењето Трета и активист во партијата „Глас за Македонија“ - Љупчо Палевски, во близина на неговиот дом.Партиите бараа сторителите да бидат најдени и соодветно казнети. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски изјави дека сторителите на таквиот грозоморен чии се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта.Од владејачката СДСМ побараа надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани. Ваквиот чин беше осуден и од партијата на Палевски, „Глас за Македонија“, Левица, и Демократскиот сојуз .Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица, каде со неколку лица барале злато. Му бил одземен пиштол марка „валтер“ кој нелегално го држел кај него.Љупчо Палевски-Палчо е убиецот на Вања Ѓорчевска. Ова го посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој избеганиот го квалификуваше како монструм. Според него, Палчо се исплашил и побегнал од Македонија во Белград, па Бугарија и понатаму се утврдуваат сите аспекти. Од државата излегол на 30 ноември.Секојдневно активен на социјалните мрежи, тој реализираше и поткаст емисии, искажувајќи ги своите тврди ставови против западните политики. На социјалните мрежи има десетици профили со ова име, но и со исто лого. Споделуваат иста пропаганда. Имаат и свое седиште, кое се наоѓа во Кисела Вода. Организираше низа дебати на кои онлајн, граѓани поставуваа дилеми и прашања.Движењето „Десна“, месецов требало да слави една година постоење.„ДЕСНА која се подготвува да прослави прва годишнина на 12 Декември оваа година, јасно става до знаење дека треба и мора да се преуреди законот за користење на симболи и знамиња на начин што не само местото, туку ќе ја уреди и количината на нивно користење, секако и ДИМЕНЗИИТЕ на сите знамиња кои се употребуваат во државава. За ДЕСНА, оваа провокација е уште една причина и доказ дека поништувањето на договорот со Грција е неопходност без која Македонскиот народ нема шанса да преживее и дека треба многу по сериозно да се надгради политичкото делување на сите политички субјекти надвор од СИСТЕМОТ на КУ**О и МУРТО. Политичкото делување мора да се дислоцира од СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи затоа што токму тие, социјалните мрежи се нај силниот издувен вентил на Македонската емоција и бес, но под комплетна контрола на Атлантистиве и нивните вистински газди , ЦИОНИЗМОТ. Провокацијата е само логичен след на проектов во кој живееме и исчезнуваме како Македонци, како мнозински народ, без сопствена политика или пак со политика во раѓање со име Политичка партија ДЕСНА“, објавил Палчо.Додека целата јавност беше потресена од исчезнувањето на девојката, осомничениот Љупчо Палевски, секојдневно објавувал статуси на социјалните мрежи со политички пораки. Палевски активно ги промовираше своите десничарски и проруски идеи и заложби.

Македонија | пред 2 години

istraga-vanja

Киднапирана, врзана, качена во гепек, однесена во село Бразда - осомничените сведочеле за целиот тек на убиството на Вања

Вања Ѓорчевска била киднапирана во влезот на зградата каде живеела. Осомничените сведочеле дека ја чекале откако добиле информации од организаторот Љупчо Палевски-Палчо, кој е во бегство. За Палчо пак, кажале дека информациите ги добил од таткото на Вања, извесен Александар. Вања била врзана и ставена во вреќа. Убиена е надвор од Скопје. Осомничените сведочеле и како го копале гробот.„Утврдено е дека двете од лицата, кои биле со 'цитроенот', а откако претходната вечер ја добиле информацијата дека девојчето ќе биде само, го земаат од влезот на зградата, со врзани раце и нозе го ставаат во вреќа за спиење, го изнесуваат, ставаат во гепек. Пред 'цитроенот' има возило 'рено канго'. Однесено е на локација надвор од Скопје, а потоа е запалено возилото“, кажа Спасовски.Убиството било извршено во атарот на село Бразда, Чучер Сандево.Според истрагата, исказите покажале дека работите излегле од контрола бидејќи Вања се бара насекаде, па осомничените се решаваат да ја убијат, па да мислат на парите.„Ние ги знаеме мотивите, од исказите на осомничените. Однапред кога се договарале, мотивите биле парите - да се земат пари од мајката на детето. Постапката за изнуда не почнала“, кажа Бубевски.За таткото ќе се бара притвор.„Досегашниот негов исказ во полиција јас кој го знам, не знам дали ќе се смени, сѐ уште таткото ги негира овие дејствија. Ние неговата инволвираност која сметаме дека е посредна, ја вадиме од контекстот на другите инволвирани во случајот, едното лице кажало дека сѐ ова го знае од контактот со таткото. Ќе се бара негово обезбедување, имаме основи на сомнение“, кажа обвинителот Гаврил Бубевски.За цело време, Александар, таткото на Вања, бил со полицијата. Тој до вчера, не признал вина и негирал поврзаност.

Македонија | пред 2 години

vanja-spasvski

Палчо го извршил убистото на Вања, по три дена избегал од Македонија, посочува Спасовски

Љупчо Палески-Палчо е главен организатор на двете киднапирања, а според првичните информации на МВР бил и убиецот на Вања Ѓорчевска. Ова го посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој избеганиот го квалификуваше како монструм. Според него, Палчо заминал од Македонија во Белград, па Бугарија и понатаму се утврдуваат сите аспекти. Од државата излегол на 30 ноември. Вања била грабната од влезот на зградата. Во двата различни случаи, имало по еден сведок на убиствата.„Главниот организатор и извршител кој со пиштол на 27.11 според досегашните утврдени докази, некаде околу 10 часот ја усмртил малолетничката, исплашен од доказите кои можат да дојде полицијата, ја напуштил држвата. Му го следиме трагот“ рече Спасовски.Во двата случаи извршителот е Палчо, објасни Спасовски, кој за ова лице рече „тој е главен организатор“.Главниот скоспки обвинител, Гаврил Бубевски, посочи дека по отворање на истрагата по Пачло ќе има меѓународна потерница.„Во овој момент сме на линија без никакви задршки, сторителите на овој чин бидат изведени и казнети за тоа што го направија“, посочи Бубевски.Според него, двајца од осомничените сведочеле дека информациите за движење на девојчето ги дознале од Палчо, кој ги имал од таткото.Против Палчо имало неколку прекршочни постапки.

Македонија | пред 2 години

vanja-spasovski-bubevski

Сите три лица кои се во притвор, го признале нивното ангажирање за убиствата на Вања и Панче

Трите лица Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, го признале целиот ангажман за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Шефот на скопското Обвинителство, Гаврил Бубевски посочи дека се гонат за три дела – меѓу кои убиство. Тие при признавањето, го кажале тајмингот кога била убиена Вања, а кога Панче.„Сторителите се исти и за првото и за второто кривично дело. Тие се казнуваат според најтешката кривично-правна квалификација со најстрога казна“, додаде Бубевски.Според првичните информации, тие во исказите кажале дека ја убиле Вања бидејќи работата излегла од контрола.„Тоа е нивната верзија“, додаде Бубевски.Одземени се биолошки траги, кои се испитуваат. Откако резултатите ќе бидат готови, ќе има истрага и повеќе детали.„По ова ќе биде побарана најтешна можна мерка“, додаде Бубевски.

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-41234123

Преку гаража, па во лифт, право во судница - сокриен еден од осомничените за убиството на Вања

Три лица се донесени во Кривичниот суд и изведени пред судија на претходна постапка за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Последното лице беше сокриено од медиумите и спроведено во судница преку гаражите на судот, па потоа во лифт до третиот кат. Вратата на Кривичен беше заклучена од страна на стражарите по вториот спровод. Не се знае, дали последното лице кое е спроведено е лицето кое пукало во Вања.Пред него, полицијата преку гаражите, па по скали спроведе непознато лице, кое е уапсено за истиот случај.Единствен осомничен кој беше донесен преку паркингот на судот е Велибор Манев. Тој беше прв спроведен. Станува збор за лице кое се дружело со Љупчо Палески-Палчо, а кое дало информации за планирањето и извршувањето на киднапирањето, а потоа и убиството. Палчо и Манев на социјалните мрежи имаат заеднички фотографии.Обвинителството потврди дека е уапсен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. Обвинителот до изутрина ќе одлучи дали ќе бара притвор и за него.Полицијата трага по Љупчо Палевски- Палчо, кој е недостапен за органите на прогонот. Тој е надвор од Македонија, а државата ја напуштил откако Вања била убиена во понеделникот.Низа дружби и средби имало помеѓу осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. „Скопје1“ дојде до фотографии од лицата кои од вчера се во полициска станица, а треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Дел од дружбите, според фотографиите, биле во седиште на движењето на Љупчо Палевски – Палчо, по кого полицијата трага, додека тој е надвор од Македонија.Сепак, официјални детали се очекуваат дури утре, во 10 часот, кога е закажана прес-конференција на Обвинителството.Засега е потврдено дека од пет лица, за тројца се бара притвор, двајца не се поврзани и по распитот се пуштени на слобода, по еден (Палчо) се трага и еден е сега приведен.Од фотографиите кои ги поседуваме, лицето кое е првоосомничено дека го извршило убиството, позира со нож, седи зад знамето на „Трета“ партија која се поврзуваше со Палчо. Во друштво е и со другите осомничени. Од фотографиите се добива впечаток дека сите осомничени имале интензивни дружби.Седиштето на движењето „Трета“ е во Кисела Вода, кое неофицијално, полицијата го проверувала за да обезбеди докази. Се очекува по Палчо да биде распишана и потерница бидејќи се знае дека ја напуштил државата.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_04-12-2023_02-05-37-2680AM

(Видео) Уште еден осомничен за киднапирањето и убиството на Вања спроведен во суд

Уште еден осомничен за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска е донесен во Кривичниот суд. Тој беше спроведен од повеќемина полицајци, преку подземните гаражи. Судија на претходна постапка ќе треба да одлучи дали ќе му се одреди притвор.Засега неговиот идентитет не е познат.Претходно, беше спроведен уште Велибор Манев, кој неофицијално, признал соучесништво во убиството.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Фото) Осомничените за убиството на Вања се уште не се спроведени во суд за притвор - новинарите ги чекаат со часови

Осомничените за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевскa за кои ќе се бара притвор, се уште не се донесени во Кривичниот суд. Со часови, новинарските екипи го чекаат пристигнувањето на лицата кои се приведени и се на распит во полиција. Во судот, пак, раздвиженост. Но, не се открива кога осомничените ќе бидат спроведени.Според последните информации, три лица се осомничени, по едно се трага (Љупчо Палески-Палчо), а пак, таткото Александар е уапсен и е на распит. Постапката е тие да бидат донесени пред судија на претходна постапка, а потоа, да се одреди мерката на претпазливост.„Скопје1“ веќе објави дека Велибор Манев, едно од трите лица кои се уапсени за убиството на 14-годишното девојче, Вања Ѓорчевска, признало вина. Станува збор за лице кое се дружело со Љупчо Палески-Палчо, а кое дало информации за планирањето и извршувањето на киднапирањето, а потоа и убиството. Палчо и Манев на социјалните мрежи имаат заеднички фотографии.Повеќе детали се очекуваат доцна во вечерта, „Скопје1“ останува на терен.Деталите од ОбвинителствотоПо преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.  Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-03-at-23.53.25

Осомничениот Велибор Манев призна вина за убиството на Вања, нејзиниот татко е еден од осомничените

Велибор Манев, едно од трите лица кои се уапсени за убиството на 14-годишното девојче, Вања Ѓорчевска, признало вина, дознава „Скопје1“ од извори во истрагата. Станува збор за лице кое се дружело со Љупчо Палески-Палчо, а кое дало информации за планирањето и извршувањето на киднапирањето, а потоа и убиството. Палчо и Манев на социјалните мрежи имаат заеднички фотографииОбвинителството потврди дека е упасен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. За потсетување, таткото е второто лице кое ја пријави сега убиената Вања за исчезната, кој има статус на осомничен.Во јавноста се појавија информации дека го договарал грозоморното сценарио со Љупчо Палевски- Палчо, кој е во бегство.

Македонија | пред 2 години

Vanja-1

Во „Песталоци“ ќе биде отворена книга на жалост, психолози ќе комуницираат со соучениците на Вања

Утре од 9 часот, на службениот влез на училиштето Јохан Хајнрих – Песталоци ќе биде отворена книга на жалост. Општина Центар ги повика блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат. Во моментот, менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан. Градоначалникот Герасимовски и сите вработени во Општина Центар изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Вања. „Извршителите на овој грозоморен чин мора да одговараат во најкус рок, ги повикуваме институциите да го расветлат целосно случајот. Апелираме и до граѓаните да останат обединети во овие тешки моменти и да не подгреваат шпекулации. Нека ѝ е светол патот на Вања, ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори“, објави општина Центар.

Македонија | пред 2 години

Vanja-policajci

Уапсен е таткото на Вања

Обвинителството потврди дека е упасен Александар, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска. Засега за него не се бара притвор, а распитот сѐ уште трае. За потсетување, таткото е второто лице кое ја пријави сега убиената Вања за исчезната. Засега не се знае дали тој има статус на осомничено лице.Во соопштението од Обвинителството се наведува:„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност.“

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Низа средби и дружби меѓу осомничените за убиството на Вања, кружат и фотографии

Низа дружби и средби имало помеѓу осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. „Скопје1“ дојде до фотографии од лицата кои од вчера се во полициска станица, а треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Дел од дружбите, според фотографиите, биле во седиште на движењето на Љупчо Палевски – Палчо, по кого полицијата трага, додека тој е надвор од Македонија.Сепак, официјални детали се очекуваат дури утре, во 10 часот, кога е закажана прес-конференција на Обвинителството. Прашавме дали освен петте лица кои ги споменаа, има и други осомничени, но тие не даваат прецизен одговор.Засега е потврдено дека од пет лица, за тројца се бара притвор, двајца не се поврзани и по распитот се пуштени на слобода, по еден (Палчо) се трага и еден е сега приведен.Од фотографиите кои ги поседуваме, лицето кое е првоосомничено дека го извршило убиството, позира со нож, седи зад знамето на „Трета“ партија која се поврзуваше со Палчо. Во друштво е и со другите осомничени. Од фотографиите се добива впечаток дека сите осомничени имале интензивни дружби.Седиштето на движењето „Трета“ е во Кисела Вода, кое неофицијално, полицијата го проверувала за да обезбеди докази. Се очекува по Палчо да биде распишана и потерница бидејќи се знае дека ја напуштил државата.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања