ВАЊА

IMG_8911.00_00_22_27.Still001

(Видео) Таткото донесен во Кривичен суд

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, е донесен во Кривичен суд каде треба да му се продолжи одредената мерка на претпазливост – ефективен притвор. Тој влезе во судот во придружба на полицијата.Ѓорчевски е осомничен дека дал информации за траекторијата на движење на убиената Вања. Според Обвинителството, тој кажал кога девојчето ќе излезе од дома, како и кога ќе биде само.Во притвор е од вчеравечер. Негираше вина во полициска станица, како и пред Обвинител.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-22.33.09

Фатен е Љупчо Палевски-Палчо, осомничен дека пукал во Панче и Вања

Љупчо Палевски-Палчо, кој се сомничи за киднапирање и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е фатен, дознава „Скопје1“. Тој бил задржан на граница, по распишаната меѓународна потерница.Засега се знае неговата траекторија на движење која е Скопје-Белград-Турција.МВР закажа прес-конференција за во 22-30 часот.Повеќе детали подоцна.

Македонија | пред 2 години

majka1412-1

Уште еден уапсен за убиството на Вања

Уште едно лице е уапсено поврзано со киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, дознава “Скопје1”. Според првичните информации, ќе се бара притвор од два дена и за него. Последната информација е дека истиот е одобрен.Според извори на “Скопје1”, сомневањето е дека е помагател. Станува збор за лице кое е поврзано со Љупчо Палевски-Палчо, но и партијата “Десна” чиј претседател е тој.Повеќе информации наскоро.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Обвинителство за уапсениот: го возел Палчо, кажал и траекторија на движење

Oсновното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен 48-часовен притвор против 46-годишен скопјанец под сомнение дека извршил - Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Основаното сомневање дека осомничениот го сторил кривичното дело произлегува од досега прибавените докази од Бирото за јавна безбедност, Сектор за меѓународна полициска соработка доставено до СВР Скопје во кое  е наведено дека лице осомничено дека сторило кривично дело, по кое сега е распишана меѓународна потерница, на 02.12.2023 година било регистрирано на граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). И двете регистрации се со возило марка Ланд Ровер, управувано од осомничениот. Лицето е лишено од слобода и со него полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка извршија информативен разговор.Во конкретниот случај, постојат околности кои го оправдуваат стравот за опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, со оглед на околностите за видот и карактерот на делото, запретената казна и последиците од истото.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-05-at-14.32.21

Се огласи партијата на Палчо: Да се почитува пресумцијата на невиност, да бидат најстрого казнети ако се докаже спротивното

Политичката партија „Десна“ чиј основач и претседател е и Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, објави соопштение на еден од нивните профили. Тие посочуваат дека доколку произлезе дека нивните членови и претседателот Палевски-Палчо се виновни, ќе бараат најстроги казни. Тие бараат засега да им се почитува пресумцијата на невиност.„Во овој тежок момент и период, кога во Македонија за 7 дена се случија две убиства, во Велес и Скопје, се соочивме информации кои донесоа шок и неверување за нас.Пред се, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски. Политичката Партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме апелираме да се почитува уставно загарантираната Презумција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното“, објави „Десна“.Тие додаваат дека им стојат на рапсолагање на сите истражни органи, а пак, ќе го замрзнат и членството на сите осомничени.„Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани.Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи. П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот. Уште еднаш изразуваме искрено жалење и сочуство до семејствата на Вања и Панче“, додаваат од „Десна“.

Македонија | пред 2 години

vanja-tatko

Таткото на Вања негирал поврзаност со убиството и киднапирањето и пред обвинител

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, и во Обвинителство негирал поврзаност со киднапирањето и убиството на неговата ќерка. Тој беше однесен од затворот „Скопје“ во Шутка, пред обвинител, за да даде свој исказ.Ова е вторпат тој да тврди дека не е вмешан. Нема информации како ги правдал информациите, дека токму од него било дознаено кога Вања ќе го напушти домот, но и дека ќе биде сама – а не со нејзината сестра, како што вообичаено било.Ѓорчевски ќе биде вратен во затворот каде издржува дводневен притвор, се до отворање на истрага кога истиот може да му биде и продолжен.

Македонија | пред 2 години

ubijci-vanja-2

[Профили] Сите имаат деца и се познаваат со Палчо - кои се осомничените за убиството на Вања

Двајца велешани, двајца скопјани и еден штипјанец. Ова се петте лица осомничени за киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска. Заедничко за сите е што имаат по две полнолетни деца и не се осудувани. Дел од нив, споделувачи на ликот и делото на Љупчо Палевски-Палчо – осомничен како организатор и реализатор на убиството на Вања, но и на убиството на Панче Жежовски од Велес. Дел од поврзувањата ги направи истрагата, дел не ги криеле ниту самите осомничени.„Скопје1“ ги направи профилите на осомничените лица, според информации од терен, од нивните сограѓани, но и користејќи ги нивните профили на социјалните мрежи.ВЕЛИБОР МАНЕВВелибор Манев е од Велес. Има 53 години. Станува збор за семеен човек, има две полнолетни деца. Досега бил неосудуван, ниту пак се водела постапка против него за друго дело. Во последните месеци, познат лик и на скопјани, бидејќи собираше петиција против промена на името на Македонската православна црква. За ова имаше и јавни сведоштва.[caption id="attachment_265882" align="alignnone" width="2720"] Осомничените Велибор Манев и Љупчо Палевски-Палчо (фотографирани на собир)[/caption]На социјалните мрежи, жесток поддржувач на Љупчо Палевски-Палчо, кој пак, е осомничен за реализатор на убиствата на Вања и Панче. Сѐ до неговото апсење, во саботата, тој споделувал објави на социјалната мрежа „Фејсбук“, воглавно, видеа од Палчо, објавени на профилот „Партија Десна“, политички субјект во кој двајцата делувале. Двајцата, судејќи според објавите, планирале да слават и една година постоење на партијата на 12 декември.БОРЕ ВИДЕВСКИБоре Видевски е исто така од Велес. И тој е татко на две полнолетни деца. Се занимавал со боречки вештини. На неговиот фејсбук профил стои: „Претседател и главен инструктор во Okikukai Uechi ryu Macedonia - хомбу доџо“.Профилот е исполнет со низа фотографии од него со деца кои ги тренирал. „Скопје1“ дознава дека тој бил и вработен во јавно претпријатие во Велес. Тој нема кривична евиденција во македонските судови. За разлика од останатите, Видевски, за разлика од Кешишев и Манев, нема јавни објави од партијата „Десна“, но има заеднички фотографии со неговиот сограѓанин. Заедно со Манев, стоеле и на штанд преку кој собирале потписи за да не се промени името на МПЦ.[caption id="attachment_265887" align="alignnone" width="1080"] Манев и Видевски на собир за зачувување на името на МПЦ[/caption]ВЛАТКО КЕШИШЕВВлатко Кешишев е штипјанец, има 64 години. Во јавноста е познат и како „готвачот на Палчо“. Татко е на две полнолетни деца. Едното од нив, споделува објави и видеа од Палчо на социјалните мрежи.[caption id="attachment_265888" align="alignnone" width="1138"] Објава на Палчо, споделена од синот на Кешишев[/caption]Кешишев е разведен, велат за „Скопје1“, штипјани кои го познавале. Со брзина на светлината, еден ден откако беше изведен на суд и беше ставен во затвор – неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ беше исклучен. „Скопје1“ има принтскринови на дел од објавите.[caption id="attachment_265892" align="alignnone" width="1920"] Фотографии на Кешишев кои ги споделувал на сега исклучениот профил на „Фејсбук“[/caption]Од нив може да се утврди дека Кешишев го посетувал седиштето на „Десна“ од каде Палчо правеше поткасти.Се сликал зад симболот  „Јин и јанг“ – најпознат симбол во кинеската филозофија (детали). Фотографии правел и во кујна, на себе го носел сонцето од Кутлеш, се фотографирал со качулка и меч. Во анализирањето на фотографиите кои „Скопје1“ ги поседува, се приметува дека Кешишев често на фотографиите покажувал симбол на споени три прсти.АЛЕКСАНДАР ЃОРЧЕВСКИАлександар Ѓорчевски е скопјанец, татко на Вања и има 51 година. Мајката Зорица Ѓорчевска во изјава за „Скопје1“ кажа дека тие имаат две заеднички деца. Разведени се. Мајката веќе посочи дека таткото нема профили на социјалните мрежи, бидејќи си ја ценел приватноста.[caption id="attachment_265814" align="alignnone" width="1920"] Првпат јавноста го виде во судот каде го снимија новинарите, кога му определуваше притвор[/caption]Станува збор за неосудувано лице, а познат кај дел од жителите на Дебар Маало, каде живеел долги години. Иако нема фотографии како останатите лица, истрагата покажала дека тој се познава со Палчо, на кому му дал информации за времето и траекторијата на движење на Вања кои помогнале да биде киднапирана и убиена.ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ-ПАЛЧО „Скопје1“ пишуваше за неговиот профил. Од бизнисмен и политичар до контроверзна личност и ладнокрвен убиец на 14-годишната Вања. И тој е родител, татко на полнолетно дете. За разлика од останатите, Палевски има кривично и прекршочно досие.Целиот профил видете го со клик ТУКА.ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ СОМНИЧИ ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊАВелибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев раскажале кои биле нивните улоги во киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Реализатор на убиствата кажале дека е Љупчо Палевски-Палчо кој е во бегство и кој ги организирал сите лица. Александар Ѓорчевски, татко на Вања, до вчера утрината не призна своја инволвираност. Сепак, за него постоеле докази дека го дал времето и местото кога Вања ќе биде сама за да биде киднапирана. Девојчето било врзано во влезот, ставена во вреќа и однесена во село Бразда, Чучер Сандево. Таму било пукано во неа. Обдукцијата ќе утврдува кога точно починала и дали била малтретирана.

Македонија | пред 2 години

majka1412-1

Обдукцијата за Вања завршена, дадени одговорите кога е убиена, дали има траги на насилство, како е убиена

Завршена е обдукцијата на телото на Вања Ѓорчевска, кој треба да ги даде одговорите на повеќе прашања, а меѓу другото и на тоа - како е убиена и кога настапила смртта, но и дали има траги на насилство. Ова ќе биде еден од клучните и крунските докази во постапката против лицата Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото Александар Ѓорчевски.Телото на убиената Вања е предадено на мајката Зорица, по што ќе биде закажан погреб.Детали од наодот нема да се споделат во јавноста, а во интерес на истрагата, соопштија од Обвинителството. Од него може да се соопштат само изолирани моменти, како што е времето на настапување на смртта, но и причинител - огнено оружје, задушување или нешто трето.Влатко Кешишев, Боре Видевски и таткото Александар Ѓорчевски се во притвор, а по Палчо е распишана меѓународна потерница. Неговата траекторија на движење е Србија-Бугарија-Турција. Не може да помине граница, бидејќи би бил уапсен. Се проценува дека ниту една земја не може и нема да му даде азил додека е во бегство. СИТЕ НОВОСТИ ОД ИСТРАГАТА ЗА УБИСТВОТО - ТУКА.

Македонија | пред 2 години

vanja-spasovski-bubevski

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, се соочуваат со најмалку 10 години затвор“, вели обвинителот Бубевски

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и фризерот Панче Жежовски им се заканува казна затвор од десет години, како и доживотен затвор. Според него, денеска се очекуваат првите кривични пријави против осомничените.„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потерница по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојката, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, истото го кажале и осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски на ТВ Нова.Според него, киднаперите се плашеле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот.„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, вели обвинителот.Обдукцијата на Панче Жежовски е завршена вчера, а денеска се очекуваат информациите, кажа обвинителот. Овие два случаи ги поврзуваат само возилото на велешанецот со кое е киднапирана Вања и извршителите на убиствата, додаде тој.Бубевски посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.„Никогаш до сега не е забележан ваков случај, но тоа му дава тежина“, заклучува Бубевски за ТВ Нова.

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

„Таткото прв знаел дека нема да може да се изврши изнудата, Вања била задушена и станала неупотреблив заложник“, објави Ременски за убиената Вања

Вистинскиот предзнак за убиството на Вања е свирепост – пукано во задушено дете кое требало да биде заложник во изнуда во договор со “таткото”, пишува на социјалните мрежи Фросина Ташевска Ременски, професор на Факултетот за безбедност.Главното прашање што се проблематизираше по прес-конференцијата на ОЈО и МВР беше: Каква врска има убиството со изнудата од користољубие, зошто би била убиена ако немало барање на пари?Еве едно студентско криминалистичко објаснување зошто, објаснува Ременски.„Грабнување на малолетно лице/дете заради изнуда е скоро исто што и земање/држење заложници за изнуда на корист како терористички елемент. Ако се точни информациите дека, Вања се задушила во колата со која грабнувачите ја возеле/однеле на локацијата, тогаш пукањето во задушеното дете е чин на свирепост познат во правото како најтежок облик на убиство со казна доживотен затвор. Ако детето Вања била задушена, во планот на монструмите таа станала неупотреблив заложник со кој не можат да изнудат ништо и затоа никој не барал ништо. Во монструозниот план на убиецот и соизвршителите чекорот што го презеле со закопување на телото на детето им било надеж дека, никогаш никој нема да ја најде и нема да бидат откриени. Најмонструозниот дел од овој план според сите криминалистички златни прашања е т.н., татко, но не само заради согласувањето сопственото дете да го даде за заложник и да им дојави за најпогодниот момент за негово грабнување во планот за изнуда што го направил со извршителите, туку заради фактот што тој прв знаел дека неговата ќерка е мртва.Тој прв знаел дека нема да може да се изврши изнудата, зошто заложникот, детето е мртво, па затоа и немало барање пари и изнуда. Тој знаел од понеделник – цели 7 дена. По ова поставете си го и одговорете си го прашањето кој криел и заради каков “самит” криел? Чија монструозност помеѓу овие монструми е поголема здрав разум тешко може да сфати, но во криминалистиката има градација и реконструкција која ги дава сите одговори. Во сите криминалистички истраги мора да има повеќе верзии/хипотези за настанот, па така и во оваа. За да може да се поврзе убиството во Велес од страна на истата група, една од можните верзии би била: “Дали фризерот го дознал/знаел планот за грабнувањето на детето заради изнуда и во него ја гледале опасноста за нивно откривање, па така станал жртва?” Тешко може да се поверува дека целта била колата, а мотивот – долг од 500 евра. Кога голем број поддржувачи на Палевски и тој самиот кукаа јавно дека безбедносните служби ги третирале, работеле, дека тие не планирале никакви убиства, експозиви, оружје и сл., туку дека тие биле невидени патриоти под ѕвездата на Вергина, тогаш сите веруваа во некаква “света мисија” на овие монструми од луѓе, па и пари донираа од дијаспората за нивната “мисија”. Очигледно требало да има клиничко посматрање на овие болесници за кои буквата “П” не е Патриотизам, туку Пари и Патолигија. Едно од клучните прашања е дали соодветно и континуирано се следат состојбите кај нас на линија на радикален, профитно ориентиран десен екстремизам кој е предворје на тероризмот? Ова е прашање за сите институции.И престанете да се бусате во гради со ѕвездата од Вергина, пароли, знамиња и квазипатриотизам за “никогаш Северна”, зошто овие идиоти им го уништија секаквото значење …, Веќе ќе ви биде срам кога ќе го видите во чии раце било и како зад “Големиот” патриотизам се криела монструозност и Гол Криминал#, пишува Ременски.

Коментари | пред 2 години

ubijci

Кешишев, Манев и Видевски добија притвори - се сомничат за „грабнување“ и „убиство“

Трите лица Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, осомничени за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска, добија по 48 часовен притвор, дознава „Скопје1“ од извори во Кривичен суд. Сите тројца, освен за грабнување, се сомничат и за кривично дело убиство. Судија на претходна постапка, овие мерки ги изрече доцна утринава, откако тројцата беа донесени во судот по полноќ, во периодот од 1 до 4 часот.Кешишев, Манев и Видевски се однесени во затворот „Скопје“ во Шутка, каде ќе ја издржуваат мерката. По истекот на 48 часа, оваа мерка може да биде продолжена со барање поднесено од обвинителот кој ја води постапката.Осомничениот Велибор Манев вчера прв беше донесен во судот, а на прашање од „Скопје1“ дали ја убил Вања – тој негираше. Тој ги одмолче прашања поврзани со неговата вина и признание за кое веќе објавивме. Ова е единствениот кој беше спроведен од паркингот на судот.Второто лице, односно Боре Видевски, беше донесен преку подземниот паркинг на судот, па спроведен преку скалите до судница. За него, беа присутни повеќе полицајци од вообичаено, за да го однесат пред судија на претходна постапка. Тој не одговри на прашањето: „дали ја убивте Вања“.Третото лице, односно Влатко Кекишев, за кого неофицијално се дознава дека имал најголема и најсуштинска инволвираност – беше скриен од јавноста. Полицијата го донесе со комбе на Интервентна полиција, а од паркигнот беше качен со лифт до судница.Низа дружби и средби имало помеѓу осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. „Скопје1“ дојде до фотографии од лицата кои од вчера се во полициска станица, а треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд. Дел од дружбите, според фотографиите, биле во седиште на движењето на Љупчо Палевски – Палчо, по кого полицијата трага, додека тој е надвор од Македонија.Сепак, официјални детали се очекуваат дури утре, во 10 часот, кога е закажана прес-конференција на Обвинителството.Засега е потврдено дека од пет лица, за тројца се бара притвор, двајца не се поврзани и по распитот се пуштени на слобода, по еден (Палчо) се трага и еден е сега приведен.

Македонија | пред 2 години

IMG_8866

(Видео) Таткото на Вања донесен во суд

Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, е донесен во Кривичниот суд. Обвинителството го сомничи како соучесник во случајот каде е убиена неговата ќерка. Обвинител побара од судија на претходна постапка да му се одреди 48-часовен притвор за да не избега или попречува на истрагата. Таткото е донесен во судот откако еден ден помина во полициска станица и во Обвинителството на распит. Утринава Обвинтелството и МВР кажаа дека тој негирал поврзаност, но дека тие поседуваат докази кој го покажуваат спротивното.Таткото е осомничен дека ги дал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел киднапирање и потоа барање пари од мајката. Но, како што кажа министерот Оливер Спасовски, работите излегле од контрола, па организаторот и првоосомничен Љупчо Палевски-Палчо со пиштол ја затрелал и убил Вања.Пред да биде осомничен, таткото Александар го пријави исчезнувањето на Вања и учествуваше во истрагата за нејзино пронаоѓање. Тој беше до мајката Зорица, која јавно бараше помош за пронаоѓање на Вања и прва го пријави исчезнувањето во моментите кога „Скопје1“ контактираше со неа во понеделникот, околу 12 часа по исчезнувањето.https://skopje1.mk/archives/265678

Македонија | пред 2 години

IMG_8866

Таткото на Вања заврши во притвор

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања заврши во притвор во затворот “Скопје” во Шутка, дознава “Скопје1”. Тој останува во притвор наредните 48 часа, па по покренување на истрага, истиот ќе биде продлжен. Според судијата, оправдани се сомневањата дека може да избега или да влијае на постапката.0Таткото е осомничен дека ги дал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел киднапирање и потоа барање пари од мајката. Но, како што кажа министерот Оливер Спасовски, работите излегле од контрола, па организаторот и првоосомничен Љупчо Палевски-Палчо со пиштол ја затрелал и убил Вања.Пред да биде осомничен, таткото Александар го пријави исчезнувањето на Вања и учествуваше во истрагата за нејзино пронаоѓање. Тој беше до мајката Зорица, која јавно бараше помош за пронаоѓање на Вања и прва го пријави исчезнувањето во моментите кога „Скопје1“ контактираше со неа во понеделникот, околу 12 часа по исчезнувањето.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-12.24.36

Притвор за Палчо, кога ќе биде најден - покрената истрага

Истрага е покрената за Љупчо Палески-Палчо, кој ги извршил двете убиства на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Тие посочуваат дека бил доставен предлог за притвор кој е прифатен, а ќе се спроведе кога Палчо ќе биде најден.„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела - Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

IMG_8878

Објавена меѓународната потерница по осомничениот убиец на Вања и Панче

МВР ја објави потерницата по првоосомничениот за организираното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, лицето Љупчо Палески-Палчо. Тој се сомничи дека и пукал во двете лица. Тој има 58 години.Се бара за кривичните дела, грабнување и убиство. Тој е еден од петмината осомничени за убиството. Палчо ја напуштил Македонија на 30 ноември, заминувајќи за Белград, па од таму за Бугарија. Истрагата се сомнева дека заминал поради страв дека ќе биде откриен како извршител на убиствата.Кој е Љупчо Палевски- Палчо, човекот за кој истражните органи открија дека пукал и ја уби 14-годишната Вања Ѓорчевска, човек познат и на јавноста и на полицијата?Во 90-те години, во времето на владеење на СДСМ, моќен градежник, попознат и по прекарот УПА по неговата градежна фирма ,,Упа Ентерпрајз”. Палевски во еден период го основа и води неделникот „Старт“, познат по опозициската ориентација. Палчо ја врши и функцијата претседател на градска организација на СДСМ и е инвеститор во нивно време на подрачјето на Центар. По менувањето на власта, со многу помпа и сензации се урива диво изграденото поткровје на негова вселена зграда во скопско Дебар Маало. Во 2017 година, Љупчо Палевски беше на распит во тогашното СЈО поради тоа што неговото име се врзуваше со прислушуваните разговори, односно приватните разговори кои што беа објавени на Каналот „Јутјуб“ под корисничко име „Никола Тесла“. Стануваше збор за приватни разговори на политичари и новинари.Во 2019 година е притворен во Белград во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва поради активирана потерница од Хрватска од 2015 година, каде останал задолжен 2.500 евра.На јавноста и е познат по тоа што откако беше пуштен на слобода од притвор во Србија, во Македонија преку својата активност беше критички настроен кон власта и кон работата на поранешниот прв човек на службата за државна безбедност во МВР Сашо Мијалков.Во 2020 година е објавено дека е нападнат и претепан претседателот на движењето Трета и активист во партијата „Глас за Македонија“ – Љупчо Палевски, во близина на неговиот дом.Партиите бараа сторителите да бидат најдени и соодветно казнети. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски изјави дека сторителите на таквиот грозоморен чии се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта.Од владејачката СДСМ побараа надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани. Ваквиот чин беше осуден и од партијата на Палевски, „Глас за Македонија“, Левица, и Демократскиот сојуз .Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица, каде со неколку лица барале злато. Му бил одземен пиштол марка „валтер“ кој нелегално го држел кај него.Љупчо Палевски-Палчо е убиецот на Вања Ѓорчевска. Ова го посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој избеганиот го квалификуваше како монструм. Според него, Палчо се исплашил и побегнал од Македонија во Белград, па Бугарија и понатаму се утврдуваат сите аспекти. Од државата излегол на 30 ноември.Секојдневно активен на социјалните мрежи, тој реализираше и поткаст емисии, искажувајќи ги своите тврди ставови против западните политики. На социјалните мрежи има десетици профили со ова име, но и со исто лого. Споделуваат иста пропаганда. Имаат и свое седиште, кое се наоѓа во Кисела Вода. Организираше низа дебати на кои онлајн, граѓани поставуваа дилеми и прашања.Движењето „Десна“, месецов требало да слави една година постоење.„ДЕСНА која се подготвува да прослави прва годишнина на 12 Декември оваа година, јасно става до знаење дека треба и мора да се преуреди законот за користење на симболи и знамиња на начин што не само местото, туку ќе ја уреди и количината на нивно користење, секако и ДИМЕНЗИИТЕ на сите знамиња кои се употребуваат во државава. За ДЕСНА, оваа провокација е уште една причина и доказ дека поништувањето на договорот со Грција е неопходност без која Македонскиот народ нема шанса да преживее и дека треба многу по сериозно да се надгради политичкото делување на сите политички субјекти надвор од СИСТЕМОТ на КУ**О и МУРТО. Политичкото делување мора да се дислоцира од СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи затоа што токму тие, социјалните мрежи се нај силниот издувен вентил на Македонската емоција и бес, но под комплетна контрола на Атлантистиве и нивните вистински газди , ЦИОНИЗМОТ. Провокацијата е само логичен след на проектов во кој живееме и исчезнуваме како Македонци, како мнозински народ, без сопствена политика или пак со политика во раѓање со име Политичка партија ДЕСНА“, објавил Палчо.Додека целата јавност беше потресена од исчезнувањето на девојката, осомничениот Љупчо Палевски, секојдневно објавувал статуси на социјалните мрежи со политички пораки. Палевски активно ги промовираше своите десничарски и проруски идеи и заложби.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања