ВАЊА

palco-traektorija

(Видео) Со дојави, тргнувања и застанувања – рутата на бегството на Палчо почнува со дознавањето дека е најден „цитроенот“

Долг е патот кој го минува Љупчо Палевски-Палчо од Скопје до Баликесир. Почнува во моменти кога тој не е ниту осомничен, завршува со меѓународната потерница и неговото апсење. Преплетен со престои на повеќе места, контактирања, организирања. Тргнувал, се предомислувал, се враќал. Ова го покажува неговата тракеторија на движење до која дојде „Скопје1“. Доколку бил решен од Белград да стигне до Баликесир, без паузи, но со кратки застанувања на местата каде што престојувал, тоа ќе го направел за околу 20 часа. Но, всушност, патувањето му траело три дена. „Скопје1“ дојде до неофицијални информации дека Палчо точно знаел што се случува со истрагата во Македонија по првите апсења на МВР, уште пред тоа да го дознае јавноста. Но, не и пред тоа. Министерот Оливер Спасовски веќе потврди дека имал контакт со лица во Македонија, а „Скопје1“ дознава дека тоа се луѓе кои биле членови на неговата партија „Десна“.„Скопје1“ преку извори во институциите дојде до траекторијата на движење на Палевски-Палчо, но и преку користење на податоците објавени од МВР и Обвинителството.Министерството за внатрешни работи, на 27 ноември, денот кога исчезна Вања Ѓорчевска, го наоѓа опожарен автомобилот на Панче Жежовски, но не и исчезнатиот велешанец. Јавноста за изгорениот „цитроен“ со кој според истрагата Вања била киднапирана, дознава на 29 ноември. Веста осамнува во медиумите. Во моментите кога Палчо го започнува бегството, нема статус на осомничен, факт што го потврди и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.На 30 ноември (четврток), за време на самитот на ОБСЕ, Палевски-Палчо ја напушта Македонија. Го контактира неговиот адвокат за да го однесе до Белград. Му кажал дека тоа е поради лекарски прегледи. Но, уште тогаш планирал дека следната можна дестинација е Турција, па истото, според адвокатот кој даваше изјава за медиумите, му го најавил нему. Адвокатот се враќа, Палчо останува во хотел. Преноќува во Белград.Следниот ден (01 декември, петок), додека во Македонија се уште трае потрагата по Вања Ѓорчевска организира нова логистика за транспорт, па го повикува осомничениот Стефан Димковски, кој е во притвор под сомнение дека му помогнал на Палевски во бегството. Димковски заминува за Белград и го зема Палевски. Прво одат кон Ниш, па од таму за Бугарија. Поминуваат покрај Софија, па Пловдив и Хасково и стигнуваат до границата „Капи куле“.„Го носев во болница“, кажа Димковски за „Скопје1“, кратко при спровод во Кривичен суд каде му се одреди притвор.Во саботата (02 декември), ден пред Обвинителството и МВР да соопштат дека Вања била пронајдена убиена, Палевски е во Турција. И во оваа земја имал логистика, разговарал и организирал.Македонија, како и целиот Балкан, беше во шок кога како бомба во неделата (03 декември) оддекна веста дека Вања е најдена мртва, но и дека првоосомничен е Љупчо Палевски-Палчо. Заедничкото соопштение на МВР и Обвинителството беше објавено вечерта, но извори на „Скопје1“ тврдат дека Палевски уште во текот на денот знаел дека тој е осомничениот бидејќи уапсени се неговите сопартијци, за што, тој има изворни информации.Во понеделникот (04 декември) се одржува прес-конференцијата на Спасовски и Бубевски, на која се споделува и информацијата дека Палевски не само што е осомничен, туку полицијата открила дека тој е планерот и реализаторот на двете убиства. Тој пак, според оперативните информации на МВР преку нивни извор, оваа вест ја дочекува во Баликесир, Турција. За цело време се знае неговата траекторија на движење. Истиот ден, вечерта, се распишува и меѓународна потерница по него.Последниот ден на слобода за Палевски е 05 декември (вторник). Кривичната пријава, на повеќе од 100 страни стасува од МВР до Обвинителството. Палевски е следен, се открива дека се движел сам по автопат, за што, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, посочи дека е обид за симулација дека го напушта Баликесир.За оваа намера, според МВР, најмил такси возач и тргнал, симулирајќи дека оди за Истанбул. Но, тоа според истрагата, не била намерата – туку да се осигура дека не е следен и дека нема да биде фатен. Истиот ден подоцна, забележан е како се движи пеш на автопат. Тука е и уапсен.Палевски е во екстрадиционен притвор. Македонија експресно ги подготви документите за да се побара негова екстрадиција. Министерството за правда за еден ден преведе над 100 страници документи, меѓу кои е и кривичната пријава од МВР со сите докази доставени до Обвинителството. Се очекува предметот да биде преземен од турските власти веќе утре и да се постапува по него. 

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-10-at-11.53.11

Ковачки тврди: „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа дека возилото на Панче со кое е киднапирана Вања, не било регистрирано во системот на камери „Безбеден Град“ пред 27 ноември, односно пред денот на убиството, вели Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.„Неколку дена по ред го прашуваме министерот Спасовски, а истиот одбива да одговори за очигледниот и фатален пропуст на МВР чија последица е киднапирањето и убиството на девојчето Вања.Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис?Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?Конечно, дали возилото е забележано на камерите кобниот ден на 27 ноември во 7:42 наутро кај Александар Палас и Злокуќани и како е можно да тоа возило неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија во тој момент, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ.Оливер Спасовски е должен да одговори како е можно возило кое е пријавено дека е исчезнато 5 дена пред киднапирањето на Вања, а за кое тој тврдеше дека не знаеле, да помине покрај 40 камери на „Безбеден Град“ , Министерството за одбрана и на други субјекти?“, рече Ковачки на прес-конференција.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Четириесетина камери по трасите низ кои е носена убиената Вања – колку од нив искористи МВР?

Истражните органи ги открија почетната и крајната точка од каде Вања е киднапирана, однесена и убиена. „Скопје1“ возеше низ тие траси, за да се види – колку точно камери можеле да го снимат движењето на возилото „рено канго“, но и на „цитроенот“ во кој според истрагата, била ставена Вања.Преку Дебар Маало, на „Илинденска“, па Качанички пат (Јадранска магистрала), па улица „1“ во Визбегово, Оризари, до Глуво. Над 40 камери – дел се од „Безбеден град“, останатите од приватни објекти. Останува отворено прашањето - дали биле прегледани во понеделникот кога исчезна или денови подоцна.Камерите се речиси на секој чекор во првите километри. Ги има и по споредните улици низ кои поминувале киднаперите и убијците, заедно со Вања.Повеќе во видео-сторијата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

Кои се очекувањата за екстрадиција: Од понеделник Турција ќе го преземе барањето од Македонија

Министерот за правда очекува дека Љупчо Палевски релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција.Сепак рече дека е рано да се зборува бидејќи уште не се искористени сите правни лекови.Очекува претстојнава седмица Турција да ги земе нашите барања во постапката.-Многу е рано да се зборува за што било како што кажавме и пред два дена. Релативно брзо ние очекуваме да биде испратен во Македонија, но треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме. Испратени се документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. Така што, верувам од понеделник натаму сите овие наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција, рече Лога пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што ја организираше неговата партија Алијанса за Албанците.Министерството за правда во четвртокот го испрати барањето за екстрадиција на Палевски. Од Министерството пред два дена соопштија дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до Интерпол.

Македонија | пред 2 години

vanja-zorica-zgrada

Македонијо засрами се, Скопје засрами се бидејќи не е во ред да нема никој на протестов, порача присутен граѓанин.

Нермина Кочан е една од тројцата граѓани кои дојдоа пред домот на убиената Вања Ѓорчевска утрово. Таа посочи дека е срамота што нема масовност на протестот, кој беше закажан, па откажан по притисок на јавните коментари во кои се велеше дека е непотребно собирањето пред зградата на мајката на Вања.„На протестов кој беше како јавен повик даден за воведување на смртна казна, за изразување на почит кон семејството, да речам кон мајката на Вања – бидејќи немала семејство, имала само еден родител.. Моментално сме само тројца луѓе. Македонијо засрами се. Скопје засрами се. Бидејќи не е во ред, да нема никој, сега кога треба да се даде на некого поддршка.Протестот беше најавен на почетокот од неделава, преку групата „Правда за Вања“. По лавина негативни коментари дека е непотребен, но и зошто би се протестирало пред домот на девојчето – тој беше откажан.За попладнево е најавен и протест за поддршка на Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за организација и реализација на грабнувањето и убиството на Вања.

Македонија | пред 2 години

vanja-zgrada

Три лица се појавија пред домот на убиената Вања на протест - локацијата обезбедувана и од полицијата

Две повозрасни лица и една жена дошле пред домот на убиената Вања Ѓорчевска за да го изразат револтот од грозоморниот чин на киднапирање и убиство. Тие не знаеле дека протестот е откажан, па се појавиле утринава во скопско Дебар маало.На местото имаше десетина полициски службеници кои го обезбедуваа просторот, по најавите за протест. Пред зградата, дојдоа и десетина новинарски екипи.Протестот беше најавен на почетокот од неделава, преку групата „Правда за Вања“. По лавина негативни коментари дека е непотребен, но и зошто би се протестирало пред домот на девојчето - тој беше откажан.За попладнево е најавен и протест за поддршка на Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за организација и реализација на грабнувањето и убиството на Вања.

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Довикувања, навреди, тропање по решетки: Затворениците во Шутка гневни на осомничените за убиството на Вања

Четворицата осомничени за киднапирањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои добија притвор и се во затворот „Скопје“ во Шутка, се соочуваат со револтот на останатите притвореници, дознава „Скопје1“. Секое нивно изнесување и внесување во затворот се гледа преку прозорците, а приворениците им довикувааат, тропаат по решетките, ги пцујат. Потврда за ова побаравме од директорот на затворот Филип Андов, кој ниту потврди, ниту негираше. Тој посочува само дека безбедносната состојба се контролира. Посочи и дека до четворицата осомничени пристапот е ограничен.„Тие се издвоени од останатите притвореници и затвореници. Пристап до нивните простории немаат ниту сите затворски полицајци. Се влегува со посебни картици, кои ги имаат определени стражари. Се контролираат постојано, со оглед на степенот на кривично дело, а согласно протоколите и законите“, вели Андов за „Скопје1“.Притворениците и затворениците од Шутка се згрозени од двојното убиство. Тројца од четворицата осомничени кои се во истиот затвор, признаа вина. Тие пред обвинител и полицијата признаа кои се нивните улоги. Го посочиле и Љупчо Палевски-Палчо како организатор и реализатор на грозоморниот чин. За ова известија и истражните органи.Единствен меѓу нив, кој не признал вина, ниту поврзаност со било кој од останатите осомничени вклучувајќи го и Палевски-Палчо е таткото Александар Ѓорчевски. Тој тврди дека со никого не се познава, ниту кажал траекторија на движење на убиената Вања.

Македонија | пред 2 години

stefan-dimkovski

(Видео) Возачот на Палчо до Турција нема да излезе од затворот во Шутка - притворот ќе му трае 30 дена

Продолжен му е притворот на Стефан Димковски, осомничен за помагање на Љупчо Палевски-Палчо, кој го транспортирал од Белград преку Бугарија до Турција, а по убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, дознава „Скопје1“ од судски извори.Судијата од Кривичниот суд смета дека тој може да биде недостапен во текот на истрагата, но и да влијае врз сведоци и лица кои имаат информации. Затоа, Димковски ќе остане во затворот „Скопје“ во Шутка.Неколку часа даваше исказ пред судијата. Се противел на мерката, како тој, така и неговиот адвокат. Обвинителката останала на предлогот. Судијата пресекол – сомненијата се основани.Димковски пред да влезе во судот, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Детали за ова – тука.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Со возило сопственост на фирма се упатил кон Србија и го однел Палчо во Турција - возачот е осомничен за помагање

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик.„Во период од 01.12.2023 година до 03.12.2023 година осомничениот му помогнал на сторител да не биде откриен за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик, обезбедувајќи му превоз со автомобил.Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Р.Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 2 години

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо не чувствува вина: Јас го возев на болница

Стефан Димковски, кој го превезуваше Љупчо Палевски-Палчо и заврши во притвор, не чувствува вина во случајот со убивањето на Вања Ѓорчевска, одговори тој на прашање од „Скопје1“. Тој беше спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка до Кривичниот суд.„Јас го возев на болница“, изјави Димовски кој негира било какво помагање на осомничениот Палчо кој според истрагата го организирал и реализирал убиството.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Детали за ова – тука.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб - мајката Зорица се огласи

“Бевме во добри односи заради децата, не се расправавме околу старателството, воспитувањето. Смееше да ги види кога сака или кога ќе посакаат децата. Неговиот живот не ме интересираше. Мене животот ми беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мир, за да ме остави мене на мир, изјави за Република мајката на Вања Ѓорчевска, Зорица.Несфатливо ми е зошто моето преубаво девојче е во гроб. Имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознаам вистината. Другата ќерка е болна, сите се надеваме дека ќе биде добро. Ништо не знам, мене сето ова ми е нереално. Бевме разведени пет години и не знам што правел и со кого. Бевме во добри односи заради децата, не се расправавме околу старателството, воспитувањето. Смееше да ги види кога сака или кога ќе посакаат децата. Неговиот живот не ме интересираше. Мене животот ми беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мир, за да ме остави мене на мир, изјави заРепублика мајката на Вања Ѓорчевска, Зорица.

Македонија | пред 2 години

manev124141

„Местенка е, навредите не можам да ги издржам“ - сопругата го брани Велибор Манев, кој призна што правел при убиството на Вања

Додека осомничениот Велибор Манев признаваше што правел при киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, а Љупчо Палевски-Палчо го посочи како организатор и реализатор на убиството – неговата сопруга (чиј идентитет е познат на редакцијата) го бранеше на социјалните мрежи. Во неделата, кога се дозна идентитетот на осомничените, дојде и до лавина коментари. Навреди, поради осомничените, трпеа и семејствата. Тие се бранеле. Меѓу нив и сопругата на велешанецот Манев.„Местенка е. А навредите не можам да ги издржам. Ви благодарам“, напишала сопругата на Манев до скопјанец кој претходно ѝ пишал, па одговорот го објави јавно.По ова, таа го избриша профилот. Неофицијално, пораката ја пратила во понеделникот утрото. Односно, ден откако Манев пред полицијата и обвинителката призна што сторил, а го раскажа и целиот план кој го имале.Манев вчера помина половина ден во Обвинителството. Во неговиот исказ ги посочил и останатите лица – кои, што, како правел пред и по киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Неговата сопруга не е единствената која го брани, наспроти неговото признание. Дека, не е „ни крив ни должен“, пишуваа и во групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“.„Наместо денешниот ден да си го прославиш со фамилијата, ти ни крив ни должен заврши во притвор. Среќен роденден Велибор, правдата може е забавена но не е заборавена“, напишал профил со име Ѓоре Ајтов.Кој е Велибор Манев - можете да прочитате тука.

Македонија | пред 2 години

protest-palco

Ќе прават и радикални протести за Палчо во сабота - групата ги најави, но МВР вели „немаме контрола на креирањето фан-страни“

Групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“, освен поддршка, почна и со организација на како што се наведува: „масовен радикален протест“. Има и нови поддржувачи. Од МВР за „Скопје1“ велат дека немаат контрола врз вакви групи на социјални мрежи се додека не сторат кривично дело. Истовремено, најголем број од членовите кои објавуваат содржини се профили со прекари, а не точен идентитет. Во неа се шират заговори во стилот дека Палчо е невин, истрагата лажирана, државата го мести. Највеќе внимание привлече објавата за протестот, најавен за пред амбасадата на САД.„На ден сабота (09.12.2023) ве повикувам на масовен радикален протест да покажеме на ку**о-мурто системот во северната вуко**бина дека народот македонски не потпаѓа на веќе видени и прочитани удбашки финти и сите заедно да бараме ослободување на притворените. Место на собир ќе биде америчка амбасада, а ќе се блокираат различни улици до Министерство за внатрешни, зависи од тоа колкава група сме. Почеток во 16 часот. Секако протестот нема да биде уредно пријавен и нема да има северџанска милиција присутна затоа ве молам да се држите меѓу себе како прави Македонци“, стои во најавата.„Скопје1“ побара став од МВР, дали по изјавата на Оливер Спасовски дека има обиди за дестабилизација на Македонија, ќе се провери кој ги шири заговорите низ групата, зошто е формирана, а сега организира и протест.„Во врска со Вашето барање, Ве информираме дека Министерството за внатрешни работи нема контрола на процесот на креирање на групи, профили и Фан страни на социјалните мрежи. Доколку тие групи, профили и Фан страни се користат за преку нив да се вршат кривични дела од Кривичниот закон на РСМ (говор на омраза, закани по живот, загрозување на сигурност и сл.), во координација со ОЈО се постапува соодветно, со цел добивање на информации за креаторот на истите“, велат од МВР за „Скопје1“.Групата беше формирана завчера, а од вчера до денес има 225 членови. Креатор е „Тони Десна“, а насловната фотографија е со Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен како организатор и реализатор на убиството. Најголем дел од објавите му се посветени токму него.

Македонија | пред 2 години

vozilo-vanja

(Видео) Први снимки од движењето на возилото во кое била киднапираната и убиена Вања

Први снимки од безбедносните камери протекоа во јавност. „Порталикс“ успеал да ги добие снимките од камери поставени на приватен објект, кои покажуваат како поминува прво возилото „рено канго“, а потоа и украдениот „цитроен“.Според порталот, во возилото има две лица со црни капи. Возилото на оваа улица која е многу фреквентна, минало во 7-55. За да не застане, иако камион вози во рикверц, „цитроенот“ скршнува и продолжува по патот.Исто така, според порталот, возилото е запалено во 9-37 минути.

Македонија | пред 2 години

ubistvo-vanja-obvinitelstvo-manev-veliborjpg

Прв изјави дека не го извршил убиството на Вања, а сега со саати „пее“ во Обвинителството - се сослушуваат лица кои имаат информации

Осомничениот Велибор Манев, со саати дава исказ во скопското Обвинителство, а освен него, уште едно лице опфатено со истрагата се сослушува, дознава „Скопје1“. Извори од институцијата посочуваат дека велешанецот Манев, во детали раскажувал како се случиле грозомнорните чинови - убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Кое е второто лице кое се сослушува, засега е непознато. „Скопје1“ побара потврда од Обвинителството, а оттаму ни посочија дека постојано се преземаат дејствија и кога ќе има конкретни информации ќе се соопштат со јавноста.„Се сослушуваат сите лица кои можеби имаат некаква информација“, велат кратко од Обвинителството за „Скопје1“.Засега, познато е и дека вчера, Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, бил однесен во Обвинителство на распит и ги негирал сите тврдења дека е вмешан во киднапирањето и убиството. За останатите, освен лицето кое го транспортирал осомничениот за организирање и реализирање на убиствата, признале вина во полициска станица и Обвинителство.Министерот Оливер Спасовски укажа дека кривичната пријава е составена на околу 100 страници. Во неа се содржани сите детали – искази, сведоштва, наоди од вештачења, снимките од безбедносните камери, листинзи од телефоните на сите осомничени. Се вештачат и други уреди кои се одземени.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања