ВАЊА

Нема фотографија

Адвокатот на Палчо во полициска станица, откако го изнесе од Македонија пред да стане осомничен

Адвокатот Васко Стојков, кој го изнел од Македонија Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е повикан во полициска станица, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Ова доаѓа по два дена откако тој во медиумите се јави со изјава дека Палчо го носел во Белград на 30. ноември.Не е првпат, Стојков да биде во полициска станица. И претходно се објаснуваше зошто се решил да го однесе Палчо во странство и ги правдаше своите чекори. Според неговиот исказ во медиумите, тој му кажал да го однесе во соседството на здравствени прегледи. Го оставил, се вратил во Скопје. Кога дознал дека е осомничен, според неговите тврдења, му пишал порака да се врати во Македонија и да даде исказ пред истражните органи.Познато е и дека по Стојков, во Белград отишло друго лице од Струмица, со цел да го транспортира до следната локација – Бугарија, а од таму Турција. Тој возел „ланд ровер“ и го оставил Палчо до конечната локација. Станува збор за лице кое дејствувало во партијата „Десница“, чиј основач и претседател е Палчо. Сега, е во притвор кој ќе трае 48 часа.

Македонија | пред 2 години

download

Не е исклучено адвокатот на Палчо кој го изнел од Македонија да биде следниот осомничен - останува во полициска станица до утре

Следните 24 часа, адвокатот Васко Стојков, кој со автомобил го изнел Љупчо Палевски-Палчо од Македонија, ќе остане во полициска станица, дознава „Скопје1“. Викнат е на распит и дава исказ. Утре, пак, ќе се одлучува дали тој ќе добие статус на осомничено лице оти го пренел Палчо надвор од државата, а по убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. И тој, како и другото лице од Струмица, учествувале во транспортот на Палчо. Анализиран е неговиот првичен исказ, но и други докази – а сега дава повеќе информации пред полициските инспектори. Засега е познато дека Стојков исконтактирал со Палчо и откако го оставил во Белград и се вратил во Скопје.Ќе остане на Обвинителството да одлучи дали и за Стојков, ќе бара мерка за обезбедување на присуство – што значи притвор, куќен притвор, одземање на пасош или повремено јавување на суд. Овие мерки се определуваат со цел, лице осомничено во некој случај, да не се даде во бегство или да влијае на сведоци.Лицето од Струмица, кое по Стојков го презело Палчо и го однело во Бугарија, па Турција – заврши зад решетки. Тој е во 48-часовен ефективен притвор кој го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка.Претходно, Стојков се објаснуваше зошто се решил да го однесе Палчо во странство и ги правдаше своите чекори. Според неговиот исказ во медиумите, Палчо му кажал да го однесе во соседството на здравствени прегледи. Го оставил, па се вратил во Скопје. Кога дознал дека е осомничен, според тврдењата на адвокатот, му пишал порака да се врати во Македонија и да даде исказ пред истражните органи.Засега е познат и фактот дека Стојков е правен застапник на Палчо во одредени случаи. „Скопје1“ пред неколку денови, кога се дозна дека го возел Палчо до Србија, се обиде да исконтактира со него - но тој ги одбиваше повиците.

Македонија | пред 2 години

vanja-palco

Moже да поминат и месеци за Палчо да биде екстрадиран во Македонија - позната е процедурата на Турците

Екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо може да биде и за три месеци. Ваква е проценката, ако се земат во предвид процедурите во Турција, но и начинот на одлучување. Праксата на Министерството за правда покажува дека досега нема случај, Турција да одбие да екстрадира лице осомничено за криминал или осуден криминалец за Македонија.Кај нас, институциите кажаа дека документацијата е собрана, а ќе биде испратена откако ќе се преведе на турски јазик. Потоа, на ред е Турција. Има два филтри. Прво одлучува Судот за тешки кривични дела, а потоа, министерскиот совет по барање на министерството за правда. Ако одобри Судот, Палчо може да се жали. Продолжува процесот кај министерскиот совет.Но, нема се цени само одговорноста на Палчо во случаите за киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за тој да е екстрадиран, туку и политичкиот дел. Доколку тој каже дека го гонат оти е политички неистомисленик, тоа ќе се разгледува од турските власти.Македонија и Турција имаат билатерален договор.Палчо бил уапсен на автопат. Додека бил во Турција, контактирал со лица од Македонија. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во интерес на истрагата, не откри со кои.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

Побарана екстрадиција на Палчо поради убиството на Вања и Панче

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција.Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница. На турските власти ќе им бидат посочени и применетите одредби од Кривичниот законик во кои е содржан законскиот назив и обележјата на кривичното дело за кое се води истрагата и други релевантни одредби од македонското законодавство.Одделението за меѓународна правна помош на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на Европската конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи, Договорот за правна соработка во граѓанските и кривичните предмети меѓу Република Македонија и Република Турција и Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, ова барање за екстрадиција итно го достави до Министерството за правда.

Македонија | пред 2 години

palco-grupa

Се шират заговори, се бара правда за Палчо, но не и за другите од „Десна“: формирана група каде осомничениот е патриот, а не убиец

Заговори се шират на социјалните мрежи во врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Се формираат групи на социјалните мрежи, преку кои се бара и правда за првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, кој според институциите е организатор и реализатор на двете убиства. Една од нив е именувана како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“ [линк]. До моментот на објавување на веста, има 53 членови и еден администратор со пекар „Тони Десна“.[caption id="attachment_266178" align="alignnone" width="1380"] Принтскрин од групата во делот „членови и администратори“[/caption]Токму „Десна“ е името на партијата основана од Палчо, а тој е и нејзин претседател. Групата пак, е формирана вчера утрото. Има неколку објави. Воглавно, од креаторот на групата, кој Палчо го опишува како „вистински македонски патриот“.[caption id="attachment_266183" align="alignnone" width="1244"] Групата е отворена во текот на вчерашниот ден (05.12.2023)[/caption]„Сите што лично го познаваме Палчо знаеме дека е невино обвинет за грозоморното и монструозното убиство на Вања. Знаеме дека, заедно со дел од неговите најблиски соработници им е монтиран случај во кој што ѕверски жртвуваа и детски живот. Дете лишија од младост, од радост што му носи животот, од потомство, од среќа да биде дел од своите најблиски, другари и пријатели... Создадоа непријателско и насилно јавно мислење, креираа потенцијални монструми кои што се подготвени невино обвинетиот Палчо да го растргнат токму како што тоа би го направиле најкрволочните волци. Потенцијалните монструми истото ќе го сторат и со сите познаници и сопартијци на Палчо. Драги Македонци, драги сограѓани, драги пријатели и непријатели, ве молам, оладете ги главите, само така ќе можеме да се избориме за вистината, да ги пронајдеме вистинските монструми кои што ги убија Панчо и Вања. Само така ќе можеме да откриеме кои се идеолозите, организаторите и извршителите на овие грозоморно, ѕверски и политички убиства. Животите на Панчо и Вања се многу скапи и злосторство е за нив да одговараат невини Македонци“, стои во објавата од профилот „Тони Десна“, креатор и администратор на групата.[caption id="attachment_266179" align="alignnone" width="1072"] Објавата од профилот „Тони Десна“[/caption]На профилот „Тони Десна“, нема никакви објави, но има 349 пријатели. Меѓу нив, не е профилот на Љупчо Палевски-Палчо. Во групата, освен што се бара правда за Палчо, не се споменува име на ниту еден друг од обвинетите, иако, сите дејствувале во рамки на партијата „Десна“.Љупчо Палевски-Палчо е првоосомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, извршени во различно време и различно место. Истрагата, според институциите, покажала дека тој е и реализатор. Освен него, во грабнувањето на Вања и Панче, дејствувале и Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев. Осомничен дека имал своја улога во грабувањето на Вања, има и таткото Александар Ѓорчевски. Сите се во притвор од 30-дена.Институциите соопштија дека се собрани докази за овие тврдења, а тројца од петмината признаа вина и инволивраност, раскажаа во МВР и Обвинителство што точно сториле и по чии наредби. Министерот Оливер Спасовски кажа дека кривичната пријава од полицијата е на повеќе од 100 страни.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Ишишани и во комбилзиони - како ги испрати затворот „Скопје“ осомничените за убиството на Вања во суд

Четворицата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска беа спроведени во суд. Велибор Манев, кој имаше репче сега е ишишан, а истата судбина ја доживеале и таткото Александар Ѓорчевски, Боре Видевски, Влатко Кешишев.Тие беа облечени во комбилизони, а влегоа во судот без да изустат збор. Спроводот беше според сите протоколи – придружуван од специјалци.За осомничените се бара продолжување на притворот за 30-дена.

Македонија | пред 2 години

transporter-palco

Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче - транспортерот на Палчо негирал вмешаност

Го возел Љупчо Палевски-Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, но негирал дека во тие моменти знаел дека во неговиот автомобил има лице кое е осомничено за двојно убиство, дознава „Скопје1“. Ова во кратки црти е исказот на лицето С.Д. кое е од Струмица. „Скопје1“ дознава дека тој пред полицијата тврдел дека за вмешаноста на Палчо во убиствата дознал на 3. декември – датумот кога Обвинителството (вечерта) соопшти дека Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се убиени, а во јавноста експресно се рашири информацијата дека организатор и реализатор е Палчо.Транспортерот на Палчо, на социјалните мрежи споделил и фотографија од Турција која е објавена на 3 декември, но утрото. Ова укажува дека и Палчо бил во Турција кога јавноста и институциите почнаа да бараат одговорност. МВР за цело време го има неговиот траг. Транспортерот посочил дека бил искористен од Палчо.[caption id="attachment_266155" align="alignnone" width="1282"] Фотографија објавена од транспортерот на Палчо направена во Турција[/caption]Упасениот транспортер на Палчо, се противел и да му се одреди мерка притвор. Реагирал и кога бил запрен на граница, а возилото му било запечатено, додека тој со полициска придружба бил однесен во станица, па донесен во Скопје, дознава „Скопје1“. Пред полицијата раскажал сѐ – го опишал секој момент поминат со Палчо – лице кое институциите го посочија како креатор, организатор и реализатор на убиствата на Панче и Вања, велат нашите извори од истрагата.На социјалните мрежи кружи и фотографија од транспортерот и Палчо, но „Скопје1“ не успеа да утврди дали истата е направена и споделена во периодот додека осомничениот за организација и реализација на убиствата е во бегство.[caption id="attachment_266158" align="alignnone" width="1290"] Транспортерот и Палчо[/caption]Транспортерот на Палчо, возел бел џип „Ланд ровер“. Тој го возел осомничениот преку граничните премини во Р.Бугарија и тоа со влез во Р.Бугарија на ГП Калотина и излез од Р.Бугарија на ГП Капитан Андреево (кон Р.Турција). Нему му е изречен притвор од 48 часа.Засега е познато и дека Палчо од Македонија до Белград отишол со неговиот адвокат, кој во медиумите сподели дека откако дознал дека е осомничен за двете убиства, му пишал порака да се врати и да даде исказ. 

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Четворицата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања остануваат зад решетки

Определен е 30-дневен притвор за сите пет лица осомничени за киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска. Судија на претходна постапка смета дека основани се тврдењата на јавниот обвинител дека тие можат да избегаат или да влијаат на постапката.Велибор Манев, таткото Александар Ѓорчевски, Боре Видевски, Влатко Кешишев остануваат во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Откако ќе биде екстрадиран, и Љупчо Палевски-Палчо оди зад решетки.Случајот е во фаза на истрага.

Македонија | пред 2 години

loga

Експресно ќе тече постапката за екстрадиција на Палчо; Министерот Лога: Со почетокот на работното време почнува постапката

Нема да се одолговлекува, туку ќе се забрза постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Министерот за правда, Кренар Лога за „Скопје1“ посочува дека веќе изутрина, службите ќе работат на овој случај.„Од почетокот на работното време, ќе ја започнеме соодветната постапка. Уште вечерва контактиравме со вработените во одделението“, посочува Лога за „Скопје1“.Постапката тече така што Министерството за внатрешни работи известува дека лицето е лоцирано, се комплетира документација, се преведуваат на јазикот каде е избегано лицето (турски), па се доставуваат. Документацијата ја доставува министерот.Потребни се и следниве документи: (1) Барањето за екстрадиција ги содржи податоците од членот 16 на овој закон, а кон барањето се приложуваат: 1) податоци за утврдување на идентитетот на лицето чијашто екстрадиција се бара (опис, фотографија, отпечатоци од прсти и слично); 2) уверение или други податоци за државјанство; 3) обвинение, пресуда или одлука за притвор или на некој друг акт со исто правно дејствие, во оригинал или заверен препис во кој треба да биде назначено името и презимето на лицето чијашто екстрадиција се бара; 4) опис на делото, законскиот назив на кривичното дело и докази за основано сомневање и 5) препис од одредбите на Кривичниот законик на Република Македонија кој треба да се примени или е применет спрема лицето чијашто екстрадиција се бара, а ако делото е сторено на територијата на трета држава, тогаш е потребен и препис од одредби на Кривичниот законик на таа држава. (2) Барањето за екстрадиција Министерството го доставува до надлежниот домашен правосуден орган, со превод на македонски јазик и неговото кирилско писмо.Инаку, Палчо е уапсен денеска во Турција.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Спасовски потврди дека Палчо е уапсен, но и дека бил креатор, организатор и извршител на убството на Вања

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски потврди дека осомничениот за убиство на Вања Ѓорчевска, лицето Љупчо Паловски-Палчо е фатен во Турција. Спасовски го опиша како креатор, организатор и извршител. Тој додаде дека Палчо бил на „црвена листа“, а информациите се добиени преку оперативни сознанија.„Тој беше последната алка од овој грозоморен чин, која недостасуваше за да кажеме дека сме заврише се како Министерство за внатрешни работи, кажа Спасовски.Тој посочи дека и кривичната пријава е доставена.„Кривичната пријава е изготвена на повеќе од сто страници, вклучувајќи ги доказите, предадена е во ОЈО. Опфатени се пет лица, од кои еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и убстово и еден за помагање при грабнување, согласно доказите кои полицијата ги прибра. Предметот е во целосна надлежност на ОЈО“, посочи Спасовски.Екстадициониот притвор продолжува преку Министерството за правда.

Македонија | пред 2 години

vanja-palco

(Видео) Палчо избегал пред полицијата да утврди дека тој е инволвиран во убиството, телефонот на Вања е пронајден

Нема сомневања дека некој издал информација од Министерството за внатрешни работи за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, па затоа, лицето осомничено како организатор и реализатор, Љупчо Палевски-Палчо да избегал од Македонија. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.„Јас вчера го објавив тоа прашање – не можел никој да знае, потоа е утврдено“, вели Спасовски.Истовремено информираше дека е пронајден телефонот на Вања, но не и на која локација.„Пронајден е телефонот“, кратко одговори Спасовски.Палчо и додека во бегство контактирал со лица во Македонија.„Имаме не можеме да ги споделиме“, одговори Спасовски на прашањето со кого Палчо контактира од Македонија.Прашан каде е убиен Жежовски, одговори: „Убиен е надвор“.Само една пријава за Палчо стигнала до полицијата во изминативе денови, а се однесува на закани кои одамна биле упатени кон тоа лице.„Мислам дека засега нема. Има некаква пријава од едно лице, дека наводно има некакви закани. Ќе се постапи по таквите пријави да видиме колку е веродостојно. Прашање е зошто сега пријавува“, посочи Спасовски.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-12.24.36

(Видео) Палчо е уапсен на автопат - ова е траекторијата на движење

Скопје, Белград, Баликесир - ова е траекторијата на движење за Љупчо Палевски-Палчо. Министерот за внатрешни работи кажа дека е уапсен на автопат. Се движел со такси. Сакал да се движи кон Истанбул. Но, се вратил назад.„Негов адвокат, со возило, го однел во Србија, понатаму, оставен е во хотел, од таму, наредниот ден, го презема исто така друго лице од Скопје, со џип и преку граничниот премин „Градина“ влегува во Бугарија. Има транспорт практично низ Бугарија и влегува во Турција. Во Турција оди во градот Баликесир (н.з.). Нашите служби стапуваат во контакт со турски оперативен извор, кој за кратко време ни врати повратна информација дека лицето се наоѓа во Баликесир. И ни кажа дека сака да замине за Истанбул. Таму останува практично во Баликeсир. Се подготвува во такси возач кој го најмува за да оди во Истанбул и тука е симулирањето дека ќе оди. Повторно се враќа назад во градот и денеска попладнево од страна на колегите од турската полиција е уапсен, додека се движел пешки по автопатите, меѓутоа во Баликесир.

Македонија | пред 2 години

IMG_8911.00_00_10_15.Still002

(Видео) Со главата надоле, донесен Велибор Манев кој призна учество во убивањето на Вања

Осомничениот Велибор Манев, кој е во притвор поради сомнеж дека учествувал во киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е донеен во судот. Тој ќе биде изведен пред усдија на претходна постапка, поради продолжување на мерката притвор.Тој призна вина уште во полициска станица, а потоа и пред обвинител. Раскажал се што правеле со групата, а го посочил и Љупчо Палевски-Палчо за организатор на групата, но и за реализатор на убиствата.„Скопје1“ објави кој е Велибор Манев - тука

Македонија | пред 2 години

IMG_8911.00_00_40_00.Still003

(Видео) Со молчење Влатко Кешишев, осомничен за убиството на Вања донесен во судот

Влатко Кешишев, осомничен киднапирањето и убиството на Вања е донесен во Кривичниот суд. Беше спроведен од затворската полиција. За разлика од претходниот спровод кој го правеше МВР, овојпат, затворската полиција на затворот „Скопје“ во Шутка не го сокри неговиот лик.Осомничениот со лисици на раце беше спроведен во Кривичниот суд. Таму ќе се решава за продолжување на неговиот притвор. Станува збор за лице кое делувало со Љупчо Палевски-Палчо, било во негово опкружувањата, а пред полицијата и Обвинителството, ги признал сите дејствија кои ги направил за киднапирањето и убивањето.Кој е Влатко Кешишев, прочитајте тука.

Македонија | пред 2 години

IMG_8911.00_00_51_05.Still005

(Видео) Видевски, осомничен за убиството на Вања прашан: „Лесно ли беше да го совладате 14-годишното девојче?“

Велешанецот Боре Видевски, кој е осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и призна вина, е спроведен пред судија на претходна постапка. Тој во придружба на затворската полиција е донесен во Кривичен суд. Нему треба да му се продолжи 48-часовниот притвор кој му беше одреден завчера.Засега не се знае кои дејства ги презел Видевски во случајот, но познато е дека признал вина. Ова на заедничка прес-конференција го посочија МВР и Обвинителството. Во двата дадени искази, пред полицијата и обвинител, Видевски ги повторил истите детали.„Скопје1“ објави кој е Боре Видевски – тука.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања