ВАЊА

Vanja-policajci

Се уште се бараат докази за убиството на Вања и Панче - низа прашања неодговорени

„Се прибираат докази“, ова е одговорот на Обвинителство на сите прашања поврзани со случаите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Отааму го потврдија сознанието на „Скопје1“ дека извештајот од обдукцијата не им е доставен. Во телефонски разговор, Обвинителството за „Скопје1“ посочува дека иако го немаат официјалниот извештај, тие ги имаат сите информации од обдукцијата, бидејќи истите редовно се разменувале помеѓу обвинителката и Институтот за судска медицина.„Јавното обвинителство е во фаза на прибирање на сите докази. Извештајот од Институтот за судска медицина не е официјално доставен до обвинителството“, велат од Обвинителството.Неодговори останаа прашањата, дали има совпаѓања на трагите најдени на конфискуваните два пиштоли, со ДНК од некој од осомничените. Молк и дали има совпаѓање на ДНК-то на Љупчо Палевски-Палчо, со најденото ДНК на повеќе проверени локации. Не се знае ни дали Вања била убиена со огненото оружје или претходно била почината Од Обвинителството посочуваат дека на ова ќе се одговори кога ќе се заврши истрагата.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.За нивното убиство и помагање за бегство, засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски се чека да биде екстрадиран од Турција.

Македонија | пред 2 години

ubijci-vanja-2

Сите очи вперени во истрагата за Вања: обдукциониот наод уште не е доставен во Обвинителство

Истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се води зад затворени врати, а одговори нема ниту на прашањата кои се од јавен интерес. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, укажа дека одговори треба да се бараат од Обвинителството, кое пак, не споделува никакви детали.„Скопје1“ дознава дека истражната институција се уште го нема добиено ниту обдукциониот наод за убиената Вања, а оттаму – ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација. За обдукцијата, досега кажаа само дека не станувало збор за обична обдукција – туку специфична која треба да даде бројни одговори.Министерот Спасовски пред една недела кажа и дека се најдени два пиштоли, во рамки на претресите на локации поврзани со осомничените. Одговори што покажале вештачењата – нема. Познато е само дека двете оружја се најдени во околината на Скопје. Дали со некое од нив е пукано кон Вања и Панче – за јавноста е непознато.„Сите работи околу случајот и сѐ што е потребно се доставува до Обвинителството. Во текот на истрагата, сите информации ќе ги барате од таму“, посочи Спасовски.Засега е познато само дека не е исклучено истрагата да се прошири и на други лица. Целта на ова ќе биде за да се дојде до вистината односно мотивите. Досега, Турција достави дактилоскопски податоци, папиларни линии од првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо, и тие се доставени и ќе бидат предадени во јавното обвинителство и се очекува наскоро да стигне и материјалот за ДНК анализа.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.За нивното убиство и помагање за бегство, засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски се чека да биде екстрадиран од Турција.

Македонија | пред 2 години

vanja-spasovski

Спасовски се согласи со Агелер која кажа дека Вања ја плати цената на неказнивоста, па покажа со прст кон правосудството

Критиката од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, која кажа дека институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци, но не ги санкционирале, а цената ја плати Вања – допрела до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој се согласува со ова, но смета дека МВР не е единствено криво за неказнивоста. Покажа со прст и кон другите институиции за кои посочи дека мора да бидат консолидирани.„Јас тоа го зборувам многу често до сега и во медиумите. И кога говорев за неказнивоста за сите кои ја пљачкаа државата, го уништуваа народот и беа главни во општеството без да носат одговорност. Сето тоа е нешто што мора да си го разбереме и прифатиме како состојба која треба да се менува. Менувањето на системот мора да се прави брзо и ефикасно“, рече Спасовски, коментирајќи ја амбасадорската изјава.Прашан за тоа како постапувало МВР, а како Обвинителството, рече дека статистички треба да се гледаат работите.„Во однос на постапувањата може да се извади статистиката. Ве уверувам во однос на постапувањето на МВР. Во однос на другите институции мора тие да си направат анализи“, посочи Спасовски.Во одговорите, Спасовски посочи дека за осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, МВР постапувало. Но додаде и дека и останатиот дел од системот морал навремено да реагира со судењата и извршување на санкциите.„Јас и одговорив претходно, целиот систем мора да биде консолидиран во однос на истрагите, во однос на судењата и извршувањето на санкциите. Така да, да не ни се случува кога МВР ќе приведува, за кратко време да ги видиме дома или без соодветни мерки, неизвршување на санкции. Тоа се конкретни работи. Системот го сочинуваме сите ние“, додаде Спасовски.Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, упати остри критики до македонските институции за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Таа посочи дека институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци – но, не ги санкционирале. Таа посочи: „Вања ја плати цената“.Дозволете да ви кажам искрено, како што претходно денес реков, системот не успеа да и помогне на таа млада девојка. Се работи за криминалци за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворени. Не биле апсени и гонети за нивните претходни злосторства, не морале да ја платат таа цена, па цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената“, рече амбасадорката Агелер за „Стадион“.

Македонија | пред 2 години

ageler-vanja

„Се знаело дека се насилни криминалци, но не биле во затвор - цената ја плати Вања“, Агелер повика институциите да се запрашаат што можеле да направат за ја спасат убиената девојка

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, упати остри критики до македонските институции за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Таа посочи дека институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци – но не ги санкционирале. Таа посочи: „Вања ја плати цената“.„Дозволете да ви кажам искрено, како што претходно денес реков, системот не успеа да и помогне на таа млада девојка. Се работи за криминалци за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворени. Не биле апсени и гонети за нивните претходни злосторства, не морале да ја платат таа цена, па цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената“, рече амбасадорката Агелер за „Стадион“.Таа додаде дека институциите треба да се погледнат себеси и да се запрашаат дали можеле да ја спасат Вања.„Апасолутно е срцепарателно. Апсолутно е срцепарателно. Сега не е време за политизација, туку време за институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе и да се прашаат: ‘Што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава?’, ‘Зошто дозволуваме криминалците слободно да се движат и да вршат злодела врз кого било во државата?’. Ова е трагедија“, додаде таа.

Македонија | пред 2 години

spasovski-vanja

Многу (дез)информации, но нема да се преиспитува дали инспекторите на МВР навремено постапиле во случајот со Вања

Министерот Оливер Спасовски нема да испитува во своите редови дали инспекторите навремено постапиле, согласно протоколите за пронаоѓање на убиената 14 годишна Вања Ѓорчевска. Од МВР за секое прашање поврзано со убиството на Вања и велешанецот Панче Жежовски испраќаат шаблонски одговор, преку кои ги препраќаат новинарите на друг „шалтер“ – Основното јавно обвинителство-Скопје, кое прими кривична пријава за случајот.Сепак, само Одделението за внатрешна контрола во МВР има надлежност да утврди како течела постапката за пронаоѓање на Вања, како и дали од припадниците на МВР е постапено согласно протоколите. Но ваква обврска– нема да имаат.„Во врска со вашите прашања ве известуваме дека сите преземени мерки и активности и обезбедени докази од страна на СВР Скопје, во врска со случајот за кој прашувате, се дел од веќе поднесените кривични пријави кои се доставени до ОЈО Скопје, за што МВР ја извести јавноста. За сите понатамошни прашања упатуваме во Обвинителството, по чии насоки постапува полицијата“, посочува МВР за „Скопје1“.Од Министерството за внатрешни работи не одговорија конкретно ниту на прашањето дали е точно тврдењето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека возилото на убиениот Панче Жежовски било возено низ Скопје уште на 24 ноември. Низ јавноста има и низа други шпекулации, како што се тие дека инспектор издавал информации од истрагата.

Македонија | пред 2 години

vanja-palco

Палчо може да бара и азил, а ќе добие и адвокат по службена должност доколку сам не си најде

Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски може да бара азил во Турција. Дека оваа можност постои, потврдуваат и од македонското Министерство за правда.Тие посочуваат дека тој ќе добие и адвокат по службена должност, доколку не си ангажира сам. Преку него, ќе може да комуницира со турските институции кои ќе одлучуваат за неговата екстрадиција во Македонија.„Азил се бара кога ќе влезе во државата, а не кога ќе ве апсат за нешто“, велат на брифингот од Министерството за правда.На брифингот со новинарите, од Министерството за правда посочуваат дека не очекуваат да бидат известени доколку Палевски-Палчо се жали по однос на барањето за екстрадиција кое е опција и му стои како можност.Претходно, тие ја објаснија процедурата за екстрадиција.

Македонија | пред 2 години

palco-traektorija

Која е постапката за екстрадиција на Палчо: се собираат документи, рокот за испраќање е 40 дена

На брифинг, Министерството за правда ја објаснуваше постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, осомничен како организатор и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие посочуваат дека се постапува по известување дека лицето е барано по потерница e најдено, што веќе го добија. По ова следува процедурата за прибирање на списи, па се изготвува барање за екстрадиција кое треба да го поптише министерот Кренар Лога.„Потоа, комплет списите се праќаат до централниот орган на државата каде што е барано лицето, најчесто тамошното Министерство за правда“, посочија оттаму.За Палевски, известување било примено денес во 9:20 минути.„Направени се контакти со Републичкото јавно обвинителство и ОЈО Скопје, за да се комплетираат за да се комплетираат списите како би можело Министерството да постапува. Имаме рок од 40 дена сметано од вчера за да го доставиме барањето за екстрадиција – нема да чекаме да измине рокот. Ќе постапиме најбрзо што може. Во координација сме со сите засегнати институции за да постпаиме веднаш. Ова е за нас приоритет“, велат од Министерството за правда на брифингот.Тие посочуваат дека јавноста треба да има во предвид дека Министерството треба да ги прими списите, да се изготви барањето, да е преведена документацијата на турски јазик, па да ја испратат по ДХЛ.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-12.24.36

Палчо за вчера планирал прослави, а доби турски зандани

На еден датум, Љупчо Палевски-Палчо планирал две прослави. Едната по повод неговиот роденден кога наполни 59 години, а втората за првиот роденден на партијата „Десна“. 12 декември е тој датум. Планот не се реализираше, бидејќи Љупчо Палевски-Палчо доби статус на осомничен за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Истовремено, тројца негови сопартијци се гонат за помагање при киднапирањето и убиството, а еден за помош при негово бегство.„’Десна к’оја се подготвува да прослави прва годишнина на 12 Декември оваа година, јасно става до знаење дека треба и мора да се преуреди законот за користење на симболи и знамиња на начин што не само местото, туку ќе ја уреди и количината на нивно користење, секако и димензиите на сите знамиња кои се употребуваат во државава“, стои во една од објавите на партијата, објавена на 29 ноември, два дена откако беше убиена Вања.Наместо прослава, Палчо, 12 декември го дочека во турски занадани. Исто како и сопартијците Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Стефан Димковски – кои се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. За сите заедно, Обвинителството тврди дека има и материјални докази кои покажуваат и докажуваат како ги киднапирале Вања и Панче за подоцна да ги убијат. За Димковски, Обвинителството е децидно дека му помогнал на Палчо при бегството.Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор кој ќе му трае 40 дена, додека останатите обвинети во 30-дневен притвор.Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Убиства на Вања и Панче: Материјалните докази ги потврдуваат исказите на осомничените, од кои дел признаа вина

Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, денеска рече дека во моментов се испитуваат материјални докази во врска со истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, кои ја потресоа јавноста.„Истрагата, во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое ви кажав и минатиот пат, а се испитуваат нормално материјалните докази. Можам само да ви кажам дека материјалните докази зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа осомничените. Толку“ – рече Бубевски.Тој не сакаше да даде конкретен одговор ниту за тоа дали мотивот останува ист – користољубие.На новинарско прашање дали автомобилот е снимен на „Сејф сити“ или на некои други камери, Бубевски напомена дека прибавени се материјалните докази.„Тие се анализираат, се прави целокупна ретроспектива на сè што се случувало и сето тоа, повторно ќе кажам, ќе биде предмет на описот на обвинителен акт“ – рече Бубевски.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.За нивното убиство и помагање за бегство, засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот Љупчо Палевски се чека да биде екстрадиран од Турција.Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Народниот правобранител во затворот во Шутка, проверува дали им се почитуваат правата на осомничените за убиствата на Вања и Панче

Тим на Народниот правобранител влезе во затворот „Скопје“ во Шутка, за да провери дали им се прекршени правата на осомничените лица за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и на лицата осомничени за помагање при извршувањето и бегството на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Тимот кој влегол во затворот, се интересира за состојбата на ќелиите во кои осомничените се сместени, нивната здравствена состојба, како и во каква состојба го издржуваат притворот.„Скопје1“ побара објаснување од Народниот правобранител, Насер Зибери, зошто се решиле на надзор токму кај осомничените за двете убиства. Прашања испративме и до неговиот тим, од каде чекаме нивен став на прашањето – дали е оправдан впечатокот дека надзори вршат само кај притвореници од високопрофилни случаи, како и високопрофилни притвореници. Оттаму најавија и очекуваме одговор. [дополнување - одговори на прашањата]Проверките дали во затворот им се почитуваат правата на Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и на осомничените за помагање, Александар Ѓорчевски и Стефан Димковски, доаѓа по само осум дена откако тие завршија во притвор. Тројца од нив, односно, Манев, Кешишев и Видевски признаа вина и што правеле при киднапирањата и убиствата. Обвинителството побара, судот одобри притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.

Македонија | пред 2 години

ubijci-vanja-2

Без најава се правеле проверките за правата на осомничените во случајот за убиството на Вања, Народниот правобранител смета дека не ја попречува истрагата

Истрагата не е попречена, проверките во затворите се редовни, не постапуваме селективно. Ова е ставот на Народниот правобранител, Насер Зибери, откако негов тим беше во затворот „Скопје“ во Шутка да види дали се почитуваат правата на притворениците осомничени во случајот „убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски“. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека без најава извршиле проверки и разговори со притворените лица осомничени во постапката.„Народниот правобранител-национален превентивен механизам има надлежност редовно да го испитува постапувањето кон лицата лишени од слобода и да дава препораки на релевентните органи со цел подбрување на постапувањето и условите во местата за лишување од слобода. Прземемањето на овие дејствија е континуитет во работата на народниот правобранител и тоа како по поединечни преставки, така и по сопствена иницијатива. Притоа Народниот правобранител воопшто не постапува селективно и нееднакво и без никакво влијание од страна, посебно што станува збор за сензитивна група на лица ( лишени од слобода) и што институцијата е едниствената која има вакви надлежности. При својата работа народниот правобранител во ниту еден сегмент не ја попречува истрагата што кон овие лица ја водат надлежните органи, ниту пак ја прејудицира нивната одговорност /неоодговорнсот за делата кои им се ставаат на товар“, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител за „Скопје1“.Тие тврдат дека преземаат мерки при секоја пријава или по допрен глас.„Неспорен е заклучокот дека народниот правобранител во никој случај при преземањето на неговите дејствија не се раководи од тоа дали лицата на кои им е ограничена слободата на движење се познати на јавноста.Впрочем и Годишните извештаи на народниот правобранител во делот казнено-поправни и воспитно поправни установи, како и на Националниот превентивен механизма се темелат на утврдени состојби согласно овие континуирани посети. Во овој сегмент воопштно не е спорно дека народниот правобанител за превемање на вакви декствја во изминатиот временски период повод му биле, покрај барањата на адвокатите или блиските лица лишени од слобода и информациите објавени во јавноста“, додаваат оттаму за „Скопје1“.Како што веќе објавивме, од утрово, тим на Народниот правобранител е во затворот „Скопје“ во Шутка. Целта била да се утврди дали се почитуваат правата на притворените лица кои се осум дена во притвор.

Македонија | пред 2 години

palco-grupa

Радикалните протести за Палчо останаа само најава, но се нижат заговорите и обвинувањата

Големите и радикални протести пред Амбасадата на САД, како и блокирањето на улици во Скопје – остана само најава во групата за поддршка на осомничениот Љупчо Палевски, именувана како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“. Профилот „Тони Десна“ кој ја креираше групата – не е активен со објави од четвртокот (7 декември). Во саботата, немаше никој на најавениот протест, а во групата, продолжија заговорите за наводно „местење“ на Палчо.И покрај трите признанија од осомничените кои ги дале пред МВР и обвинител, а за нивните улоги во киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во групата тие се посочуваат како невини лица.„Невини луѓе ќе лежат за СДСМ и ВМРО“, пишува во една од објавите.Ако се анализираат објавите, може да се донесе заклучок дека досега, скоро сите се поставени од профили кои немаат име и презиме, туку псевдоними. Ретки се тие кои не се лажни, а поставуваат објави. Еден од тие ги обвинува медиумите дека шират хистерија, споредувајќи ги известувањата за убиствата со промената на државното име.„Толку голема хистерија по медиумите да се правеше кога се променуваше името на државата, името никогаш немаше да се промени! Кој ги плаќа и колку се платени медиумите за да ја продуцираат оваа хистерија?“, стои во една од објавите.Главните тези кои се поставуваат во групата се дека Палевски не е убиецот, како и дека станува збор за монтиран случај.Претходно, во групата имаше објава во која се посакуваше смрт за министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. МВР кажа дека се работи на расчистување на тој случај.

Македонија | пред 2 години

Untitled-1-1

Анализите од најдените пиштоли, движењето на „цитроенот“ пред убиството на Вања, шпекулациите за инспекторот - остануваат тајна

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не одговори на ниту едно прашање поврзано со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој пред медиумите наместо информации, одговараше шаблонски: „Информациите ќе ги добие Обвинителството“.Меѓу прашањата беше и дали се готови анализите на двата пиштоли, како и дали од нив е пукано кон Вања и Панче, на што одговорот беше: „Сите информации ќе бидат доставени до Обвинителството“.Неодговорено остана прашањето на која траекторија се движел „цитроенот“ со кој е киднапирана Вања пред да се случи грозоморниот чин, но и кога и кој го донел возилото во Скопје.„Со поднесувањето на кривичните пријави, овие детали се анализираат од ОЈО. Не би можел да споделувам информации, не треба истрагата да се води во медиумите“, кажа Спасовски.Прашан дали инспектор издавал информации за истрагата како што се тврди во јавноста, тој посочи: „Во овој период се изнаслушавме многу информации, политиканства, сѐ што произлегува од овој аспект. Го потврдувам тој став дека тоа не е добро. За било каква нелегална активност, од било кого, од инспектор или кој и да е, ќе има одговорност. Но не би сакал на ниво на шпекулации да зборам за ова“.Прашан дали неговите изјави кои ги даваше во јавност, а во кои го карактеризираше Љупчо Палевски-Палчо како „монструм“, ќе му помогнат на осомничениот да ја одложува екстрадицијата, Спасовски посочи: „Тоа е потврда на ова што го кажав – сите шпекулации и сѐ што ќе изнесам во јавност може да штети на истрагата“.

Македонија | пред 2 години

PALCO-SPASOVSKI

Во живо: Спасовски одговара на прашања за убиените Вања и Панче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговара на новинарски прашања поврзани со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Следете во живо:

пред 2 години

ubijci-vanja-2

Судска медицина се уште не го доставила обдукцискиот наод за Вања, паѓаат во вода шпекулациите и заговорите за малтретирање

Обдукцискиот наод се уште не е готов, а меѓу обвинителот кој ја води устрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се разменуваат информации. Ова значи дека паѓаат во вода шпекулациите за наводни малтретирања на двајцата убиени. Тоа ќе се знае кога наодот ќе биде готов.“Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството”, велат од Обвинителството.Тие додаваат:“Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста”.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања