ВАЊА

palco-aleksandar-gjorcevski-vanja

Таткото на убиената Вања останува зад решетки, судиите не се убедени дека нема да избега и дека е невин

Таткото на свирепо убиената Вања, Александар, останува во притвор. Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му биде заменет со куќен притвор.Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ, убеден во невиноста на својот клиент за „Скопје1“ рече дека иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејството кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага.Бранителот на Александар Ѓорчевски, татко на Вања, за „Скопје1“ претходно изјави дека обвинителот од скопското Обвинителство има конфузна и неоснована теорија. Посочува дека поднел неколку ургенции за да ги добие доказите со кои Ѓорчевски е во притвор. Тврди дека добил само игнорантски однос од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска.„Подолго од еден месец трае молкот и игнорирањето на одбраната по однос на доказите од страна на обвинителството, со што се кршат основните елементарни права на одбрана на осомничениот. Факт е дека тајноста на истрагата е неспорна, но исто така е неспорно дека на избраниот бранител мора да му бидат доставени истите докази со кои располага бранителот по службена должност, ангажиран во почетната фаза од постапката од страна на судот и обвинителството. По завршувањето на мандатот адвокатот по службена должност нема обврска да ги предаде овие докази изведени во негово присуство на избраниот бранител, изјави Туфегџиќ за „Скопје1”.

Македонија | пред 2 години

Untitleuyuhud-1

Убеден сум дека таткото не е инволвиран во убиството на Вања, Вишо итно да го провери постапувањето на обвинителката, бара Туфегџиќ

Поради начинот на воспоставување надлежност, криење на докази,  игнорирање и молк, адвокатот Владимир Туфегџиќ поднесе барање до Вишото јавно обвинителство да ја провери законитоста при постапувањето на скопското Обвинителство во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Туфегџиќ, кој е бранител на Александар Ѓорчевски, татко на Вања, за „Скопје1“ посочува дека обвинителот од скопското Обвинителство има конфузна и неоснована теорија. Посочува дека поднел неколку ургенции за да ги добие доказите со кои Ѓорчевски е во притвор. Тврди дека добил само игнорантски однос од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска.„Подолго од еден месец трае молкот и игнорирањето на одбраната по однос на доказите од страна на обвинителството, со што се кршат основните елементарни права на одбрана на осомничениот. Факт е дека тајноста на истрагата е неспорна, но исто така е неспорно дека на избраниот бранител мора да му бидат доставени истите докази со кои располага бранителот по службена должност, ангажиран во почетната фаза од постапката од страна на судот и обвинителството. По завршувањето на мандатот адвокатот по службена должност нема обврска да ги предаде овие докази изведени во негово присуство на избраниот бранител.Обвинителот е должен да објасни кои се причините што овие докази кои се изведени во текот на краткотрајниот притвор не ги доставува и после четири ургенции“, вели адвокатот Туфегџиќ за „Скопје1“.Тој бара Вишото јавно обвинителство да изврши надзор во постапувањето на скопското Обвинителство и обвинителката Крстевска Јосифоска, оти се сомнева на незаконски пропусти.„Освен тоа, денеска до надлежниот Јавен обвинител е доставено барање за известување согласно која законска процедура е воспоставена надлежноста за постапување на ОЈО Скопје во овој кривичен предмет, пред сѐ од причина што трагичниот настан се случил на подрачје од надлежност на ОЈО Велес и постапувал и превземал дејствија надлежен Јавен обвинител од ОЈО Велес. Сметам дека ова е клучно и суштинско прашање пред сѐ поради законитоста во постапувањето, за кое нешто судот и обвинителството внимаваат по службена должност. Освен тоа, до Вишото Јавно обвинителство е поднесено барање за надзор над законитоста во постапувањето на ОЈО Скопје по овој кривичен предмет“, додава Туфегџиќ.Тој посочува дека е убеден дека таткото Ѓорчевски не е инволвиран во трагедијата, ниту имал мотив да учествува на било каков начин.„Сите овие дејствија за мојот клиент ги преземам пред сѐ поради тоа што сум лично силно убеден дека со ништо не е инволвиран во оваа трагедија, ниту имал било каков силен мотив да учествува на било каков начин во ваков грозоморен чин насочен против сопствената ќерка. Едноставно, теоријата на случај на обвинителството презентирана во јавноста е во целост конфузна, неоснована и без јасен мотив и логична поврзаност со лица и настани“ посочува Туфегџиќ.„Скопје1“ објави дека додека во јавност протекуваат снимки од истрагата за убиствата на Вања и Панче, Обвинителството смета дека истрагата и натаму е тајна и немаат намера да одговорат на ниту едно прашање поврзано со неа, како и на обвинувањата за нивниот непрофесионализам кои дојдоа од соседна Србија. 

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-06-at-12.31.35

(Видео) „Нема ДНК од Палчо“, спрскиот политичар наместо докази, излезе со теории и неофицијални информации

Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави неколку фотографии од бензинска, тонски снимки, како и тврдења дека Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, го решил случајот. Најголемиот дел од емисијата е врз база на претпоставки, како и теории што се случувало. Раскажува за тоа какви биле семејствата на мајката и таткото на Вања, колку пари имале и каде поседувале недвижности. Во најголем дел, политичарот го претставува Ѓорчевски како невино лице. Ного излезе и со тврдење дека не е најдена ДНК од осомничениот Љупчо Палевски-Палчо. Посочува дека планираното било да се киднапира и сестрата на Вања. Сето ова, илустрирани со општи фотографии, но не и документи.Ного ги искритикува Обвинителството и МВР, за кои посочува дека се непрофесионални и дека оставиле други да им ја завршат работата.„Зорица Ѓорчевска, мајка на Вања е ќерка на Ванчо Лазаров. Домника е нејзината мајка, моќна жена. Ванчо и Домника купиле стан од Палчо. По нивната смрт, во станот се вселуваат Вања, Зорица и Миња. Станот го наследува Зорица, а го препишува на Александар. Зорица живеела на Водно, во стан за кој сега се тврди дека е продаден, а не е. Единствен стан продаден, е кај Железничка. Од тие пари, се патувало и купила автомобил. Родителите на Александар, има три станови со вредност од 500 илјади евра, имот во Кучково. Не е точно дека целта е користољубие, бидејќи Александар имал имот кој можел да го продаде, да земе кредит, становите немаат хипотеки“, вели Нога, со цел да прикаже дека такото на Вања немал потреба од станот на Зорица, теорија која беше пласирана во јавност.Политичарот посочува дека таткото пријавил после мајката директно во станица, оти така се пријавува исчезнато дете.„Првата пријава ја поднела мајката“, се вели во видеото.Во целото видео, српскиот политичар ја обвинува полицијата дека не ја завршила професионално работата.„Александар Ѓорчевски го решил случајот со исчезнувањето на Вања, кога го поврзал исчезнувањето на Панче Жежовски и автомобилот со исчезнувањето на неговата ќерка. Тој им обезбедил материјали на полицијата. Предал видео снимки. Некои од нив ќе ги видите и во оваа емисија. Заслугите одат кај Александар Ѓорчевски, тој открил и поврзал нешто што не требало да биде откриено. Тој наместо орден, тој е уапсен, ставен во притвор и медиумски сатанизиран. Останува уште да биде убиен“, кажа Срѓан Нога.Тој додава дека целта е да се убие таткото, за да не одговара никој. Посочува дека Обвинителството нема никакви докази за поврзаност помеѓу Палчо и таткото Александар Ѓорчевски, но не објави никакво вештачење или документ со што ќе го потврди ова.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Се бара куќен притвор за таткото на Вања, а обвинителот да го викне да каже како ги добил снимките од видео надзорот и на кого ги предал

Куќен притвор за Александар Ѓорчевски, татко на киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска, а осомничен во истрагата, бара неговиот бранител Владимир Туфегџиќ од Кривичниот суд. Адвокатот за „Скопје1“ посочува дека ниту една мерка не е оправдана, но замената на ефективниот притвор ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата.„Иако истакнавме посебен предлог за замена на мерката притвор во мерка куќен притвор, свесен сум дека постапката околу укинувањето на притворот ќе трае.Иако спрема осомничениот не е оправдана ниту една мерка, сепак со мерката ќуќен притвор ќе се задржи кохезијата на семејството кое е длабоко погодено со оваа трагедија“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Истовремено, барал од обвинителот да го викне на распит Ѓорчевски, кој додека трае истрагата, нема дадено свој исказ.„Доставена е ургенција за постапување со оглед дека лицето има дадено исказ во прелиминарна фаза на предистрага кога му бил определен краткотраен притвор, за да биде повикано во фаза на истрага да даде целосен исказ со кој ќе појасни што видел, слушнал и со кои лица превземал дејствија со цел пронаоѓање на неговата ќерка во период од 27 ноември до денот на неговото лишување од слобода, воедно како, со кого и на кој начин ги обезбедувал и предавал видео записите на полициските службеници, како и за многу други прашања битни за целосно расчистување на овој настан“, додава Туфегџиќ за „Скопје1“.Институционален молк има трет ден, за тврдењата на српскиот политичар Срѓан Ного, кој три дена јавно објавува снимки, теории и тврдења поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Србинот Ного ја обвини полицијата за неспособност, Обвинителството за непрофесионализам, таткото Александар Ѓорчевски го прогласи за херој кој го расчистил случајот и ги поврзал двете убиства. Никој не излезе со демант, потврда или било каков став по ваквите објавени наводи. Освен дека објавата на снимките од страна на Ного нема да ѝ штетат на истрагата, Обвинителството со тотален молк околу тоа како тој може да ги поседува.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Молк по теориите за убиството на Вања: Автентични снимки од таткото, без одговор зошто таргет било ова девојче

Институционален молк за тврдењата на српскиот политичар Срѓан Ного, кој три дена јавно објавува снимки, теории и тврдења поврзани со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Србинот Ного ја обвини полицијата за неспособност, Обвинителството за непрофесионализам, таткото Александар Ѓорчевски го прогласи за херој кој го расчистил случајот и ги поврзал двете убиства. Никој не излезе со демант, потврда или било каков став по ваквите објавени наводи. Освен дека објавата на снимките од страна на Ного нема да ѝ штетат на истрагата, Обвинителството со тотален молк околу тоа како тој може да ги поседува.Во видеото кое трае еден час, политичарот Ного изнесе и сериозни тврдења, меѓу кои и дека се подготвувала ликвидација на Ѓорчевски додека е тој во затвор. Всушност, Ѓорчевски е претставен како жртва бидејќи го открил случајот, а планот бил поинаков. Во врска со истрагата, политичарот посочува дека требало покрај Вања, да се ликвидира и нејзината сестра. Ова го носи како заклучок од тезата дека грабнувањето требало да се случи во петокот наместо кобниот понеделник (27 ноември), кога убиената Вања и сестра ѝ заедно отишле во училиште. Но главното прашање остана неодговорено: „зошто?“.Ного објави и дека првоосомничениот за двете убиства, кој е во екстрадиционен притвор, Љупчо Палевски-Палчо имал дојави од полиција. Тезата ја темели на фактот што министерот Оливер Спасовски на прес-конференција кажа дека автомобилот на Жежовски со кој е киднапирана Вања не бил пријавен во МВР – па оттука, политичарот Ного смета дека Палчо знаел дека полицијата не трага по возилото, по што решил да го искористи за грабнувањето. Но, оваа теза остана непоткрепена со било каков доказ во неговото видео.Снимките кои ги поседува Ного, а ги објави јавно, се од надзорните камери на повеќе објекти во Дебар маало. Сите овие снимки ги поседувал токму Александар Ѓорчевски, тврди Ного, па посочува: „Сите ги доставил до полицијата“. Прво од фризерски салон лоциран спроти зградата од каде Вања е киднапирана, потоа од кафулето „Синдикат“, па од седиштето на „Лукоил“ на Партизанска, па петта камера од објект на булеварот „Партизански одреди“. Доколку снимките се предадени на полицијата, тие се дел од доказниот материјал на Обвинителството. Ова значи дека повеќе лица имале допир до нив, но не се знае кој ги пуштил дури до Србија. Шест часа по објавеното видео, ниту МВР, ниту Обвинителството не излегоа со став дали ќе испитаат како истекуваат материјалите.Дел од снимките од надзорните камери се преснимени од екран, се забележува од видеото на српскиот политичар. А додека тие се емитуваат, се слуша гласот на таткото Александар, чија автентичност за „Скопје1“ ја потврди неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ. Снимките со гласот на Александар Ѓорчевски се чисти, нема шум, ниту пак задушен тон – што значи дека уредот со кој бил снимал бил поставен на површина блиску до него. На снимките, Ѓорчевски објаснува како се движи „цитроенот“ на 27 ноември, во кој била неговата ќерка Вања. Кога е снимен Ѓорчевски, исто така е непознат детал.„Како бранител на Александар можам да потврдам дека на јавно објавените аудио материјали се слуша гласот на Александар, таткото на несреќното дете, и разговорот е автентичен“, изјави вчера Туфегџиќ за „Скопје1“.Веќе во вторник адвокатот најави дека ќе бара средба со надлежниот обвинител во врска со овие тврдења, но и за целиот случај, вклучувајќи ги и причините за притворот, материјалните докази, поврзаноста.„Скопје1“ побара одговори од двете институции кои водеа истраги. Во Обвинителство прашавме дали ќе потврдат или демантираат било кое од неколкуте тврдења на српскиот политичар, дали објавените снимки се дел од предметот, дали ќе проверат како завршиле во Србија, но и, дали има било каков материјален доказ кој покажува поврзаност меѓу Ѓорчевски и Палчо, освен исказ на еден од осомничените. Оттаму очекуваме одговори.Во МВР пак, прашавме, дали снимките објавени од политичарот се материјали кои полицијата ги добила преку таткото за време на истрагата, дали е точно дека таткото им помагал за време на истрагата, како и дали снимките протекле од нивните фиоки. Со оглед дека во видеото имаше тврдење дека таргет била и сестрата на Вања, прашавме дали нејзиниот живот сега е загрозен, како и дали тие поседуваат снимка каде Ѓорчевски раскажува по кои улици се движи возилото „цитроен“, која што беше јавно објавена. И оттаму очекуваме одговор.

Македонија | пред 2 години

tufegdzik-tatko-1

Адвокатот Туфегџиќ потврдува: Разговорот е автентичен, се слуша гласот на таткото на Вања

Автентичен е разговорот кој е објавен во јавност, а гласот е на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, потврдува Владимир Туфегџиќ, адвокат на обвинетиот за „Скопје1“. Прашан кога се водел разговорот, кој го снимил, каде се водел – Туфегџиќ кажа дека ќе се воздржи од коментари. Адвокатот најави дека ќе бара прием во скопското Јавно обвинителство веќе во вторник, кога е првиот работен ден на институцијата.„Како бранител на Александар можам да потврдам дека на јавно објавените аудио материјали се слуша гласот на Александар, таткото на несреќното дете, и разговорот е автентичен.За сите други детали поврзани со конкретниот објавен видео запис, поточно за времето и местото на случувањата, ќе се воздржам од коментар во интерес на истрагата и истите ќе ги споделам со надлежниот Јавен обвинител, за што ќе побарам прием во Јавното обвинителство во вторник“, вели Туфеџиќ за „Скопје1“.Како и од кого се искреирани овие тонски снимки, ќе треба да утврди истрагата.„Секако истражните органи ќе треба дополнително да утврдат, како и на кој начин се креирани овие аудио записи, и како истите се нашле во посед на други лица“, додава Туфегџиќ за „Скопје1“.Претходно, објавивме дека гласот во снимката од српскиот политичар Срѓан Ного е на обвинетиот Ѓорчевски. Во снимката се слуша како таткото, објаснува за две возила кои поминале кај кафуле близу Министерството за култура, во Дебар Маало.

Македонија | пред 2 години

vanja-tatko

(Видео) Таткото Александар Ѓорчевски се слуша на снимката за киднапирањето и убивањето на Вања - не се знае кој е интересот за објавувањље на материјалите

Гласот на објавената снимка од српскиот политичар Срѓан Ного, е ист како на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиената Вања Ѓорчевска, тврдат извори вклучени во истрагата за „Скопје1“. Во снимката се слуша како таткото, објаснува за две возила кои поминале кај кафуле близу Министерството за култура, во Дебар Маало.„Еве тука проаѓа со истите тие две коли со кои го фаќаме карши Лукоил, значи тоа е колата. Еве го, еве ги поминаа. Еве го последен е застанат од страна. Се враќа во рикверц. Он подзастануваше претходно на Лукоил. И сега се престројува во.. Може и право да иде. Еве го се престројува позади ова ‘Берлинго’ ли, што е, не знам. Ова е кај ‘Папилон’, карши Буњаковец“, вели лицето во снимката. „Скопје1“ упати низа прашања на неколку од профилите на српскиот политичар Ного, но тој не одговори на ниту еден од нив. Прашавме како ги добил снимките, дали тој се познава со осомничениот за организација и реализација на убиствата Љупчо Палевски-Палчо, како и која е целта на објавите на материјалите. Засега, молк.До овој момент, не се знае ниту каде се снимени материјалите кои сега јавно се емитуваат. Таткото Александар Ѓорчевски, во текот на истрагата, изјави давал во полициска станица, а инспектори го посетуваа и во домот каде живееше убиената Вања, односно во зградата каде таа беше киднапирана.Обвинителството излезе со информација дека споделувување на вакви снимки не преставува загрозување на истрагата. Но не одговараат, дали некој ќе проверува кој снимал и зошто, како и кој снимките ги предал кај политичарот од Србија.

Македонија | пред 2 години

agad

Српскиот политичар нема да ја компромитира истрагата со објавата на снимки од киднапирањето на Ѓорчевска, обвинителката ги има сите докази, тврди Обвинителството

Српскиот контроверзен политичар, Срѓан Ного, не може да ја компромитира истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сметка скопското Обвинителство. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека ги имаат сите потребни докази за да ја утврдат цела траекторија на движење на четворицата осомничени, за чиј предводник, истрагата покажала дека е Љупчо Палевски-Палчо.„Јавното обвинителство ги има обезбедено сите потребни докази за утврдување на траекторијата на движењето на осомничените. Од тие причини не постои никаква опасност за компромитација на истрагата со објава на снимки од видео надзор на објекти. Сепак, лицата кои ги објавуваат овие видео снимки треба да размислат за етичноста на ваквите објави и за вознемирувањето што го предизвикуваат кај семејствата на жртвите“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Ного, во две засебни објави споделил фотографии од возилото „цитроен“ сопственост на убиениот Панче Жежовски. Тој најави дека ќе ги објави и снимките кои ги поседува, но не открива кој му е изворот односно кој му ги дал, ниту пак, зошто се решил да тргне во поход да објавува снимки од убиството. Најавата доаѓа во исти ден, кога Кривичен суд го продолжи притворот за сите осомничени.„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупчо Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Боре Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, напиша Ного на „Твитер“.Познато е само дека по убиствата, осомничениот за организација и реализација, Љупчо Палевски-Палчо отиде за Белград, каде помина еден ден. Потоа беше и во Ниш. Од убиството на Вања, до напуштање на Македонија од страна на Палчо поминаа четири дена.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Фото) Објавени нови фотографии од возилото со кое е киднапирана Вања, најавени и снимки

Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најави дека утре ќе ги објави и сите снимки. Според датумот од фотографијата, извадена од снимка од безбедносна камера, таа е направена утрината кога Вања е киднапирана, во 07:34 минути. На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа (нема датум), се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес. Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупча Палевски Палчи и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, напиша Ного на „Твитер“.Во следна објава ја споделува и фотографијата од возилото на бензиска пумпа.„Палчо или Панчо? Ексклузивно: снимка од Панчо Жежовски на бензинска со неговиот ‘киднапер’“, напишал тој.Ного, не споделува од каде му се фотографиите и снимките, ниту од која причина ги објавува. Непознато е ниту дали Обвинителството ги поседува овие снимки и слики. Познато е само дека по убиствата, осомничениот за организација и реализација, Љупчо Палевски-Палчо отиде за Белград, каде помина еден ден. Потоа беше и во Ниш. Од убиството на Вања, до напуштање на Македонија од страна на Палчо поминаа четири дена.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 2 години

palevski

Палевски е во притвор во Бaликeсир, Турција испрати детали до Македонија

На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во ,, Затворена казнено -поправна установа Бaликесир “-Турција.Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Бaликесир- Турција, информираат дека на лицето Љупчо Палевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело,, Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци , му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-04-at-22.34.05

Палевски и во екстрадиционен е претседател на „Десна“, најавените замрзувања на функциите не се реализираа

Првоосомничниот Љупчо Палевски-Палчо и натаму е претседател на партијата „Десна“, чиј основач е тој. Поминаа 25 дена откако партијата „Десна“ се огласи во медиумите и најави замрзнување на функциите за сите осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска. Оттогаш, од нив има само молк, а во јавноста дискусија зошто политичкиот субјект е и натаму активен. Палевски и во екстрадиционен притвор е прв човек на партијата.Палевски на чело на оваа партија доаѓа од нејзиното основање на 5 јануари 2023 година. Историјатот на промени, покажува дека тој и извесен Љупчо Јовановски се потписници, а ова не е променето во Централниот регистар ниту по убиствата.„Десна“ најави, но не реализираше замрзнувањето на функциите.„Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи. П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот“, напишаа од партијата „Десна“ на 5 декември.Затворање на партијата може да побара Обвинителството. Досега, тоа не е направено. По вакво барање постапува судот кој ја носи конечната одлука, дали „Десна“ ќе остане политички субјект во Македонија.

Македонија | пред 2 години

vanja-palco

Не била задушена - Вања е убиена со истрел од огнострелно оружје, покажува извештајот на Судска медицина

Истрел од огнострелно оружје е начинот на кој е убиена Вања Ѓорчевска, покажува извештајот од обдукцијата на Судска медицина, дознава „Скопје1“. Наодот кој се работеше 17 дена, ги демантира гласините по медиумите, но и коментарите од професорката по криминалистика дека девојчето било задушено во вреќата при грабнувањето. Ова би значело дека Вања била жива од местото каде е грабната до местото каде е пукано во неа. Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.По пукањето, Вања била закопана во атарот на селото Глуво, на место кое е мини-депонија. Според неофицијалните информации до кои дојде „Скопје1“ од Судска медицина, истрелот кон Вања бил во пределот на главата. Одговорот со какво оружје е пукано, ќе треба да го даде вештачењето на куршумот.Извештајот од Судска медицина, обвинителката која го истражува случајот го доби во петокот. Во него, се дадени одговори на низа отворени прашања поврзани со киднапирањето и убиството на Вања. Според официјалните податоци кои ги соопштија институциите врз основа на сознанијата и исказите од осомничените кои признаа вина, од киднапирањето до убивањето на девојчето, поминале два саати и 40 минути.Согласно доказите, меѓу кои е и обдукцијата на Вања Ѓорчевска, ќе се утврди натамошниот тек на истрагата. Ќе се издаваат дополнителни наредби за обезбедување на материјали, вештачења, испитувања на лица кои можеби имаат некакви сознанија. Меѓудругото, наодот може да биде и клучен за квалификацијата на кривичните дела за кои ќе се гонат сега осомничените.„Скопје1“ објави дека листинзи од телефонски оператори, телефонски и компјутерски уреди, отисоци – се само дел од работите кои дваесет дена се анализираат од истражните органи, во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.За овој случај, од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега, нема нови осомничени освен шестмината, од кои пет лица се во притвор повеќе од половина месец.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.

Македонија | пред 2 години

vanja-ubijci-osomniceni

Нема нови осомничени, a од телефоните, снимките и отисоците се доаѓа до одговори за убиствата на Вања и Панче

Листинзи од телефонски оператори, телефонски и компјутерски уреди, отисоци – ова се само дел од работите кои дваесет дена се анализираат од истражните органи, во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Се утврдуваат траекториите на движење на сите осомничени, како за помагањето, така и за киднапирањето и убиството на двете жртви.„Скопје1“ дознава дека снимките од надзорните камери, ги потврдиле дел од исказите на тројцата осомничени кои признаа вина - Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Базните станици кои ги ловат сигналите на телефоните, ќе треба само да бидат уште еден доказ за нивните тврдења поврзани со траекторијата на движење. Предмет на анализа се снимки од наздорни камери, кои беа одземени од страна на МВР при потрагата по Вања.Според нашите извори, се анализира и телефонот на Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, кој му е одземен од полицијата. Целта е да се утврди точноста на исказот кој го кажаа осомничените, дека тој му кажал на осомничениот, организатор и реализатор на убиствата, Љупчо Палевски-Палчо, информација кога Вања го напушта домот.За овој случај, од почетокот на истрагата на Обвинителството до сега, нема нови осомничени освен шестмината, од кои пет лица се во притвор повеќе од половина месец. Вчера беше изготвен и обдукциониот наод, кој освен начинот и времето на настанување на смртта кај Вања и Панче, ќе покажат и дали е најдена туѓа ДНК при обдукцијата.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо, бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција.Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 2 години

vanja-512351235

Вања е пронајдена мртва во Скопје

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Стигнаа обдукциските наоди за убиените Вања и Панче, кои даваат одговори на низа прашања

По 17 дена, стигнаа обдукциските наоди од обдукциите на убиените Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, дознава „Скопје1“. Тие ќе треба да бидат проучени, а да ги дадат одговорите, како биле убиени двете жртви, кои претходно беа киднапирани. Веќе беше обзнането дека не станува збор за обична обдукција. Обдукциите беа работени од Институтот за судска медицина и криминалистика.Истовремено, се прават низа вештачења, проверки, во рамки на истрагата.Од шест осомничени лица за организација и реализација, но и помош при бегството на Љупчо Палевски-Палчо, само тројца признаа вина пред обвинител и полицијата, за вмешаност во убиствата на Вања и Панче. Тоа се Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои освен пријатели на осомничениот Палчо, за извршување на убстивата, му биле и сопартијци од „Десна“. Тие беа и први уапсени, а оттука започна и откривањето на грозоморните чинови.За помагање во киднапирањето, осомничен е Александар Ѓорчевски, таткото на Вања Ѓорчевска, кој според Обвинителството дал информации за времето на движење на девoјчето. Статус на осомничен доби и лицето кое го возеше Палчо при неговото бегство, од Белград до Турција, Стефан Димковски.Сите осомничени се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.За првоосомничениот, Љупчо Палевски-Палчо се чека да биде екстрадиран од Турција.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања