ВАЊА

viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

(Видео) Таткото на Вања донесен од затвор во суд, мајка му и татко му дојдоа да го поддржат

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, беше спроведен во Врховниот суд, каде што за првпат се одржува јавна седница за притвор. Освен него, во јавност дојде и неговото семејство - мајка и татко, во знак на поддршка. На седницата ќе се бара Ѓорчевски по повеќе од три месеци, да биде пуштен да докажува невиност од слобода.Адвокатот Владимир Туфегџиќ во неколку наврати посочи дека Ѓорчевски се држи во притвор без никакви аргументи, но и без докази за неговата вмешаност во случајот. Тој побара ослободување и од Апелација, но и од Кривичен суд - но не доби. Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

Таткото на убиената Вања останува во притвор, одбиена му е жалбата

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе одлука по жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена против Решението за продолжување на мерката притвор, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“.Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 13.03.2024 година, донесе Решение ВКЖ1-11/24, со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ-223/24 од 01.03.2024 година.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c95e789b946e135c59bbfc6844334b1890fc921b6abee116c79a5b6fe5dc0f8c_2176f4fc936.00_00_22_02.Still001

(Видео) Таткото на убиената Вања: Кога ќе се донесе одлуката, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка

Обвинителката Наталија Тасевска бара Александар Ѓорчевски, татко на Вања, да остане во притвор, адвокатот Владимир Туфгеџиќ бара тој да биде да се брани од слобода, а осомничениот низ солзи му кажа на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот. Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања. Од почетокот на јавната седница па се до крајот, тој плачеше.„Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка“, рече Ѓорчевски.Беше побарано осомничениот на кратко да се сретне со неговите родители кои дојдоа како јавност во судницата, а Врховен суд им даде да поминат заедно две минути.Обвинителката Тасевска се противи на тоа Ѓорчевски да биде ослободен од притвор. Според неа постои висок ризик тој да избега или да го повтори делото. Немаше образложение врз основа на кои докази го искажува тоа тврдење.Адвокатот Туфегџиќ му повтори и на Врховниот суд, дека Ѓорчевски е неоправдано во притвор и дека со тоа се прави уште една трагедија, покрај убиството на неговата ќерка. Посочи дека за притворот нема основана аргументација.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-13-at-13.50.22

(Видео) „Па дајте докази! Нема ни помисла за бегство, не се знае со никој од осомничените“, вели адвокатот на таткото на убиената Вања

Адвокатот Владимир Туфгџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, верува дека од прв ден тој нема никаква вина. Според него, одреден му е превентивен притвор, без никакви докази. Посочува дека четири месеци не е предочен ниту доказ, а ниту индиција од кој би произлегла основаност на сомневањето за притвор.„Па дајте докази, како смета тој јавен обвинител, кои се фактите и доказите дека ќе се даде во бегство. Јас за такво нешто немам ниту индиција, ниту помисла. За мене работите се јасни“, рече Туфегџиќ.Според него, во решението нема аргументација за притворот. За тврдењето на Обвинителството дека Ѓорчевски може да влијае на сведоци, Туфегџиќ посочи дека тоа е уште една непоткрепена теза.„Кои се тие сведоци на кои може да влијае, ако се сослушани клучните шесте сведоци, кои биле со него во непосреден контакт, 24 часовен, во критичниот период. Јас ги предложив тие сведоци“, рече Туфегџиќ.Ѓорчевски е во притвор поради наводен контакт со сега избеганиот Љупчо Палевски-Палчо, за кого Туфегџиќ е дециден дека не постоел.„Не знае никого (од осомничените), ќе го прашате јавниот обвинител од каде му се нему дека тој некого познавал и од каде му е него сомневањето дека тој подолг временски период бил во контакт со лице и така натаму. Тоа ќе го прашате јавниот обвинител. Јас такви сознанија немам, ниту јавниот обвинител ме удостоил, што е негова законска обврска, да ме повика и да ги предочи“, додаде адвокатот.

Македонија | пред 1 година

vanja-tatko

Таткото на Вања денеска на суд - трет обид да се брани од слобода

Во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот суд на Република Северна Македонија, оформен е предметот ВКЖ1-11/24, по жалба на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиената, изјавена против решението за продолжување на мерката притвор. Ѓорчевски треба да биде спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка во судот.„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по предлогот на осомничениот, истакнат во жалбата изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, закажа јавна седница за ден 13.03.2024 година“, објавија од Врховен суд.Ова следува откако Ѓорчевски бараше ослободување од Кривичен и Апелација, но беше одбиен. Адвокатот Туфегџиќ кажа дека верува во неговата невиност и дека се прави уште една голема трагедија, покрај убивањето на Вања.

Македонија | пред 1 година

collage

(Видео) Законот не дозволува возачот на Палчо да остане во притвор, се правда Обвинителството откако тој беше пуштен на слобода

Предлогот за укинување на ефективниот притвор на Стефан Димковски, транспортерот на Љупчо Палевски-Палчо до Турција, од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска бил оти законот не и дозволувал продолжување на мерката повеќе од три месеци. Со овој став, Обвинителството го оправдува ослободувањето на Димковски и одредување на алтернативни мерки. Димковски се сомничи за помагање – а според Обвинителството, законот не дозволува притвор подолг од три месеци.„Со оглед на кривичното дело за кое е осомничено лицето и запретената затворска казна, максималното законски возможно траење на притворот за овој осомничен е три месеци. По истекот на тој рок, притворската мерка за осомничениот е заменета со соодветни мерки на претпазливост“, велат од Обвинителството.Претходно, Кривичен суд кажа дека пуштањето на Димковски од притвор бил по предлог од обвинителката Крстевска Јосифоска.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовкски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо бил ослободен од притвор по предлог на обвинител, вели Судот

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска која ја води истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала Стефан Димковски да биде пуштен од притвор. Ова го тврдат од Кривичниот суд, од каде велат дека постапиле по тој предлог.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд и одземање односно забрана за користење возачка дозвола“, велат од Кривичен суд.Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Оттаму до овој момент нема одговор.Претходно, „Скопје1“ објави дека Димковски пред неколку дена бил пуштен од притвор. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димковски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка - Скопје1.мк (skopje1.mk)„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

stefan-dimkovski

(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Скопје1“ побара став од судот на што ја темелат ваквата одлука и што ги убедило дека Димковски нема да влијае на сведоци или да се даде во бегство, особено ако се има во предвид дека претходно по овие основи го држеа зад решетки. Во Обвинителството прашавме – дали Димковски и натаму има статус на осомничено лице, како и дали има нови моменти во истрагата, со оглед дека има и прво ослободување од притвор. Од двете места очекуваме одговори.Димковски во декември, пред да влезе во судот каде му беше одреден притвор, на прашање од „Скопје1“ кажа дека не се чувствува виновен во овој случај. На прашањето дали пак би го возел Палчо како што направил претхдоно, тој додаде: „Јас го возев на болница“.Димковски го возеше Палчо на релација Белград-Бугарија-Турција, па се врати во Македонија. Беше уапсен на граница.Ова е прв укинат притвор за овој предмет. Во притвор, остануваат осомничените за реализација на убиството и таткото Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање со тоа што дал информации за тоа кога Вања ќе ја напушти зградата.„Скопје1“ во декември објави детали за осомничениот и неговиот исказ.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаност - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 1 година

palco-traektorija

„Десна“ објави наводно писмо од Палчо, министерката Мадиќ не знае кога, ама очекува да го екстрадираат

Партијата „Десна“ испрати наводно писмо кое е од Љупчо Палевски-Пачло првоосомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а заменик-министерката Викторија Аврамовска-Мадиќ најави негово враќање во земјава. Не сакаше да коментира никакви наводи од писмото. Нема информации како ова писмо е испратено и до кого, како и дали е веродостојно.За тоа време, Мадиќ посочува дека тие очекуваат Палевски да биде екстрадиран. Според неа, завршена е постапката и се чекаат административни документи.„Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше информирана јавноста од Министерството за правда, судската постапка е завршена се чекаат административните документи да се завршат и очекуваме дека Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран“, рече Аврамовска – Мадиќ. Писмото објавено од „Десна“ тука

Македонија | пред 1 година

vanja-tatko

Таткото на Вања ќе остане во затворот во Шутка - ниту Апелација нема намера да го ослободи

Александар Ѓорчески, татко на убиената Вања - ќе остане во притвор. Ова е ставот на Апелација по вчерашната јавна седница, каде што беше посочено дека се прави уште една голема трагедија. Апелација само кратко вели дека жалбата за притворот е неоснована.„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе Решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди Решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, вели второстепениот суд.Таткото на убиеното четиринаесетгодишно девојче Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен дека и давал информации на групата на Љупчо Палевски – Палчо кој е под сомнение дека го убил девојчето денеска од затворот во Шутка беше донесен во Апелациониот суд на јавна седница на која заедно со неговиот адвокат побараа да биде пуштен во куќен притвор или да му бидат одредени мерки за претпазливост. Додека чекал да биде викнат во судницата таткото само гледаше надолу, а кога влезе внатре плачеше додека неговиот адвокат тврдеше дека бил неправедно обвинет и дека и покрај големата трагедија му се случува и друга трагедија.Адвокатот Владимир Туфегџиќ не добил навремено покана од Апелација каде се одржуваше седница за укинување на притворот на Александар Ѓорчевски, таткото кој е осомничен во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска. Туфегџиќ за „Скопје1“ кажа дека ова што му се случува е голема грешка.„Осомничениот не може да повтори дело кое не го сторил. На судечкиот совет му е укажано дека сето ова што му се случува на таткото е голема грешка и уште една голема трагедија кон него и неговото семејство. На советот му е укажано дека кон осомничениот се врши тортура во притворската единица на КПУ Затвор Скопје, со тоа што е испитуван во притворската ќелија на начин под секое достоинство, во стоечка положба свртен со лицето кон sидот за да му се изнуди признание и дека за ова на 18.01.2024 година писмено е известен Јавен обвинител. Осомничениот се приклучи кон жалбата и изјави дека не му е јасно зошто е сето ова бидејќи никого од осомничените не познава“, кажа Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

Untitleuyuhud-1

Нема ниту еден доказ за таткото на Вања, притворот е голема грешка и уште една трагедија, вели адвокатот Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ не добил навремено покана од Апелација каде се одржуваше седница за укинување на притворот на Александар Ѓорчевски, таткото кој е осомничен во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска. Туфегџиќ за „Скопје1“ кажа дека ова што му се случува е голема грешка.„Денеска се одржа Јавна седница по повод жалба на осомничениот во која се бара укинување на притворот.За денешната Јавна седница како бранител сум известен утрово во 09,20 часот телефонски бидејќи немав покана.Барам укинување на притворот поради фактот што до денес не ни е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело ниту ни е овозможен увид во предметот“, вели Туфегџиќ.Според него, укажано било на Советот во Апелација дека таткото бил мета на тортура.„Осомничениот не може да повтори дело кое не го сторил. На судечкиот совет му е укажано дека сето ова што му се случува на таткото е голема грешка и уште една голема трагедија кон него и неговото семејство. На советот му е укажано дека кон осомничениот се врши тортура во притворската единица на КПУ Затвор Скопје, со тоа што е испитуван во притворската ќелија на начин под секое достоинство, во стоечка положба свртен со лицето кон sидот за да му се изнуди признание и дека за ова на 18.01.2024 година писмено е известен Јавен обвинител. Осомничениот се приклучи кон жалбата и изјави дека не му е јасно зошто е сето ова бидејќи никого од осомничените не познава“, кажа Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

IMG_8866

Таткото на Вања плачел и тврдел: „Не ги знам!“, адвокатот побара да го пуштат од притвор

Таткото на убиеното четиринаесетгодишно девојче Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен дека и давал информации на групата на Љупчо Палевски – Палчо кој е под сомнение дека го убил девојчето денеска од затворот во Шутка беше донесен во Апелациониот суд на јавна седница на која заедно со неговиот адвокат побараа да биде пуштен во куќен притвор или да му бидат одредени мерки за претпазливост, пишува Фокус. Додека чекал да биде викнат во судницата таткото само гледаше надолу, а кога влезе внатре плачеше додека неговиот адвокат тврдеше дека бил неправедно обвинет и дека и покрај големата трагедија му се случува и друга трагедија.-Јас не разбирам. Не ги познавам, беа единствените зборови на осомничениот најверојатно сакајќи да каже дека не ги познава осомничените.Тој и неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ поднеле жалба на одлуката на Кривичниот совет да му биде продолжен притворот, па сега второстепниот суд ќе одлучува по нивната жалба.Додека чекаше да биде викнат во судницата таткото само гледаше надолу, а кога влезе внатре плачеше додека неговиот адвокат тврдеше дека бил неправедно обвинет и дека и покрај големата трагедија му се случува и друга трагедија.

Македонија | пред 1 година

vanja-palco

Каде е Палчо и дали барал азил од Турција: Лога тврди дека админстративниот дел е завршен

Министерот за правда, Кренар Лога, разговарал со турскиот колега за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо осомничен планер и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Лога за „Скопје1“ посочува дека се завршуваат административните процедури. Немаше одговор дали Палевски побарал политички азил во Турција, како и за тоа дали му е продолжен притворот бидејќи првиот му истече по 40 дена откако беше приведен на автопат, а по потерница од Македонија.„На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Бев информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава. Му се заблагодарив на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочив дека ова е добар знак за општеството, да се казнат оние кои извршиле злосторство“, вели Лога во кратка изјава.Претходно, обвинителот Гаврил Бубевски кажа дека нема пречка за Палчо да биде екстрадиран. Сите очекуваат брза екстрадиција, но не е познато кога истата ќе се случи.„Ние сите очекуваме брза екстрадиција. Пример, нашите екстрадиции, ние кога ги испорачуваме луѓето, траат многу брзо. Тие се стварно брзи. Јас турскиот правен систем…. Во овој случај не гледам пречка и воопшто не гледам пречка.. Не сфаќам зошто некој, за такво кривично дело би направил некаква рамка за испорака“, кажа Бубевски.За текот на истрагата, за „Скопје1“ детали откри адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на осомничениот Александар Ѓорчевски.

Македонија | пред 1 година

Untitleuyuhud-1

Нови детали од истрагата за Вања: Се бара реконструкција, сослушани клучни сведоци - ќе има ли нов тек на случајот

Реконструкција на киднапирањето на Вања Ѓорчевска со кое ќе се утврди релевантноста на исказите и ќе се докаже дека таткото Александар Ѓорчевски немал вина, бара адвокатот Владимир Туфегџиќ. Тој во изјава за „Скопје1“ посочува дека изминатиот период се сослушани клучни сведоци кои биле во контакт со таткото во критичниот период кога Вања беше киднапирана и убиена. Тврди дека од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска не добиле ниту еден доказ од кој може да потекнува сомнението дека таткото учествувал во чинот на киднапирање.„Со проактивниот пристап на одбраната до сега се сослушани сите клучни сведоци кои биле во комуникација со таткото на детето во критичниот период. До сега ниту на мене ниту на мојот клиент не ни е презентиран ниту еден вербален или материјален доказ од кој произлегува основаното сомневање за сторено кривично дело кое му се става на товар“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.Упатено е обвинителката да направи реконструкција на настанот, бидејќи според адвокатот, на тој начин, ќе се утврди дали исказите против таткото се релевантни.„Очекувам Јавниот обвинител да превземе дејствие реконструкција на настанот во и околу зградата на ул. Наум Наумовски Борче, бидејќи само на тој начин, со непосредно забележување и опис на дејствијата на лице место може да ја утврди и провери релевантноста на досега изнесените наводи кои се однесуваат на таткото на детето. Реконструкцијата може да биде направена компјутерски заради комплексноста на самата локација. Убеден сум дека со оваа постапка е направена уште една голема трагедија но времето е најголем сојузник до вистината“, посочува адвокатот Туфегџиќ.Тој се сомнева дека поради недостаток на докази, притворот за таткото на Вања ќе се правда со потребата да се заврши екстрадицијата на осомничениот за организација и реализација на двете убиства, Љупчо Палевски.„Во наредниот период Јавното обвинителство веројатно ќе ја правда потребата од мерката притвор поради фактот што сѐ уште не е екстрадиран Љупчо Палевски, за чија екстрадиција не сум убеден дека ќе оди со динамика како што тоа во јавноста се обидуваат да го претстават политичките чинители, особено сега во предизборниот период. По однос на ова прашање не добивме одговор од надлежните, дали Палевски се наоѓа во екстрадиционен притвор или во привремен затвор како што е објавено во јавноста, бидејќи екстрадиционата постапка не познава категорија привремен затвор“, додаде Туфегџиќ за „Скопје1“.Според него, прес-конференцијата на Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски, создала амбиент за линч на таткото. Туфегџиќ е дециден дека некој имал мотив таткото да го прикаже како проблематичен случај.„После онаа несреќна и непрофесионална прес конференцијата на министерот и Јавниот обвинител, на која се изнесени низа нелогичности и претпоставки и се создаде амбиент на колективен јавен линч на таткото на детето, се надевам дека во текот на постапка ќе го добиеме одговорот на клучното прашање а тоа е кој, зошто и со кои аргументи имал мотив уште од првиот ден таткото на детето да биде прикажан во јавноста како проблематичен социјален случај, иако однапред се знаело дека тоа нема врска со вистината, а неговото семејство е познато и пристојно финансиски ситуирано“, додаде адвокатот.Според него, ова е важно прашање, па потсети и дека политичари создавале простор за сатанизација на Ѓорчевски. Во тој период, фотографија од таткото објави и актуелниот пратеник од СДСМ, Мартин Костовски кој за осомничениот меѓудругото напиша: „... ти не си татко, ти си р’ѓa монструозна“.„Ова е клучно прашање на кое одговор треба да дадат и некои актуелни политичари кои со објави на своите ФБ профили имаат огромен придонес во создавањето на ваквиот амбиент на сатанизирање и јавен линч“, додава Туфегџиќ.Истрагата за двете убиства и натаму е во тек. Обвинителстовото ги доби двата обдукциски наоди за убиствата, но не сподели ништо со јавноста. Се молчи и за фактот дали е најдено оружјето со кое се убиени Вања и Панче, а истовремено, обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска презема и други истражни дејствија.Во овој случај, Љупчо Палевски-Палчо е осомничен дека бил планерот, организаторот и реализаторот на двете убиства. Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се осомничени за киднапирање и убиство на двете жртви. Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања се сомничи дека му дал информации на Палчо поврзани со времето кога неговата ќерка ја напушта зградата и оди на училиште. Последниот осомничен е Стефан Димковски, кој беше уапсен за помагање на бегството на Палчо бидејќи отишол до Белград да го земе Палевски и да го однесе во Турција. Палевски-Палчо е во екстрадиционен притвор во Турција, додека останатите осомничени се во притвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Македонија | пред 1 година

vanja-spasovski-bubevski

Нема пречка за екстрадиција на Палчо да заврши брзо, предметот во „сериозна“ фаза

Нема нови осомничени лица во истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а се чека на екстрадацијата на осомничениот планер и реализатор, Љупчо Палевски-Палчо. Шефот на Основното јавно обвинителство-Скопје, Гаврил Бубевски, кажа дека не знае дали е најдено оружјето со кое двете жртви биле убиени, бидејќи тоа е податок кој го има само обвинителката која го работи предметот.„Јас не ги донесов обвинителите кои го работат предметот (на брифингот), немам детали конкретни. Меѓутоа, предметот сега е веќе во некоја средна-сериозна фаза, а веројатно за брзо откако ќе заврши екстрадицијата ќе има нешто“, рече Бубевски.Појасни дека се очекува екстрадицијата на Палчо брзо да заврши.„Ние сите очекуваме брза екстрадиција. Пример, нашите екстрадиции, ние кога ги испорачуваме луѓето, траат многу брзо. Тие се стварно брзи. Јас турскиот правен систем.... Во овој случај не гледам пречка и воопшто не гледам пречка.. Не сфаќам зошто некој, за такво кривично дело би направил некаква рамка за испорака“, додаде Бубевски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања