ВАЊА

palevski-palco

Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче со прашања од обвинителството кон Палевски

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни.Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче. Тој тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци со членови од партијата. Палевски, исто така, тврди дека не го возел „ситроенот“ на Жежовски, ниту дека некогаш бил во неговата куќа.Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задача да чува стража.

Македонија | пред 9 месеци

palevski-68

Палевски ќе одговара што според него правел дента кога е убиена Вања - ново рочиште

Денеска продолжува судењето за убиства та на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова доаѓа откако претходното рочиште не се одржа оти бранителот Јовица Страшевски имаше здравствени проблеми. Тогаш судијата Ивица Стефановски рече дека ако тоа се повтори, ќе му назначи на Палевски бранител по службена должност.Рочиштето ќе треба да продолжи со исказот на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Тој прво ќе одговара на прашањата од неговиот бранител, Јовица Страшевски. Меѓудругото, остана неодговорено прашањето каде бил на 27 номеври 2023 година, денот кога е убиена Вања Ѓочевски, а откако претходно даде свое објаснување што правел на 22 ноември 2023 година кога според обвинението е убиен Панче ЖеовскиТој ќе одговара и на прашања од обвинителство, а ако остане простор и време, и на прашањата од обвинетите и нивните адвокати.На претходното рочиште, Палчо негира дека ги извршил убиствата за кои се товари. Тој ги нападна и навредуваше новинарите а го обвини и ексминистерот Спасовски.„Ниту сум монструм, ниту убиец, јас сум под линч од портали контролирани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а киднапиран од Кривичниот суд”, рече Палевски.Неговиот адвокат Страшевски, беше во „Претрес“ каде зборуваше за двојното убиство и доказите

Македонија | пред 9 месеци

vanja-palco

Палевски кажуваше каде според него бил кога девојчето е убиено: Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, прашан од адвокатот Јовица Страшевски, раскажа каде бил на 27.11.2023 година, денот кога Вања Ѓорчевска е грабната и убиена. Раскажа како станал рано, околу 08:30 минути, иако Обвинителството тврди дека во тој период веќе бил на местото „Дупки“ со обвинетите и грабнатото девојче. Палевски раскажа како дента работел на материјали за набавка на ирански дронови.„Тој ден се разбудив во 8.30, невообичаено за мене затоа што ми беше ладно, затоа што котелот на пелети во куќата не запалил самиот. По будењето и рачното палење на котелот, пристигнаа материјали за 540 милиони долари, ирански пари во македонски банки, за што веќе говорев пред судот, истите ги ставив на клауд и пратив пораки, налог за работа, на лицето Зоран Петковски, кој сведочеше во Судот“, рече Палевски.Потоа, според него, во периодот до 10 часот не пукал во Вања, откако на местото дошол со „рено кангу“ како што посочува и докажува Обвинителството, туку шетал куче, пиел кафе и бил во банка.„Потоа го изнесов кучето во дворот, пиев кафе и се подготвував да излезам, читав вести и после 10 часот се упатив кон Халк банка. Напоменувам, Кешишев не беше во куќата. Помислив дека најверојатно заминал за Штип, што беше вообичаено. Се враќаше следниот ден, не беше ништо чудно што го нема. Потоа со белото ‘фиат добло’ од штабот, преку Рампа, Кисела Вода, Парламентот, Клуб на пратеници, свртев по Ленинова, па преку Буњаковец и школото Песталоци, на улицата Иван Милутиновиќ свртев десно на улицата Рајко Жинзифов и на крајот од таа улица, кон Партизанска, изгубив десетина минути да се паркирам, потоа влегов во Халк банка. Имаше гужва, работеа два шалтери. Додека чекав, се сретнав со стар познаник, Мартин Панчевски, кој го предложив за сведок, но го повлеков предлогот. Вршев плаќања за здружението ‘Десна република’, а не за партијата Десна. Платив за хост на неолку домејни кои ги поседува здружението ‘Десна република’, па платив на Васко Ристовски, сопственикот на куќата, закуп за декември 2023“, раскажуваше Палевски.Тој тврди дека трансакциите биле во 11:30 часот и 11:44 часот, време во кое според Обвинителството, Вања е веќе убиена.„Заминав во куќата на ‘Кирил Крстевски Платник’, каде сум роден и каде ОЈО направи претрес на 3.12.2023. Таму се задржав околу 40 минути, разговарав со моето семејство и ги платив сите обврски на фамилијата за интернет, струја, вода, телефони. Потоа заминав на Бит-пазар, спроти пазарот. На автомат на Стопанска банка извадиив 10.000 денари, за да можам да најдам и да купам грејач, за да го поправам котелот во партијата за да се пали самиот. ‘Фиатот добло’ го паркирав околу 13 часот  над пазарот, каде исто така има камери, и е јавен паркинг. Околу 13 барав грејач. Потоа, барав грејач во неколку дуќани во Чаир, не најдов и се вратив во штабот. Попладнето имав неколку состаноци со членови на партијата и вечерта околу 12 ми заврши работниот ден и легнав да спијам. Тоа е мојот ден од будење до заспивање на 27 ноември 2023 година“, рече Палевски.Тој одговараше и на прашање од неговиот бранител – дали е точно дека тој заедно со обвинетите ја грабнале Вања за да изнудат пари. Според Палевски, ова ниту е точно, ниту е докажано, па рече: „но и нелогилно од повеќе причини“.„Од ОЈО, кое го сосотавило овој обвинителен акт ред судот донесе сведок, Зорица Ѓорчевка, мајка на отетеното дете и беше прашана дали било кој ја контакторал или се обидел да ја контактира и да ја уценува неа или друг член на семјството. ОЈО заборавило дека поминале цели 4 дена од денот на грабнување на детето до притварање на првиот осомнилен, Влато Кешишев, на 2.12, што е доволно време од 4 дена, ако некој сака да уценува да најде начин и да ја почне уцената врз Зорица Ѓорчевска. Но, после една 1,5 година притвор, се уште не можам да поверувам коку се наивни, евтини и несериозни анализите на еден дел од медиумите, каде има и исклучоци, кои се уште брутално ја лажат јавноста брифирани од Гаврил Бубевски.. Зошто ова го тврдам. Доколку е уцена заради користољубие, просечен криминален ум, доколку е во релација со таткото на оштетеното дете, кој веќе го поседува на свое име најскапиот имот на семејството, а децата се малолетни и тој е старател, криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања Ѓорчевска, затоа што целокупниот имот на тоа семејство, заедно со депозитот од 30.000  евра во банка и новото возило ќе прејдат во владение и 50 проценти сопственост на законскиот старател Александар“, сведочеше Палевски.Според него, недокажан е мотивот, полн само со индиции.„Од местото на закопување на убиеното дете, од изборот на жртата во однос на зградата каде живеела, индиции кои се ладно и намерно направени, а кои укажуваат на мене, затоа што јас сум ја градел и продавал таа зграда. Обвинетите Кешипев и Манев во неколку околности велат дека јас сум ја градел зградата и тоа е единствената околннист во која нивните искази се поклопуваат. Со лажни наслови и шпекулации се лаже загрижената јавност повеќе од една година. Кога се работи за мотивот, ОЈО одзема ахард диск, не го вештачеше, не го приложи во докази, го крие, не кажува дека поседувам 200.000 нелегални снимени разговори“, додаде тој.Потоа посочи дека пред седум дена дознал дека е осуден за прислушуваните разговори на казна затвор од три години.Во притворот пред 7 дена дознав дека јас сум единствениот Македонец кој ОЈО требало да знае, ама не знае, а и судот исто така, кога ми пишуваат решение за притвор, затоа што сум веќе осуден, односно осуден сум на 3 години ефективен затвор затоа што сум пресретнувал и снимал телефонски разговори. ОЈО барало условна казна, а јас, во отсуство, односно додека сум во притвор, сум осуден на 3 години затвор. Го известувам ОЈО, дека не прислушкулал Сашо Мијалков, туку Љупчо Палевски. Со оваа пресуда се гледа намерата на правосудниот систем кон мене. Тоа е директно поврзано и со овој процес, затоа што токму обвинителката Ана Димитревска, ми ги одзела тие 200.000 разговори за кои сум осуден на 3 години затвор. Директна врска имаат овие 2 случаи затоа што се случуваат истовремено. Немам мотив да го направам ова кривично дело, и не сум го сторил убиството“, додаде тој.Судењето е во тек.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2023-12-03-at-23.53.25

„Слика од жртвите на телефон постои само на телефонот на Манев и тоа од Жежовски“, рече Палевски по тврдењето дека тој ја сликал убиената Вања

Тврдењето од обвинетиот Велибор Манев, дека Љупчо Палевски-Палчо му покажувал фотографии од друга жена која требало да биде грабната, првообвинетиот го негира. Според Палевски, исказите биле поради како што вели, „квалитетниот ќотек“, а додека тој беше во бегство во Турција. Сведочеше и за тврдењата дека тој ја сликал Вања откако ја убил.„Не сум ја сликал ниту покажувал Вања, затоа што не знаев дека постои тоа дете. Сликите кои ги спомннува Манев би требало да му помагаат во неговите намери и она што го направил, да не згреши, а не да направи грешка. Интересно е што овие околкости, сликање на жртвата се појавуваат во вториот негов исказ на 6.12, кога го посочува таткото на убиенто дете со име и презиме, а на 3.12, претходно, дава изјава само: ‘Палчо ги знаеше родителите’. Слика од жртвите на телефон постои само на телефонот на Манев и тоа од оштетениот Панче. Затоа тврдам дека ќотекот од две недели не е случаен и не е измислено само лажното твдење дека Александар ми давал информации, туку и сите останати тврдења на Манев и на Кешишев се последица од квалитетен ќотек и потребите на ОЈО да ме произведат во монструм, како што ме нарекувал Димовски на 3.12, кога го лишувал од слобода Ѓорчевски. Како и сѐ останато, оваа истрага е со ти реков, ми рече, и затоа очајно се темели целава оваа нарачана пресуда на едно фалсификат видео и два трагично смешни искази кои наводно го потвдуваат видеото“, сведочеше Палевски.Тој рече дека во зградата од каде е грабната Вања Ѓорчевска, последен пат бил пред 26 години.Кога последен пат сте биле во зградата од каде е грабната Вања Ѓорчевска.„Но, сум бил до објектот затоа што до самиот влез на зградата поседувам трафстаница од која се напојуваат 11 станови во таа зграда и неколку локали во објектот. Но, физички не сум бил во таа трафостаница во последните 10 години. Од последниот краток состанок за продажба на таа трафостаница, сум ја покажал на интернет, а немало потреба  да одам дотаму.  Сум одел до ‘Ради Рим’, кое е на околу 150 метри од зградата, никогаш до таму не сум бил со ‘кангуто’. На стотина метри од зградата поседувам нефункционален простор, кој не го користам, а имав намера да го продадам. Последно место во Дебар Маало каде сум се движел е Општина Центар, но таму не сум бил одамна“, рече Палевски.Тој негира и дека давал инструкции за тоа како да се грабне Вања Ѓорчевска, како што тврдеше Кешишев.„Во ЈО му го поставиле вистинското прашање на 6.12 од каде знае дека местото на настанот се вика Дупки, како што рекол на 3.12. Тој им рекол дека дознал во меѓувреме, а во меѓувреме е во притвор.  Се поставува прашањето како дознал како се вика местото на настанот, затоа што 3 дена претходно тој кажал дека тоа е некаква мала депонија, а не место ‘Дупки’. Ќотекот продолжува и после 3.12, кога го посочил Александар Ѓорчевски, ќотекот продолжил и во наредните 2 недели, според исказите на сите обвинети. И покрај тоа што го посочил Александар, но ќотекот подложил и за местото на настан Дупли и за тоа дека Палчо пукал. Но, денес е нејасно дали полицијата го носеа Влатко Кешишев на местото  на настан Дупки или Кешишев ја однесе полицијата“, додаде Палевски.Децидно одново негираше дека бил на местото каде била убиена Вања. На прашањето од адвокатот Страшевски: „Во обвинението стои дека по налог на Палевски обвинетиот Манев го извади оштетеното дете од гепекот, по што обвинетите ја доближиле и ја ставиле во претходно ископаната дупка. Точно ли е?“, Палевски одговори: „Ќе повторам, не е вистина тоа тврдење. Не можам да дадам налог, не сум бил на местото на настан Дупли. Во обинението ОЈО тврди дека дупката е претходно ископана. Велибор пред судот тврди дека прво е пукано во детето, а потоа по моја наредба биле принудени да копаат дупка. Тоа е спротивно на обвинението. Кешишев рече дека дупката е копана, па Вања е извадена, а додека чувал стража слушнал истрел, се свртел и ме видел мене со пиштол во раката. На оваа околност исто така имаме 3 или 4 варијанти од искази, па дури и еден ист обвинет дава 3 различни искази во 3 распити. Од тоа кој го извади детето од гепекот, кој копал, ако и кога копал, За овие околности двајцата, Манев и Кешишев се комплетно различни и спротивни од обвинението“.На крајот одговори и на прашањето од Страшевски, дали е точно дека испукал куршум во Вања, обвинетиот Палевски одново негираше.„Како и се претходно, и ова тврдење не е точно. Не сум бил на местото на настан Дупки и не сум пукал во Вања Ѓорчевска. Во судницата ЈО донесе јастуци кои се без вештачење, без прострена дупка во нив, без барутни траги како доказ, а во обвинението тврди дека е пукано преку перниче. Тотално е нејасно зошто се донесени јастуците како доказ ако на нема траги од барут. Но, како и се друго во ова обвинение, ќе направам една кратка илустрација од 5 точки. Овие точки не се навреда, туку гола вистина и факти од ова судење. Број 1, според ОЈО двојниот убиец бара од судот наредба за издавање податоци за оружјето, судот го одбива после 6 месеци од барањето Број 2, чаурата пронајдена во Рудник двојниот убиец ја предлага како доказ, затоа што ОЈО заборавило да ја предложи, а судот 4 месеци не се изјаснува дали чаурата ќе биде доказ. Број 3, двојниот убиец предложи сведок, полицаецот Кукунџиевски, кој потврди дека токму тој одзел оружје од сообвинет, но недостасувало оружјето со калибар од 9 милиметри“, рече Палевски.Распитот е во тек.

Македонија | пред 9 месеци

vanja-gjorcevski-aleksandar-

Палевски му го злоупотребува името за да се одбрани, Александар реагира и за тезите дека било логично Зорица да биде убиена, вели Туфегџиќ

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше до судот бидејќи смета дека обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да го злоупотреби неговото име за да се брани себеси. Туфегџиќ вели дека реакцијата била оправдана, бидејќи Палевски изнел премногу тези и анализи, како за човек кој тврди дека не бил на местата на убиствата.„Александар преку мене како негов бранител денеска реагираше во текот на исказот на обвинетиот Палевски поради тоа што смета дека во неколку наврати, на неколку изминати судења, обвинетиот Палевски се обидува злонамерно да се спомнува неговото име во контекст на наводната одбрана. Александар со право реагира особено по изнесените анализи, наводи и тези од Палевски, зошто би ја убиле Вања кога логично било да ја убијат Зорица, премногу тези и анализи за човек кој за себе тврди дека во критичното време ниту учествувал ниту ги извршил убиствата“, вели Туфегџиќ.Тој посочува дека Ѓорчевски има изградено став и мислење за Палевски и обвинетите.„Александар од сето она што досега го видел и слушнал во судница има изградено свој став и мислење како за обвинетиот Палевски таа и за другите обвинети по однос на убиството на Вања, во судницата кажа дека ниту еден од обвинетите не изразил ниту жалење ниту каење туку само разочараност од нивниот т.н  ‘цар’. Факт е дека ниту еден од обвинетите кои не го негираа своето учество во убиствата, не се исправи пред таткото на Вања во судницата за да изрази каење, туку грчевито се обидуваат да го оправдаат своето учество во настаните на начин дека немале избор и биле под закани“, додаде Туфегџиќ.Рочиштето и натаму трае.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-11.53.21

Палевски „впери прст“ во Манев за убиството на Жежовски, тврди дека сведокот лажел, а и дека снимките кои ги фатија со мотороли се само збир на инсерти

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој се товари за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го „впери простот“ кон Велибор Манев, кој призна вина и раскажа негова верзија за грозоморните чинови. Истовремено, Палевски, го оспорува сведокот Ерол Османи, кој кажа дека обвинетиот бил кај него дома на 28 ноември (ден по убиството на Вања Ѓорчевска), а не како што тврди Палевски на 22 ноември, денот кога според Обвинителството е убиен Панче Жежовски. За Палевски и снимките од камерите направени во дворот на Манев се само збир на инсерти и не се од вечерта и денот кога е убиен Манев. Прашан дали го познавал Жежовски, рече дека не знаел ниту дека постои таков човек, ниту имал комуникација, а го осознал од судските списи за предметот.„Наивно е објаснувањето на Манев за Жежовски, површно и неточно. Помеѓу нив има повеќе од кавга за бекатон коцки, има кривична пријава која Жежовски за Манев, која е отфрлена во Велес. Во претставките кои Жежовски ги поднел до Советот на јавни обвинители, тврди дека Манев е под заштита на Обвинителството во Велес. Има поплаки и до МВР и СВР Велес, а таму е опишано што се случувало. Жежовски, 10 години се занимавал со Манев, имало омраза меѓу нив. И на местото на настанот каде се случило убиството, излегла обвинителката која ја отфрлила кривичната пријава против Манев“, рече Палевски.За снимките кои ги презентираше Обвинителството, на кои се гледаат Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, а кои според обвинителите се подготвувале за грабнувањето на Панче Жежовски, Палевски рече дека се само збир на инсерти со фалсификувано време: „И не е проблем што им требало осум месеци да го вештачат, туку самото однесување на ЈО за тоа што е јасно напишано дека е предадено на 5.9.2024 година, две недели пред почетокот на главната расправа. Очаен е обидот со исказ на обвинети да се потврди ова видео е неуспешен“.Го оспоруваше и исказот на сведокот Ерол Османи. Според Палевски, тој бил кај него да поправа котел на 22 ноември, а сведокот рече дека тоа не е точно. На рочиштето покажа и принтскринови од пораки кои ги размениле додека во тек бил поткаст, а во кои Палевски му велел дека ќе дојде кај него по поткастот кој во моментот го водел. Според Палевски, тоа се е лага.„На 28 ноември, невозможно е да бидам во Бутел кај Османи и да поправам котел. Поткастот почна во 10:11 минути и траеше до после 12 часот. Османи тврди дека во 11:42 сум му пратил порака дека ќе дојдам кај него во Бутел. Проблем е што тој не ја говори вистината. Тогаш добив порака од експратеникот Бошков дека мојот глас на поткастот слабо се слуша, а ќерка ми ја земав од пред Алкалоид во околу 13 часот. Физички е невозможно да бидам во Бутел и да поправам котел“, додаде Палевски.Во однос на тврдењата на Палевски, овој став го застапуваше и адвокатот Јовица Страшевски во „Претрес“. Еве точно за што станува збор:Рочиштето е во тек.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-05-at-10.32.50

(Видео) Адвокат бара реконструкција на убиствата на Вања и Панче и враќање на предметот во истрага

Адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски вели дека е неминовна потребата од реконструкција на грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Според него, има три причини за ова. Посочи и дека предметот треба да се врати во истрага.„Ова е фаза на постапката кога секој ја кажува својата верзија. На крајот, неминовно е по исказите кои се дадени, да се направи реконструкција на настанот и неминовно е настанот да се врати во истрага. Ова од неколку причини. Првично бидејќи се споменуваат други лица кои не се обвинети, ниту учесници, а се споменуваат во исказите на обвинетите. Постојат неколку снимки кои Обвинителство не ги дале да се гледаат, а едни од нив се од бензиската станица Лукоил во Велес, каде се гледа ликот на Панче Жежовски, а е направена на 22-ри денски. А викаат дека човекот е убиен на 22-ри во 09 часот. Некои работи мора да се расчистат дали со реконструкција дали со враќање на предметот во истрага“, рече адвокатот Манев.Тој рече дека не е спорно што адвокатот на Љупчо Палевски-Палчо се разбоил.„Денешното одложување е поради здравствените проблеми на адвокатот на Љупчо Палевски, на секого може да му се случи да има здравствен проблем и да има висок крвен притисок. Мислам дека тоа е во ред. Согласно ЗКП, судијата има право да постави бранител по службена должност, меѓутоа мислам дека е човечки едно одлагање, да се дозволи. Мислам дека не се работи за бегање, туку здравствен проблем. Во ред е тоа што го зборува судијата, но мислам дека не е проблем, ќе дојде на наредното рочиште“, рече адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски.„Зошто возниот ред на 5-ти април за автобусот број 60

Македонија | пред 9 месеци

palevski-paco-07-apr

„Доколку се случи уште еднаш вакво нешто, ќе поставам бранител по службена должност“, рече судијата откако адвокатот на Палевски не дојде на судење

Судијата Ивица Стефановски, кој го суди предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, закажа две нови рочишта, предвидени обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање на исказ за ужасните настани. Ова доаѓа откако денешното рочиште се одложи поради отсуство на Јовица Страшевски, адвокат на Палевски.До Кривичен суд, била доставена документација од Страшевски во која се наведува дека тој не може да присуствува поради здравствен проблем кој вчера му бил дијагностициран. Судијата рече дека ова е прво одлагање и дека судот ќе има разбирање, но нема да дозволи да се повтори.„Доколку се случи уште еднаш вакво нешто, ќе поставам бранител по службена должност“, рече судијата Стефановски.Според досегашната динамика на судењата, расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда. Одлагањата на рочиштата од било која причина ќе го успорат процесот. Палевски претходно имаше двајца адвокати, но еден од нив, Маријан Витанов, има откажано полномошно. Остана Страшевски.Во поткастот „Претрес со Ландов“ тој кажа дека го брани Палевски поради уверувањето дека е невин. Истовремено, беа анализирани сите докази кои укажуваат дека Палевски учествувал во делата.

Македонија | пред 9 месеци

strasevski-palevski

Нема да се одржи рочиштето за убиствата на Вања и Панче - адвокатот на Палевски не можел да дојде на судење

Нема да се одржи закажаното рочиште на кое требаше Љупчо Палевски-Палчо да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Утринава, судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини.Поради тоа, ќе се донесе решение за одлагање на расправата, а наредбите за спровод на Палевски и обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски ќе бидат отповикани од судијата Ивица Стефановски. Отповикана, ќе биде и наредбата за спровод на Александар Ѓорчевски од куќен притвор. „Скопје1“ побара став од адвокатот Страшевски, но до моментот на објава на текстот - не добивме одговор.Според досегашната динамика на судењата, расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда. Одлагањата на рочиштата од било која причина ќе го успорат процесот. Палевски претходно имаше двајца адвокати, но еден од нив, Маријан Витанов, се откажа. Остана Страшевски.Во поткастот „Претрес со Ландов“ тој кажа дека го брани Палевски поради уверувањето дека е невин. Истовремено, беа анализирани сите докази кои укажуваат дека Палевски учествувал во делата.На следното рочиште, исказ треба да продолжи да дава Палевски, како и да одговара на прашањта од Обвинителството.

Македонија | пред 9 месеци

palco-6

Палевски ќе одговара што според него правел дента кога е убиена Вања

Денеска продолжува судењето за убиства та на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Исказ ќе дава првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Тој прво ќе одговара на прашањата од неговиот бранител, Јовица Страшевски. Меѓудругото, остана неодговорено прашањето каде бил на 27 номеври 2023 година, денот кога е убиена Вања Ѓочевски, а откако претходно даде свое објаснување што правел на 22 ноември 2023 година кога според обвинението е убиен Панче ЖеовскиТој ќе одговара и на прашања од обвинителство, а ако остане простор и време, и на прашањата од обвинетите и нивните адвокати.На претходното рочиште, Палчо негира дека ги извршил убиствата за кои се товари. Тој ги нападна и навредуваше новинарите а го обвини и ексминистерот Спасовски.„Ниту сум монструм, ниту убиец, јас сум под линч од портали контролирани од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а киднапиран од Кривичниот суд”, рече Палевски.

Македонија | пред 9 месеци

vanja-pance-palco-sudenje-5

Палевски го спори времето на убиството на Жежовски, а тврди дека не бил таму кога е ликвидиран велешанецот

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати обвинување дека Кривичен суд, дека бил киднапиран од нив. Тој рече дека шест дена бил во притвор без никакво решение, а потоа, бил однесен во судот пред судија на претходна постапка и обвинителката која го застапува предметот. Пред судијата Ивица Стефановски, Палевски објаснуваше што правел на 22 ноември, денот кога е убиен Панче Жежовски. Тој го спореше времето кога е убиен велешанецот, посочувајќи дека во кривичната пријава на МВР стои 21:30, а во обвинението стои 09:30 минути.„Бев со кучето Хера во дворот, разговарав со член на оградата. На тој ден сум немал состанок со Манев и Видевски бидејќи од причина што, во посоченото време кога се тврди дека стигнале од месноста Рудник во штабот, јас разговарам со Миле, секретар на партијата. Моментот на смрт на Панче Жежовски до денеска не е утврден, докажано е дека поминуваат возилата кај ‘Ромакнтик’, но како пресметале кога е убиен? Не дадоа докази. Она што е сигурно е дека Кешишев во 10:30 минути поминал покрај ‘Романтик’, како успеале, според тврдењата на Обвинителството, да го убијат Панче и да се возат во шок и бессознание до Маџари, да се претовараат во „Реното кангу“ и во 11:47 да разговараат на телефон? Физички е невозможно. Затоа на 24 ноември се враќаат во Рудник, според исказот на Манев, да затрупуваат. Дали е тоа грижа на совест, не знам, но постои можност и тогаш да е убиен Панче. Според камерите од ‘Романтик’, ‘цитроенот’ во 10:30 минути се уште е во Велес“, рече Палевски.Во неговиот исказ тврди дека моторолите кои се гледаа на камерите од дворот на обвинетиот Велибор Манев, биле употребени кога барале злато кај Демир Капија. И според него, ова е последен пат кога ги видел.„Целата организација на тој настан е од Велибор Манев, инсистираше јас и Влатко Кешишев да бидеме присутни, а тој и Боре Видевски проверуваа во пештерата во близина на Вардар. Тогаш за прв и последен пат видов моторола која од автомобилот ја извади Манев. Ми даде мене, на Влатко и другата ја понесоа со себе. Времето на тргнување од Демир Капија кон Велес е истото со времето на видеото кое Обвинителството незаконски го приложи како доказ. Задржувањето во Демир Капија и потпишувањето на записникот за одземање на оружјето, идентично одговара – 07:10 кога се гледа на видеото од Обвинителството.  Со настанот се утврдуваат три важни работи – пиштолот, времето и моторолите, а до Демир Капија отидовме со возилото на Велибор Манев“, посочи Палевски.Рочиштето заврши, следното е закажано за во среда, кога Палевски ќе продолжи со давање исказ. Според обвинението, Палевски е планер и реализатор на двете убиства, како на Панче Жежовски, така и на Вања Ѓорчевска. Досега беа презентирани снимки од видео надзори, беа сослушани сведоци, беа предочени материјални докази.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2023-12-06-at-10.52.32

Палевски во Турција дознал дека е осомничен пред да го апсат, но не се вратил со возачот, туку отишол на бензиска па во пицерија и размислувал што да прави

Љупчо Палевски-Палчо обвинет за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го убедуваше судот дека не бегал од Македонија по двата грозоморни настани. Истовремено, тој кажа дека на 03 декември 2023 година дознал дека е осомничен, но утредента сепак не заминал за Македонија со возачот Стефан Димковски, туку останал во Турција. Потоа, појасни дека на 04 декември, отишол на бензиска да размисли што да прави, па во пицерија за да руча.Адвокатот Јовица Страшевски: Дали сте учествувале во настаните за кои Обвинителството ве обвинува?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Не, не сум учествувал во тие настани. И наводите кои сум ги кажал пред ОЈО, останувам на нив, со забелешка, ќе ги надополнам. Ќе биде проширен со детали, бидејќи во доказната постапка, многу работи видов и се потсетив, што сѐ се случувало во критичното време.Адвокатот Јовица Страшевски: Имаше разни шпекулации по прес-конференции, медиуми и портали, дека сте бегале во Турција и сте уапсени на автопат, можете да ни опишете?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Моето пристигнување во Баликесир е на 02-ри декември во попладневните часови. Земав куќа под закуп на мое име, со моја патна исправа, платив за еден месец однапред. Господинот кој ми ја најде куќата го замолив дали може на негово име да земам интернет картица затоа што планирав да правам поткаст. По дознавањето дека сум осомничен, тоа е 03 декември, претрес на мојот дом, јас утрето, откако претходно на 03 декември на Стефан Димковски му дадов пари за пат и му кажав да замине за Македонија веднаш. А и тој самиот планираше да замине ноќта на пат. На 04 декември откако Стефан замина за Македонија, ја вратив картичката за интернет, ги вратив и клучевите од куќата иако беше платена за месец дена однапред, не ја искористив автобуската карта за Истанбул, преспав во куќата и утрето заминав. Отидов на бензинска пумпа во Баликсер, за да размислам како и што треба да направам. Отидов во пицерија во близина на бензинската пумпа во градот Баликсир, за да ручам. И очекував во секој момент да се појави полиција, бидејќи во сите портали во Турција беше мојата слика. Не се појави полиција за чудо, иако Баликсеир е голем град, а по неколку часа повторно се вратив во истата пицерија и се појави Интерпол-Турција. Ме однесоа во полициска станица, бев изнесен од инспектор пред бел ѕид, сликан и на What’s up пратен во Македонија. На пресот и објавите од пресот на Оливер Спасовски е таа фотографија. Ми беше јасно кој го организира ова. На 5-ти бев однесен пред судот во Баликесир, ми беше прочитано за што сум осомничен, имаше кратко објаснување и бев прашан дали постои можност за мачење и убиство во Македонија. Ова беше пред судот да донесе одлука. Од срам кон сопствената држава, кажав дека не постои таква можност – да бидам мачен и убиен. Тоа е процедура. Не се жалев на судското решение во однос на екстрадицијата. Пројдоа пет и пол месеци додека бев екстрадиран.  Во таа турска документација која ќе ја доставам до судот. Испратив писма до турскиот министер за правда во кој молам да се случи побрзо екстрадицијата.Во тек е пауза, па продолжува исказот.

Македонија | пред 9 месеци

palevski-obvineti-vanja

Палевски враќал долгови на Манев: Јас живеев и спиев во партијата, убиствата не ги направив ниту имам мотив

Љупчо Палевски-Палчо пред судот посочи дека не ги извршил убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Потоа објасни за патот во Белград и Турција, посочувајќи дека не бегал. Во исказот, адвокатот Јовица Страшевски го праша да ги опише обвинетите со кои се заедно на обвинителна клупа. Раскажуваше и какви здравствени проблеми има, но и како барал второ мислење од Србија. За мотивот на извршените убиства, рече дека немал причина да го стори бидејќи ако сакал да изнуди пари, имал (прислушувани?) материјали кои можел да ги нуди.Адвокатот Јовица Страшевски: Палевски дали вие ладнокрвно ги извршивте убиствата на Панче Жежовски и Вања?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Не, не сум ги извршил убиствата и грабнувањата. Немам мотив за тоа. Затоа што во депото на ОЈО се наоѓа хард диск ‘Тошиба’ одземен со записник во кој има преку 200.000 разговори, гнасотии на оваа политичка елита, но и на новинарската професија. Доколку сум сакал да реализирам било какво користољубие, сум можел да уценувам милијардери со ‘ферари’ и останати, но ете тоа не сум го направил. Така што не само што сум го направил, туку и немам мотив да направам такво злосторство.Адвокатот Јовица Страшевски: Можете да ни го опишете интензитетот на вашето живеење, од средината на ноември до вашето апсење?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Јас предмалку го објаснив обемот на ангажманот. А дополнително на претходно објаснетите ангажмани, треба да се надворзе огромен број на состаноци, партиски. И снаоѓање со многу мали финансиски средства, за таков ентузијазам за политичко дејство.  Тоа бара буквално секојдневно и целосно посветување на започнатите проекти кои претходно ги објаснив. Може да се каже дека јас живеев и спиев во партијата. Обично спијам шест саати на ден и тоа ми е единствен одмор, а работев по 18 часа. Последните три години, бројот на комуникации се од 20 до 50 разговори најмалку. И десетина состаноци дали во седиштето во здружението претходно, а потоа политичката партија Десна. Живеев доста интензивно, особено до ноември. Вклучително и патот кој се случи на 30.11.2023 година кога заминав за Белград беше шанса да се одморам работно барем десетина дена до почеток на роденденот на партија, 12.12.2023 година е годишнина на партијата. Тие 10-12 дена планирав да ги искористам работно и затоа заминав на пат.Адвокатот Јовица Страшевски: Ги познавате ли останатите обвинети?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Ги знам сите, освен Александар Ѓорчевски, него Влатко Кешишев го познавам, беше домаќин во партијата, вреден, патриотски расположен. Политички неук, но политички стабилен. Чесен Македонец со кој се договоривме лесно и брзо. Велибор Манев го познавам исто така од ангажманот во здружението, а подоцна, по регистрацијата и со неговиот ангажман до општинската во Велес. Амбициозен и алчен за пари. Имаше неколку конфликти за пари во партијата, меѓу кои и со сведокот Стефан Димовски од Струмица. Меѓусебно имале купопродажба на некоја земјоделска механизација, па Велибор не го доплатил износот, па имаше агресивен испад на Велибор, помеѓу нив двајца на состанок на партијата. Исто така со Петрушев, му позајмил 1000 швајцарски франци, кои Велибор не ги вратил, па ме извести мене како претседател на партијата. Ми прати документ од ‘Вестер унијон’ дека му дал 1000 швајцарски франци по што јас преземав обврска и го решив тој проблем. Парите се вратени за да нема расправии и компромитација на самата партија. Велибор Манев го зачлени во ‘Десна’, Боре Видевски. Тој е скромен, дисциплиниран и посветен на работата. Не сум имал шанса социјално да се дружам со него, за подобро да го запознаам. Целокупното запознавање е последица на партиски ангажман. Што се однесува до Александар Ѓорчевски, името и презимето ги прочитав во кривичната пријава кога ми ја доставија во ќелија. Тоа е околу познанството. Во однос на патот сакав да дополнам, причината за патот ја наведов. Иако, при самото испрашување во ОЈО, обвинителот сугерираше дека сум бегал. Но насловите во медиумите не беа во прашална форма и беше тврдење. На 30.11 заминав на пат за Белград, подготовките беа идентични како што сведочеше Васко Стојков, сведок на ОЈО, кој ме возеше до Белград. Заминав со регуларна патна исправа, на регуларен патен премин, на регуларен начин. Во Белград се видов со неколку пријатели и како што го објасни Васко Стојков во своето сведочење, со професорот Чкребаљ со кого имаме плодна соработка веќе неколку години. Подоцна со регуларен пасош, се пријавив во хотел каде преноќив. Сабајлето имав уште еден состанок со невладина организација, студенти од Правен факултет. Васко Стојков имаше обврски, јас го контактирав Стефан Димковски за да ме транспортира до Турција. Во оваа прилика добро е да се објасни понижувачкото однесување на обвинителите кон мене, бидејќи поставуваа прашања на сведоците: ‘Дали сум бил пријавен и кај кој доктор, дали сум закажал операција и кај кого’, а добро им е познато на обвинителите дека во мојот исказ пред ОЈО од 05.06.2024 година, на обвинителката јасно и објаснив дека јас сакав да правам магнетна резонанца, на друго место а не во Македонија. Кога правиш магнетна резонанца добиваш и специјалистичко мислење за неа. Тоа за мене значи второ стручно мислење пред да одлучам дали ќе се оперирам или не. Обвинителството ми одзеде куп гардероба и тетратки кои не се во листата на докази, но најважно - евтино: две ЦД од магнетна резонанца кои не постојат во записникот за одземени предмети во КПУ Затвор Скопје, што е смешно и трагично, бидејќи тие две магнетни резонанци, можам да добијам копија кога сакам од Систина, кога ми треба. Не значат ништо. А ги носев со себе бидејќи едната е од 2016 година, а другата е од 2020 година и кога ќе направите трета магнетна резонанца можете да направите хронологија на болеста од неколку години. Крадењето на две ЦД-ја на ваков беден начин, заборавиле да ги стават во записник го покажува и односот. На судот му доставив доказ од Систина каде професорот Лозанче јасно кажал и потпишал во 2020 година, јули месец.... (нз). Тоа е една од трите причини за моето патување, а за медиумите - бегство, брифирани од неколку обвинители и Јанаки Митровски за случувањата во Кривичниот суд. Познатиот шарен револуционер. Втората причина е Воениот архив во Истанбул каде требаше да земам доказ дека Баница, на 4 мај 1903 година немало ниту еден аскер, и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска туку од врховисти. Тоа е од интерес и на Република Турција да се расчисти. Третата причина зошто сум гледал карти до Минск и Москва, е мојата желба и намера да одам во Москва. Ниту сум букирал карта како што кажа обвинителката, нуту сум купил. Туку мојата желба и намера не се реализирана. Јас требаше да одам во Москва да земам копија од ногородските ливчиња од јавната библиотека во Москва, за да донесам копија за политичката партија Десна од најстариот христијански документ издаден од патријаршијата, кој го чуваат во Москва. Тоа се трите причини како 10-12 дена да се одморам од состаноци. Зборував со Велибор Манев, кој ми најде пријател во Истанбул кој зборува македонски. Требаше да се земе куќа,  ама беше тешко да се најде. Па најде во Баликсери, 200 километри од Истанбул. Еден ден ми требаше да изгубам за магнетна резонанца во Истанбул, да го направам (поткастот) Крш 114, во неделата на 03.12, кој не го направив од познати причини - бев прогласен за монструм веќе на 03 декември. Беше смешно да правам поткаст. Имав карта резервирано, но не авионска туку автобуска од Баликесир до Истанбул за да ги направам работите кои претходно ги објаснив. Не ја искористив картата и не отидов до Истанбул и добро е што не отидов, затоа што дополнително ќе беше објаснето како бегство. На 03. декември вечерта во 20 часот се правеше претрес во куќата каде живее моето семејство. Ми се јави Васко Стојков додека трае претресот, во својство на адвокат кој бил присутен и ми го кажа она што тука го просведочи, а јас ќе го повторам - 'најдобро е да си дојдеш и да си дадеш изјава, овде не си осомничен туку пресуден'. Почна расправија бев многу лут, но Васко ја прекина линијата, а во судот објасни дека инспекторот од МВР барал да спушти. Претходниот ден, Васко Стојков ми се јави и ми рече дека инспекторите прашуваат кај сум, јас кажав Баликесир, Турција. Не е точно дека сум бил недостапен за органите на прогонот. Ме праша претходно каде и кога сум сум се движел низ Дебар маало и со кое возило, а бидејќи бев лут му кажав на Стојков да почека да размислам и дека ќе се јавам за брзо и дека ќе му издиктирам кога каде и како се движам во Дебар маало. И кажав од прилика. Тврдењето низ медиуми, а во суштина е тврдење на ОЈО кое брифира медиуми дека јас сум во бегство е брутална лага. А дополнително судот и писмено му се обратив да ги издвои доказите од возилото 'ренџ ровер' со струмички таблици, има врз него криминалистичко-техничка обработка на 05 декември, возило со кое сум патувал од Белград до Турција кој нема никаква врска со кривично правниот настан за кој се судиме, а каде се пронајдени единствени 7 ДНК траги. Заедно со предметите од место на настан Дупки се ставени и овие, што немаат никаква врска со убиството на детево... И отпушоци се ставени во доказите, дадов приговор, ова е уште едно подметнување од Јавниот обвинител. Тие докази не се од место на настан, немаат поврзаност. Јас не го негирам патувањето ниту моето присуство во автомобилот 'ренџ ровер' и го молам судот да ги издвои тие предмети или да се декларираат како што треба, дека се премдети пронајдени од патување на Палевски а не од лице место. Имав контакт и со брат ми Баже Палевски, кој бил распрашан од полицијата и Обвинителството во текот на истрагата, кој потврдил дека се наоѓам во Турција. Но кажа и една многу важна работа, која во дополнителна работа која ќе биде предочена во  судот, дека единицата за насилен криминал без пишан документ на 1 декември во 17:30 часот, само 30 минути по печатење на извештајот за движење на Рено Кангу двајца инспектори отишле во село Глуво кај мајка ми во викендица да ме бараат мене, да прашаат какво возило возам и како се вика мојата сопруга. Откако дознале дека мојата сопруга не е сопственик на 'Реното Кангу', двајцата инспектори си заминале. Прашањето на кое ОЈО некогаш ќе мора да одговори, е што барале на 1 декември инспектори во Глуво, да бараат 'Рено кангу', а тоа е паркирано во центар на Скопје?Претходно:Распитот е во тек.

Македонија | пред 9 месеци

palevski-palco

(Видео) Палевски сведочи: Ниту сум монструм, ниту сум убиец, киднапиран сум од судот, медиумите се корумпирани

Љупчо Палевски-Палчо почна да го дава својот исказ за обвинението каде се гони дека направил план и ги убил Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На стартот почна да објаснува што правел во ноември, месецот кога се реализирале двете ликвидации. Неговата теорија е дека тогаш објавувал многу сензитивни документи, кои ги објавувал сам и на своја одговорност. Во одговор на првото прашање го даде и одговорот, зошто го одложил поткастот на 26.11, ден пред Вања да биде убиена.Адвокатот Јовица Страшевски: Палевски, можете да ни се претставите кои сте?Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Регистрирав политичка партија и ме избраа за претседател. Интензивно 20 години се занимавам со политика, претходно правев згради. Во ангажманот, она што е во интерес на овој судски процес, ќе објаснам за последниот месец, ноември. Претходно бевме многу конфронтирани како политички субјект со актуелната Влада и со политичките процеси кои се случуваа во ноември месец. Организирав и собрав потписи за распишување на референдум, за народот да се изјасни за Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Сметав и сметам сѐ уште кога се работи за историја и идентитет на еден народ, не може да биде политичко прашање за ниту еден субјект во државата, туку референдумско изјаснување на народот. Тоа беше брза акција во првите две недели од ноември 2023 година. Барањето беше формално одбиено од тривијална (неважна) причина од собраниската комисија. Потоа беа скенирани 50.000 декларации подготвени за предавање на оригиналите на повардарскиот епископ Агатан. Во исто време се организираа штабови, општински организации, на политичката партија Десна. Во исто време секој вторник/среда/петок/сабота и недела емитував програма во живо на неколку социјални платфори. Секој вторник во 10 часот одеше поткаст ‘Лицеум’, во среда ‘Крш дебата’ од 21 часот, во петок извршен комитет на партијата на апликацијата Зум. Имавме четири членови од Македонците во светот, па извршните комитети мораа да се емитуваат преку апликацијата Зум. Во ноември месец, освен оваа активност, заврши и проектот ‘Банкстери’ за перење на пари во Македонија, во официјални банки, поддржано од Народна банка, проект кој започна со емитување на 28.11 во 21 часот, а требаше да биде на 26.11 во 21 часот. Од причини што доцнеа неколку докази, изводи од сметки, свифтови за мега трговци со оружје од Иран кои имаа депозити во македонски банки не беа пристигнати сѐ уште тие докази, кои воедно биле последни докази кои недостасуваа, тоа беше причината за одлагање на последниот ‘крш 113’ како епизода од редовен поткаст. Во тој серијал на документи и криминал беше објавен само мал дел, оти потоа бев уапсен, а таму се наоѓа и причината за убиството на Никола Младенов. Се работи за фирма од Велес, ‘Широко езеро’ преку која се испумпани огромен број пари надвор од Македонија. Објавени се во ноември месец, 540 милиони долари, од кои сметки со веродостојни податоци, 420 милиони долари во Комерцијална банка Скопје на име на ирански државјанин замрзнати средства од Стејт департментот. И 120 милиони долари на истото лице во Капитол банка во Македонија. Во тие документи се содржани и лични податоци на иранскиот државјанин, но ја објавивме и одлуката за замрзнување на тие средства во Македонија затоа што иранскиот бизнисмен продавал шахи кинески дронови на Руска федерација и не успеав да ги објавам доказите. Средствата се прилив од Србија. Потоа требаше да следат докази дека Македонија е најголема перална по Швајцарија – но, не со видеа од двор, туку со официјални банкарски документи и докази. Сето тоа го правев сам и на своја одговорност. И сето тоа од ноември 2023 година е најдобра слика за мојот лик и дело.Адвокатот Јовица Страшевски: Почнувајќи од првите прес-конференции на МВР и Обвинителство до ден денеска се носи тој товар за тебе дека си монструм и убиец. Би сакал јавно да те прашам дали се чувствуваш лично како што те прикажаа на првите прес-конференции на Обвинителство и МВР и по медиумите, дека си монструм и убиец? Барам конкретно и јасно да одговориш.Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо: Ниту едното, ниту другото. Мотивите за таквото однесување, суспендирање на правото на невиност се додека не се докаже вината, пресумцијата на невиност не постои. И тоа бидејќи шефот на скопското Јавно обвинителство, Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари во Македонија. Спасовски дал согласност како министер за внатрешни работи ирански државјанин шверцер со дронови да отвори нерезидентна сметка во НАТО банки на Македонија. Токму таа одговорност и сериозен криминал според износите, депонирани во Македонија и нејзините банки – тоа е сосема доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек, се компромитира човекот во целост, а инструментот ‘по слушнат глас’ да реагира Обвинителството – не постои. Не реагираат. Идентично како и за оружјето во овој судски процес. Медиумите се комплетно корумпирани од банкарскиот сектор и без поддршка од банкарскиот сектор нема да постојат. Една и пол година врескаат дека докази има, јас додека бев во Турција за тој период имав турски адвокат кој ме застапуваше пред турскиот суд и ме извести, ми даде принтана копија од вестите каде бев опишуван како што бев опишан. На прес-конференција одржана на 05 декември кога е поднесена кривичната пријава, гледам денеска дека постоело само едно вештачење. Јавното обвинителство до подигање на кривичната пријава го има вештачено само телефонот на убиенот Панче Жежовски и тоа две вештачења за папиларни линии и ДНК. Сите останати вештачења се по прес-конференцијата правени. Одговорено е кој ги брифирал со лаги медиумите, па како пример ќе наведам: Сведокот Гоце Трајковски на Каришиќ му праќал скринови од некакви инфлуенсерки од Миа Костова, новинарката Мери Јордановска, кои тврдат дека јас сум бил очув на Вања. Сето тоа го пласирал на оваа багра позади стаклото, на корумпираните медиуми. Позади мене сместена е професија која егзистира крајно непрофесионално без ниту еден доказ, како што предмалку кажав, шпекулации од луѓе како посочениот Гоце Трајковски. Такви лаги се истурени во огромна количина. Во исто време, директорот на затворот КПУ Скопје вршел приватни истраги, ги тепал и испрашувал обвинетите, а сите разговори во порака се праќани на Гоце Трајковски. Во доказот 151 самиот Гоце се фали на инспектор Каришиќ што се дознало преку неговиот брат Сокол. Така се хранети медиумите со лаги кои сметам дека биле должни да ги проверат, за да се заштити не само мојот интегритет, туку и интегритетот на убиеното дете. Но тоа не го направија. По една и пол година од настанот не постои наслов во медиумите каде монструмот го посочува оружјето, каде постои веројатност со него да е сторено ова кривично дело. Таков наслов во нашите релевантни медиуми не постои. Самата политика на Десна е причина за ваквиот однос на медиумите, бидејќи сме единствена политичка партија која покренала иницијатива за референдум за многу болно прашање, во однос на бугарската агресивна политика кон нашата држава. Ова е брутален медиумски линч кои се под контрола на СДС и ДПМНЕ. Организацијата отиде и подалеку од наслови, па друга една професија што се нарекува адвокат јавно преку медиумите се прозиваа да не ме застапуваат. Подоцна ќе објаснам зошто е тоа правено. И ќе докажам како сум киднапиран од овој Основен кривичен суд-Скопје1.Распитот е во тек. Повеќе детали во следните извештаи.

Македонија | пред 9 месеци

vanja-gjorcevski-aleksandar-

(Видео) Таткото на Вања: „Цитроенот“ стана сомнителен оти се движеше изгубено, полека, а на телефонот на Вања пратив две пораки

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, доби неколку прашања од судот во поглед на обвинението кое му се става на товар. Најпрво, се интересираше како биле обезбедувани снимките со видео записите на кои се гледаат движењата на двете возила „циторен“ и „рено кангу“, со кои било извршено киднапирањето. Потоа, објасни и како украдениот „цитроен“ за него станало сомнително.Судијата Ивица Стефановски: Може ли да кажете кога Гоце дојде кај вас?Обвинет Александар Ѓорчевски: На 28-ми во вторникот, утрината.Судијата Ивица Стефановски: Кога ги земавте камерите од околните објекти?Обвинет Александар Ѓорчевски: Во понеделникот никој не ни излезе во пресрет, не ни даде снимки. Во вторникот почнавме да ги прибираме снимките со тоа што од фризиерницата директно на мобилниот телефон од газдарицата да ги гледаме. Утредента ги земавме на мемори-стикче, па тоа што го видовме на мобилниот со поубава резолуција го разгледаме на десктоп-компјутер. Јас обезбедив камера, од самото ќоше на раскрсницата од улицата Наум Наумовски-Борче со Орце Николов, приметив дека има камери на кафулето Синдикат, кои се свртени кон раскрсницата, каде што би требало Вања да помине, влегов во кафулето и замолив вработените да ме поврзат со газдата, кога им објаснив за што се работи, тој без двоумење ми ги прати снимките. Зорица (мајката на Вања) обезбеди камера од седиштето на Окта на улица Партизанска, исто во средата, јас отидов да го земам стикчето. Во вибер-групата од родителите добив снимки од штедилницата Папилон спроти пазарчето Буњаковец. Тие се тие четири камери.Судијата Ивица Стефановски: Кажете ми, кога сфативте дека Вања не отишла до Фитнес хаус пешки туку со возило?Обвинет Александар Ѓорчевски: Веднаш беше јасно дека за толку кратко не може да стаса од аголот кај екс ресторанот Мечос до Фитнес хаус, споредувајќи ја нејзината локација каде последно емитува ‘Гугл мапс’, односно според сигналот кој го емитува нејзиниот телефон, што го споредивме со времето кога таа излегла од дома, односно скршнување од вообичаената рута кон училиште на самото ќоше кај ‘Мечос’.Судијата Ивица Стефановски: Како утврдивте од толку возила кои поминваат тој период, дека ова возило ‘Цитроен’ е сомнително?Обвинет Александар Ѓорчевски: Јас според времето каде е последен пат евидентирана кај Фитнес хаус, беше 07.37 минути и ја даваше офлајн (исклучена). Зорица ми кажа дека Вања излегла околу 07.23/24 минути. Откако утврдивме дека пешки не се појавува во вторникот, се фокусиравме на возилата. Ги прегледувавме снимките од многу порано, но фокусот беше на тие 3,4 минути, од кај 07.28 минути до 07.33 минути. Зависно како ќе го пуштат семафорот, така налет доаѓаа 4-5 возила наеднаш, а тоа што беше приметливо кај ‘цитроенот’ беше што се движеше бавно, исфрлаше густ чад од ауспухот, што навестуваше дека е тазе запалено возилото, целото беше замаглено, хаубата му беше замрзната, делуваше како да тргнало од непосредна локација од близина некаде, тука негде од пред зградата. Се движеше поразично од другите возила.Судијата Ивица Стефановски:  Како поразилично?Обвинет Александар Ѓорчевски: Како сите други возила да имаа крајна дестинација и цел, а ова се движеше полека, како изгубено, се движеше полека.Судијата Ивица Стефановски: На која апликација ја пративте пораката на телефонот на Вања откако е грабната?Обвинет Александар Ѓорчевски: СМС порака пратив на нејзиниот мобилен телефон. Две покраки беа.Судијата Ивица Стефановски: Во колку часот ги пративте?Обвинет Александар Ѓорчевски: Можеби во 13 часот на пладне, можеби 12-13 часот попладне, веќе почнаа инспекторите доаѓаа. Не се сеќавам навистина, страшно бевме избезумени, во конфузија.Судијата Ивица Стефановски: Значи не ја пративте на апликација?Обвинет Александар Ѓорчевски: Не, СМС пораки беа тоа.Судијата Ивица Стефановски:  Со каква содржина беа пораките?Обвинет Александар Ѓорчевски: 'Се што ќе побарате, се ќе побараме', и ја пуштив пораката. Подоцна ми текна да испратам уште една порака која гласеше: 'Од родителите'. Со надеж дека ќе го вклучат мобилниот телефон и пораката веднаш ќе им се појави.Со ова, заврши испитувањето на обвинетиот Ѓорчевски.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања