ВАЊА

manev-palco

„Палчо преку перниче испука куршум во детето, ни даде копач и ашов, копавме во смрзната земја“, Манев сведочи за секој детал за убиството на Вања

Обвинетиот Велибор Манев, во исказот објасни и како била киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска. Исто како во случајот на Панче Жежовски, истрелот кон неа бил во дел од секунда, испукан од Љупчо палевски-Палчо. Манев објасни дека Палчо бил планерот, командо-давачот, реализаторот. Според неговото сведоштво, требало да добијат по 150.000 евра од грабнувањето, на ќерка на фармацевт.„Откога ја ставивме во гепек, по насоки на Палевски почнав да се движам по улиците кои ми ги кажуваше претходно, улицата пред зградата не ја знам, излеговме на Партизанска, па после скршавме кон Рузвелтова,се она што е снимено на ‘Сејв сити’, покрај Палес, скршавме кон Качанички, тука се исклучив на патот према местото преку селото како се викаше... Палевски нѐ чекаше на надвожњанокот, и тука он продолжи пред нас, јас одев по него. Стасавме до местото Оризови Дупки. Го отворивме гепекот, Палевски ја праша како се вика, што се вика, чија е, за татко, мајка, се почна да прашува и откако тоа го дозна ни рече да ја земеме и да ја извадиме надвор од колата за да ја слика и да може да прати слики на родителите на фамилијата. Откако ја извадивме од колата, ја откопчавме вреќата за спиење и кога го извадивме селотејпот видвоме дека тоа е дете, не е жена. Јас и Влатко бевме блиску до него, му реков дека ова е грешка и дека треба да ја пуштиме назад бидејќи сме со маски нѐ нема видоно, да ја ослобидме. Љупчо Палевски повторно почна да кажува, да прекинам дека ништо не разбирам, дека се е таман, се било чисто, нема да што берам гајле, дека првичното сума која што ни ја поднудил не ќе може да се земе дека ќе биде помала и заќутивме едноставно. Не знам, се свртив да гледам према лозјата да видам, запуштени лозја, да видам во која од собите што се правени, да се внесе таму. Додека гледав, Палевски пријде на детето со пиштол и перниче во рака и го испука куршот преку перниче и повторно бев надвор од себе“, рече Манев.Тој додаде дека Палевски се вратил до „Реното кангу“, земал копач и ашов кои не биле употребувани и им ги фрлил за да ископтаат дупка, за да се закопа детето.„Компавме во смрзната земја, Љупчо Палевски ја крена од кај главата и рече земај јас и Влатко ја спуштивме во дупката, ние од кај нозете. Палевски ја извади вреќата и ја фрли во возилото на Панче Жежовски. И нареди да закопуваме, со солзи во очите без да ме видат, почнав да закопувам. Кога го заршивме тоа, ни нареди да  тргнам по него со колата, јас го возев цитроенот возилото на Панче, он напред возеше со пикапот, и од таму кон Глуво,  потоа скршавме кон Скопје, некаде подоле по патот тргнавме кон блокот каде што го запаливме возилото, нива огромна. Ми кажа да ја терам колата до таму, го попрска возилото со гориво и го запали возилото на Панче. Јас само седнав на предното седиште во пикапот, Боре и Влатко седнаа позади и тргнвме да се враќаме према канцеларија. За снимките каде што се гледа блуза со црна трака тоа сум јас на совозачко место, Љупчо Палевски го возеше пикапот и стасавме во кацеларија. И оттука стасавме во канцеларија и после тоа јас и Боре продолживме, се префрливме во моето возило и продолживме за Велес. А Влатко и Палевски останаа во канцеларијата“, рече Манев.Тој кажа дека Палевски имал оружје но му го одзеле при претрес кај Демир Капија.„Палевски имаше но му го земаа кај Демир Капија во претрес, Боре Видевски поради тоа што знам што работел, бил обезбедување на газдата на Жито, марката не ја знам. Не се разбирам“, рече Манев додавајќи дека Палевски комуницирале најмногу по настанот„Он ми се јавуваше како ‘не се секирај се е чисто, не бери гајле’, на два три пати ми се јави едно по друго, во Tелеграмот ги има часовите и минутите како се јавуваше, и тоа со Боре дневно по еднаш ќе се чуеме“, додаде Манев.Според него, Палевски им се јавувал и додека бил во бегство.„Тоа беше кога тргнал од Србија кон турција преку Бугарија. Не еднаш, повеќе пати се јави, првиот пат, првиот пат се јави ми вика ќе одел за Москва, јас му реков прави што знаеш. За после неполни 10 минути повторно да ми се јави да ми каже дека се наоѓа на турска граница и дека ќе оди за Истанбул. Имаше јавување и од телефонот на Стефан Димковски, и последно ми рече ќе се чуеме повторно кога ќе биде во Истанбул. Сабајлето ми се јави бидејќи знае дека имам многу пријатели во Турција, ми рече да му најдам некој пријател за контакт за да може да му најде куќа под кирија наводно во Истанбул бил многу висока киријата. Тој пријател што му го предложив, Хусеин, мој добар пријател, во Баликесир, му го кажав името и тој нашол таму некја куќа однапред платена три месеци“, додаде Манев.Судењето е во тек.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 10 месеци

vanja-zorica-zgrada

„Од татко не барај, од мама барај, сѐ ќе даде, душата ќе ја даде“, Манев сведочеше како Вања мислела дека ќе биде пуштена

Вознемиреност и гнев донесе сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, за тоа како било убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска. Пред да биде убиена, планерот и реализаторот на убиството, Љупчо Палевски-Палчо ја распрашувал. Според записникот од 6 декември, Манев кажал што рекла Вања во моментите пред да биде убиена. Истото не го кажа на денешното судење, ниту пак го кажал на 3 декември кога исто бил сослушуван од обвинителите.„Му реков дете е, да ја пуштиме. Палевски го отвори гепекот, го извади селотејпот, почна да ја прашува како се вика, кој и се татко, мајка. Праша каде работат, рече дека татко и напуштил (не работи), а дека мајка ѝ во А1. Ја праша и за дедо ѝ. Праша од кога живеат во станот. Ѝ бараше телефон од родителите. Ја прашуваше колку станови имаат“, рекол Манев на 6 декември.Потоа, според сведочењето, Вања му рекла да не бара пари од татко ѝ туку од мајка ѝ.„Таа рече: 'од тато не барај, тој не нѐ сака, од мама барај, сѐ ќе даде за мене, душата ќе ја даде за нас'. Го извадивме девојчето. Таа беше мирна, мислеше дека ќе буде пуштена. Боре рече, влеговме во гомната, ќе тераме. Палевски зеде перниче, ѝ пријде со перницата и испука“, додал Манев на 6 декември.Иако обвинителите на неколкупати се обидоа да добијат одговори за тоа што разговарале Вања и Палчо при денешниот исказ и распит на Манев во судница - тој не го повтори ова.За тоа како ја киднапирале, но и монструозниот план откако девојчето било заробено:Претходно зборуваше за убиството на Панче Жежовски:

Македонија | пред 10 месеци

velibor-manev

Манев го раскажа цел монструозен план за убиството на Панче: Палчо му пукаше во слепоочницата, по четири дена нѐ прати да ја затвориме дупката за да не мириса

Обвинетиот Велибор Манев дава свој исказ пред судот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежововски. Монструозни детали откри за планот, но и за изведувањето на двете убиства. Прво зборуваше за убиството на Жежовски, со кого се знаеле од порано. Раскажа дека неговото возило „цитроен“ требало да се искористи за грабнување на жена на возраст од 38-40 години.Интегрално, „Скопје1“ го пренесува распитот на Манев:Адвокатот Горан Бошевски: Кого познавате од другите обвинети?Обвинетиот Манев: Сите.Адвокатот Горан Бошевски: За секој одделено од кога се познавате каков е карактерот на вашата комуникација?Обвинетиот Манев: Со Боре Видевски од основно, од дете. Цел живот се знаеме , Живееме, не сме имале никакви проблеми со неговите, живееме и едноставно сме се поштувале. Со Љупчо Палевски од 2018 година тогаш стапивме во ФБ пријателство, после потребата од неговата потреба за изборни набљудувачи, му пристапив во канцеларија така се запознавме и лично. И потоа одлучив да му пристапам како член на тогашна Движење ‘Трета’, и од тогаш до денеска сум овдека со неговото познавање и знаење. Со Влатко Кешишев се понавам 2,5 години, ако не ги сметам овие година ипол во затвор. Човекот дојде во ’Опера хаус’, канцеларија на тогашна ‘Tрета’. Како готвач како домаќин, 24 часа да биде домаќин да ги оддржува канцелариите и му готвеше на Палевски. После тоа и он е тука поради тоа што му ја даде довербата на Љупчо Палевски.  2,5 години му готвеше, му служеше без никаква наднохнада, јас така знам.Адвокатот Горан Бошевски: Дали го познавате Александар Ѓорчевски?Обвинетиот Манев:  Не, ниту го знам ниту го познавам ниту претходно сум го видел.Адвокатот Горан Бошевски: Дали го познававте сега покојниот Панче Жежовски?Обвинетиот Манев: Да го познавав, работев на неговата куќа пред 15-16 години тогаш, ме измами, не ме измами едноставно не ми ги плати средствата што требаше да бидат исплата за завршена работа. Бараше коцки и камен да му се реди на влезот од куќата, одно од најскапите варијанти на изведба во градежништво.Ми остана должен 1500 евра, он кажал на неговите дека должел 500 евра, а уствари беа 1500 евра. Се спречкавме, се скаравме, му извадив 12-13 квадрати од бекатон плочките што му ги редев, он повика полиција дома, полицијата направи записник и ме опеменаа дека не смеам така да постапувам и понашам, дигнав раце од сето тоа и толку.  Уште еднаш отидов кај него во фризерницата му ги побарав парите што ми ги должи, ме избрка дојдов до степен до физички контакт да го тепам не но го сторив тоа дигнав раце и оставив на Господ. Тоа беше со контактот и познавањето на Панче.Адвокатот Горан Бошевски: Кој ги донесе овластените службени лица, од СВР Велес и Скопје, до месноста Рудник во Велес? (местото каде е закопан убиениот Панче Жежовски)Обвинетиот Манев:  Јас.Адвокатот Горан Бошевски: Кој ја ископал таа скривница/дупка?Обвинетиот Манев: Јас ја копав заедно со Влатко Кешишев. Целта беше да се чуваат грабнатите лица и откако ќе се изврши наплата да се пуштат.Адвокатот Горан Бошевски: За кои лица се работи?Обвинетиот Манев: Првично требаше Панче Жежовски, требаше да биде врзен за бетонски тег за ногата со за ланец за да се искористи неговото возило за грабнување на жена од 38-40 годишна возраст и откако ќе се грабне таа Панче да се извади, да се направи замена на грабнатите, Панче да се пушти да си замине со колата, а жената да биде лувана додека не се изврши наплата.Адвокатот Горан Бошевски: Кога е копана дупката?Обвинетиот Манев: Дупката е копана 2022 година една година и повеќе пред ова. Со ког одоговаравте киднапирање на Панче? Прво баравме некој објект каде што ќе бидат чувани грабнатите лица, но поради тоа што не најдовме, едно попладне бев во канцеларијата на трета кај ‘Шампионче’, Љупчо Палевски ми предложи да го оставам телефонот и наводно ќе сме се прошетале некаде, па кога излеговме од канцеларијата ми рече дека објект тешко може да се најде и да одредиме некое место локација за размена и каде ќе може да ги чуваме грабнатите лица. Откога го најдовме местото заедно, , се одлучи тука да се направи земуницата (дупка), и ја оставивме така да се замаскира од самата природа. За одлуката за грабнување на Панче Жежовски, некаде околу месец ипол, пред грабнувањето на лицата, бараше некоја не обележена кола, крадена или не знам што, за да може да го извршиме грабнувањето.Адвокатот Горан Бошевски: Кој бараше кола?Обвинетиот Манев: Љупчо Палевски за да може жената да е грабаната со необележена кола. Не можеше да се најде таква кола, и по негов предлог, предложи да бараме некој, пензионер сам, што ќе може да му ја искористиме колата и после кратко време ќе може да биде пуштен на слобода. Во канцеларија седевме и дојде на ум неплатениот борч на Панче Жежовски. Му кажав, дека има близок до мене, таков ме зафркнал ме измамил едноставно што ми го земал лебот и би можеле да го искористиме тој човек за целите на грабнување.Адвокатот Горан Бошевски: Кои други лица се приклучија со вас за да се реализира грабнувањето на Панче?Обвинетиот Манев: На почетокот бевме Палевски, јас и Влатко кои учеснуваа во копањето на дупките. Фалеше уште еден човек и размислив Боре беше со мене и му предложив да оди да разговара со Палчо за тоа. Евентуално приклучување ако сака да пристапи како 4 член на групата.Адвокатот Горан Бошевски:  Дали се приклучи во групата?Обвинетиот Манев: Да.Адвокатот Горан Бошевски: Кога и како го грабнавте Панче Жежовски?Обвинетиот Манев:  Панче го грабнавме на 23.11.2023 што го имаше на камерите кај мене. На 22 вечерта дојдоа Палчо со Влатко, наводно да го провери местото дали одговора за грабнување на Панче Жежовски. Отидовме до местото, го виде, и одлучи дека наредната вечер, да отидеме и да го грабнеме Панче.Адвокатот Горан Бошевски: Што се сучуваше следната вечер?Обвинетиот Манев:  23-ти утрото кога доаѓаат, во утринските часови, е вечер, кога дојдоа пиевме кафе, и утрото околу 5 ипол 6 часот, тргнавме накај куќата да го земеме Палчо. Да напоменам, дека снимките кои ги гледавме не се совпаѓа со ова што сега го кажувам, така да отидовме кај куќата на Панчета, јас Боре и Палчо, Влатко Кешишев го зема кангуто и се спушти доле кај пругата да не чека таму. Почекавме, мислевме дека сам ќе излезе, да му се нафрлиме и да го однесеме, некаде до 7:30, до 7:45, не излезе, на ладното што да излегува, па Палчо преку моторолата рече да му се тропне на врата и во самото предсобје да се врзе, да се земе. Јас не можев да се појавам, бидејќи ме знае и ми го познава гласот и одлучи Боре да му тропне на врата и да го бутне внатре,во претсобјето, ние да притрчаме и да може да го врземе. Направивме така како што кажа Палчо, тропна на врата, и слушнав дека го бутна во предсобјето, видов како Палчо влегува во претсобјето, и викаше Панче, јас пријдов пред и му ја ставив раката на устата да не може да вика, бев, бевме со маски, не не позна никој, поради тоа што пријдов јас, Палчо се исправи, јас почнав да му ги врзувам рацете, Палчо завлезе во куќата, го земал телефонот на Панче Жежовски, од влезната врата ги извади клучевите, на нив без и клучевите од колата на Панче, Љупчо Палевски отиде ја извади церадата од колата, ја бутна во претсобјето, отиде да ја пали колата а јас и Боре го изнесовме Панчета за да го ставиме во ѓепек. После тоа се симнавме доле, кај што беше паркирано ‘кангуто со кое дојдоа, Влатко Кешишев беше во него, тука ставивме гориво во колата на Панче, додека да го ставиме гориво, Палевски го фрлил телефонот на долот на Панче Жежовски. После тоа се упативме према земуницата (дупката), за да го спуштиме доле и ние отидовме за Скопје.Адвокатот Горан Бошевски: Како наточивте гориво во цитроенот?Обвинетиот Манев: Претходната вечер земавме две туби за вода, и јас и Кешишев отидовме до бензиска и наполнивме гориво, една дизел една бензин.Адвокатот Горан Бошевски: Со какви средства комуницирате за време на грабнувањето?Обвинетиот Манев: Со мотороли комунициравме, кога одлучивме за буткање во претсобјето, тоа го кажав веќе мислам, кога одлучи Палевски дека Панче нема да излезе преку моторолата ме извести дека Боре ќе го отбутне во претсобјето и ќе го направиме тоа што го направивме. Кажав и претходно дека ги користевме моторолите.Адвокатот Горан Бошевски:  Каде се упативте после грабнувањето на Панче?Обвинетиот Манев: Откога го ставивме горивото на паркингот кај пругата тргнавме кон земуницата (дупката) преку езеро, покрај Романтик по стариот пат за Скопје и селото Рудник. Стасавме до земуницата (дупката) со колата на Панче, пред нас цело време возеше пикапот, Љупчо Палевски со Влатко Кешишев беа во пикапот, а јас и Боре во возилото на Панче Жежовски. И стасавме горе кај земуницата (дупката).Адвокатот Горан Бошевски:  Што направивте кога стасавте?Обвинетиот Манев: Го изнесовме од колата, го донесовме до самиот отвор, имаше вратичка на земуницата (дупката), го спуштивме тука да му се одврзат рацете и да може да го спуштиме доле по скалите. Беше легнат на самиот отвор да можам да го одврзам, тука не напоменав само дека пикапот и Влатко Кешишев останаа подоле на самата база на ‘Македонија пат’ и остана таму да чека на 300-400 метри, а Палевски дојде со нас горе кај земуницата (дупката). Откако се наведнав да го одврзувам Љупчо Палевски така наеднаш му испука куршум во слепоочница на Панче Жежовски. Јас останав како да ви кажав, останав, (издишува) без зборови едноставно срипав и излегов од шумичката која што беше врз самата земуница (дупката) што беше обрасната. Застанав таму во некое ситуација пред колабирање, се соземав со дишење се тресев од тоа што го видов, и го видов како Боре излага молчешкум од местото, а со крај на окото видов како Палевски го превртува Панче со се церадата во дупката. Дојде до мене, јас го прашав: зошто ова, не требаше вака? Ми рече: ‘Вака е почисто, нема што да се секираш’. И тогаш прв пат ми рече ме потбутна со раката и ми рече „да не расипуваме пријателство имаш убава фамилија“.Адвокатот Горан Бошевски: Како планиравте да го обезбедите Панче да не избега?Обвинетиот Манев: Претходно кажав, и пак ќе кажам, имаше бетонски тег во самата земуница (дупка), со алка на него, а јас носев синџир за да може да го врземе за ногата за да не може да се качува нагоре. Така беше планот за да го обезбеди Панче, а потоа и грабната жена што ќе дојде на негово место.Адвокатот Горан Бошевски: После убиството што направивте со земуницата (дупката)?Обвинетиот Манев: Три четири дена стоеше отворена и после тоа ни кажа Палевски, се јави, да отидеме да го стрпеме местото да не почне да мириса. Мислам дека беше недела, јас и Боре отидовме и го затрупивме.Адвокатот Горан Бошевски: После убиството каде се упативме?Обвинетиот Манев: После убиството, ме натера повторно да ја земам колата на Панче Жежоевски, и да ја возам до Скопје. Се симнавме до пикапот, Палевски седна во пикапот, и тргна пред мене, и продолживме за Скопје. Се спуштивме на автопат, на местото каде што чекаше Влатко со пикапот. Тоа беше над самата база на Македонија пат и има прклучок за да може да се излезе на автопат.

Македонија | пред 10 месеци

vanja-pance-palco-sudenje-5

Судењето за грозоморните убиства на Вања и Панче продолжува со распит на Велибор Манев

Според сведочењето на полицијата, Велибор Манев го покажал местото каде што бил закопан Панче Жежовски.Во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судскиот процес за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.Денеса треба да биде распитан второобвинетиот во случајот, Велибор Манев.Потоа, искази на предлог на одбраната треба да дадат и обвинетите Боре Видевски, Влатко Кешишев, потоа таткото на Вања, Алекдандар Ѓорчевски и на крај првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.

Македонија | пред 10 месеци

palco

Палевски кажа дека е спремен за доживотна робија, па бара да се докаже дека куршумот со кој е убиен Панче е од пиштолот на Видевски

Нови барања истакнаа адвокатите на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панле Жежовски. Бараат вештакот кој ја вештачел чаурата од куршумот со кој е убиен Панче Жежовски да биде повикан на распит во судница, да се дополни вештачењето дали оваа чаура е испукана од пиштолот на обвинетиот Боре Видевски. Ова не е прво рочиште како Палевски одговорноста ја префрла кај Видевски, чиј пиштол за кој имал дозвола, не е најден. Досега„Предлагам да се достави пронајдената чаура пронајдена на лице место со телото на Панче Жежовски, а предложена е од страна на обвинетиот на 31.12.2024. Во списите на предметот има вештачење на таа чаура од вешто лице каде е утврдено дека испукана од оружје калибар 9мм и дека на истата се пронајдени се пронајдени траги кои покажуваат дека е можно да се направи споредба со базата на податоци на МВР, по однос дали оваа чаура е испукна од оружје кое има одобрение односно дали таа чаура е испукана од пиштолот на Боре Видовски. Чаурата да се презентирана чаурата и вештото лице Јасминка Трајковска да се испита пред судот и да се произнесе за чаурата за да направи споредба доколку е надлежна“, побара адвокатот Марјан Витановски.20-тина докази на Палевски судот не ги прифати бидејќи веќе биле изведени. Потоа, Палевски побара изземање на судијата Ивица Стефановски, што не е првпат.„Барам изземање на претседателот на судската постапка Ивица Стефановски, под нова околност заради пристрасност, минатиот пат беше за неиздавање наредба, а сега за пристрасност и оневозможување фер и одбрана затоа што ги злоупотребува дискреционите права и не дозволува изведување на докази кои се во моја корист. Јас таа шанса во оваа постпака ја немам, и затоа на претседателот на судот му наведувам дека доказот за вештачење на 'реното кангу', ОЈО не кажа каде се подигнати трагите ниту пак објасни каде се пронајдени трагите од тројцат обвинети, на која околност, туку само беа прочитани дека билее пронајдени во реното кангу.Во неколку наврати ја коригира обвинителката како треба и што треба да каже во записник. Неколку пати е исправена во излагањето, а во исто време има 30-тина минута од 20 рочишта потрошени од ОЈО, со 26 сведоци кои не кажаа ништо. Но кога требаше јас да потрошам 30-тина минута за мојата одбрана и 21 доказ господинот судија најде причина да ми не ми ја овозможи“, рече Палевски, кој дополни очекува барањето за изземање да му биде одбиено од претседателот на судот Иван Џолев.Според него, на овој начин се прејудицира пресудата, па посочи дека е свесен дека ќе добие доживотен затвор.Тој го обвини судијата дека го крие оружјето со кое се извршени убиствата.„Барам ова изземање на судија кој крие оружје бидејќи не му одговараа на однапред донесена пресуда која е донесена на 05.12.2023 година на уште една политичка Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија ниту ме плаши ниту влијае на мене, доказите кои судијата не сака да ги дозволи, не ги прочитал а како ли да ги цени. Не требаат докази кои се во корист на одбраната бидејќи пресудата е веќе донесена“, посочи Палевски.Ваквиот потег на Палевски доаѓа доаѓа на едно рочиште пред распитот на Велибор Манев. Досега, сите други обвинети во случајот молчеа, освен Влатко Кешишев кој достави писмо до судот во кое го брани Палевски, па на наредното рочиште кажа дека обвинетиот го принудил тоа да го направи додека ги превезувале до судот.

Македонија | пред 10 месеци

palevski

Ќе се бараат снимки од банката во која Палевски уплаќал денот кога е убиена Вања

Судот ќе бара снимки од надзорните камери на „Халк банка“, од 27 ноември 2023 година, кога е убиена Вања, за да види дали и во кој период Љупчо Палевски-Палчо бил во експозитурата на „Партизанска“. Судијата Ивица Стефановски кажа дека ќе се побараат снимките од 9 до 12 часот, а не од 10 до 12 часот, како што бараше одбраната на Палевски. Истовремено, не му беа прифатени другите барања како што е анализа на базните станици каде бил регистриран неговиот телефон на критичниот ден, бидејќи сигналот покажува каде е телефонот, а не сопственикот на телефонот.Обвинителството реагираше во однос на доказот на Палевски кој му е алиби дека во времето кога е убиена Вања, тој бил во банка. Според обвинителката, од снимките кои се доказ, а потекнуваат од видео надзорот „Сејф сити“, се гледа дека возилото „рено кангу“ управувало од Палевски, на 27.11 во 10 часот веќе се враќа во седиштето на партијата Десна, а уплатницата е реализирана во 11:44 минути.Сега Палевски ќе се произнесува по однос на сите докази кои беа изведени.

Македонија | пред 10 месеци

palevski-68

Палевски сака да докаже дека бил во банка дента кога Вања е убиена - уплатницата е реализирана по повеќе од час и половина од времето на убиството

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за планирање и реализирање на двете убиства, пред судот докажува дека денот кога е убиена Вања тој бил во банка. Тој на судот му дал уплатница за да го уведи дека на 27 декември во 11:40 минути бил во „Халк банка“ во Буњаковец. Но ова нема доказна вредност, бидејќи според обвинението, Вања била убиена пред 10 часот. Ова би значело дека трансакцијата на Палевски е направена по грозоморниот чин.Сепак, Палевски, бара судот да ги прибави снимките од надзорните камери на банката. Тој тврди дека бил заедно со пензиониран професор, Мартин Панчевски. Ова лице беше побарано на адресата посочена од адвокатите на Палевски, но не беше пронајдено за да му се достави покана за ова рочиште.„Мартин Панчевски - непостои такво лице според посочената адреса“, рече судијата уште на почетокот од судењето.Пред да почнат со изведувањето на материјалните докази, како сведок предложен од Палевски сведочеше полицискиот службеник вработен во СВР Велес, кој раскажуваше како течела потрагата по сега убиениот велешанец Жежовски. Прашањата на Палевски до полицискиот службеник беа каде е пиштолот на Боре Видевски и што се случувало при претресот на домот на овој обвинет.Адвокатите на Палевски сакаат снимки од банката за да се види Палевски и неговото одење на банка, затоа што неговиот лик не се гледал на снимките од „Сејф сити“.„Со тоа го докажуваме спротивното од обвинителство, бидејќи нивниот доказ како возила се шетаат низ Скопје, без утврдени ликови, не е доказ. Палевски пак со сведок се наоѓа во Халк банка. Не е возможно во ист период да биде на две различни локации“, рече адвокатот Јовица Страшевски.На претходните рочишта беа презентирани видео материјали токму денот кога Вања е грабната. Па така, Вања била однесена на местото каде што е убиена во 07:59 минути. Во 09:08 минути „Цитроенот“ и „Реното кангу“ одат кон местото каде „циторенот“ беше запален. Во 09:36 минути „цитроенот“ е запален. Во 09:49 минути се гледа возилото „Рено кангу“ како се движи накрстосницата на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ со улицата „Ферид Бајрам“. Ова, според Обвинителството, знача Вања била веќе убиена, а дел од трагите уништени.Четиринаесетгодишната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес неколку дена подоцна, односно на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 10 месеци

vanja-palco

(Видео) Палевски бара снимки од 10 до 12 часот за да докаже дека не ја убил Вања, a девојчето било ликвидирано пред тоа стои во обвинението

Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо тврди дека со снимки одмвидео надзор ќе се потврди дека обвинетиот бил во банка денот кога Вања Ѓорчевска е киднапирана и убиена. Според уплатницата која ја доставил до судот, Палевски бил во банката во Буњаковец во 11:44 минути. Според Страшевски, Палевски чекал ред од 20 до 40 минути, ама снимките точно можат да го утврдат времето.„Едно е кога е извршена уплатата, друго е дали Палевски чекал ред со посочениот сведок. Тоа сакаме да докажеме, дека Палевски бил и чекал повеќе од дваесетина или 40 минути. Ама снимките точно тоа ќе го утврдат. Не може да биде на две места да биде во исто време. Го побаравме периодот од 10 до 12 часот, за точно да се утврди“, рече Страшевски.Според обвинението, Вања е убиена пред 10 часот. Исто така, во периодот пред 10 часот, бил запален и „циторенот“ со кој е грабната – што се виде и од снимките од видео надзорните во околината.Неспорно е дека после ова, возилото „Рено кангу“ се движи низ Скопје. Во 09:49 минути се гледа возилото „Рено кангу“ како се движи на крстосницата на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ со улицата „Ферид Бајрам“. Ова, според Обвинителството, знача Вања била веќе убиена, а дел од трагите уништени.Обвинителството го товари Палевски за планер и реализатор на двете убиства, на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-05-at-10.32.50

(Видео) Кај Боре Видевски се најдени куршуми, но не и пиштолот за нив, сведочи полицаец во случајот за убиствата на Вања и Панче

Полицискиот службеник Стојан Кујунџиевски, вработен во СВР Велес, а кој е повикан како сведок на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо во случајот за убиството на Вања и Панче Жежовски, раскажуваше како течела потрагата по сега убиениот велешанец. Палевски го прашуваше полицискиот службеник каде е пиштолот на Боре Видевски и што се случувало при претресот на домот на овој обвинет.„Јас заедно со другите колеги од СВР Велес во иистрагата по исчезнато лице Панче Жежовски. По добивање на сознание, беа извршени контроли, беа прегледани видео записи од влезови и излезите на Велес, со цел лоцирање на возилото на исчезнатиот Панче Жежовски“, рече Кујунџиевски.Палевски му покажа службена белешка на службеникот потпишана од него, во која било наведено дека од снимки одземени од надзорни камери во хотел „Романтик“, стоело дека се гледало возилото „Ренко Кангу“ со две лица и „Цитроен“ со едно лице. Па го праша: „Дали и денеска стоите на ова во службената белешка?“.„Да, доколку тогаш сум го кажал тоа. Сте констатирале дека во цитроенот има две лица, во реното едно. Дали се сеќавате како беа облечени? Немам одговор, не можам да се сетам како беа обллечени“, рече сведокот.Сведокот беше прашан и за оружјето одземено од домот на обвинетиот Боре Видевски. Меѓудругото биле најдени куршуми за пиштол, но не и пиштол, појасни сведокот.„Дали сте сеќавате дека сте одземале предмети од Јасминка Видевска?“, праша Палевски на што доби одговор: „Ловна пушка, патроли за ловна пушка, и куршуми 9мм за пиштол“. Потоа Палевски допраша: „А каде ги предадовте?“, на што доби одговор: „Во магацин на СВР Велес“.„Пиштолот не беше пронајден при претресот и дополнителното одземање на истиот. Претресот е правен од страна на колеги, на 03.12.2023 и јас не бев присутен на истиот. При претресот кај Боре Видевски беше барано оружјето, но не можам да кажам што се случувало или не бидејќи јас не бев присутен. Дополнително, јас немав никаков контакт со Боре Видевски за да го прашам каде е пиштолот“, рече сведокот, кој е полициски службеник од СВР Велес.Потоа, на 13 декември 2023 година, сите предмети потребни за истрагата од СВР Велес биле предадени во СВР Скопје.„Дали преднетите кои ги наведовте СВР Скопје ги виде?“, праша Палевски и доби одговор: „ Предметите не ги виде, но документацијата да“. Потоа допраша: „Зошто предметите не?“, на што сведокот одговори: „Предметите се предмет на управна постапка за одземање на оружје и истите во магацин на СВР Велес за чување. Исто и дозволите за чување“.Четиринаесетгодишната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес неколку дена подоцна, односно на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 10 месеци

gjorcevski

(Видео) Токму мајката, а не таткото, прва известила дека можно е Вања да е киднапирана, вели Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ тврди дека мајката Зорица Ѓорчевска прва ја известила јавноста дека има сомнеж дека Вања е киднапирана, доставувајќи докази од медиумски написи со нејзина изјава. Со ова, тој цели кон побивање на тврдењата на Обвинителството дека првиот сомнеж го имал Александар Ѓорчески, со кои, обвинителот сака да докаже дека Ѓорчевски помогнал во грабнувањето на сопствената ќерка. Тој кажа дека целото семејство имало различни размислувања, ама во таа насока.„На Александар не може да му се импутира ниту да му се става на товар дека тој е првиот што се посомневал дека детето е киднапирано. Тоа бил општ впечаток на семејството, имало различни размислувања и стравувања во таа насока што е многу природно, во една ваква состојба на работите“, рече Туфегџиќ.Според него, не може да му се става на товар на обвинетиот дека тој е прв што се посомневал дека Вања е киднапирана.„Би сакал да истакнам дека денеска се изведени докази кои се однесуваат на ваши новинарски извештаи кои се однесуваат на прашањето и околноста кој прв ја известил јавноста за сомнежот дека детето е киднапирано. Тоа е токму мајката. Тоа е евидентирано и во вашите новинарски записи, два часа по објавата на мајката, таа дала изјава и за печатен медиум. Во таа насока, докажуваме дека Александар не може да му се импутира ниту да му се става на товар дека тој е прв кој се посомневал дека детето е киднапирано“, рече додаде Туфегџиќ.

Македонија | пред 11 месец

bore-videvski

(Видео) „Снимките не се од вечерта пред убиството на Жежовски“ адвокатот тврди дека Видевски признал вина оти бил тепан од полицајци

Бојан Манев, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски, тврди дека снимките на кои обвинителката покажа како се гледаат обвинетите слушалки и мотороли, не се од вечерта пред убиството на Панче Жежовски. Тој рече дека вечерта пред убиството, Видевски славел куќна слава.„Од страна на мојот клиент е кажано дека тие не се снимки од тој ден. Вечерта пред убиството на Панче Жежовски, тоа е ден св. Арангел, тој присуствува на негова лична слава. Тие снимки не се од тој ден. Тоа ќе го видите од исказот на сите. Не верувам дека некој што планира убиство, сам би се снимал“, рече Манев.Обвинителството на претходното рочиште ги презентираше снимките, за кои објаснувајќи, кажа дека се гледаат пристигнувањето и групирањето на обвинетите за убиството на вечешанецот Панче Жежовски. Снимките се прибавени од надзорните камери поставени на домот на Велибор Манев во Велес.Претходно, адвокатот посочи дека признанието на вина од Видевски е изнудено со ќотек.„Сведокот детално ја објасни ситуацијата во однос на тоа како полицијата работела за да го изнуди признанието од страна на Боре Видевски. Снимката која беше доставена од наша страна во октомври беше дадена на основа на исказ на сведокот Дејан Димовски. Со неприфаќњето на снимката, Судот го прекрши законот“, рече адвокатот Манев.ДЕТАЛИ:

Македонија | пред 11 месец

vanja-pance-palco-sudenje-7

Судење за убиството на Вања и Панче: Кои обвинети нема да се бранат со нови докази, а кои ќе се бранат пред судот

Обвинетите за грабнувањето и убството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се на ред да достават докази кои ќе бидат изведени на рочиштето денеска, но и на идните. Обвинетите Велибор Манев и Влатко Кешишев ќе даваат само исказ и не предлагаат никакви материјални докази за нивна одбрана. Обвинетиот Боре Видевски пак, зборуваше само дека не прифаќа пред суд да се изведе извесна снимка (засега не се знае за каква снимка станува збор), посочуваќи дека не е обезбедена на законит начин, не се знае ниту кој зборува и кој ја обезбедил.Одбраната на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, обвинет за помагање во грабнување. Остана на доставените докази. Тој со нив сака да докаже дека неговите деца се веќе реални сопственици на имот, но и лекарски извештаи од прегледи направени по неговото апсење и во притвор. Притоа Ѓорчевски доставил и снимки од изјави на мајката на Вања во која таа посочува дека девојчето е киднапирано.„Одбраната на Александар Ѓорчевски останува на доставената листа на докази која е доставена до Судот и во таа смисла ги изведуваме следните материјални докази. Решение за данок на имот на име Вања Ѓорчевска, од 01.03.2023 година, малолетните деца се веќе реални сопственици на имотот. Понатаму се чита барање за доставување информации од Хелсиншкиот комитет, лекарски извештај од Аџибадем Систина, а сето тоа во контекст на медицинската документација која е составен дел за извршени прегледи на барање на судија на претходна постапка, за која побаравме судот да ја обезбеди по службена должност“, рече адвокатот Владимир Туфегџиќ.Обвинителството се произнесе дека доказите на Ѓорчевски кој бара да се изведат не се доказ дека Вања и нејзината сестра се сопственици на имотот.„Сакам да се произнесам за материјалните докази кои се изведуваат за изведените докази од одбраната од Град Скопје за данок на имот на име Вања и нејзината сестра, бидејќи истите не се доказ дека наведените лица се стекнале со имот и се заведени во имоте лист во Агенцијата за катастар на недвижности, туку склучениот договор кај адвокатот каде е оставен имотот на децата е проследен до Град Скопје, затоа што наследните се од прв ред и се ослободени од давачки. Ова во никој случај не е доказ, дека станот на ‘Наум Наумовски Борче’ е заведен во сопственост на сестрата на Вања, ниту пак дека станот на ‘Партизански одреди’ дека е во сопственост на Вања, затоа што по склучувањето договорот, потребно е кај нотар да се солемизира овој договор, за да се достави до Катастар и такво нешто не било направено до денот на кривичниот настан. Во однос на предложените изјави од мајката, приговарам дека тоа е гледање на новинарот за предметниот настан“, рече обвинителката.Судењето е во тек.

Македонија | пред 11 месец

vanja-pance-palco-sudenje-5

Сведок тврди дека разменувал со Палевски во моментите кога Вања е грабната па убиена, но ги нема пораките оти се избришале

Сведокот Зоран Петковски, член на партијата „Десна“ и поранешен полицаец, тврди дека денот кога Вања Ѓорчевска беше грабната, па убиена, имал контакт преку „Телеграм“ со обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Но прашан дали ја чува комуникацијата тој рече дека нема таков доказ бидејќи пораките се бришеле по 30 минути откако ќе се разменеле.„Да, имав комуникација на критичниот период , конкретно датум 27.11.2023. Ова го тврдам затоа што на тој ден е на сопругата и е роденден. На тој ден, Палевски помеѓу 8 и 9:20 беше на таен канал за електронска комуникација преку ‘Tелеграм’ апликација креиран од Љупчо Палевски. Јас сум член на Комисијата за безбедност во политичката партија ‘Десна’, и разговаравме на тема ирански дронови, набавка преку Србија и трансфер преку Србија. Да добив, задача од Палевски да приберам информации во врска со тоа, и да го известам заедно со членовите на Комисијата за безбедност на Десна“, рече сведокот Петковски.Беше прашан, дали знае каде се наоѓа Палевски додека комуницирале, на што одговори дека не знаел.Обвинителката го праша сведокот дали е точно дека тој немал комуникација со Палевски на 22.11, односно денот кога е грабнат и убиен Панче Жежовски„Да, само на 27 ми имавме комуникација“, рече сведокот Петковски по што обвинителката допраша: „По што сте сигурен дека сте немале на 22.11?„Затоа што се сеќавам и ги чувам пораките“, рече  Петковски.На прашањето дали имал комуникација со обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски, кои исто така биле дел од партијата Десна, рече: „Не“.„Кога водевте разговори дали присуствуваа други лица?“, праша обвинителката за комуникацијата меѓу Палевски и сведокот денот кога Вања беше грабната и убиена.„Да, со мојата сопруга со која пиевме кафе“, рече сведокот Петковски.Петковски посочи дека последно работел како офицер за криминалистичко разузнавање и анализа во СВР Куманово, а дека трета година сум пензионер.„Точно е дека сте дисциплински казнуван додека работевте?“, праша обвинителката на што  одбраната реагираше на ова прашање, а сведокот не сакаше да одговара на оваа тема, рече „не сакам да разговарам на таа тема“.„Не сакам да одговарам на работите поврзани со службата“, рече Петковски.„Може да се заклучи дека имало постапки против вас?“, праша обвинителката и доби одговор: „Не знам од каде донесовте таков заклучок“.Во текот на судењето сведокот Петковски раскажа и за наводен разговор помеѓу него и службеници во СВР Скопје, каде на 5-ти февруари бил повикан на разговор, поради запечатените простории на партијата „Десна“. Петковски тврди дека тајно го снимал целиот разговор и дека има запис.„Пред да влезам во ПС иако знам дека не смеам вклучив уред диктафон на кој го снимив целиот разговор. Разговорот течеше крајно коректно и пријателски. Истиот се одвиваше во просторијата на Драган Зарински, присуствуваше и Дејан Димовски и уште еден инспектор кој не се легитимираше. Откако се запознававме, и разговорот траеше околу 1 час и 15 минути, и откако виде дека се работи за луѓе кои се разбираат од ... разговорот премина во пријателски, на кој ни беа изнесувани информации за настаните од 22 и 27 ноември 2023 година во Велес и Скопје. Некаде после 50-ти минута ми се обрати инспекторот Зарински лично мене, некаде 54 минута, ме праша ‘го познаваш ли Боре?’, - на што му одговорив ‘Да, го знам и го познавам’. Веднаш потоа, ми покажа со десна рака дупка во ѕидот: ‘Ете тоа е од Боре. Толку, и ова не смеам да ти го кажувам но користевме стари медоти за добивање на признавање’. Не ми е чудно бидејќи и самиот бев во една таква структура, но сметам дека е битно, ако признанието на Боре е изнунедено со сила односно со тепање и мислам дека судот треба да го зема предвид“, рече сведокот Петковски.Беше прашан дали денот кога бил во станица, со службениците разговарале и за обвинетиот Влатко Кешишев.„Инспекторот Зарински продолжил дека додека разговарал со Боре и додека го тепал во канцеларијата, Влатко Кешишев стоел пред врата и слушал. И продолжи со зборовите, ‘кога влезе Влатко, ми кажа Боре и Вељо. Тие ми го донесоа во гепекот од каде што го преземав’ - мисли на Панче Жежовски починатото лице од Велес“, додаде Петковски.Тој објаснувале и на која местоположба била дупката за која зборувал со инспекторите, кога наводно го споменале Боре Видевски.„Можам да ви кажам и со сигурност и местоположба на 15 см на крајниот десен агол од бирото на Зарински, со пречник помеѓу 10-12 см видна влабнатина, ѕидот која е од гипс“, додаде сведокот Петковски.На сведокот му беа поставени и прашања за тоа колку добро обвинетиот Палевски познавал ИТ алатки, на што одговори: „Од она што искуствено знам Палевски знае да работи уреди за електронска комуникација. Јас сум дипломиран ИТ, електротехничар, и од она што го видов кај него сметам дека добро владее со овие средства за комуникација“.

Македонија | пред 11 месец

vanja2

Имало неуспешен обид за грабнување на Вања: на снимките се гледаат лопати и вреќа за спиење, како и движењето на обвинетите

Обвинителството пред судот низ снимки докажуваше како обвинетите за грабнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, имале неуспешен обид за делото да го сторат на 24 ноември, а тоа е три дена пред девојчето да биде ликвидирано. Според обвинителите, во куќата на Велибор Манев се подготвувал грозоморниот чин.Прв кај Манев доаѓа Велибор Видевски со возило „Шкода“, во 3:47 минути. Обвинителите посочуваат дека се гледа дека е облечен со истата јакна и капа кои ги носел денот кога бил убиен Панче Жежовски. Презентирајќи ги снимките, обвинителите рекоа дека Манев и Видевски разменуваат ракавици, а Видевски, ги навлекува на рацете. Оттука, одат пеш во правец кон Велес, а на која страна се наоѓа и домот на веќе убиениот Жежовски (на соседна улица).Назад кон куќата на Манев се враќаат во 4:28 минути, се враќаат назад. Манев го зема „Реното кангу“ кое е паркирано во куќата, Боре Видевски седнува на совозачко седиште и заминуваат во правец кон Велес.Според Обвинителството, ова се моментите кога обвинетите неуспешно се обиделе да ја грабнат Вања Ѓорчевска.Утрото, на 24.11 во 10:08 минути, „Реното кангу“, се враќа.„По неуспешниот обид за грабнување на Вања, утрото на 24.11.2023 година“, рече обвинителката.Боре Видевски излегува од совозачкото седиште, а возел Велибор Манев. Видевски замнува со автомобилот „шкода“ со кој претходно дојде.„Од гепекот на „реното“ вади вреќа за спиење, темно сина боја, ја дипли и ја враќа. На снимка од 25.11 пред куќата се паркирани ‘Mерцеседот’ и ‘Реното кангу’. Манев излегува од ‘мерцедесот’ и оди кон ‘шкодата’, двајцата стојат на улицата. Потоа, Боре Видевски се упатува кон ’Рено кангу’ и седнува на возачкото место, а Манев влегува во ‘Mерцедесот’. Во 16:41 тргнуваат двете возила кон Велес. Во 19:30 доаѓа ‘Мерцедесот’, Боре излегува, ја отвара капијата и паркира. Боре Видевски се упатува кон ‘Шкодата’ и заминува. Заклучуваме дека возилото ‘Рено кангу’ се движи кон Скопје за да биде искристено за настанот од 27.11.2023 година, а ‘Mерцедесот’ на Манев се враќа за да може да се искористи за планираните активности на 26.11 и на 27.11.2023“, рече обвинителката Ана Стојновиќ-Димитриевска.Обвинетите се среќавале и по убиството на Вања Ѓорчевска.

Македонија | пред 11 месец

Untitled-1

Палевски планирал бегство во Москва и купил карта, телефонот го користел по времето кога се убиени Вања и Панче - нови докази во судница

Љупчо Палевски-Палчо кој велеше дека не бегал и дека бил на лекување во Турција, во критичните моменти по убиството на Вања, спас барал во Москва, тврди Обвинителството. Обвинителите презентираа докази според кои, Палевски на 1 декември го известил извесен Драган (кој бил во Русија), дека стигнува на 5 декември, а извесен Хусеин го известил дека резервирал авионска карта за Минск (Белорусија).На рочиштето се анализираа сите комуникации на Палевски. Меѓу другото и на двата критични дена – 22 ноември кога е убиен Панче и 27 ноември кога е убиена Вања.Со анализата е утврдено дека на 22 ноември, Палевски имал 7 пропуштени повици. Првиот разговор го остварил во 12 часот – време кога според вештачењата, Панче е веќе убиен и фрлен во бунар.Од анализата на повиците на 27 ноември, кога е Вања убиена, призлегло дека Палевски зборувал на „Телеграм“ во 11:03 минути, кога Вања е веќе убиена и закопана на местото викано „Дупки“ (Скопска Црна Гора). Пред овој повик, имал два пропуштени. Читани беа и пораки од телефонот на Палевски, разменети на „Вибер“, денот кога Вања е убиена. Па така, околу 10:40 минути, непознато лице (потпишано како „ГГ шампион 2“) го прашало Палевски дали мoже да помине на кафе, на што добива одговор дека е уморен и неспиен.„На ‘Ватсап’ битна е комуникацијата на 27.11.2023 во 10.40 часот со едно лице кое го прашува Палевски дали може да помине со извесен Ферат на кафе, на што Палевски му вели дека е уморен, цела ноќ неспиен“, рече обвинителката презентирајќи ги доказите.Со ова, Обвинителството сака да докаже дека Палевски, пред изврување на двете убиства, не го користел мобилниот уред. Но и дека тој не патувал на лекување во Србија и Турција, туку планот бил бегство во далечната Русија, преку Белорусија.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања