ВАЊА

palevski-68

(Видео) „Пристрасни се, фалсификуваа телефонска анализа“ - Палевски пак со обид да се изземат обвинителите

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за убиствата на Вања и Панче, повторно бара изземање на обвинителите. Ги обвинува за фалсификување на докази. На стартот од денешното рочиште за предметот во кој треба да се утврди кој и што сторил при двете грабнувања и убиства, Палевски поднесе барање обвинителтие Жаклина Крстевска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски да бидат заменети со друг обвинител кој ќе го гони.„Барам изземање на тројца јавни обвинители поединечно согласно член 33, став 2 за пристрасност, но му укажувам на судот дека има друга околност, повторно злоупотреба на јавно обвинителски овластувања. Се бара изземање на Жаклина Крстевкска Јосифовска, Ана Стојковиќ Димитриевска и Гаврил Бубевски кој за минатото барање одлучуваше сам за себе дали ќе биде изземен“. Да се одлучува по закон“, рече Палевски.Тој и на ова рочиште ги обвини обвинителите дека правеле фалсификување на телефонската анализа.„Анализата е правена во мај 2024 година, но не предвиделе дека по мојата екстрадција, ќе го отклучам мојот телефон „ајфон 13“ за да биде вештачен, од Форензика, од кое вештачење ви го приложувам доказот број 5, а тоа е ‘екстрашен репорт’ комуникација со Зоран Китевски - во периодот во 12 часот кога според сведокот возам кон Бутел. Тука гледате пет пораки, линк за да се вклучи Зоран во поткаст кој се снима тоа време“, рече Палевски.Ова не е првпат, Палевски да бара иззмеање на обвинителите. Претходните барања му беа одбиени.Судењето е во тек.

Македонија | пред 11 месец

goce-sudenje

Трајковски: Имам закани од овие психопативе тука, од нивната партија, но не им се плашам

За првпат во судница денеска се појави и сведочеше Гоце Трајковски, пријател на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на 14-годишната Вања.Трајковски не познава ниту еден од обвинетите и како што изјави не е во роднинска врска со никој пд нив.Се пожали дека по настаните поврзани со случајот, добивал закани.„Пред да сведочам, сакам да кажам дека имам закани од овие психопативе тука, од нивната партија. Пази што зборуваше да не пропаднеш во дупка. Сакам да кажам дека никој не им се плаши на овие психопативе. Заканите беа од профилот „Недвижности Битола“. Заканата беше да внимавам што зборувам. И после тоа се вклучија во живо од партијата, и самите се издадоа дека се од тој профил. Имам и тужба против нив. Не сум јас 14-годишно девојче да ми се закануваат“, рече Трајковски.

Македонија | пред 11 месец

Sudenje-na-Palco-za-Vanja-Pance

За двојното убиство на Вања и Панче, се очекува да сведочи и Гоце Трајковски

Во скопскиот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е исто онвинет. помагал во потрагата по неа, прибавувајќи видео снимки.Трајковски е последен сведок на предлог на Обвинителството. Тој требаше да сведочи на почетокот од постапката, кога беа сослушани и другите сведоци, меѓутоа, поради здравствени причини, како што кажа мајка му Кираца Трајковска, тоа не се случи, а потоа не беше достапен на органите на прогон поради друго кривично дело. На 23 јануари 2025 година се предаде на полицијата и оттогаш е во притвор.

Македонија | пред 11 месец

vanja-palco

Клучни тврдења од судењето на Вања: Еден час била чекана да излезе, „Реното“ отишло во партијата по убиството, го возел Палчо

Со снимки за движењето на двете возила кои учествувале во злосторничкиот чин на грабнување и убивање на Вања Ѓорчевска, беа прзентирани во суд. Обвинителството покажа како „Циторенот“ се движи околу зградата на Вања еден час пред Вања да излезе на училиште. Откако девојчето е грабнато, според обвинителката, се гледа целото движење на „Цитроенот“ од Дебар Маало, преку Партизански одреди, па по булеварот „8-ми септември“, преку Момин Поток, до Визбегово. Во „Циторенот“ има три лица.Обвинителството посочи дека возилото „Рену кангу“  дента кога е грабната и убиена Вања, по грозоморниот чин, се враќа во партијата „Десна“, близу Железничката станица. Обвинителката презентирајќи ги снимките рече дека силуетата на Љупчо Палевски-Палчо е фатена на камера како го вози „Реното кангу“ од Чаир кон Бит Пазар по убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 година. Потоа уште еднаш кај Веро Џамбо во близина на седиштето на партијата „Десна“, каде го паркираат „Реното“. На совозачкото место бил Велибор Манев во сив џемпер и со црна лента на него.Јовица Страшевски, адвокат на првообвинетиот Палевски, по рочиштето рече дека ликот на неговиот клиент не се гледа на ниту една снимка, а тоа, како што додаде, го констатирал и судијата Ивица Стефановски, кој го води судењето.„Ниту еднаш не покажаа снимка од местото на настанот, од пред заградата. Не може Основното јавно обвинителство на вака сериозен настан да не повика сведоци од возила кои се движеле пред и по автомобилите (‘ситроен’ и ‘рено кангу’ н.з.), да ги испраша дали забележале нешто сомнително во тој период или не. Толку е аматерски изведено ова досега што навистина во мојата кариера немам сретнато толку аматеризам од страна на Обвинителството“, рече Страшевски.Во два наврати досега, имаше обид за спас на Палевски. Првиот беше кога обвинетиот Влатко Кешишов изненадно достави писмо до судот во кое тврдеше дека Палевски нема никаква вмешаност во настанот, па потоа призна дека во затворското комбе со кое биле носени на судење бил принуден да го напише тоа. Вториот беше кога Палевски побара изземање на Обвинителството и обвинителката, па посочи дека истрагата намерно не проверила дали Боре Видевски поседува оружје и какво. Тој за цело време, не застанува во одбрана на другите членови на групата, туку се брани самиот себе.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-03-at-23.14.49

Снимки на Обвинителство: „Реното“ му го покажува патот на „цитроенот“ во Визбегово, возат до местото каде Вања е убиена, па го палат едното возило

За 15 минути, киднаперите на убиената Вања Ѓорческа успеале да ја однесат од пред зградата во Дебар Маало, до Визбегово, покажуваат снимките на Обивнителството прибавени во истрагата. „Цитроенот“ вози сам од киднапирањето до Визбегово, каде му се придружува возилото „Рену канго“ кое го управувале лица од партијата „Десна“, а според обвинението, во моментите пред убиството, го возел Љупчо Палевски-Палчо.Од камера на „Метал бург“, плац во Визбегово, во 7:56  се гледа како поминува возилото „Рено кангу“ и се движи во правец спрема Горно Оризари. На истото видео, по осум секунди поминува и возилото „циторен“ во кое била Вања, следејќи го првото возило.По еден саат и 12 минути, односно во 9:08 минути двете возила се гледаат на камера од пречистетелната станица како поминуваат едно по друго одалечени 11 секунди. Одат кон локацијата каде „циторенто“ беше најден запален. Во 9:21 минута на камерата се гледа само „Реното кангу“ како се враќа назад.„’Цитроенот’ не го следи кангугото, истото не се враќа назад односно очигледно е дека истото било запалено“, рече обвинителката.Во 9.39 од друга камера исто се забележува како 'реното кангу' се враќа назад и не го следи 'цитроенот'.Адвокатот Марјан Витановски, приговараше дека на снимките не се гледал ликот на Љупчо Палевски-Палчо.Потоа, според обвинителката, презентирајќи ги снимките, на улицата „Џон Кенеди“, се гледа движење на „Рено Кангу“ во 9:51 минута. Се движи од булеварот „Христијан Тородовски Карпош“ и продолжува по „Цветан Димов“ кон Центар.Претходното движење:

Македонија | пред 11 месец

obvineti-vanja

Возилото „Реното кангу“ излегува од партијата „Десна“ и се враќа таму по убивањето на Вања

Возилото „Рену кангу“ тргнува од партијата „Десна“ денот кога Вања е грабната, па се враќа таму, откако е убиена. До 9 часот и 30 минути Вања веќе била убиена и „цитроенот“ запален. Ова го покажаа видео снимките кои ги презентираше Обвинителството, а собрани од „Сејф сити“ и приватни објекти. Од снимките досега се виде дека „цитроенот“ бил сам пред зградата на Вања од каде е грабната, а „Рено кангото“ се придружува накде кај Визбегово. Возат едно позади друго, односно прво „Реното“, па после десетина секунди проаѓа и „Цитроенот“. Се враќа само „Реното“, бидејќи „Цитроенот“ е запален. Според истрагата на Обвинителството, „Рено кангуто“ го возел Љупчо Палевски-Палчо, а „цитроенот“ го возел Велибор Манев.„Од Бит пазар, продолжува кон Мавровка каде е забележано во 9:56 минути. ‘Реното кангу’ доаѓа од булевар Крсте Петков Мисирков за лентата за право, и продолжува по булеварот кон Веро Џамбо. Движењето на ‘Реното кангу’ пред МАНУ, во 9 часот и 58 минути по крајната лева лента се забележува регистарската ознака и џемперот кој го носи лицето на совозачкото место“, објаснуваше обвинителката која ја презентираше снимката.На ова челновите на партијата „Десна“ кои го следат судењето како јавност довикуваа: „Каде е тој џемпер?“.„Продолжува кон раскрсницата кај Веро Џамбо во 9:59 минути и врти лево и тука се забележува истите лица на возачко и совозачко место како и регистарските таблички. Во 10 часот ‘Реното кангу’ поминува пред Веро Џамбо и се исклучува и свртува во десно од булеварот ‘Кузман Јосифовски Питу’ кон седиштето на партијата ‘Десна’, од каде што возилото ‘Рено кангу’ истиот ден го започна движењето презентирано од видеата. По извршувањето на кривичните дела повторно се враќа на истото место од каде што тргна“, презентираше обвинитечката.Презентирана беше и снимка од движењето на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска.„’Мицубиши’ кој е сопственост на обвинетиот Александар Ѓорчевски, а движењето се однесува за ден 27.11.2023 година каде што во 9 часот и 14 минути се забележува кај мостот кај Александар Палас, во кое што може да се забележи регистарската ознака и се движи во правец на Момин поток. Истото возило се гледа и во 14 часот и 28 минути поминува на раскрсницата од Сарај кон Ѓорче Петров, на влез во Скопје“, презентираше обвинителката.Следува презентација на снимки за грабнувањето на Панче Жежовски и неговото убиство.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-03-at-21.14.40

Снимки од моментот на грабнувањето на Вања се гледаат во судница: камери од хотел и фризерај го фатиле „Цитроенот“

Снимки од надзорните камери на хотелот кој се наоѓа на неколку чекори од домот каде живеење убиената Вања Ѓорчевска се презентираат во суд. Обвинителството ги презентираше во судот, а се гледа возилото „цитроен“ со кое Вања беше киднапирана од влезот на нејзината зграда.„Камерите се поставени пред хотелот ‘Сити парк’, на паркингот, што гледаат од левата страна на зградата односно кон Општина Центар. Во 6:37 минути се забележува возилото ‘цитроен; како поминува покрај ‘Сити парк’, и врти во десно. Вториот видео запис е камера која што гледа на паркингот до булевар кон Илинденска, друг агол, различна камера од истиот хотел, а на крајот на паркингот се наоѓа зградата од каде е грабнато детето. Вo 6:37 минути се гледа како возилото ‘цитроен’ свртува во десно, подзапира, и потоа продолжува со движење право по паркингот, кон зградата на оштетеното дете“, кажа обвинителката.Судот ги опомени обвинетиот Љупчо Палевски и адвокатите да не прават галама во судот и да не се смејат, додека се презентираат доказите.„И четвртата камера го покрива паркингот до булавар Илинден на која се гледа како ‘Цитроенот’ продолжува со своето движење упатувајќи се кон зградата од каде е грабнато детето. Во 6:38 минути застанува на паркингот кога практично веќе се наоѓа кај зградата од каде е грабната Вања“, рече обвинителката презентирајќи ја снимката.Потоа, беше презентирана снимка од надзорна камера поставена на фризерско студио. Станува збор за снимка која додека се трагало по Вања, нејзиниот татко Александар Ѓорчевски ја испратил на началникот од МВР, Дејан Димовски посочувајќи му дека нешто му е чудно поврзано со движењето на возилото.„Во 7 часот 29 минути на ден (27.11.2023) се гледа како поминува возилото ‘цитроен’. Ова е всушност е времето кога е извршено грабнувањето, ова е улицата Наум Наумовски Борче. Во само во една минута може да се забележи дека поминуваат околу 10-тина возила пред да помине ‘цитроенот’. Во само четири минути понапред, од она што го гледаше Oбвинителството, поминуваат 26 возила. Откако поминува ‘цитроенот’, во истата минута поминуваат возила на секои 30 секунди.Потоа беа презентирани снимки од две камери поставени на менувачница. Обвинителката посочи дека на нив се гледа како поминува возилото „циторен“ во 7:30 движејќи се кон булеварот „Партизански одреди“.И шест камери од „Сејф сити“ го следат движењето на „Цитроенот“, од Наум Наумовски Борче низ Партизански одреди кон Визбегово, веднаш по грабнувањето на Вања. Во возилото имало три лица.„На овој видео запис, 7 часот и 33 минути од булевар „Партизански одреди“ врти кон Рузвелтова и може да се забележи регистарската ознака на возилото кое што е возило од кривично предметниот настан одземено од оштетениот Панче Жежовски. Видео два: Исто на булевар ‘Партизански одреди’ во ‘Френклин Рузвелт’ само од друг агол се гледа како од десната лента се забележува како возилото ‘цитроен’ продолжува со своето движење. Во 7 часот и 36 минути, се гледа како пристигнува на булеварот кај Рузвелтова кон Илинденска (Зоолошка). Видео три: Раскрсница булевар ‘8-ми септември со Илинденска кај Мида, се забележува ‘цитроенот’, од десно 7:37 минути застанува на семафорите во третата десна лента, и се приклучува на булеварот кој води кон Момин поток. На возилото се забележува регистарската ознака, и се забележува дека има лице кое седи на совозачкото седиште и исто така на задното седиште има лице кое се движи лево десно, односно во возилото има три лица

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-03-at-20.58.22

(Видео) Не му успеа обидот на Палевски: обвинителката останува, судењата продолжуваат со прикажување снимки

Обвинетиот за грозоморните убиства на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо, не го доби побараното изземање на обвинителката Жаклина Крстевска- Јосифовска и Обвинителството во Скопје. Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски го одбил. Со ова му пропадна обидот на Палевски кој можеше да донесе одолговлекување на постапката.Обвинителката Жаклина Крстевска- Јосифовска се појави на денешното судење кое ќе се одржи, а на кое треба да се презентираат нови снимки од дејствијата кои ги преземале Палевски и групата обвинети.Претходно, Палевски побара изземање на Обвинителството и обвинителката со тврдење дека фалсификувала документација од вештачење на телефон. Тој рече дека наделжната обвинителка Јосифовска иако ги знаела фактите, без да го вештачи телефонот на сведокот, го предложила за да каже лаги на суд. Тој ја обвини и дека намерно не проверила дали некој друг од обвинетите (Боре Видевски) поседувал оружје, кое го искористил за двојното убиство.Обвинителката кажа дека Палевски кажува неосновани наводи.„Доказите се приложени во списите од предметот и очигледно е дека со презентирањето на видео записите се доближуваме до делот кога јавноста ќе биде запознаена кои дејствија конкретно ги преземал обвинетиот Љупчо Палевски, кој цело време негира дека учествувал во предметните настани, изјави Крстевска-Јосифовска.

Македонија | пред 11 месец

IMG_1728

(Видео) Шест лица од партијата на Палчо дојдоа со звучник пред судот, каде има судење за убиството на Вања и Панче

Шест лица па политичката партија Десна со која раководеше Љупчо Палевски-Палчо дојдоа пред рочиштето за убиството на Вања и Панче со звучник, за да кажат декс правосудниот систем е против нив, да го бранат обвинетиот за двојното убиство и да бараат да им ги отпечатат просториите каде според обвинителката престојувсле дел од сега обвинетите, сосе Палевски, но и од каде се одземани докази“ОЈО за некого е мајка за некого маќеа”, велат од ДЕСНА, партијата на Љупчо Палевски Палчо.Тие пред судот дојдоа со транспарент: “ ОЈО произведува монструми не политичката партија Десна”.

Македонија | пред 11 месец

onkologij-2.00_41_42_20.Still013

(Видео) Снимките ќе го разоткријат Палевски, чудно е како ги има записниците што се само за Обвинителството, вели обвинителката

Со снимките кои ги презентираме, јавноста ќе биде запознаена кои дејствија ги презел Љупчо Палевски-Палчо, па го искористи моментот да преку барање за изземање, ја сподели неговата одбрана. Ова го искоментира обвинителката Жаклина Јосифовска-Крстевска пред новинарите, која рече дека се чуди како Палевски ги има записниците за сослушување на осомничените Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски во Обвинителството. Според неа, никој друг не ги поседува, освен Обвинителството.„Доказите се приложени во списите на предметот. Очигледно е дека со презентирањето на видео записите се приближуваме кон делот кога јавноста ќе биде запознаена кои дејствија ги презема конкретно обвинетиот Љупчо Палевски, кој цело време негира дека учествувал во предметните настани“, вели обвинителката.Обвинителката не одговори конкретно на прашањето дали Боре Видевски поседувал оружје, а кое се наметна откако Палевски рече дека според него, тоа е клучот на случајот. За обвинувањата на Палевски дека другите обвинети преговарале со Обвинителството, обвинителката негираше.„Многу чудно е како тоа обвинетиот Љупчо Палевски ги има записниците за испитување од осомничените Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски во Обвинителството, бидејќи тоа се списи кои што се само за обвинителството, а не се доставени ниту на увид, ниту на одбраната примерок, па многу е чудно како дошол до истите и ги презентира во јавноста“, додаде обвинителката.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-7

Судењето за грозоморното убиство на Вања и Панче одложено за 3 февруари

На денешното рочиште првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и цело ОЈО Скопје во случајот поради, како што рече, несоодветно и нестручно спроведена истрага.Судијата Ивица Стефановски, судењето го одложи за 3 февруари, образложувајќи дека мора да остави простор Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски дс се произнесе по наводите во барањето за изземање.

Македонија | пред 1 година

goce-trajkovski-vanja

Клучниот сведок Гоце Трајковски денеска нема да сведочи за убиствата на Вања и Панче

Еден од клучните сведоци, Гоце Трајковски нема да сведочи на денешното судско рочиште за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, информираат од Јавното обвинителство.Денешното рочиште продолжи со прикажување видео-снимки како докази од страна на Обвинителството.Гоце Трајковски е еден од клучните сведоци во случајот со грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој требаше да се појави на рочиштето на 15 ноември минатата година, но неговата мајка Кираца Трајковска, кажа дека не можел да се јави на судската расправа поради паничен напад и висок крвен притисок.Според досегашните искази на сведоци во случајот, Трајковски и таткото на убиеното 14-годишно девојче, Александар Ѓорчевски, воделе паралелна истрага со онаа на полицијата по исчезнувањето на Вања.Инаку, Трајковски е осомничен за палење на угостителски објект во Кисела Вода и до минатата недела, по што побегна о не беше достапен за органите на прогонот. Во четвртокот самиот се предал во полициска станица.

Македонија | пред 1 година

palevski-68

Палчо бара изземање на обвинителката и Обвинителство, тврди дека го кријат оружјето со кое биле убиени Вања и Пaнче

Првообвинетиот за убиството на 14 годишната Вања и велешанецот Панчо, Љупчо Палевски Палчо на денешното рочиште се обрати директно до државниот обвинител Љупчо Коцевски со барање за изземање на обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска и цело ОЈО Скопје.„Не сум оптимист за вашата правична одлука, но нека остане пишан документ каква криминална истрага спровеле вашите вработени. Причините и доказите се содржани во двата обвинителни акти кои се споени во една судска постапка но и во записникот за лажно сведочење на сведок на ОЈО. Ова се докази кои ги приложувам заедно со докази од вештачење на „ајфон“, податоци од базни станици целосна нефалсификувана телефонска анализа. Јосифовска иако ги знела фактите од нејзините докази кои ги предлага без да го вештачи телефонот на сведокот, а со намера да ги негора моите искази кои како осмничен сум ги дал во ОЈО, донесе сведок за кој со докази се покажа дека сведочи лажно. Но криење на оружје од еден обвинител 421 ден не ја расчистува таа важна околност - дали обвинетиот или обвинетите поседуваат оружје со дозвола или без дозвола. Но сеедно најсериозно кривично дело е што еден обвинител може да го направи во судски процес за двојно убиство. На сведоци од ДЕСНА им постави прашања дали виделе пиштол во мојата канцеларија додека во девет искази пред ОЈО Скопје на ниту еден од обвинетите ниту еднаш не поставила ниту едно прашање дали поседуваат оружје. Расчистување на таа околност го преземала исклучително кон мене како обвинет, а МВР известила дека мојот пиштол е одземен 6 месеци пред овој случај и дека има прекршочна казна. По добивање на само дел од доказите веднаш ја воочив оваа неправилност во истрагата”, рече Палевски.Палевски посочи дека Јосифовска, заборавила во листа на докази да ја стави чаурата која е вештачена и пронајдена на местото Рудник а е евидентирана од ЈО Велес.„Затоа јас ја приложив чаурата како доказ на обраната. Ви доставувам и доказ за сторено кривично дело од Јосифовска. Обвинетиот Боре Видовски поседува пиштол со калибар 9 мм и дозвола издадена на 15.01.1999 година, а исто така поседува и ловна пушка мозберг 54199 од 12 мм калибар и дозвола издадена на 14.02.2001 год. Вакви злосторства се вршат со оружја купени на црниот пазар но затоа обвинителот е должен на почеток на истрага оваа околност да ја расчисти затоа што покажува обележје на кривично дело. Зошто тоа обвинителката не го сторила - треба да одговори”, посочи на рочиштето.Вели во МВР се уште постојат правдољубиви луѓе кои му ги доставиле доказите на него, преку одбраната.Грдата слика на целиот правосуден систем, Палевски смета дека се последица на извршувања на политички наредби од страна на јавни обвинители затоа што, како што рече, никој нормален човек не може да најде разбирање за непоставување на едно прашање на пет обвинети дали поседува оружје или не со дозвола.Истрагата за него е пристрасна, нецелосна и незаконска.

Македонија | пред 1 година

palevski

Палевски смета дека пиштолот на Боре Видевски е „клучот“ за расчистување на убиствата на Вања и Панче, за адвокатот обвинетите се заложници во постапката

Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо смета дека Обвинителството во Скопје, треба да биде изземено гонењето за убиството на Вања и Панче да го преземе друго обвинителство. Витановски, посочи и кон обвинетиот Боре Видевски и кон пиштол кој наводно тој го поседувал. Според адвокатот, можеби токму со ова ќе се расчистел случајот, ако се поврзело тоа оружје со чаурата најдена на едно од местата каде се случија убиствата.„Обвинетиот Љупчо Палевски смета дека ова е најпогодниот момент кога треба да бараме изземање, бидејќи јавниот обвинител ниту административно не проверил дали обвинетиот Боре Видевски има пиштол. При претресот на домот, констатирал само дека нема пронајдени предмети кои би се довеле во корелација со кривичното дело. Имајќи во предвид дека обвинетиот поседува таков пиштол, сметаме дека истрагата во еден дел е незаконска. Вештачената чаура, не беше доставена да се изведе како доказ. Сметавме дека ако истиот поседува оружје со дозвола, при добивање на дозвола, тоа се води во системот на МВР. Доколку бил одземен пиштолот од Боре Видевски, можело да се провери дали чаурата одговара на тој пиштол или евентуално на било кој пиштол кое некое лице го поседува со дозвола“, рече Витановски и продолжи:„Имајќи во предвид дека сведоците предложени од одбраната, десет пати беа прашани дали Љупчо Палевски има пиштол, а никој од обвинетите да не биде прашан, сметавме дека некои работи на Обвинителството укажува на тоа дека се прави обид, Палевски да биде врзан со кривичното дело на било кој начин, за што и веќе реков, според доказите приложени кон обвинението, засега Палевски не може да се поврзе со ова дело. Ако се пронајде пиштолот од овие обвинети овде, нека се провери таа околност, па ние како одбрана ќе си продолжиме со други факти. Невозможно е, четири обвинети да имаме, еднаш го признаа кривичното дело, па го повлекоа тоа, за сега да немаат ни едно прашање да постават и да приговорат, што укажува дека тие можеби се заложници во овој кривично-правен настан и веќе преговарале за исходот на постапката, а се од причина единствено првообвинетиот биде лицето кое го извршиле ова кривично дело“.

Македонија | пред 1 година

ubijci-vanja-2

Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - ќе се изведуваат нови докази за злосторството

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје е најавено продолжение на судењето за грозоморното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.Првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителство.Денеска во суд треба да се појави и Гоце Трајковски, еден од клучните сведоци во судскиот процес за убиствата на Вања и Панчо. Тој беше во бегство и осомничен за палење кафуле, по што сам се предал во полициската станица во Кисела Вода. По него беше распишана потерница.Тој на 15 ноември требаше да сведочи за неговата улога во потрагата по Вања, заедно со нејзиниот татко, но не се појави во судницата поради, како што го правдаше мајка му, панични напади. Трајковски, еден од клучните сведоци, заедно со таткото собирал видеоснимки, преземал активности за пронаоѓање на детето. Подоцна се дозна од Обвинителството на брифинг, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања