ВАЊА

goce-trajkovski-vanja

Сведокот за убиството на Вања кој беше во бегство, се предаде на полицијата

Гоце Трајковски, лицето кое е осомничено за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, а воедно е и сведок во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, се предаде на полицијата, дознава „Скопје1“ од свои извори. Тој пред краток период, сам отишол во ПС Кисела Вода, а откако по него беше распишана потерница.Трајковски е сведокот кој водел истрага со таткото на Вања и заедно трагале по неа. Собирале и прегледувале снимки. Требаше да се појави на судењето на 15 ноември, но неговата мајка Кираца Трајковска која исто така беше сведок, кажа дека тој имал здравствени проблеми. Подоцна се дозна од Обвинителството, дека тој има и својство на осомничен за подметнување на пожар, бидејќи според податоците оттаму, на 13 ноември со уште три лица, запалиле кафуле кое било лоцирано во зграда во Кисела Вода.Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата за 14-годишната Вања. На последното рочиште за убиството, Обвинителството предложи да не се чита искаазот и да се почека, бидејќи ќе успеат да го лоцираат Трајковски. Останува на судот да одлучи, кога ќе го повика на сослушување.

Македонија | пред 1 година

vanja-

Движење на „Реното кангу“ утрото кога исчезна Вања

Снимки од движењето на возилото „Рено кангу“, кое го користела политичката партија „Десна“ со која претседаваше Љупчо Палевски-Палчо беа презентирани денеска во Кривичен суд. Снимките се од критичниот ден, односно утрото кога Вања исчезна, односно денот кога Обвинителството тврди дека била и убиена.„Во 5 часот 37 минути и 32 секунди се гледа како возилото ‘рено кангу’ поминува на раскрсницата од булевар ‘Јане Сандански’ со ул. ‘Васко Карангелевски’ и продолжува во насока на хотел ‘Русија’. Во 5:39 часот возилото е лоцирано на раскрсница меѓу булевар АСНОМ и бул. ‘Србија'”, рече обвинителката.Возилото се движи од Чаир кон Дебар Маало - Центар, а во истото има едно лице што се забележува на камерата во Центар пред да стигне кај Влада пред да се упати по Партизанска во време 6:30. Кога стига на раскрцницата кај Соборна, во 6:30 часот се забележува „Реното кангу“ дека продолжува да се движи право по Партизански одреди кон Карпош, и врти десно на улицата Ленинова.Во 7:30 минути (минути пред Вања да биде грабната) се забележува како се движи од Дебар Маало и се вклучува на булеварот Илинден.„'Реното кангу' се наоѓа во левата лента но според сообраќајните правила не смее да врти во лево на место каде што не е дозволено вртење во лево според сообраќајните правила“, рече обвинителката презентирајќи ја снимката.Во 7 часот и 39 минути се забележува на раскрсницата од булаварот Илинден со Наум Наумовски Борче. Продолжува да се движи по Илинденска кон Карпош што се гледа на камерата кај Зоолошка. Стига до Мида и врти десно по булаварот „8 Септември“, кај Александар Палас, во правец кон Момин Поток и ако се зумира во истото се забележува дека има едно лице - возач. Движењето на „Реното кангу“ продолжува по булаварот „8 Септември“ во 7 часот и 38 минути.

Македонија | пред 1 година

palco-palevski-141

(Видео) Му пропадна обидот на Палчо за промена на судијата, сега има нови поднесоци - еден од клучните сведоци уште е недостапен

Претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, одбил да го промени судијата Ивица Стефановска од судечкиот совет во предметот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го бараше првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, а одлуката ја добил на ден пред новата година.Истовремено, на судењето не е присутен Гоце Трајковски, кој е еден од клучните сведоци кога станува збор за потрагата на Вања. Тој заедно со таткото собирал видео снимки, преземал активности за пронаоѓање на детето.„ПС Бит Пазар известува дека не му извршена достава на поканата на Гоце Трајковски, истиот не е достапен на органите на прогонот на наведената адреса“, рече судот.Истовремено, Обвинителството останува на барањето Гоце Трајковски да биде испитан како сведок.„За него ОЈО не го повлекува предлогот на за негово испитување бидејќи по завршување на постапката тој може да стане достапен на органите на прогонот и да биде испитан во полза на оваа постапка“, рече обвинителката.Трајковски не е достапен откако против него, Обвинителството започна друга постапка каде е осомничен, а се однесува на запален објект во Кисела Вода.

Македонија | пред 1 година

velibor

Кешишев полнел бензин моментите пред Вања да биде убиена: снимки од критичните моменти и движењата на возилата се презентираат во суд

Снимки од критичните моменти на исчезнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и од деновите кога тие биле убиени, се презентираат во Кривичниот суд. Обвинителот на снимките го посочи Влатко Кешишев, кој според неговите кажувања, точел бензин на „Макпетрол“ кај Железничка, а во близина на седиштето на партијата „Десна“ чиј претседател беше сега обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Критичниот ден, кога Вања беше убиена, Кешишев бил со балон да наполни гориво. Според Обвинителството, истиот ден е запалено возилото „цитроен“, со кое била киднапирана Вања.„На ова ЦД се констатирани снимки за тоа како обвинетиот Влатко Кешишев со празен балон пристигнува на бензинската станица „Макпетрол“ Транспортен Центар Скопје, во близина на политичката партија Десна за да наточи гориво бензин кој што го плаќа со 1000 денари во ќеш. На 27.11.2023 година, 05 часот 26 минути и 40 секунди. На истото се гледа како обвинетиот Влатко Кешишев доаѓа на бензинската пумпа со балон, голема пластично шише за да наточи гориво, а во 5 часот 30 минути и 15 секунди. Се гледа како Кешишев се враќа го зема балонот и заминува откако претходно влегува да плати на каса“, рече обвинителката.Судот констатираше дека обвинетиот Кешишев е облечен во црна јакна и црна капа. Палевски го праша судијата како заклучиле дека човекот од видеото е Влатко Кешишев и бараше тоа да биде внесено во записник.Потоа, се презентираа снимки од возилото „Рено Кангу“, кое според обвинението, го управувал Љупчо Палевски-Палчо.„Видео запис на кое се гледа „Реното кангу“ во Центар и Аеродром, почнувајќи од Партијата Десна во правец на населбата Автокоманда Гази Баба.. Во 5,30 се забележува како пристигнува „Реното кангу“ пред политичката партија „Десна“ и потоа стои со запалените светла до 5:35 минути. Продолжува кон семафорот, се престројува лево но продолжува по булеварот Кузман Јосифовски Питу“, рече обвинителката.Од видео запис се гледа дека во 5:36 минути „Рено кангу“ доаѓа до раскрсница во Аеродром. Видео запис 5:37 минути се гледа како возилото поминува на раскрсницата од Булевар „Јане Сандански со Васко Карагелевски и продолжува да се движи во насока кон хотел Русија.Презентирана е и снимка од возилото „циторен“ со кое е киднапирана Вања, а направена од безбедносни камери на 24 ноември 2013 година, три дена пред девојчето да биде киднапирано и убиено.„Од видео запис се гледа дека во 5:36 минути „Рено кангу“ доаѓа до раскрсница во Аеродром. Видео запис 5:37 минути се гледа како возилото поминува на раскрсницата од Булевар „Јане Сандански со Васко Карагелевски и продолжува да се движи во насока кон хотел Русија“, рече обвинителката.Судењето е во тек.

Македонија | пред 1 година

vanja-palco

Продолжува судењето за грозоморните убиства на Вања и Панче - ќе се чита исказ од клучен сведок

Со изведување материјални докази денеска треба да продолжи судењето за за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Денеска треба да се чита исказот на сведокот Гоце Трајковски, кој важеше за еден од клучните бидејќи е недостапен за органите на прогонот бидејќи го бараат како осомничен во друг случај.Љупчо Палевски-Палчо е првообвинет за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче.На обвинителна клупа се и Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски кои како соизвршители се товарат за по две кривични дела грабнување и убиство, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој е обвинет за помагање.На почетокот на денешното рочиште ќе биде соопштена одлуката на претседателот на Судот, Иван Џолев, во врска со барањето на Љупчо Палевски Палчо за изземање на судијата Ивица Стефановски.Неизвесно е дали и на денешното рочиште ќе се појави сведокот Гоце Трајковски, кој е во бегство по извршено друго кривично дело.Четиринаесетгодишната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември 2023 година, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес неколку дена подоцна, односно на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 1 година

majka1412-1

„Вања е убиена клечејќи, и било пукано одзади, на ДНК-то се најдени траги од Велибор“ - обвинителството со докази

Застанат зад Вања Ѓорчевска, на околу половина метар, убиецот, стискајќи ја за вратот и пукал во главата додека била жива. Според обдукцијата, проектилот од пиштол со калибар од 9мм, поминал преку десната страна од главата и завршил 30 цм во телото близу 'рбетот.Вања не се загушила додека била врзена во вреќата и ја возеле во багажникот од украдениот „цитроен“, кажа обвинителството презентирајќи ги доказите за двојното убиство.Убиена е клечејќи, а до местото на ликвидацијата се движела, тврди обвинителството, бидејќи на нејзините патики била најдена кал. Истата кал била пронајдена на колениците и под ноктите. На лентата со која и била залепена устата биле пронајдени ДНК трагови од обвинетиот Велибор Манев.Обдукцијата покажала дека двете жртви, и 14- годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени.Жежовски бил закопан во дупка длабока 2,7 метри. Најдена е чаура до дупката во периферијата на Велес, каде бил пронајден и мобилниот телефон на Панче, фрлен во трње.Од извештајот од обдукцијата на Панче Жежовски, произлегло дека смртта била насилна, му било пукано во главата од десната страна а и тој се наоѓал во полунаведната положба додека бил убиен. Смртта најверојатно настанала неспоредно ппо неговото грабнување, рече обвинителката при изведувањето на доказите.

Македонија | пред 1 година

Sudenje-na-Palco-za-Vanja-Pance

Палевски и Ѓорчевски доставуваа дополнителни докази дека немаат вмешаност во грабнувањето и убиството на Вања и Панче

Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска направил дополнение на листата на докази со кои докажува дека нема никаква поврзаност со грабнувањето на неговата ќерка.Во доказите меѓу другото, станува збор и за новинарски натписи со изјави од мајката на Вања.Адвокатот Владимир Туфегџиќ даде согласност доказите кои се однесуваат на преземени дејства спрема таткото Александар да се изведат кратко со читање бидејќи воопшто нема да ја компромитираат одбраната. Останатите обвинети не дадоа согласност и затоа обвинителот ќе мора да презентира и објаснува еден по еден доказ.Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски немаат предложено дополнителни докази со кои ќе се бранат.Првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо исто така има свои докази со кои негира дека бил планер и реализатор на убиствата.

Македонија | пред 1 година

palevski-68

Љупчо Палевски тврди дека ги нема сите докази со кои Обвинителството докажува дека е убиец и планер на грабнувањата на Вања и Панче

Љупчо Палевски тврди дека ги нема сите докази предложени во листата на докази.„Имајќи го предвид поднесокот, сите докази кои ги бара обвинетиот јас ги имам на USB, што побарав од судот, добив, доколку обвинетиот тврди дека некој доказ недостасува сметам дека во фаза на доказна постапка ќе имаме можност да се запознаеме со нив“, вели адвокатот Марјан Витанов, бранител на Витанов и додава:„За секој исказ на секој сведок направив забелешка. Палевски бара од судот вештачење на неговиот телефон, конкретно комуникација на Телеграм. Минатиот петок го добив тоа, има 10.000 скриншотови на телефони, не се хронолошки подредени, сметам дека овој доказ го имам и обвинетиот ќе го има веднаш штом го обработам“.Палевски ги бара и доказите кои ги доставиле другите обвинети до судот.„Јас доставив барање да се обезбедат „антените“ од истиот телефон, истото не би беше одговорено од Обвинителството, меѓутоа судот е известен за тоа. По однос на фотокопија од листа на докази, се бара листа на докази од сообвинетите, а јас не сум запознаен дали има листа на докази“, истакна бранителот Витанов.

Македонија | пред 1 година

image00005

Дали се вртело на бројот на Вања од телефонот на братот на Палчо?

Првообвинетиот Палевски приговараше по сведочењето на Тодорче Георгиевски и на полицаецот Елвис Ибрахим, кои тврдеа дека додека траел претресот во домот на Палевски, не забележале дека некој врти на телефонот на убиената Вања. Од друга страна, Палевски забележа дека од Обвинителството ниеднаш не го прашале брат му зошто е вртено на бројот на Вања од неговиот број, ниту го повикале за сведок.Сведокот Елвис Ибрахим, виш инспектор во ПС Чаир, ги наведе деталите околу претресот кај Блаже Палевски:„Бев на претресот во село Глуво, кај Блаже Палевски на 03.12.2023 година. Преземавме службени дејствија по наредба на судија на претходна постапка. Претрес на просториите во дом, земавме еден лаптоп еден таблет и Ајфон 6. И ги предадовме за понатамошни испитувања за потребите на колегите од Крвни деликти.Претресот беше околу 20,30 часот, имаше ангажирано адвокат Блаже Палевски, кој присуствуваше на цел претрес. Извршен беше претрес, предметите кои ги наведов се одземени. Дома бeа брат му, сопругата, мајка му. Претресот заврши околу 22 и 30 минути“ - изјави сведокот Елвис Ибрахим.Палевски го праша дали додека траел претресот некој од неговото семејство вртел телефони и дали некој од полицијата вртеле телефон, посочувајќи дали било вртено на телефонскиот број на Вања, на што сведокот одговори дека не забележал такви дејствија.„Во претресот одземени се само наведените телефони. Телефоните на домашните беа пред нас и додека разговараше со адвокатот тоа се одвиваше пред нас. Не беа одземени, беа на увид пред нас“ - рече Ибрахим.Одбраната приговари на овој сведок во однос на тоа дека исказот како таков е невистинит.Сведокот Тодорче Георгиевски, вработен во Единицата за економски и компјутерски криминал, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, рече дека не забележал дека некој ѝ вртел на Вања додека бил вршен претресот на имотот на братот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Блаже Палевски.„Да, присуствував на претресот на 03.12.2023 година. По претходна наредба на началникот се упатив на давање асистенција на колегите од ЕБР, околу одемањето на техниката. Заедно бевме со колегите од ЕБР. Мојот дел беше околу одземањето на предметите, за читањето сериски броеви како што е по однос на привремено одземање на предмети.Дали од некое службено лице е извршено вртење на телефонскиот број на Вања? - од моја страна не беше забележано такво нешто, ниту јас, ниту други лица. Освен од Блаже Палевски кој вртеше кон својот адвокат, друго вртење од моја страна не беше забележанo“ - изјави Тодорче Георгиевски.И овој сведок потврди дека телефоните не биле одземени од лицата кои ги затекнале во домот, туку само ги имале на увид.Првообвинетиот Палевски приговараше по сведочењето на Георгиевски и на полицаецот Елвис Ибрахим, кои тврдеа дека додека траел претресот во домот на Палевски, не забележале дека некој врти на телефонот на убиената Вања.„Оштетеното дете на денот на претресот е пет дена убиено. Ниту брат ми, ниту мајка ми не знаеле број од оштетеното дете Вања и кога им биле одземени телефоните не може да вртат, а просечно интелигентен човек знае дека кога има претрес во дом, се врти на телефон кој може да биде најден во околината. Сето тоа се злоупотребува од ОЈО, на 26 сведоци не најде ниту време ниту можности зошто брат ми вртел на телефон кога детето е убиено веќе пет дена“ - изјави Палевски.Според одбраната, имало записник во ОЈО во кој пишувало дека за време на претресот, било вртено на телефонот на Вања од бројот на Блаже Палевски.На 20 декември продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, со изведување материјални докази од обвинението.

Македонија | пред 1 година

palevski-68

Доказите против Палевски за убиствата се цврсти, сменетата изјава на обвинетиот нема вредност, децидни се обвинителките

Сменетиот исказ на обвинетиот Влатко Кешишов кој сега го брани Љупчо Палевски-Палчо, нема доказна вредност во постапката. Ова го изјавија обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска пред почетокот на денешното судење. Тие се децидни: има материјални докази кои го поврзуваат Палевски со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни докази.„Оваа изјава нема доказна вредност, а обвинетите ќе имаат можност да дадат своја одбрана во текот на судењето,“ изјави обвинителката Стојковиќ Димитровска.Според обвинението, Кешишев ја водел полицијата до местото каде биле закопани жртвите и претходно изјавил дека Палчо е сторителот. Но, неговата нова верзија го негира тоа тврдење.Судењето продолжува со испитување на сведоци предложени од обвинителството, а потоа ќе се разгледуваат материјалните докази кои треба да ја утврдат вината на обвинетите.

Македонија | пред 1 година

Sudenje-na-Palco-za-Vanja-Pance

Еден од клучните сведоци во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој ги поврзал двата случаи, не е достапен за органите на прогонот

„Во однос на сведокот Гоце Трајковски истиот ОЈО не може да го обезбеди и од МВР доби известување дека не престојува на адресата по лична карта и патна исправа. Не е достапен на органите на прогонот“, рече обвинителот.„Судот и официјално ќе се обиде да го обезбеди па понатаму ќе одлучиме што понатаму“, рече Ивица Стефановски.Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфергџиќ бараше обвинителот да се произнеси дали доколку не се обезбеди сведокот, да кажат дали неговото сведочење во Обвинителството ќе го искористи како доказ.Судијата Стефановски рече дека ќе проба да го донесе сведок на рочиште да сведочи, доколку не успее, ќе одлучат како ќе постапат.Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Македонија | пред 1 година

sudenje-vanja-pance-6134

Ново судење за убиството на Вања и Панче: три лица треба да бидат сослушани, клучнот е недостапен за органите на прогнот

Последните тројца сведоци кои треба да се испитуваат за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски треба денеска да дојдат во Кривичниот суд. Судот и обвинетите ќе ги испитуваат лицата Елвис Ибрахими и Тодорче Георгиевски, а ќе се чита исказот и на еден од клучните сведоци за вмешаноста на таткото Александар Ѓорчевски, лицето Гоце Трајковски кој истовремено е и обвинет во постапка за палење на кафуле во кисела Вода.По испитувањето на сведоците, ќе се започне со презентација на материјалните докази. Ќе се гледаат снимки, ќе се презентираат траги, ќе се прикаже обдукцијата на Вања и Панче, како и начинот на настанување на смртта. Пред судиите ќе се изведат и листинзи, најдени траги, ДНК анализите. Сето ова се очекува да биде на веќе следното рочиште закажано за на 20. декември.Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Македонија | пред 1 година

sudenje-vanja-pance-6134

Важен сведок од случајот за убиството на Вања, осомничен дека палел кафуле два дена пред судењето кога требаше да сведочи

Сведокот Гоце Трајковски кој во два наврати не се појави на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, доби статус на осомничено лице - за подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода. Два дена пред да треба да се појави во суд и да каже како собирале докази со Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, тој со уште две лица отишол и запалиле кафуле во стамбена зграда.„Во однос на сведокот Гоце, тој е осомничен за друго тешко кривично дело и е во моментов недостапен за органите на откривање и органите на прогон. Тој е осомничен за палење на објект-кафуле во кој, над објектот живеат станари. Се работи за тешки дела против општата сигурност, во кој две лица соизвршители“, рече шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски.Практично, Гоце Трајковски требаше да сведочи на 15 ноември. Неговата мајка, Кираца, која е сведок, кажа дека нејзинот син е во лоша здравствена состојба и затоа не дошол. Тој е поканет да се појави на следното рочиште за неколку дена. Доколку не се појави, ќе се чита неговиот исказ во Обвинителство, а со оглед дека е во бегство.Инаку, тој се сомничи за намерно палење на угостителски објект.„На 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите. На местото пристигнале со автомобил “Фолксваген голф“, се паркирале во близина на кафе барот, а едниот осомничен останал во возилото да чека. Вториот осомничен зел секира од багажникот и го скршил лизгачкото стакло, додека третото лице кое е идентификувано и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, запалило оган со бензин. Потоа сите заедно избегале од местото. Истрагата е отворена, бидејќи со дејствијата како соизвршители предизвикале – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. За двајцата осомничени кои се веќе обезбедени, по предлог на јавниот обвинител, определена им е мерка притвор“, вели Обвинителството.Трајковски во случајот за Вања, требаше да каже како ги поврзал двете убиства - на Вања и Панче. Да раскаже и како дошол до снимките од видео надзорот, од каде црпел информации, каква е поврзаноста на таткото Александар.

Македонија | пред 1 година

ubijci-vanja-2

Се чека правда за Вања: Ретроспектива по една година од најгрозомното убиство во Македонија

Една година помина од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. На 27 ноември, минатата година, девојчето беше грабнато, па свирепо убиено кај местото викано „Дупки“, над Качанички пат. Нејзиното тело беше најдено шест дена подоцна, кога еден од тогаш осомничените, а сега обвинетите, ги однел полицајците на местото каде била закопана.  Планот на убијците бил телото никогаш да не се пронајде телото, па затоа, ја закопале на место кое е тешко достапно. Планот пропаднал бидејќи полицијата прво ги лоцирала двете возила „рену канго“ и „цитроен“, па потоа дошла до политичката партија „Десна“ чиј претседател беше сега првообвинет Љупчо Палевски-Палчо. А таму, затекнала и дел од осомничените.Нема траг од Вања, мајката сведочи: Излезе весела, не веруваме дека избегала, немаме нарушени односиИ оттука почнува целиот случај да се расплеткува. Осомничените почнуваат да кажуваат информации на полицајците, полицијата се координира со Обвинителството, па набргу потоа, се открива локацијата.(Видео) Приведени пет лица за исчезнувањето на ВањаНа прес-конференција, ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со зборот „монструм“ го опиша првообвинетиот Палчо, укажувајќи дека според докзите, тој го планирал убиството, но и го истрелал куршумот. До овој момент, пиштолот не е најден.Не била задушена – Вања е убиена со истрел од огнострелно оружје, покажува извештајот на Судска медицинаУбиството на Вања набргу се поврзува со убиството на велешанецот Панче Жежовски. Мотивот за двете убиства е користољубие.Вања е убиена по скоро три часа откако е киднапирана, истите лица се осомничени и за убиството на велешкиот фризерПрвоосомничениот за периодот додека јавноста добива одговори за убиството е надвор од Македонија. Излегол уште пред да биде осомничен, иако уште на 27 ноември бил лоциран автомобилот „рену кангу“ кој полицајците ги довел до партијата „Десна“. Затоа, медиумите почнаа да ги поврзуваат осомничените и да ги вадат нивните меѓусебни врски.Низа средби и дружби меѓу осомничените за убиството на Вања, кружат и фотографии[Профили] Сите имаат деца и се познаваат со Палчо – кои се осомничените за убиството на Вања Следуваа први признанија на вина во полициска станица. Тоа влегува на записник. Додека во „Песталоци“ беше отворена книга на жалост каде јавноста се опростуваше од Вања, новинарите се собраа пред судот да ги чекаат осомничените, кои сега се обвинети.Осомничениот Велибор Манев призна вина за убиството на Вања, нејзиниот татко е еден од осомниченитеПреку гаража, па во лифт, право во судница – сокриен еден од осомничените за убиството на ВањаКешишев, Манев и Видевски добија притвори – се сомничат за „грабнување“ и „убиство“(Видео) Солзи, воздишки, ружи за Вања во „Песталоци“ – книгата на жалост полна со сочувстваСпасовски, кој излезе на прес-конференција, обзнани дека и Александар Ѓорчевски, татко на Вања, го поврзуваат со киднапирањето.Таткото учествувал во киднапирањето на Вања, целта била да се изнудат пари од мајката – девојчето било закопаноЗапочна и меѓународната потрага по Палевски. Негов адвокат го одвел до Белград. Па викнал сопартиец кој го однел до Истанбул. Според исказите до кои дојде јавноста, некаде во Ниш, Палевски веќе знаел дека го поврзуваат со грабнувањето и убиството на девојчето, но не се враќа назад туку продолжува кон Баликсир, каде беше уапсен и екстрадиран.Го возел, но не знаел дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче – транспортерот на Палчо негирал вмешаностСо возило сопственост на фирма се упатил кон Србија и го однел Палчо во Турција – возачот е осомничен за помагање(Видео) Со дојави, тргнувања и застанувања – рутата на бегството на Палчо почнува со дознавањето дека е најден „цитроенот“Под посебни протоколи Палчо го носат во Македонија – екстрадацијата во тајност на барање на турските властиАлександар Ѓорчевски, татко на Вања, уште кога бараше да му се укине притворот тврдеше дека не го познава Палчо, ниту другите обвинети. Беше дециден дека никогаш не се сретнал со нив. Исто како што Палевски до ден денешен негира дека бил вклучен во грабнување или убиство.Таткото на Вања плачел и тврдел: „Не ги знам!“, адвокатот побара да го пуштат од притворПрвата ноќ на Палчо во притвор: ладнокрвно однесување, со себе имал мемориски дискови, камери и картици(Видео) Палевски прашан каде бил за време на убиствата: Не сум бил во бегствоНе му помина теоријата на Палчо дека е невин пред обвинителот: предложил сведок, кој не „пеел“ како што обвинетиот мислелПрвото рочиште се одржа на 4 септември. Тогаш рочиштето траеше 11 минути, кога се споија предметите. Ниту еден од обвинетните не кажа ниту збор.(Видео) 11 минутно рочиште: Палчо на судење за 16 дена, предметите споени, осомничените назад по притвори(Видео) Никој од обвинетите за убиството на Вања и Панче не чувствуваат вина, таткото Ѓорчевски: Се ставам на располагањеНа рочиштето кое се одржа на 20 септември и Палчо проговоре. Тој се жалеше како бил донесен во суд, посочи дека нема ДНК од него, па упати и на тоа дека мотивот бил погрешен. Заедничко за сите обвинети е што никој не гледаше вина кај себе, ниту призна.Палчо се бранеше: Мотивот е погрешен, вештачки – има ДНК од тројцата обвинети, а од мене немашеПо ова се нижеа сведоци. Вработени во МВР кои ја воделе истрагата, пријатели на семејството Ѓорчевски, но и припадници на семејството Жежовски.Сите нивни сведочењаМакедонија се уште чека одговори кој и зошто ги сторил грабнувања и убиствата. Судот привршува со сослушување на сведоци, па ќе се изведат материјални докази. Потоа, искази ќе дадат сите обвинети. Доколку нема дополнување на доказна постапка, ќе следуваат завршни зборови и пресуда.Македонија, не памети погрозомно убиство од убиството на Вања.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-5

(Видео) Нов драматичен пресврт за убиството на Вања и Панче,експертите затечени

Неочекувани пресврти и турбуленции на судењето за убиството на 14 годишната Вања и велешанецот Панче Жежовски.За киднапирање и свирепо убиство на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски.На 20 ноември, Влатко Кешишев, еден од тројцата обвинети кои тврдеше: „Не сме ние убијците, Палчо ги уби Вања и Панче“, па се премисли и достави писмо во кое посочи дека Љупчо Палевски не ги убил двете жртви. Такво писмо преку затворот „Скопје“ во Шутка, Кешишев доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа.Во рачно напишаното писмо, Кешишев навел дека за време на убиствата, всушност, Палевски бил во партијата Десна и спиел таму, а дека Велибор Манев, кој е еден од обвинетите, го натерал да каже оти Палевски лани на 22 ноември го убил прво 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, па по 5 дена, на 27 ноември, и 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.Денеска пак, Кешишов пред судот изјави: „Изјавата не е моја. Ми беше дадено напишано ливче. Еден од обвинетите Љупчо Палевски Палчо ми го даде за со мој ракопис да го напишам и да го предадам на вас. Тоа го направив од страв”.Многумина наседнаа на писмото од Кешишов од минатата недела. Еден од експертите, поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчески во Претрес изјави:„По менувањето на исказот на еден од обвинетите за убиството на Вања, му се обезбедува алиби на Љупчо Палевски Палчо и може да очекувате ослободување на Палчо. На Обвинителството му бега случајот. Верувам дека писмото со менување на исказот е автентично”, реле Ѓурчески и додаде: „Не навивам за никого“.?t=1381

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања