ВАЊА

vanja-pance-palco-sudenje-5

Маж со брадичка и седа коса кој личи на Палчо, го возел рено-кангуто, сведочење на вработен во Безбеден град

На денешното судење за двојното убиство, на 14-годишната Вања и велешанецот Панче Жежовски, сведочеше и вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот Безбеден град (Safe city).Тој во судница кажа дека на 27 ноември 2023 година, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување во Скопје.Тој посочи дека во возилото „рено кангу“ на 27 ноември во 9:40 часот на камера се појавуваат две силуети.„ Се гледа дека возачот е со брадичка, личи на првообвинетиот, додека, на другите камери не може да се забележи силуети на лице“, рече сведокот.Тој кажа дека од началниците на СВР Скопје на 27 ноември добиле наредба да го бараат возилото на камерите, бидејќи тоа возило е поврзано со запалениот цитроен со кој беше грабната Вања Ѓорчевска.Цитроенот е забележан утрото на 27 ноември дека се паркира пред зградата на убиеното девојче. Потоа тоа се движи по Партизанска, Рузвелтова и Орце Николов и се упатува кон „Александар палас“. Потоа, од началниците добивме насока да го бараме на камерите возилото рено кангу поради поврзаност со запалениот цитроен, рече сведокот.На камерата кај Веро во Чаир забележуваат и дека возачот е со седа коса и брада и личи на првообвинетиот во овој случај“, рече сведокот.Кога го следеле цитроенот на снимките забележале дека истото возило пред зградата на убиената Вања било паркирано и утрото на 24 ноември.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-4

Велибор Манев нѐ однесе до местото и покажа каде е закопан убиениот Панче, сведочеа полицајци

Обвинетиот Велибор Манев е човекот кој ја одвел полицијата на местото каде е закопан велешанецот Панче Жежовски. Ова на денешното рочиште го посочија двајца полицајци кои сведочеа денеска во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија лани во ноември.Двајцата рекоа дека Манев не зборувал ништо друго по пат освен што им го покажувал патот до местото.„Отидовме до едно место, каде требаше да се откопа дупка во која има тело. Не знаевме за кого се работи. Манев ни даваше насоки каде да одиме“, сведочеа полицајците.Патот според полицајците од интервентна бил непрооден за возила, со дупки и се работело за планински дел, на дел оделе и пеш.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-7-1

Кешишев: Изјавата не е моја, Палчо ми даде лист да ја препишам

Пресврт на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче Жежовски.Обвинетиот Влатко Кешишов на крајот преку својот адвокат побара збор и кажа дека изјавата од претходното рочиште дека обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не била негова.Тој вели дека ја напишал под принуда на Палевски додека со комбе биле спроведувани заедно во затвор каде што издржуваат притвор.Тој појасни дека тоа го направил од страв, а Палевски во комбето му дал ливче со напишана изјава и му кажал да ја препише со свој ракопис и да ја поднесе до судот.На претходното рочиште судијата Ивица Стефановски извести дека обвинетиот Влатко Кешишов поднел писмена изјава доставена од затвор во која вели дека Љупчо Палевски-Палчо на 22 и 27 ноември лани не бил со него, со Велибор Манев и со Боре Видевски, кога биле грабнати и убиени Вања и Панче и дека спиел во штабот на партијата Десна.Ова според многумина требаше да го смени текот на судењето и да биде олеснителна околност за Палчо.Пред денешното рочиште изјави дадоа обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска кои рекоа дека пишаната изјава на Влатко Кешишов, во која тврди дека Љупчо Палевски-Палчо не бил присутен за време на убиствата на Вања и Панче во оваа фаза од постапката нема никаква доказна вредност.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-7

(Видео) Обвинет смени изјава, го брани Палчо: тврди дека тој не бил со нив кога ги убивале Вања и Панче

Обвинетиот Влатко Кешишeв кој прв и откри на полицијата за двете убиства, ја променил изјавата во која велеше дека Љупчо Палевски-Палчо ги ликвидирал Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Изјавата ја доби судот, а истата е доставена и до адвокатот Игор Ефремов, кој му е застапник. Според тоа што беше соопштено, изјавата е напишана пред два дена на 18 ноември, а обвинетот вели дека Палевски на 22 и 27 ноември 2023 година (критичниот период кога се случиле двете убиства), не бил во Велес и Скопје, туку спиел во штабот.Кешишев навел дека згрешил што го послушал Велибор и дека кажал невистина дека Палчо бил со нив. Во изјавата Кешишев не навел ништо за мотивите на двете убиства, ниту за тој кој пукал во Вања и во Панче.Адвокатот Игор Ефремов, кој го брани Кешошов, не можеше да ја коментира изјавата.„Денес и јас за првпат се запознав со изјавата. Има напишано изјавата, не би ја коментирал содржината, оти не знам дали е негов ракописот, дали е негов потписот, дали своеволно има пишувано или не сакам да помислам за присилба или закана. За содржината ќе разговарам со него, па ќе ве извстам и вас. Јас ја добив преку судот“, вели адвокатот Игор Ефремов.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-5

Палчо тврдел дека на денот на грабнувањето на Вања бил настинат, следниот ден му поправал котел на пријател, сведочеше Еролд Османи

Еден ден по грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска, првообвинетиот за убиствата на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо бил кај негов пријател да му го поправи котелот за пелети и се однесувал нормално, според сведочењето на Еролд Османи кој се знаел со Палевски од 2000 година кога му помагал во издавањето на дневниот весник Глобал.„Се познавам само со Љупчо Палевски. Уште во времето на издавање на весникот Глобал бев повикан од издавачите да помогнам во издавањето бидејќи не одеше добро. Бев повикан да помогнам, затоа што јас се разбирав од тие работи. Јас мислам дека се запознавме 2000-2001 година. Точно не знам. Кога се затвори весникот ние останавме во комуникација. Ние останавме пријатели“, започна со своето сведочење, Еролд Османи.По затворањето на весникот продолжиле да комуницираат, Османи имал земено котел за пелети од кај него и Палевски често го сервисирал.Комуницирале на 27 и Палевски тврдел дека бил настинат „но одлежав неколку часа и подобро ми е“.„Лани не можев воопшто да го користам, и затоа тие повици кон мене се зачестија во периодот во ноември лани. На 27 ноември го барам на ФБ, и на линија сигурно. После 23 часот на Фејсбук ми јави дека ќе дојде. Ми напиша дека е настинат, но одлежал неколку саати и одма бил подобар. Утредента сабајлето на 28-ми имавме комуникација дека ќе дојде. И дојде околу 11 часот сабајлето. И го среди проблемот“, кажа сведокот.Сведокот го испитуваше и Палевски и го прашуваше дали е сигурен за времето кога дошол кај него, но сведокот кажа дека тоа било времето.

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-3

(Видео) Се бара вината за убиствата на Вања и Панче: нови тројца сведоци ќе раскажат сѐ што знаат

Нови сведоци ќе раскажат што се случувало пред и по грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд.Денеска ќе сведочат лицата Еролд Османи, Ламбе Бучков и Стефан Димовски.Обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски, Влатко Кешишов и Велибор Манев кои се обвинети за грабнување и убиство седнаа на обвинителна клупа.Од куќен притвор беше спроведен и обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања, кој се гони за помагање на групата.

Македонија | пред 1 година

palevski-68

Не верувам дека Палчо ја убил Вања, особено за пари, рече сведокот Кираца Трајковска

Ексдиректорката на „Фершпед“, Кираца Трајковска, се појави како сведок на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таа е мајка на Гоце Трајковски, кој бил во кумски релации со семејството Ѓорчевски, а биле присутни додека се трагало по девојчето. Раскажа како течела потрагата, кој со кого комуницирал, што се преземало и како се дошло до снимките од надзорни камери.Трајковска во судница даде и свое тврдење за обвинувањето дека Љупчо Палевски-Палчо ја убил Вања.„Не верувам дека Палчо ја убил Вања“, рече сведокот посочувајќи дека нејзина братучедка била омажена за обвинетиот.Сведочеше дека нејзиниот син Гоце одел по кафулиња, објекти – секаде каде имало камери за да бара снимки.„Ставил јакна и рекол јас сум инспектор за да ги земат камерите“, раскажа таа, па додаде: „Бидејќи два дена се бараше девојчето пешки, третиот ден гледаше движење на коли. И тој забележува дека има издувни гасови, и забележале кола (н.з. пред зградата). Сашо рекол нема шанси мене девојчето да влезе во оваа кола. Јас му ги проверував сите профили на Панче Жежовски, јас имам роднина од Велес тој ми ги пушти снимките. Јас се знам со Палевски, откога се ожени со братучетка ми. Порано немаше финансиски проблеми, ама сите сме имале падови и успони..“, додаде сведокот.Беше прашана дали семејството на Александар Ѓорчевски се познаваа со Палевски, на што одговори: „Кој Александар? Зоран? Или сите? - не можам да тврдам 100 отсто ама мислам дека не се знаеја со Палевски“.

Македонија | пред 1 година

vanja-tatko-tufegdzik

Братучед на убиената Вања: Му пишав на Илон оти Александар бараше, морав бидејќи беше во агонија

Иво Нешковиќ, братучед на убиената Вања и внук на обвинетиот Александар пред судот сведочеше за моментите по исчезнувањето на девојчето. Раскажа и за две пораки кои ги добиле на социјалните мрежи од кои едната била дека Вања била видена како влегува во некој автомобил. Александар, побарал од сведокот да исконтактира со Илон Маск, па тој тоа се обидел да го направи.„Вујко ми побара да му пишам на Илон Маск, Старлинг има 4000 сателити, тие се користат за комуникација немаат камера. Му напишав на Илон Маск неколку пати, и му пратив на вујко ми слика од мојот телефон само да го смирам бидејќи не можам да ви објаснам тоа беше агоноија. Јас не очекував тој да ми врати, кој сум јас Иво од Скопје, тој е Илон Маск. Вања имаше слика со НАСА и мислевме таа да му ја пратиме, но не стигнавме. Мајка ми беше таму таа ме известуваше, затоа што вујко ми не јадел не пиел, и јас и кажував да пие кока-кола да не колабира човекот“, рече Нешковиќ.Сведокот додаде дека му позајмувал пари на Александар, но не му ги барал назад.„Јас знам дека после разводот станот на улица ‘Наум Наумовски Борче’, Зорица му го препиша на Александар. Едниот стан на Партизанска требаше да биде на едната ќерка, на ‘Наум Наумовски Борче’ на другата. Не го познавам со Љупчо Палевски, никој од моето семејство, сме немале комуникација. Не ми кажал Александар дека комуницирал, името го дознав од медиуми. Немаше никакви долгови“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

palevski

Брат ми не го знае Палчо, а да имавме број од Бајден и на него ќе му се јавев, сведочи тетката на Вања за исчезнувањето на внуката

Оли Нешковиќ, тетка на убиената Вања и сестра на обвинетиот Александар Ѓорчевски, раскажа што се случувало во моментите кога девојчето било грабнато. Таа раскажа за очајните моменти, проверките по болници, барањата на помош и посочи: „не знам како да ви кажам, да имавме број на Бајден на Бајден ќе му се јавев“.„Се бараа снимки на камерите, се гледаше каде има менувачница, немаше камера која го фаќаше влезот на зградата. Гоце (сведок) беше присутен во станот, кога оние ќе видеа некоја снимка, ги гледаа на комјутерот на Зорица. После два дена довербата во полицијата, во институцииите изгубивме целосна доверба.Пред разводот Александар стана сопственик на станот на Наум Наумовски – Борче. Ако побарал пари, ќе сум му дала пари. Јас секогаш сум им помагала како што им помагам и денеска. Да, имаше зависности, има 25-6 години, тој си го реши тоа сам. Тоа беше зависност од дрога ама не некоја голема, сите знаеја за тоа“, рече сестрата на обвинетиот Александар.Тетката на Вања кажа дека не го познава Љупчо Палевски-Палчо. Ниту пак партијата „Десна“.„Јас ликот не му го знаев на господинот, додека не бев повикана на распит за брат ми, кога го приведоа. Не го знае ниту брат ми, различни кругови, различно се. Се беше многу чудно со полицијата, станот го посетија двајца-тројца полицајци, Гоце дојде и ми рече го викнал инспекторот Музафер и му рекол да го слика станот на Партизанска“, додаде сестрата на Александар.Судот беше заинтересиран за сведокот Гоце, па побара детали.„Гоце го познавам, тоа е старо кумство, моето семејство, на неговото, и мајка ми инсистираше Александар да му биде кум на Гоце во првиот брак. Јас Гоце го видов, подоцна Кираца ми рече и пишала на Зорица да дојде Гоце да помогне. Два-три дена пред да дознаат за Вања (дека е убиена), го виделе ‘цитроенот’, поради сомнителното движење. Гоце најде на Фејсбук дека ‘цитроенот’ е исчезнат. Гоце влегува во собата, се движи низ станот, и ни кажува дека ‘цитроенот’ сомнително се движи“, раскажа сведокот.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, обвинети се пет лица.

Македонија | пред 1 година

aleksandar-gjorcevski-vanja-tatko

(Видео) Клучен сведок не се појави на судењето за убиството на Вања, каде сведочи дедото на Вања: Со Палевски не се познавам

Гоце Трајковски, пријател на Александар Ѓорчевски, не дојде на рочиштето на кое што требаше да дава исказ кој му ги дал снимките на велешката бензиска и како ги поврзал двете исчезнувања, на велешанецот Панче и малолетната Вања. Неговата мајка наведе дека сведокот од здраствени причини не може да се јави на закажната главна расправа, поточно тој имал паничен напад и висок крвен притисок. Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања и татко на Александар кажа дека нема информации за долг кој го има обвинетиот кон некого.„Мајка му на Александар плачеше и ми рече дека ја нема Вања. Во тој момент не се слушнав со Алкесандар, подоцна му се јавив. Ми рече ја нема Вања. Детали не ми кажа. Јас му кажав што и да треба јавете се. Ми рече дека ја нема Вања, не отишла на училиште. Ми рече да се јавам на мои пријатели, што мислам дека можат да помогнат, да побарам ако можат да помогнат. Се јавував во Грција, кај деловен партнер да прашам да нема некои информации, што можат да ми помогнат. Со фамилијата Трајковски сме кумови. Во контактите што ги имав со фамилијата знам дека и Гоце учествувал во истрагата, тоа ми го кажа ќерката ми која беше скоро цело време присутна таму“, рече Зоран Ѓорчевски, дедо на убиената Вања и татко на Александар.Беше прашан и за евентуално познанство помеѓу Палевски и Ѓорчевски.„Не го познавам Љупчо Палевски, не знам дали мајката и таткото на Зорица се познавале со него. Јас се знаев со нив, бевме и деловни луѓе сите имав контакт со родителите на бившата сопруга на Александар“, рече сведокот Зоран Ѓорчевски.Тој посочи дека неговиот син се лекувал од наркотици и зависност, но тоа било уште пред бракот со Зорица.„Да беше на лечење, се излечи, потоа стапи во брак и тоа е тоа. Со здравјето, имаше приблеми со зависноста, бевме на лечење, се излечи и се ожени потоа“, додаде сведокот.

Македонија | пред 1 година

sudenje-vanja-pance-6134

Во штабот имаше пиштол, Влатко и Велибор имаа поданички однос пред Палчо, сведочи сопартиец

Ѓорѓи Џолев, сопартиец на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо сведочеше на рочиштето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој кажа дека бил сопственик на возилото „рено кангу“ кое се забележува на снимките како се движи позади „цитроенот“ со кој според обвинението била грабната Вања.Тврди дека го дал на партијата „Десна“ оти со жена му не можеле да го одржуваат, а сведокот заминал и во странство.Џолев, со Палчо се познавал од 2017 година. Тврдеше дека знае и за комуникациите помеѓу Палчо и другите двајца обвинети – Влатко Кешишов и Велибор Манев.Најблиски со Палевски беа Влатко Кешишов и Велибор Манев имаа и дури некој поданички однос, дури ми беше и малку чудно. Ние се расправавме со Палевски, но тоа со нив го немаше. Многу чуден однос имаа, така јас би го дефинирал.Боре никогаш сам не бил во Штабот, секогаш беше со Влатко, он имаше некој мерцедес со кој доаѓаше“, раскажа сведокот, кој одел во штабот на „Десна“, па сведочи дека видел и оружје: „Видов пиштол во штабот кај ‘Шампионче’, беше на масата кај што спиеше Палевски, во футрола, но не знам чин беше, па претпоставувам на Палевски. Пиштолот го видов минумум шест месеци пред да се преселиме, на 1-ви октомври партијата се пресели од Кисела Вода кај Веро Џамбо“.Сведокот раскажа дека имале и партиски активности, односно состанок на денот кога Палчо заминал на преглед. Кога се открила поврзаноста на возилото „рену кангу“, сопственикот бил повикан во полиција и отишол, па го известил Палчо преку „телеграм“, додека тој беше отсутен од Македонија.Раскажа и за 22 ноември денот кога бил грабнат Панче Жежовски.„На 22-ри со Влатко, Боре и Велибор, можно е да се видов со Палевски, јас мислам дека бев пополаднето во штабот и се видов со него. Ама не сум сигурен, не знам дали беше 22-ри „реното“ не беше таму, во штабот. Измешани ми се деновите, не би можел да кажам. Со Палевски можно е да сум се видел, бидејќи секој ден комнициравме, ама не ми кажа каде е. Влатко Кешишев беше секој ден во седиштето на партијата, правеше кафе, јадење, го шеташе кучето, спиеше таму“, додаде сведокот, а на прашање од судот, дали овој обвинет живеел таму, сведокот одговори: „Да, живееше“.

Македонија | пред 1 година

kristijan-plotnikov

Пиштолот беше со Палчо, до него, на биро, масиче - постоеа и две радио станици, сведочи Плотников, сопартиец од „Десна“

Кристијан Плотников, член на партијата Десна сведочеше дека Љупчо Палевски-Палчо со себе носел пиштол, и дека тој тоа го видел. Носењето на оружје го правдаше со наводни претходни напади кои Палчо ги имал. Посочи само дека постоеле две радиостаници. На прашање дали го познава обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања, доби одговор: „Не го познавам човекот сега првпат го гледам, на ТВ го видов“.„Во просториите на партијата немаше пиштол, кај Палчо да, имаше пиштол. Си го носеше со себе чисто за своја безбедност. Беше нападнат пред својот стан, во времето на короната мислам. Не сум сигурен. Беше со него, на дофат, на биро, на масиче, кога спие покрај него“, рече сведокот.Потоа сведокот додаде: Кога беше штабот кај ‘Шампионче’, тогаш и му го земаа, затоа што имаше дозвола за поседување но не и за носење. Мислам дека некаде низ Македонија му го земаа, со него мислам беа Велибор и Влатко“.Тој сведочеше и за близината која ја имал Палчо со останатите обвинети односно Боре Видевски и Велибор Манев.„Последните месеци одев во партијата, но не интензивно. Палевски, Кешишов, Боре и Велибор, и милион други настани и луѓе беа присутни. Кешишев беше најчесто таму. На 30-ти Палевски не беше тука.  Ми се јави генералниот секретар, ми рече дека Џоле (сопственик на возилото ‘рену кангу’ не му се јавува со жена му, дека се во полициска станица, поради возилото, од крвни деликти бидејќи се работи за убиство. 10-тина дена претходно ни кажа претходно дека предолго се подготвува да оди на лекар за кичматаа во Турција, и генералниот секретар рече: ‘како ќе идеш’, a тој одговори: ‘мора да се научите сами да работите морам јас да одам’. Пет-шест луѓе бевме, Влатко беше сигурно, незнам дали во просторијата или во куќата, и ген секот беше рече: ‘мора сам да го водиш одборот’.  Тие денови околку 20-ти ‘Рено кангу’ беше таму, и го возеше кој стигне. По сценарио на „Тетовирање“ на бев повикан, туку приведен. Се видов со Васко и Џоле, сите бевме збунети што се случува“, додаде сведокот.Сведочеше и за претресите во штабот откако беа приведени Манев, Видевски, Кешиев.„При моето доаѓање забележав дека имаше Алфи во сеат возило пред штабот, и Палевски не е тука, Кешишев беше тука во партијата. И јас останав. И покрај инсистирањето на Влатко Кешишев дека се е во ред, да си одам - јас останав. Бидејќи Џоле веќе неколку часа беше во полициска станица и останав. Не го побарав Палевски. Васко кога дојде имаше комуникација со него покрај инспекторите. Васко рече дека го однел во Белград на некои прегледи или не знам зошто.  Сум имал комуникација со Велибор и Кешишев, со Боре не.. Комунициравме преку Телеграм. Со Стефан Димковски се познавам, но не се видовме тој период. И тој ги имаше редуцирано посетите, поради деца близнаци, фамилија, бизнис со Холандија.. Палевски комуницираше со сите, па и со него. Димковски го немам видено по настаните“, додаде сведокот.Палевски го поздрави сведокот бидејќи не го видел една година и го праша: „Дали имало нешто сомнително во претресот на полицијата во просториите на партијата Десна?“, на што сведокот одговори: „Кешишев инсистираше да си оди полицијата бидејќи се било во ред. Чудно беше и кога влезе полицијата и покажа налог, и Влатко Кешишев рече дека се е во ред нека влезат што ми беше исто многу чудно. Не ни кажа полицијата што бараат. Бев приведен после самиот претрес кога требаше возилото да се земе. Во станица ме чекаше лист за лишење од слобода“, додаде тој.Палевски го праша сведокот дали бил сомнителен во однесување, на што доби одговор: „Не, воопшто“.

Македонија | пред 1 година

palco-velibor-manev-5

(Видео) Постоел сомнеж дека Вања ја грабнал педофил, го виделе „цитроенот“, постоеа пораки од таткото кои ги избриша, сведочи роднина на мајката

Маја Спиркоска, прва братучетка на Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања сведочеше пред судот за моментите кога дознала дека девојчето го нема, а почнала и потрагата. Посочи дека кога бил лоциран „цитроенот“ со кој според Обвинителството Вања е киднапирана, мислеле дека го возел некој педофил. Виделе и лице кое ја набљудувало зградата утрото, па се качило во возило „БМВ“. Таткото Александар учествувал во потрагата со извесен Гоце.„Сите бевме во паника, сите ја баравме. Имаше инспектори, роднини, пробувавме да најдеме нешто. Гоце во еден момент, среда или четврток, мислам дека имавме некаког траг, ми покажа некој човек што се бара, да не е некој педофил. И јас со поглед му покажав да се тргне не е во ред да зборува пред сестричката на Вања. Не знам дали беа известени полицијците. Ми рече, имавме некаква трага, можно е рече, не беше сигурен, дека човекот со Цитроенот, можеби е некој педофил мислевме тогаш. Претходно видовме еден човек кој ја наблудуваше зградата сабајлето, потоа се качи во БМВ. Нас сето тоа ни беше чудно, зошто некој организирано би го земал детето“, сведочеше роднината на мајката на Вања.Прашана, што велел таткото Александар во тие денови, роднината одговори: Јас многу контакт немав со Сашко, беше вознемирен нормално бараше како сите. Јас бев повеќе со Зорица и сестричката. На Зорица и викаше не се секирај ќе ја најдеме. Јас Сашко не сум го виделе од 2018 година. Едно време ми викаше дека на Илон Маск дека треба да пратам порака за да ја најде преку сателит. Тоа ми беше малку чудно, како да исконтактирам со Илон Маск. Знам дека испратил порака во групата на родителите на класот на Вања, рекоа ‘напишал СашкоЧ Вратете го детото ќе ви дадам пари’. Јас не ја видов ми рекоа така. Потоа ги видовме избришани.Не знам дали се познавале со Палевски, сега читам дека станот биле купен од неговата фирма. Бевме млади, не знаевме тогаш, околу 20 години имавме не се занимававме со такви работи“, додаде роднината.Палевски го праша сведокот: „Дали сте слушнале за некаков проблем со купувањето на станот?“, на што Спиркоска одговори: „Не, тетин ми беше стабилен не верувам дека би имало некаков проблем“.

Македонија | пред 1 година

vanja-palco-velibor-bore-gjorcevski4

(Видео) Нови сведоци на судењето за свирепите убиства на Вања и Панче

Судењето за случајот со грабнувањата и свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски продолжува денеска во Кривичниот суд во Скопје.Се очекува да сведочат нови лица, односно: Зоран Аваз, Тодорче Георгиевски, Елвис Ибрахуми и Мирче Мицевски.Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Македонија | пред 1 година

sudenje-vanja-pance-2-3

Таткото на Вања како да ги предвидуваше работите, по грешка во група на родители испратил порака „Кажете само колку пари треба“, сведочи началник

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје на прашањето зошто таткото на Вања, Александар бил сомнителен, рече дека тогаш сите им биле сомнителни и го анализирале и движењето на Александар.Една индиција, посочи Димовски, била кога виделе дека тој со неговото возило возел кон Качанички пат. Кога го прашале зошто оди по тој пат, рекол дека мисли дека е изнесена надвор од државата и тоа бил најкраткиот пат до граница.– Тој да не кажам како да ги предвидуваше работите, изјави сведокот.Друга индиција, рече сведокот, е што најдовме една порака во телефонот на Зорица, од скриншот на Александар со Вања, каде и вели да биде топло облечена утре.– Во разговор со Зорица и рекол дека ако е киднапирана не е проблем за пари дека ќе најдат од некој Хари, само колку пари треба да кажат. Друг индикатор е дека Александар ја згрешил групата и во групата на родители пратил порака што потоа ја избришал. Од сведочења на родители во групата, пишувало „Кажете само колку пари треба“, изјави сведокот.За денешното рочиште се повикани уште четворица сведоци, предложени од Обвинителството.Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања