ВАЊА

keshishov

Кешишов нѐ однесе до телото, викаше ‘Палчо ќе не убие’ – се шокиравме, сведочи началник за пронаоѓањето на убиената Вања

Обвинетиот Влатко Кешишов ги однел полицајците до местото каде била закопана убиената Вања, сведочи во судница Дејан Димовски, началник за единица за насилен криминал во СВР Скопје. Тој кажа дека тимот на МВР бил во шок кога отишле на местото. Сведокот посочува дека Кешишов се плашел дека Љупло Палевски-Палчо ќе го убие, ако каже сѐ што знае.„Цело време му викал на колегата дека се плаши дека Палчо ќе го убие, имал многу луѓе во полиција. Тогаш ни рече ќе не носи кон ридот (во Бразда). Бараме нешто, некој леш, ама не знаев што бараме. Покажуваше со главата, не покажуваше со рака. Покажуваше кон мушама перници, ги тргнавме и видовме земја“, раскажува началникот.Тие копале и виделе дека земјата е мека. Кешишов покажал кон местото каде е закопана Вања, а додека полицајците ги растегнувале ѓубрињата не сакал да гледа со грб бил свртен.„Дојде колегата и ни кажа дека Кешишов му рекол дека тука е маленкото, девојчето Вања. Го викнавме да копа и тој со нас. Дојде зема стап и копаше. Потоа пак се помести. Кога дојдовме до телото шок, солзи ни дојдоа на очи. Ги известивме сите“, вели началникот.Дејан Димовски, началник за единица за насилен криминал во СВР Скопје посочи дека тие биле во шок: „Девојчето како го извадија беше буквално како живо. Рацете и нозете и беа врзани. На устата имаше лента. Не видовме траги на насилство“.Сведочењето е во тек.

Македонија | пред 1 година

sudenje-pance-vanja-3

Како е најден „цитроенот“ со кој е киднапирана Вања: началник од МВР откри дека се допишувала со виртуелен дечко со слики од ИСИС и се губело време проверувајќи кој е

Дејан Димовски, началник за единица за насилен криминал во СВР Скопје, вклучен во истрагата за пронаоѓање на убиената Вања Ѓорчевска. Тој кажа дека случајот имал многу нелогичности додека траела потрагата.„На помошникот наш му било чудно зошто Александар остана во кола. Александар велел дека е киднапирана и убиена што му било чудно. Пребаруваа и во станот и во Охрид дека и таму имале стан. Ни беше чудно дека таткото постојано што зборуваше дека е киднапирана. И тоа ќе беше добро да рече: „Па проверимe“, сведочи началникот Димовски.Тој посочи дека време се изгубило додека се проверувале пораки на Вања со момче од Шведска, кое имало знамиња на ИСИС на профилот.„Девојчето имало виртуелен дечко со кој што комуницирала од Шведска кој зборувале цело време како дечко и девојка виртуелно буквално чудно се овие нови генерации. Па имаше и знамиња од ИСИС на неговиот профил, тука следуваа проверки на граница дали тоа лице влегло во Македонија. Ги мапиравме сите камери на влезот во зградата но забелажавме еден мртов агол кој што не го фаќаше ниту една камера. Од тоа заклучивме дека девојчето нема шанси пешки да излегла од зградатата. Ние бевме убедени дека девојчето е излезено со возило затоа што ако излезеш од зградата на 10 метри влегуваш во реон на некоја од камерите“, додаде началникот од МВР.Првите помисли на полицајците биле дека Вања е лута на родителите, па избегала.„Не видовме кај ниту едно од возилата кои поминаа дека во нив има девојче“, додаде тој.Посочи дека од Одделението за крвни деликти добиле информација дека било најдено целосно изгорено возило во село Бразда, ама беше направен увид утредента, кога се разденило.„Бидејќи имаше информација дека со тој автомобил има исчезнато лице веднаш колегите мислам дека и со кучиња пребаруваа да не има нешто но не најдоа ништо. Колегите кои што работеа на запалениот „цитроен“ (на убиениот Панче) бараа камери во село Бразда. Таму знаете нема камери, најдоа една од општината беше мислам, но не можеа да земаат материјалите бидејќи било неработен ден, поради ОБСЕ нели, и после цел ресивер го земале и виделе дека со „цитроенот“ оди и некакво пикапче велеа, но не се гледаше регистрацијата на второто возило од таа камера“, посочи началникот.Потоа, била дадена насока да се утврди каде се движел „цитроенот“ и пикапот на 23, 24, 25 ноември.„И од Александар бевме известувани цело време. И ми се јави на 1 - 2 декември имам едно возило кое е интересно сомнително и викам ајде прати го ќе го провериме. Имавме луѓе кои дремеа пред монитори, и колегите го видоа тоа како возило кое беше нормално“, додаде началникот во сведочењето.Тој просведочи за моментот кога правеле претрес во седиштето на партијата „Десна“. Таму бил сега обвинетиот Влатко Кешишов. До седиштето ги довело возилото „рено кангу“ кое се движело позади „цитроенот“. Внатре, Кешишов и уште три лица. Адвокатот кој бил таму раскажал дека претседателот Љупчо Палевски-Палчо не е во Македонија, но и посведочил како Палчо посочил дека пред неколку дена се пожалил дека го следело велешко возило „цитроен“.„Ги легитимиравме Кешишев, таму седеше. Тогаш нормално и ги прашавме кај ви е председателот? И адвокатот Васко рече: ‘јас го носев Палчо за Белград имал човекот проблеми со кичмата’. Знаеш што е интересно, ми рече ‘едно велешко возило ме следи неколку дена’, прашавме, ‘какво возило’, рече ‘па цитроен некој ме следи’.Распитот е во тек.

Македонија | пред 1 година

sudenje-pance-vanja-4

(Видео) Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Продолжува судењето за случајот со убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Се очекува денеска да бидат испитувани сведоци предложени од Обвинителството.На минатото рочиште сведочеа поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев и Музафер Каишиќ, помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.Обвинети во случајот се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Сите на првото рочиште од судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Македонија | пред 1 година

sudenje-vanja-p

Велибор ни кажа дека Љупчо Палевски го убил Панче, му пукал со пиштол во тилот, сведочеше ексначалник на СВР Велес

Поранешниот началник на СВР Велес Ристе Самарџиев сведочеше денеска за исчезнувањето на Панче Жежовски од Велес.Самарџиев кажа дека прво бил лоциран мобилниот телефон на жртвата. Тоа било третиот ден од исчезнувањето. Кога потоа го нашле и запалениот цитроен во околината на Скопје, сфатиле дека човекот е можеби убиен.На прашање на обвинителката на денешното судење за двојното свирепо убиство, тој одговори дека уапсениот Велибор Манев ги однел кај запаленото возило.„Панче и Велибор имале долга врска, релација од три години“, кажа сведокот.Сведокот изјави дека Велибор му го посочил местото каде што е закопана Вања, а потоа и местото каде што е закопан Панче.Тоа било место викано „Дупка“.„Викнавме пожарна тие дојдоа да ја откопаме дупката и да го извадиме“, додаде сведокот.„Велибор ни кажа дека Љупчо Палевски го убил, му пукал со пиштол во тилот. Пронајдена беше и чаурата“, сведочеше Самарџиев.На прашање на судијата, сведокот кажа дека мобилниот телефон му го пронашле 4-5 дена по пријавување на исчезнувањето.„Кога ја видовте снимката од бензинската пумпа на која се гледа Панче во автомобилот ден пред да го грабнат“, праша судијата.„Тие снимки ги гледаа и ги анализираа надлежните колеги и мислам дека тоа беше веднаш по пријавувањето на исчезнувањето на Панче“, одговори тој.Судењето продолжува в петок, со нови сведоци на обвинителството.

Македонија | пред 1 година

sudenje-vanja-pance-1

(Видео) Александар беше упорен дека девојчето е убиено, сведочи инспектор од МВР кој трагал по Вања

Помошник началник на СВР Скопје денеска сведочеше на судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Тој прв контактирал со родителите на девојчето, кога веќе постоеле индиции дека Вања е киднапирана.„Од моментот кога имаше пријава за исчезнато девојче бев информиран согласно хиерархијата, каде што тогаш бев надлежен да ги информирам службите. Ме избрифираа дека има таков настан за исчезнато девојче и дека се е преземено во насока за пронаоѓање.Во текот на денот се вклучи и мојата единица за насилен криминал, се вклучивме директно да помогнеме да се најде исчезнатото девојче. Првото запознавање со родителите беше во ЕБР центар доцна вечерта, со се цел да ни кажат сѐ што има за да се најде девојчето.Во тој момент се запознавме со родителите мајката беше поприбрана, првиот момент на таткото беше потиштен и конфузен. Во многу изјави имаше чудно однесување според нас, ние што го прашувавме за да ни помогнат во истрагата“, кажа Музафер Каишиќ, помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.„По некоја случајност ние разговаравме во полицијата, да ги поделиме работите на тоа инсистираше Александар да ги поделиме работите. Тогаш се понудив лично јас да ги отидеме заедно, јас да разговарам со таткото, а Дејан со мајката. Не се штедевме сите работевме на случајот. Роднина на Зорица дојде со нас да разговараме, таа кажа дека има стан во Капиштец, рече јас немам стан, клучевите се кај Александар.Со еден колега баравме да одиме, но Александар кој бараше да пребаруваме секаде, рече да не одиме за џабе бидејќи тој веќе бил. Кога се качивме со лифт, Александар отклучи. Полупразен беше. Александар цело време велеше дека си го губиме времето дека ќерка му е киднапирана, убиена, да не си го губиме времето. Немаше ништо во станот, и излеговме. Па ја поминавме територијата на Капиштец сѐ што не асоцираше каде може да се скрие.По пат цело време велеше џабе одиме џабе ќе бараме ама ајде ќе одиме. Александар не излегуваше од возилото. Тогаш го праша роднината зошто не излегува да бара со нас, тој рече џабе губиме време да ја бараме, таа е киднапирана, таа е убиена.. цело време велеше ајде да бараме, а кога баравме велеше џабе бараме. Коментарите и на роднината беа зошто човеков не излегува од кола“, кажа тој.Како што сведочеше помошник началникот на СВР Скопје, Александар не навел конкретна причина зошто мисли така.„Конретна причина не наведе. Дали има некои долгови, дали е некој функционер да мисли така зошто девојчето би било киднапирано. Ја прашавме мајката зошто така се однесува. Мајката рече дека е специфичен, ама ниту таа не знаеше зошто така се однесува.По пребарувањето на Водно се вративме во полициската станица, јас и Александар се качивме горе кај што беа неговата поранешна сопруга и другата ќерка. Не знам колку долго траеше тоа, потоа секој си замина накај дома“.Заменик началникот сведочеше дека се слушал со Александар секојдневно по неколку пати и дека му праќал слики и пораки, но бил упорен во тоа дека девојчето е убиено.„Тој побара средба со мене. Се видовме пред зградата. Дојде уште едно лице кое ми се претстави дека се вика Гоце. Околу 40-тина години. Прв пат кога го видов мислев дека има нешто да ми каже, дека има нешто да ми презентира. Дајте да видиме со некои мафијаши групи некои. Убиена е 100%. Кога прашав кој е човеков пред да го почнам разговорот, тој одговори дека 20 години се немаат видено, биле во станот кај него“, кажа заменик началникот.На прашањето какви пораки му биле испраќани, тој одговори дека тоа биле снимки и слики.„Тоа беа снимки, слики од згради, ми ја испрати спроти зградата кај што е киднапирана Вања. Како има камера што гледа директно кон влезот. Тогаш видовме до самиот објект и камерата гледаше точно кон влезот. Јас ќе ви обезбедам број од газдата, рече но не знам како. Ни обезбедија број и лицето дојде ни ги даде камерите. Тој објект виде дека нема струја, синоќа бевме имаше струја, и кога прошетаме видовме дека кабелот е исечен. Ни дадоа сѐ што имаат за да провериме“, додаде при сведочењето.На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Македонија | пред 1 година

aleksandar-majka

Ден пред убиството таткото пратил порака Вања да се облече топло, кога ја немаше беше тажен, јас му се раздрав оти викаше дека е киднапирана, сведочеше мајката Зорица

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања, не беше сигурна каде, но беше децидна дека таткото Александар ѝ кажал дека нивната ќерка е киднапирана, во деновите кога по неа се трагало.„Не сум сигурна дали во автомобилот. Дома го кажа тоа. ‘Нема што друго да биде, треба на некој да должиш’. Не можам да кажам со сигурност дека го зборуваше тоа на 27-ми (денот кога исчезна Вања). Во текот на наредните денови кажуваше да, дека е киднапирана. Во еден момент му се развикав престани да кажуваш, полицијата има друга терминологија. Велеше дека нешто друго не може да биде“, рече Зорица Ѓорчевска одговарајќи на прашање од судот.Ѓорчевска рече дека Александар дошол брзо откако му се јавила и додаде: „не е вообичаено тој брзо да се подготвува, знае да доцни, но јас кога му се јавив брзо дојде. Не ми рече ништо околу снемувањето на Вања, јас се правдав дека не знам каде е, дека не сме се скарале, зборувавме каде да одиме, каде да ја бараме“. Сведочеше дека таткото бил потиштен додека се трагало по ќерка му.Според мајката, ден пред исчезнувањето на Вања, на 26 ноември, таткото Александар ѝ пратил порака (слика) на Зорица, со принтскрин (слика) од разговор со Вања, каде ѝ велел да се облече во топла облека, оти утредента, на 27 ноември кога таа беше грабната и убиена, ќе биде ладно.„Тоа беше принтскрин од чет со Вања, каде ѝ вели како да се облече, да се облече топло, оти утредента ќе биде ладно. Јас не сум ја видела пораката, оти телефонот навечер ми е на полнење. Во неделата, на 3 декември, ме повикаа во полициска станица во 2 часот, нѐ раздвоија и мене ми кажаа дека е пронајдена мртва и ме однесоа да ја идентификувам. Од медиумите дознав дека е уапсен“, додаде таа.Посочи дека без станот во Дебар маало, таа поседува три стана.На прашање од адвокатот на Љупчо Палевски-Палчо, дали на неа ѝ е познато дека татко ѝ соработувал со обвинетиот – таа рече: „Не ми е познато, но јас ги имам сите документи. Не постоеле никакви недоразбирања и татко ми ќе се повлечел ако имало недоразбирања“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-04-at-10.54.10

Велибор Манев-каменорезацот поплочуваше кај татко ми, па Панче го тужеше, не должел никому, сведочеше ќерката на убиениот

Сведокот Ана Киркова, ќерка на грабнатиот и убиен Панче Жежовски, раскажа за деновите кога татко и го немало. Раскажа за познанството помеѓу обвинетиот Велибор Манев и Панче. На прашање од Љупчо Палевски-Палчо, дали Панче имал контакт со него, сведокот рече дека татко и никогаш не разговараше со кого контактира. По два дена откако не кревал на телефон, сопругот на ќерката отишол да види што се случува – а внатре биле оставени вклучени, ламбата и греалката.„Од средата татко ми веќе го немало, ѕвонам - татко ти го нема. Пријателката го барала, викам може да не им се јавува на нив. Беше чесен, праведен. Почнав да ѕвонам - мене мора да де јави. Но, не ми крена, помислив работи нешто, се занимава низ дворот, стар човек. Околу 16 часот со сопругот отидовме дома. Почна да ме фаќа паника. Татко ми го нема никаде и отидовме во полиција и пријавивме“, раскажа Киркова.Таа посочи дека обвинетиот Велибор Манев работел на поплочување во куќата на татко и.„Го изнајми за да направи поплочување. Околу бекатонските плочки татко ми не беше задоволен. Не можам да се сетам. Мислам дека татко ми тужеше. Не ни кажуваше ништо не сакаше да не вовлекува во проблемите негови“, додаде сведокот Киркова.Таа раскажа дека со татко и се гледале еднаш неделно, не сакал внимание и им викал да си ги гледаат децата.„Јас си сопругот пријавивме дека го нема татко ми. Живееше надвор од градот на 15 минути. За жал живееше сам. Татко ми не сакаше околу него да се обрнува внимание, водеше здрав живот, еднаш неделно ако се видевме. Не сум јас старец, велеше 'оди дома гледај си ги децата'. Ние пријавивме дека него го нема. Полиција почна да го бара“, додаде Киркова.

Македонија | пред 1 година

zorica-aleksandar

Мајката на Вања: Александар тврдеше дека Вања е киднапирана а на прашањето зошто - одговараше нема што друго да биде

Зорица Ѓорчевска, мајка на грабнатата и убиена Вања Ѓорчевска, пред судот сведочеше за критичниот ден кога исчезна девојчето. Пред судот посочи дека не познава никој од обвинетите, како и дека не е скарана со таткото Александар. Вања тргнала од дома во 07:45 минути, а во 7:43 добила порака од класната дека Вања не е на час. Ѓорчевска сведочи дека таткото Александар и кажал дека ќерка му може само да е киднапирана и нема што друго да биде.„Од 9 ти септември живееме на Борче Наумовски .Вања околу 7:20 се подготви и излезе за на училиште. Јас во 7:45 излегов за на работа класната ми имаше во 7:43 беше пратена пораката и јас веднаш и свртев. Јас не знаев што да правам дали да влезам во автомобил или да одам пешки до училиштето. Со Александар се упативме на локацијата каде што последен пат и го покажуваше телефонот на Вања. Не ми рече ништо, јас влегов во автомобилот. Колегите од мојот оддел, веднаш дојдоа и полицијата им рече дека ќе добијат налог и да проверуваат каде е сигналот на телефонот“, рече Ѓорчевска.Таа посочи дека со таткото Александар се разделиле во моментот кога дошле двајца полицајци.„Јас отидов во станот, а Александар на локацијата“, додава таа.Потоа, посочи дека Александар и кажал дека Вања е киднапирана.„Тврдеше дека Вања е киднапирана а на прашањето зошто - одговараше нема што друго да биде“, додаде Ѓорчевска.Зорица објаснуваше и за вообичаената пракса, како Вања заминувала во училиште со сестра и.„Децата вообичаено одеа заедно. Генерално кога имаа часови дека не смеат доцнат. Секој петок Вања одеше сама затоа што помалата ќерка одеше од 8:10. Класната беше болна и поради губеа први час“, додаде Зорица Ѓорчевска.Раскажа како течел и обидот за пронаоѓање на Вања.„На ниту една снимка, на ниту една камера ја намаше Вања. Се понудија повеќе фирми бурекчилница приватни куќи ни даваа снимки за да видиме за да можеме да ја најдеме Вања но нејзе ја немаше“, додаде Ѓорчевска.„Во прегледувањето на камерите - Сашко ги гледаше камерите и незнам кој ден се појави Гоце Трајковски кој дојде да му помогне на Сашко за да ги гледаат камерите. Со Гоце не се познавав лично знам кој и имав слушнато. Незнам како помагаше, они беа во собата, работеа ги прегледуваа камерите разговараа со полицијата. Имал пријатели во полицијата ги знаел инспекторите и во тој контекст се разговараше“, додаде Ѓорчевска.Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 1 година

sudenje-vanja-pance-2-1

(Видео) Второ рочиште против обвинетите за убиството на Вања и Панче

Продолжува судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата е вратен во Истражниот затвор Скопје. Тој поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување.Токму поради неговата хоспитализација претходните рочишта беа одложени.Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 1 година

zorica-vanja-sud

(Видео) Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања, ќе сведочи во суд

Денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.Во судот се појави и мајката на убиената Вања, Зорица која денеска ќе сведочи.Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата е вратен во Истражниот затвор Скопје. Тој поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување.Токму поради неговата хоспитализација рочиштата закажани за минатата недела беа одложени.Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Првообвинетиот е Љупчо Палевски, а обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.Малолетната Вања и велешанецот Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември минатата година.Тие беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-11-at-13.46.43

Обвинетиот за убиството на Вања и Панче, вратен во ќелија: добро му е здравјето, останува во притвор

Боре Видевски, обвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка. Ова доаѓа откако тој претходно беше задржан на Клиниката за нефрологија, поради проблеми со бубрегот. Директорот на затворот, Бобан Утковски за „Скопје1“ посочува дека сега обвинетиот е во добра здравствена состојба.„Притвореникот за кого покажувате интерес е вратен од болничко лекување во затворот ‘Скопје’ и е во добра здравствена состојба“, вели Утковски за „Скопје1“.Видевски остана околу осум дена на болничко лекување. Извори ни тврдат дека Видевски има еден бубрег и тоа дониран, за кој треба да прима терапија. Ова не е првпат Видевски да биде носен на проверки на Клиника, по негови поплаки за влошена состојба.Поради влошената здравствена состојба на Видевски, беа одложени две рочишта за убиството на Вања и Панче. Претходно, сите обвинети, сосе оние кои во текот на истрагата признаа вина – пред судот, негираа дека ги сториле делата.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката, планот за откупот не се реализирал, бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-30-at-16.59.06

Обвинетиот Видевски за убиството на Вања и Панче задржан во болница: Има проблем со бубрегот, кој му е дониран

Боре Видевски, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е задржан на Клиниката за нефрологија. Ова го потврдува директорот на затворот во Шутка, Бобан Утковски за „Скопје1“. Според информациите на нашата редакција од клиниката, тој е вон животна опасност.Извори ни тврдат дека Видевски има еден бубрег и тоа дониран, за кој треба да прима терапија. Останува отворено прашањето дали прима соодветна терапија или одбива.Се очекува наскоро тој да биде вратен во притворското одделение на Скопје, бидејќи состојбата му е подобрена.Ова не е првпат Видевски да биде носен на проверки на Клиника, по негови поплаки за влошена состојба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-20-at-12.53.32

Чувствувам болка и агонија, се ставам на располагање на судот и кога се ќе се потврди, тогаш ќе ја барам Вања, рече обвинетиот татко пред судот

Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска и обвинет во процесот за нејзиното грабнување и убиство, побара од судот да му дозволи да помогне во расветлување на целиот случај. Ѓорчевски, кој кога Вања беше исчезната самиот водел истрага за да го најде девојчето, рече дека работата би ја расчистил со имиња и презимиња. Смета дека тоа му е должност како родител.„Чувствувам болка и агонија која не може да се објасни со зборови. Но сепак, од друга страна чувствувам и обврска и кон Вања и кон Мина, нели... Дека се ставам на располагање, за да се разреши целата оваа работа и конечно во детали, со имиња и презимиња. Со тоа што го наведе мојот адвокат, кога дефенитивно ќе се потврди, тогаш ќе бидам слободен. Тогаш нема да бидам на располагање на судот, тогаш ќе ја барам Вања“, рече Ѓорчевски.Тој е обвинет дека му дал информации на Љупчо Палевски-Палчо, обвинет како планер и реализатор на убиствата, со давање информации кога Вања ќе биде сама и кога да ја грабнат. Но и двајцата, негираа дека се познаваат и дека некогаш имале било каков контакт. Адвокатот Владимир Туфегџиќ, посочи дека тоа го говорат и доказите на Обвинителството, а во детали образложуваше за случајот.

Македонија | пред 1 година

palco-52135

Палчо се бранеше: Мотивот е погрешен, вештачки - има ДНК од тројцата обвинети, а од мене немаше

„Оваа обвинителка постапува по политичко барање“. Вака Љупчо Палевски-Палчо ја започна својата одбрана пред судот. Тој рече дека не го познава Александар Ѓорчевски, татко на Вања, со кого, според Обвинителството, имале контакт. Се жалеше оти го сликале камери пред судот, а посочи дека не можело да даде одбрана оти немал докази. Во стартот се жалеше оти сите викале дека тој бил избеган, а патувал со легална патна исправа.„Бев на понижувачки начин овде донесен, со калашникови, тоа е кривично дело на Обвинителството и судијата Душан Јосифов. Можев да паднам, имам проблеми со кичмата“, рече Палевски-Палчо и додаде: „Не може да ме убеди никој дека нема никој намера за политичко мотнирање, бидејќи на 20 мај, мојата ДНК е ставена и нема совпаѓање“.Според него, обвинет во постапката сака да избегне доживотен затвор за злосторот, па направена е конструкција. Па кажа дека Обвинителството давало податоци на медиумите, како и дел од доказите.„Лицемерно лие крокодилски слози за мајката од Обвинителството, бара да се заштити, а даваше информации и слики направени во Обвинителството. Прават конструкција дека јас сум се знаел со таткото Ѓорчевски, а со нивните докази тоа се негира“, додаде Палевски-Палчо.Палевски вели: „Мотивот е погрешен, вештачки, затоа Александар е колатерал-штета во целава оваа постапка, бидејќи очајно се трудат.. Посочувањето на Александар го споменува на еден од обвинетите кои се повикува 'Ми потврдија инспекторите, постои потврдена врска меѓу Палчо и Александар'. Тоа е на 6-ти декември, оттогаш до сега, не е потврдено ова. Ниту еден од обвинетите не е прашан каде било планирано да се чува детето, нема ниту обид некој да бара пари од Ѓорчевска, а дупката е претходно ископана. Ова е класично промашување. Детето е грабнато за да биде убиено, а не да се бара материјална корист. Не да се нема контакт, туку мајката немала ни да даде“.„Обвинителство не говори вистина. Ерол Османи, еден од сведоците на обвинителството, никој не знаеше дека сум бил кај него да му го поправам... Него го кријат од списите. И анализата на Мобимак за анализа за движење во критичниот ден, го барав барем трипати. А она што тврди дека она е доказ е обична расписка помеѓу Мобимак и Обвинителството. Нема содржина од вештачење. И на сето тоа да го тврдиш ова, да говориш дека не знаеш каде е Ерол Османи.. Никој освен мене не знаеше дека му го поправам котелот..Затоа нема траги во комбето. Не спорам дека Обвинителството сработило масовна работа, но во толкувањето и употребата на тие докази се гледа чисто политичка монтирана судска постапка, каде судот, ве ставаат пред свршен чин. Ви даваат материјални докази кои се моја корист, а во обвинетието го тврдат сосема другото. Не можам јас да ја извадам мојата ДНК, а да ја оставам на другите тројца, немам натприродни моќи“, додаде Палевски.Според него, тој не бегал.„Ако ме фатило паника ќе бирав други начини да бегам, а не да ме знаат каде сум со легална патна исправа. Во оваа постапка не случајно се бараше да се исклучи јавноста. Лицемерие е дека таа е повредена, таа повеќе од било кој сака да ја знае вистината“, додаде Палевски.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката, планот за откупот не се реализирал, бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

palevski-palco

Адвокатот на Палчо го брани клиентот, а ги нападна другите: Од нив има биолошки траги, а од него не!

Адвокатот Маријан Витановски, кој го брани првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, покажа со прст кон другите обвинети во процесот, обвинувајќи дека од нив се најдени биолошки траги, но не и од неговиот клиент. Според Витановски, за другите има докази, но за Палевски – никаков доказ.„Тој немал никаква врска и контакт со останатите обвинети за планирање на овој чин. Тој имал по друг основ. Тој не бил на наведената дата во Велес, нема никаков траг дека бил таму. Нема никаков траг дека е тоа тој, како што е наведено во обвинението, дека го зел телефонот на Панче Жежовски и го фрли. Пронајдени се траги, ама од друго лице. Да се оди во два правци, до Велес, па назад, а да не се пронајде ниту еден доказ, а за останатите обвинети има биолошки траги кои се предмет на вештачење, и се потврдени дека тие траги потекнуваат од тие лица, а нема траги од него“, рече адвокатот Маријан Витановски, кој го брани Љупчо Палевски.Според адвокатот Витановски, потврда дека Палевски нема никаква врска со убиството на Жежовски е што на снимките кои ќе се презентираат, во автомобилот имало три лица, како што тврди, а не четири.„Има траекторија на движење и за тој ден. Барав да ми кажат по базни станици каде бил остварен секој телефонски контакт“, рече Витановски, иако обвинителката во воведен збор кажа дека при секое убиство, обвинетите не ги носеле телефоните со нив.Витановски вика дека Палевски бил во банка кога се извршило убиството.„Има видео надзор во Халк банка, таму бил, судот може да добие такви податоци. Бараме судот да ги прибави тие податоци. Побаравме и од Улици и патишта, со десет локации да ни каже податоци за тоа, добивме одговор дека преку надлежен орган може само. Тоа е доказ“, рече Витановски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања