ВАЊА

IMG_4421

Ѓорчевски во солзи, додека адвокатот зборуваше: Децата биле сопственици на становите на Александар, обвинението е без клучни докази, тој нема вина

Владимир Туфегџиќ, адвокат на Александар Ѓорчевски, кој пак е татко-обвинет на убиената Вања Ѓорчевска, кажа дека ќе докажат дека нема никаква вина. Според Туфегџиќ, ќе докажат дека нема поврзаност помеѓу Ѓорчевски и другите обвинети во постапката. Адвокатот беше дециден дека обвинителот нема ниту еден доказ за било каква вмешаност или контакти.„Имајќи го предвид описот на поднесениот обвинителен акт за обвинетиот Александар Ѓорчевски, одбраната со предложените вербални и материјални докази ќе докаже дека обвинението по однос на овој обвинет е во целост неосновано, неаргументирано, паушално и засновано на претпоставки кои не наоѓаат своја поткрепа во доказите. Одбраната ќе докаже дека токму неосновано обвинетиот Александар е жртва и оштетен во оваа постапка, заедно со неговото семејство и ќе докажеме дека Александар во критичниот период постапил на начин на кој би постапил секој родител во ситуација кога се трага и бара неговото исчезнато дете“, рече Туфегџиќ и додаде:„Одбраната ќе докаже дека Александар, иако разведен, бил исклучително поврзан, одговорен и посветен родител кон своите деца и имал висок степен на грижа за нив на дневна основа. Одбраната ќе докаже дека токму состојбата на паника, страв, вознемиреност и внатрешното растројство поради исчезнувањето на детето кај Александар била злоупотребена на начин што дејствијата, кои во таква стресна состојба самиот ги преземал откако одлучил самиот да води истрага во обид по секоја цена да го пронајде сопственото дете, се потполно погрешно протолкувани и истото довело до потполно погрешен заклучок за неговата евентуална поврзаност или било каква инволвираност во овој кривично правен настан. Имено, одбраната ќе докаже дека обвинетиот Александар ниту ги познава останатите учесници во постапката, ниту има било каква поврзаност помеѓу него и останатите обвинети во оваа постапка.Имајќи предвид дека правна претпоставка за постоење на ова кривично дело е постоење на умисла кај сторителот, одбраната ќе докаже дека застапникот на обвинението нема ниту еден доказ дека овој обвинет имал било каква поврзаност со останатите учесници во овој кривично правен настан, ниту дека имал умислен придонес во извршувањето на кривичното дело на друг, откако извршителот донел одлука за неговото извршување. Со предложените докази одбраната ќе докаже дека вака поднесеното паушално и неосновано обвинение за овој обвинет е резултат пред сѐ на неправилно водена истражна постапка и повреда на сите приципи на кои почиваат основите на криминалистичката истрага,  процесот и методот на криминалистичкото профилирање, чија што основа претставуваат исклучиво доказите кои требало да се анализираат, со цел точна и неспорна идентификација и утврдување на личноста на извршителот.Во оваа смисла, одбраната ќе докаже дека ваквото обвинение за овој обвинет е резултат на прекршување на основните принципи на кои почива истражната постапка и криминалистичка истрага, во која воопшто не е применет метод на криминалистичко профилирање и не е направена прелиминарна анализа на информациите, ниту е направена нивна организација и диференцијација, ниту била формирана основа на структурата за одлучување со примена на методот на дедукција. Имено, за да се формира финален профил на извршителот лицето кое врши профилирање требало да изврши мисловна реконструкција на текот на кривичното дело, со цел да се утврди како е планирано и извршено кривичното дело, како е извршена селекција на жртвата и каква била мотивацијата на извршителот на кривичното дело.Во погоренаведената смисла одбраната ќе докаже дека во текот на постапката ниту едно од погоренаведените дејствија за овој обвинет не е извршено на начин на кој упатуваат правилата и принципите во криминалистичките истраги. Токму со доказите на обвинителството одбраната ќе докаже дека доказите од видео надзорот врз основа на кои се темели обвинението се обезбедени и прибавени токму од обвинетиот Александар и тоа со знаење, согласност и со напатствија од полициските службеници, кои учествувале во истражната постапка и кои одбраната со листата на докази предложи да бидат директно испитани.Овие полициски службеници биле во директен контакт со обвинетиот во критичниот период и разменувале сознанија и податоци, па од тие причини одбраната предлага листата на докази да бидат директно испитани на овие околности.Со предложените вербални и материјални докази одбраната ќе докаже дека е неоснована и неприфатлива тезата на застапникот на обвинението за постоење на мотив во остварување на материјална корист кај обвинетиот Александар, бидејќи според предложените докази на одбраната, неколку месеци пред критичниот настан неговите деца, покојната Вања и нејзината сестра Миња, веќе биле даночни обврзници на предметните станови на кои алудира застапникот на обвинението, дека биле мотив за извршување на кривичното дело и станале сопственици врз основа на договор за подарок склучен токму од сега неосновано обвинетиот Александар во својство на дародавател.Одбраната ќе докаже дека во поднесениот обвинителен акт недостасуваат клучни кредибилни докази доволни за докажување на вина, суштествени за остварување на законското битие на кривичното дело кое на обвинетиот му се става на товар и од тие причини одбраната убедена во невиноста на овој обвинет, од судот бара за овој обвинет презентацијата на доказите на обвинителството да биде направена на начин, што, со примена на техничките сретства на судот, ќе биде презентиран и образложен секој доказ или група на докази поодделно, за кои застапникот на обвинението смета дека од нив произлегува поврзаноста и основаното сомневање дека токму Александар е сторител на кривичното дело кое му се става на товар.Во текот на оваа постапка одбраната со силата на правните аргументи и предложените докази ќе докаже дека Александар, наместо да има својство на оштетен и жртва во оваа постапка, бил изложен на тортура, нечовечко и понижувачко постапување од страна на дел од полициските службеници, како и на дел од припадниците на затворската полиција, а сѐ со цел да му биде изнудено признание на вина по секоја цена, за кое нешто е навремено известен застапникот на обвинението и затоа во оваа смисла бараме да бидат изведени предложените материјални докази и медицински извештаи за констатираните повреди, како и извештајот на Хелсиншкиот Комитет за човековите права“, рече Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

obvineti-vanja

(Видео) Никој од обвинетите за убиството на Вања и Панче не чувствуваат вина, таткото Ѓорчевски: Се ставам на располагање

Ниту еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не се чувствува виновен. Иако претходно, дел од обвинетите имаа признанија на вина при извршување на грабнувања и убиствата, тие сега, посочуваат дека ќе докажуваат дека немаат вина поврзана со сите дела.„Не се чувствувам виновен“, рече првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо.Адвокатот на Велибор Манев рече дека тие ќе ги дискредитираат доказите, како и дека не учествувал во сите настани.„Не се чувствувам виновен“, рече Велибор Манев кој го криеше ликот од јавноста.И Боре Видевски ќе докажува дека не ги сторил кривичните дела.„Не се чувствувам виновен за кривичното дело“, рече Боре Видевски.Одбарана ќе дава и Влатко Кешишев.„Јасна ми е содржината, јасно ми е за што сум обвинет. Не се чувствувам за виновен“, рече Влатко Кешишев.Александар Ѓорчевски, татко на Вања, кажа дека не гледа вина кај себе, како и дека се става на располагање на судот за да се расчисти случајот.„Се ставам на располагање, наместо молчење“, рече Александар Ѓорчевски.

Македонија | пред 1 година

vanja

(Видео) Медиумите ќе го следат судењето за убиствата на Вања и Панче: Палчо за првпат прозборе во судница

Јавноста останува во судница за случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова доаѓа откако обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска истакна ваков предлог по барање на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска. Адвокатите на дел од обвинетите се противеа на ваквиот предлог, а судијата Ивица Стефановски реши предлогот да го одбие.„Постои јавен интерес за овој предмет затоа што превише е веќе експониран и мислам дека сите податоци за кои би требало да биде исклучена јавноста, се познати и не се од таков карактер, па мислам не се исполнети законските претпоставки. Децидно се противиме“, рече Марјан Витановски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо.По ова, се изјасни и Палевски, кој е првообвинет како планер и реализатор на убиството.„Дополнително се противам на предлогот и се откажувам, нема да барам да сведочи мајката токму од овие причини кои ги кажа Обвинителството, за да не ја вознемируваме и да не влијае...“, рече кратко Палевски-Палчо.На ваков предлог се противеше и адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој е бранител на Александар Ѓорчевски, татко на Вања кој е обвинет во постапката.„Сметам дека судот одлуката треба да ја заснова врз основа на јавниот интерес кој е присутен за овој кривичен предмет и во таа насока и таа смисла сметам дека не постојат законски пречки ниту законски основ за исклучување на јавноста во текот на целата главна расправа, имајќи во предвид, пред сѐ, како и на кој начин е информирана јавноста во досегашниот тек на оваа постапка. Оттаму оставам на судот, но потенцирам, раководејќи се од интересот и на таткото кој во оваа постапка е оштетен и жртва“, рече Туфегџиќ.

Македонија | пред 1 година

obvinitelka-palco

(Видео) Мајката на убиената Вања бара судењето да биде зад затворени врати, без медиуми: Медиумското известување ја продлабочуваат болката

Исклучување на јавноста и судење зад затворени врати на случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска. Ова во судница го посочи обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска. Според неа, мајката на Вања сакала да го заштити нејзиниот приватен живот, но и животот на втората ќерка, а притоа и здравјето оти медиумските известувања за овој случај ѝ влијаеле.„Пред да одржам воведен говор, сакам да истакнам предлог за исклучување на јавноста од целата главна расправа, бидејќи исклучувањето на јавноста е потребно за заштита на приватниот живот на оштетената Зорица Ѓорчевска, мајка на починатото дете Вања Ѓорчевска, кое како дете жртва на кривично дело има права кои треба да се почитуваат“, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска.Според неа, мајката Ѓорчевска сакала јавноста да ја нема додека се суди и се обелоденува како се случило убиството на нејзината ќерка Вања Ѓорчевска.„Имено од страна на полномошникот на Зорица Ѓорчевска и Мина Ѓорчевска, сестра на Вања, поднесено е барање до Обвинителството за поднесување на предлог за исклучување на јавноста од целата главна расправа имајќи ги во предвид сериозните последици од интензивното медиумско известување од настанот врз починатото дете Вања Ѓорчевска, заради заштита на приватиот живот на Зорица и Мина Ѓорчевски, кое медиумско известување придонесло кон продлабочување на болката и стравот кај оштетената Зорица, како и кај Мина а сериозно влијаело и врз нивната целокупна здравствена состојба. Трпеле пост-трауматско растројство, за што доставувам извештај од специјалист по психијатрија и препорака од психотерапевт“, рече Жаклина Крстевска-Јосифовска.

Македонија | пред 1 година

palco

(Видео) Палчо седна во судница, Велибор Манев го криеше ликот од медиумите - започна судењето за убиството на Вања и Панче

Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. Денешното судење ќе се одржи, ќе се дадат воведни говори, но и обвинетите ќе се произнесат за вина. За првпат, во судница седна Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен како планер и реализатор на убиствата.Велибор Манев беше единствениот кој го криеше својот лик додека медиумите правеа видео-инсерти. За првпат, во судница со Палчо, седна и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања.Палевски, Кешишов, Манев и Видевски се гонат за две кривични дела и тоа: убиство и грабнување. Мозокот на операцијата, според Обвинителството, е Палевски. Таткото Ѓорчевски се гони само за кривично дело грабнување. Палевски досега негираше вина и најави дека има докази за тоа. „Скопје1“ објави детали и за исказот на неговиот сведок во Обвинителство. Видевски призна вина кога беше приведен, дал детали на записник, а потоа, кажал друга верзија за настанот. Непознато е како постапиле Кешишов и Манев, но и дали некој од нив на првото рочиште ќе признае вина.„Скопје1“ дојде до Обвинението. Во него се и доказите предложени од Обвинителството. Десетици записници, вештачења, искази, УСБ и ЦД уреди, одземени телефони, екстрахирани материјали, сигнали од базни станици. Обвинителството ја следело секоја траекторија на движење на лицата во критичниот, односно кобниот период за убиените.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката, планот за откупот не се реализирал, бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

ubistvo-vanja-obvinitelstvo-manev-veliborjpg

Започнува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче. Жежовски.Судечкиот совет при Основниот кривичен суд Скопје месецов донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите.Основното јавно обвинителство најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција.На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на Ѓорчевска во Скопје.На 27 и 24 ноемви Вања и Панче беа пријавени за исчезнати, а на 3 декември беа пронајдени мртви во близина на Скопје.Во овој случај осомничено е и уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Скопје | пред 1 година

vanja-ubistvo

(Видео) 11 минутно рочиште: Палчо на судење за 16 дена, предметите споени, осомничените назад по притвори

Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се товарат дека ги извршиле убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, седнаа на обвинителна клупа во Кривичниот суд. Освен нив, спроведен од куќен притвор е и таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски. Наместо судење, имаше спојување на предметите.  Па така, на сите поврзани со двата кривично правни настани ќе им се суди заедно, наместо одделно како што беа поднесени обвиненијата.Рочиштето траеше 11 минути - судијата ги прочита имињата на присутните и кажа дека се прифаќа барањето на Обвинителството за спојување на предметите и одреди датум за ново судење.Евидентно е дека сите обвинети имаат адвокати, со кои ќе се бранат во постапката. Првообвинениот, Љупчо Палевски-Палчо за кого Обвинителството вели дека е планерот и реализаторот на убиствата, не е спроведен од затворот „Скопје“ во Шутка.За првпат, во судницата, лице в лице се сретнаа ликвидаторите и таткото на убиената Вања, кој е обвинет во постапката дека дал информации за траекторијата на неговото движење. Адвокатот Владимир Туфегџиќ во неколку наврати укажа дека ќе го докаже спротивното во текот на постапката.Следното рочиште е закажано за 20-ти септември.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-04-at-10.53.07

(Видео) Дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче, донесени во суд и спроведени преку гаражите

Преку гаражите на Кривичен суд, спроведени дел од обвинетите за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Во Кривичен суд ќе се одржи првото рочиште, каде наместо читање обвинение и произнесување за вина, се очекува да има само спојување на двата предмети за убиството (првиот за тројцата обвинети и таткото и вториот за Палчо), за да се продолжи во фаза на судење.Судот ќе го одржи првото рочиште за планираното убиство на Ѓорчевска и Жежовски, за што, Обвинителството поднесе обвинение на 16 страници, од кои десет страници се таксативно наведени докази.Палевски, Кешишов, Манев и Видевски се гонат за две кривични дела и тоа: убиство и грабнување. Мозокот на операцијата, според Обвинителството, е Палевски. Таткото Ѓорчевски се гони само за кривично дело грабнување. Палевски досега негираше вина и најави дека има докази за тоа. „Скопје1“ објави детали и за исказот на неговиот сведок во Обвинителство. Видевски призна вина кога беше приведен, дал детали на записник, а потоа, кажал друга верзија за настанот. Непознато е како постапиле Кешишов и Манев, но и дали некој од нив на првото рочиште ќе признае вина.„Скопје1“ дојде до Обвинението. Во него се и доказите предложени од Обвинителството. Десетици записници, вештачења, искази, УСБ и ЦД уреди, одземени телефони, екстрахирани материјали, сигнали од базни станици. Обвинителството ја следело секоја траекторија на движење на лицата во критичниот односно кобниот период за убиените.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.ПРОЧИТАЈ И:

Скопје | пред 1 година

vanja-ubijci-osomniceni

Стотици фајлови, куп снимки и материјали: Палевски, Манев, Видевски, Кешишов и Ѓорчевски ќе кажат дали чувствуваат вина за убиствата на Вања и Панче

Првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, заедно со Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои се товарат дека ги извршиле убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, седнуваат на обвинителна клупа. Судот ќе го одржи првото рочиште за планираното убиство на Ѓорчевска и Жежовски, за што, Обвинителството поднесе обвинение на 16 страници, од кои десет страници се таксативно наведени докази. Во случајот, обвинет е и Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, со тврдење на Обвинителството дека тој дал информации за траекторијата на движење на неговото дете и бил во контакт со Палевски.Палевски, Кешишов, Манев и Видевски се гонат за две кривични дела и тоа: убиство и грабнување. Мозокот на операцијата, според Обвинителството, е Палевски. Таткото Ѓорчевски се гони само за кривично дело грабнување. Палевски досега негираше вина и најави дека има докази за тоа. „Скопје1“ објави детали и за исказот на неговиот сведок во Обвинителство. Видевски призна вина кога беше приведен, дал детали на записник, а потоа, кажал друга верзија за настанот. Непознато е како постапиле Кешишов и Манев, но и дали некој од нив на првото рочиште ќе признае вина.„Скопје1“ дојде до Обвинението. Во него се и доказите предложени од Обвинителството. Десетици записници, вештачења, искази, УСБ и ЦД уреди, одземени телефони, екстрахирани материјали, сигнали од базни станици. Обвинителството ја следело секоја траекторија на движење на лицата во критичниот односно кобниот период за убиените.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-18-at-10.15.22

Не му помина теоријата на Палчо дека е невин пред обвинителот: предложил сведок, кој не „пеел“ како што обвинетиот мислел

Без разлика на фактот што има сведоци и докази кои според Обвинителството без резерва докажуваат дека Љупчо Палевски-Палчо е планерот и реализаторот на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, тој до последно негира вина. Палчо пред обвинителката презентирал друга теорија, се правдал дека не бил на местата каде се случиле убиствата во посочениот период, тврдел дека за тоа има и докази.„Скопје1“ дознава дека Палевски-Палчо предложил и свој сведок, со кој се обидел да докаже дека во периодот кога Вања и Жежовски биле грабнати и убиени, тој извршувал други обврски. Па така, Палевски кажал дека долг период поминал во банка, но оваа одбрана не поминала кај јавниот обвинител. Кога на распит дошол сведокот посочен од Палевски-Палчо, истиот посочил дека тие биле заедно, но во друг временски период.Според наши извори, Палевски во исказот пред обвинител кажал дека не го познавал обвинетиот татко на Вања, Александар Ѓорчевски. Одговорил и на прашање, дали ја знае мајката на убиеното девојче, со која негирал било каква комуникација. За сѐ друго што раскажал со цел да се спаси од вина, немал никаква материјална поткрепа.Јавноста го памети и моментот кога Палевски-Палчо го спроведуваа во суд, а каде на прашање од „Скопје1“ за тоа дали има докази дека не е сторител на убиствата, тој се насмеа. На повторено прашање, тој одговори: „да“.Палевски делувал со обвинетите Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски. Точноста на нивните искази, обвинителот ја поткрепил со материјалните докази, меѓу кои снимки од триесетина места.Обвинителот останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски, била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка. Панче Жежовски, според обвинителот, бил убиен за да му се одземе возилото „цитроен“ за да го користат за грабнување на детето. Тој имал претходни познанства со дел од обвинетите.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-21-at-17.12.20

Поднесено обвниение за Палевски-Палчо за убиството на Вања и Панче

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за:– едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик,– едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.1 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик.Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои претходно беа обвинети за истиот настан, со оглед на тоа што во двата обвинителни акти се работи за ист вид кривични дела извршени од повеќе лица како соизвршители, меѓу нивните дејствија постои поврзаност од аспект на време, место и начин на извршување, а постојат и исти докази.Тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.На 22.11.2023, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило “Цитроен” за да го користат за грабнување на детето во Скопје.Обвинетите отишле до куќата на оштетениот, физички го совладале и го врзале, а потоа го ставиле во багажникот и се упатиле до местото викано “Рудник” во околината на Велес, каде од користољубие и на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот со огнено оружје – пиштол со калибар 9 милиметри.На 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата “Наум Наумовски Борче” во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото викано “Дупки”, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин, со умисла го лишиле од живот малолетното лице.Обвинителниот акт содржи предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Македонија | пред 1 година

ubijci-vanja-2

Закажано првото судење за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Кривичен суд го закажа првото судење за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1.Како што претходно информиравме, расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство кои го известија судот дека: Имајќи предвид дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично – правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје, согласно чл. 28 од ЗКП ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки“, велат од Основен кривичен суд Скопје.

Македонија | пред 1 година

vanja-palco

Ќе се бара спојување на предметите за Палчо и другите осомничени за убиство на Вања и Панче

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.„Со ова тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите. По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка. Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети“, велат од Обвинителството.Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено.

Македонија | пред 1 година

vanja-ubijci-osomniceni

(Видео) Палчо е петтиот обвинет за убиството на Вања и Жежовски: тој пукал во нив и го координирал процесот

Љупчо Палевски-Палчо е петтиот обвинет во случајот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, а истражната постапка против него е завршена, дознава „Скопје1“ од извори во Обвинителството. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска ги собрала сите докази со кои тврди дека Палевски ги извршил директно двете убиства со пиштол, пукајќи во пределот на главата на Ѓорчевска, но и Жежовски. Обвинението ќе биде предадено во судот, каде по оценката на судиите, треба да прејде во фаза на судење.Според информации на „Скопје1“, овој предмет ќе се спои со претходно одобреното обвинение каде за грабнување и убиство се гонат Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, а таткото Александар Ѓорчевски за давање информации за движењето на Вања, односно помагање при грабнување.Обвинителката Крстевска-Јосифовска останува на тврдењето дека целта на грабнувањето на Вања било да се присили член на семејството да даде откуп за детето, но и дека имало комуникација помеѓу таткото Ѓорчевски и Палевски. Грабнувањето било по излегување од лифтот, па со украдениот „цитроен“ од убиениот Жежовски била однесена на ридот кај Скопска Црна Гора. Според обвинителката планот за откупот не се реализирал бидејќи Вања се барала преку апел на социјалните мрежи, по што била убиена и закопана во дупка.Жежовски пак, пет дена претходно бил грабнат и убиен. Обвинителката ќе докажува дека тоа го сториле истите обвинети – Палевски, Кешишов, Манев и Видевски. Целта според неа била да се земе возилото со кое подоцна се грабнува Вања. Жежовски бил изнесен од неговиот дом со „цитроенот“ и однесен во околината на Велес. Заедничко е што и тој, како и Вања е убиен со куршум со иста големина. Претходно, при спровод во суд, Палевски негираше вмешаност во убиствата и тврдеше дека не ги сторил. Тој дури се насмеа додека ги слушаше прашањата. Посочи и дека има докази за неговите тврдења. Инаку, по неговата екстрадиција од Турција, каде беше во бегство, беше спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Македонија | пред 1 година

IMG_4338

Палчо за првпат однесен во Обвинителство: ја раскажува својата верзија за убиствата на Вања и Панче

Првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е спроведен во скопското Обвинителството на распит, дознава „Скопје1“. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска за првпат ќе го сослуша, откако тој беше екстрадиран од Турција каде беше во бегство. Според информации на „Скопје1“ тој повеќе од час е во обвинителските простории.Палевски веќе кажа дека нема да се брани со молчење, а кога беше однесен во суд посочи и дека има доказ дека не е виновен за убиствата. Тој отфрли поврзаност, иако исказите на осомничените и доказите кои ги имаат во Обвинителството го кажуваат спротивното.Обвинение веќе има за Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, за две кривични дела убиства и грабнување. За помагање се гони и Александар Ѓорески, татко на убиената Вања.Обвинителниот акт се темели на вербални и материјални докази во однос на дејствијата на обвинетите, но со оглед на тоа што постапката против првоосомничениот кој неодамна беше екстрадиран од Република Турција продолжува, јавното обвинителство не е во можност да споделува детали во однос на доказниот материјал.14-годишната Вања беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а велешанецот Панче на 24 ноември. Нивните тела беа пронајдени на 3 декември. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои тројца (Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски) признаа вина.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања