„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

вардар

Screenshot-2025-08-16-at-20.09.33

Пронајдено тело во Вардар кај Трубарево

Во водите на реката Вардар, во атарот на скопското село Трубарево, денеска било пронајдено и извлечено тело на машко лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.Како што информира МВР, на 24 декември 2025 година во 14:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во реката Вардар е забележано тело, по што веднаш биле преземени мерки за негово извлекување.По извршената идентификација, утврдено е дека станува збор за П.С. (71) од Скопје, за кого еден ден претходно, на 23 декември 2025 година, било пријавено дека се оддалечил од својот дом и му се губи трагата.На местото бил извршен увид од надлежните служби, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Скопје | пред 7 часа

vardar-potraga

Безживотно тело извлечено од Варадар кај велешко село: на ова место и во минатото имаше повеќе трагични случаи

Безживотно тело, вчера (30 ноември) е пронајдено во водите на реката Вардар кај велешкото село Уланци. По дојава од граѓани, екипите на Територијалната противпожарна единица Велес излегле на терен и со едно возило и двајца пожарникари-спасители го извлекле телото од реката. Случајот веднаш е предаден на надлежните служби.Основното јавно обвинителство Велес потврди дека е издадена наредба за обдукција со цел утврдување на идентитетот на починатото лице и причината за смртта. Надлежната обвинителка Цветанка Богоевска изјави дека се преземени првичните истражни дејства и дека истрагата продолжува за да се разјаснат сите околности поврзани со настанот.Овој дел од реката Вардар во минатото бил место на повеќе трагични случаи. Во јули 2025 година, по шестдневна потрага, беше пронајдено телото на 16-годишната Теодора Б., која исчезна во водите на реката кај Уланци. Претходно, во јануари 2018 година, во истиот предел беше пронајдено и телото на 77-годишен маж со иницијали А.Н.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarykvd9fut7fjoa5p4unqK

Бела пена од Вардар и во Зелениково

Утрово вознемирени жители на селото Таор во општина Зелениково видоа загрижувачка глетка, одводниот канал што се влива во реката Вардар беше покриен со густа пена.Инцидентот се случил веднаш по активирањето на пумпите за отпадните води од системот на Скопско Поле, што веднаш го вклучи алармот кај локалните власти за можно сериозно хемиско загадување на Вардар.Ситуацијата е потенцијално сериозна бидејќи овој систем ги собира отпадните води од широк појас кој ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден и Петровец, регион каде што има и индустриски капацитети и земјоделски површини.За да се утврди што точно тече во Вардар, на барање на општината, екипи од Институтот за јавно здравје веднаш земаа мостри од водата и од сомнителната пена за хемиска анализа. Резултатите треба да покажат дали станува збор за детергенти, индустриски хемикалии или друг вид на опасен отпад.Случајот е пријавен и до Државниот инспекторат за животна средина.

Македонија | пред 1 месец

media-librarylqht9j2b6vh7ckYbkO2

(Видео) Се менува грдата слика во реката Вардар: механизација влезе да расчисти во центарот на Скопје

Со багери и механизација денеска започна расчистувањето на коритото на реката Вардар, кое во изминатите години беше преполно со пластика, отпад и наноси, најмногу во делот кај галиите во центарот на Скопје.Акцијата ја спроведува Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје, чиј тимови работат машински и рачно на терен.„Продолжуваат активностите со машинско и рачно чистење на коритото и косините на река Вардар. Екипи на ‘Улици и патишта’ Скопје и денес се активни. Рачно се отстранува насобраната пластична амбалажа и смет од косините, а багери и друга механизација го расчистуваат кабестиот и земјаниот материјал во централниот дел на кејот,“ соопштија од претпријатието.Во акцијата се вклучени сите расположливи екипи и машини на претпријатието, а чистењето ќе продолжи и наредните денови сè до целосно расчистување на кејот на Вардар.Реката Вардар со години претставува едно од најзагадените градски подрачја, особено поради отпадот што се задржува околу галиите и мостовите, а оваа акција е дел од пошироката кампања за генерално чистење на Скопје која ја најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

BRITANCI

(Видео)„Цунами од ѓубре во Вардар“! Млади туристи не можеа да го продолжат пловењето по реката

Млади туристи од Британија останаа комплетно изненадени по нивната авантура пловејќи по Вардар. На потегот од Желино кон Гостивар пловењето им беше оневозможено од, како што велат и самите „цунами од ѓубре во Вардар“.-Ќе се обидеме утре повторно од Скопје, буквално од тука, од ова место, не може да се продолжи по реката, велат тие во видеото што го снимија.фото: Инстаграм

Македонија | пред 3 месеци

screenshot-2025-08-09-090637

(Видео) Белгиец со гумен чамец по Вардар стана хит на Инстаграм

Белгиски државјанин, кој подолг период живее во Македонија и на своите профили на Инстаграм и Јутјуб редовно објавува видеа за својот престој, како и за секојдневниот живот во Скопје, неодамна објави ново видео што предизвика големо внимание.Во снимката, тој е прикажан како со гумен чамец плови по реката Вардар. Видеото за кратко време стана вирално, а за само неколку дена собра повеќе од 6.000 допаѓања на Инстаграм. Под објавата, бројни корисници од Македонија оставија хумористични коментари, шегувајќи се дека „станал радиоактивен“ или дека можел да закачи некоја бактерија.

Скопје | пред 4 месеци

20250808_211458

(Видео) Емоции и почит: „Комитите“ со транспарент за Карпалак

На вечерашниот натпревар меѓу Вардар и Пелистер, „Комитите“ ја искористија приликата да испратат силна и емотивна порака. На трибината, навивачката група развеа голем транспарент со натпис:„Прости ми моја најмила, сега јас сум ѕвезда деница. Карпалак, 08.08.2021“Со овој гест, навивачите на Вардар оддадоа почит на загинатите македонски бранители кај Карпалак, потсетувајќи дека спортот е и место за сеќавање и благодарност.Трибината, во комбинација со црвено-црните знамиња, создаде моќна слика што ги надмина рамките на фудбалот и се претвори во момент на национално сеќавање.

Спорт | пред 4 месеци

todora

Молат за помош да ја најдат 16-годишната Теодора Бабарчиќ која пред пет дена исчезна во Вардар

Најблиските на Теодора Бабарчиќ, 16-годишното девојче кое мината недела исчезна во водите на Вардар молат за помош. Нејзинот брат апелира до сите кои можат да се вклучат во потрагата.– Ги повикувам сите што се во можност да се приклучат на терен и да помогнеме заедно во потрагата по Теодора. Не треба ништо повеќе од добра волја и желба да се помогне. Мојот татко е веќе таму, кај село Уланци, Градско и ја координира потрагата бидејќи за жал, од институциите нема речиси никаква помош – објави братот на Теодора.За помош апелираат и други блиски роднини на Теодора.Девојчето е последно видено на 23 јули минатата недела и се бара помош за потрагата – и теренска и снимање со дрон по течението на Вардар кон Гевгелија.

Македонија | пред 4 месеци

vardar-1

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар, објави 4NEWS.mk

И денеска продолжува потрагата по 16-годишното девојче кое беше повлечено од водите на реката Вардар, информираат од МВР.Спасувачките екипи се на терен и интензивно трагаат по исчезнатото лице.Надлежните информираат дека потрагата ќе продолжи сè додека девојчето не биде пронајдено, при што се ангажирани припадници на полицијата, нуркачи, Армијата и други служби за спасување.

Скопје | пред 4 месеци

Vardar

И денеска се трага по тинејџерот кој потона во водите на Вардар

Потрагата по 16-годишното дете кое вчера потонало во водите на Вардар кај селото Улаци, Градско, продолжува и денеска.Ангажирани се екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-нуркачи, како и Специјалните сили - Волци, припадници на Армијата. На терен има и тим од ДЗССВР Велес вчера информираше дека кај нив било пријавено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, паднале во водите на реката.26-годишната девојка била пронајдена жива и извлечена од водата, додека за 16-годишното дете сѐ уште се води интензивна потрага.

Македонија | пред 5 месеци

Vardar

Пронајдено тело на непознат маж во Вардар кај Велес – наредена обдукција

Во реката Вардар, на влез во Велес вчера напладне е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат.„Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Македонија | пред 5 месеци

vardar-komiti

Струга го „здроби“ Вардар на Арената

Вардар одново доживеа дебакл откако загуби од шампионот Струга со убедливи 1:4 на Националната арена во Скопје, со што за Вардар ова е голем удар откако пред шест дена загуби во Тетово од Шкендија со 4:0.Влајковиќ погоди за водство на Вардар од 0:1, а Вардар преку Босанчиќ израмни на 1:1. Пред крајот на првиот дел Кампаоре донесе водство за Струга од 1:2. Во вториот дел Кампаоре со втор гол и Кехинде ги поставија конечни 1:4.

Спорт | пред 1 година

deponija-vardar-1

(Видео) Депонија и ѓубришта на кејот на Вардар

На омиленото шеталиште на карпошани и скопјани, некој направил депонија.Шпорети, кревети, мувлосани теписи, рѓосани бојлери и тенџериња некој истурил покрај самиот кеј. Кој ова го дозволил и зошто седи несобрано - исто останува отворено прашање. Според Законот за сѐ што е покрај реката Вардар надлежен е Град Скопје.Грдата слика ја надополнуваат и расфрлени лименки, пластични ќеси, догорчиња и кутии од цигари.На потег се или треба да се надлежните а за домашната (не)култура и грижа за животната средина во друга прилика.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-31-at-20.11.20

(Видео) Комитите го бркаа Миленко Неделковски, реагираше и полицијата на натпреварот Вардар-Воска спорт

Со „Оди си Миленко“ - Комити на градски бараат промена на Миленко Неделковски од раководните структури на Вардар. Тој пак, ги слушаше бидејќи беше на една од клипите на арената „Филип Втори“, каде клубот играше натпревар против Воска спорт.Во еден момент, реагираше и полицијата бидејќи Комитите тргнаа да се симнуваат од трибините, за да одат кон Неделковски. Во тој момент, службениците направија кордон.

Спорт | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-10.05.17

(Видео) Еве како градот го загадува Вардар: цела скопска канализација директно во река

Скопјанецот и македонски артист Марко Џамбазоски, објави снимка од која се гледа како отпадни води се влеваат во Вардар. Тој посочува дека ова е начинот на кој, реката се претвора во канализација. Ова се случува бидејќи проектот за пречестителната станица финансиран од странски пари, никако да мрдне од место.„Еве како градот го загадува Вардар. Целата скопска канализација, непрочистена, директно во река. Еден од ретките европски градови кој во 21 век сè уште нема пречистителна станица, ама битно десетици години ја ветуваат“, напиша Џамбазоски.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања