Промени тема
Контакт

Навивачката сцена во црно: Комити-Скопје ја загубија својата легенда Чичо Коле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-library23tgipim1jgofb5JE4L
ФБ

Навивачката група Комити-Скопје со длабока тага ја извести јавноста дека починал нивниот член Никола Јорданоски, познат меѓу навивачите како Чичо Коле.

Од групата истакнуваат дека загубата е тешка и дека нема зборови што можат да ја ублажат болката која ја чувствуваат во овие моменти. Чичо Коле, како што наведуваат, ќе остане запаметен по неговата искрена и безрезервна љубов кон фудбалскиот клуб Вардар, по неговото постојано присуство на западната трибина, но и по бројните заеднички спомени и приказни што ги делел со навивачите низ годините.

Посебно се истакнува и неговата улога како еден од иницијаторите за воспоставување на братските односи со навивачката група „Војводи“, што, според Комити-Скопје, претставува траен белег во историјата на навивачкото движење.

— реклама —

Навивачката група упати искрено сочувство до семејството, роднините и најблиските на Никола Јорданоски.

„Никола Јорданоски – Чичо Коле, засекогаш дел од нас“, порачуваат од Комити-Скопје.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf1scbj3bk5s3c85eSNz

(Видео) „Наш е Вардар, наш ќе остане“ – Комитите најавија бојкот и побараа заминување на Неделковски

Спорт | пред 5 дена

— реклама —
media-library4pocmijiu8dh4llDPog

Полн стадион, жестоки пораки и бојкот - „Комити“ удрија по Управата на Вардар: „Злото мора да замине веднаш!“

Спорт | пред 6 дена

media-libraryl5usug90fmi0dgOb4oS

„Комити“ најавија бојкот на сите натпревари на Вардар: „Управата на чело со Неделковски да си замине“

Спорт | пред 1 седмица

media-library5jqbuja9msdm0I61eGh

Жал во навивачките редови: „Комити“ го загубија Дени Маневски

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања