Навивачката група „Комити Скопје“ соопшти дека починал нивниот член Дени Маневски, испраќајќи емотивна порака до јавноста и до своето членство, во која нагласуваат дека загубата ја става во втор план секоја спортска тема.
Од групата велат дека за нив другарството на трибината е над сè, потенцирајќи дека со смртта на Маневски заминува уште еден од оние кои, како што наведуваат, младоста ја оставиле на трибината.
„Денес победата и изданието паѓаат во втор план, затоа што другарството на трибината за нас е секогаш над сè! Го известуваме членството дека денес не напушти Дени Маневски, уште еден брат од трибината, уште еден од оние кои младоста ја оставиле на трибина“, соопштија од „Комити Скопје“.
„Упатуваме сочувство до семејството и до сите пријатели на нашиот прерано починат брат. Засекогаш дел од нас!“, додаваат тие.
Жал во навивачките редови: „Комити“ го загубија Дени Маневски
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 7 часа -
Македонија
Поврзани содржини
Навивачката сцена во црно: Комити-Скопје ја загубија својата легенда Чичо Коле
Скопје | пред 3 месеци
(Видео) Емоции и почит: „Комитите“ со транспарент за Карпалак
Спорт | пред 8 месеци
Комити реагираат: Сејдини сака да ја намали нашата поддршка, па токму затоа собирот ќе биде пред ФФМ
Македонија | пред 1 година
„Живо ви е кралството, колку и другарството“ - Комитите возвратија на провокацијата од Гробарите
Македонија | пред 3 години