Навивачката група „Комити“ за време на вечерашниот натпревар на Вардар упати остри критики кон Управата на клубот, предводена од Миленко Неделковски, при што најави бојкот и повика на обединување на сите навивачи.
Од трибините „Комитите“ во текот на натпреварот пееја навивачки песни, меѓу кои и „Наш е Вардар, наш ќе остане“, со која испратија јасна порака за својата припадност кон клубот.
На „Јужната трибина“ беше истакнат и транспарент со порака до претседателот на Вардар: „Јужна со порака јасна, оди си свињо гнасна“.
„Комитите“ уште пред почетокот на натпреварот најавија протест против претседателот на клубот, Миленко Неделковски. Во текот на мечот повеќепати скандираа „Оди си Миленко“, барајќи негово заминување од Вардар.
По натпреварот, навивачката група најави бојкот и упати повик за обединување на навивачите, во знак на незадоволство од актуелните случувања во клубот.