ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ВМРО-ДПМНЕ

nikoloski

Николоски: Македонија беше рекордер по смртност во корона кризата заради лошите политики во здравството на СДС

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4 во рамки на денешните митинзи во струмичкиот крај имаше свои обраќања во рамки на изборната кампања чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври годинава. Николоски зборуваше здравството во земјава, поконкретно како сегашниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, комплетно го уништи здравството за време на неговиот мандат како министер за здравство како дел од претходната власт на СДС и ДУИ.,,Целосно го уништија здравството, здравство кое што беше целосно во колапс и на колена. Ја злоупотребија најголемата криза, корона кризата. Кога луѓе умираа секој ден за да вршат набавка на вакцини по три пати поскапи цени преку компанија за јужно овошје, наречена Стабри од Хонг Конг. Купуваа заштитна опрема по 10 пати повисока цена од она што беше реално. И последни, последни во цел регион обезбедија заштита на народот, мораше да чекаме донации од соседни држави за да почне народот да се спасува“, вели Николоски.Николоски потсети и на случајот Онкологија, веледрогеријата Пановски, инаку позната по тендерите за Онкологија, и случајот со хематологија, за кој обвинителството не презема никаква мерка.,,Тоа е истиот Венко Филипче, на кој што му се случи Онкологија. Но и таму, види чудо, има судски спор за лекарски грешки, ама нема судски спор или барем истрага на обвинителството за начинот на кој што веледрогерија Пановски, на пример, ги добиваше тендерите во истата таа Онкологија. А за хематологија воопшто не сакаат ни да чепнат“, рече Николоски.Тој го посочи и случајот со модуларната болница во Тетово, а и потсети дека Македонија беше рекордер по смртност за време на ковид кризата, под покровителство на Венко Филипче.,,Да не зборуваме за она што го направија со модуларната болница во Тетово и 14 изгубени човечки животи. Да се потсетиме дека Македонија беше рекордер по смртност во 2020,2021 и 2022 година, затоа што освен реклама ништо друго не направија за да го заштитат народот од корона кризата“, заклучи Николоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryhieg2cm8pmjp1jCACXB

Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дело

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, се обрати на денешниот народен митинг во општина Ново Село, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, чиј слоган е Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Николоски се осврна на актуелниот лидер на СДС, Венко Филипче, при што истакна дека Филипче наоѓа договори, а сумата не ја споменува од причина што истата таа сума Филипче ја троши за 5 дена за неговата јахта. И покрај се ова, според Николоски, Филипче јавно кажува дека е во комуникација со Артан Груби, бегалец од правдата, Зоран Заев, а го изостава Сотир Ампов, човек кој што имал фабрика за долен веш, а потоа наеднаш добива работа за надзор на изградба на автопати.,,Венко Филипче вчера, нашол еден договор во железница на цели 45 илјади евра, внимавајте сумата не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, Венко за јахтата троши отприлика за 5 дена, ако прави подолга дестинација или побрзо ја вози за 3 отприлика одат само за бензин“, кажа Николоски и додаде:,,И велат еве тоа е доказот, дека тоа што го правеле додека биле на власт било добро, затоа што и ВМРО-ДПМНЕ со истата компанија потпишала договор. И се фатија за железница која што ја оставија минатата година опустошена. Во двете железнички претпријатија преку 3000 луѓе без плата“.Николоски посочи дека Филипче, случајно или не, го изоставил Сотир Ампов, кого го нарече главна фигура во целиот конзорциум. Тој додаде дека и покрај очигледните сомнежи, обвинителството веќе една година избегнува да го истражува Ампов.,,Случајно или не, Венко Филипче вчера заборави да го спомене главниот во целата таа композиција, во целиот тој конзорциум како што го нарекуваа. Оној кој што имаше фабрика за долен веш, ама наеднаш почна да добива работа за надзор на изградба на автопати. И случајно или не, вчера заборави Сотир Ампов да го спомене, неговото семејство и двете нивни фирми коишто случајно или не, обвинителството еве една година одбегнува да ги истражува. Би сакал да ги повикам конечно да почнат тоа да го прават“, истакна Николоски.Според Николоски, обвинителството треба да испита како може Филипче да биде во комуникација со бегалец од правдата. Тој исто така нагласи дека токму поради ваквите случаи на злоупотреби и сомнителни врски, на претстојните локални избори граѓаните треба масовно да излезат и да стават крај на, како што вели тој, криминалната банда на СДС.,,А паралелно истиот тој случајно или не, се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби. Па ако не истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото еве од обвинителството, нека истражат како е тоа тој човек во комуникација со бегалец од правдата и мислам дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството , затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело“, заклучи Николоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo8hb3l4542ag5asgyIR

Димитровски: Скопје не треба да биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани

Даме Димитровски, носител на листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје на вечерашниот митинг во скопската општина Ѓорче Петров во рамки на кампањата со слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на проблемите, но и на решенија за истите кои ќе ги нуди Советот и новиот градоначалник на град Скопје.Димитровски говорејќи за актуелната ситуација се осврна на фактот дека, како што рече, во Скопје се гушиме во ѓубре, воздухот е отровен, насекаде има ѓубре, насекаде во сите области е хаос.„Скопје не треба да  биде град кој ги мачи скопјани, туку град кој им служи на скопјани. Свесен сум дека не чека многу работа. Ние имаме план имаме кој се основа на девет политики кои се темелат на европски искуства, на проверени работи“, кажа Димитровски во скопски Ѓорче Петров.Според него Скопје ќе стане град со современ јавен превоз, со транспарентно и чесно управување, со  маала со паркови.„Замислете во Ѓорче Петров да има воз на секои 7 минути со кој се стигнува до Центар брзо и безбедно“, укажа Димитровски.Димитровски заклучи „ние Скопје ќе го направиме град со кој се гордееме, град со  визија, затоа гласајте за број 9“.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryp9f1fda5e359bvXNh4E

Стојкоски: Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина

Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник за општина „Ѓорче Петров“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја истакна програмата  содржана од 140 проекти поделена во сите сегменти на жителите во Ѓорче Петров.„На овие избори настапуваме со програма од 140 проекти поделени во сите сегменти коишто го зафаќаат живеењето на жителите во Ѓорче Петров, програма којашто ќе ги опфати сите возрасти, категории. Јас во фокусот секогаш ги имам младите и во оваа програма ќе реализираме пет нови детски градинки во Ѓорче. Една детска градинка веќе ја правиме во Стопански, договорот е потпишан, и наредната недела започнува детската градинка во Дексион. Ќе продолжиме посветено да работиме и за децата во основното образование и тука ќе направиме пет доградби и едно основно училиште Гоце Делчев“, рече Стојкоски.Стојкоски исто така истакна дека ќе се изградат три нови спортски комплекси, и дека со воведувањето на фотоволтаичната централа на јавните објекти, општина Ѓорче Петров ќе стане првата независна енергетска општина.„Ќе продолжиме да работиме посветено и на спортската инфраструктура, ќе направиме три нови модерни спортски комплекси, ќе работиме силно и посветено за животната средина, Ѓорче Петров ќе ја добие и првата 2,2, мегаватна фотоволтаична централа на крововите на јавните објекти, со тоа општината Ѓорче Петров ќе стане првата енергетски независна општина“, рече Стојкоски.На крај Стојкоски посочи дека ќе се изгради и нова летна сцена со нов плоштад, како и изградба на нов мега парк од 18.000м2.„Ќе го изградиме новиот мега парк Македонија којшто ни е во постапка на кејот на реката Вардар со површина од 18.000м2 којшто ќе ги содржи сите потребни зони за рекреација, ќе има нова летна сцена, нов плоштад со нови патеки и нова фонтана. Во делот на животната средина ќе набавиме и ново комунално возило за собирање на зелен отпад, планирана изградба на првиот центар за примарна селекција на отпад“, објасни Стојкоски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarycrvr2ctu4khmchhSXDb

Филипче: За Владата на Мицкоски поважни се олигарсите, отколку работниците

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Велес, ја обвини  Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека наместо да ги заштити работниците, работи за големите олигарси.Филипче посочи дека власта ги одби сите добри законски решенија на СДСМ за покачување на платите и справување со високите цени на храната затоа што поважни им се газдите на маркетите.„Ги одби, затоа што за нив поважни се газдите и крупниот капитал, отколку работникот кој секој ден се мачи да стигне до крај на месецот. ВМРО-ДПМНЕ, заради интересите на неколку компании блиски до нив, ги остава работниците по страна. ВМРО-ДПМНЕ се плаши да им каже на големите компании: Време е да го почитувате трудот на работникот. За нив, 400 евра биле доволни. За пуленот на Мицкоски, Трајко Славески, и тие биле многу. Додека тие трошат за ПР кампањи народни пари, луѓето се оставени на страна“, рече Филипче.На трибината тој појасни дека граѓаните поради лошите политики на власта се оставени да не можат да врзат крај со крај во месецот.„Што има обичниот човек? Празна кеса од маркет, сметки што пораснаа и до 30% и тие секојдневно чувствуваат дека живот е сè потежок. Речиси три минимални плати денес не можат да стигнат за една потрошувчка кошничка, а камоли за сметките. Луѓето не се борат за подобар живот, тие се борат за преживување. И токму затоа оваа власт мора да се соочи со прашањето: за кого работат, за народот, или за олигарсите?“, нагласи Филипче.Во обраќањето тој потсети дека СДСМ и во најголемите кризи, Ковид кризата и енергетската криза, покажа што значи вистинска грижа за граѓаните.„Го воведовме првиот механизам што предвидуваше раст на платите согласно растот на трошоците за живот. Бевме првата Влада што вистински со конкретни дела покажа што значи социјална држава. Во нашето време, минималната плата стана достоинствена, пензиите растеа, а работниците беа заштитени. Имавме девет пакети на антикризни мерки во најголемите кризи, 2,6 милијарди евра отидоа директно во компаниите и кај граѓаните. Се заштитија 80.000 работни места, се заштитија 20.000 компании од пропаѓање. Сега нема ништо. Има молк, има лажен ПР, има манипулации и има само слики од митинзи“, рече Филипче, и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ наместо „балкански економски тигар“, како што ветуваа, ја претворија Македонија во економска пустина.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryg6bihnhkpdsfb4dFitH

Мицкоски: СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање.,,Сакам уште една работа да одговорам околу неговата „чесност“. Ја слушам и гледам една валкана кампања која ја тераат неговите прокси играчи и дебело платени мегафони со украдените пари. Слушаме приказни за тоа колку власта била нечестна, иако 7 години беа на власт, трипати ни го чешлаа секој денар и видоа дека нема ништо. Но, ајде да зборуваме за нивната чесност. Се сеќавате ли дека Венко Филипче заборави да пријави дека во Бугарија има фирма? Се сеќавате ли дека фирми кои работеа во РЕК префрлаа пари во Бугарија на други фирми блиски до струмичкото лоби и до братот на поранешниот премиер?“, запраша Мицкоски. Претседателот Мицкоски потсети и на ковид вакцините, кои претходната влада ги имаше набавено преку фирми од, како што вели тој, втора рака, и кои беа тројно поскапи од оригиналните цени.,,Се сеќавате ли дека набавуваше вакцини против ковид од Кина по ултра дебели провизии, преку фирми втора рака, по трипати повисока цена од оригиналната? Се сеќавате ли дека монтажната зграда која му изгoре на Филипче се градеше без одобрение, а тој нè убедуваше дека „кабелот е крив“? За сите овие работи Филипче треба да одговара. Но, кога ќе се покрене тоа прашање — молк. Зошто?“, рече Мицкоски и додаде:,,Затоа што над 80 кривични пријави и случаи, за кои имаше и јавно објавени гласови и пријави во обвинителството, се ставени во фиока. Зошто? Затоа што таму 7 години се редеа послушни партиски кадри. Седум години имаа енормни скокови во кариерата луѓе блиски до струмичкиот клан и до Венко. Затоа СДСМ не гласаше за промена на Коцевски, затоа што судството и обвинителството се последната гранка на која седи раководството на СДСМ. А кривичните пријави кои ги поднесовме се длабоко ставени во фиока и заклучени. Клучот е кај Венко“.Мицкоски истакна дека судството во земјава мора да биде независно и мора да има правда за сите, а додаде и дека по локалните избори следуваат промени затоа што судството мора да се ослободи од партиски и криминални стеги.,,Затоа, по овие избори, лично ќе се позанимавам со ова. Затоа што судството мора да биде независно и да има правда за сите. Знам дека таму не се собрани само интересите на СДСМ, туку и на ДУИ и на сите криминалци заедно. И нека се лутат колку сакаат, но ќе кажам: не само што не ги заслужуваат платите, туку и тие им се превисоки за таа неработа. Се разбира, има исклучоци, но сите други ја прават сликата јасна — ќе има промени и одговорност во судството и обвинителството. Македонија мора да успее и да победи. Затоа овие избори се важни. Да испратиме порака дека доаѓа крај на лицемерието, крај на криминалот и дека народот е посилен од ова сидро кое ја влече државата надолу. Затоа ќе победиме и ќе работиме за заедничка иднина“, заклучи Мицкоски.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0h6umhreaottaXNKC2P

Филипче : СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа во Велес, истакна дека за година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална незаинтересираност за граѓаните, за мерки за подобрување на животниот стандард.„Помина година и пол од оваа власт. Период во кој имавме сите доволно време да видиме со кој си имаме работа и кои политики ги носи оваа власт. Доволно време да сфатиме дека имаме ненародна, арогантна, но пред сè власт без чувство за потребите на луѓето. Ова е реалноста,“ порача Филипче.На граѓанската трибина Филипче потсети дека СДСМ и како опозиција, исто како и додека беше на власт ги има истите политики кон граѓаните - поддршка за граѓаните, покачени плати и реална политика за подобрување на стандардот и имаше реално добри закони со кои се олеснуваше секојдневнието„СДСМ цела година нуди решение – минимална плата од 500 евра! Не популистички, туку со јасна методологија, со модел што веќе докажа дека функционира, ние покажавме дека државата може да расте и кога има кризи, ако има грижа за граѓанинот,“ истакна Филипче од Велес, и додаде дека земјите од регионот како Албанија веќе ја покачува минималната плата на 520 евра, во Србија минималната плата расте секоја година.Во обраќањето, Филипче ја обвини Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ги одби сите предлози на СДСМ што се во интерес на работниците.„Имаше реални добри закони со кои се олеснуваше секојдневнието. Имаше пет иницијативи за покачување на платите, како минималната така и просечната во приватниот сектор. Што направи Владата на ВМРО-ДПМНЕ? Ги одби сите иницијативи. Предложивме мерка и за компаниите да ги субвенционираат придонесите за да не биде терет на компаниите, а сепак да има раст на платите. И тоа го одбија “, нагласи Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryil9qv5ric8ub9D3iEZm

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот митинг во општина Јегуновце, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, имаше свое обраќање и зборуваше за опозициските партии и нивните претседатели, кои како што вели тој, водат црна кампања и функционираат како непринципиелна коалиција. Мицкоски потсети на тоа што правеше Левица, кога рушеше се што е на народот, и каква кампања водат Али Ахмети и ДУИ, од кои СДСМ зборува за дом, а имаа 7 години да зборуваат и направат нешто за тоа, додека ДУИ ја враќа кампањата со децении наназад, што не соодветствува со светските стандарди.,,Кога сме кај политичките пораки, мојата политичка порака е за да нема дилема. На овие локални избори, бираме помеѓу две концептуално спротивставени опции. Едната е онаа тивка коалиција, која што ја сочинуваат три политички партии, тоа е СДСМ, ДУИ, и политичката партија Левица. Тоа се трите политички партии коишто ја сочинуваат онаа концептуално различна понуда од нашата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тие се тие две практично концепти. Тие се тие две спротивставени страни коишто ќе се соочат на овие избори“, рече Мицкоски.Мицкоски зборуваше за коалицијата  Ахмети, Филипче, Апасиев, и истакна дека нивната заедничка поврзаност е гневот кон ВМРО-ДПМНЕ.,,Оваа непринципиелна коалиција, составена од овие три чинители. Венко Филипче, Али Ахмети и Димче Апасиев се здружила, жедна и гладна за власт, моќ, привилегии. Но исто така, најважната работа којашто нив ги поврзува, е големиот гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е точката која што овие три политички партии ги поврзува. Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.Мицкоски се осврна на сите политички партии потсетувајќи прво што правеше Левица како дел од Шарените кои рушеа се што е создадено со народни пари, дека земаа пари од СЈО кое имаше за цел да го руши ВМРО-ДПМНЕ, а денес безмилосно ја цицаат самата партија.,,Сетете се 2015-2016 што правеа тие низ Македонија. Фарбаа, уништуваа, палеа државен ваш имот направен, со ваши народни пари, за да по насилен пат симнат една влада која што имаше легитимитет од народот. Тоа беше врхушката на денешната политичка партија Левица. Дел од нив станаа составен дел од СЈО, кое што имаше една задача пред себе, а тоа беше да врши тортура и политички прогон врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа беше единствената задача кое што ова СЈО ја имаше пред себе. До ден денеска кога гледаме како ја цицаат сопствената партија Левица “.Мицкоски се осврна и на кампањата на ДУИ и Филипче.„ Венко Филипче излезе пред граѓаните со слоган ,,Се бориме за нашиот дом“ . Прашањето е за кој дом? За хациендите во Дубаи, за хациендите на Халкидики, за јахтите на Халкидики, за фирмите во Петрич. За што се борат? Имаа тие можност да се борат за својот дом 7 години. ДУИ и Али Ахмети, цела кампања ја водат враќајќи не наназад цели децении, 30-40 години, потсетувајќи не за некакви средби со генерали, или не знам што. Во кампања во која што треба да зборуваме за иднина, во кампања во која што светот зборува за вештачка интелигенција, кога светот зборува за големиот зелен договор, кога светот зборува за освојување на космосот“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryahespv4ic8fkfjymtB4

Костадиноски: Продолжуваме да работиме со уште позасилено темпо за модерно Јегуновце со инвестиции во паркови, во спортот и во младите

Димитар Костадиноски, кандидат за градоначалник за општина Јегуновце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ги истакна сите реализирани проекти за неговиот четиригодишен мандат во општина Јегуновце.Костадиноски истакна дека во општина Јегуновце е регулирано речното корито на реката Вардар, отворени се две нови градинки, асфалтирани улици, и нови тротоари.„Во изминатиот период го регулиравме речното корито на река Вардар, обезбедивме вода за пиење, изградивме фекални канализации во неколку населени места, отворивме две детски градинки, асфалтиравме локални улици, изградивме тротоари, им дадовме нов живот на училиштата, на парковите, но најмногу од се ја вративме надежта“, истакна Костадиноски.Во новата програма Костадиноски потенцираше дел од важните проекти и тоа изградба на нови фекални канализации, нови улици, тротоари и земјоделски патишта за земјоделците, како и изградба на современи паркови.„Во новата програма планираме да изградиме нови фекални канализации во останатите населени места, нови локални улици, тротоари и земјоделски патишта за нашите највредни земјоделци. Изградба на современи паркови опремени во сите стандарди, ќе продолжиме со инвестиции во образованието, културата и спортот, набавка на нови возила за собирање на комунален смет, противпожарно возило кое е потребно за сите жители на општина Јегуновце“, рече Костадиноски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryeonglpapkhd1djwUi6H

Стојаноска: Вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9

Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на работата на Димитар Костадиновски, кандидат за општина Јегуновце.„Диме е неуморен, не се плаши од критика, од проблеми, напротив запознаен е со се и знае што може, а што не може и кажува зошто не може. Во Јегуновце нема неасфалтирана улица, нема дете што чека за упис во градинка“, рече Стојаноска.Според Стојаноска Јегуновце може да стане привлечно место за сите посетители, за вкусна храна, центар за спортски настани.„Диме добро знае што значи поддршка од централната власт. Тоа го виде во овие 15 месеци откако Влада е на ВМРО-ДПМНЕ, а поддршката за него и ќе продолжи во следниот период“, кажа Стојаноска.Стојаноска упати пораки и до актуелниот и идниот градоначалник Костадиновски и до личностите кои се на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Советот во општина Јегуновце.„Продолжи со исто темпо и продолжи ја својата приказна. Општината е доказ дека може да се успее, иста е и пораката и до советниците. Ние во ВМРО-ДПМНЕ успеавме поради истрајноста, упорноста, вербата и јасна визија за иднината. Советници следете ја јасната визија на градоначалникот сегашен и иден и  јасната визија на претседателот Христијан Мицкоски“, заклучи Стојаноска.Стојаноска повика и укажа дека вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3jb1uivofkl82RBfBLl

Богдановски: Теарце добива нов резервоар за вода, мултифункционални игралишта и подобрување на патната инфраструктура

Томислав Богдановски носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за Советот на Општина Теарце, на денешниот митинг во општина Теарце, кој е во рамки на кампањата за локалните избори, и истата се води под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина“, истакна дека Општина Теарце заслужува подобри услови за живот. Тој додаде и дека ќе се вложува во   патишта, осветлување, училишта, спорт, култура и туризам и како што вели тој, никој нема да биде заборавен.,,Стојам пред вас како млад човек, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Теарце. Стојам со чисто срце, со јасна визија и со безрезервна волја да ја вложам целата своја енергија за подобрување на животот на секој жител во оваа општина“ рече  Богдановски.Тој истакна дека Непроштено има реална потреба од ново училиште за учениците кои учат на македонски јазик, како и од подобрување на општата инфраструктура, спортските и рекреативните површини, осветлувањето.,, Мојата најголема сила не доаѓа од функцијата, туку од вас, граѓаните. Јас ќе бидам тој што ќе го даде својот придонес за Непроштено да живее достоинствено, онака како што заслужува. Непроштено заслужува реновирано спортско игралиште, рекреативно катче за најмалите, модерна инфраструктура“, истакна Богдановски.Богдановски додаде дека Лешок заслужува пристоен животен стандард преку обезбедување чиста вода за пиење, подобрена инфраструктура и улично осветлување, уреден влез во селото и безбедни патишта,,Лешок не заслужува да биде само убаво име на хартија, туку и место кое ќе биде центар на туризмот во Полошкиот регион“, кажа Богдановски и додаде:,,Ние сме 7 села со седум срца кои чукаат заедно. Јас нема да ве гледам како гласачи, туку како соработници. Ќе бидам тука не само пред избори, туку секогаш кога ќе треба . Го познавам секое село, секој сокак, секој проблем  и заедно ќе ги решаваме. Со поддршка од централната власт и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, знам дека ќе успееме“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarync2a1acmcjon6bR9qEt

Мицкоски: На овие избори изберете 9 за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за напредок и развој на Македонија

На денешниот народен митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што потенцираше дека е убеден дека граѓаните во голем број ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ќе гласаат за бројот 9 за да продолжи Македонија да се развива и гради.Понатаму Мицкоски истакна дека на овие избори постојат две коалиции, едната СДС-ДУИ и Левица а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.„Овие избори, се избори на коишто има две опции, едната опција е коалиција којашто е формирана на непринципиелен начин, коалиција којашто се обедини затоа што е гладна за власт едните за прв пат а другите да го повторат тоа што го правеа 7 години. Втората причина зошто тие се обединија е неподносливиот пандемиски гнев кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата којашто ја сочинуваат СДС, ДУИ и Левица. Тоа е коалицијата којашто ја формираа Венко Филипче Али Ахмети и Димитар Апасиев. Тоа е таа неформална коалиција. Тоа е коалицијата којашто живее од Македонија. И втората опција е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“ кажа Мицкоски.Мицкоски потенцира дека првата коалиција е враќање назад и уназадување на Македонија а втората опција е ВМРО-ДПМНЕ за напредок и развој на државата.„Ова се двете коалиција кои на овие избори имаат сосема различни концепти. Првата коалиција е коалиција којашто не враќа назад како оние 7 години кога се ограбуваше Македонија, кога се распродаваше македонскиот идентитет и кога се распродаваа Македонија, и втората опција е ВМРО-ДПМНЕ, за напредок и развој.Мицкоски истакна дека политичката партија Левица кoja е во коалиција со СДС и ДУИ  не извади кандидати од каде што доаѓаат нивните пратеници и претседател на партијата но затоа пак имаат кандидати во Струга, Тетово и Гостивар.„Не извадија кандидати ниту во Штип од каде што доаѓа втората фигура во раководството на таа партија, но затоа извадија во Тетово, Гостивар и во Струга. Зошто? Само поради една причина, да можат да направат дисипација, раслојување на анти ДУИ гласовите. Тоа нема да им помине, народот не им верува“ истакна Мицкоски.Мицкоски заклучи дека на овие избори огромен број граѓани ќе ја изберат втората опција тоа е опција на раст на развој на инвестиции, на план и визија за Македонија.„Затоа од овде ве повикувам на 19 октомври да го заокружите бројот 9 и во првиот круг за ја завршиме работата“ заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr6ljj0p8p00g3Su716t

Илиевски: Приоритет за наредните четири години е градинка во село Челопек и дом за стари лица во Брвеница

Јовица Илиевски, кандидат за градоначалник за општина Брвеница од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се обрати кон присутните истакнувајќи дека во изминатите четири години општина Брвеница покажа дека чесната, транспарентна и посветена работа резултираа со успех, со реализација на ветените проекти при што се осврна на истите.„Реализиравме вкупно 125 проекти, извршивме комплетна реконструкција на повеќе училишта во нашата општина со термоизолациона фасада, внатрешно уредување, нови кровови, како и изградба на спортски терени со вештачка трева во сите населени места. Изградивме и уредивме рекреативни паркови во сите населени места. Отворивме нов бунар за водоснабдување со нова пумпа и куќиште, поставивме нови автобуски постојки, нова канализациона мрежа во целата општина, покриена е 90 проценти од патната инфраструктура во нашата општина“.Илиевски во продолжение пред присутните ја претстави визијата и програмата кои ќе значат континуитет во изградбата на општина Брвеница во уште посовремена, економски успешна и развиена општина Брвеница во наредните четири години.„Како број еден проект ја нагласувам изградбата на новата градинка во село Челопек, со капацитет од 50 корисници, со чија изградба ќе се обезбеди место за секое дете, особено за оние од социјално ранливите семејства, престојот ќе биде бесплатен. Развојот на индустриската зона „Брвеница“, ќе ја прошириме оваа зона за да донесеме уште повеќе инвестиции и да ја намалиме невработеноста. Нов проект за повеќе населени места кои имаат потреба од довршување на примарната и секундарната мрежа за отпадни води. Изградба на дом за стари лица во Брвеница со капацитет од 50 корисници. Планирани се и нови проекти во културата, спортот, животната средина, здравствената заштита и дигитализација на општината“, рече Илиевски.На крај, Илиевски истакна дека работи за успех на општина Брвеница, со јасна визија и јасен став во насока на подобрување на животот на сите граѓани без разлика на вера или етничка припадност.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryscna8cheg0394ysd8PY

Сајкоски: Нашата сила е во заедништвото тоа ќе донесе промени кои ќе значат економски развој

Крива Паланка ќе добие нова енергија и нов развој со победата на Оливер Алексовски за градоначалник и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори – порача денеска Ѓорѓија Сајкоски.„Промените се неминовни. Крива Паланка заслужува повеќе – нова инфраструктура, економски развој, подобро образование и поквалитетно здравство. Сето ова ќе биде возможно со тимот кој го предводи нашиот кандидат за градоначалник, Оливер Алексовски“, изјави Сајкоски.Тој посочи дека новиот тим има јасна визија, цел и силна поддршка од централната власт, што ќе овозможи побрза реализација на проекти и подобрување на животот на сите граѓани во општината.„Обединете се околу нас, околу кандидатот за градоначалник и околу нашата советничка листа. Само така можеме да обезбедиме победа што ќе значи развој, подобра иднина и Крива Паланка конечно да го добие сјајот што го заслужува“, истакна Сајкоски.Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе бидат посветени на реални и изводливи проекти, кои ќе ги подобрат условите за живеење во сите населени места од општината.

Скопје | пред 3 месеци

media-library3gfkvo84onu1flWD1hb

Проданоски: Реконструкција на улицата „Александар Македонски“ и нов кружен тек за побрз и побезбеден сообраќај во Прилеп

Како еден од најзначајните проекти за развој на Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ ја претстави реконструкцијата на улицата „Александар Македонски“. Оваа изјава ја даде Дејан Проданоски, претставник на партијата, кој нагласи дека улицата претставува клучна сообраќајна артерија и „порта кон градот“.„Фактичката состојба на улицата не одговара на амбициите за модерен и развиен Прилеп. Затоа решивме да пристапиме кон целосна промена, која ќе донесе големи придобивки за бизнис секторот и стопанството што се развиваат на оваа страна од градот“, изјави Проданоски.Реконструкцијата ќе се реализира во две фази: првата ќе ги опфати 1200 метри од крстосницата кај Чумовчани до ресторанот „Анита“, додека втората ќе се протега на 3200 метри, од „Анита“ до Ново Лагово. Проектот предвидува не само обновување на коловозот, туку и доградување на постојниот профил, изградба на тротоари од двете страни и поставување на современи велосипедски патеки, со што се обезбедува безбедност и за пешаците и за велосипедистите.„Оваа реконструкција ќе опфати и целосна замена на водоводната и канализационата мрежа, нови рабници и сливници, како и воведување на самонивелирачки капаци на шахтите – иновација која гарантира квалитет, трајност и безбедност“, посочи Проданоски.Посебен акцент во проектот е и изградбата на нов кружен тек кај „Димо Наредникот“, кој ќе овозможи побрз, побезбеден и поефикасен проток на сообраќајот, елиминирајќи застои и гужви.„Со оваа инвестиција, секој ќе има своја улога: пешаците ќе добијат безбедни тротоари, велосипедистите модерни патеки, а возачите широка и уредена улица. Ова е симбол на новиот, модерен и европски Прилеп, град кој се развива и има инфраструктура која служи на сите граѓани“, заклучи Проданоски.Оваа амбициозна реконструкција го поставува Прилеп на патот кон модерна урбана средина, со инфраструктурни решенија кои ги следат највисоките стандарди.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања