ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ВМРО-ДПМНЕ

filipce-ck-sdsm

Филипче: Резолуцијата ги јакне нашите позиции, таа е државен консензус за црвени линии

Денеска од Кисела Вода претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање порача дека СДСМ не ги урнало националните интереси на државата, ниту пак гледа дека нешто вратило ВМРО-ДПМНЕ. Но рече дека има документ со кој може да се потврдат црвените линии и заедничката позиција со национален консензус.„Станува збор за потврдување на нашите црвени линии, потврдување на нашата заедничка позиција со национален консензус за првпат. Значи не станува збор за уривање туку за зајакнување. Ајде еднаш да сите заедно 120 пратеници како што тоа го прават сите држави вклучувајќи ја и Бугарија коишто имаат сите пратеници заеднички декларации во собранието бугарско за нивните национални интереси, ајде тоа да го направиме ние. Да конечно јасно и сите да потпишеме што е тоа што е наше национален интерес кои се нашите црвени илини и дека за тоа едноставно не преговараме.“, рече Филипче.Тој истакна дека токму тоа стои во предлог резолуцијата која точно е утврдено дека за јазикот, идентитетот, културата, историјата ниту една влада повеќе нема да преговара.Но повика за тоа да се зборува по изборите со цел овој период фокусот да биде ставен на локалните кампањи и презентација на програмите.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryj663k33jeql22BLCw74

Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за најавите на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Орце Георгиевски дека во Скопје ќе има воз, оцени дека станува збор за уште лага од низата нереални и лажни ветувања.„За жал сметам дека е тоа уште едно во низата лажни ветувања. Таква пруга ниту има каде да се направи ниту имаат траси, едноставно е ветување дадено од рака. Меѓутоа има едно многу други интересно прашање е што пред две или три недели,  Јавното претпријатие Македонски железници и инфраструктура потпишала договор за надзор за изведба на санација на одредени делници на пруга со италијанската компанија ИРД којашто е надзор на автопатите Бехтел и Енка и истата таа компанија за коешто многу претставници на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и вицепремиерот Николовски обвинуваа дека се криминални зделки склучени од претходната влада. Обвинуваа дека фирмата работела само во Македонија и Молдавија, а не во Италија иако италијанска. Обвинуваа дека, поставуваа сомнеж како тоа да еден од директорите одговорен за Македонија претходно бил вработен во министерството за транспорти врски и сега после сите тие обвинувања после повиците до ОЈО да ги истражи тие таканаречени зделки сомнителни итн, тие потпишуваат договор со истата компанија“, изјави Филипче.Притоа Филипче констатираше дека нема крај на лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ кое дојде на власт со лажна изјави, лажна кампања и лажни ветувања пред граѓаните.„Па има ли поголем доказ од тоа дека сè што кажуваа е невистина и дека нивната кампања беше изградена на лаги и манипулации?“ рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarykdtvf6dn7d162QAT7le

Саракинов: Кандидатот на СДС, Филипче и Заев - Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици

Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ ја критикува поддршката што СДС, Филипче и Заев му ја даваат на Стевчо Јакимовски, кој во 2021 година ветуваше 250.000.000 м2 нови зелени површини во Карпош.„Четири години подоцна, наместо зеленило, во Тафталиџе има десеткатници, а зелените површини се уништени и занемарени. Ова е резултат од тајната коалиција меѓу СДС, Филипче, Заев и Јакимовски, која го пушта низ вода нашиот град“, рече Саракинов.Тој предупреди дека гласот за Јакимовски значи повеќе бетонизација и уништување на зеленилото, за профит на урбаната мафија.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryrm1v13jpf1fi89WWFup

Мицкоски: СДСМ настапува со слоганот „се бориме за нашиот дом“, а заборавија дека до пред година дена управуваа со домот кому му ги уништија темелите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Битола во рамки на кампањата за локалните избори на 19 октомври која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина! се осврна на слоганот на опозициската СДСМ.Мицкоски посочи дека е фино што на СДСМ им текна да излезат со таков слоган „се бориме за нашиот дом“, но заборавиле дека до пред година и некој месец тие управуваа со домот, односно Македонија и државата ја оставија не со нарушени, туку со уништени темели, вработени без исплатени плати, земјоделци без исплатени субвенции, пола милион граѓани со по 150 денари на ден, двоцифрена инфлација.Претседателот истакна дека, од моментот на преземањето на одговорноста да ја води Владата, секој ден во владата доаѓаше по некој кој сведочеше за аванси, провизии кои му ги барале во време на власт на СДСМ, за да му завршат работа.„СДСМ на овие избори настапуваат со слоганот „се бориме за нашиот дом“. И сè е тоа фино, ама забораваат дека пред година и три месеци тие управуваа со домот. И она што го затекнавме не беа нарушени туку уништени темели. Кога ќе се сетам дека првите одлуки кои ги донесов како премиер беа да враќаме плати кои тие не ги исплатиле и дека делевме субвенции кои тие со години не ги исплаќаа. Секој ден во владата ми доаѓаше по некој кој сведочеше за аванси, провизии кои му ги барале за да му завршат работа. Немаше темел кој не беше руиниран од домот кој тие ни го водеа. Се сеќавате дека 500 илјади наши сограѓани, поточно секој трет човек во државата живееше со 150 денари на ден. Дека имаше двоцифрена инфлација, дека го руинираа животниот стандард на чие кревање напорно и постепено работиме“, рече Мицкоски.Од друга страна, додаде Мицкоски, ДУИ беа господарите кои одлучуваа за целата економија, за тендерите, купуваа трговски центри, бензински пумпи и што уште не.„Се сеќавате ли на Артановци кога во државните канцеларии, онака, лаконски и мирно си играа фудбалче и даваа кошеви, додека народот страдаше за корка леб? Ете, така тие се грижеа за домот. Сега нивната борба е за враќање на ова време кое народот веќе еднаш го порази. Тоа време на народот не му носи ништо добро“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library9kc3b6lu618pexEH32q

Петрушевски: СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше

Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ жестоко ја критикуваше СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи ги за, како што вели, лицемерна политика и заблудување на јавноста.„СДСМ не може да има црвени линии, тоа е уште една лага, како жицата од гитарата на Заев во која се колнеше“, изјави Петрушевски.Тој посочи дека или СДСМ и Филипче имаат „многу лош ПР“, или пак „мислат дека народот заборава кои се тие“.„СДСМ е партијата чиј претходен претседател и ментор на Филипче, Зоран Заев, ветуваше дека ако го смени името, ќе му се скине жицата. Го смени името, а од жицата – ништо. Сега и Филипче си најде своја жица – ја нарекува црвени линии, а всушност се бонбона-бизниси за Бугарија, државата од каде со Заев вртат милиони, од адреси каде фирма има и тој самиот“, додаде Петрушевски.Според него, Филипче со своите ставови испраќа порака до официјална Софија дека е „спремен на се“, што, како што тврди, народот го гледа и ќе знае да го санкционира.„Никој не очекува од СДСМ и Венко национална политика, сите знаеме што се крие зад тоа. Затоа и ќе бидат казнети на овие избори со историски најслабиот резултат“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков, во гостување на МТВ, говореше за големите предизвици со кои се соочил изминатите години откако седнал на градоначалничката функција. Тој истакна дека како еден од клучните моменти за него е намалувањето на долгот од 14,5 милиони евра на 3,5 милиони.Пецаков наброја голем дел на реализирани проекти како што се велосипедски патеки, реконструкција на плоштади, фотоволтаици, основно училиште, спортска сала во Лескоец и други. Во однос на тоа што да се очекува од него следните 4 години, Пецаков ги истакна неговите ветувања.„Уредување на булевар „Туристичка“ во пресек со улицата Стив Наумов до Јане Сандански, уредување на кејот Македонија, на кејот во Пештани, реконструкција на културните домови во Љубаништа, Кочишта и во Црногорци, продолжување на фекалната канализација, започнавме со проект за одобрение на втора катна гаража, но и уште еден проект за одобрение за уште едно училиште“, посочи Пецаков.Градоначалникот Пецаков најави и стратегија за туризмот во наредните 10 години и како што кажа во соработка со централната власт ќе работат на зголемување на туристите во Охрид.„Стратегијата која ќе биде направена за наредните 10 години, заедно со централната власт би можеле заеднички да ја спроведеме. Синергијата помеѓу локалната и централната власт, со добивањето на посебно Министерство за култура и туризам, сметам дека ќе даде добри резултати, не само по однос на зголемување на бројот на туристи, што е основен императив за еден туристички центар, туку и во квалитетот на туризмот во иднина“, потенцираше Пецаков.

Македонија | пред 3 месеци

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси

Венко Филипче, кандидат на СДСМ, преку новата резолуција се обидува да си отвори пат за нови „бонбона бизнис“ зделки заедно со неговиот политички ментор Зоран Заев – тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи го за штетни политики и работење спротивно на македонските национални интереси.„Филипче покажа и докажа дека му се важни само личните интереси, дури и по цена на понижување на македонскиот идентитет“, се вели во соопштението на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Филипче основал фирма – Power i8 Ltd, регистрирана на иста адреса со компании поврзани со семејството Заеви, вклучително и фирмата „Гомасидра“, каде, според наводите, завршиле 9 милиони евра од тендерот за јаглен за РЕК Битола.„Ова криминално дуо, откако ги сврте 9-те милиони евра, отвори фирма и во Дојран за производство на фотоволтаици. Прав бонбона бизнис“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според партијата, врската меѓу Филипче и Заев продолжува и преку заеднички интереси во Бугарија, каде, како што тврдат, се подготвува нова соработка на штета на македонските граѓани.„Наместо да работи за бугарските интереси, Филипче треба конечно да почне да работи за македонските“, порачуваат од опозициската партија.„Бонбона бизнисите не се вредни за Филипче да го предаде македонскиот народ и неговиот идентитет“, стои во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека граѓаните ќе знаат да препознаат кому да ја дадат довербата на претстојните избори:„Граѓаните се мудри и не ги поддржуваат ваквите политики. Затоа, на овие избори, ќе го направат вистинскиот избор – заокружување на бројот 9, за горда Македонија.“

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykun0sn2mbqmrfEj0Kh1

Крмов: Забраната за рекламирање на Левица е политичка цензура

На народниот собир во Велес, освен претседателот на партијата Димитар Апасиев, присуствуваше и пратеникот Борислав Крмов, кој е и координатор на Изборна единица 3. Крмов се обрати пред граѓаните и зборуваше за цензурата со медиумско рекламирање што ѝ се прави на Левица.„Претседателот Апасиев и јас, како пратеник од оваа Изборна единица, сме тука за да дадеме поддршка на нашите членови од советничката листа. За локалните проблеми тие зборуваа и тие најдобро ги познаваат. Јас сакам да се осврнам на главната вест – забраната за рекламирање на Левица,“ рече Крмов.Тој нагласи дека ова не е обична мерка, туку чекор карактеристичен за авторитарни режими:„Граѓаните треба да знаат дека ова е политичка цензура. Авторитарните режими прво удираат на својот најголем непријател, а тоа очигледно е Левица. Ако СДСМ беше најголем противник на ВМРО-ДПМНЕ, ваква забрана ќе им се случеше ним. Како може триесет години тоа да не се случи никому, а денес се случува токму на Левица?“Крмов предупреди дека ваквите процеси не застануваат само на партиите:„Ова се, за жал, профашистички тенденции на власта. Прво ќе тргнат со политичките партии што им пречат, а потоа тоа ќе се префрли и кај граѓаните – со цензура, апсења и репресија. Затоа ова мора веднаш да се спречи.“И покрај забраната, Левица најавува дека овој срамен чекор на власта ќе го претвори во предност:„Нашиот наводен хендикеп, што нема да нè има во медиумите, ќе го претвориме во сила. Со тоа што Левица е единствената партија на која ѝ се забранува рекламирање, нè издвојуваат како единствена сила надвор од мноштвото. Ја акцентираат Левица како единствената партија што му прави проблем на ВМРО-ДПМНЕ и на целиот систем, како страно тело кое тие сакаат да го исфрлат.“Крмов порача дека токму тоа е надежта на граѓаните:„Луѓето триесет години чекаат нова, вистинска опција. Тоа е Левица – фактички, единствената опција на овие избори.“

Македонија | пред 3 месеци

filipce-ck-sdsm

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ економијата е на колена, секој ден има нови негативни економски показатели

Не постои ниту еден економски податок со кој може ВМРО-ДПМНЕ  да се пофалат, но затоа немаат проблем да лажат дека сме биле трети, четврти  петти, први во Европа, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Кисела Вода.Филипче предупреди дека економијата тоне, и секој ден има поразителни економски податоци„Економијата е на колена. Денес повторно поразителни податоци, пад на вработените во индустријата. Паднаа странските инвестиции за повеќе од половина, три месеци по ред не се случило до сега да паѓа  просечната плата. Инфлацијата е меѓу највисоките во Европа. Минималната плата најниска во Европа“, рече Филипче.Говорејќи за економската состојба, Филипче посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ за година и пол не направи ништо за државата да напредува.„Нема ниеден сегмент во кој може да се пофалат дека нешто направиле добро за државата, тоа е вистината со Христијан Мицкоски и со неговите политики.Ова е реалноста. Лажат, манипулираат и трошат пари за себе. А граѓаните остануваат без иднина“, рече Филипче.Во обраќањето пред граѓаните, Филипче порача дека СДСМ  нема да дозволиме ваквата состојба да продолжи, СДСМ се бори и ќе се бори за држава што е дом за сите, а не за мала група луѓе.„Се бориме за нашиот дом, за достоинствени плати, за пензија што носи мир за пензионерите, за млади што остануваат, за општини што работат за луѓето, што се отворени, чесни и  сервис на граѓаните - едноставно дом за секој еден од нас“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryjno8v1gvdev8d56HGR0

Мицкоски: На раководството на СДСМ не му веруваат ниту традиционалните гласачи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Зрновци, меѓу другото, порача дека работите на политичката сцена во Македонија се јасни, дека опонентите преку измама сакаат да доберат до фотелјите, кои наместо за проекти и план, зборуваат со омраза и се служат со интриги.Мицкоски посочи дека претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Венко Филипче се служи со истите лаги со кои се служеше неговиот претходник, Зоран Заев кој на времето ветуваше живот за сите, а Филипче сега ветува среќен живот.„Ги слушам вчера изјавите на претседателот на СДСМ, каде ветува среќен живот. Тој пред него ветуваше живот, сега овој ветува среќен живот. Истите лаги, од исти луѓе. Уште едно ветување кое, исто така, го дадоа е подарокот кон нашиот источен сосед. Измислија нов подарок за ново предавство национално, кое сега го спакуваа во еден документ наводно патриотски предлог, наречен Резолуција со црвени линии за решение со нашиот источен сосед“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека е просто неверојатно е колку овие луѓе се забегани и мислат дека со истите финти ќе успеат, потценувајќи го народот да го прелажат.„Мора да бидат казнети затоа што сакаат повторно да направат измама на ист начин и буквално со истите финти. Не се променети и затоа мора и овој пат да бидат казнети, бидејќи, очигледно дека лекцијата од април, мај 2024 година не ја научија“, истакна Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека резултатите од спроведените анкети говорат дека рекордни 83% од граѓаните не им веруваат дека се искрени во тоа што го зборуваат, што покажува дека дури ни традиционални гласачи се свесни дека не ја говорат вистината.„Замислете што уште кажа претседателот на СДСМ. Тој рече, верувале или не, дека тие биле искрени. Ако правите анкета и ако ги прашате граѓаните дали мислат дека навистина овие од СДСМ се искрени и дали им веруваат за тоа што го зборуваат, рекордни 83 проценти ќе ви кажат „не“. И најголемиот дел од нив кога ќе ги потпрашате ќе ви кажат и брутално, а зинат лажат. Тоа е таа отсутност и обид да си кажат нешто, па ако им пројде – пројде. Дури и нивните традиционални гласачи се свесни дека не ја говорат вистината, што впрочем се гледа и од анкетите. И сега, тие продолжуваат бесрамно да зборуваат дека биле искрени. Човек просто не може да верува. Немам зборови“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryokn6cj0oeo163Vtcfio

Филипче: Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика, има нула инвестиции

За четири години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за насшиот дом“, што се одржа во скопската општина Кисела Вода.„Гледам дека Мицкоски сака да кажува басни на митинзите. А зошто раскажува басни? Затоа што тој нема што друго да каже. Четири години ја имаа речиси целата локална власт, и година и пол централната власт“, рече Филипче.Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фалеа со инвестициите на СДСМ, отвораа патишта кои беа веќе завршени.„Прашањето е едноставно- може ли Мицкоски да наброи две целосно свои инвестиции?  Единственото со што се пофалија беа проекти што СДСМ ги донесе до 98%, 99% реализација. Тие само ја сечеа лентата. Отвораа странски инвестиции по трет, четврти пат. Во Штип одеа по три пати во фабриките, ни кажуваат работниците се смееле. Отвораат улици и патишта што веќе беа завршени. Да не се проектите на СДСМ – Мицкоски нема ни  каде  да се слика“, рече Филипче.Во обраќањето на граѓанската трибина Филипче укажа дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт економијата е на колена.„Ова е реалноста. Ова е сликата за ВМРО-ДПМНЕ и нивната власт. Лажат, манипулираат и трошат пари за себе. А граѓаните остануваат без иднина“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydgr5l8hnqo7o7HHLCFl

Филипче од Кисела Вода: Мицкоски бил против криминалот, а во партијата седи на столче купено од криминал

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, во Кисела Вода, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да преземе одговорност ако, како што вели, навистина е против корупцијата и криминалот во државата.„Гледам дека Мицкоски вели дека корумпираните политичари требало да се испратат во историјата. Пазете тој бил криминалофоб. Се плашел од криминалот. Да не беше смешно ќе беше трагично.  Еве му шанса на Мицкоски да се послуша самиот себеси и нека се отстрани од политиката. И тој, и неговите соработници“, рече Филипче.Во обраќањето пред граѓаните, Филипче потсети дека токму партијата предводена од Мицкоски има најголем број кривични пријави, а зградата на ВМРО-ДПМНЕ е изградена со народни пари.„Замислете, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најбогатата политичка партија во Европа, со седиште од 8 милиони евра изградено со пари на граѓаните од даноци, бил против криминалот. Мицкоски седи на столче во партијата кое од криминал купено ама тој е против криминалот“, рече Филипче.Тој ја обвини опозицијата за расипничко трошење на јавни средства и партизирано користење на институциите:„Да ве потсетам: со народни пари си ја платија фирмата што ја работи нивната кампања.  На митинзи одат со службени возила, менито во владата веќе го знаете сите“, истакна.Како што кажа Филипче, кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за криминал треба прво да си погледнат во своиете редови.„Сите скандали за криминал, тендери по општините, во министерствата кои ги објавивме не ги признаа. Затоа кога зборуваат дека ќе апселе по изборите никого не може да заплашуваат. Нека си погледнат во своите редови.“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryn19pbkh4papb1w3f9OO

Костадинов: Субвенции за младите и целосна модернизација по европски стандарди на двете основни училишта во Чешиново Облешево

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Јорданчо Костадинов на денешниот митинг во Чешиново Облешево кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, ја претстави програмата и истакна дека истата произлегува од вистинските потреби на граѓаните и нуди конкретни решенија.Костадинов истакна дека во програмата се предвидени мерки за поддршка на младите и семејствата, поддршка за пензионерите, најави целосна модернизација на двете основни училишта во општина Чешиново-Облешево како и решавање на проблемот со водата за пиење.„Уште во првата година од мојот мандат, грижата за нашите најмили – децата ја ставаме на прво место, субвенција за секое новородено дете и субвенција за секое новозапишано прваче. Но, субвенција и за секое талентирано дете и секој студент од нашата општина. Двете Основни Училишта од нашата општина целосно ќе се модернизираат по европски стандарди. Ќе понудиме решение и ќе побараме поддршка од Владата за решавање на проблемот со вода за пиење. До крајот на мојот мандат овој проблем едноставно мора да биде минато, немаме веќе време за импровизации и одложување“, кажа Костадинов.Костадинов заклучи дека токму затоа е Време за вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryrntfr16dvfc097I424B

Стефковски: Граѓаните на Гази Баба добиваат граѓански штаб, прва општина по транспарентност во скопскиот регион

Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Стефковски зборуваше на темите за транспарентност и отчетност, проблемот со депонијата Вардариште, а го спомена и граѓанскиот штаб во Хиподром како отворено место за сите граѓани на општина Гази Баба.„Ова е резултат којшто искрено ме израдува мене, да се биде прва институција по транспарентност во скопскиот плански регион, според Центарот за граѓански комуникации, која што е независна и реномирана организација е сериозно признание“, рече Стефковски.Стефковски додаде дека тоа што општина Гази Баба е прва општина со 98% транспарентност и отченост, значи дека постои доверба меѓу граѓаните и институциите.„Докажавме дека може да се влее една заедничка одговорност меѓу локалната самоуправа и вработените и граѓаните. Ќе се трудам и понатаму да  ја продожиме таа транспарентност и отчетност, затоа што преку тоа граѓаните имаат увид каде се трошат нивните пари, на кој начин функционира општината и кои се приоритетни проекти што се реализираат“, кажа Стефковски.Стефковски посочи дека Гази Баба има граѓански штаб, за кој веќе имаше свечено отворање и е замислен како отворено место за сите граѓани, независно од нивната политичка определба. Како што вели тој, неговата цел е преку активности со невладини организации, културни и здравствени работници, како и спортски клубови, да се создаде простор за дијалог и соработка.„Лично сметам дека целта на овој граѓански штаб ни е многу јасна а тоа е да ги отвориме вратите за сите граѓани без разлика кој е политички активен и кој ја дал поддршката за мене или не ја дал. Покрај тоа што имаме партиски штабови во голем дел од население места, таму мооже да се приклучат и наши сопартијци, поддржувачи, симпатизери и обични граѓани. Овој граѓански штаб има за цел да ги отвори вратите за сите. Ќе имаме низа на активности со НВО, со културни работници, здравствени работници, спортски клубови. Веќе е направена соодветна програма. Веќе се остварени одредени комуникации. Тој се наоѓа во Хиподром на улица Благоја Стефковски, во зградите на поранешна млекара. Веќе имавме промотивно отворање. Го ценам она што тука веќе се работи за принципи и вредности. Овие 4 години покажавме сериозен напредок дека во Гази Баба може да се работи“, кажа Стефковски.Стефковски зборуваше и на темата за депонијата Вардариште и нагласи дека проблемот со Вардариште е заеднички предизвик за сите, вклучително и за него и неговото семејство.,,Се сочувствувам со проблемот со Вардариште, затоа што и јас живеам во Гази Баба моите деца живеат во Гази Баба, она што не тангира сите е проблемот со амбиенталниот воздух и проблемот со дивите депонии на кои што треба да им ставиме крај“, истакна Стефковски.Стефковски на оваа тема дополни дека, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, има план како да го реши овој проблем.Тој потсети  и на веќе познатите информации за ова прашање, нагласувајќи дека крајот на дивите депонии и подобрувањето на амбиенталниот воздух се приоритети од интерес на целата заедница.,,Ќе се отстрани делот на депонијата Вардариште, ќе се рекултивизира земјиштето со нова земја, плодна земја и потоа ќе се прават спортски терени, паркови итн“.

Скопје | пред 3 месеци

media-library1acv7jbf61o23dnhf4i

Мицкоски: СДСМ е сведена под сопствениот лимит на гласови од околу 120 илјади поради три причини безидејност, предавствата и поради тоа што стана приватизирана партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Чешиново Облешево кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на состојбата во опозицијата. Мицкоски укажа дека во СДСМ се истите луѓе кои беа поразени на последните избори, кои загубија дебело поради криминал и тендери и националните предавства.„Сега тие се нудат на политичката сцена, но и тие знаат дека вака нереформирани и целосно безидејни немаат никакви шанси. Затоа што СДСМ е непроменет, и поради тоа што одлуките во таа партија не се носат во седиштето во Скопје, туку на друго место. И најлошото е што Филипче навистина не се ни труди да покаже дека не е слуга на неговиот гуру, Таквата понизност придонесува некогаш големата партија да се сведе на филијала на бизнис-интересите на неколку фамилии. Тоа го гледа обичниот народ, но го гледаат и членовите на СДСМ. Затоа оваа партија сега е под сопствениот биолошки лимит околу 120 – 130 илјади гласови, а забрзано од нејзините структури си заминуваат членови и ги враќаат членските книшки“, кажа Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни поради кои причини СДСМ е во таква состојба.„Тоа е поради три едноставни причини. Во СДСМ нема иднина – целосната безидејност се шири како зараза. Тоа е прва причина. Втората причина е што СДСМ нема компромис кој не го направи на штета на државните интереси. Последното кое го даваат е еден документ кои тие го нарекуваат резолуција или „црвени линии“. Третата причина е што партијата е затворена за нови луѓе, а пашалакот на бизнис-кланови внатре ја претвора во фирма во стечај, а не во партија жедна да направи добро за Македонија. Значи: безидејност, предавства и приватизирана партија се трите причини поради кои народот не гледа никаква алтернатива во оваа партија“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања