ВМРО-ДПМНЕ

media-libraryd3q5mp9skq82aOAc6ln

Мицкоски: Надвор од тековните трансфери од централниот буџет, за Кочани ќе се обезбедат дополнителни 100 милиони евра, пари кои ќе се вложуваат во инфраструктурни проекти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на изборната кампања за локалните избори, денес учествуваше на трибина во општина Кочани од каде што испрати неколку пораки.Мицкоски порача дека Владата останува партнер на општините во кои за 15 месеци, од централниот буџет се распределени околу 500 милиони евра, посочувајќи дека Кочани ќе биде во центарот на вниманието, така што веќе се работи со меѓународните партнери каде надвор од овие тековни трансфери коишто ги финансира централниот буџет за капитални инвестиции во општините, само за Кочани и регионот ќе се обезбедат дополнителни околу 100 милиони евра.Додаде дека ова се пари коишто ќе се вложуваат исклучиво во инфраструктурни проекти и проекти кои ќе бидат додадена вредност во животите на жителите на Кочани и овој регион.„Државата и Владата остануваат партнери на општините како ниедна претходна Влада. Во овие 15 месеци, отприлика половина милијарда евра реалоциравме од централниот буџет кон општините и не беше лесно бидејќи мандатот го започнавме со минус на сметката на Владата од 200 милиони евра. Сега е добро, тие ги вративме, сега сме 50-60 во плус и ликвидни сме како влада, ја консолидиравме таа состојба, успеавме да дојдеме до месечна ликвидност и на општините да им помогнеме со половина милијарда евра, нешто што беше незамислено и невозможно. Дел од тие пари завршија и во општина Кочани, но сакам да ви кажам дека работиме со нашите меѓународни партнери, надвор од овие тековни трансфери коишто ги финансира централниот буџет за капитални инвестиции во општините, само за Кочани и регионот ќе обезбедиме приближно дополнителни 100 милиони евра, пари коишто ќе ги вложиме исклучително во инфраструктурни проекти и проекти коишто ќе бидат додадена вредност во животите на жителите на Кочани и овој регион“, рече Мицкоски.Мицкоски исто така порача дека на овие избори се гласа само за две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто значи работа и напредок на државата, а другата опција е коалицијата во која членуваат Венко Филипче, односно Зоран Заев, Али Ахмети и Димче Апасиев.Исто така, Мицкоски порача дека после изборите ќе дојде вистинската одговорност и правда и секој што се огрешил ќе одговара за стореното, повикувајќи дека одговарањето пред лицето на правдата за сторените криминали, да не се толкува како политички прогон.За сево ова да се реализира, Мицкоски повика да се излезе масовно на гласање и да се даде поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и за број 9, затоа што е време за вистинскиот избор, за твојот човек, твоето место, за твојата иднина.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytei23fpr4jrv4RKHe9Q

Паунов: Патната инфраструктура ќе биде во фокусот на општина Карбинци, ќе обезбедиме и 150 нови плацеви за домување

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“. Паунов се осврна на досега сработеното во изминатите четири години, потенцирајќи дека и покрај 3 годишните опструкции од страна на централната власт, посветеното работење резултираше со реализација на многубројни проекти во патната инфраструктура, расчистени диви депонии како и изградба на нови училишта и детски забавни паркови.„Реализирани се бројни проекти во делот на патната инфраструктура: вкупно 46 улици во целата општина добија асфалт. Реконструирани и модернизирани се 5 мултифункционални игралишта. Изградивме 2 нови училишта во Таринци и Радање, пет нови детски забавни паркови ги красат нашите населени мести кои пружат можност за рекреација, забава на најмалите, расчистени се сите 6 диви депонии во 6 населени места кои беа опасност по животната средина, подземните води, а и воздухот во Карбинци, тоа беа депонии кои беа стари ѓубришта со децении!“, вели Паунов.Паунов истакна дека следниот четиригодишен мандат ќе се темели врз неколку основи т.е. столба како обезбедување на нови плацеви за домување, нова спортска сала, велосипедска патека, а воедно посочи дека патната инфраструктура ќе биде повторно во фокусот и следните четири години.„Следниот четиригодишен мандат ќе го темелиме врз неколку основи или врз неколку столба, обезбедување на 150 нови плацеви за домување, една нова населба помеѓу населените места Карбинци и Таринци, која ќе го добие името „Вршник“, според историската населба во атарот на село Таринци. Нова спортска сала со којашто ќе обезбедиме можност за спортување, услови за спортските клубови кои ги формиравме во општина Карбинци, а тоа се индивидуалните спортски клубови, боречките клубови „Киро Ристов“ и БК Карбинци и карате клубот којшто исто така функционира на територија на општина Карбинци, ќе обезбедиме можност за спортување и натпреварување. И оваа спортска сала ќе има карактер на натпреварувачка сала којашто ќе понуди и програма за различни видови на спортови. И ќе споменам уште 2 покрупни проекти, велосипедска патека долж регионалниот пат од село Таринци до Карбинци во должина од 1.8 км. Патека која е важна и за безбедноста, но и за рекреативците во овој дел од општината. Со тенденција да ја продолжиме од Карбинци во една втора фаза до локалитетот „Баргала“ со должина од дополнителни 4.8 км. Во делот на патната инфраструктура, којашто исто така ќе биде во фокусот и во следните четири години. Клучниот патен правец од село Карбинци до селото Радање целосно ќе го реконструираме во должина од 4.5 км“, појасни Паунов.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryr2jgmaaf2rm90bont1T

Мицкоски со предлог: Во Карбинци е добро да има населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат, така младите полесно ќе формираат заедница и ќе имаат повеќе деца

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Карбинци кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на сработеното од градоначалникот Виктор Паунов, а се осврна и што се може да се направи таму.„Честитки за сработеното до сега и да продолжи и понатаму со интензивна работа. Сметам дека треба да се размисли да се посвети внимание на демографијата, бидејќи џабе ни се улиците, училиштата, доколку младите не се мажат не се женат и не се формираат многудетни семејства“, рече Мицкоски.Во оваа насока Мицкоски и со конкретен предлог:„Да се определи населба за млади брачни парови со парцели од по едно евро квадрат и да бидат ослободени од комуналии. И на тој начин кога ќе формираат заедница, ќе имаат куќа, полесно е да се имаат повеќе деца и мислам дека ова треба да биде приоритет. Ние како Влада ќе помогнеме се што можеме согласно ингеренциите“, вели Мицкоски.Иако рече тој, ова се локални избори, тоа не значи дека има само локални прашања.„Овие избори имаат малку поголемо значење и испраќаме пораки и за државни теми бидејќи така допираме и до противникот. За прв пат наместо со промоција со црна кампања со ниски страсти, измислици, дефокус од реалноста. Мојот одговор е ако не го прават тоа, тогаш што ќе прават. Граѓаните видоа што направија за седум години, не само што ништо не направија, туку многу процеси и уназадија, а и ја ограбија државата, народот“, посочи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfurb4q2qmfjcfNbpzuv

(Видео) Мециновиќ: Од ВМРО-ДПМНЕ тешко дека бетер ќе станеме

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје на Левица е гостин во Претрес со Ландов.Апелираше граѓаните сериозно да ги сфатат овие локални избори и освен за градоначалник да ја подржат и советничката листа.Од политичарите вели, долго време очекуваме да не лажат.,, Отворен сум за соработка со централната власт ако бидам избран за градоначалник.Ако е градот блокиран веднаш ќе си поднесам оставка. Нема да го ставам градот во заложништво.Од ВМРО-ДПМНЕ тешко бетер да станеме. 600.000 скопјани стравуваме ВМРО-ДПМНЕ да не ни го прават она што ни го правеа до сега”, рече Мециновиќ и вети транспарентно работење.Следете не на следниов линк:https://www.youtube.com/live/Hd9gFcHRRYc?si=w-D0Mygh15tt_Pdq

Скопје | пред 3 месеци

Mickoski1

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство.Според Мицкоски, многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем.Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Oд месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки, кажа Мицкоски.Мицкоски посочи дека нема ниту еден случај кој на институциите им е предочен, а истиот да завршил со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер.А случаи има колку сакате, само недостасува волја. А нема волја затоа што за судот и обвинителството главни се аргатите на СДС и ДУИ. И со оваа корупција имам намера посебно да се занимавам по локалните избори, затоа што мора еднаш за секогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот“, вели Мицкоски.Мицкоски објасни дека не може да има слободни корумпирани политичари, ако нема корумпирани обвинители и судии што ги штитат тие политичари.Затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат и вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава. Таа пресметка нема да биде политичка, туку пресметка за докажување на правдата која народот на Македонија ја заслужува, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarym3vn3cdpmbe4aM2nqxO

Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче практично подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл.Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии.Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ, на грбот на македонските граѓани. Сосема сигурно оттука може да се заклучи ако францускиот т.н. предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш прашањето ни е зошто, тогаш, ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото“, истакна Мицкоски.Затоа Мицкоски порача дека на овие избори мора да се излезе масовно и во огромен број и да се изрази волјата јасно, дека народот владее во оваа држава а е тесните клики кои владеењето го гледаат само преку призмата на наместени тендери.

Македонија | пред 3 месеци

Mickoski1

Мицкоски: Очекуваме убедлива и голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, СДС од 0 до 6 општини

Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе има поголем број на градоначалници споредено со 2021та година. Нашите анализи се дека нема да бидеме изненадени ако имаме повеќе од 50 градоначалници, но очекуваната бројка е помеѓу 45 и 50, плус Градот Скопје, ако 2021 имавме 42 општини, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“.На прашањето дали СДСМ ќе освои некаде градоначалник според анализите на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Мицкоски рече дека според партиските анализи СДС се движи од нула до шест.Според нашите анализи СДС би се движеле од 0 до 6. А Левица не очекувам да освојат, бидејќи Левица таму каде што кандидира свои кандидати во најголем дел, а тоа се скопските општини, и во градовите Тетово, Гостивар и Струга, теоретски не може да добие поголем број на гласови од било кој друг кој што се натпреварува на тие избори. И јасна е нивната стратегија дека тие треба да бидат прокси за ДУИ, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarysqg4je8nqmq0dfYVUMc

Димитровски: Нема да бидам нем набљудувач, Скопје ќе го направам од град во хаос до град со брз и современ градски превоз

Даме Димитровски, носител на листа на советници во Советот за Град Скопје на вечерашниот митинг најави дека доаѓа време за промена, која ќе се темели на визија, план и конкретни политики.  Тој говореше за деветте столбови на платформата како што се чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и чесно управување.Димитровски се осврна на градскиот превоз, нагласувајќи дека јавниот превоз не го следи развојот на Скопје и потребите на скопјани и додаде дека целта е да се создаде брз и современ градски превоз во служба на граѓаните.Секое утро илјадници заглавуваат во хаос, превозот не е во служба на граѓаните. Затоа, целта е јасна: Нов концепт на јавен превоз: флота на чисти, нови, климатизирани автобуси, почести ротации и дигитализиран, предвидлив систем, повеќе правци и линии кон секој дел од градот, нагласи Димитровски.Димитровски истакна дека граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено, со нови проекти, со реални решенија и конкретни чекори што ќе го подобрат секојдневието на сите граѓани.Ова не се само зборови на хартија – ова се нашите работни задачи! - рече меѓу другото Димитровски.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ќе ја претстави програмата пред скопјани

Денеска почнува изборната трка за локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ ја стартува кампањата со митинг во Скопје. Вечерва во 19:00 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, партијата го одржува почетниот собир.Говорници ќе бидат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и носителот на листата на советници за Град Скопје Даме Димитровски.Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarysadvjlo0adutcOr0YKo

ВМРО-ДПМНЕ до Ахмети: „Не си орел, туку обично врапче“

По настапот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на конвенцијата на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“, од ВМРО-ДПМНЕ со остро соопштение возвратија дека Ахмети и неговата партија не се „орли“, туку „врапчиња“.„Ви рековме пред некој ден дека ќе продолжи – и еве го. Не е тешко да се предвиди Ахмети. Не е тешко ни човек да се справи со него – само треба да има волја, да не е компромитиран и да има интегритет. СДС тоа не беа. Тие немаа волја да се спротивстават, имаа волја само да крадат. И искусниот Ахмети ги фати, ги држи и денеска кутрите не можат ни да писнат“, се наведува во реакцијата.Од партијата потсетуваат на, како што велат, влијанието што ДУИ го имала врз поранешниот премиер Зоран Заев и тврдат дека обединувањето на албанските партии е само „седнување во скут“.„Се пофалија дека се обединиле, ама вистината е дека го седнаа Таравари во скут – дали заради паркингот на Клинички или заради нешто друго, тоа сите го знаат. За тоа сте навистина експерти – за тендери и за седнување во скут. Таравари е со вас по иста причина како што и СДС не може да се тргне од вас – ве држите едни со други во криминалот што заеднички го правите. Најголема маша ви се обвинителите и судиите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во партиската реакција Ахмети се нарекува „обично врапче“ кое го користи изборниот период за, како што пишува, „патетика, заплашувања и закани“.„ДУИ ќе ги изгуби речиси сите општини во земјата. По изборите очекуваме врапчињата да носат писма со понуди за коалиција, со бланко отстапки и ветувања дека ќе се реформираат. Секако дека ќе се насмееме на тие понуди“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Ахмети наместо да оди во пензија по повеќе од две децении власт, „зборува за крв, оружје и орли“.

Македонија | пред 4 месеци

filipce-ck-sdsm

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС беа тие што ја приватизираа државата, судството и институциите, беа предвесници на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ сега ги гради вистинските темели на промените

Скопје, 28 септември 2025 – ВМРО-ДПМНЕ денеска со остра реакција на изјавите на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го него и СДСМ за, како што велат, „целосна амнезија и лицемерие“. Од партијата посочуваат дека СДСМ се обидува да се претстави како нов политички фактор, иако владеел цели седум години и, според нив, оставил зад себе „економска и институционална пустош“.„Филипче и СДС продолжуваат да се однесуваат како паднати од Марс. Како тие да не беа власт цели 7 години. Лажно се претставуваат пред македонскиот народ, како да првпат се појавуваат на политичката сцена“, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.Во својата изјава, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Филипче дека токму за време на неговиот мандат се случиле некои од најтрагичните и најконтроверзни настани во поновата македонска историја, вклучително и пожарот во модуларната болница во Тетово, за кој јавноста сè уште бара одговорност.„Во времето на Владата на Филипче и СДС, народот живееше со 150 денари на ден, пензионерите беа на барикадите пред Влада, земјоделците протестираа, младите учеа од скрипти, а луѓе гореа живи во болници дизајнирани од Филипче. Корупцијата достигна рекордно ниво, а криминалците добиваа пасоши и слободно се движеа низ земјава“, велат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека, во последните 15 месеци откако ја преземаа власта, земјата започнала да се движи во позитивна насока – со зголемување на плати и пензии, намалување на корупцијата, и инвестирање во земјоделството, младите, спортот и социјалната заштита.„Промените се чувствуваат по само 15 месеци. Изборот е повеќе од јасен – мрачното минато на Филипче и СДС или светлата иднина на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во реакцијата.Со порака „Вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ – за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина“, партијата повторно апелира до граѓаните да не дозволат, како што велат, „враќање на оние кои веќе еднаш ја втурнаа државата во безнадежност“.

Македонија | пред 4 месеци

media-library70vafoupafmu1wz7FCQ

Филипче: Без силен СДСМ, пропаѓа надежта дека Македонија ќе биде правична, демократска и европска држава

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на Конвенцијата за промоција на кандидатите за градоначалници и советници, претседателот порача дека целта на СДСМ е да се обеди со цел да се спречи рушењето на заеднички дом и на сето постигнато во изминатите 34 години независна држава.„Да се биде социјалдемократ не значи да се биде совршен, туку да се има храброст да се носат исправни одлуки. Без силен СДСМ, единствената надеж дека Македонија може да биде правична, човечна, демократска држава со јасна перспектива напред, пропаѓа. Затоа научивме дека борбата е за вредности, борбата е за нашите идеали, борбата е да ја исправиме партијата на нозе за да им служи на граѓаните“, рече тој.Притоа тој истакна дека СДСМ е секогаш правилната опција која е на страна на граѓаните и јавниот интерес. Посочувајќи дека оваа кампања е за да се врати гордоста на граѓаните.„Ако ви е важна иднината на вашите деца, ако ви е важно државата да не стане сопственост на Мицкоски и луѓето околу него, ако верувате дека Македонија има шанса, дека Македонија има иднина, ако верувате дека мора да изберете луѓе кои се чесни, приземни, тогаш дајте ни ја поддршката. Нашите кандидати таа поддршка нема да ја изневерат“, рече Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-library0461dunk4ashbjr7qgM

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ вети економски развој, а рeaлноста е сурова- граѓаните живеат сè потешко

После сите големи зборови на ВМРО ДПМНЕ, по година и пол од нивната власта, реалноста је сурова - цените дивеат, платите тапкаат, институциите се претвораат во партиски канцеларии, а секојдневието е потешко од вчера, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р  Венко Филипче, на денешната Конвенција за промоција на кандидатите за градоначалници и советници.„Знам дека повеќето од граѓаните не гласаа од љубов кон нив, туку од надеж дека ќе дојде ред, достоинство и подобар живот. Баравте власт што ќе работи без изговори, што ќе ја средува државата. Тоа е чесна, нормална и очекувана потреба. Но денес, наместо план за иднината, гледаме тешка импровизација“, рече Филипче.Во обраќањето, Филипче посочи дека ВМРО ДПМНЕ вети поинаква држава, а ја вратија старата матрица.„Блиските добиваат, останатите се неважни. Ветија економија и развој, а денес се живее сè потешко и потешко. Платите не ги качуваат, цените не ги контролираат, земјоделците не добиваат поддршка, се задолжуваат за 8 милијарди евра. Фирмите молат за поврат на ДДВ кој им следува затоа што државата нема пари. Ова не е промената за која граѓаните излегоа на гласање“, рече Филипче и додаде дека ВМРО ДПМНЕ го злоупотреби гласот и волјата на граѓаните за промени.Како што кажа Филипче, мора да продолжи борбата против дивеењето на цените, против запрениот раст на платите и против претворањето на институциите во партиски канцеларии.„Да го свртиме вниманието и сите активности да ги насочиме кон луѓето, кон работниците, кон младите и пензионерите и сите заедници без исклучок. Да подадеме рака секому, водени од грижата, солидарноста, правдата, слободата и еднаквоста, порача претседателот наСДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

buckovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Бучковски станал заложник на политиката на двоецот Заев-Филипче, заради амнестијата на неговиот криминал

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на изјавите на поранешниот премиер Владо Бучковски, обвинувајќи дека тој станал „заложник“ на политиките на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поради амнестијата за, како што велат, неговиот криминал.„Да имаше Бучковски интегритет да го реши проблемот со Бугарија и евроинтеграциите, ќе го направеше тоа уште тогаш кога Заев и судско-обвинителската мафија му го амнестираа криминалот со тенковските делови и го поставија за преговарач“, стои во реакцијата на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Бучковски ја искористил функцијата за лична рехабилитација наместо за решавање на спорот со Бугарија. „Доколку денес му асистира на двоецот Заев – Филипче, тоа е јасен знак дека зад ваквите изјави стои нечист политички договор,“ велат од опозицијата.Партијата нагласува дека Бучковски останал еден од ретките кои јавно ги бранат политиките на поранешната влада, што според нив е „алармантен сигнал“ во пресрет на изборите. „Ова е најава за ново предавство кое СДСМ и истите луѓе ќе се обидат повторно да го спроведат. Затоа потребна е масовна казна на избори,“ се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека јавноста мора будно да ги следи сите потези и дека политичарите кои ја користат државата за лични интереси ќе бидат соочени со одговорност.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-03-04-at-09.39.34

Мицкоски: СДС се бори заедно со ДУИ да дојдат на власт и да продолжат со криминалот кој им го бранат нивни обвинители и судии

На денешниот настан во Штип на кој се одржа промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Социјалдемократскиот сојуз се бори заедно со ДУИ, и тоа е јасно како бел ден, за да дојдат повторно на власт и да продолжат со криминалот, кој им го бранат нивните обвинители.„Се борат заедно со Али Ахмети ДУИ и тоа е јасно како бел ден, и тоа ние го гледаме на секој чекор. Се борат за да се вратат на власт да продолжат по старо, се борат за да и помогнат на Бугарија да ја матира Македонија, се борат за да се допаднат на сите освен на својот народ. Се борат за да го заштитат криминалот преку нивните обвинители и судии кои не процесуираа ниту една кривична пријава нив. Тие се борат за нивните луксузи, тие се борат за нивните раскошни домови, нивните украдени пари и нивните заложени и уценети глави. Тоа е тоа за што тие се борат, за друго ништо“, рече Мицкоски.Мицкоски порача дека луѓето во ДУИ кои сеуште слепо го слушаат Али Ахмети, најмалку ги интересираат Албанците и останатите етнички заедници, туку дека за нив се интересираат само кога треба да  ги злоупотребат и кога треба да гласаат за нив, а потоа со своето неработење и корупција придонесуваат истите да се иселат од државата.Понатаму, Мицкоски ги повика граѓаните заедно да испратат јасна порака до оние кои што седум години ја пустошеа, понижуваа и засрамуваа државата и граѓаните, до оние кои живеат во национал-романтичните соништа од минатиот век и сеуште сонуваат дека можат да ја делат Македонија, како и до оние политичари коишто поради преголемата лична фрустрација и желба за власт заслепени од немоќта тоа да го реализираат, најчесто навредуваат, ги крадат сопствените членови а со тоа се гледа тие ќе се однесуваат и кон државата и кон ресурсите на државата.„Затоа ве молам заедно на овие три групи на луѓе да им испратиме една порака: Македонија ќе успее! Македонија ќе победи! И ќе ве победи! И нема назад! Ќе ги поразиме сите ваши интриги, сите ваши тажни обиди да не инволвирате во вашите предавства, сите ваши афери и апатијата која ја создадовте. Затоа што во нас чука срце, затоа што ние сме луѓе кои сакаме, живееме за идеја и мечтаеме, затоа што ние живееме со проблемите на луѓето и се бориме и ќе се бориме да ги подобриме животите на сите и покрај вашите опструкции планови и деструкција! Ќе ве победиме! Ви ветувам дека и на овие избори ќе ве победиме! Македонија ќе победи!“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања