ВМРО-ДПМНЕ

ahmeti-bujar

Ахмети бара внимание со квази-патриотизам од „милошевички вид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на ставовите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи дека тој секогаш пред избори прибегнува кон манипулативни теми и создавање тензии.„Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една ‘немирна закачица’ и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува. Исто како и достоинството и поддршката,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата сметаат дека со „павлов рефлекс“ пред секои избори Ахмети зборува за крв и квази-патриотизам „од најдолен милошевички вид“, наместо да се соочи со реалните проблеми.„Ахмети ги потценува Албанците кои, поради тајкуните и шеиците што тој ги создаде на грбот на чесните граѓани, живеат тешко и сè повеќе се иселуваат од земјава. Да си го потценуваш сопствениот народ и да измислуваш теми кои се погрешни, манипулативни и создаваат тензии само затоа што си уплашен – тоа не е убаво,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

stevco-jakimovski

Марковска Илиевска: Јакимовски ветуваше милионски проекти за Лептокарија, а жителите добија само празни ветувања

Советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска, денеска изјави дека „кандидатот на СДСМ, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски“, не ги исполнил ветувањата дадени на жителите на Лептокарија во изборната кампања од 2021 година.„Се наоѓаме на паркингот во Лептокарија. Тој е истиот каков што беше и пред изборите, без најавениот подземен паркинг и плоштад со фонтана. Ниту има подземно паркирање, ниту најубава фонтана, како што тогаш беше најавено – има само купишта ѓубре,“ рече Марковска Илиевска.Таа потсети дека проектот што го најави Јакимовски тогаш бил вреден 4 милиони евра и вклучувал и нови фасади за зградите во околината. „Фасадите се исти, стари по 20–30 години. Од новите фасади остана само видеото од кампањата,“ нагласи советничката.Марковска Илиевска го обвини Јакимовски дека ги излажал жителите на Лептокарија и Карпош и додаде дека нема капацитет да биде градоначалник. „Јакимовски лажеше во 2021, лаже и сега,“ рече таа.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarysldi97ofvvrp3BpP55E

Костовски: Мега проект во општина Бутел, потпишан договор за нова модерна поликлиника

Во просториите на Министерството за здравство денес беше потпишан договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова, модерна поликлиника во општина Бутел.Договорот го потпишаа министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски. По повод потпишувањето, Костовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека ова е „историски миг за граѓаните на општина Бутел“ и дека поликлиниката ќе ги исполни највисоките стандарди за безбедност и квалитет.„Ви ветив и ќе остварам! Со овој проект нашите жители конечно ќе добијат современ здравствен центар. Благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој стои зад овој мега проект,“ напиша Костовски.Тој најави дека новата поликлиника ќе нуди широк спектар на здравствени услуги и ќе биде лоцирана на местото на старата амбуланта, согласно деталниот урбанистички план. Изградбата треба да започне наскоро.„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе го поставиме камен-темелникот,“ додаде градоначалникот во објавата, оценувајќи дека проектот претставува значаен чекор за општината.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryeq7tv8cc9qc84AAm9Qw

(Видео) Страотна тепачка со клоци и крв: „Кандидати за советници од СДС крвнички тепале странски државјани“, тврди Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска излезе со обвинувања против СДСМ во Струмица, тврдејќи дека нивни кандидати за советници биле директни учесници во физички напад врз странски државјани.„Вистинската СДС се покажува на дело – кандидати за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој е и претседател на младите на СДС, заедно со Илија Стојанов, крвнички тепаа странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото“, изјави Манасиевски на прес-конференција.Тој додаде дека со овој настан, целата јавност може да види на каков начин владее СДС во Струмица – „со страв и терор, наместо со идеи, програма и визија“.Според Манасиевски, дел од останатите кандидати од советничката листа на СДС имаат кривични и прекршочни пријави, што, како што рече, дополнително ја потврдува насилната политика на оваа партија.„МВР веќе има поднесено кривични пријави, но судството – како и во многу други случаи – сè уште нема донесено никаква правна разрешница“, рече Манасиевски, додавајќи дека бара осуда и јасно оградување од страна на СДС и локалното раководство.Според него, насилниците не смеат да бидат иднината на Струмица, а време е, како што истакна, „за вистинска промена во градот“.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ свикува вонредна прес-конференција: странци добиле ќотек од кандидати за советници на СДС

ВМРО-ДПМНЕ информира дека денеска (25.09.2025) во 14:30 часот, во Центарот за комуникации на партијата, во Палата „др. Христо Татарчев“ (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи вонредна прес-конференција.Повод за пресот е, како што велат од партијата, „скандалозното тепање на странски државјани во Струмица од страна на кандидатите за советници од СДС“. На прес-конференцијата ќе се обрати Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

vasil-j

Андоновска: Судството кое го пушти Васил Јованов во поправен дом е виновно за смртта на младата Фросина

Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, денескаостро го критикуваше судството за пресудата со која убиецот на младата Фросина, Васил Јованов, наместо затворска казна, бил упатен во поправен дом.„Поединци во судството го деградираат неговиот кредибилитет и ја уништуваат довербата на граѓаните во системот. Секој ден сведочиме на пресуди кои немаат никаква правна основа, туку се темелат на судска корупција и компромис,“ изјави Андоновска.Таа рече дека Јованов, иако полнолетен и фатен со дрога, наместо затвор добил мерка поправен дом.„Да завршеше во затвор, до смртта на младата Фросина најверојатно немаше ни да дојде,“ истакна таа, додавајќи дека трагичниот настан на булеварот „Партизански одреди“ покажува колку е погрешен системот.Андоновска пресудата ја нарече „врв на безобразлук и немање осет за реалноста“. „Судиите затвораат луѓе за кражба на ќебапи, а деликвентите ги пуштаат на слобода. Судството мора да се менува – тоа не е опција, тоа е морална обврска,“ нагласи таа.

Македонија | пред 4 месеци

media-library76jvfjrm8rnu2dYIec2

Ласовска: Ако СДС има соломонско решение како да се реши проблемот со правосудството нека го каже, а не да ги блокира реформите

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“, вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска, која дискутираше на повеќе теми како правосудство, и актуелни политички случувања, меѓу кои беше и темата за случувањата околу пожарите и притоа потенцираше дека овие настани не се во корист на Владата, а за тоа доказ се директорите на Дрисла и комунална хигиена кои се токму од опозициската ДУИ.„Очигледно е дека она што го гледаме и со депониите и со ѓубрето дека потребни се казни, мора и казни да постојат за некој којшто го уништува јавното добро. Во времето кога беше СДС на власт, јас се сеќавам дека Законот за прекршоци се смени и законските казни се многу мали, мораме да интервенираме во Законот за прекршоци да се направат високи казни за вакви нешта. Не може владејачка партија да креира паника, која е апсолутен фаворит на овие избори , и јас кога слушав дента дека има три пожари,  и верувајте не само јас. Еве една анкета да направиме ќе ви кажат дека овие пожари не се случајни. Директор на Дрисла е ДУИ, директор на комунална хигиена е ДУИ. Е сега да видиме на кого му одговара да крева паника кај граѓаните? Се разбира на ДУИ“, објасни Ласовска.Пратеничката Ласовска му реплицираше на пратеникот Снопче кој исто така беше дел од дебатата и гостин во емисијата, при што потенцираше:„Која е потребата колега Снопче да го браните ДУИ кога до вчера бевте со нас во Владата?  Колегата спомна дека добра реакција имаше во моментите кога министер за здравство беше вашиот сопартиец Таравари тоа ние не го спориме, и сега вие наместо тоа да го кажете вие го браните ДУИ“.Ласовска се осврна и на темата за правосудството во земјава, и потенцираше дека по завршувањето на локалните избори кои следат потребно е да се изнајде решение за проблемите со правосудството во Македонија, при што во реплика на пратеничката од опозициската СДС, Сања Лукаревска, истакна:„Ако вие имате соломонско решение како да го решиме проблемот со јавното обвинителство и со судството кажете. Кога излегуваме на избори втор пилар наш беше борба против корупција и криминал и владеење на правото“.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynbu01n69ld20fY2IoK8

Велјановски: ДУИ секогаш кога губи прибегнува кон потпалување на меѓуетнички односи

Пратеникот Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, дадена за време на промоцијата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи, оценувајќи ја како опасна и штетна по меѓуетничките односи во државата.„Секогаш кога ДУИ губи, секогаш кога граѓаните ќе ги прочитаат нивните вистински коруптивни намери, тие прибегнуваат кон потпалување на меѓуетничките односи и загрозување на соживотот“, изјави Велјановски.Тој додаде дека ДУИ нема политички аргументи и визија, туку, според него, единствената нивна стратегија е деструктивноста и нарушувањето на соживотот меѓу граѓаните.Велјановски најостро ја осуди, како што ја нарече, „срамна и опасна“ изјава на Бектеши, во која тој, како што рече, „велича оружје и отворено ја оправдува војната од 2001 година, претставувајќи ја како политички капитал“. Според него, тоа претставува „скандал од невидени размери и директен удар врз меѓуетничките односи“.„Ова е класичен говор на омраза кој ја враќа Македонија во најтешките времиња. Наместо да зборуваме за иднината, некој повторно сака граѓаните да слушаат етнички провокации и поттикнување на поделби“, истакна Велјановски.Во своето обраќање, тој потсети на значењето на Македонците за Тетово, нагласувајќи дека „со векови наназад тие се дел од неговата историја, култура и идентитет“, и изрази уверување дека на претстојните избори, Македонците со својот „единствен и сплотен глас“ ќе одлучат за иднината на градот.ВМРО-ДПМНЕ побара од СДСМ јавно и веднаш да се огради од изјавите на Бектеши и да ја преиспита соработката со коалицискиот партнер ДУИ. „Секое молчење е соучесништво“, порача Велјановски, додавајќи дека „СДСМ со години е нем и покорен партнер на ДУИ, а секој нивен денешен молк значи дека станале партнери и во омразата“.Тој упати апел и до сите политички партии, организации и институции да го осудат, како што рече, „отворениот говор на омраза“, посочувајќи дека „во Македонија нема место за политичари кои својата кампања ја градат на закани, омраза и величање оружје“.„Нашата обврска е да ја изградиме Македонија како силна, праведна и европска држава – земја на мир и стабилност, а не на поделби и закани. Народот очекува јасна позиција, а ние ќе продолжиме да ја браниме Македонија од сите што сакаат да ја претворат во заложник на криминални и етнички поделби“, заклучи Велјановски.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ фабрикува пораки на убиената Росица за политички цели

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, на која беше објавено дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски наводно добивал пораки од убиената Росица, преку кои таа барала заштита.„Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали. Пораките за кои зборува СДС се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации. Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита, е повеќе од лага – тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка за политички цели, што е надвор од сите морални основи и претставува некрофилство од невидени размери“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата додаваат дека „лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДСМ, поради недостаток на конкретни политики“ и прашуваат „до каде ќе оди умноболието на СДС“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryue9bjbt9ngvg6Rc3kb0

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, посочи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на никакви реформи во правосудството, се само граѓаните.Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи.„Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите.Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст, рече Филипче.Во изјавата Филипче укажа дека од предвидените во Собранието не е поднесен ниту еден.„За оваа година беа предвидени 12 закони од коишто седум  требаше да се донесат до јуни 2025 година. Во Собранието не е поднесен ниту еден, и дополнителни 5 кои од јуни до декември 2025 година требаше да се донесат согласно Планот за раст - нешто за што е врзан одреден буџет од Европската Унија, којшто секако веќе еден дел сме изгубиле. Од тие 5 закони од Министерството за правда не е донесен ниту еден“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ има огромно мнозинство во Собранието, 58 пратеници ВМРО-ДПМНЕ скоро двотретинско мнозинство со владејачката коалиција, поради што нема ниту една причина за тоа што сега се случува со неспроведување на реформите во правосудниот систем.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryi0jarvhfapg978AF4Hp

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на сите анкети, очекувам огромна победа

Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата 24 Анализа на телевизија 24. Тој зборуваше на актуелната тема за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  води на сите истражувања на јавното мислење, а самиот тој очекува убедлива победа. Според него, градоначалничката трка за Град Скопје има посебна тежина, но сите општини добиваат внимание, а кандидатите активно ја претставуваат својата програма и својата визија.,, Она коешто го гледаме од анкетите е дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  убедливо води на сите истражувања на јавното мислење и тоа не е од сега туку и изминатите години наназад“, кажа Пренџов и додаде:,,После претставувањето на целокупната програма секоја општина поединечно дека граѓаните ќе се определат за поддршката на градоначалниците предложени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“.Според него, градоначалничкото место на Скопје како главен град е значајно, но и останатите општини во земјава воопшто не се запоставени. Како што рече тој, кандидатите за градоначалници и советници во сите општини работат активно да ја објаснат својата програма и визија, а иако медиумското внимание е поголемо во Скопје, сите општини добиваат внимание и поддршка за претстојните локални избори.,,Градоначалничкото место на Скопје е градоначалничко место на главниот град коешто обединува повеќе од 10 општини, коишто се навистина значајни со број на жители. Но, истовремено сакам да апострофирам дека не чувствувам, јас барем, дека се другите запоставени бидејќи сметам дека секој кандидат за градоначалник, секој кандидат за советник во било која општина и тоа како работи со своите жители, да им ја објасни програмата визијата и во она кое што го верува, она кое што го ветува пред овие локални избори“, истакна Пренџов.Пренџов додаде дека предизборната атмосфера е присутна низ целата држава, во секој град, во секое семејство. Според него, граѓаните активно дискутираат за кандидатите и размислуваат кому ќе ја дадат довербата.,,Очекувам една голема и убедлива победа за она  што значи проекти за она што значи развој и мислам дека кандидатите предложени од ВМРО-ДПМНЕ ги имаат тие квалитети“, заклучи Пренџов.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarycc13bg4u4j7r0n2TBmK

Филипче: Гази Баба бара промени, Влатко е чесен, отворен за сугестии и работи за граѓаните

Сите изборни ветувања на ВМРО ДПМНЕ се покажаа како лага, и на централно и на локално ниво - нема никаква разлика, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д- р Венко Филипче, во општина Гази Баба.Филипче потенцираше дека се потребни промени, а тоа може да се постигне преку локалните избори, додавајќи дека жителите на општина Гази Баба заслужуваат локална самоуправа што ќе ги слуша нивните потреби и ќе реализира проекти за подобар живот и развој на општината.„Потребни се промени,  локалните избори се шанса да се испрати пораката дека граѓаните сакаат подобро, сакаат подобра Гази Баба. СДСМ на овие избори излегува со чесна понуда, остварливи програми и компетентни луѓе со интегритет“, рече Филипче.Во изјавата, Филипче додаде дека кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Гази Баба, Влатко Митовски, има реални и издржани проекти кои се одговор на потребите на жителите на оваа општина.„Влатко Митовски пред граѓаните излегува со издржани решенија во програмата, за надминување на проблемот со кучињата скитници, за нова спортска сала, затворен базен но и субвенции за пазарџиите. Потребите на граѓаните на Гази Баба буквално се преточени во соодветни решенија“, рече Филипче.На овие локални избори како што кажа Филипче, разликата е јасна - граѓаните ќе бираат помеѓу докажани луѓе кои стојат зад својот збор и луѓе кои бегаат како кукавици при првата криза.„Не ветуваме лесен пат, но ветуваме борба – борба со главата високо. Време е за мерка во политиката: компетентност и резултати наместо гол ПР, работа наместо парада, ред наместо партиски хајки. Ве повикувам на заедничка борба, за подобра Гази Баба, за вашето семејство, за вашата улица, за вашиот град, за нашиот дом“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Скопје | пред 4 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања на сметка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и нејзината коалиција со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неисполнувањето на финансиските обврски, Скопје повторно се соочува со ризик да остане без јавен превоз.„Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека фирмата „Пуцко Петрол“, која ја поврзуваат со ДУИ – коалицискиот партнер на Арсовска – е инволвирана во постапка за која, според нив, веќе имало и притвор.Од партијата тврдат дека токму „менторите“ на Арсовска, судии блиски до СДСМ и ДУИ, помогнале да се избегне понатамошна истрага, и нагласуваат дека „против Пуцко Петрол има постапка за која тој ќе одговара“.Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла, како што ги нарекуваат, „детските досетки“ на Арсовска, со повик да престане да создава хаос и да почне да ги исполнува своите финансиски обврски, наместо да фабрикува кризи со помош на пријателите од ДУИ и СДСМ.Партијата предупредува дека ваквите потези можат да доведат до целосен колапс на јавниот превоз во главниот град.

Скопје | пред 4 месеци

bujar-osmani-artan-grubi

Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка, му врати ВМРО-ДПМНЕ на Османи

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на изјавата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, , оценувајќи дека неговите наводи за „емисари“ од опозицијата се „измислици и сценарија што постојат само во неговата фантазија“.„Со вакви изјави, Османи се обидува да ја прикрие паниката во која се наоѓаат ДУИ и СДС пред сигурниот изборен пораз. Ситните трикови на грофот од Зајас не минуваат ниту во детска градинка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата нагласуваат дека единствената порака што ја носат нивните претставници е повикот за одговорност за, како што ги нарекоа, „криминалниот картел ДУИ – СДС“.„Османи денес е ништо друго освен последниот портпарол на картелот кој граѓаните одамна го препознаа. Но, неговата одбрана е залудна – нема повеќе политичко мешетарење и пазари зад грбот на народот“, додаваат од опозициската партија.Според ВМРО-ДПМНЕ, локалните избори во октомври ќе бидат „јасна пресуда на граѓаните“ кои ќе ги испратат ДУИ и СДСМ во „политичка пензија“.

Македонија | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

Манасиевски: Левица призна дека податоците се точни, Мојсоска како сметководител делувала противзаконски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска изјави дека Левица индиректно признала дека податоците кои излегоа во јавноста за финансиското работење на партијата се точни, и посочи дека Јована Мојсоска како пратеник не смеела да врши сметководствени услуги.„Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни. Вчера на прес-конференција се излетаа и потврдија дека информациите кои ги добивме од свиркачи во Левица за средствата што раководството си ги подигнувало од партиската сметка се вистинити. Денес сакаме да ја прашаме Јована Мојсоска, која исто така призна дека била сметководител на Левица, дали знае дека доколку тоа е вистина, се работи за противзаконски акт,“ рече Манасиевски.Тој се повика и на одредбите од Законот за пратеници, каде јасно е наведено дека функцијата пратеник е професионална и неспојлива со други јавни функции или дејности со профитна цел.„Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица,“ додаде тој.Според Манасиевски, Левица и Мојсоска „пред јавноста продаваат приказни за чесност и скромност, а зад завесата инкасирале пари од партиска сметка која се полни од Буџетот на граѓаните“.„Ова е вистината од која Левица бега. Вакви луѓе како Мојсоска и Левица не смеат да бидат дел од иднината и нема место за нив во политиката. Мојсоска и Левица се прочитани,“ изјави Манасиевски.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања