ВМРО-ДПМНЕ

media-library4pffk8jkp0ug3DPxTnT

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ надвор од пропагандата нема што друго да каже, се што ветија, излажаа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот работен состанок во Струга со кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ за претстојните локални избори, порача дека СДСМ има јасна и искрена понуда за граѓаните – квалитетни кандидати кои доаѓаат со силна поддршка и доверба од теренот.Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ е единствана партија која со сите политики и одлуки секогаш пред очи го има граѓанинот, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кои се што ветија, излажаа и не исполнија.„Лажеа за Европа, лажеа за сите добри политики. Што збореа за Европа, ќе има подобри преговарачки позиции, судот од Стразбур ќе се борел за да се имплементираат одлуките во Бугарија за нашето малцинство, дека ќе има уставни измени со одложено дејство, дека името ќе го вратат, дека договорот со Бугарија ќе го поништат. Ништо не направија, ништо за граѓаните“, рече Филипче.Во обраќањето Филипче нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради цела политичка стратегија врз лаги и манипулации, кои денес се разобличени пред очите на граѓаните. Паралелно ги одбија сите добри политики на СДСМ за да им е помогне на граѓаните во услови на растечки трошоци живот и стагнирачки ниски плати.„Надвор од пропагандата, оваа власт денес нема што да каже. Дадовме предлог за повисоки плати? Дадовме предлог за ДДВ? Нема шанси, ниту една политика за доброто на граѓаните не ја прифаќаат и немаат намера да направат нешто. Сега луѓето тоа полека го гледаат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9ddsduac28ci9SPtQ4O

Кузеска: Време е за одговорност – граѓаните се трујат, а власта лаже и потфрла во справување со пожарите

На денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро ја критикуваше актуелната влада, обвинувајќи ја за неспособност, лаги и свесно загрозување на здравјето на граѓаните во услови на сериозна еколошка криза.Кузеска истакна дека Владата го потврди скандалот што СДСМ претходно го објави, односно дека 400 пожарникари, кои беа најавени со голем ПР, сè уште не ја добиле првата плата, иако активно работат на терен среде разгорени пожари. Таа го нарече ова "празно оправдување и потценување на граѓаните".„Млади луѓе со месеци се ангажирани во општините, останаа без денар, а граѓаните без вистинска заштита од пожари и еколошки катастрофи,“ рече таа.Според Кузеска, власта на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што е неспособна, туку и ги манипулира граѓаните со лажни приказни и изговори за наводни хибридни напади, додека, како што рече, „народот се гуши во канцерогени честички“, депониите и понатаму горат, а 20% од територијата е изгорена.Таа предупреди дека повеќе не станува збор само за неспособност и лаги, туку за свесно загрозување на здравјето и животот на луѓето. Според СДСМ, по пожарот во Трубарево, граѓаните на Скопје дишеле олово, арсен и кадмиум, а власта, наместо да реагира итно, молчела и уверувала дека опасност нема.„Лично Христијан Мицкоски тврдеше дека загадувањето на воздухот не е големо,“ рече Кузеска, оценувајќи ја власта како „неспособна, измамничка и без чувство за одговорност.“СДСМ бара итна одговорност од владата за справување со пожарите, за еколошката катастрофа и за, како што велат, лагите со кои се излажани и граѓаните и пожарникарите.

Македонија | пред 4 месеци

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не глуми загриженост, туку да се извини за здравствени и еколошки катастрофи

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики на адреса на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, лажна загриженост за здравјето на граѓаните и барајќи тој да се извини за, според нив, сериозните пропусти направени во неговиот мандат.„Филипче, наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето, треба да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема и за пожарот во модуларната болница“, се наведува во реакцијата на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека токму Филипче, како министер, не обезбедил кислород во болниците и, според нив, ги оставил граѓаните без заштита во најтешките моменти од пандемијата.„Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време – за сите здравствени, еколошки и национални порази“, истакнуваат од партијата.Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Филипче дека не презел одговорност ниту за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, прашувајќи „каде беше и зошто не одговараше“.Од партијата велат дека, за разлика од минатото, денес институциите реагираат одговорно и истрагата за неодамнешниот пожар во Трубарево е во тек.„Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Венко Филипче досега нема дадено изјава по повод обвинувањата.

Македонија | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

ВМРО-ДПМНЕ: Мојсоска трипати земала по 54.000 денари од партиската сметка

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека делата на пратеничката Јована Мојсоска и Левица ја демантираат нивната јавна реторика за чесност и скромност. Според соопштението на партијата, иако Мојсоска е пратеник во Собранието, годинава трипати инкасирала по 54.000 денари од партиската сметка.„Мојсоска и Левица едно зборуваат пред јавност, на собраниска говорница или пред камери, а сосема спротивно од тоа прават. Нивните дела зад завесата далеку од очите на јавноста целосно ја демантираат нивната реторика. Тие се разобличени и демаскирани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, документи доставени од „свиркачи“ од внатре во партијата покажуваат дека Мојсоска на 26 април 2024 година подигнала 123.000 денари, а на 3 февруари 2023 година 96.862 денари. Дополнително, во јуни и јули 2025 година трипати земала по 54.000 денари, иако веќе добива пратеничка плата.„И Мојсоска не е изолиран случај. Целото раководство на президиумот на Левица го покажа своето вистинско лице и лицемерие. Пред граѓаните се претставуваат како скромни луѓе од народот, а зад грб инкасираат пари од сопствената партија налик на патни трошоци“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од таму прашуваат зошто, доколку веќе зема пратеничка плата, Мојсоска и нејзините сопартијци посегнуваат по дополнителни средства од партиската каса. „Нели е лицемерно да глумите аскети, а во исто време да ја цедите сопствената партија?“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryj6omk8o74vvvewFNMws

Стојкоски: Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да се развива со проекти за младите и инвестирање во училишта и градинки

Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија, гостуваше актуелниот  градоначалник и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски кој ги истакна сите проекти кои се реализирано во општината и на кои тој е особено горд, наведувајќи ги проектите во инфраструктурата, доградбата на училишта, зголемувањето на капацитетите во детските градинки, воведувањето на едносменска настава, како и вложувањата во спортската инфраструктура.„Направивме сериозни исчекори во сите области, делот на инфраструктурата, се радувам на доградбите на училиштата коишто ги завршивме на Основното училиште „Тихомир Милошевски“ и на подрачното училиште во Хром, зголемувањето на капацитетите на детските градинки, на новата градинка во Стопански двор,  се радувам што воведовме во четири од шест објекти едносменска настава, во основните училишта во Ѓорче Петров, обезбедивме средства за доградба на три училишта, направивме многу за спортската инфраструктура, 9 нови спортски терени, мултифункционални игралишта  со тартан подлога. Мислам дека ја поставивме општината на здрав колосек, најперспективна општина во градот Скопје и општина која дополнително во иднина најдобро ќе се развива и ќе има најдобри фискални капацитети, вели Стојкоски.Градоначалникот Стојкоски ги истакна клучните точки на кои ќе се фокусира општината во иднина, притоа стави акцент на новата населба за млади која што се планира, се со цел да се создадат подобри услови за младите да основаат семејство.„Клучните точки пак се однесуваат најмногу на училишта и детски градинки, ќе имаме и нешто за пензионерите, ќе имаме  нова населба за млади, ќе кажам во текот на кампањата  начинот локацијата каде планираме тоа да се направи и од Владата има добар слух и од Народната банка излегоа со поволности за младите луѓе, целта ние да создадеме услови реални, да овозможиме локации каде младите брачни парови можат да си купат земја, да градат, да основаат семејства. Ќе бидеме поврзани за младите за иднината, за просперитетот“, рече Стојкоски.

Скопје | пред 4 месеци

jovana-mojsoska

Лицемерие на Левица, по Апасиев и Мециновиќ и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Додека од граѓаните бараат и собираат донации, врвот на Левица тие пари ги ставал во нивни џебови.Мојсоска која не престана да ги напаѓа пратениците за патни трошоци, за четири години од Левица си инкасирала над 600 илјади денари.Додека во Собрание Мојсоска ги напаѓа и обвинува колегите пратеници зошто законски добиваат патни трошоци, таа од 2021 година до денес, од својата партија зела стотици илјади денари.Ова лицемерие на Мојсоска и Левица, кога едно зборуваат а друго прават, е целосно разоткриено и демаскирано.Народот виде дека додека во јавност продаваат скромност и неподмитливост, зад нивниот грб, со пари на граѓаните, ги полнат сопствените џебови.Тука се јавуваат и други дилеми, како на пример врз кој основ Мојсоска ги добила овие пари и дали тоа се партиски патни трошоци?Мојсоска и Левица до толку ли може да бидат лицемерни, од една страна да ги напаѓаат колегите пратеници, а од другата страна, од сопствената партија да зема над 600 илјади денари?Левица, Мојсоска и останатите од партискиот врв се прочитани и демаскирани. Народот виде дека се обични профитери загрижени, единствено, за сопствените џебови.

Македонија | пред 4 месеци

apasiev

Апасиев и Левица од „неподмитливи“ станаа профитери, вистинат излезе, вели Манасиевски

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, жестоко ја нападна партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев, обвинувајќи ги за лицемерие и профитерство.„Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица. Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани,“ изјави Манасиевски.Тој ја посочи како скандалозна зделката за купување конфискуван недвижен имот во центарот на Скопје по цена од 250 илјади евра, за која јавноста прво беше убедувана дека не постои. „Вистината излезе на површина – просторот навистина е купен преку директен договор со извршител и банка, иако Левица со години гласно се спротивставуваше на вакви практики,“ додаде тој.Според Манасиевски, со овој чекор Апасиев ја претворил Левица од левичарска и работничка во „елитистичка партија што гази врз сопствените членови“. Тој потсети и дека Левица барала донации од граѓаните, додека парите, како што вели, завршувале кај партискиот врв, а истовремено партијата го практикувала истото што им го замерува на другите – користење привилегии и патни трошоци.„Апасиев и Левица се сè, само не се неподмитливи и скромни. Нивната вистинска агенда е јасна – од наводно неподмитливи до профитери,“ порача Манасиевски.

Македонија | пред 4 месеци

sovet-glasanje-rebalans

ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за Советот на Град Скопје

ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници во Советот на Град Скопје. Од партијата велат дека изборот паднал на „чесни, образовани и успешни луѓе во својата област“, кои ќе работат за решавање на проблемите со кои се соочува главниот град.„Свесни сме за предизвиците што не очекуваат, имаме план и визија за промена на начинот на функционирање на градот кон подобро. Граѓаните се нашата водилка и мотивација да работиме повеќе и подобро“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.На листата се наоѓаат 45 кандидати:1. Даме Димитровски2. Луке Галески3. Жаклина Шопова4. Мартин Стојановски5. Дејан Шишковски6. Весна Маркоска7. Сашо Кукески8. Василка Китановиќ9. Анета Марковска – Илиевска10. Мирдита Салиу11. Александар Николовски12. Славчо Мисајлески13. Весна Стоименовска Атанасов14. Ибраим Сулејман15. Магдалена Забазновска16. Мунира Куч17. Филип Јаневски18. Борис Шамбевски19. Никола Стојковски20. Доце Павлова21. Валентин Манасиевски22. Тони Бојковски23. Даниела Костадинова24. Љупчо Настоски25. Љупчо Ристески26. Даниела Ристовска27. Никола Груев28. Емил Алиев29. Елизабета Стефковска30. Христина Јовановска31. Пане Антовски32. Анита Трајковска33. Митко Сланинкоски34. Мартин Талески35. Кристина Бундовска36. Димитар Николовски37. Луна Стефановска38. Христијан Перчинковски39. Мато Гласновиќ40. Милка Чолакова41. Слаѓана Бошковска42. Филип Наумовски43. Никита Шукутковски44. Марко Костов45. Мартина Анастасовска

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-22.19.00

СДСМ бара одговорност за еколошките пожари, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со обвинувања за лицемерие

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора сериозни прашања за кои институциите мора да понудат одговори. Таа нагласи дека граѓаните имаат право да бидат информирани за загадувањето на воздухот и побара одговорност за, како што рече, еколошката катастрофа што ја зафаќа Скопје.Кузеска праша колкаво количество токсичен отпад изгоре, каква е концентрацијата на опасни материи во воздухот и дали престојот на отворено е безбеден за деца, бремени жени и хронично болни лица. Таа го нарече „врв на неодговорност и незаинтересираност“ тоа што, како што наведе, клучните луѓе во државата наместо решенија даваат изговори.„Премиерот Мицкоски вели дека воздухот само изгледа загаден, Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, Панче Тошковски е загубен, Орце Ѓорѓиевски гледа ‘политички пожари’. Граѓаните се гушат, а институционален одговор нема,“ рече Кузеска, додавајќи дека Владата личи на „шатор на циркузантска трупа која прави шоу додека горат депонии и фабрики“.СДСМ побара итна и темелна истрага за сите пожари и политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот, но и за институциите кои не постапиле навреме.На изјавите на Кузеска веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја СДСМ за лицемерие.„Додека на пресови шират паника и лажна грижа, раководството на СДСМ ужива на забави и заборава на маските и загриженоста што ја прикажуваат пред јавноста,“ стои во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните ја препознаваат „дволичноста“ на опозицијата, а како што додаваат, „најтрагично ќе биде ако се докаже дека СДС и ДУИ стојат зад подметнатите пожари пред избори“.

Македонија | пред 4 месеци

kaja-sukova

Шукова: Црн чад над Скопје граѓаните бараат одговорност, а не молк

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова остро реагирашеза големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии.„Скопје повторно под црн чад!Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните?Наместо молк, граѓаните бараат одговори и одговорност. Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација. Отпадите и депониите работат без соодветни стандарди за заштита на животната средина и без контрола.ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници им должат одговори на граѓаните и тоа веднаш!Жителите на Скопје имаат право на здрав живот и чист воздух, а не на постојани пожари, чад и труење.Доста е со импровизации и молк. Време е за реални решенија и вистинска грижа за граѓаните"-напиша Шукова на Фејсбук.

Скопје | пред 4 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров

Скопје уште еднаш се гуши во канцероген чад. Во населбата Трубарево избувна огромен пожар во магацини каде што бил складиран опасен отпад – електронски уреди, батерии, пластика, гуми. Наместо итен системски одговор и заштита на граѓаните, јавноста повторно доби партиски соопштенија, пресметки и меѓусебни обвинувања.Од пожарот се ослободуваат тешки метали и токсични супстанци кои во воздухот стигнуваат директно до домовите на скопјани. Граѓаните во Трубарево веќе со години предупредуваат на несовесното управување со отпадот, а сега нивните стравови се потврдија. Политичарите ја користат трагедијата за дневна пропаганда.Мециновиќ: „Колку богатство може да ве насити?“Пратеникот и кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи остро реагираше на „лицемерието на властите и стручните кругови“ кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните.„Одете во Трубарево да видите како изгледа кога гори електронски отпад до градинка,“ порача тој, посочувајќи дека системски регулации и инспекциски надзори воопшто не постојат.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, пак, предупреди дека државата се соочува со „еколошка и безбедносна катастрофа“.„Скопјани дишат канцерогени материи, а институциите се нефункционални,“ порача тој, нагласувајќи дека ова не се изолирани инциденти, туку системски хаос.Од ВМРО-ДПМНЕ со најостар тон го обвинија владејачкото дуо СДСМ–ДУИ дека свесно ги оставиле депониите без контрола и дека зад пожарите стојат политички интереси. „Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ порачаа од партијата, барајќи итна истрага.Додека чадот од Трубарево се шири над Скопје, партиите се натпреваруваат во меѓусебни обвинувања.Во меѓувреме, додека едни палат, а други пишуваат соопштенија, граѓаните дишат отров.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-15.44.58

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ дека намерно ги палат депониите за да создадат хаос во Скопје

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека коалицијата СДС–ДУИ стои зад намерното палење на скопските депонии „Дрисла“ и „Вардариште“, со цел да создаде страв и хаос кај граѓаните.„Криминалците од СДС–ДУИ, задушени од народниот пораз, решија да го задушат и Скопје, само за да го спречат доаѓањето на правдата,“ велат од партијата.Во реакцијата се наведува дека „злосторничкото здружение прибегнало кон најопасни и криминални методи“ и дека палењето на депониите претставува свесно уништување на здравјето на скопјани.„Со години СДС и ДУИ управуваа со ‘Дрисла’ и ‘Вардариште’. Тие ги поставуваа директорите, тие ветуваа фабрика за селекција на отпад и чист воздух. Единствено што оставија зад себе е смет, диви депонии и труење на луѓето,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму посочуваат дека скопските градоначалници од нивните редови во изминатите години реализирале проекти за чистење и уредување на јавните површини и за воспоставување систем на селекција на отпад, а Владата започнала ревизија на еколошките политики и подготовка на нови проекти за модернизација на „Дрисла“ и затворање на дивите депонии.„Како тоа баш пред локални избори почнаа да ‘горат’ депониите? Како тоа токму сега ‘Дрисла’ почна да загадува? Дали постои организирана структура зад ова?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да спроведат итна истрага и да ја утврдат одговорноста. „Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ стои во соопштението.

Скопје | пред 4 месеци

viber_image_2025-09-13_12-52-21-441

Ѓорѓиевски ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска официјално ја поднесе својата кандидатура пред Државната изборна комисија.„Со голема чест и уште поголема одговорност, ја поднесов мојата кандидатура за градоначалник на Скопје пред ДИК. Овој ден е нашата заедничка борба за Скопје какво што сите го сакаме: достоинствено, модерно, чисто и полно со живот,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој им се заблагодари на својата матична партија и на претседателот Христијан Мицкоски за поддршката, како и на граѓаните кои, како што нагласи, веруваат дека Скопје може и мора да биде подобро.„Подавам рака на сите кои Скопје го сакаат како свој град. Подавам рака да го направиме Скопје симпатично, пристојно и убаво место за живеење. Подавам рака за Скопје на сите негови граѓани,“ порача кандидатот.Ѓорѓиевски најави дека ќе ја води кампањата со енергија, визија и решителност, со цел, како што рече, „да изградиме град кој ќе биде гордост и дом за сите генерации“.

Скопје | пред 4 месеци

Нема фотографија

Манасиевски: Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата

„Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата“, вели Валентин Манасиевски и додава:Димитар Апасиев, кој пред јавноста се претставува како чесен и скромен човек, земал над 700 илјади денари од касата на партијата Левица, за свои приватни потреби.Лицемерието на Апасиев и Левица е огромно, од една страна не земаат патни трошоци како пратеници и глумат скромни пред камера, меѓутоа позади камерaте, ја молзат и цицаат партијата, правејќи стотици трансакции и земајќи стотици илјади денари за свои лични потреби.Имено, на ден 17.03.2023 година, Апасиев земал 52.000 денари нето, од партиската каса за приватни цели, можеби ја реновирал кујната. На 14.04.2022 година, земал 25.480 денари, потоа на 12.07.2022 година, земал 27.300 денари, па на 19.08 истата година – 24.050 денари, и така натаму и така натаму, за да Апасиев достигне до сума над 700 илјади денари средства земени во неговиот џеб од сопствената партија.Почитувани, крајно лицемерно е Апасиев да глуми жртва и скромност пред јавноста, додека во позадина краде од Буџетот на неговата партија. Пари кои граѓаните ги донираат на таа партија, Апасиев си ги користи за свои приватни цели. Замислете ваков човек како Апасиев да добие можност да води општина, град или пак Влада. Буџетот ќе се потроши за рекордно брзо време.

Македонија | пред 4 месеци

11.09.2025

Стаменкоска Трајкоска: Сета енергија и сиот фокус ќе ги ставам во насока на подобра Кисела Вода

Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидатка за градоначалничка од ВМРО-ДПМНЕ на општина Кисела Вода, беше гостинка во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Стаменкоска Трајкоска зборуваше за нејзината кандидатура, што според неа да се биде градоначалник значи голема пожртвуваност, фокус, енергија и посветеност.„Со сегашниот градоначалник и идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имавме многу тесна соработка. Ние мораме да знаеме со какви проблеми е општината или делот од каде што живееме, бидејќи тоа е микросредина која што на нас ни е многу битна. Тоа е нашиот дом“, рече Стаменкоска Трајкоска.Таа истакна дека да се биде градоначалник значи пожртвуваност, енергија, фокус и посветеност.„Како таа енергија те храни за да издржуваш во тие тешки моменти, а секако многу тешка функција од аспект на тоа што бара навистина пожртвуваност, бара многу енергија, бара многу фокус посветеност и ред други работи“, кажа Стаменкоска Трајкоска и додаде:„Кога се разговарало пак за темата Град Скопје, јас секогаш сум знаела да кажам, Кисела Вода не ја оставам и склопот на сите околности. Во еден момент морам да признаам, предизвикот заради тоа што сум жена ми даде еден мотив да кажам од една страна, да навистина почнам да размислувам во тоа што значи да се биде градоначалник на една општина. Општина Кисела Вода е општина која што навистина заслужува многу треба многу треба многу за општина кисела вода ќе се прави“.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања