ВМРО-ДПМНЕ

545430717_1320837866336166_1810243248184777504_n

Ѓорѓиевски: Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нé препознаваат по работа и резултати

„Ќе победиме силно!“ , вели Орце Ѓеорѓиевски и додаде:Вечерва сме во Ѓорче Петров, помеѓу својот народ, на завршниот настан од караванот за идеи и предлози.Со моите драги пријатели и силна поддршка уште од самиот почеток - сегашниот и иден градоначалник Александар Стојкоски и Бојан Стојаноски, заедно со нивниот одличен тим, убеден сум дека тука во Ѓорче ќе оствариме историска победа.Она што го видов вечерва, масовноста, енергијата и искрената поддршка е најголем доказ дека сме на вистинскиот пат.Ќе победиме секаде, а најсилно во Скопје, затоа што ние нудиме работа, а не празни флоскули.Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нѐ препознаваат по работа и резултати!Оваа победа ќе биде победа на народот, на чесноста и на вистинските вредности.Заедно ќе изградиме Скопје кое ќе биде симбол на развој и гордост.Секој од нас е дел од оваа приказна, секој од нас е сила за најдоброто што доаѓа!

Скопје | пред 4 месеци

Нема фотографија

Андонов: Ново матично одделение е отворено во Василево, го слушаме гласот на граѓаните и им го олеснивме пристапот до ваквите услуги

Славе Андонов, актуелен и кандидат за градоначалник на општина Василево од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа. Андонов зборуваше за отворање на ново матично одделение во општина Василево, и истакна дека претходно тоа било проблем за жителите на општина Василево. Тој додаде и дека направил се во рамки на неговите надлежности како градоначалник.,,Ова беше навистина голем проблем за граѓаните на нашата општина. Меѓутоа и за граѓаните на две други населени места од општина Струмица бидејќи ова матично одделение, матична канцеларија во општина Василево опфаќаше покрај сите населени места во нашата општина и две населени места од општина Струмица. Со тоа се кажува и значењето на оваа канцеларија“, рече Андонов.Андонов истакна дека како градоначалник на општина Василево, во рамки на неговите надлежности, успеал да издејствува кај Управата за водење на матични книги.,,Како градоначалник ја гледав таа потреба, го слушав гласот на граѓаните, и направив се што е во мои можности и рамки како градоначалник да издејствувам кај Управата за водење на матични книги, повторно да се отвори канцеларијата во општина Василево, поточно во зградата на Културниот дом во Василево, и таму граѓаните да поднесуваат барања и истите да ги подигаат изводите од било која област“, кажа Андонов.Според него, ова ќе ги олесни услугите за граѓаните при вадење на документи: ,,Со тоа го олеснивме пристапот до овие услуги и мислам дека и тоа е интенцијата и на мене како градоначалник, но и на нашата администрација. Администрацијата да биде поблиску до граѓаните, а не далеку од нив“.Андонов додаде дека вработените во општината во Василево, допринесоа општината да биде финансиски стабилна.,,Со домаќинско работење, со чесно работење, со алоцирање на средствата таму каде што се најпотребни за граѓаните. Со работа и труд докажавме дека можеме и да го надминеме и не само тоа, општина Василево имајќи во предвид ваквиот долг успеа енормно задолжена општина да стане едно големо градилиште каде што се градат големи капитални објекти“, заклучи Андонов.

Македонија | пред 4 месеци

120190420_222432

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството го чува во фиока „Рекет 2“ и ги штити функционерите на СДС и ДУИ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека судско-обвинителскиот систем продолжува да го прикрива криминалот на СДС и ДУИ, а Основното јавно обвинителство намерно го чува предметот „Рекет 2“ во фиока.„Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од два отсто продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО верно им служи на оние кои го изгласаа – СДС и ДУИ,“ се наведува во партиското соопштение.Според информациите, постои предмет „Рекет 2“ за кој обвинителството отворило предистражна постапка, но целиот процес бил стопиран. Во него биле опфатени поранешната претседателка на СЈО Катица Јанева и уште тројца обвинители, кои се обиделе да рекетираат познат бизнисмен.„Македонската јавност заслужува да знае дали овој случај се држи во фиока затоа што се кријат и се штитат лица од СДС и ДУИ. Заслужува да знае дали Коцевски е на чело на ЈО за да го гони криминалот или за да ги штити своите наредбодавци,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се додава дека изминатата година не е поведена ниту една постапка за поранешни функционери на СДС и ДУИ, а ЈО мора да ги оправда платите кои ги добива од граѓаните и да почне да истражува криминални дејствија, наместо да ги чува предметите во фиока.

Македонија | пред 4 месеци

petrusevski

Петрушевски: СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече

„СДС призна дека преку АНБ и АР го прислушувале и следеле претседателот Мицкоски, попусти се обидите на Виктор Димовски да се извлече“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и додаде:СДС призна дека 5 години го следеле претседателот Мицкоски. Тоа значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби.Овие служби, наместо да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДС. Главен извршител бил Виктор Димовски и свесен за последиците од признанието на СДС во паника негира и бега од последиците на своето делување.Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа.Виктор Димовски да признае што правел и по чија наредба од врвот на политиката.Следењето и прислушкувањето не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна е избран за Републички ЈО и Врховниот суд.Овој скандал на злоупотреба на службите не смее да остане не санкциониран.Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори.

Македонија | пред 4 месеци

vmro_dpmne

СДС се обидува да ги спаси организаторите на следењето на опозицијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на најавата на СДС за прес-конференција, обвинувајќи ја партијата за обид да ги „спаси нарачателите и организаторите на следењето на опозицијата“ и да го дефокусира јавното мислење.„Тоа е власт која додека крадела и пљачкала, правела предавства и ги уништувала институциите како што правеа тие и ДУИ, ја држела опозицијата тогашна ВМРО-ДПМНЕ под присмотра и ја следеле базирано на фабрикувани основи,“ соопштија од партијата.Во реакцијата се додава: „Одговорот е, ем шуто ем боде. Македонија нема да ви прости! Македонија памети и нема да ви заборави.“

Македонија | пред 4 месеци

filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите, тие беа заборавени цели седум години

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на Венко Филипче по неговите средби со младите, обвинувајќи го за, како што велат, лицемерие и заборавеност на младите генерации додека неговата партија била на власт.„Филипче им говорел на младите за тешкиот живот, ниските плати и иселувањето, но тоа беа реалностите токму во неговото време. Инфлацијата беше над 20%, платите мизерни, пензиите се зголемуваа за само 185 денари, јавниот долг над 60%, а студентските домови и факултети беа оставени на милост и немилост. Учениците со години учеа без учебници. СДС и ДУИ владееја со државата седум години и токму тие се одговорни за катастрофалната состојба“, велат од партијата.Оттаму додаваат дека во изминатите 15 месеци, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презела власта, биле постигнати конкретни резултати. „Платите се покачени во администрацијата, здравството, образованието и полицијата. Инфлацијата се контролира и не е веќе 20%, јавниот долг се намали. Странските директни инвестиции достигнаа милијарда и 250 милиони евра. Учениците годинава добија учебници на први септември, а студентските домови и факултетите се реконструираат. Младите добиваат финансиска поддршка за стартапи, земјоделство и субвенции за електронски уреди,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„Филипче треба да им се извини на младите што седум години беа целосно заборавени, наместо да ги лаже и манипулира. За сè што направија, СДС и ДУИ веќе беа казнети на избори, а сличен пораз ќе ги снајде и во октомври,“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 месеци

nakje-culev

Чулев: Реформите кои ги правеше Оливер Спасовски се покажаа неуспешни, затоа ни се случуваат злоупотреби во разузнавачко-безбедносниот сектор

Во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител, гостуваше Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен директор на АР, кој истакна дека со незаконското користење на капацитетите на Агенцијата за национална безбедност е направена штета врз правата и слободите на граѓанинот, истакнувајки дека Јавното обвинителство може многу лесно да ја лоцира одговорноста за сета злоупотреба врз основа на поднесени известувања и дигитална форензика.„На тој начин е нанесена сериозна штета врз правата и слободите на граѓаните, нанесена е штета врз угледот на државата, разнишана е довербата во институциите од безбедносниот систем. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност работат по стрикни утврдени правила и принципи на работење, така да многу е лесно да се детектира каде е одговорноста. Во Агенцијата за национална безбедност треба да се утврди дали навистина постоела законска основа за одредено лице да биде таргет на службата, во медиумите преструеја информации дека се работи за следење на комуникации, меѓутоа не е само следење на комуникации доколку одредено лице е таргет на службата освен следење на комуникации има и физичко следење 24/7, така да, доколку ЈО сака вистински да ја утврди и лоцира одговорноста помеѓу раководителите и вработените, тогаш тоа може врз основа на известувања кои што се поднесени до сега, но и врз основа на дигитална форензика“, рече Чулев.Чулев посочи дека реформите кои се донесени во времето кога Оливер Спасовски бил раководител на безбедносно разузнавачкиот систем се покажале како тотално неуспешни, укажувајќи дека токму од тие причини сето ова е поттик за нови реформи кои ќе конципираат транспарентна и одговорна разузнавачка служба.„Реформите коишто ги правеше Оливер Спасовски после сите овие злоупотреби на системот очигледно се неуспешни, бидејќи не ги штитат интересите на државата и граѓаните, туку ги штитат интересите на одредени поединци и политички структури. Наместо реформите да вродат со плод, во смисла на поголема заштита на интересите на државата и на граѓаните тие доведоа да сегментите од разузнавачко безбедносниот сектор и самите продуцираат бројни безбедносни скандали и корупциски афери за што бевме сведоци , реформите се неуспешни затоа пак ни се случуваат злоупотреби во рамките на разузнавачко безбедносниот сектор. Од тие причини ова е добар поттик за да се спроведат вистински реформи коишто ќе конципираат една модерна разузнавачка служба којашто ќе биде одговорна, одржлива и транспарентна“, вели Чулев.

Македонија | пред 4 месеци

orce-gorgjievski

Ѓорѓиевски во Љубљана: стигнува експертска поддршка за јавниот превоз и чистотата во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, на која бил постигнат договор словенечката престолнина да стане град-партнер за развојот на Скопје.Средбата се одвивала во пријателска атмосфера, со размена на искуства и визии за идната соработка меѓу двата града. Ѓорѓиевски истакна дека добил драгоцени совети и поддршка од Јанковиќ, кој вети дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана помош за Скопје, особено во решавањето на предизвиците со јавниот превоз и чистотата, но и во други области каде ќе биде побарана поддршка.Договорена е и интензивна соработка за зајакнување на капацитетите на Град Скопје во креирање, планирање и спроведување европски проекти. Ѓорѓиевски нагласи дека преку ова партнерство верува во изградба на поефикасен и поевропски главен град, достоен за своите граѓани.Во таа насока, тој упати и официјална покана до Јанковиќ за посета на Скопје, со потврда на статусот на побратимени градови.

Скопје | пред 5 месеци

Jovica-Jankovik

СДСМ: Наместо лаги за Филипче, Бојан Стојановски да се покаже во Собрание: Нека гласа за минимална плата од 500 евра

„За една година власт ВМРО-ДПМНЕ ја доведе државата во најголема економска несигурност, Македонија се претвора во земја на сиромаштија и неизвесност. “ , вели Јовица Јанковиќ и додава:Инфлацијата е 4,8% основните трошоци се зголемени за 4.300 денари. Цените во Македонија достигнаа 60% од европскиот просек, додека платите остануваат далеку под нивото, само 35% од европскиот просек. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните осиромашуваат.Ударот врз куповната моќ на граѓаните е резултат на неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и дебаклот на сите нивни промашени економски политики. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не испорача никаков резултат а разочарувањето кај граѓаните е огромно штанцаат невистини за Венко Филипче.Очигледно Бојан Стојановски одработува за нечии бизнис интереси штим зборува лаги во кои ниту тој самиот не верува. За катастрофалната економска состојба во која ја доведоа државата се знае кој е крив, тоа е ВМОР-ДПМНЕ и неспособната влада. А Бојан Стојановски може да докаже на дело дека навистина мисли на работниците и на граѓаните, во македонското Собрание.Еве, за почеток нека ги поддржи предлозите на СДСМ за:-зголемување на минималната плата на 500 евра,-укинување на ДДВ за храната и основните прехранбени производи,-континуирано покачување на платите во сите сектори.Понатаму, нека ги повика и неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за овие решенија и да побара од неговата влада да се откаже од луксузирањата со парите на граѓаните за папаја и манго. Ќе го направи ли ова Бојдан Стојановски и зошто не?

Македонија | пред 5 месеци

Venko-SDSM-1

Филипче: Неспособноста на Мицкоски да испорача резултати го турка повторно во старите измислени сценарија за хаос

Премиерот Христијан Мицковски повторно покажува целосна неспособност и менаџирање на државата. И денеска и една година наназад за политичкиот неуспех на Мицковски криви се СДСМ и ДУИ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за Телма телевизија. Филипче обвинувањата на премиерот Мицковски дека СДСМ и ДУИ имаат тајни планови за хаос и политички малверзации за изборите ја оценува како резултат на немањето капацитет да се води државата.„Иако пред повеќе месеци Уставниот суд ја донесе одлуката и го укина телото од изборниот закон од процентот на потребни потписи да се кандидираат независните листи власта чекаше до последниот момент да даде предлог на закон откако изборите беа распишани. За жал не направија ништо ниту да се обидат тој закон за помине во Парламентот, не дојдоа сите пратеници од коалицијата од ВЛЕН од дел од националностите. Не се ни обидоа да го обезбедат бадентеровото мнозинство иако ние како СДСМ дадовме поддршка за тој процес. Излеговме во пресрет и ја подржавме и го поддржавме и предлогот да се намали цензусот на 0,5% во интерес на тоа да граѓаните ја изразат својата волја преку независните листи да може во еден јасно структуриран процес тие да се кандидираат и да ги дадат своите кандидати. За жал власта целосно потфрли“, рече ФилипчеЦелосно одговорен за оваа работа Филипче го смета премиерот Мицковски и владејачката коалиција кои дозволија отворање можности да се злоупотребат изборите во нивна корист, да го скријат очигледното губење огромен број на гласови.

Македонија | пред 5 месеци

pecakov

Пецаков: Меѓународната и меѓугранична соработка директно придонесуваат во туризмот како основна гранка на развој на Охрид

Во однос на меѓународната соработката, а и меѓуграничната соработка, придобивките би ги поделил во два дела. Едната придобивка би ја поврзал директно со туризмот како една основна гранка на развој на самиот град, а втората се сите оние проекти, без разлика дали станува збор за инфраструктура или некакво опремување на медицински центри или опремување на јавните претпријатија со соодветна опрема, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид на денешниот настан Саем-Отчет, земајќи збор на панел-дискусијата на тема „Меѓународна соработка за развиени општини“.Пецаков истакна дека она што се работи со туризмот и учеството на саемите за туризам, се гледа како директна придобивка, посебно во зимскиот период, кога станува збор за новогодишните празници, но и околу велигденските и првомајските празници, каде огромен број на туристи, пред сè од соседството, го поминуваат времето во Охрид.„За нас, таа меѓународна соработка на тие саеми, претставува директна придобивка за туризмот и локалниот развој. Заедно со тур операторите но и сите други што нудат некакви туристички услуги се вмрежуваат и се создава позитивен придонес, посебно во текот на летниот период каде што се создаваат тие пакети, настрана од тоа што претставува новогодишен период. Ние како град, создавајќи и творејќи, токму во делот на туризмот, како што придобивките се најголеми и ги гледаме на одреден начин, но она што претставува број на ноќевања и собирањето на туристичка такса каде што годинава сериозно предничиме“, рече Пецаков.Пецаков додаде дека соработката со Владата за воведување на нови авиолинии од охридскиот аеродромот значително придонесоа за дополнителен развој на туризмот во Охрид и целиот регион.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна, кога беа на власт имаше само многу криминал

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој на самиот почеток ги отфрли сите обвинувања за етничка нееднаквост од страна на ДУИ и истакна дека ДУИ означува криминал, неспособност и корупција, како и дека тезите се неконструктивни со што приложи докази за финансиската поддршка од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кон општините кои ги предводат градоначалници токму од ДУИ.„Нивната улога во Владата значи многу криминал, многу неработа, многу неспособност, многу корупција, и сега тие ставаат знак на еднаквост помеѓу сите овие епитети коишто го има нивното учество во Владата и етничката поларизација, доколку тие не се тогаш тоа било етничка поларизација, мислам дека таа теза им е погрешна. Еве на пример да речеме ако ги гледаме бројките ќе го споменам Кичево. Кичево градоначалник е Фатмир Дехари од ДУИ, во првиот повик скоро 56 милиони денари, проекти финансирани од оваа Влада, во вториот повик скоро 330 милиони денари, или вкупно 385 милиони денари за 16 проекти, тоа е повеќе од 6 милиони евра. Струга на пример, градоначалник е од ДУИ господинот Рамиз Мерко којшто е на листата на санкции на САД, во првиот повик има еден проект којшто е околу 135 милиони денари, вториот повик има 5 проекти вредни 307 милиони денари или вкупно 443 милиони денари. Сарај, во вториот повик имаме 5 проекти од близу 320 милиони денари, коишто оваа Влада ги обезбедила за општина во којашто градоначалник е од редовите на ДУИ“, објасни претседателот Мицкоски.Мицкоски исто така направи јасна дистинкција за време на владеењето на СДС и ДУИ кои не финансирале ниту еден проект во општините каде што се градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Доколку одиме назад и доколку ги анализираме првите три години на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дали некој од нив ќе се сети на проект којшто е финансиран од владата на СДС и ДУИ, одговорот е ни еден. Повеќе од 40 општини не добија буквално ниту еден проект којшто го финансираше таа влада. Јас навистина ги отфрлам како неконструктивни и пораки коишто припаѓаат на минатиот век, навистина жалам што нереформираното, криминално и коруптивно ДУИ сè уште живее во тие години, и уште мисли дека со таков тип на пораки ќе придобие симпатии во јавноста мислејќи дека ако се радикализира, мислам дека грешат и тоа ќе го видат на локалните избори коишто ќе се случат за помалку од два месеци“, дециден е претседателот Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

BK-SDSM

Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

„Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери,“ порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претвори во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари, додаде таа.„Преку фирми блиски до власта, систематски се испумпуваа пари од граѓаните. Најочигледен доказ за тоа е фактот дека едни исти фирми, и во општините и во државните институции, добиваат милионски тендери и речиси секогаш се јавуваат како единствени понудувачи. Тоа не е конкуренција, тоа е корупција во најчиста форма,“ истакна Кузеска.„Додека јавните пари се трошат за партиски бизнис шеми, ВМРО-ДПМНЕ ги удри граѓаните по џеб. Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ воведе поскапи сметки за вода, канализација, смет и го зголеми данокот на промет,“ потенцираше Кузеска.Поголеми трошоци за живот има речиси во сите општини под ВМРО-ДПМНЕ: Прилеп, Штип, Охрид, Битола, Ѓорче Петров, Бутел, Неготино, Гевгелија, Велес.„Наместо да ги олеснат животите на луѓето, тие ја зголемија цената на секојдневието, оставајќи ги граѓаните со повисоки давачки и со посиромашни општини,“ посочија од СДСМ.Таа нагласи дека најголемиот пример за катастрофална локална власт е токму главниот град.„И во Скопје 4 години ВМРО-ДПМНЕ е локална власт: нивни партиски луѓе како Перински, Христовски, Велковски, Славевски, управуваа со јавните претпријатија во Скопје, со Советот на Градот, со сите полуги на локалната власт. После 4 години Скопје е симбол на хаос во јавниот превоз, со нечисти улици и смет на секој чекор, со ниту еден нов капитален проект, јавните претпријатија пред распад и тотално нефункционални. Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран јавен простор, загрозена безбедност и уништен урбанистички ред. Тоа е сликата на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ,“ порача Кузеска.Затоа, локалните избори се шанса за клучни промени на локално ниво. Шанса да се стави крај на четиригодишното разочарување на ВМРО-ДПМНЕ, на хаосот, нереализираните ветувања, урбаната мафија и криминалот. Шанса да се вратат општините таму каде што им е местото: во служба на граѓаните, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Ќе побара ли Апасиев од Мециновиќ да го врати пратеничкиот мандат? ВМРО-ДПМНЕ му бара да биде доследен на изјавата од пред четири години

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во 2021 година побара сите пратеници кои се кандидираат за градоначалници да си поднесат оставки од пратеничката функција. Сега, кога Амар Мециновиќ се кандидираше за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го праша лидерот на Левица, дали ќе побара актуелниот пратеник да го врати мандатот.„Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Инаку, Мециновиќ денеска беше претставен како кандидат на Левица за градоначалник на Скопје, на престојните локални избори.

Македонија | пред 5 месеци

05062023_VRSM_BITIKI-7

Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, падна на арбитража

Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, реагира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер.„Да се потсетиме: Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во целиот тој процес се водеше со јасни определби и насоки од страна на мојот кабинет во претходната Влада.“ наведува Битиќи.И затоа, искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност, вели пратеникот на СДСМ.„Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже“ стои во објавата на Битиќи.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања