ВМРО-ДПМНЕ

koneski

Конески: Лицемерно е СДСМ да зборува за младите откако претходно 7 години ги заборавија, ВМРО-ДПМНЕ е партнер на младите

„Лицемерно е после ветувањето за студентските градови и домови низ државата, СДС да зборува за младите. Ниту со прст не мрднаа, ниту еден проект не реализираа за младите. Единствено одредени млади купуваа трговци центри, а останатите си заминуваа“ , вели Тодор Конески и додава:СДСМ ги остави младите и студентите понижени и посрамотени, откако им ветуваа брда и долини на истите. Од студентски градови и домови, до покачени стипендии и поддршка. Не само што ништо не исполнија, туку и дел од овие ветувања и ги укинаа.Затоа младите и не им даваат поддршка на СДСM и јасно ќе го повторат тоа на претстојните локални избори. Младите знаат кој е нивниот вистински партнер, а тоа е Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.250 евра ваучери за електронски уреди за сите студенти, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис, 10 илјади евра за млад земјоделец, во текот на мандатот ќе бидат реконструирани 9 студентски домови низ државата, реконструкција на ФИНКИ и на ФФК, како и спортската сала во кругот на УКИМ. Се покачуваат стипендиите за студентите, се прошири опсегот на субвенциониран студентски оброк, нов факултет во Штип и студентски дом, се дел од проектите кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги презема по само една година владеење, за поддршка и стимулирање на младите.Ова е само дел од огромната разлика која ја правиме во однос на младите. Ако претходно младите гледаа излез од оваа држава, сега имаат надеж дека може подобро и дека можат да останат и да творат тука.

Македонија | пред 5 месеци

petrusevski

Петрушевски: Кога СДСМ повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски кого го спасија и држат на функција

„Кога СДСМ повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски, кого го спасија и го држат на функција“ , вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и додава:СДСМ и главниот обвинител Коцевски, играа пинг-понг во јавноста, се до моментот кога тој требаше да си замине од позицијата, па СДС мораше јавно да истапи и да го брани, за да се спасат себе си.Кога граѓаните се прашуваат до каде е случајот, треба да знаат дека е на линија помеѓу главниот обвинител Коцевски и СДСМ. Вторите лажно го напаѓаа првиот, за да создадат привид во јавноста, операција која не им успеа затоа што мораа да го бранат во Собрание, да не останат без него.На фолирањето на СДСМ му дојде крај. Не додржаа ниту еден месец, па СДСМ мораше да се соголи, и да покаже дека ќе направат се само главниот обвинител, Љупчо Коцевски, да остане на позиција.Сега е многу очигледно и зошто СДСМ држеше пресови за Кочани, каде со лажно душегрижништво го напаѓаше ВМРО-ДПМНЕ, а всушност договорени со нивниот обвинител Коцевски, сакаа да креираат хаос.Сите обиди за хаос и сценарија на СДСМ се изјаловија.Секој може да види каде е вистината, а таа е дека СДСМ го спаси главниот обвинител Коцевски, кој има задача да ги спасува нив од одговорност, но и да им креира наративи за политички прес-конференции, како во случајот со Кочани.

Македонија | пред 5 месеци

sinisa-stojanoski

Стојаноски: Направивме многу за ГОБ „8 септември“, реконструкција на хируршкиот блок, модерна опрема и кадровско екипирање

На денешната трибина која се одржа во Штип на тема „Реформи во здравството-Ги градиме темелите на промените“, се обрати Синиша Стојаноски, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ГОБ „8 Септември“, кој истакна дека е наследена лоша состојба во здравствениот сектор, многу финансиски долгови и затворени одделенија долгови, притоа истакна дека за една година е направено многу во тој дел, со овозможување секој граѓанин да има пристап до здравствените услуги.„Пред една година кога ги наследивме институциите во здравствениот систем сфативме дека навистина треба да повлечеме една линија и да почнеме од почеток. За жал тоа не беше почнување од нула туку од минус. Начекавме институции со големи финансиски долгови, со затворени одделенија, без нови методи и без актуелни методи кои треба да ги задоволуваат потребите на граѓаните како здравствена услуга конкретно на ГОБ 8 септември“, рече Стојаноски.Стојаноски истакна дека сето она што е ветено во предизборието се остварува, со тоа што во секое одделение во ГОБ „8 септември“ е воведена една до две нови дијагностички терапевтски процедури и после 40 години е направено реновирање на хируршкиот блок.„Она што за една година успеавме да го направиме е да се држиме до она што беше предизборно ветување, најпрво да се потрудиме да направиме една рамномерна регионализација, да овозможиме пристап на граѓаните до услугите коишто секоја институција треба да ги нуди и тука морам да признаам дека веднаш наидовме на сериозна поддршка од Фондот за здравствено осигурување, тие имаа навистина слух за потребите на ГОБ „8 септември“. Секое од одделенијата доби задолжение да воведе минимум една до две нови дијагностички и терапевтски процедури, повторно наидовме на слух од Фондот за здравствено осигурување, добивме финансии како од аспект на опрема којашто е модерна и потребна за оваа цел, така и со кадровско екипирање. Се прави комплетна реконструкција на хируршкиот блок. Болницата треба и заслужува да прерасне во регионален центар, делата ќе зборуваат за нас“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 5 месеци

saso-klekovski

Клековски: За само една година успеавме да направиме две промени во позитивната листа на лекови која не беше обновена 10 години, го зголемивме и бројот на ин витро од 3 на 6

„Не почнавме од нула, туку од минус. 10 години во Македонија не беше обновена позитивната листа на лекови. 10 години од 2014-та година ниедна промена на позитивната листа, за една година ние успеавме да направиме две промени. Во првата промена 9 генерички лекови, во последната 2 онколошки лекови кои од следниот понеделник ќе бидат достапни во аптеките“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и директор на ФЗОМ, Сашо Клековски на денешната трибина во Штип на тема „Реформи во здравството – Ги градиме темелите на промените“.Клековски продолжи и додаде:„Многу се фокусиравме на лековите, благодарејќи на поддршката на владата одвоивме неверојатни пет милијарди денари за иновативни лекови, тоа е 70% повеќе од 2024-та година или двојно повеќе до 2023-та година. Тоа се многу повеќе пари, една милијарда повеќе за онкологија, повеќе пари за хематологија, педијатрија. Ова не се само пари, ова се животи спасени и олеснети. Стабилно снабдување на онкологија и хематологија, сите пациенти на неврологија со мултипла склероза опфатени. Луѓето на кои им треба хормон раст не чекаат веќе на тоа, и многу такви примери“, вели Клековски.Клековски истакна дека бројот на ин витро што го покрива ФЗОМ наместо 3 сега е зголемено на 6 и исто така процесот за добивање известување за барателите на ин витро е дигитализиран.„Зошто збориме за ин витро? Едно од 11 или 12 бебиња што се раѓаат во Македонија се зачнуваат со ин витро, сите говориме за демографија, за демографски политики но, мора да сфатиме дека ова не е само мала потреба на мал број луѓе, туку е една голема потреба на голем број луѓе бидејќи едно од 11 бебиња се зачнува со ин витро. Тоа што се направи со промена на законот за здравствено осигурување е само дел од работите што ги зачнавме, значи се зголеми бројот на ин витро што ги поддржува ФЗОМ од 3 на 6 поддржани ин витро, меѓутоа ние направивме уште повеќе, овозможивме сите тие 6 обиди да бидат без партиципација и многу поважно, го скративме периодот на чекање од 3 месеци на 2 недели. Во ФЗОМ секоја недела работи комисијата и ажурно се одобруваат, не треба ургенции, не треба врски, не треба јавување, сите што ги исполнуваат условите имаат шанса да добијат ин витро. Уште еден чекор понатаму обезбедивме дигитализација на добар дел од процесот и наместо како до сега што ваучерите ги испраќавме по пошта се губеа некаде по пошта сега се дигитални и стигнуваат на барателите за ин витро“, заклучи Клековски.

Македонија | пред 5 месеци

stojanoski-2

Стојаноски: СДС се обидува да создаде паника низ државата со слики од пожари во Шпанија

Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој говореше за состојбата со пожарите и како државата се справува со ситуацијата и нагласи дека постои основан сомнеж дека најголемиот дел од пожарите се подметнати.„Точно е тоа што го кажува директорот на ДЗС, бидејќи сепак тие луѓе имаат основани информации коишто доаѓаат од теренот, бидејќи се надлежни за таквите случувања. Премногу случајности за да кажеме дека тоа се случува така само од себе. Факт е дека има подметнување на пожарите на теренот низ Република Македонија“, вели Стојаноски и додаде:„Можевме да видиме дека имаше неколку лица којшто беа фатени на лице место, којшто беа уапсени. Неколкумина којшто се обиделе со најразлични материјали да создадат пожар, притоа не успеале и материјалите биле најдени на терен“, рече Стојаноски.Стојаноски истакна дека опозиционата партија СДС, сака да ја искористи оваа тема и кај граѓаните да создаде одреден немир. Пратеникот додаде дека на Фејсбук страната на СДС може да се забележи дека користат слики од пожари во Шпанија, за да прикажат дека истото се случувало во Македонија.„На страницата на опозиционата партија СДС, вие ќе видите дека тие толку нечесно сакаат оваа тема да ја дигнат во јавноста и да создадат кај граѓаните одреден немир или хистерија, да користат слика од пожари во Шпанија за да прикажат дека тоа се случувало во Македонија, за да добијат политички бенефит на две основи. Првата е да покажат дека не биле толку неспособни колку што граѓаните видоа во изминатите седум години, а второ, таа нивна девиза, колку полошо за државата, толку подобро за СДС и да покажат дека државата е неспособна да се справи со тие пожари“, објасни Стојаноски и нагласи дека нашите институции, пожарникари, како и војниците и полицајците се на висина на задачите и успеваат состојбата да ја стават под контрола.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

Политички судир поради пожарите: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за негрижа и саботажа

Пожарите што последниве денови зафатија делови од државата станаа причина за нова пресметка меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии преку официјални соопштенија се обвинија за негрижа, политичка манипулација и прикривање на одговорноста за состојбата со противпожарната заштита.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ за време на своето владеење оставила противпожарните единици без опрема, дека не е набавено ниту едно летало или возило за гасење пожари, додека функционерите, како што велат, оделе на одмори на грчки плажи во време кога низ државата беснееле пожари. Според нив, наместо загриженост, СДСМ се радувала на секој нов пожар за да може да обвинува.Во реакција од СДСМ се вели дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога нема одговор за, како што наведуваат, „катастрофалното водење на државата“, вината ја префрла на опозицијата. Потсетуваат дека Стојанче Ангелов, поранешен директор на Центарот за управување со кризи, за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ја уништил системската способност за заштита од пожари, е сега директор на Дирекцијата за заштита и спасување, поставен од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со зголемена плата од 30%.СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги објави имињата на лицата за кои тврдат дека подметнувале пожари, а секое одбивање, според нив, ќе значи соучесништво. Дополнително, посочуваат дека во последните две години изгорела површина каква што не изгорела во изминатите три децении.ВМРО-ДПМНЕ повторно упатува сомнежи дека дел од пожарите се намерно подметнати од лица блиски до СДСМ и ДУИ, и прашува која е нивната корист од тоа. Од партијата велат дека намерното предизвикување штета со цел да се наштети на актуелната Влада, во суштина претставува штета за целата држава.

Македонија | пред 6 месеци

jovana-trencevska-SDSM

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ лаже, со СДСМ пензиите пораснаа за 30%

Тренчевска потсетува дека во периодот од февруари 2022 до мај 2024 година, благодарение на Методологијата за усогласување на пензиите што ја донесе Владата на СДСМ, пензиите пораснаа за 29,7%. За тој период, најниската пензија порасна од 9.900 денари на 13.200 денари, а ниту едно покачување не било симболични 50 или 100 денари како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.Освен редовните покачувања, во два наврати беа доделени социјални мерки за сите пензионери:3.000 денари за сите пензионери,15.000 денари за оние со пензија до 14.000 денари,10.000 денари за пензии од 14.001 до 16.000 денари,7.500 денари за пензии од 16.001 до 19.000 денари.„Во мај 2024 година дупката во ПИОМ изнесуваше 32,5%. Денес таа е 47,8%. Со системски политики ја чуваме стабилноста на фондот, ВМРО-ДПМНЕ го загрозува и неговиот опстанок“, истакнува Тренчевска.СДСМ уште еднаш ја потврдува посветеноста кон пензионерите – со одговорни, системски решенија за подобар стандард, стабилен пензиски фонд и реална поддршка, а не со манипулативни трошки и лажни ветувања како што денес им се нуди

Македонија | пред 6 месеци

Ljupco-N-SDSM

Љупчо Николовски: Само една нова мала винарија за една година – катастрофален резултат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

„Шокантен пад во поддршката за малите производители. Според официјални податоци, во една година под Владата на ВМРО-ДПМНЕ е регистрирана само една нова мала семејна винарија. За споредба, во една година под Владата предводена од СДСМ беа отворени 101 мали семејни визби – тоа се 101 нови семејни бизниси, 101 можност за локален развој и работни места“, реагираше пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски и додава:Ова е директен резултат на укинувањето на реформите и програмите што СДСМ ги воведе за поддршка на малите производители, винари и земјоделци. Наместо да ги надградат успешните политики, ВМРО-ДПМНЕ ги укина без почит кон трудот на земјоделците.Ваквата безидејност и неспособност имаат сериозни последици го уништуваат локалниот агро-бизнис и ја враќаат државата чекор назад.СДСМ останува на страната на малите производители и ќе продолжи да се бори за политики што носат реална поддршка, развој и просперитет за секое семејство и секоја општина.

Македонија | пред 6 месеци

janevksa

Јаневска: Предметите историја и географија се вратени во образовниот систем, испечатени се учебници и зголемени се платите на наставниците

Во рамки на вечерашната трибина насловена „Образование и социјална политика, ги градиме темелите на промените“ свое обраќање имаше претседателката на Комисијата за образование и наука и министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа истакна дека во изминатите години се правеле експерименти во образованието, како што кажа, од немање учебници до концепти каде што ја нема историјата, како и незадоволни наставници, професори, деца и родители. Министерката додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со Министерството за образование ги поставиле темелите за изградба на еден силен национален систем.„Не само што немаше учебници, ние снемавме и деца, тоа е резултатот на седумгодишното владеење на претходната власт. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со Министерството за образование, ги поставија темелите за изградба на еден силен, модерен, национален систем, ефикасен, конкурентен со другите држави, кој би бил на задоволство на сите чинители, сите фактори кои се вклучени во тој систем, а со една единствена цел, стекнување на поголемо знаење, ефикасност и максимална инклузивност“, нагласи министерката Јаневска.Јаневска информираше дека во образовниот систем вратени се националните предмети историја и географија, иако минатата власт се обидувала да ги избрише, односно да ги интегрира во некаков замислен систем.„Со оваа цел тргнавме речиси од ништо, со огромни долгови. Затекнавме 5 милијарди долг, немаше учебници, се помалку ученици. Она што прво го направиме, а тоа е делувавме политички, ја вративме историјата и географијата како национален предмет во образовниот систем кои се обидоја со гумичка да ги избришат, всушност да ги интегрираат во некаков замислен систем. Испечативме учебници и за прв пат годинава ќе имаме после 7 години учебници за странски јазици, и учебници по секој предмет што нашите деца, наставници и родители секако ги заслужуваат“, децидна е Јаневска.Јаневска истакна дека бил направен голем и крупен чекор со којшто ја вратиле довербата во институцијата Министерство за образование и наука, но секако и во Владата, бидејќи претходната власт оставила хаос и разурнати институции.„Дадовме порака на главната алка во тој систем, а тоа се наставниците со подигање на платата во период од шест месеци за повеќе од 12%, но поважното е што ние веднаш по доаѓањето на власт потпишавме четиригодишен договор за постојано покачување на платата на наставниците. Следните четири години секоја година ќе има покачување на платата на наставниците. И секако некаде повеќе од 14% на наставниците во високото образование“, заклучува Јаневска.

Македонија | пред 6 месеци

Orce-Gorgievski

Ѓорѓиевски: На Скопје му треба развојна стратегија која ќе овозможи граѓаните тековно да ги добиваат услугите од јавните претпријатија

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје за претстојните локални избори, беше гостин во емисијата ,,За или против“ на Алфа телевизија. Тој се осврна на состојбата со пожарите во земјава, и притоа истакна дека има доверба во институциите по однос на оваа ситуација.„Многу одговорно на територија на Скопје Противпожарната бригада ја врши и совесно својата работа. Одговараат навремено на ваква појава, и благодарение на нив спречени се многу непријатни ситуации изминатиов период. Треба модернизација и на опремата која што ја поседуваат пожарникарите. Треба законски регулативи да се донесат и да се променат. Верувам во институциите моментов, и верувам дека правдата ќе излезе на виделина“, рече Ѓорѓиевски.Според него, програмата за Град Скопје треба да произлегува од потребите и проблемите на граѓаните со цел да се задоволат елементарните услови за функционирање на граѓаните. Тој се осврна и на неговите теренски посети низ општините во градот Скопје, и истакна дека според него, правилен начин да се изработи програмата е предлозите да доаѓаат од страна на граѓаните.„Започнавме една фаза каде што имам средби со граѓаните и прибираме идеи за креирањето на програмата, заедно со граѓаните. Според мене е единствен правилен начин да креирате програма, е кога ќе ги слушнете, изворно од нив ќе потекнуваат идеите и предлозите“, рече Ѓорѓиевски.Тој се осврна на состојбите во јавните градски претпријатие како ЈСП, како и ЈП за комунална хигиена, и дека она што треба да се промени, е процесите да се планираат долгорочно.„Во топ 5 приоритети на граѓаните е токму ЈСП Скопје и нефункционалноста на истото. Она што треба ние да го промениме , е да има состојба на долг рок да се планираат сите процеси во градот. Да не се доведува претпријатие во колапс. Истото важи и за комунална хигиена“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски додаде дека програмата за Град Скопје ќе биде изработена прецизно и темелно со рокови.„Ќе има развојна стратегија, според која што ќе има постојано обновување на возниот парк. Многу е важно да имаме сериозен пристап на долг рок. Сега сме во фаза на изготвување на програмата, која што ќе биде темелно изработена, ќе биде прецизно со рокови и ќе ги содржи решенијата за најгорливите проблеми. Особен фокус ќе има тоа што значи задоволување на елементарните услови за функционирање на нашите сограѓани“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 6 месеци

lefkov

Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда, а целта им е напад на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски кои се единствена брана на македонските интереси

„До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од СДС“ , вели Миле Лефков и додава:„Според тие сознанија, постои целосна поврзаност и соработка кон негирање на македонскиот идентитет и јазик, и напад на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, кои се единствена брана за македонските интереси.Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, а до цел оркестрирано измислување и ширење на лаги и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и државниот врв.Ова што го зборуваме, многу јасно се гледа и од брзината со која фабрикациите за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски од бугарските медиуми, се шират во македонскиот етер од структури блиски до СДС.Како поткрепа на оваа антимакедонска пропаганда, стои Венко Филипче и неговата скриена за јавноста позиција, дека ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот, без било какви барања.Целта на целиот напад и акцијата е да се нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, а во игра се и пари.СДС се обидува да се наметне како фактор во целиот процес, од кој подоцна би зависела надворешната политика на државата.Ваквата пропаганда покажува само едно, а тоа е дека СДС нема намера да се наметне со програма на избори, туку својата безидејност ја заменува со распродажба на македонските интереси, обидувајќи се да одигра на страната на Бугарија“.

Македонија | пред 6 месеци

milelefkov02032022.jpg

Обвинувања за хибридна војна и контрао-бвинувања за параноја: нов судир меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Во политичката арена на Македонија се отвори нов фронт на остри меѓупартиски обвинувања – овојпат со тврдења за странски хибридни напади и внатрешни предавства, проследени со жестоки контранапади за параноја и дефокус од реалните проблеми.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, излезе со сериозни обвинувања за, како што вели, координирана дискредитациска операција водена од бугарски служби со помош на домашни актери. Според него, мета на нападите се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Христијан Мицкоски, но и самиот македонски идентитет и суверенитет.„Се користат класични хибридни методи – лажни вести, фабрикувани документи, лични и семејни дискредитации, злоупотреба на човечки трагедии. Сето тоа се засилува секогаш кога Бугарија ќе доживее дипломатски пораз“, рече Лефков, наведувајќи дека зад кампањата стојат бугарски портали и мрежи на дезинформации, документирани и од меѓународни организации како DFRLab.Тој посочи и на улогата на СДСМ, за која тврди дека активно учествува во ширење на овие деструктивни наративи, со цел да ја ослаби актуелната власт.Од СДСМ, пак, веднаш возвратија со остар одговор.„Жолтите комбиња од времето на Груевски се вратија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фатено во скандали или ќе доживее дебакл – измислуваат теории на заговор. Ова е параноја и очаен обид за дефокус од неспособноста“, се вели во соопштението на СДСМ.Партијата го нарече настапот на Лефков „театар на апсурдот“ и порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за реалните проблеми на граѓаните – економијата, европската интеграција и исполнувањето на ветувањата.„Македонија не е филм, туку држава со напатени граѓани кои бараат решенија. А доверба во вакви будалаштини – нема да имаат“, додаде СДСМ.Во ваква атмосфера на обвинувања за странски заговори и контраобвинувања за домашен циркус, граѓаните остануваат меѓу две спротивставени приказни – и сè понетрпеливо чекаат конкретни резултати, наместо постојани прес-конференции.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-18-155840

Мицевски: Пред нас е договор кој е особена важност за нашата економија, која ќе добие нова енергија, капитал и технологии

„Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Република Македонија и Унгарија. Овој договор не е обичен акт на меѓународна соработка. Тој е јасна порака на Република Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога ни се потребни вистински партнери повеќе од било кога. Ова е втор стратешки договор што оваа власт го склучува во првата година од мандатот“ вели Никола Мицевски и додава:„Овој договор треба да се поздрави како чекор во вистинска насока, насока на конкретна надворешна политика, продуктивна економска дипломатија и визионерска посветеност кон иднината на државата.Со овој договор се воспоставува формално стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија, земја членка на Европската Унија и НАТО, со која имаме децениско пријателство и стабилни политички односи. Таквото партнерство, ќе овозможи унапредување на соработката во многу важни сфери: инфраструктура, енергетика, транспорт, информатичката технологија, сајбер безбедност, и одбрана. Овие области се двигател на секој сериозен развој и гаранција за економска и безбедносна стабилност, што е од особено значење во моменталната геополитичка состојба во Европа.Договорот нуди нови можности за домашната економија, преку активно вклучување на македонскиот приватен сектор и внесување на странски инвеститори во реализацијата на стратешките проекти. Ова е особено важно што нашата економија има потреба од нова енергија, капитал и технологии.Република Македонија со овој договор, се обврзува да ги олесни административните и законодавни бариери за имплементација на стратешките проекти. Ова е силен сигнал дека се насочуваме кон ефикасна држава, која не е сопствена сопирачка туку двигател на развојот.Овој договор доаѓа во време кога Унгарија, е еден од најгласните и најдоследни поддржувачи на нашите европски интеграции. Во време на политичката несигурност и отворените кочење на нашето европско досие, поддршката од земја како Унгарија е од круцијално значење. Ова партнерство е мост кон европското семејство, а не декларација без содржина.И конечно, дозволете ми да нагласам, дека за ВМРО-ДПМНЕ, стратешките сојузништва не се дневнополитичка реторика, туку темел на стабилна и суверена државност. Поддршката од Унгарија е доказ дека сме способни да градиме пријателства кои што носат резултати, проекти, инвестиции, работни места и побрза економска интеграција.Да не дозволиме овој договор да биде сведок на партиски поделби, туку на единство кога се работи за националниот интерес.Ве повикувам сите да го поддржиме овој договор и заеднички да ја отвориме новата етапа на македонско-унгарската стратешка соработка со визија, со резултати и со достоинство“.

Македонија | пред 6 месеци

stojanoska-1

Стојаноска: На Скопје му треба градоначалник како кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓиевски е симбол на работа, чесност и посветеност

Во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, вечерва гостуваше пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која дискутираше за кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Стојаноска на самиот почеток истакна дека Орце Ѓорѓиевски е профил на личност која му е потребна на Град Скопје, и е симбол на работа, чесност и посветеност.„Во однос на нашиот кандидат Орце Ѓорѓиевски, сметам дека тоа навистина профил на личност којашто му е потреба на Градот Скопје, бидејќи изминативе четири години како е градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски е веќе симбол на работа, посветеност, на постојан контакт со граѓаните, на реформи коишто се навистина случени во Кисела Вода, таму нема жител којшто не е задоволен од она што Орце Ѓорѓиевски како градоначалник на оваа општина го покажа“, истакна Стојаноска.Пратеничката потенцираше дека Ѓорѓиевски е постојано на терен, достапен за сите граѓани, кој ќе направи препород за Скопје, и дека тоа ќе се види преку убедливата победа уште во првиот круг.„Имавме партиски анкети, што телефонски што теренски сите не доведоа до тоа Орце Ѓорѓиевски официјално да биде наш кандидат. Постојан работник, постојано на терен, достапен за сите и мислам дека ќе направи буквално препород за Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе нема противкандидат или против тежа којашто може да ја загрози неговата убедлива победа уште во првиот круг“, рече Стојаноска.Во врска со прашањето за обединувањето Стојаноска додаде:„ВМРО-ДПМНЕ како партија уште пред една година повикуваше на обединување, но прашањето е од другата страна кој е ставот и со кого би требале да се обединиме, бидејќи Венко Филипче на националниот Совет за евроинтеграции и вчера во интервјуто кај вас кажува дека и после ова временска дистанца Венко Филипче ни тврди дека тоа било најдоброто можно решение за Македонија и кажува дека за ваквиот став се консултирал со Маричиќ, Димитров со Бујар Османи. Тоа се оние коишто ни ги нанесоа најголемите штети како држава, прашањето е со кого да се обединиме? Со Филипче којшто е дејуре лидер на опозицијата но дефакто е најголемиот бугарски ас на македонската политичка сцена“, децидна е Стојаноска.

Македонија | пред 6 месеци

miteva

Митева: Извештајот на ГРЕКО ја покажува работата на Владата, и движењето на Македонија во правилна насока

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која дискутираше за извештајот на ГРЕКО кој потврди видливи резултати во борбата против корупцијата во државата.Митева на почетокот истакна дека после години на низа негативни извештаи со овој извештај Македонија оди исчекор напред и се покажува како одличен индикатор за тоа во каква насока се движи државата и сето тоа што е постигнато за една година.„После години на низа негативни извештаи, на низа нотирани состојби коишто беа во насока на континуирана негација на состојбите коишто се случуваат во Македонија, на она што значеше презентација на Македонија, на она што значеше навистина институции кои што беа во криминал и корупција, добиваме еден исчекор напред, но е одличен показател индикатор за тоа во каква насока се движиме и што успеавме да направиме за една година“, рече Митева.Митева посочи дека извештајот на ГРЕКО ја покажуваат работата на Владата, како и исполнувањето на препораките кои даваат позитивна оценка за тоа како за една година се покажало различно ниво на функционирање на државата и различен систем на водење на институциите.„Ако добро се погледне извештајот на ГРЕКО ќе се види дека навистина има состојби коишто означуваат работа на оваа Влада, исполнување на препораки коишто биле, остануваат уште неколку од нив коишто иако го затворија ГРЕКО извештајот со позитивна оценка сепак имаме цел како Влада и тие коишто се веќе се останати да ги реализираме, не радува ова дека е добар импулс, добар показател, дека за една година успеаваме да покажеме комплетно различно ниво на функционирање, различен систем на управување, различен начин на водење на институциите“, децидна е Митева.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања