ВМРО-ДПМНЕ

sarakinov

Саракинов: Повторно падната фасада во населбата Козле потребна е одговорност и системска проверка

„Со загриженост ја следиме веста за паднатата фасада од зграда во населба Козле. Станува збор за сериозен настан кој, за среќа, помина без повредени, но со силна порака дека безбедноста на граѓаните мора да биде пред сè“, вели Христо Саракинов и додава:Она што особено загрижува е фактот што ова не е прв ваков случај.Имено, пред неколку години, на иста ваква кула и во истата населба Козле неколку стотини метри подоле, фасада се урна под слични околности.Двете фасади, според јавно достапните информации, се дел од програмата за енергетска ефикасност и се реализирани во периодот кога општината Карпош беше под раководство на градоначалник Стевчо Јакимовски.Во духот на јавната одговорност и транспарентност, веруваме дека е потребна институционална постапка за да се утврдат причините за овие инциденти:Затоа јавно прашуваме:Дали изведбата на фасадите била во согласност со техничките стандарди? Кој вршел надзор над изведбата? Дали постои потреба од дополнителна ревизија на слични објекти во општината?Не упатуваме обвинувања, туку повикуваме на одговорно постапување.Апелираме до надлежните институции, особено до градежната инспекција, да ги разгледа двата случаи, заради безбедноста на жителите и превенција од нови инциденти.Истовремено, упатуваме повик до Општина Карпош да изврши контрола на сите згради во кои се извршени фасадни зафати во изминатите години, со цел рано откривање на можни ризици.Карпош отсекогаш бил симбол на урбан живот, квалитет и безбедност. Да не дозволиме овие вредности да бидат нарушени.Во име на граѓаните, инсистираме на вистината, но и на корективен однос кон грешките од минатото.

Скопје | пред 6 месеци

mickoski

Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција, истакна дека светот го видел вистинското лице на Бугарија и дека тоа е нивната агенда години наназад.„Токму затоа и потсетувам на она признавање на Бугарија од 90та како прв сосед. Тоа поврзано со сите нивни активности и дејствија сите овие децении наназад, но и историски гледано во крајот на 19тиот и 20 век, нам ние јасен показател дека тие имаат јасна агенда и план и дека се водени од мислата да ја уништат македонската нација и идентитет. Скептиците ќе речат кому му е гајле што се разголени Бугарите кога успеаја во намерите, а европските политичари пред да го направат оној предлог биле свесни за тоа, за задните намери на Бугарија. Точно е тоа. Ние тоа го знаевме’’, потенцираше Мицкоски.Напомена дека ова е Крушевскиот манифест, со кој што докажуваме дека сме на вистинската страна, а Бугарија низ историјата се докажа дека знае да ја одбере погрешната.„Јас ќе одговорам, конечно и не треба никому да му биде гајле, туку треба нам да ни е грижа да види светот, да видат народите од светот, со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21виот век, и да оставиме трага за вистината зад една битка на една генерација. Ова е нашиот крушевски манифест со кој конечно мора ние самите да се мобилизираме да ги збиеме редовите и да ги мобилизираме сите пријатели и сојузници, затоа што ова е борба за фундаментални, основни човекови права и вредности. И ние сме на вистинската страна од историјата. А Бугарија видовме низ историјата дека знае и да ја утне вистинската страна. И оваа борба ниту почнува ниту завршува денес’’, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

nikolovski

Николовски: Новиот тим на Царинската управа е максимално посветен на испорачување резултати и спроведување проекти

На денешната трибина на тема „Од енергетска стабилност до силна економија“, се обрати Бобан Николовски, директор на Царинска управа кој дискутираше за проблемите наследени од претходната влада како и за драстичната промена на подобро со Владата на ВМРО-ДПМНЕ.„Така Царинската управа на Република Македонија требала во буџетот да внесе средства, меѓутоа средствата ги немало. Што начекавме, незадоволувачки број на контроли, апсолутно немање на ангажман, една девастирачка Царинска управа којашто немала ни волја да ја извршува својата основна функција, откривачки дејства сведени на минимум, царински испостави кои со месеци не беа забележале ниту една заплена, значи дека царинската управа имала клуч. Клучни проекти за царинска управа и држава не биле започнати а оние коишто беа започнати биле без напредок и со делумно изминати рокови за испорака“, објасни Николовски.Николовски истакна дека Царинската управа сега има нов менаџмент со нов тим која е максимално посветена на испорачување на резултати и спроведување на проекти.„Не можам никако да ви објаснам колку тоа енергија вложивме во Царинската управа како нов менаџмент со нов тим, а со тоа да не ја поругаме Македонија во европски рамки, за да завршиме некои проекти што некој на време не ги сработел. Сето ова се одразувало и на наплатата на приходи, приходите незадоволувачки затоа и така ни се движеше државата во тој правец, негативен се разбира. После точно една година од назначувањето на новиот менаџерски тим, имаме нова стратегија за развој, нова мисија и нова визија. Изградивме тим кој испорачува заеднички тимски резултати, соодветни луѓе позициониравме на соодветни места. Спроведуваме мерки за градење на интегритет, подобрување на професионализмот во самата Царинска управа, казнуваме по заслуга но и наградуваме по заслуга. Новиот тим има максимална посветеност на испорачување на резултати, почитување на рокови и спроведување на проекти“, дециден е Николовски.

Македонија | пред 6 месеци

1.3

Мицкоски: Нема да дозволам ново предавство и ќе ги бранам македонските национални интереси

На денешната вонредна прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати јасна порака дека ново предавство врз Македонија и македонските граѓани, нема да биде дозволено.„Сакам да потенцирам и нашиот народ да биде на чисто, дека нема да дозволиме да се случи ново предавство! Нема да дозволиме да се отстапи од македонските национални интереси и тоа е завет кој ВМРО го има во својот код. Јас сум само моментален функционер и претседател на оваа партија, кој презел одговорност да служи на својот народ и да ги решава проблемите, да го подобри животот на неговите сограѓани. Работам ден и ноќ за да ја реализирам таа цел’’, истакна Мицкоски.Тој посочи дека со сојузништво на општествените и политичките чинители во државата, ќе се преземат иницијативи и активности за да докажеме дека Македонија е тука и покрај се.„Сакам да најавам и низа иницијативи и активности за кои ќе очекуваме сојузништво и заедништво со МАНУ, со партиите на етничките заедници во државава, со опозициската СДСМ, и другите кои сакаат да помогнат и да покажеме на светот дека сме тука и дека се уште стоиме! И покрај се! И после се! Ние сме тука! Стоиме силни, обединети заедно’’, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

gjorgievski

Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја градиме заедно со граѓаните преку теренски посети и отворена комуникација

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на телевизија Сител. Ѓорѓиевски кажа дека веќе започнал со теренски посети и дека програмата ќе ја гради заедно со граѓаните, со цел да се одговори на сите нивни потреби. Тој ја истакна високата реализација на програмата во Кисела Вода, која е резултат на конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.„Ова е еден од правилните начини, од една страна граѓаните подолго време ќе можат да слушнат за мојот концепт мојата визија за Скопје, за сето она што треба да го направиме. Од друга страна, од денеска започнав со теренски посети. Тоа ќе го правам во наредниот период, каде што програмата заедно со граѓаните ќе ја креираме. На овој начин, поблиски ќе бидеме до граѓаните и нема да испуштиме одредени делови во програмата да вметнеме што се од исклучително значење за граѓаните“, вели Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски изрази благодарност за поддршката од граѓаните и ја потенцираше нивната улога во изборниот процес.„Силно верувам во поддршката на мојата политичка партија, но од друга страна верувам во сето она што со мојот тим го сработивме изминатиот период во општина Kисела вода. Граѓаните како и обично пресудуваат во овие процеси. Јас им се заблагодарувам на сите скопјани, на сите граѓани коишто и во оваа фаза ми дадоа огромна поддршка. Се чувствува силната поддршка од страна на граѓаните, и тоа дека верувам дека скопјани ќе ми дадат шанса да го водам главниот град“, рече Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека неговиот фокус е на резултати, а не на споредби со минатото. Тој ја истакна и високата реализација на програмата за општина Кисела вода и нагласи дека граѓаните можат да препознаат што е сработено.„Не би го трошел времето на граѓаните да ги правам споредбите и паралелите со минатото. Реализацијата на мојата програма е над 90% и тоа сите го знаат добро во Кисела Вода. Тоа што сум го реализирал во Кисела Вода заедно со мојот тим, заедно со советниците, се проекти за граѓаните и секогаш наидувале на позитивна реакција од страна на Советот и секогаш сум ја добивал колективната поддршка“, истакна Ѓорѓиевски.Тој ја потенцираше својата посветеност да го води главниот град за доброто на сите граѓани.„Вчера бев категоричен на моето излагање, кратко, во присуство на претседателот на моја политичка партија кога ја побарав поддршката на сите скопјани, без разлика на политичка припадност, без разлика на вера, без разлика на нација“, речен Ѓорѓиевски и додаде:„За мене се подеднакво важни сите, за мене постојат само граѓани коишто си го сакаат градот или не го сакаат градот. И по тој основ јас ќе функционирам“.

Скопје | пред 6 месеци

stojanoski-1

Стојаноски: Граѓаните имаат недоверба во системот заради политиките на СДС и трагедиите кои не резултираа со правда

На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој дискутираше за поднесените амандмани од опозицијата во врска со финансиските средства за повредените од Кочани.„Најмногу можам да ги разберам нашите граѓани, бидејќи во изминатиот период нашите граѓани беа метафорички изгорени од тоа да се случуваат случаи а правдата никогаш да не дојде. Ги разбираме граѓаните со нивната недоверба кон системот бидејќи навикнати се на такви трагедии по неколку години да нема никаков епилог, никој да не е виновен, да нема обештетување за семејствата, да биде крив кабелот. Затоа што ние ќе направиме за граѓаните, за тоа како ние ќе им помогнеме нека зборуваат делата и воопшто не е важно кој што ќе каже и што ќе не обвини додека на крајот од денот се покажува реална помош кон тие што им е најпотребно“, рече Стојаноски.Стојаноски истакна дека со амандманот 148 се бараат финансиски средства од 3 милиони денари за изградба на старечки дом во Кочани, за кој за истиот, Владата обезбедила 199 милиони денари.„Во амандманот 148 се бара да се обезбедат средства од 3 милиони денари за изградба на старечки дом во општина Кочани. Во моментот тој е в.д градоначалник поддржан од вашата пратеничка група, одобрена апликација за дом на стари лица со капацитет од 141 лице, 199 милиони денари. Господинот Крстевски оваа недела ќе го потпише договорот, од наредната ќе почне постапката и ќе почне да го гради. Сте поднеле амандман за 3 милиони, обезбедени се 199 милиони денари“, истакна Стојаноски.Пратеникот истакна дека дел од болницата во Кочани се реконструира, адаптиран е просторот Пониква, а обезбедена е и потребната адаптивна облека која е бесплатна, бесплатно лекување во странство и бесплатни лекови.„Амандманот 202, се бараат средства да се обезбедат за реконструкција на болницата во Кочани. Во овој момент 350м2 од таа болница и неколку оддели се реконструираат, постојат средства во ребалансот за сите овие работи. Адаптиран е просторот во Пониква, обезбедена е бесплатна психолошка поддршка со тим од Скопје на сите оние коишто ќе се обратат до таа. Адаптивните облеки обезбедени се и тие ќе бидат бесплатни, бесплатни лекови има за сите оние на коишто тоа им е потребно, бесплатно лекување во странство и престој за сите оние од најблиско опкружување колку и да е потребно до последен миг, во овој ребаланс има обезбедува средства за ослободување од партиципација“, објасни Стојаноски.

Македонија | пред 6 месеци

1.3

Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

misajlovski

Мисајловски: Во Бутел во предизборната кампања ветивме проекти, сега тие веќе се реализирани, граѓаните даваат поддршка на Костовски

„Навистина ми е драго да сум повторно тука во Бутел. Еве започнавме нови средби, како потпретседател на партијата, но и како министер за одбрана можам да слушнам различни разговори, различни дискусии“ , вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и додава:„Но, можам да слушнам и многу позитивни коментари и навистина е една убава синергија каде што помеѓу граѓаните се сплотуваат сите за поддршка на Дарко Костовски за старо-нов градоначалник на Општина Бутел.Навистина чест ми е повторно да дојдам тука. Луѓето разговараат и зборуваат постојано дека се изградени преку 200 улици тука во Бутел, дека има неколку нови градинки, дека се преку 20 спортско-рекреативни центри, изградени игралишта на секоја страна. Навистина за поздрав.Не очекуваат еве нови избори, во пресрет на изборите да се видиме и со луѓето што се кандидати за советници, да разговараме директно со граѓаните, разговараме на темите што се важни од централно ниво, да зборуваме за проектите каде што ги има насекаде. Но конкретно тука, во Бутел, навистина драго ми е што масовно сите имаат поддршка кон Дарко, и Дарко ќе победи убедливо.Но, почнуваме на терен да се среќаваме со граѓаните, разговараме на сите теми и мене ми е навистина задоволство и во минатото како носител, да бидам тука во една друга позиција, но еве исто така и се разбира да продолжиме да разговараме.Во минатото многу пати зборувавме што ќе се изгради, а сега може да видиме проекти на дело, може да видиме еве тука пред нас еден преубав проект, што многу го ветуваа, а Дарко го направи целосно. Еден поттик каде што поред оваа река направи една многу убава пешачка патека по река Серава, културно уредена, осветлена и продолжува да ја надградува, тоа е само на едно населено место. Следат многу игралишта, гледате насекаде дека постојано се гради, секоја чест за Дарко. Дарко од Бутел, градоначалник, еден од подобрите градоначалници во целата држава и очекувам најдобар резултат тука и ќе почне победата во Бутел“ , заврши Владо Мисајловски.

Скопје | пред 6 месеци

stojanoska

Стојаноска: Додека СДС 7 години расипнички го трошеше буџетот, ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот обезбедува повеќе пари за плати, пензии, капитални инвестиции

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа на Комисија за финансирање на буџет посочи дека СДС имаа можност 7 години да докажат колку се загрижени за потребите на граѓаните.„Кога ќе ве потсетиме дека имавте можност од цели 7 години за да докажете колку сте домаќини, колку сте загрижени за реалните потреби на граѓаните и колку сте чесни вие веднаш возвраќате со одговор да не се враќаме назад, ние казната ја добивме на последните избори. Не, колеги. Тоа што изгубивте катастрофално на последните избори, тоа ви е казна од народот. Не трудете се народот да заборави дека вие не доведовте до оваа ситуација. Не трудете се да се извлечете од вашиот кабает за се што денес преживуваме, а заради вашата немилост во 7 години ваше владеење. И немојте да ги релативизирате вашите гревови и денес овде да ни изигрувате големи домаќини. За тоа што лани начекавме речиси испразнет буџет, за тоа не е доволна само казната од народот на последните избори. За тоа допрва ќе треба да се разбудат од длабокиот зимски сон оние кои бараа зголемен буџет вчера“ , рече Стојаноска.Стојаноска во врска со 7 годишното владеење на СДС потсети дека просечниот раст на БДП бил 1,6%, а ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа да го доведе над 3%.„Што се однесува до вашиот лажен домаќинлук, добро е да и се повторува на македонската јавност фактот дека за вашето седумгодишно владеење постигнавте просечен раст на БДП од 1,6 проценти. За разлика од вас, ние за само една година постигнавме раст од над 3 проценти. И немојте, ве молам, да се вадите на ковид кризата и на војната во Украина, затоа што едноставно не поминува. Вие, за време на ковидот, бевте вистински профитери и криминалци. Гласавте лиценци за марихуана и за брусење на дијаманти, а народот го оставивте без вакцини. Гласавте 9 економски пакети за поддршка на стопанството, а не видовме како и каде завршија тие милионски суми. Но, да, ги гледаме денес вашите омилени лидери како шеикуваат во Дубаи и како оддалеку ви се смешкаат, додека вие овде изигрувате загрижени за народните пари. Вие, кои буквално го опљачкавте македонскиот народ, денес кажувате како требало домаќински да се работи“ , кажа таа.Стојаноска во текот на своето обраќање се осврна и на инфлацијата со што укажа дека во време на СДС таа била двоцифрена, а со ВМРО-ДПМНЕ во првите 5 месеци од оваа година изнесува 3,7%.„Па еве, да ве потсетам како се работи домаќински со само неколку факти. За БДП веќе ви споменав – раст од 3 % за само една година, раст во услужниот сектор од 2,2%,раст на индустријата од 2,1 %,раст на градежништвото од 7,1 %,раст во земјоделството од 0,7 %,понатаму имаме раст на нето платите, и тоа: здравствена и социјална заштита 14,7 %, образование 14,4 %, администрација 13 %.Понатаму, додека во ваше време дочекавме и двоцифрена инфлација со бројот 2 напред, истата во првите 5 месеци од оваа година изнесуваше 3,7 проценти. Сето ова не наведува на проекција за економски раст од 3,7 проценти до крајот на 2025 година. А, силниот раст на приходите во првите пет месеци од оваа година од 8,6 проценти е резултат на големите инфраструктурни проекти – коридор 8 и 10 и железничката инфраструктура“, истакна Стојаноска.Пратеничката Стојаноска во врска со ребалансот на буџетот порача со овој ребаланс на буџет дека ќе се обезбедат повеќе пари за плати, за пензии, капитални инвестиции.„Со овој ребаланс обезбедуваме дополнителни средства од 800 милиони денари за плати од 2,5 милијарди денари за пензии и од 300 милиони денари за капитални инвестиции. Со овој ребаланс ќе има две милијарди денари повеќе за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта“, додаде Стојаноска.

Македонија | пред 6 месеци

tribina

Стојкоски: ДПИ како никогаш до сега се вклучи во анализа на цените, приоритет ни е интересот граѓаните и заштита на потрошувачите

„По преземањето на одговорноста во државниот пазарен инспекторат работиме со засилено темпо и со јасна цел да обезбедиме почитување на законите и еднаков третман на сите правни субјекти. А, пред се наша приоритетна цел е заштитата на потрошувачите, односно заштитата на граѓаните на Република Македонија “ , рече Влатко Стојкоски, организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Државен пазарен инспекторат на денешната трибина во Струмица на тема „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна’’.Стојкоски посочи дека од први ноември 2024 година до први јули 2025 година, Државниот пазарен инспекторат изврши над 18 илјади надзори по правни субјекти, каде што се изречени над 4500 мерки, односно над 110 милиони денари издадени платни налози и над 150 издадени решенија за забрана за вршење на дејност.„По задолжение на Владата на Република Македонија, односно Министерството за економија и труд, ДПИ се вклучи како никогаш до сега во анализа на цени, односно контролирани беа над 100 правни субјекти во трговијата на големо и трговијата на мало“, рече, меѓу другото, Стојкоски.Стојкоски додаде дека анализата покажа дека зголемувањето на цените на производите доаѓа од кај увозна прехранбена стока, додека зголемувањето кај домашните производи е минимално.

Македонија | пред 6 месеци

petrusevska

Петрушевска: Само на СДС и ДУИ не им беше јасна намерата на Бугарија, уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ јасно ги застапува државните интереси

Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ алармираше и претходно и сега за актуелните случувања во Европскиот парламент, што ја засегаат земјава, и додаде дека на сите им беше јасна тенденцијата на источните соседи освен на СДС и ДУИ.„Се чини дека на сите им беше јасно но само не и на СДС и ДУИ за тенденцијата на нашиот источен сосед кога станува збор за ова билатерално прашање и каде тоа нас не води односно каде тоа не не води. Денеска сведочевме дека европратеникот од Бугарија господинот Ковачев соопшти на јавноста дека е постигнат договор помеѓу најголемите политички партии во европскиот парламент во пресрет на сесијата на Европскиот парламент која што ќе се случи веќе наредната недела за нов амандман, со кој што ќе се избришат постоењето на македонскиот јазик во извештајот на известувачот Томас Вајц на сите места каде што се споменува“, рече Петрушевска.Петрушевска истакна дека според актуелните случувања, уште еднаш се потврдува кредибилтетот на ВМРО-ДПМНЕ, што според неа, партијата алармираше уште за време на опозицијата, а и сега како парламентарно мнозинство.„Прво, се поставува денес прашање, дали во континуитет со однесувањето на Бугарија на нашиот источен сосед и на Комисијата за надворешни работи, и сега со новонајавеното соопштение за новиот амандман во Европскиот парламент. Не се прекршува темелот на основање на ЕУ а тоа е договорот на ЕУ, односно член 2 и второ, уште еднаш се потврдува кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ кога алармиравме и како опозицијата но и сега како парламентарно мнозинство9 и влада дека Бугарија нема да запре со барањата за вметнување на тестот и на Бугари во Уставот“, кажа Петрушевска.

Македонија | пред 6 месеци

penkov

Пенков: Поддршката на Владата за локалната самоуправа е клучна, развиени општини се основа за развиена држава

Златко Пенков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, истакна дека клучната поента е стабилизација на економијата, преку растот на БДП од 3% и зголемената економска активност во сите сектори. Тој посочи дека особено е значајна поддршката од страна на Владата за локалната самоуправа, со цел да се унапреди развојот на општините како основа за стабилна држава.,,Клучна поента, клучен збор е стабилизација. Стабилизација со 3% раст во првиот квартал на БДП. За мене клучна поента на целокупниот документ наречен Ребаланс или предлог за измени и дополнување на буџетот е стабилизацијата која што јас ја гледам како одлична основа“, рече Пенков.Пенков истакна дека буџетскиот дефицит останува стабилен што значи дека одговорно се управува со јавните финансии.,,На приходната страна се проектирани 362 милијарди 377 милиони денари, а на расходната страна имаме проектирано 403 милијарди 727 милиони денари. Дефицитот, останува ист. Проектирана 41 милијарда и 350 милиони денари, т.е нема промена во висината на буџетскиот дефицит. Според доставените податоците, секако и во директна комуникација со заменикот министер, заклучивме дека станува збор за економски термин реалокација на средства“ истакна Пенков.Пенков посочи дека БДП во првиот квартал од 2025 година пораснал за 3%, што укажува на продолжена стабилизација и зголемена економска активност во сите сектори.„Најважниот показател, БДП, во првиот квартал во 2025 година расте со стапка од 3%. Односно, продолжува позитивниот тренд. Она што во експозето на заменик министерот стои како продолжена стабилизација, мислам дека е јасно зошто, затоа и во претходните два квартали имаме исклучително позитивна стапка на раст меѓутоа за мене најважно е како е настанат тој раст. Со зголемена економска активност во сите сектори. Посебно ги издвојувам градежништовото со 7,1% меѓутоа не помалку важно и растот во преработувачката индустрија, со 3,7 процентни поенти“, кажа Пенков.Според Пенков, растот на БДП се должи на зголемената домашна побарувачка, значаен раст на бруто инвестициите и позитивен придонес од растот на извозот.„На расходната страна растот на БДП се должи на зголемена домашна побарувачка. Бруто инвестициите имаат раст од 18% и на сето ова може слободно да додадеме и еден позитивен сигнал од растот на извозот од 1,2% на реална основа“, рече Пенков, и додаде:„Стапката на невработеност, често пати е екплоатирана тема, 11,7% и имаме намалување од 0,2 процентни поени додека стапката на вработеност во истиот период изнесува 46,3%“.Тој посочи и на поддршката на Владата за општините преку финансирање инфраструктурни проекти и обезбедување финансиска стабилност, бидејќи според него, развиени општини се основа за развиена држава.„Многу значајна продолжува и останува поддршката на Владата до единиците на локалната самоуправа по најмалку два сегменти, првата е да се овозможи финансирање на инфраструктурни проекти од една страна и од друга страна да се работи на финансиската стабилност за единиците на локалната самоуправа. Затоа што конечно сите мораме да разбереме дека една држава за да биде развиена мора да има развиени општини“, додаде Пенков.Пенков истакна дека Владата има приоритет да ги развие локалните самоуправи преку продолжување на децентрализацијата, пренесувајќи надлежности од централната власт на општините, со цел подобри услуги за граѓаните.„Врвниот приоритет на Владата се развиени единици на локалната самоуправа од една страна а од друга страна е продолжување на процесот на децентрализација, тоа значи надлежностите кои што ги имаат органите на управата кои што се по директни јурисдикција на Владата постепено да се пренесат на единиците на локалната самоуправа и тоа јас сум убеден дека ќе биде дополнителен инпут за секоја општина и за граѓаните на таа општина“, заклучи Пенков.

Македонија | пред 6 месеци

stojanoski

Стојаноски: За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната Комисија за финансирање и буџет, се обрати и истакна дека ребалансот е резултат на анализа, одговорност и јасна визија. Според него, со зголемени приходи и рационално трошење, се вложува во плати, пензии, образование, здравство, транспорт, локален развој и млади. Стојаноски додаде дека ова не е симболика, туку конкретна инвестиција во квалитетен и достоинствен живот за сите граѓани во земјава.,,Ова е порака, порака за нова економска парадигма, порака за домаќинско водење на државните финансии, порака дека не чекаме кризите да не затекнат, туку со рационален пристап и силна политичка волја ги пренасочуваме средствата таму каде што најмногу треба – кај граѓаните. Затоа што буџетот – тоа не се само бројки. Тоа е политика во својата најконкретна форма За првпат после долго време, носиме Ребаланс во ситуација кога немаме минус, туку имаме зголемени приходи“, рече Стојаноски.Стојаноски истакна дека со ребалансот се обезбедуваат дополнителни средства за плати 800 милиони денари, пензии 2,5 милијарди денари и капитални проекти 300 милиони денари, со што се засилува економскиот развој.,,Оваа рамка е показател дека Буџетот не е притиснат и потрошен, туку управуван мудро и рационално. Приходите растат, трошењето е контролирано, а приоритетите се кристално јасни. Овие зголемувања се издржани и поткрепени со реализацијата во првите месеци. Тоа не е симболично – тоа е суштински одговор на потребите на граѓаните“, кажа Стојаноски.Тој посочи дека ова ќе овозможи повеќе луѓе со попреченост да живеат во заедницата, а не во институции, а ќе има повеќе лични асистенти, повеќе дневни центри, повеќе услуги достапни во секоја општина. Тој напомена и дека најважно од се е тоа што значи дека младите не се заборавени, туку активно вклучени во секоја социјална политика.,,Се обезбедуваат средства за ,2 милијарди денари за доизградба на ФИНКИ, ФФК и комплексот на Мајка Тереза, ваучер од 250 евра за секој студент – 55.000 студенти добиваат техничко помагало, реактивирање на проектот „Купи куќа за млади“ односно се зголемува ставката за цели 111%, 307 милиони денари за набавка на 120 нови автобуси, плус 307 милиони денари за изградба на локални патишта, 783 милиони денари повеќе за високото образование, 126 милиони денари плус за инвестиции во образованието, над 80 милиони денари за поддршка на спортот“, истакна Стојаноски.Тој додаде дека овој ребаланс значи вложување во луѓето и иднината, во подобри услови за факултети, студентски домови и училишта, во достапен транспорт и здравство за сите, без разлика каде живеат, во поддршка за културата, енергетска независност и младите. Според него, ова не е трошок туку инвестиција во достоинствен живот.,,Овој Ребаланс мора да биде поддржан. За секој студент што ќе добие лаптоп. За секој пензионер што ќе добие плус. За секое дете што ќе учи во подобро училиште. За секој возрасен што ќе добие лек со нова опрема. За секое семејство што ќе помине по нов локален пат“, посочи Стојаноски.Стојаноски заклучи дека овој документ е резултат на сериозна анализа и политичка зрелост: ,,Овој документ не е направен под притисок. Напротив, тој е резултат на анализа, работа и политичка зрелост. И наместо кратење, да потсетам, имаме дополнителни 300 милиони денари за капитални инвестиции“.

Македонија | пред 6 месеци

vmro

„Филипче и Заев се синоним за устен терор, неспособност и закани“, обвинува пратеникот Петрушевски

Обвинувања дека врвот на СДСМ стои зад повикот за линч на новинар упати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Тој смета дека молкот на Заев и Филипче е знак на одобрување и доказ за политиката на закани и страв која, според него, ја води СДСМ:Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов, бидејќи молчат и не го осудуваат линчот врз новинар.Костадинов е дете на Заев, кој има доста научено од него, а тоа го гледаме по заканите по живот врз новинар.Овие закани по живот врз новинар, докажуваат дека СДС нема што друго да понуди освен закани и сеење страв врз народот.СДС уште веднаш требаше да го осуди неговиот повик за линч и да ги повика институциите да го истржат случајот, но со молкот докажуваат дека стојат позади неговите изјави.Во недостаток на политики и аргументирани критики, СДС и Филипче го пуштаат детето на Заев низ вода за да добијат медиумско значение.Филипче и Заев се црната страна на политиката во Македонија, синоним за неспособност, криминал и устен терор врз граѓаните!

Македонија | пред 6 месеци

zaev-filipce-1

Кандидатот за градоначалник на Штип, покажува колку СДС е безнадежна, длабоко заробена од тандемот Заев-Филипче, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за кандидат за градоначалник на Штип, излезе со потрчко од истата бизнис шема на Заеви и Венко Филипче, добро познатиот Павел Иванов“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Павел Иванов е познат бизнис партнер и продолжена рака на Заев и Венко Филипче, а со тоа повторно се покажува колку СДС се безнадежни и нереформирани.Да не ја заборавиме неговата сторија.За време на владеењето на Заев, Павел Иванов беше поставен за раководител на подрачната единица на МЗШВ во Штип, додека пак неговата сопруга со амин од Заев, во тој период, беше наградена и истата беше поставена за директор на Меѓуопоштинскиот центар за социјална работа во Штип.Меѓутоа, тоа како да не беше доволно, па истата директорка, по одреден период, беше повторно наградена и беше избрана за советник во Општина Штип, а нејзиниот брат Иле Илиев беше носител на листата на СДС и исто така беше избран за советник во Општина Ново Село, се разбира со дозвола од Заев.За работите да се уште потрагични, Илиев додедил на 70 години користење, државно земјиште од 20.000м2 посадено со лешници на својата сопруга, а 4700м2 во Суитлак на користење на својот татко.Луѓе кои се огледуваат на Заев и Филипче, не може да поминат без некаков скандал.Павел Иванов е продолжена рака на Заев и Филипче. На Штип му треба чесен човек со визија, каков што имаат изминативе 4 години, а со сигурност и наредните 4 години.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања