ВМРО-ДПМНЕ

milososki

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, кој дискутираше за Самитот ЕУ-Западен Балкан на којшто Македонија беше домаќин.На самиот почеток Милошоски истакна дека Македонија не случајно е домаќин на овој состанок, од причина што акцентот е ставен на планот за раст на Европската комисија рефлектиран преку реформските агенди на коишто Македонија покажа најдобри резултати.„Според мене не беше случајно одбрана Македонија да биде домаќин на овој состанок, затоа што главната тема беше планот за раст на Европската комисија, рефлектиран преку реформските агенди на сите земји од регионот, во тој дел Македонија досега направи најдобри резултати, покажа една добра реформска агенда и во однос на нејзината реализација мислам дека сме една од земјите коишто имаа подобар просек на реализација. Сето ова е на некој начин признание за реформската определба на Владата, и искажување на еден респект кон македонската Влада, да биде домаќин на една ваква средба каде што Европската комисија ги презентираше следните чекори во однос на земјите кандидати за членство на ЕУ“, објасни Милошоски.Пратеникот истакна дека Македонија е над просекот од 75% по однос на исполнување на реализација на реформската агенда.„Моите информации се дека Македонија е над од оној просекот од 75% што го спомна еврокомесарката Кос по однос на исполнување на реализација на реформската агенда. Тоа покажува дека кога на државата и на македонската Влада ќе и се дадат параметри коишто се мерливи и не зависат од билатерални препреки, злоупотреби тогаш резултатот и исходот и оценките се високи“, истакна Милошоски.Милошоски објасни дека однесувањето на бугарските парламентарци на еден начин претставува отрезнување за оние коишто сметаат дека Бугарија не бара ништо освен мало корегирање на Уставот.„Однесувањето на бугарските парламентраци во Европскиот парламент не е изненадување, но можеби е добро отрезнување за одредени лековичари коишто создаваат илузија дека Бугарија не бара ништо многу освен едно мало корегирање на Уставот. Менувањето на Уставот за Бугарија е само отварање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина такви тешки барања“, истакна Милошоски.Милошоски на крај истакна дека каков и да биде исходот сето тоа што се случувало во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент треба да се смета за успех затоа што веќе сите знаат дека Македонија кредибилно тврдеше дека менувањето на преамбулата не е единствено барање од страна на Бугарија.„Каков и да биде исходот, тоа што се случуваше во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент за нас треба да биде сметано како успех, затоа што сите видовме дека Македонија кредибилно тврди дека менувањето на преамбулата не е единственото барање и пречка зошто ние не ги отвараме преговорите за членство. Дури и да се случи во Европскиот парламент да има и пресврт и извештајот да не помине заради противењето на бугарските европратеници тогаш барем ќе бидеме на јасно за што станува збор, дека не станува збор за реформи во здравство, во образование туку станува збор за менување или одново пишување на историските читанки во изминативе 150 години“, дециден е Милошоски.

Македонија | пред 6 месеци

manievski-27.06

Манасиевски: Ги градиме темелите на економијата, доаѓа времето на Македонија

„Измина една година од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа прва година, наш главен фокус и приоритет беше економијата, која се базира на факти, долгорочни политики и јасна визија за иднината“ , вели Валентин Манасиевски и додава:Кога ја презедовме одговорноста, наследивме економија во пад, со висока инфлација, зголемен јавен долг и демотивирана деловна заедница. Денес, состојбата е поинаква. Економијата почна да заздравува и да се стабилизира.Инфлацијата е ставена под контрола изнесува околу 3%. Обезбедивме финансиска поддршка од 500 милиони евра - 250 милиони евра за домашните компании и 250 милиони евра за општините, за реализација на капитални проекти и подобрување на животниот стандард на граѓаните.Во првиот квартал од оваа година, БДП порасна за 3,2%. Според овие податоци, Македонија се наоѓа на 4-то место во Европа според растот на БДП – веднаш зад Ирска, Данска и Полска.Исто така, оваа година забележавме рекордно ниво на странски директни инвестиции, 1 милијарда и 255 милиони евра. Платите растат. Забележливо е зголемување на платите во јавната администрација, здравството, образованието, културата и полицијата.Ја стабилизиравме и фискалната состојба. Целосно е отплатена еврообврзницата издадена во 2018 година во вредност од 500 милиони евра. Првпат по седум години, јавниот долг е намален. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП.

Македонија | пред 7 месеци

zdravkovski

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од собраниската говорница за време на 57 седница посветена за пратенички прашања. Здравковски се осврна на темите за младите, и особено го истакна фактот што младите се во фокус на Владата, а доказ за тоа е и новиот Оперативен план, а второто прашање го посвети на темата за земјоделие.,,Овие денови одбележуваме една година од владеењето на оваа влада која што е предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Една година од новиот почеток и обновата на Република Македонија. До сега видовме дека можело и поинаку видовме дека не може се да биде како до сега. Со работењето на оваа влада се внесе нова енергија, нов темелен пристап кон решавање на проблемите“, рече Здравковски.Тој истакна дека Македонија се движи од тешка стартна позиција кон стабилизација и реална обнова и додаде дека постигнати се конкретни резултати во повеќе области, од социјална заштита до образование и поддршка за младите. Според него, охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите, со цел да се поттикне нивната иницијативност и да се создадат услови за останување и развој во земјава.,,Она што многу ме радува посебно е освртот кон младите кои што до сега заминуваат од Република Македонија не поради тоа што немаат пари, не поради тоа што немаат егзистенција туку поради неправдите меѓутоа имавме една категорија на млади коишто имаат секогаш желба енергија меѓутоа немаат храброст и одлучност да почнат свој бизнис. Овој пат се донесе еден голем Оперативен план на Владата којшто опфаќа пофаќа повеќе од 16000 граѓани. Ќе се даде еден стимул на сите овие млади граѓани на Република Македонија да започнат сопствен бизнис каде што ќе ја покажат својата иновативност, а со тоа и ќе останат во Република Македонија да дадат додадена вредност со својата креативност“ истакна Здравковски.Првото прашање на пратеникот Здравковски, беше до претседателот на Владата, и се однесуваше на информации околу Оперативниот план за бројот на апликанти, како и кои се следните чекори за истото.,,Затоа што повикот беше до 20 јуни, дали почитуван премиер имате конкретни информации колку имаме апликанти до сега во која насока се движи и кои би биле следните чекори. За Велес конкретно знам дека има многу поголема заинтересираност од она што до сега се предвидуваше дека ќе биде. Сакам да го поставам прашањето за да биде на ниво на Република Македонија“, праша Здравковски.Второто прашање од Здравковски беше од областа на земјоделието и се однесуваше на тоа дали се воведени некои нови мерки, со оглед на тоа што за време на траење на мандатот на претходната Влада незадоволството од страна на земјоделците беше јасно покажано во јавноста.,,Второто прашање се однесува на земјоделието. Доаѓам од Велес. околните општини каде што најчесто гравитираме се земјоделски општини. Во тек е жетва, во тек е лачење, прскање на лозје итн. Претходно бевме сведоци на премногу чести протести на земјоделци, истураа млеко, исфрлаа јаболка по доловите итн. Сега гледам дека некако ги нема тие појави. Имаме многу зачестени исплати односно редовни исплати на субвенциите. Слушнавме дека можеби ќе има проширување на опфатот на зелената нафта итн. Дали имаме некакви нови мерки во однос на земјоделието? Знаејќи дека земјоделието претставува еден столб којшто предизвикува или не предизвикува во моментов голема инфлација“, истакна Здравковски.

Македонија | пред 7 месеци

sobranie

Стојаноски: Драго ми е што конечно се зборува за тоа колку и какви услуги се достапни, колку километри автопатишта се градат, тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат

На денешната собраниска седница, посветена на пратенички прашања свое обраќање имаше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој постави три прашања кои се однесуваа до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Стојаноски праша кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура, бидејќи како што кажа тој истото е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат граѓаните.„Кои се идните чекори коишто се планирани во насока на подобрување на здравствената инфраструктура и во здравството како сфера воопшто, бидејќи од она коешто може да се види тоа е една од општествените сфери кои најмногу ги интересираат граѓаните“, вели Стојаноски.Стојаноски постави дополнително прашање од енергетиката. Тој праша до каде е процесот за отпочеток на градбата за интерконекторот за гас со Грција, нешто коешто треба да даде енергетска независност на Македонија, како и дополнителни околности за функционирање на нашето стопанство.„До каде е процесот за почеток на градбата за интерконекторот за гас со Грција? Нешто коешто сме го зборувале тука неколку години, коешто треба да даде една енергетска независност, или приклучок на Македонија со гас за да можеме да бидеме и во таа рамка, односно во тој дел, да добиеме дополнителна енергетска независност, како и дополнителни олеснителни околности за функционирање на нашето стопанство и на нашите граѓани“, истакна Стојаноски.Стојаноски смета дека прашањата треба да се однесуваат за реализација на мерки и проекти кои треба да го подобрат животот на граѓаните. Тој додаде дека драго му е што конечно дојдовме до ниво да разговараме за тоа колку и какви услуги се достапни, колку километри автопатишта се градат, и додаде дека тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат.„Сметам дека ова се прашања кои ги интересираат граѓаните. Она коешто се најавува како дискурс во јавноста, што е присутно во медиумите, во ТВ дневниците или порталите. Драго ми е што конечно се зборува за тоа колку и какви услуги се достапни, можеби од аспект на дигитализација на одредена платформа, колку километри автопатишта се градат, дали е потребно да градиме. Дојдовме до тоа ниво, разговараме колку клиники ќе отвориме, или какви болници ќе се градат, каде ќе се градат и сметам дека тоа е едно нормално коешто граѓаните на оваа држава го заслужуваат“, дециден е Стојаноски.

Македонија | пред 7 месеци

Venko-Sobranie-SDSM-2

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик.„Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче.Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот јазик како рамноправен, без какви било условувања.„Ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од францускиот предлог, и од документи од Европската унија, и заклучоци донесени тука, во Собранието, во 2022 година. Првиот документ се заклучоците на ЕУ за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, без никакви услови за јазикот и идентитетот.Понатаму, самата Преговарачка рамка, каде македонскиот јазик е експлицитно наведен, без никакви додавки, ѕвездички или фусноти. И потпишаниот договор со ФРОНТЕКС – на чист македонски јазик,“ рече Филипче.Тој предупреди дека за првпат постои реален ризик во Европскиот парламент да помине извештај со нејасно означување на македонскиот јазик.„Во Европскиот парламент, за првпат има сериозен ризик да помине извештај во кој што јазикот некако дополнително се означува. Ние направивме силна кампања во 2022 година. Тогаш беше едностран, напишан тој извештај од тогашниот известувач за Македонија – тоа беше бугарскиот европратеник Ќучук, кој што го запревме,“ рече Филипче.Тој подвлече дека било какви измени што би довеле до нови условувања или дополнувања пред македонскиот јазик се директно спротивни на собраниските заклучоци.„Поради тоа што таква додавка пред македонскиот јазик и нација оди спротивно на заклучоците кои што ова Собрание ги донело – а тоа е дека во ниту еден контекст, во ниту еден момент, ниту за јазикот, ниту за културните, ниту за историските одредници – никој нема право да преговара. За јазикот никогаш не се преговарало. Тоа биле нашите црвени линии. И затоа е таков – чист – јазикот: без фусноти, без додавки, без ништо. И таков е и така е во буквално сите документи,“ рече Филипче.На крај, тој апелираше до премиерот за итна институционална реакција и координација.„И последната работа – во однос на тоа што сега се случува во Европскиот парламент: тогаш, премиере, ни треба сериозна координација на ниво на Парламентот. Сите институции да ги обединиме силите за таков амандман да не помине во Европскиот парламент. Поради тоа што веќе се содржи во сите документи кои што ги гласало ова Собрание – дека таква работа не смее да се случи,“ истакна Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

bojkovski

Бојковски: Скопје се дави во ѓубре и тоа е поважна тема од јавниот линч што го правите против претседателот на Управен одбор на Комунална Хигиена

На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Бојковски истакна дека седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи поради тоа што Советот нема право да разрешува претседател на Управен одбор.„Седницата за разрешување на претседател на Управен одбор не треба да се одржи затоа што немаме право да разрешиме претседател на Управен одбор. Прва работа кој гласал, гласал. Втора работа, ако е исто Управен одбор член и претседател на Управен одбор тогаш зошто се бира претседател на Управен одбор? Исто било да си член на Управен одбор и претседател на Управен одбор.Претседателот на Управен одбор го гласа управниот одбор на Јавното комунално претпријатие. Трета работа, ако има претседателот или членот на Управен одбор кривично дело каде што има забрана за вршење на дејност тогаш може да се разреши по закон, а не овде да го разрешуваме“, рече Бојковски.Бојковски запраша дали доколку се смени претседателот на Управен одбор, тогаш мислите ли дека ѓубрето утре ќе го нема низ Скопје и мислите дека претседателката на управниот одбор е виновна за ѓубрето?„Овде тенденциозно е намерата да се разреши претседателот на Управен одбор на комунална хигиена, тенденциозно се оди на личност, да се деградира таа личност што не е во ред затоа што таа нема забрана за вршење на дејност што е сега претседател на Управен одбор и може да биде претседател на Управен одбор и не е оправдано вашето барање на свикување на седница каде претседателот на Управен одбор ние ќе го менуваме зошто? Зошто така сакаме. Оправданоста на свикување на седницата како точка не е на дневниот ред, туку за свикувањето на седницата, не е оправдано затоа што нема забрана за вршење на дејност“, заклучи Бојковски.

Македонија | пред 7 месеци

Нема фотографија

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството, посебен акцент на отсуството на развојни мерки од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на лозарството како извозно оринетирана гранка.Во обраќањето пред лозарите, Филипче посочи дека за една година ВМРО ДПМНЕ ги понижи и осиромаши сите земјоделци вклучително и лозарите. Во делот лозарството и винарството, не само што не се донесоа развојни мерки, туку се скратија и постоечките добри мерки донесени од Владата на СДСМ, како авансната исплата, стопирана е и програмата за мали винарии и дестилати, укината е субвенцијата за високо квалитетно грозје и намалена е поддршката за саемски манифестации за промоција.„ВМРО ДПМНЕ беа гласни за земјоделците пред изборите, ветуваа се и сешто, а само за една година покажаа дека не го вреднуваат ниту трудот на земјоделецот, ниту ги интересира развојот на земјоделството особено на стратешките гранки како што е лозарството и винарството. Ги стопираа програмите за финансирање на мали семејни винарии. Ланската 2024 година е прва година кога немаше субвенции за килограм предадено винско грозје, додека претходните години беше по 2 или 3 денари за килограм во зависност од приносите на грозје во тековната година. Во програмата за субвенционирање на лозарството укината е и мерката за субвенционирање на хектар лозов насад во висина од 60.000 денари по хектар за производство на грозје за високо квалитетни вина, што како мерка беше во програмата за субвенционирање во 2024 година“, рече Филипче.Говорејќи за потребата од поддршка на лозарството и винарството како наши извозни се стратешки гранки, Филипче потсети дека Владата на СДСМ во својот мандат, заедно со лозарите, со винариите, донесе низа мерки и нови политики за поголема поддршка на овој сектор.„Со Законот за вино се загарантираа најниските откупни цени на грозјето, и како резултат на овие измени во 2024 година се постигна највисока просечна откупна цена кај сите вински сорти. Се олеснија условите за формирање на мали семејни винарии кои дотогаш не беа во можност да се формираат и регистрираат како такви. Воведовме нови програми за поддршка на малите винарии, беа доделени над 150 грантови од по 10 илјади евра, за набавка на опрема и за модернизација на малите семејни винарии. Лозарите беа опфатени и со мерката за субвенции за зелена нафта и со моделот за авансна исплата на субвенциите“, рече Филипче.На средбата, Филипче посочи дека благодарение на успешноста на мерките на СДСМ се потврдува со фактот што Македонија стана број еден извозник на вино во регионот и 13-ти извозник на вино во светот. При тоа, Филипче порача дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на сите земјоделци и ќе нуди мерки не само за вреднување на нивниот труд, туку и за зголемување на домашното производство на земјоделски производи. Тоа како што кажа, подразбира и силна поддршка за лозарството и производството на вино, што е една од најзначајните гранки во нашата земја, со стратешка економска важност.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-51

Филипче: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

„Собранието во јули 2022 година има донесено заклучоци со кои што тогашната, но и секоја следна влада ги обврзува дека за јазичните, културните и идентитетски одредници ниту една влада не смее да преговара, ниту пак да се преговара за македонскиот јазик така како што е веќе прифатен во преговарачката рамка во рамките на францускиот предлог, а е потврден од сите земји членки на Европската Унија и, впрочем, е потпишан договорот со ФРОНТЕКС. Значи, чист македонски јазик без никакви забелешки, без никакви фусноти“, рече Филипче, додавајќи дека ова е една борба којашто и премиерот и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја прикажат како своја борба за македонски јазик, меѓутоа таа борба е завршена.Притоа, Филипче посочи дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ сериозно ги загрозува нашите преговарачки позиции. Тој потсети на заклучоците донесени во 2022 година од страна на Собранието, за кои што, впрочем, ВМРО-ДПМНЕ тогаш во тогашниот состав не гласале против.„Тука јасно пишува дека се задолжува Владата на Република Северна Македонија и целокупниот тим доследно да се придржува кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ како елементи за кои не се преговара со Европската Унија. Понатаму во текстот, дека Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа што е наведено во преговарачката рамка, а таму јасно стои чист македонски јазик. За жал, сметам дека ова што го прави и премиерот и Владата предводена од него, во која учествуваат и ВЛЕН и ЗНАМ, сериозно ги нарушува нашите преговарачки позиции. Оваа борба Владата на СДСМ ја доби – го потврдивме македонскиот јазик, чист македонски јазик“, рече Филипче.Како што кажа Филипче, фактот што Владата дозволува воопшто да има дебата за македонскиот јазик, и дополнително што тие амандмани кои што денеска на Комитетот не се поминати, но според најавите ќе бидат поднесени на пленарната седница на почетокот на јули, доаѓаат од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, е еден сериозен пораз за нашата дипломатија и за Владата.„Ние и во текот на изминатиот период, претходните денови, нормално и на пленарната седница сме целосно координирани со европарламентарците од групата на социјалисти и демократи, коишто се свесни што Владата сака да направи, каков ПР да прикаже – едноставно, таа борба којашто е залудна и целосно непотребна за нешто што ние сме го обезбедиле целосно претходно, а Собранието тоа го потврдило, сега сакаат да ја прикажат како некоја нивна победа“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

BKuzeska3

Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста

„СДС кои 7 години беа на власт и тоа само до пред една година, се однесува како никогаш да не биле владејачка партија, а уште помалку се чувствуваат виновни за она што го направија во тие години владеење“ , велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ и додаваат:Најверојатно, СДС секојдневно ќе држи прес-конференции, на кои без аргументи, издржани критики и факти, ќе зборува дека полошо се живее.Точно е дека се живее тешко, но граѓаните знаат кој ги донесе до питачки стап и денот да го поминуваат со 150 денари. Заради СДС, задолжени сме како никогаш досега, па кредитите и каматите кои тие ги оставија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги враќа сега и во следниот период.Навистина е апсурдно СДС да говори за економија и плати, кога во нивно време инфлацијата беше над 20%, платите и пензиите стагнираа, јавниот долг растеше, сметките се покачуваа, а тие не понудија никакво решение.Им порачуваме на СДС, да го слушнат говорот на претседателот Мицкоски, на вчерашната свеченост по повод една година Влада, и ќе дознаат и научат многу од него. За тоа како се води чесно, државнички и достоинствено држава!Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените.

Македонија | пред 7 месеци

MarinaImage-2025-06-24

Кусакатска: Митески да одговори каде се ветените нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром?

„Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ветуваше нови 100.000 метри квадратни паркови и зеленило“, вели Марина Кусакатска, СДСМ Аеродром, и додава:Нашите сограѓани се сведоци, ниту еден нов парк во Аеродром не е подигнат за 4 години.Наместо тоа, неискосени и пожолтени тревници полни со ѓубре и искршена урбана опрема, се последиците од управувањето на Дејан Митески, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со Општина Аеродром.Паркот „Радост“ на 5.000 метри квадратни во Реонски центар кои требаше да биде готов во првата година од мандатот, уште не е готов.Градежни маркици наводно се бришеа, а Мицкоски се појави уште во 2022 година на почетокот на активностите за уредување на овој парк.Нов парк на 5.000 метри квадратни ветија дека ќе подигнат и кај касарната „Гоце Делчев“. За ова немаат ниту проект.Уште еден нов содржински парк на 5.000 метри квадратни требаше да биде подигнат во срцето на Ново Лисиче, со нови реквизити и содржини за сите возрасти на деца.Нема ништо од тоа. Само неискосена и пожолтена трева го дели Реонски центар од Ново Лисиче.Ветија паметен систем за наводнување на тревниците меѓу зградите, а не можат да ги поправат ни постоечките системи за наводнување.Паркот Авионче требаше да прерасне во мал луна парк, а паркираните возила на патеките и во тревниците требаше да биде минато.Нови паркови за миленици ветија во секој нов и во секој постоечки парк. Ниту еден не е направен во последните 4 години.Дејан Митески и Тимчо Муцунски беа неспособни да ги одржуваат ни парковите подигнати од нивните претходници, а не да подигнат нови.Аеродром важеше најзелената општина во Скопје до пред само 4 години.Денес Аеродром е општина со најзапуштени паркови полни со отпадоци и паднати суви гранки на секој чекор.Со кое лице Дејан Митески ќе бара втор мандат во Аеродром?Имаат ли господата од ДПМНЕ трошка срам?Времето на Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром истече!

Македонија | пред 7 месеци

Zernovski-SDSM

Жерновски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ стана тажна приказна во друштвото на Орбан

Од моето досегашно искуство на политичката сцена, ова е најлошото владеење што сум го видел, а верувам и општеството во Македонија, од времето на плурализмот – со најлоши перформанси. Сведоци сме на драматичен пад на квалитетот на владеење на сите нивоа – од централната власт, преку локалната, па сè до дипломатската мрежа, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на гостувањето во студиото 10 на 24 телевизија.Жерновски посочи дека и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има власта во своите раце со апсолутно мнозинство во Собранието, претседателска функција, влада и доминација на локално ниво, резултатите се – катастрофални.„Имаме целосен пад во економијата, социјалната политика, функционирањето на институциите, слободата на медиумите и надворешната политика. Тоа се реални критики, а не изолирани слабости“, нагласи Жерновски.Осврнувајќи се на состојбата со дипломатијата, Жерновски рече дека државата е во фаза на сериозна изолација.Имаме министер кој е најизолиран во историјата на плуралистичка Македонија – со 2-3 средби тука, на министри за надворешни работи. Верувале или не, за 365 дена имаме нула посети од министри од соседството – ниту еден сосед не дошол во посета. Нема никакви дипломатски иницијативи, визии, постулати. Немаме амбасадор во Данска – земја која за неколку дена го презема претседателството со Европската Унија. Немаме амбасадор ниту во НАТО. Ова не е интеграција, ова е изолација!“, рече Жерновски.Жерновски потсети дека во времето на СДСМ, земјата беше препознаена како позитивен пример и носител на стабилност во регионот.„Имавме активна дипломатија, добрососедски односи и јасна евроатлантска перспектива. Денеска, сме сведоци дека дури и еврокомесарката за проширување Марта Кос ја нарече Македонија ’тажна приказна’ на ЕУ. Тоа е сигнал до сите нас“, додаде тој.Жерновски истакна дека Македонија денес не е во друштвото на земјите кои напредуваат, туку дека сме дел од блок кој е отворено критикуван.„Меѓутоа, да бидам до крај отворен, ние сега сме во друштво на Орбан – во Унгарија. Антонио Милошевски, кој несомнено има искуство – какво и да е – во меѓународната политика, во домашните и меѓународни гледања на ситуацијата, отворено изјави дека нашите позиции кон ЕУ и НАТО се идентични како на Орбан. Од успешна приказна, Македонија под раководство на оваа влада стана земја без кредибилитет и визија. Од европска агенда, до коридори кои водат единствено до Будимпешта и Белград – тоа е реалната надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Жерновски.

Македонија | пред 7 месеци

23.06.2025

Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела.Тепачот Акиов е човек од доверба на Заев, планот Акиов да почне со правење на тензија и ескалација на состојбите во Кочани го дал токму тој, на состанокот со Филипче во Дубаи.Филипче само спроведува тоа што Заев му кажал.Венко Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов затоа што истиот може лесно да каже по чија наредба делувал.Планот на Заев пропадна, Филипче не успеа да ја зоврие состојбата во Кочани до ниво на ескалација.Тоа што Заев и Филипче, не се откажуваат од тепачот Акиов, е јасен знак дека обидите за ескалација во иднина ќе продолжат.Ги повикуваме сите граѓани и општествено политички чинители, да не наседнуваат на пропаднатите обиди на Заев и Филипче да се спасат политички преку сеење омраза и страв кај народот во Кочани. Обидите им се јалови.

Македонија | пред 7 месеци

Venko-tribina-SDSM-3

Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа борба не е само за власт, туку за вредности, вистина и еднаквост.– Сакам да им се обратам на оние кои велат „сите се исти“ или „во СДСМ нема промена“. Не сме исти. Не се исти оние кои вртат глава кога ќе се пожалите на тешка живеачка и оние кои понудија решенија за повисоки плати и пониски цени. Не се исти оние кои ветуваа правда, а испорачаа селективна правда – и оние кои секојдневно нудат решенија и реформи со кои секој политичар или функционер еднакво ќе одговара пред законот. Не се исти оние кои понудија решенија за траен развој на Македонија интегрирана во Европа – и оние кои решија да фрлат сè на буниште заради сопствените политички и бизнис интереси. За крај, не се исти оние кои кога беше најтешко во изминатите седум години искрено стоеја пред вас и ги решаваа проблемите – и оние кои за секој проблем ја обвинуваат опозицијата или манипулираат дека проблемот не постои, истакна Филипче.Тој нагласи дека СДСМ стои на истата страна каде што стоел и пред 80 години – на страната на луѓето.– Затоа, денес, како и пред 80 години, кога хероите на АСНОМ ја запишаа основата на македонската државност, СДСМ стои таму каде што отсекогаш стоел – на страната на граѓаните.Се бориме за Македонија на еднакви луѓе, со еднакви шанси. За слободна земја, каде правото важи за сите, а достоинството не се мери со партиска книшка. Се бориме за идентитетот кој не се злоупотребува за евтин политички профит, туку се чува, се унапредува и се промовира во светот. СДСМ е гласот на оние кои не се слушнати. Потпора на оние кои се оставени по страна. СДСМ е партија што не калкулира со вистината, туку ја брани и кога таа е тешка и болна. Нашата борба е борба вредности, за Македонија која е праведна, солидарна и слободна. СДСМ е таму каде што секогаш сме биле – меѓу луѓето. Со корени длабоко втемелени во историјата, но со поглед кон иднината, заклучи Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

Frckoski-tribina-1

Фрчкоски: Досега немало влада со полошо владеење

Професорот Љубомир Фрчкоски, во рамките на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна дека со ВМРО-ДПМНЕ се случува парадокс.Имено, ВМРО-ДПМНЕ е ретко силна партија, со оглед на пратениците и позициите во парламентот, но парадоксот е дека таа практично не владее на надворешен, но и на внатрешен план. Не носи одлуки, нагласи Фрчкоски.Тој истакна дека политиката дефинира две акции, од кои една е реашавње на конфликти а втората е операционализација на опцијата за развој, за благосостјба на граѓаните.Во тие две акции ВМРО-ДПМНЕ не функционира, нагласи Фрчкоски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не решава конфликити, не прави чекори кон хармонизација во таа антагонистичка политичка сфера, туку отвора конфликти, преку прогони, прогонува политички противници, менува, произведува некакви судири, создава меѓуетнички тензии, функционира она што премиерот го вика „нас со Албанците ќе ни треба второ полувреме“, а опцијата за развој ја менуваат со хистерична пропаганда, со хистеричен ПР, прават потемкини села на развој, што на крајот на краиштата завршува со генерално назадување.Ние назадуваме во сите линии, политичките елити се послаби, образованието назадува, НГО секторот е растурен и назадува, не функционира, медиумите се во страшна ситуација. Во сите точки назадуваме во ситуација кога регионот напредува. Ние го немаме тој луксуз, ние не можеме да го издржиме тоа назадување долго, практично ќе имплодираме внатре по меѓуетнички основи по една линија, меѓутоа и по социјални основи. Ние генерално осиромашуваме и тоа е една ситуација, која не може долго да се издржува, рече Фрчкоски.Во однос на неспособноста на власта, Фрчкоски нагласи дека досега немало влада со полош рејтинг во првата година од владеењето.Тоа е најлош старт, независно силата во парламентот. Резултатот од тоа не значи дека она лесно ќе падне, нема да се случи промена додека нема издржана алтернатива, додека луѓето не видат дека тоа е возможна алтернатива, и дека таа е таа, рече Фрчкоски, додавајќи дека тоа значи дека опозицијата има една неверојатна крупна улога да се консолидира и тоа не може да се прави само со критика на власта, туку и преку поврзување со своите линии и значајни историски потези што партијата или групацијата на партии ги направила, а не дистанца од нив.Ние не смееме да се срамиме од тоа како е направен договорот од Преспа, како се водени преговорите со Бугарија, независно од тоа што мислиме, како тоа се одразило на изборните резултати. Не е важно тоа, треба да се издржи јасно на тие позиции на кои СДСМ историски ја изгради оваа држава, рече Фрчкоски.Тој смета дека се возможни понуди за големи коалции, бидејќи не е јасно како ќе излезе со БугаријаИмам впечаток дека на некој начин ќе свијат грб секако по таа линија и некаков контакт ќе бараат. Тука е процена, која е многу важна да се направи. Поддршка од опозицијата на тој принципиелен став со Бугарија треба да има. Бидејќи решението, независно како ќе го цените францускиот предлог е исклучително во национален интерес на Македонците, тука да нема дилема никаква. Кој го правел, како го правел. Тој е направен во две точки кај јазикот и кај националниот идентитет апсолутно 100% во наш интерес, рече Фрчкоски.Тој посочи дека владата е тотално без никаков план и тоа е застрашувачки.Значи вие имате една структура, во која ние сме прирепок на Орбан, Вучиќ и линијата до Солун и коридорот 10, за кој нашиот министер се радува дека ќе го изгради. Може да биде во наш интерес некаков, но не повеќе од коридорот 10. Тоа е затоа што Кинезите отвраат дел во солунското пристаниште и на Орбан му е важно таа линија да функционира заради Кинезите. Ние сме последен прирепок на таа линија. Нашите се радуваат како деца, што функционираат во тоа оро. Таква една неспособна, да ја оцени сопствениот интерес политика, ние не сме сретнале досега. И тоа скапување е голем ризик, не може да не радува тоа, таквата неспосбност на владата која не функционира. Прогони и ПР симулакрум дека нешто се пррави, ништо друго, се е празно поради тоа, истакна професорот Љубомир Фрчкоски, на трибината на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Македонија | пред 7 месеци

Tribina-SDSM-1-2

Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира белиот мантил и пациентите

Оваа власт потполно го урниса здравствениот систем и тоа само во една година. Ние имаме нефункционален здравствен систем со заостанати реформи и апсолутен политички марктинг, истакна д-р Елена Радеска, од комисијата за здравство на СДСМ, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.Радеска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма имаше напишано 13 страни проекти за здравство, кои останаа само на хартија.ВМРО-ДПМНЕ им ветуваше вработување на младите специјализанти, но тоа заврши сосем нетранспарентно, ветуваше децентрализација на здравствто, но го стори спротивното, во однос на недостигот на лекови и терапии добро ни е познато дека имаше недостиг на инсулин, а онколошките пациенти сé уште имаат проблем и ја чекаат својата терапија, рече Радеска, додавајќи дека тоа зборува само за прикривање на проблемите и никакво идејно решение.Радеска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше огромни проценти за зголемување на платите во здравството но за жал дадоа само 2.500 денари порамнување.За разлика од владата на СДСМ, кога министер за здравство беше претседателот Венко Филипче, имавме историско покачување на платите на лекарите специјалсти, здравствените соработници и средно медицинскиот персонал, исто така и реформа со која може да се пофалиме, а ВМРО-ДПМНЕ ја преипишува на свое конто е платата на специјализантите, прв пат вреднувани за својот труд, рече Радеска.Таа посочи дека во време на СДСМ се направи систем за трансплантација на ткива, на органи и матични клетки, а сега има една или две трансплатнации, се пушти во употреба хибридната сала на државна кардиохиругија, а сега таа клиника, за жал, е со одборени денови на постоење, сега има недостиг од терпаии, а за време на СДСМ се донесоа иновативни терпации за болни од мултипла склероза, за цистична фиброза.ВМРО-ДПМНЕ се потруди да го деградира белиот малнтил и пациентите. Тоа беше и во владеењето на Никола Тодоров, а да бидам искрена не очекувам ништо поразлично ни сега, особено со изборот на министер, кој е доктор по инфоратички науки, порача д-р Елена Радеска, од комисијата за здравство на СДСМ, од трибината на СДСМ под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања