ВМРО-ДПМНЕ

Venko-tribina-SDSM-1

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не само што не ја рационализираше администрацијата, туку ја претвори во продолжена рака на партиските штабови. Вработувањата се политички награди, не резултат на квалитет и труд. Ова го истакна Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“.– Ветуваа ред и рационализација во администрацијата. Ветуваа мерит-систем. Што добивме? Нови министерства, илјадници нови партиски вработувања, листи за вработување по штабови кои се споделуваат на социјалните мрежи, рече Филипче.Тој нагласи дека партизацијата на институциите е официјализирана, а партиската книшка е главна квалификација за работа во државата.– Нивните функционери отворено кажуваат дека вработувањата во болниците и секаде на друго место се само по партиска заслуга. Тоа го кажуваат гордо, без срам – како да е нормално, посочи Филипче.Според него, администрацијата денес не е сервис на граѓаните, туку огледало на системот на ВМРО-ДПМНЕ.– ВМРО-ДПМНЕ ја претвори администрацијата во огледало на нивниот систем: хаос под контрола, сервилност наместо компетентност, заклучи Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

glasanje-makedonija

Локалните избори го кристализираат теренот: ЗНАМ самостојно, СДСМ се повлекува од неколку општини

Политичката сцена пред претстојните локални избори почнува да добива појасни контури. Партијата ЗНАМ најави дека ќе настапи самостојно на овие избори, и со советнички листи и со кандидати за градоначалници, додека СДСМ ќе се повлече од трка за градоначалници во неколку доминантно албански општини.Портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, потврди дека партијата преговара со ВМРО-ДПМНЕ за заемна поддршка на кандидати за градоначалници, но дека ќе настапат со сопствени имиња, а не во коалиција.„Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат свој кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка уште во првиот круг“, изјави Мемов.Преговорите, според него, се во завршна фаза и се водат за повеќе општини – веќе е дефинирано Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе помали низ земјата.Од друга страна, СДСМ, под водство на Венко Филипче, нема да настапи со кандидати за градоначалници во седум општини со мнозинско албанско население: Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино. Партијата ќе има само советнички листи, додека прашањето кого ќе поддржи во трката за градоначалници останува отворено.Партиски извори брифираат дека одлуката е донесена од Извршниот одбор, но не се исклучува можноста за понатамошни преговори – било со ДУИ, било со Вреди. Особено бидејќи ВМРО-ДПМНЕ веќе најави поддршка за Вреди уште во првиот круг.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-19-at-13.57.01

Политички пресметки по инцидентот во Советот на Кочани: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања

По инцидентот на денешната седница на Советот на општина Кочани, при што една вработена во општината заврши со повреди откако беше погодена со шише, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со меѓусебни обвинувања за одговорност и политички манипулации.Социјалдемократскиот сојуз најостро го осуди инцидентот, опишувајќи го како резултат на „провидно сценарио“ од ВМРО-ДПМНЕ насочено кон дестабилизација на општината. „Советник на ВМРО-ДПМНЕ и советник од Ромска партија беа директно инволвирани, а повредена е вработена од администрацијата. СДСМ не стои зад инцидентот – тоа не е наш член туку коалициски партнер“, наведуваат од СДСМ, потенцирајќи дека токму советникот Васе Алексов од ВМРО-ДПМНЕ бил најгласен со навреди на етничка и лична основа во изминатите седници.Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ со обвинување дека токму СДСМ и в.д. градоначалникот Венко Крстевски стојат зад поттикнување на насилството. „СДСМ го користи насилството за да ја води општината. Советникот кој предизвика физички напад е нивен сојузник и поддржан од нив“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи на итна оставка на Крстевски и јавно извинување од СДСМ.Во меѓувреме, полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветна пријава.Инцидентот го отвори прашањето за влошениот политички амбиент во Советот на Кочани, каде седниците сѐ почесто се одвиваат во атмосфера на тензии, обвинувања и – очигледно – насилство.

Македонија | пред 7 месеци

puls-35-1

Апсењето на Нацев предизвика политичка војна: „Правда за сите“ или „жртвено јагне за ПР“?

Апсењето на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување поврзана со трагедијата во Кочани, денеска предизвика лавина реакции и отвори нов политички фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Двете најголеми партии со сосема различни толкувања за потегот на институциите – едните го нарекоа „доказ дека има правда за сите“, а другите „закаснето апсење и ПР-фасада“.Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека апсењето на нивниот член е потврда дека институциите функционираат без разлика на партиска припадност:„Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите. Секој кој има било каква инволвираност со трагедијата во Кочани ќе излезе пред институциите, без разлика дали е член на ВМРО-ДПМНЕ, СДС, ДУИ или која било друга политичка партија.“Од таму ги повикаа СДСМ да престанат со, како што велат, „секојдневни пресуди без докази“ и додадоа дека првпат во историјата на државата, одговорност има за сите.Но, СДСМ го оцени апсењето како задоцнето и режирано, со цел да се заштитат повисоките ешалони на власта:„Три месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ негираше секаква вмешаност на Нацев. Сега, кога веќе не може да се скрие вистината, ВМРО-ДПМНЕ го користи Нацев како жртвено јагне.“Според СДСМ, вистинската правда ќе дојде дури кога ќе се отвори истрага и за луѓето кои, како што велат, денес се под заштита на лидерот Мицкоски. Укажуваат и дека дел од поранешни полициски функционери поврзани со настанот се дел од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.Во контекстот на трагедијата што ја потресе јавноста, политичката дебата добива сѐ поголема тежина, а граѓаните – особено семејствата на жртвите – бараат вистинска, а не селективна правда.

Македонија | пред 7 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Политичка војна по трагедиите: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за „Пулс“ и модуларната болница во Тетово

Неколку дена со ред, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се напаѓаат за тоа кој е виновен за трагедијата во дискотеката „Пулс“, но и за пожарот во модуларната болница во Тетово. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се во насока дека вина за објектот кој изгоре, а во кои имаше пациенти, има претседателот на СДСМ, а тогашен министер за здравство, Венко Филипче.„Немаат крај скандалите на Венко Филипче. По досега изнесените информации во Аферата – Провизии кои чинат животи, од кои се утврди дека на Филипче како министер за здравство важни му биле само профитите, на површина излегуваат дополнителни скандали. Венко Филипче е директно одговорен и виновен за набавката на модуларните болници, со лош квалитет и леснозапалив материјал, поради што тетовската, во која животот го загубија 14 луѓе, целосно изгоре за само две минути. Според информациите кои стигнаа до нас, тогашниот министер за здравство, Филипче лично ја подготвил спецификацијата за тендерската постапка, каде што модуларните болници биле набавени како стоки. Лично тој ја дал готовата техничка спецификација во одделот на Министерството за здравство задолжено за спроведување на набавката. Ова го потврдува одговорното лице од Министерството за здравство кое се потпишало на спецификацијата дадена од Филипче лично, во исказ пред Јавното обвинителство. Лицето кое Венко Филипче го назначил за главен и одговорен архитект на сите модуларни, одговорно лице за техничката спецификација и претседател на Комисијата за јавни набавки за 13-те модуларни болници, во исказот вели дека не ја изготвило техничката спецификација, туку само сум ја проследило по налог на министерот, до министерот за труд и социјална политика“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Еден час подоцна стигна соопштение и од СДСМ. Тие велат дека власта ги штити виновниците.„Нема правда за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 62 деца, а над 200 беа повредени. Поминаа речиси три месеци, а Обвинителството не покрена ниту едно обвинение против актуелни функционери на власта кои биле на функции. Тоа не може да биде случајно. Тоа е организирана заштита од власта. Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани? Дали се плаши дека ако истрагата ја следи вистината, таа ќе стигне до врвот на власта? Дали затоа се штитат вистинските виновници? Началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, и покрај тоа што била на функција за време на трагедијата, остана недопирлива. Зошто не одговара за тоа што не постапила по службените белешки за незаконското работење на „Пулс“? Зошто не одговара за затворената врата – клучен фактор за смртта на десетици млади? Зошто не е обвинет сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого има индиции дека бил директно инволвиран во незаконско затворање на дискотеката? Иако има сведочења за негов контакт со сопственикот и контроли надвор од процедура – Петрушев не се гони. Можеби затоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ? И Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, е недопирлив“, велат од СДСМ.Ваквите преписки придружени со прес-конференции траат со денови.

Македонија | пред 7 месеци

filipce-sobranie3

Без одобрение, Филипче пушта во употреба модуларни болници од леснозапалив материјал, од кои најверојатно профитирал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Аферата „Провизиите кои чинат животи“, го разобличи и го покажа вистинскиот Венко Филипче“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Јавноста можеше да види како на Филипче како министер за здравство, профитот и провизиите му биле на прво место, наместо безбедноста и здравјето на пациентите и на граѓаните, воопшто.Таквата негова лакомост за провизии доведе до пожар во модуларната во Тетово која целосно изгоре за само две минути, во која живи изгореа 14 македонски граѓани кои во болницата дојдоа по лек.Во корона периодот, само заради профит и провизии, Филипче дозволил изградба на модуларни болници низ државата, во која не смеело да се извршува здравствена дејност.За изградбата на овие болници со заем од Светска Банка, не се почитувале ни Законот за градење, ни Законот за здравствена дејност, а не се почитувале ни минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.Болниците биле набавени како стоки, која резултираа од леснозапалив материјал, а ваквата спорна тендерската спецификација ја подготвило лице во Министерството за здравство, поставено лично од Филипче.Бидејќи болниците се набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, Катастар одвивал изврши упис, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат ниту одобрение за употреба по правилник за простор, опрема и кадар.Токму поради ова, директорите на болниците низ државата одбивале да ги примат и да ги стават во употреба.Таков е и примерот со Артан Етеми, поранешниот економски директор на Тетовската болница, кој е осуден на 1,5 година затвор за трагичниот настан, одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба бидејќи и таа, како и останатите, немале приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци и да ангажираат фирми.Во моментот на трагичниот настан во модуларната во Тетово, каде загинаа 14 луѓе, нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство, туку тие се пуштени во употреба со лична одлука на Венко Филипче.И ова не е се. За да се спаси од одговорност, но и дополнително да профитира, после трагедија во модуларната во Тетово, додека Македонија се уште беше во шок и во тага, Филипче склучува анекс на договор со фирмата која ги гради модуларните болници и ја зголемил цената за 20%, за да се променат материјалите во другите болници низ државата.Член 2 од Анексот бр. 23-1431/63 од 20.12.2021 е во целост спротивен на Основниот договор и истиот е ништовен согласно член 116, 117 и 119 во врска со член 39 и 41 од ЗОО.Филипче, со противзаконски и ништовен Анекс му овозможува на изведувачот на модуларните болници зголемување на цената за 20%, наместо да му наложи на сопствен трошок да ги направи модуларните огноотпорни.Дали причината за пожарот на модуларната во Тетово се 20% и каде завршиле тие?Јавноста мора да ја дознае вистината за Модуларната болница.

Македонија | пред 7 месеци

modul

Тетово и Кочани – две вистини, две трагедии, а каква правда: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со прес-конференции денес

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе открива која е вистината за запалената модуларна болница во Тетово, каде живи изгореа пациенти и нивни блиски кои биле на посета. Во исто време, СДСМ соопшти дека ќе ја објавува вистината за Кочани оти се штителе функционери од власта. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе за започне денеска на пладне.„Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. „Провизии кои чинат животи“ аферата што ќе ја разоткрие вистинската одговорност за трагедијата во Тетово. 14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше? ВМРО-ДПМНЕ, започнува серија на прес-конференции што ќе ја откријат целата вистина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Еден час подоцна, прес за Кочани ќе одржи СДСМ.„СДСМ од денес ја објавува вистината за Кочани. Во серија на прес конфернеции ќе ги објавиме сите факти и докази за тоа како Обвинителството и власта ги заштитија актуелните функционери! Јавноста ќе дознае кого кријат и сите детали со кои Владата и Коцевски ги заштитија блиските луѓе на Тошковски, Мицкоски и сите кои требаше директно да одговараат. Селективната правда повторно ги убива жртвите и им става сол на раните на семејствата. Правда во овој случај нема“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 7 месеци

micevski-pratenici-vmro-dpmne-sobranie

Секоја година државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони ера, вели Мицевски за договорот со Обединетото кралство кој е во Собрание

Историскиот договор влегува во собраниска процедура, тој е од повеќекратно значење за Македонија, рече Никола Мицески, координатор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за договорот помеѓу Македонија и Обединетото кралство.„Само што заврши комисиската расправа за ратификација на договорот. Овој договор продолжува на пленарна седница. Тој е историски чин“, рече Мицески.Според него, ова ќе биде стратешко поврзување.„Ќе овозможи стратешка позиционираност, развој на инфраструктура, здравство, енергетика, наука“, додаде тој.Потоа, кажа повеќе проекти кои се планираат да се реализираат.„Секоја година државата ќе инкасира од 100 до 120 милиони ера“, посочи Мицевски.Според него, договорот не е класифициран и се е транспарентно.Тој ги повика СДСМ да го поддржат договорот: „Возот е тргнат, ова е последната станица каде можат да го фатат“.

Македонија | пред 8 месеци

cebren

Изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште со инвестиција од 1,3 милијарди од британскиот заем, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Изминатите 7 години СДС и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и намалување на аерозагадувањето. За владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот е главен фокус“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина. Конкретен план за Чебрен и Галиште.Изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште се стратешки проект, најмалку од три главни аспекти.Овие две хидроцентрали се потребни не само од аспект на производство на електрична енергија.Од аспект на климатските промени, овие два нови резервоари за вода заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за тиквешко поле, 55-60 илјади хектари прва класа земјоделско земјиште каде има многу земјоделци, овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување а во одреден период од годината се јавува недостаток на вода.Исто така, овие две акумулации, со оглед на околината на Мариово којашто е ненаселена, ќе дадат придонес и од аспект на туризмот и нови приватни инвеститори во иднина.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на заштита на животната средина со цел квалитетен живот на граѓаните“.

Македонија | пред 8 месеци

20112024-Mickoski-1

Македонија мора да успее, порача Мицкоски пред Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски се обрати на 20-та Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени.„Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал, истрајувал низ сите бури и премрежја. Денес кога гледам во колкав број и со каква енергија сме тука, јасно е дека идејата е сѐ уште жива, а мотивот поголем од било кога”, рече Мицкоски.Тој изрази длабоко уважување кон секоја жена која со мудрост, волја и ентузијазам придонесува за иднината на државава.„Македонија мора да успее. И тие победи мора да се случуваат секој ден, сантиметар по сантиметар, чекор по чекор, непрестајно да се бориме за нашата иднина”, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

zaklina

Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и сила во Македонија

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ја одржува 20-та Годишна конференција на Унијата под мотото „Жените громогласни за Македонија“.Таа истакна дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија.Унијата, рече, во текот на 2024 година реализирала над 2000 активности, од кои две третини биле од хуманитарен карактер.„Со гордост можам да кажам дека преку Унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот и покажуваме дека македонската жена има што да каже. Нашата истрајност не е само борба за правичност во партиските редови, туку е и стремеж кон поголема демократска застапеност, каде гласот на жените не само што се слуша, туку и активно влијае врз обликувањето на идните политички и општествени процеси. Не се залагаме за декларативна рамноправност, туку за суштинска, реална и заслужена. Жената не треба да биде почитувана по привилегија само затоа што е жена, туку преку својот труд, знаење, способности и квалификации”, рече Пешевска.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Едно е да ме ругаш, но да ме фатиш за врат и да ми пцуеш бремена сопруга и дете - следен пат ќе го тепам во пленарна, рече Апасиев за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев за „Скопје1“ вели дека немало реакција на обезбедувањето на Собранието, кога се случил инцидентот со пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев во изјава за „Фокус“ тврди дека секојпат кога ќе се сретнеле, Ристески упатувал пцости кон него, бидејќи, пратениците на Левица зборувале за патните трошоци на пратениците.„Тој ме запре во ходникот и ми вели „прекини да ми објавуваш патни трошоци“. Јас му викам прекини да ми пцуеш жена и деца. Тој ми врати: „Не само што ќе ти пцујам, туку и ќе те изнатепам“. Јас пробувам да деескалирам, а тој немаше што да врати и ме фати за врат. Јас спуштив телефон и со филџанот во врат. Едно е да ме пцуеш, ругаш, но да ми се ставиш во аура и да ме фатиш за врат а притоа да ми пцуеш бремена сопруга и дете, тоа нема да го дозволам. Следен пат, нога во глава ќе добие ако ми пцуе жена и деца. Му реков ќе те тепам во пленарна“, вели Апасиев за „Фокус“.Претходно, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ристески, кој го обвини Апасиев „дека плаче“.Собранието цел ден молчи за инцидентот иако неколку новинари побараа став и детали.

Македонија | пред 8 месеци

taravari

Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

„Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таравари дојде на власт со ветување пред граѓаните дека заедно ќе ги испратиме ДУИ во опозиција. Што се случи за само 10 месеци, за Таравари повторно да се врати во прегратките на ДУИ?Неговото неразумно однесување, мора да се должи на уцена и диктат на криминалното дуо, СДС и ДУИ.За нештата да бидат појасни, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината. А таа е следната.Таравари на состаноците во Владата, никогаш не бил слушнат да зборува за застојот во ЕУ интеграциите, кој се случи благодарение на неговите старо нови партнери, СДС и ДУИ.Таравари не беше слушнат да говори за тоа дека не биле добро третирани албанските прашања, затоа што и самиот тој многу пати има говорено дека Владата и тоа како се грижи за Албанците.Во недостаток на факти и аргументи, Таравари своето алиби за напуштање на владината коалиција, го темели на ЕУ интеграциите и на албанските прашања, кои за разлика од порано и тоа како се променети.Иако неговите констатации немаат никаква врска со реалноста, Таравари треба јавно да одговори со што е уценет од СДС и од ДУИ? Дали е нешто поврзано со бизнис или некаков друг вид на мотив?Таравари докажа дека не е стабилен човек. Таравари сега треба јасно да каже пред граѓаните, како тоа ДУИ за 10 месеци од криминална и корумпирана партија, за него стана правата и вистинска опција.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-11.14.04

До крајот на месецов ќе се знаат предлозите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

До крајот на овој месец, Христијан Мицкоски, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, ќе излезе со предлози за градоначалници за престојните избори. За ова се разговарало и на вчерашниот состанок на Извршниот комитет.„Редовен состанок на Извршниот комитет. Имаше кадровски прашања. Очекувам до крајот на месецот да излезам со предлози за кандидати за градоначалници, па оттаму оди на Централниот комитет“, рече Мицкоски.Засега, неофицијално, познато е дека неколку од градоначалниците, како од Скопје, така и од внатрешноста, нема да бидат поддржани за нов мандат.

Македонија | пред 8 месеци

orce-kiselavoda-1

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

„Она што Владата го вети, а се однесува за реалокација на средства, односно средства коишто ќе завршат во општините за реализација на капитални проекти тоа аполутно се реализира насекаде“, прецизираше во своето излагање градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на вчерашното гостување во дебатната емисија „24 анализа“ на 24ТВ.Ѓорѓиевски истакна дека во рамки на јавниот повик за финансирање за реализација на капитални проекти тоа апсолутно се реализира во сите општини. Тој додаде дека од првиот повик веќе во општина Кисела Вода има 3 проекти кои се во напредна фаза на реализација.„Од првиот повик јас имам 3 проекти коишто ми се во напредна фаза на реализација, и како што се завршуваат ситуациите така и навремено се исплаќаат. Ние по завршна ситуација добиваме веднаш во истиот момент средства од Владата и нема никаков застој. Во Кисела Вода од првиот повик градиме доградба на основно училиште“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски е дециден дека опозицијата постојано бара начин како да го дискредитира целиот процес кој е поврзан со реализација на проектите, но реалноста и фактите го говорат спротивното. Тој подвлече дека во секоја фаза на реализација на проектот се вршат исплати.„Опозицијата содаваше балон во јавноста дека нема средства и проекти да се потпишуваат со општините, се потпишаа договорите. Подоцна се бараше начин како да се дискредитира целиот процес па се отиде кон тоа многу често поставувано прашање да биде дека фирми нема да има кои ќе одговорат на реализација на проектите, сега се оди кон тезата дека не се пуштени средствата. Не се пуштени средствата затоа што не се завршени проектите, односно во секоја фаза на реализација на проектот по завршена ситуација се вршат исплатите“, категоричен е Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања