ВМРО-ДПМНЕ

dpmne-ck

Падот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести, главната фабрика за тоа е СДС, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Падот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести и дезинформации. Главната фабрика за лажни вести и дезинформации, во отсуство на конструктивни политики се СДС и Венко Филипче, за што како партија имаат и осудителни пресуди за тоа“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Пример за лажна вест е последното соопштение и прес-конференција. Тие тврдат дека министри давале неколку илјади евра за ручеци, а во суштина и институциите демантираа кажувајќи дека се работи за исплати кон ресторански оператор за услуги за храна кои ги користат и плаќаат вработените од министерствата.Борбата против лажните вести е заедничка одговорност на сите општествени фактори. Потсетуваме дека СДС е главниот финансер и мецена на лажните вести и тој полусвет кој оваа партија го одржува. Тоа е последица и на отсуството на политики и предлози кои ќе бидат конструктивен фактор во општеството.СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал.

Македонија | пред 8 месеци

dpmne-ck

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Владата е стабилна и силна, општинските комитети мотивирани, се очекува огромна победа на изборите

„ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денес одржа редовна седница, на која се дискутираше за актуелната состојба во државата и подготовка за избори. Констатирано е дека владата е стабилна и силна, и дека ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која беше наследена. Општ став е дека се вложуваат сите сили Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Генералниот секретар Сајкоски го информираше претседателот и партијата дека општинските комитети се силно мотивирани и подготвени за избори, на кои се очекува огромна победа.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Македонија ја очекуваат успеси и добри резултати кои се последица на реформите преземени во изминатиот период, и дека целта е економска стабилност и просперитет на сите граѓани.Претседателот Мицкоски информираше исто така дека во идниот период продолжуваат испитувањата и мерењата на јавното мислење за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои покажуваат неколукратна предност пред политичките конкуренти, но и дека треба да исполни одговорноста на преземените ветувања пред граѓаните.

Македонија | пред 9 месеци

zaev-filipce

СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Времето изминува, СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, но за темите што ги интересира цела јавност ги нема ни збор да кажат“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Веќе извесен период прашуваме и ги повикуваме СДС, Венко Филипче и Зоран Заев да одговорат дали поседуваат златни визи за Дубаи? Ако поседуваат, тогаш на кој начин ги стекнале имајќи предвид дека таквите визи се стекнуваат со вложувања или инвестиции кои надминуваат и неколку милиони?Дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради од над 50 ката и дали на тој начин ја стекнал златната виза? Ако е така, колку милиони однесе таму и од каде му се парите?Оттука, го поставуваме и прашањето, дали и Филипче исто така е поврзан со оваа афера, па затоа од неговиот ментор Заев е поставен на чело на СДС за да му го чува грбот?Сите знаат дека Филипче е верна сенка на Заев и дека тие двајцата се прават заедно, па оттаму е и дилемата дека во аферата со висококатниците во Дубаи можно е и тој да е вклучен.Овие двајца беа неразделни и за време на нивното заедничко владеење, па така се богатеа врз грбот на граѓаните местејќи тендери, посебно во ковид кризата каде што живи беа фатени како договараат милионски провизии за набавка на вакцини.Венко Филипче и неговиот ментор Заев со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата, па тие пари сега ги вложуваат во приватни бизниси. Во јавноста глумеа дека ја спасуваа Македонија, но тие само се спасувале самите себеси и милиони спечалени врз грбот и здравјето на граѓаните.Зачудувачки е нивниот молк и фактот што на сите овие прашања и дилеми Филипче, Заев и СДС, ниту реагираат ниту пак ги демантираат. Можеби затоа што немаат аргументи и затоа што сите овие дилеми се точни, одговор треба да дадат тие.Но едно е сигурно, СДС, Заев и Филипче, се синоним за криминал, неспособност и национални предавства.

Македонија | пред 9 месеци

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Левица и Апасиев аскетизмот го замениле со хедонизам

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Димитар Апасиев и Левица се демаскирани, нивните лаги и манипулации излегуваат на површина. Аскетизмот, велат, ако воопшто некогаш го имале, го замениле со хедонизам.„Левица и Апасиев кои што декларативно, само за собирање на политички поени, беа против извршителите, сега, на дело, се соработници и од нив купуваат имот одземен од македонски граѓани или фирми”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Тие се фатени живи во сомнителна зделка на деценијата, во која конфискуван имот од извршител во центарот на Скопје го купиле за три пати пониска цена од пазарната. Само Димитар Апасиев и Левица можат да купат преку извршител одземен имот од некој граѓанин или фирма кои не можеле да го враќаат кредитот и тоа по багателна цела. Освен ова, уште поспорен е и ставот на Левица дека извршителот немал ништо со купопродажните преговорите, туку дека тие се договориле со банката и објектот го земале со хипотекарен кредит. Оттука, легитимно се покренуваат дилеми и се поставуваат прашањата за евентуални договори под маса на сите засегнати страни, Левица и Апасиев, банката и извршителот. Како на пример, ако договарале со банката, како истите ја постигнале таа цена, кога во овој дел од градот, односно централното градско подрачје, цената за метар квадратен е за три пати повисока? Дали има некој скриен договор или друга услуга која не е заведена во договорот?Додека Апасиев и Левица купуваат одземен имот за три пати пониска цена од пазарната од извршители, кои конфискуваат имоти од граѓани во финансиски потешкотии, граѓаните ја немаат таа среќа да се договорат со некоја банка ниту за приближно таква ниска цена. За сето ова јавноста очекува и заслужува одговори, а надлежните органи треба да покренат сеопфатна истрага во која темелно ќе го истражат случајот“, велат од партијата.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-03-at-12.19.51

Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ и додава:Слободан Трендафилов се однесува како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?Подолг период наназад претседателот на ССМ делува во целост усогласено со партиските соопштенија на СДС.Тоа што СДС ќе го пласира како политичка теза, Слободан Трендафилов го презема како синдикално делување.Барањата на ССМ се барања направено во СДС.Усогласената политика помеѓу СДС и ССМ има некои подлабоки корени, а за тоа кои се тие, ќе откриеме на денешната пресконференција.Претходно:

Македонија | пред 10 месеци

sudija

Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС е на страната на корумпирано судство и обвинителство“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:СДС ги брани судството и обвинителството и не сака реформи во судскиот систем бидејќи на тој начин нема да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги направија за време на своето владеење.Заменик претседателката на СДС, Фани даде јасна поддршка на судиите и обвинителите поради кои довербата во правосудството е 2 проценти.Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС и ДУИ со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.Функционирањето на судиите и обвинителите кои се избрани во Зајас и Струмица, а кои се во сојузништво и се партиски послушници на СДС и ДУИ е поразително за Македонија.СДС ги штитат корумпираните обвинители и судии бидејќи истите му овозможија на Венко Филипче да не одговара за модуларната болница, за скандалот на Онкологија за скандалите со набавката на вакцини итн.Неказнивоста, недостатокот на навремен и ефикасен институционален одговор, „заборавените“ предмети, и непостапување по наводите за криминал се само дел од причините за продлабочување на недовербата во судскиот систем.Потребни се реални реформи во судството и обвинителството.Неопходно е независно судство и неопходно е судството во Македонија да е растоварено од политички влијанија.

Македонија | пред 11 месец

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

Владата во ОН гласаше усогласено со САД, Филипче да не е зафатен во Дубаи снимајќи го Заев како пее?, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата во ОН гласаше усогласено со САД, Претседателот Мицкоски ја унапреди соработката со САД, СДС во очај и љубоморат на сопствената држава“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ и додава:Претседателот Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, СДС во очај и љубоморат на сопствената држава.Владата гласаше целосно усогласено со САД.Жално е да се каже, но соопштението на СДС за надворешната политика на владата не е ништо друго, освен изворна љубомора и очај за сопствениот политички рејтинг.СДС лажно се претставуваше прозападна партија, а всушност е партија на комунисти.СДС лажно се претставуваше за пријател на САД, и го користеше прозападниот сентимент на народот, тоа сега го гледаат и граѓаните и нашите стратешки партнери.Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посветена силно на зајакнување на трансатлантското партнерство му се допаѓа тоа на СДС или не, тоа ќе продолжи.П.С. Зошто прес-конференцијата на Филипче се најавува за утре, а не денес? Да не случајно е зафатен во Дубаи снимајќи го Заев како пее со Харис Џиновиќ?

Македонија | пред 11 месец

sednica-co-sdsm-4

СДСМ упорно ја игра улогата на вазали на ДУИ, лаејќи наместо Ахмети и Груби, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ повторно шири лаги и се обидува да ја замајува јавноста со невистини за наводна партизација“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Фактите се јасни – Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги повторува нивните грешки. Додека беа на власт, токму тие ја претворија администрацијата во партиски штаб, а сега, кога се во опозиција, очајно се обидуваат да ги покријат сопствените неуспеси со евтини обвинувања.Но, вистинската причина за оваа хистерија на СДСМ е нешто друго – нивната упорна желба да останат вазали на ДУИ. Наместо Ахмети и Груби сами да се правдаат за скандалите и катастрофалните политики што ја уназадија државата, СДСМ им ја завршува валканата работа, лаејќи по ВЛЕН. Овој нивен рефлекс е одамна познат – служат како кучиња-загари на режимот кој доживеа колапс на изборите.СДСМ ќе се увери дека и во ова погрешиле, но џабе – кога памет, очигледно, не им доа

Македонија | пред 11 месец

filipce-mickoski-apasiev-medziti-

Партиски преписки и препукувања во недела

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и Вреди утрово преку соопштенија се обратија до јавноста. Сите, со различни теми. Додека Вреди се пофали со поевтини цени на производи, Левица упати барање за укинување на двојазични декларации. ВМРО-ДПМНЕ го нападна СДСМ, а пак опозициската СДСМ го нападна премиерот Христијан Мицкоски.СДС и Филипче јавно да се оградат и да го осудат говорот на омраза на Сашо Орданоски кон САД и претседателот Трамп, побара ВМРО-ДПМНЕ„Сашо Орданоски е еден од најголемите гласноговорници и поддржувачи на СДС. На сите јавни и медиумски настапи, Сашо Орданоски секогаш поддржувал и промовирал ставови и политики на СДС. Орданоски е перјаница на СДС и секогаш бил на иста линија и во нивна поддршка. Работел на проекти, програми и кампањи како социјалдемократите да ги донесе на власт. А, за време на СДС на власт, Орданоски на јавните настапи и во своите писанија ги бранеше нивните погубни и предавнички политики и ги величеше шефовите на таа партија. И за тоа, СДС на власт, на Сашо Орданоски дословно му се оддолжувале, како што е примерот од 350 илјади евра за неговиот брат од Фондот за иновации за технолошки развој и тоа за плагијат проект. Значи, Орданоски нема ниту еден настап или писание што не се на иста линија и што не ги поддржува СДС. Затоа, со оглед на фактот што СДС и Венко Филипче не се оградија и јавно не го осудија, легитимно се покренува прашањето дали го поддржуваат и го делат истиот став со Сашо Орданоски за САД и претседателот Доналд Трамп?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри а Мицкоски молчи„Изет Меџити најавува робусна, историски најголема партизација на институциите со вработување на 3.000 партиски кадри во администрацијата а Мицкоски молчи. Таравари рече дека прво треба да се решат етничките прашања а потоа да се зборува за економија. Меџити има стратегија за вдомување прво на партиските кадри. А Мицкоски си молчи. Молкот на Мицкоски значи дека робусната операција за партизацијата на администрацијата е веќе договорена работа пред изборите. Ова е скандал од огромни размери, кој говори дека зад лажниот патриотизам се крие систем на клиентелизам и корупција и затоа мора да има одговорност. СДСМ бара веднаш да бидат запрени сите вработувања во јавната администрација, целосна истрага за овој скандал и постапка од Државната комисија за спречување корупција“, велат од СДСМ.Левица: Пратениците да го поддржат предлог - законот за укинување на двојазичните декларации„Левица го повикува владејачкото мнозинство, на седницата во понеделник, да го поддржи Предлог-законот за измена на Законот за потрошувачи, со кој се укинува обврската за двојазични декларации на производите! Со овој Закон се исправa неправдата врз македонските производители и потрошувачи, кои со години се соочуваат со административни и финансиски товари наметнати од клиенталистичките политики на режимските партии. Го повикуваме ДПМНЕ, кои во минатото тврдеше дека Законот за двојазичност е противуставен, сега да застане зад својот став и да гласа за укинување на оваа обврска, која не само што е правно спорна, туку и директно ги оштетува македонските производители и трговци, особено во време на економска криза. Очекуваме сите пратеници кои вистински се залагаат за интересите на народот да го поддржат овој закон и да стават крај на непотребната бирократска заврзлама која ги става во неповолна положба македонските производители“, велат од Левица.Вреди: Доброто владеење има име ВЛЕН, 1.000 производи по поевтини цени„Коалицијата ВЛЕН продолжува да се обврзува да им гарантира на граѓаните подобра социјална и економска благосостојба и посоодветно да си ги дозволи високите трошоци што ги практикуваше претходната влада. Во ова време кога не само кај нас туку и во целиот регион се соочуваме со поскапување на основните производи, Владата на ВЛЕН презеде иницијатива да го ограничи профитот на трговците за да ги заштити граѓаните од изнуда и сиромаштија. Во таа насока, Владата на ВЛЕН отсега ја ограничи профитната маржа на 5% на млеко, леб, брашно од типот 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и павлака. Додека на 10% профитната маржа е ограничена на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тесто. Додека средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчук, детергентите, детската храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија се ограничени на 15 отсто. Преку овие мерки ние како ВЛЕН ја докажуваме нашата посветеност на граѓаните и нивната социјална благосостојба. Заедно со постојано ангажираните експерти креираме политики за заштита на граѓаните од високите трошоци кои ги оштетуваат нивните џебови и ви гарантираме безбедност и економска стабилност“, велат од Вреди.

Македонија | пред 11 месец

administracija

Пак караница за тоа кој ги партизира институциите, а по најавата на Меџити за вработување Албанци

Изјавата на Изет Меџити дека Владата ќе вработи 2000 до 3000 партиски кадри на Меџити во државната администрација во најкус рок е скандал без преседан, смета СДСМ.„Масовната партизација на администрацијата пред изборите е јасно договорена со Мицкоски. Прашањето е – дали списоците за вработувања веќе се кај него на маса? Откако Таравари изјави дека прво требало да се решат етничките прашања, па потоа да се зборува за економијата, сега Меџити има нова стратегија – прво да се вдомат партиските кадри, а потоа ќе зборуваме за вработување на квалитетните и способните. Мицкоски во целата оваа ситуација молчи, како и секогаш кога е во криза. Ова е најголемата отворена најава за партизација на институциите во историјата. Станува збор за класичен партиски клиентелизам – вработување на партиски кадри, луѓе блиски до владејачките партии, без јасни критериуми и без гаранција за квалитет во јавните институции. Ова е истата практика што ја гледавме за време на режимот на Груевски – полнење на администрацијата со партиски послушници, додека компетентните луѓе остануваат без шанса“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.На ова врати ВМРО-ДПМНЕ.„СДС повторно шири бесрамни лаги со цел да ја прикрие катастрофалната состојба во која ја остави државата. Тврдењата дека Владата ќе вработи 3.000 лица се целосна невистина и очаен обид на СДС да најде оправдување за сопствениот политички неуспех. Ако некој создаде армија на неспособни партиски војници и ја претвори државната администрација во штаб на Бихаќка, тоа е токму СДС! Дополнително, ако има вработувања, тие ќе бидат исклучиво во согласност со пописот и реалните потреби на институциите, а не по партиски список како што правеше СДС. Смешно е што СДС денес држи прес-конференции наместо ДУИ против Влен. До толку се зависни од ДУИ што еден ден природно ќе си го исполнат стариот договор и ќе се спојат во една партија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

Lefkov-13.08

Од дипломатската офанзива на Владата и премиерот Мицкоски единствени добитници се граѓаните, рече Лефков

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, кој дискутираше за актуелни теми, за посетата на премиерот Мицкоски и бенефитите од неа како и актуелната тема за менување на грбот и химната.Уште на самиот почеток Лефков потенцираше дека посетата на премиерот Мицкоски поттикнува меѓународна поддршка и претставува историски момент за Македонија која гради одлични релации со администрацијата на претседателот Трамп и единствени добитници на ваквата дипломатска офанзива се граѓаните.„Посетата не чини меѓународна поддршка и не чини живеење на едни историски моменти кога премиерот на Македонија, гледате во еден краток период беше единствен лидер од балканот кој што беше гостин на инаугурација, светот гледате дека брзо се менува, се менува глобалната сцена со преземањето на власта на администрацијата на Трамп и гледате дека Македонија за среќа гради и има одлични релации со неговата администрација, со највисоките ешалони, сега е интересно да гледаме како овие од опозицијата успеаваат да ја минимизираат, сакаат да ја релативизираат таа улога, единствени добитници на ваквата дипломатска офанзива можат да бидат само нашите граѓани“, рече Лефков.Лефков ги потенцираше бенефитите од посетата и истакна дека сето ова коешто се прави од страна на Владата е само на добробид на граѓаните кое резултира со одлично лобирање и обезбедување на меѓународна поддршка кај сите пријатели од Европа.„Сето ова кое што се прави може да биде само на добробид на граѓаните, односно во светот којшто брзо се менува имаме лидер кој навистина гради историја и е во чекор со она коешто се случува во светот и впрочем тоа ни треба одлично лобирање, одлично обезбедување на меѓународна поддршка кај сите пријатели во Европа, токму тоа што ни требаше, токму тоа што се најавуваше оди онака како што е најавено се со цел да не влеземе во ќор сокак како што многу пати до сега тоа го направивме“, објасни Лефков.Во врска со актуелното прашање за промената на грбот и химната Лефков беше дециден и одговори дека нема и ќе нема разговор за менување, и потенцираше дека СДС имаат најмалку кредибилитет за коментирање било што во врска со Уставот.„Нема разговор за менување на химната, нема да има, ниту било кога ќе дозволиме, разговори за менување на грбот се стари и потекнуваат уште пред една декада, во ниту еден случај не се за да се оттргне вниманието од актуелните теми. Меѓутоа ќе ве потсетам на една работа, на еден поразителен факт што дозволи власта на СДС и ДУИ да биде отворен Уставот, практично и да му дозволиме на Талат Џафери да не го почитува, една цела глава во Деловникот кога требаше да го стави на гласање и да го стави во фиока практично да каже дека тој сам ќе го одреди денот кога да се гласа, ние дозволивме отворен Устав, постапка од отворен Устав да биде ставена во фиоката на Талат Џафери така да сметам дека од денешната опозиција коишто функционираа заедно, коишто заедно дозволија отворен Устав да биде ставен во фиоката на една човек не можат да имаат ниту еден коментар дека се заговара вакво или такво отварање на Уставот. Оние коишто дозволија да се прекрши една цела глава од деловникот за да му се дозволи на Талат Џафери да има вонуставни ограничувања тие денеска немаат кредибилитет да зборуваат за евентуално отворање на Уставот“, дециден е Лефков.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Коцевски дека кажал гаф

ВМРО-ДПМНЕ смета дека државниот обвинител Љупчо Коцевски направил гаф кога кажал дека ќе се повлече само ако се докаже дека направил тешка дисциплинска грешка.„Голем гаф на обвинителот.Со изјавата дека ќе се повлече само ако се докаже тешка дисциплинска грешка Коцевски кажува дека доколку е лесна грешка или пропуст, ама да не е тежок тој ќе остане. Кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст?Јавен обвинител не смее да има никаков пропуст ако сака и другите во државава кои треба да ги истражува да немаат никаков пропуст. Зошто тогаш тие со помал пропуст не ги ослободува како обвинител?Зошто според него мал пропуст не е причина за разрешување. Тогаш мал пропуст мал прекршок на закон не треба да се санцкионира според таа логика“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Владата ја ограничи маржата за 1.000 производи, МВР со нов мултимедијален центар за обука, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата е фокусирана на остварување на зададените цели и напорно работи за подобрување на иднината во Македонија, а овие се настаните кои го одбележаа денот“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Владата донесе одлука за ограничување на маржата за 1.000 производи.МВР со нов мултимедијален центар за обука со цел поефикасна и попрофесионална полиција.Министерот Тошковски со оценка, 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество.Започнa кампањата за информирање на граѓаните за Јавниот повик од ИПАРД програмата 2021-2027.Македонија континуирано се трансформира!

Македонија | пред 11 месец

trpkov-sudija

Ако срамот имаше второ име ќе се викаше Кацарска-Трпков, омилените судии на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотреби со притвори, изживување со судења кои траат по 12 часа, неосновани апсења, стигматизирања, политички говори во судница, уништувања на семејства и поигрување со нивните судбини, споро убивање на правдата се дел од политичките злодела на дел од партиските судии на Заев, Филипче, СДС и ДУИ“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Ако срамот имаше второ име сигурно тоа ќе се викаше Добрила Кацарска и Илија Трпков.Со вистинско чудење сеуште се раскажуваат телефонските повици и нарачки кои овие политички извршители ги добивале од Владата на Заев и Филипче во процесите кои ги водеа, а чија цел беше наместо докажување на правда, силна политичка пресметка.Исто како што се раскажува и сервилноста, понизноста и бесрамноста со која истите судии, слуги на СДС и ДУИ, ги кршеа и газеа процедурите, законите и носеа одлуки со кои зацрнуваа семејства. Се натпреваруваа кој ќе направи поголема штета врз ВМРО-ДПМНЕ во исто време кога милионскиот грабеж на Македонија од Ахмети, Филипче и Заев остануваше неказнет.Нивните одлуки беа срам и преседан за судството и обвинителството, а за многу помали работи истите тие не само што требаа да бидат разрешени од судии, тие требаат и мораа да се соочат и со кривична одговорност и да бидат ставени на столбот на срамот како ја понижуваа и сопираа правдата.На сето ова мора да му дојде крај. Токму затоа СДС не ги поддржува судските реформи и не поддржува смена на Коцевски. Затоа што тие се последната брана за правдата која мора и ќе биде победена.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Русковска, Кацарска и Трпков

И денеска владеачката партија реагира на состојбите во правосудството и останува на ставот дека државниот обвинител Љупчо Коцевски мора да биде разрешен.,,Македонија се гуши во дивото месо посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија.Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава.Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството.Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања