Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ

media-library7qqlfqprapbcfjYVQZA

Петрушевски: Филипче предлага мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во 2022 година, Владата работи да имаме најевтини енергенси во регионот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, реагираше на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека предлага мерки кои, според него, ВМРО-ДПМНЕ ги предложила уште во 2022 година.„Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне“, напиша Петрушевски.Тој посочи дека мерките кои денес ги бара Филипче, според него, биле воведени уште во 2022 година со измена на член 92 од Законот за акцизите.„Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Законот за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат“, наведе Петрушевски.Според него, тогашната влада на СДСМ планирала и нова „еколошка“ такса која дополнително ќе ја зголемела цената на горивата, но, како што тврди, ВМРО-ДПМНЕ како опозиција успеала да го блокира тој закон.„Врвот на лицемерието на Филипче и СДСМ е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување“, додава Петрушевски.Тој оцени дека актуелната влада работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот и да се ублажи ценовниот шок и покрај притисоците од глобалните движења на цените.

Македонија | пред 2 часа

metalni-rabotnici

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициите кои спаѓаат во портфолиото на ТИР зоните ќе отворат нови 5.000 работни места

Инвестициите кои се веќе започнати или се во процес на договарање државна помош, а спаѓаат во портфолиото на ТИР зоните, достигнуваат околу 650 милиони евра. Овие 17 инвестиции ќе отворат до 5.000 нови работни места,а и ќе придонесат значително за економскиот развој и намалување на невработеноста во земјава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Во 2025 година, македонската економија забележа реален раст од 3,5%, што, според податоците на Еуростат, ја рангира меѓу петте најбрзо растечки економии во Европа по Ирска, Малта, Кипар и Полска, а и пред останатите земји во регионот.Номиналниот раст на македонската економија достигна историски рекордни 8,2%, што е продолжение на континуираниот раст од 2024 година, кога економијата забележа 3%. За следната година се очекува буџетски дефицит под 3,5%, како и реален економски раст од околу 4%.Ова покажува дека кога се има јасна визија, одговорен пристап и конкретни чекори има резултати.Секоја нова инвестиција и секое ново работно место се доказ дека Владата работи во интерес на граѓаните и ја поттикнува економската стабилност и развој.А бројките зборуваат.За време на СДС и ДУИ, или 28 квартали конкретно, реалниот раст на македонската економија беше 2%.Лошите политики на СДС и ДУИ ја успорија продуктивноста и ја блокираа можноста за развој.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со јасна стратегија и решителни политики ја потврдува својата посветеност кон граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 13 часа

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Владата е да има енергенси по најевтини цени во регионот

Граѓаните многу добро се сеќаваат каква беше реалноста за време на СДС кога несигурноста беше секојдневие, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Случувањата на Блискиот Исток ја прават состојбата на енергетските пазари динамична, со цени кои варираат од час во час.Владата неуморно работи да обезбеди енергетска стабилност.Целта е Македонија да има енергенси по најевтини цени во регионот, дури и покрај глобалните притисоци кои укажуваат на можни поскапувања.  На пример, во соседните држави цените се повисоки за 40, 50, па дури и 60 проценти.Затоа Владата одржа средба со претставници на нафтената индустрија, со цел да се координираат мерки и да се преземат сите можни чекори.Опозицијата пак, од друга страна, се служи со празни флоскули и се занимава со се освен со тоа што треба, но не е неочекувано затоа што од нивната пракса досега се гледа дека не им е јасно, ниту пак покажале дека знаат да се справат со криза.Пример лидерот на СДС, Венко Филипче, покажа и докажа дека не му е баш гајле за граѓаните, кога се обидуваше да профитира со вакцините против ковид и се обиде да врши набавка на истите преку компанија за јужно овошје по три пати поскапа цена, кога ги примора граѓаните да одат и да се вакцинираат во соседни земји, па правеше шоу на граница за 5.000 вакцини.СДС беа последни во регионот што обезбедија заштита на народот.Јасна е разликата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 13 часа

media-librarye50kj36i7q5l2SbRaY1

(Видео) Семејната трагедија во Карпош, СДСМ ја претвори во политичка платформа, никој нема право на тоа, вели Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, оценувајќи дека трагедијата во скопската населба Карпош се користи за дневнополитички напади.Мицкоски изјави дека на прес-конференцијата претседателката на Форумот на жени на СДСМ била опкружена со млади жени со црвено обоени дланки, што, според него, требало да асоцира на Шарената револуција, но и на трагедијата во која животот го загубија мајка и нејзината ќерка.„Во пресрет на 8 март, претседателката на Форумот на жени на СДСМ одржа прес-конференција опкружена со млади дами кои со црвени обоени дланки сакаат да нѐ потсетат на Шарената револуција, а да нѐ потсетат и на трагедијата во Карпош, каде животот го загубија мајка и нејзината ќерка. Ова беше повод за дневнополитички напади. Никој нема право семејна трагедија да ја претвори во сцена за политички поени, особено не во денови кога целото општество треба да зборува за достоинството и безбедноста на жените“, рече Мицкоски.Тој додаде дека начинот на кој СДСМ настапува во јавноста во последните денови, според него, наликува на затворен круг кој постојано ги повторува истите наративи и напади.„Кога една политичка структура функционира така и репродуцира исти приказни, станува јасно дека проблемот не е само политички. Сериозно сме загрижени за состојбата во која се наоѓа врвот на СДСМ. Гледаме паника и очајнички обиди трагедијата да ја претворат во политичка платформа“, изјави Мицкоски.Премиерот посочи дека државата се соочува со сложени глобални околности и повика на одговорно политичко однесување.„Живееме во тешки историски времиња. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ја даваат својата поддршка и ги одбиваат овие хистерични обиди од СДСМ. Економиите се под притисок, стабилноста на многу држави е на тест. Во вакви времиња државите мора да бидат одговорни, а најмалку што ни треба е паника“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 ден

media-library3suv56c2v1800W0xezb

ВМРО-ДПМНЕ со критики до СДСМ: Сценографијата на Шукова копирана од Србија

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ ја користи последната трагедија во земјата за политичка промоција, реагирајќи на прес-конференцијата на претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.Според владејачката партија, настапот на Шукова претставувал копирање на кампањи кои веќе биле видени во регионот, оценувајќи дека станува збор за обид трагедијата да се искористи за привлекување внимание во јавноста.„СДС покажа дека повеќе не е политичка партија туку постепено се претвора во шоу за имитација. На вчерашната прес-конференција Каја Шукова копираше кампањи кои се веќе видени во регионот и се обиде последната трагедија во земјата да ја искористи како повод за внимание“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека сценографијата и пораките биле преземени од настани во Србија, додавајќи дека тоа, според нив, покажува недостаток на автентичност, идеи и визија во СДСМ.Во соопштението се додава дека темата за насилството врз жените е премногу сериозна за, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, да се користи за политички перформанси во пресрет на 8 Март.„Жените во Македонија заслужуваат повеќе од некреативен и ископиран ПР и сценарија преземени од други земји“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

СДСМ чека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да го вратат името и ја тргнат „северна“ кои тие го сменија

СДСМ ја повика власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто не го исполнила ветувањето за враќање на уставното име на државата и поништување на Преспанскиот договор.Од опозициската партија велат дека власта избегнува да даде одговори за, како што наведуваат, низа прашања поврзани со тендери вредни 100 милиони евра, минималната плата, како и за наводни врски со криминални структури.„Нема одговор од ВМРО за криминалните тендери вредни 100 милиони евра, нема одговори зошто не се покачува минималната плата, нема одговори за дилот со Груби, за пет тони дрога преку граница, за врските со Адамовиќ и криминалецот Симе“, наведуваат од СДСМ.Според нив, темата за името повторно се отвора со цел, како што велат, да се сврти вниманието од други прашања.„Секогаш кога немаат одговори, кујните на ВМРО прават дефокус со нови црни кампањи. Наместо лажни кампањи, нека излезат пред граѓаните и нека одговорат зошто досега не го вратија името“, велат од СДСМ.Оттаму потсетуваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со години ветувале дека ќе го поништат Преспанскиот договор и дека тој „не е завршена работа“.„Еве две години Мицкоски е апсолутна власт во државата. Има мнозинство во Собранието од 58 пратеници, а со поддршка од други партии има и двотретинско мнозинство. Зошто тогаш досега не го вратија името како што ветуваа пред граѓаните?“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryqt8qajrhl8uh1QIbJJB

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски успеа само да биде измеќар на двоецот Заев Филипче

Тоа што еден предавник и корумпиран политичар може како зло да го нанесе на својата држава, не можат потоа 1000 чесни, добронамерни и паметни да го исправат, вели ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Андреј Жерновски од СДСМ.“Што се однесува до Жерновски и неговите површни напади, кој е 30 години во политиката и по ништо квалитетно и добро не го памти народ, освен што сега во негов стил одбира да е измеќар на двоецот Филипче Заев, и чиј дедо бил бугарски кмет и ја разбираме неговата предиспозиција за предавства и затоа темите за припадност и идентитет му се туѓи, би констатирале дека не постои глупост и промашај на лидер чија пудлица тој избира да биде во одреден момент што не може да го оправда и да му даде романтична и исправна димензија, зашто тоа всушност е како овој арогантен политичар функционира цел живот. Со менување ставови, партии, мислења, љубов кон лидери. Ќе почекаме да му пројде љубовта кон двоецот Заев Филипче и кон СДС, и тогаш можеби ќе се префрли во друга партија или ќе докажува лојалност кон друг лидер, ќе кажува нешто сосема трето, но убедени сме дека ни тогаш нема да сфати дека не постои цена која може да оправда предавство“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија се случува градежен бум, градежна офанзива има на секој агол од државата

Во Македонија се случува градежен бум. Градежна офанзива има на секој агол од државата, се градат улици, патишта, автопатишта, градинки, училишта, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Интензивната работа и засиленото темпо за реализација на капиталните инвестиции, како на локално, така и на централно ниво, ги дава своите резултати. Тоа, првично го запре слободниот пад на економија, која по периодот на стабилизација, сега веќе почна периодот на раст.Тоа овозможи македонската економија да бележи стабилни стапки на раст на БДП од во просек 3,5% шест квартали по ред.Најголем придонес во овој раст има токму градежништвото, кое во последниот квартал од минатата година забележа раст од високи 14,6 проценти. Градежништвото има највисока стапка на раст меѓу сите економски сектори и јасно покажува дека инвестициите и инфраструктурата се двигател на економската активност.Градежништвото е еден од секторите со најголем мултипликативен ефект, што значи дека имаме повеќе градилишта и инфраструктурни проекти, за кои се ангажираат подизведувачи, надзорни и проектантски куќи, добавувачи.Кога расте градежништвото, расте и економската активност на повеќе стопански сектори, како транспортот, производството на материјали, трговијата, услугите, а со тоа расте и вработеноста.Растот на градежниот сектор повлекува повеќе сектори во економијата, значи повеќе работа за градежните компании и повеќе ангажман за домашното стопанство и индустрија.Затоа, за владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е многу важно овој тренд да продолжи и дополнително да се засилува, за што и активно работи на тоа.Според податоците на Министерството за финансии, во првите два месеца од 2026 година реализацијата на капиталните инвестиции бележи троцифрен раст, што е значително зголемување во однос на истиот период минатата година.По растот од 3,8% на БДП и 14,6% во градежништвото во последниот квартал од 2025, во првите два месеци од 2026 бележиме и трицифрен раст, односно скок од 179,7% во реализацијата на капиталните инвестиции.Економскиот мотор на Македонија не застанува, туку продолжува со уште позасилено темпо, што ќе значи повеќе инвестиции во патишта, инфраструктура и објекти, повеќе економска активност и повеќе можности за работа за компаниите.Целта на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е економски раст кој се темели на инвестиции, инфраструктура и реална економска активност“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

Zaev-Filipce

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името, тогаш Заев и Филипче да одговорат колку пари земале тие за продажбата на името

Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА, тогаш се поставува прашањето колку пари земале Зоран Заев и неговиот ученик и другар Венко Филипче за промената на името, поточно за завршување на таа работа, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Прашањето следи логично по последните објави на документи на ЦИА.Дополнително, има ситуација кога говори дека Зоран Заев и Венко Филипче по седумте години власт енормно и необјасниво многу се збогатиле.Тоа се гледа од тоа што првиот купува удели во авио компании, а вториот има златна виза во Дубаи.Ова логично прашање заслужува одговор од неколку аспекти. Прво, станува збор за прашање од важност за државата и граѓаните, второ, ако земале пари тоа се нелегални активности.Граѓаните заслужуваат одговор на ова логично прашање кое се отвори по објава на документи на ЦИА во кои се вели дека Глигоров одбил понуда да земе пари. Значи ако Глигоров одбил, а истото прашање го затворија Заев и Филипче, тие треба да одговорат за колку пари сториле предавство“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 дена

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП од 3,8% во последното тримесечје, силната динамика на Владата за реализација на капиталните инвестиции ги дава резултатите

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа дека кога се работи посветено, со јасно поставени цели и добро проектирани политики, позитивните резултати во економијата се неизбежни. Измината повеќе од година и половина се води умерена економска политика, со добро проектирани мерки, кои доведоа до последователен раст на економската активност во шест квартали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Така што последниот квартал од 2025 година, македонската економија го завршува со раст на БДП од 3,8%, при што годината заврши со раст од 3,5%.Растот на БДП е широка основа, но клучни сектори кои покажуваат дека македонската економија застанува на здрави нозе и кои го овозможуваат и најмногу придонесуваат во овој раст, се градежништво кое бележи раст од скоро 15%, односно високи 14,6 проценти и извозот со 9,5%, односно скоро 10%.Овој висок раст на градежништвото во четвртото тримесечје од мината година е резултат на зголемената активност во нискоградбата која забележа реален раст од 12,5%.Тоа значи дека силната динамика на растот на градежништвото, најмногу се должи на посветеноста на македонската Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за реализација на капитални проекти, како што се патишта и автопатите дел од паневропските коридори.Работите на терен не престануваат и со уште позасилено темпо ќе се продолжи со работа, не само за градежништвото да бележи уште повисоки проценти на раст, туку преку изградба на соодветна, брза и квалитетна инфраструктура за се развиваат сите економски сектори.Друг показател кој особено охрабрува е растот на извозот и неговиот сооднос со увозот на стоки и услуги. Па така, последниот квартал од минатата година извозот се зголеми за скоро 10%, додека увозот за 3,3% што значи дека нето-извозот имал значително позитивно влијание врз македонското стопанство.Овие се охрабрувачки параметри кои се добра основа за уште поголем понатамошен економски раст кој ќе донесе подобар животен стандард и повисоки плати за сите.Во целиот овој изминат труд, не недостигаше поддршката од државата за стопанство, за која цел Владата стави на располагање 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании.И сето ова даде резултати. Македонија мора и може повеќе“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

Zaev-Filipce

ВМРО-ДПМНЕ: 66 тендери вредни 141 милион евра од ЕСМ за „Марковски компани“ на белорускиот почесен конзул од владата на СДС, јасен доказ за врските на Филипче и Заев со Путин

Рускиот олигарх Александар Онишченко, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, не е единствената врска за блискоста на СДС на Зоран Заев и Венко Филипче со Владимир Путин, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Покрај Онишченко, кого го вдомија во државата му дадоа државјанство кога ниедна друга држава не го примаше, тука е и почесниот конзул на Белорусија во Македонија, Борче Марковски близок соработник на Лукашенко.Врските на Заев и Филипче со руската политика се потврдуваат и со нивната блискост со Марковски, кој е под истрага за сомнителни тендери во РЕК Битола.Во периодот од 2019 до 2023 година, од владата на СДС фирмата „Марковски компани“ во сопственост на белорускиот почесен конзул во државата, Борче Марковски добила најмногу државни тендери, односно вкупно 77 јавни набавки.Најголемиот дел од овие, односно 66 од 77-те тендери биле со државното претпријатие ЕСМ во вредност од 141 милион евра или 93% од вкупната вредност на сите тендери.Освен што во време на власт на СДС, Заев и Филипче, Марковски ги добивал најголемиот број тендери од ЕСМ, туку и фирмите подизведувачи кои соработувале со него биле или на кланот Заеви или на лица блиски до нив.Врските со Марковски и Онишченко, само ја потврдува очигледната близина и добрите бизнис контакти на Филипче и Заев со лица блиски до Путин и Лукашенко.А, заедничко на сите овие лица е тоа што, за сите постојат основани сомненија дека се дел од различни криминални и корупциски шеми, а СДС, Заев и Филипче за свои бизнис интереси и остварувања се ставија против државните интереси.Тоа време заврши, СДС веќе не е во можност да тргува со националните во корист на бизнис интересите на кланот Заеви и Филипче.Заштитник на државните национални и стратешки интереси е ВМРО-ДПМНЕ, и остро ќе се спротивстави на предавничката политика промовирана од СДС и дуото Заев и Филипче“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 дена

zaev-filipce-1

ВМРО-ДПМНЕ: Антидржавничка политика на СДС на Филипче и Заев, за остварување на бизнис интересите во Македонија вдомија соработник на Путин

СДС, Венко Филипче, Зоран Заев за остварување на свои лични интереси, водеа антидржавна политика. Самопрогласените про ЕУ и НАТО, Филипче и Заев во прегратките на руски олигарх и близок соработник на Путин, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Додека СДС на Филипче и Заев беше на, македонско државјанство му дале на рускиот олигарх, Александар Онишченко и му овозможи во државата да тера бизниси.Онишченко е човек осуден на казна затвор од 15 години за перење пари и корупција и член и пратеник на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович.За скандалот да биде поголем, владата предводена од СДС го вдоми во Македонија и му даде пасош, во период кога Онишченко беше баран со меѓународна потерница од Украина и кога ниедна држава не го прими и не му даде престој.Ама, затоа пак, СДС на Филипче и Заев беа тука широко да му ја отворат вратата на рускиот бизнис и на Путин, за преку Македонија да прават пари во Европа.СДС, Филипче и Заев наместо да ги штитат македонските интереси водеа антидржавна политика и доделуваа државјанства на руски олигарси, луѓе блиски до Владимир Путин и од него ги дели само еден телефонски повик.Но, таквите игри и комбинации на СДС со Русија преку македонските институции ја прекина ВМРО-ДПМНЕ и тоа повеќе нема да биде случај.Заврши времето кога СДС со предавничко и антидржавничко однесување ги остваруваше бизнис интереси на Филипче и Заев“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС сервилна знае само за патлиџан дипломатија и предавнички политики

Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на СДСМ..„Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија.СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси.СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема држава, настан или организација каде не ја понижија Македонија со сервилната и погубната дипломатија која ја водеа.Руските играчи на македонската политичка сцена се СДС Заев и Филипче. Доказ за тоа е скандалот со доделување државјанство на рускиот државјанин Онишченко осуден за корупција и перење пари во Украина.Надворешната политика што ја водеше СДС беше обележана со сервилност и отстапки на штета на државните и националните интереси. Наместо цврста и достоинствена дипломатија, граѓаните беа сведоци на политики предавнички и недоволна заштита на националните позиции и интереси.Државата заслужува стратегија што ќе се темели на јасно дефинирани национални интереси, самопочит и партнерства изградени врз взаемна почит, а не на политика на постојани отстапки. Само преку конзистентна, достоинствена и принципиелна дипломатија може да се заштитат долгорочните интереси на Македонија и нејзините граѓани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 6 дена

media-librarynjdtlpbns75tely7ZBc

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС постои само страв и нервоза од Груби доколку некој му прави друштво на обвинителна клупа

 СДС сервилна, талкаат без стратегија и јасна цел ниту за партијата, а уште помалку за државата. Единствено нешто што знаат од СДС сервилна, е да ги распродаваат државните интереси, да креираат коруптивни шеми, да делат проценти и провизии и да се обидуваат да го заташкаат криминалот во сопствените редови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„СДС е целосно изгубена во сопствената реторика и без јасна насока.СДС на чело со Филипче, а под менторство на Заев е без компас и без стратегија.СДС нема  јасна цел, излегуваат со конфузни и контрадикторни пораки. СДС испраќа исти копи паст соопштенија, прес конференции без суштина и 10тици контрадикторни тези за иста тема.СДС е  дезориентирана партија  и нема политичка визија.СДС  талка без план и без одговор на клучните прашања во општествените случувања.Раководство на СДС како Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска, Јон Фрчкоски кажуваат секојдневно некакви приказни и прават театар, наместо да повикаат на одговорност, транспарентност и борба против криминалот тие го штитат Артан Груби и бегаат од темата.СДС до толку се исплашени од Груби и контрадикторни што самите се заплеткаа во лавиринтот на криминал и коруптивните мрежи.СДС на чело со Филипче, нема визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно.На Македонија и е потребна одговорна и конструктивна опозиција а на политички театар. Во Македонија право и правда мора да има, а институциите да профункционираат. Секој што го прекршил законот мора да одговара“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС почна да пушта исти соопштенија, сигурно кога работат логиката има слободен ден!

Од СДС целосно отидоа со паметот. Вчера во 16.36 часот и денес во 11.06 објавуваат исто соопштение и тоа буквално што би се рекло, од а до ш. Да, мајката на знаењето е во повторувањето. Но, има едно големо НО, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.„Не знаеме дали треба човек да им се смее или да плаче. Еве со дијагнози нема да се расфрламе и да ги навредуваме, ама рамнодушни не можеме да останеме.Кога е СДС во прашање очигледно сме сведоци на ново ниво на размислување!СДС веројатно има некоја своја визија која постои само во нивните мозоци.Кога станува збор за СДС кои отидоа до таму да пуштаат копи пејст сопштенија веројатно ако промашувањето беше стратегија ќе беа непобедливи.Едно е очигледно, кога тие работат логиката сигурно има слободен ден“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања