ВМРО-ДПМНЕ

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

СДСМ: Ги откривме криминалните тендери, затоа ВМРО сака да ја урива СДСМ одвнатре

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре, токму во момент кога партијата, преку својот Антикорупциски тим (АКТ), јавно ги отвора и разобличува, како што велат, криминалните тендери, коруптивните зделки и предавствата на актуелната власт.Од СДСМ посочуваат дека вакви напади немало во изминатата година и половина, а започнале токму сега – откако АКТ ги објави спорните тендери и ја промовираше новата платформа за борба против криминалот и корупцијата.Како примери за, според нив, сомнителни зделки, од партијата наведуваат 161 тендер доделен на една фирма во вредност од 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фирма со само двајца вработени, како и милионски тендери доделени на студент на Христијан Мицкоски во рок од само два месеци.„Затоа ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја руши СДСМ одвнатре“, порачуваат од партијата, додавајќи дека станува збор за синхронизирана акција во која, како што тврдат, се активирани поранешни функционери, лица кои со години не биле присутни во јавноста, како и поединци кои ја напуштиле СДСМ и се приклучиле кон, како што велат, предавнички структури и коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ нагласува дека нема да биде замолчена и дека сценаријата за нејзино рушење нема да успеат. Антикорупцискиот тим, како што велат, продолжува со работа, а граѓаните масовно се приклучуваат во борбата за правда.Од партијата информираат дека на дигиталната платформа МИЦКО.мк секојдневно пристигнуваат нови пријави, истакнувајќи дека „вистината веќе излезе на виделина“ и дека нема враќање назад.„Ќе објавиме сè. Секој кој е вмешан во криминал и корупција ќе одговара. Работата не е завршена“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Стигна и сведоштво од лице место, Заев гради 42-катница во Дубаи, а со Филипче таму имаат и станови, антикорупцискиот тим на СДС да истражи од каде им се парите

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека постојат директни сведоштва кои укажуваат на голема инвестиција на поранешниот премиер Зоран Заев во Дубаи, каде, според нив, тој гради висококатница од над 40 ката.Од партијата наведуваат дека сведок на оваа инвестиција е Томе Аврамски, познаник и поранешен соработник на Заев, кој јавно изјавил дека лично бил во Дубаи и ја видел изградбата на зградата. Според неговото сведоштво, во Дубаи, покрај Заев, присутен бил и поранешниот министер за здравство, а сега лидер на СДСМ, Венко Филипче, со кого, како што тврди, Заев е бизнис партнер.Аврамски во медиумско излагање изјавил дека и Заев и Филипче поседуваат станови во Дубаи и дека лично бил во зградата каде што тие купиле недвижности. Тој наведува дека станува збор за инвестиции вредни милиони евра.„Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“, изјавил Аврамски.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека ова, како што велат, е доказ дека таканаречените „златни визи“ на Заев и Филипче се добиени врз основа на инвестиции во недвижности, што според нив претставува скандал од големи размери, додека СДСМ во Македонија зборува за чесност, морал и грижа за граѓаните.Партијата најавува дека случајот ќе го пријави до антикорупцискиот тим на СДСМ и очекува истиот да биде процесуиран и истражен. Воедно, бара јавно објаснување дали е точно дека, додека државата била, како што наведуваат, опустошена, Заев инвестирал во изградба на 40-катница во Дубаи и од каде потекнуваат средствата за таа инвестиција.ВМРО-ДПМНЕ дополнително прашува дали станува збор за средства од, како што велат, криминални тендери во РЕК Битола и дали во целиот случај е вмешан братот на Зоран Заев, Вице Заев, како и неговата можна поврзаност со Енис Колашинац.„Очекуваме сите сомнежи да бидат расчистени и јавноста да биде целосно информирана, затоа што вистината секогаш излегува на виделина, а правда мора да има“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оценува дека ВМРО-ДПМНЕ сè почесто ја активира својата стара пропагандна мрежа, секогаш кога партиските ботови и шаблонските напади ќе ја изгубат ефикасноста.„Кога програмите со една функција ќе ‘зарибаат’, тогаш на сцена стапуваат истите луѓе кои со години се дел од партиската кујна на ВМРО-ДПМНЕ, познати уште од времето на режимот на Никола Груевски“, соопштуваат од СДСМ.Во таа насока, од партијата посочуваат на поединци од медиумската сцена, во јавноста препознатливи како џубокс-новинари и неформални ПР-експерти, кои темелно реагираат на секое соопштение на СДСМ, дури и со помош на нови технологии и вештачка интелигенција.„Иронијата е што токму тие се обидуваат да зборуваат за модерни трендови и иновации, иако нивниот политички и медиумски пристап е одамна надминат“, наведуваат од СДСМ.Според партијата, најзагрижувачко е селективното сеќавање на овие поединци, кои денес гласно зборуваат за ‘српски свет’, но забораваат на сопствените професионални ангажмани во медиуми со сопственици и уредувачки политики поврзани со Србија.„Очигледно меморијата откажува кога станува збор за сопственото минато – од работата во дневни весници со српски газди, до ангажманите во белградски медиуми, но функционира кога треба да се напаѓа СДСМ“, реагираат од партијата.Од СДСМ додаваат дека македонското новинарство има потреба од интегритет, професионализам и независност, а не од политички инструменти и застарени пропагандни методи.„Добро би било некои да се потсетат на основните принципи на новинарската професија, можеби дури и преку сопствените книги и текстови од минатото, затоа што слободното новинарство не смее да биде последната линија на одбрана на која било партија“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

filipce-sdsm-co-2

Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии, вели Венко Филипче е длабоко заробен во фрчковизмот и пропагандата на лажните машинерии

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, оцени дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е длабоко заробен во, како што рече, „фрчковизмот“ и во пропагандни модели кои се надминати уште пред повеќе од две децении и денес делуваат не само неефикасно, туку и несериозно.Во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, Василевска истакна дека станува збор за стари пропагандни методи, кои СДСМ, според неа, целосно ги истрошил за време на Шарената револуција, кога партијата „прегорела“ во сопствената пропагандна машинерија. Таа оцени дека тие пристапи одамна не функционираат ниту како политичка артикулација, ниту како начин за освојување доверба и поддршка од граѓаните.Осврнувајќи се на состојбите во опозициската партија, Василевска изјави дека актуелното раководство на СДСМ нема визија за суштинска обнова, туку се обидува да ја одржи партијата во, како што рече, „полумртва состојба“ или клиничка смрт, со надеж дека ќе се појави некаков нов бран сличен на оној од времето на Шарената револуција.Според неа, сериозни и одговорни социјалдемократи не би прифатиле да застанат на чело на партијата во вакви околности, оптоварени со криминал, нерешени прашања и контроверзни политики, ризикувајќи го сопствениот углед и здравје без јасна перспектива за успех. Таа смета дека сегашното лидерство е поставено токму за да ја одржува партијата во ваква состојба, чекајќи надворешни околности наместо вистинска внатрешна трансформација.Василевска се осврна и на говорот на претседателката на државата во Собранието, оценувајќи го како државнички и одговорен, со јасен повик за национален консензус околу евроинтегративниот процес. Таа нагласи дека во говорот имало и директна критика кон актуелната влада, особено во делот на европските интеграции, борбата против корупцијата и потребата од вистински функционално и праведно судство.Според Василевска, токму таквиот балансиран пристап и јасното укажување на слабостите во системот се клучни за напредокот на македонското општество, за разлика од, како што рече, застарените пропагандни шеми кои повеќе не можат да ја убедат јавноста.

Македонија | пред 1 месец

zernovski

„Новото раководство“ на СДС е составено од стари и компромитирани кадри, вели владејачката партија

ВМРО-ДПМНЕ денеска остро реагираше „на обидите на СДС да го претстави своето ново партиско раководство како кадровска реформа и нов почеток“, оценувајќи дека таквата слика не одговара на реалноста. Според партијата, самото присуство на Венко Филипче како претседател на СДС и Андреј Жерновски како дел од раководството е доволен доказ дека во партијата нема суштинска промена.Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Жерновски, исто како и Филипче, не претставува ново лице на македонската политичка сцена, туку симбол на неуспех, скандали и политики што, според нив, ѝ нанеле штета на државата. Во соопштението се потсетува дека Жерновски во времето на Зоран Заев ја напуштил својата матична партија ЛДП и преминал во СДС, што, според ВМРО-ДПМНЕ, го направил исклучиво заради добивање функција.Партијата го оценува како неуспешен и скандалозен дипломат неговиот ангажман во Букурешт, каде, како што тврдат, се претставувал како македонски амбасадор без да има добиено акредитации. Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ потсетува и на јавните настапи на Жерновски во кои, според нив, ширел паника за наводна небезбедност на новата трибина на скопскиот стадион, што подоцна се покажало како неточно.Во соопштението се спомнува и неговиот мандат како градоначалник на општина Центар, за кој од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека бил обележан со партизација и превработување на општинската администрација и јавното претпријатие „Паркинзи Центар“, со роднини и блиски лица на активисти и функционери на СДС.Како особено спорен момент, партијата ги истакнува јавните настапи на Жерновски кои, според нив, биле на штета на македонскиот идентитет и позиции, а во полза на бугарскиот наратив за Македонија. Во таа насока, ВМРО-ДПМНЕ наведува дека неговото лично потекло не може да биде оправдување за, како што велат, рушење и предавање на македонските национални интереси.Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека и Филипче и Жерновски се стари и истрошени кадри, длабоко поврзани со СДС уште од периодот на транзицијата, кои, според нив, носат директна одговорност за неуспесите на државата и изборните порази на партијата. Според партијата, таканаречените „нови сили“ во СДС се всушност поранешни функционери кои веќе имале можност да покажат резултати, но ја изневериле довербата на граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

elem-esm

ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра испрани преку наместен тендер, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска изнесе сериозни обвинувања за, како што наведуваат, криминално и партиско управување со државната компанија ЕСМ и нејзините подружници во периодот кога со нив раководеле кадри на СДС и ДУИ.Според партијата, ЕСМ и претпријатијата поврзани со неа биле третирани како „партиски плен“, при што институциите служеле за згрижување роднини и блиски лица на функционери, а нивните буџети биле користени како извор за лично богатење.Како пример, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во ЕСМ Снабдување со топлина, ќерката на поранешниот собраниски претседател Талат Џафери била член на Надзорниот одбор. Според партијата, тоа било резултат на политички договор меѓу СДС и ДУИ, кои, како што тврдат, го поддржале Џафери за функцијата претседател на Собранието, по што неговата ќерка била избрана во надзорното тело на компанијата.Во соопштението се наведува и дека ЕСМ Дистрибуција на топлина била користена за, како што велат, испумпување народни пари преку наместени тендери. Според ВМРО-ДПМНЕ, истражните органи спровеле истрага за периодот кога претпријатието било раководено од кадар на ДУИ, именуван од СДС, при што бил сторен криминал во вредност од околу осум милиони евра.Партијата тврди дека од таа сума, околу два милиони евра биле „испрани“ преку различни корупциски шеми и дека постои сомнеж дека тие средства завршиле во приватни џебови.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека дополнително загрижува молкот на СДС, кој, според нив, ниту тогаш ниту сега не се оградил од наводните криминални и корупциски дејствија во ЕСМ Дистрибуција на топлина. Поради тоа, партијата јавно го поставува прашањето дали исчезнатите два милиони евра завршиле кај структури блиски до врвот на СДС или ДУИ и дали високи функционери од тие партии имаат вмешаност во случајот.Во соопштението се нагласува дека македонската јавност заслужува одговори и одговорност за начинот на кој, според нив, биле раководени државните институции. ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да постапува одговорно, транспарентно и независно, со цел, како што велат, да има правда и санкционирање на одговорните.

Македонија | пред 1 месец

media-library8ger6jjedbvu2eP6nRV

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ во преговорите со Бугарија ги штити македонската традиција и идентитет

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој дискутираше за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство, и посочи дека државата ќе продолжи да се грижи за состојбите со Бугарија, но истовремено земајќи ги во предвид и потребите на државата.„Наша должност е покрај тоа што имаме стабилен економски раст, три и пол пати поголем од тој којшто го имаа СДС, имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија, имаме законодавство коешто од сите кандидати е највисок степен усогласеност со Европската Унија, останува да се грижиме за состојбите коишто ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата“, рече Пренџов и додаде:„Кога се работи за Македонија, кога се работи за нашите предци и за нашите поколенија мора многу сериозно, многу стратешки и многу мудро да се размислува. Не велиме никогаш нема да има Бугари во Уставот, велиме кога Македонците ќе ги внесеме во Европска Унија тогаш и вие ќе влезете во нашиот Устав. Работиме на таа тема паралелно, ама немаме 1% раст каков што имаше владата на Заев, имаме 3,8% раст“.Пренџов истакна дека владата на Заев оставила големи штети и покрај сите тогашни предупредувања, променето име, знаме, банкноти, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сочува македонската традиција и македонскиот идентитет.„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа што го бара Бугарија го бара 150 години и ниту еден претходно не го направил тоа коешто го направи двоецот Заев и Филипче. Ве молевме и ве предупредувавме дека ќе завршиме во ќор сокак, ве молевме и ве предупредувавме дека Македонецот доста му е од понижување, ве молевме и предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе коишто ќе си ја наведнеме главата ќе молчиме, ќе бидеме научени да губиме а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, ние доаѓаме и ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена“, дециден е Пренџов.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryokn3q51dd09pbUFSM9o

Петрушевски: Непристрасен јавен обвинител, законски измени и финансиска поддршка се клучни за враќање на довербата во правосудството

Во денешната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека Јавното обвинителство не ја исполнило својата функција изминатиот период и дека довербата на граѓаните е на ниско ниво, воедно посочувајќи дека оставката на обвинителот Коцевски поднесена непосредно пред закажаната седница претставува избегнување јавна дебата и соочување со аргументите.„Јавното обвинителство е заробено од неколкумина јавни обвинители кои се на висока позиција на чело со овој што си даде оставка и не сите се од тој калибар, меѓутоа оние кои што го држат стегнато јавното обвинителство се оние кои придонесуваат за таа ниска доверба и ги прават оние чувања во фиоки, на предмети за високи функционери на СДС и ДУИ. Свесен дека аргументите се на наша страна, свесен дека на јавна сцена ќе биде обелоденето се она коешто за жал не го работел, јавниот обвинител пред самата седница си поднесе оставка иако за тоа имаше можност месеци наназад да го направи, самиот чин што го направи пред седницата покажува дека сме биле во право и дека избега од една јавна дебата на која што ќе ги соочивме сите аргументи“, вели Петрушевски.Петрушевски изрази очекување дека следниот јавен обвинител ќе биде компетентна и непристрасна личност, способна да се справи со предизвиците и да ја испорача правдата.„Верувам дека следниот јавен обвинител на Република Македонија ќе биде пред се компетентна личност која ќе биде способна да се справи со сите предизвици кои што ја носат таа функција и да ја испорача онаа правда која не само ние како ВМРО-ДПМНЕ туку и граѓаните во Република Македонија ја бараат“, рече Петрушевски.Во однос на идните чекори тој посочи дека со измените на Кривичниот законик како и со обезбедување на финансиски средства за судската и обвинителската власт, Јавното обвинителство ќе функционира ефикасно и сите кои се огрешиле пред законот ќе бидат санкционирани.„Со добра организација, со реформи и на делот на законодавството, во делот на она што го направивме овој период, а тоа е подготвивме  измени на Кривичниот законик каде што воведуваме поригорозни казни, она коешто го најави премиерот, а тоа е дека ќе им се дозволат поголеми финансиски средства и на судската власт и на обвинителската служба, мислам дека сите овие аспекти ако се земат во едно, ако дојде еден способен квалитетен јавен обвинител којшто ќе ја менаџира работата непристрасно, преку словото на правото, мислам дека се ова може да се постигне во наредниот период и сите оние коишто се огрешиле пред законот да си ја добијат заслужената казна. Со сите законски измени кои ги правиме, со финансиите кои ги обезбедуваме и со кадровската реструктурираност која треба да се случи во ЈО мислам дека сработувањето на овие предмети не е недостижно“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-librarybokb1tmgc0bf3EdvYhi

Петрушевски: 2026 година ќе биде во знак на владеење на правото, правосудството ќе го водат професионалци

„Преку стотина кривични пријави имаат поднесено институциите надлежни за прогон, од коишто над 40 се за висока корупција и за високото профилирани личности. Ние дадовме шанса на овој јавен обвинител којшто е избран од СДС и ДУИ, ние имавме 16 месеци јавен обвинител којшто не беше избран од владеачкото мнозинство и му дадовме шанса да работи, нема еден граѓанин којшто ќе ви каже дека добро работи јавното обвинителство. Доживотни мандати имаат, уживаат имунитет, се што треба државата им обезбедила, она коешто се бара од нив тоа е да испорачаат неселективна правда“, рече Бране Петрушевски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на телевизија Алфа во емисијата „За или против“.Петрушевски исто така потенцираше дека во Македонија доаѓа периодот во кој правдата ќе завладее, и дека јавното обвинителство и судството ќе бидат сочинети од компетентни луѓе кои ќе можат да се носат со функциите во правосудниот систем.„Правдата ќе почне да се чувствува во Република Македонија, дел од овие реформски закони коишто допрва ќе стигаат во Собранието, се составен дел на планот за раст на Европската Комисија, коишто ја бараат таа реформа од нас, ќе имаме 12 закони само од овој правосуден сегмент коишто во 2026 година ќе стапат на сила, имаме во завршна фаза комплетно нов Кривичен законик“, рече Петрушевски и додаде:„Заштитен знак во 2026 година ќе биде почеток на носење на правдата во Република Македонија, затоа што самите закони се така направени да полека го чистат тој талог во јавното обвинителство и во судството, и ќе доаѓаат луѓе на вистински позиции, луѓе коишто пред се компетентни и коишто можат да се носат со функциите во правосудниот систем. Ќе имаме добар период во 2026 за правдата во Република Македонија, тоа граѓаните го бараат, полека ги реформираме и овие најзаостанати сегменти во нашето општество“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

Наместо зголемување на минималната плата и подобрување на животниот стандард на граѓаните, актуелната власт признава дека во буџетот нема средства ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, реагираат од СДСМ.Од партијата посочуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ целосно ја напуштила социјалната политика, а граѓаните веќе се соочуваат со пораката дека повисоки плати нема да има и дека мора да се „навикнат“ на сиромаштија.– Во исто време кога нема пари за минимална плата и пензии, власта склучува договори со кои презема обврски за т.н. „економски работници“, за кои, според објави на британски медиуми, државата ќе мора да обезбеди плати, сместување и пензиски придонеси – велат од СДСМ.Според партијата, со измените на Законот за странци, Владата се обидува да ја замагли суштината на проблемот, нарекувајќи ги мигрантите „економски работници“, а постои реална опасност тие подоцна да добијат и македонски пасоши, со што ќе станат рамноправни граѓани.– Договорот е договор, но цената ќе ја платат граѓаните. Ако нема работа, ќе мора да им се плаќа, што директно значи уште помалку пари за платите и пензиите на македонските граѓани – предупредуваат од СДСМ.Од опозициската партија додаваат дека во буџетот веќе недостигаат околу една милијарда евра, но тоа, како што велат, не ја загрижува власта.– Очигледно има пари само за криминални тендери и партиски бизниси до крајот на мандатот – се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

ipard-1140x401-1

ВМРО-ДПМНЕ демантира суспензија на ИПАРД средствата: Европската комисија направила привремен прекин, не стопирање

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија дека средствата од ИПАРД програмата се суспендирани, оценувајќи ги како неточни и политички мотивирани.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Европска комисија не донела одлука за суспензија или стопирање на средствата од ИПАРД III, туку, како што наведуваат, ја поздравила одлуката за привремен прекин на исплатите додека траат проверките и контролите поврзани со конкретен случај.Во партиската реакција се посочува дека институциите веќе работат на расчистување на настанот и дека, по завршување на сите проверки и контроли, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе продолжи. Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за редовна процедура со цел обезбедување транспарентност и законитост во користењето на европските средства.Од владејачката партија истакнуваат дека актуелната влада има јасна определба за борба против криминалот и корупцијата и дека секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност, без оглед на функцијата или политичката припадност.Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ги оцени наводите на СДСМ како обид за собирање политички поени и нагласи дека, според нив, опозицијата ја користи темата ИПАРД за политички напади, додека институциите, како што велат, постапуваат во рамки на своите законски надлежности.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryd4q9bph1c8v64FT9cOO

СДСМ: Погодивме осино гнездо, ДПМНЕ дефокусира од предавството „мигранти за пари“

СДСМ денеска ја оцени кампањата на ДПМНЕ како обид за дефокусирање на јавноста од најважната тема – „мигранти за пари“, што ја објавија британските медиуми.Според партијата, ДПМНЕ е во паника и дури донесе неуставна Резолуција со која се обидува да ја ограничи слободата на говорот и да воведе цензура, за никој да не зборува за оваа тема. СДСМ ја спореди ваквата постапка со нацистичкиот пристап од 1933 година, кога преку Декретот на Адолф Хитлер беа суспендирани клучни граѓански слободи, вклучително и слободата на говор.„ДПМНЕ секојдневно организира прес-конференции за напади на СДСМ, штанцајќи лажни вести и повторувајќи стари фрази од времето на Никола Груевски. Се обидуваат да отвораат и по 50 теми дневно, но бегаат од вистината – ‘мигранти за пари’. Граѓаните ја дознаа вистината за предавството на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.Партијата додава дека промената на Законот за странци од страна на ДПМНЕ им овозможува на мигрантите да се претставуваат како „економски работници“, со што, како што велат од СДСМ, се подготвува план за избори, а потоа за мигранти.„Нема да ви помине. Борбата започна!“, нагласуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 месец

media-library2gq3bkag59dvdrsGMQz

Петрушевски: Криминалната шема на СДС и ДУИ во ЕСМ - наместени тендери од 8 милиони евра и испрани 2 милиони

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска обвини дека СДС и ДУИ стојат зад, како што рече, криминална шема во државната компанија ЕСМ, преку која биле испрани околу два милиони евра пари на граѓаните.Петрушевски изјави дека во 2023 година, под раководство поставено од тогашната власт на СДС и ДУИ, во ЕСМ бил наместен тендер вреден осум милиони евра. Според него, наместо спроведување транспарентна јавна набавка, биле вклучени две правни лица – едно од Скопје и едно од Куманово – со однапред утврдени улоги.Како што појасни, фирмата од Куманово настапила со непотполна документација и со повисока цена, со цел да се создаде привид на конкуренција, додека скопската фирма доставила понуда речиси идентична со проценетата вредност на тендерот, иако таа вредност, според него, воопшто не била јавно објавена во огласот.Петрушевски тврди дека по доделувањето на тендерот, за да се прикрие трагата, осомничените пуштале во оптек, примале и пренесувале средства во износ од околу два милиони евра, што, според него, претставува основ за кривично дело перење пари.„По примерот на Зоран Заев и Венко Филипче, вака се местеа тендерите во државата додека владееја СДС и ДУИ“, изјави Петрушевски, обвинувајќи ги двете партии дека молчат и не се оградуваат од случајот, туку, како што рече, го штитат криминалот.Тој порача дека токму поради ваквите случаи, СДС и ДУИ, според него, ќе останат во длабока опозиција. Од СДС и ДУИ засега нема официјален коментар на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

media-library649377a2c8tsdwFByP5

Манасиевски: Мали Фрчко - новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска остро ја критикуваше СДС, обвинувајќи дека партијата останува нереформирана и дека во своето раководство вклучува лица со, како што рече, сериозни контроверзии.Манасиевски изјави дека на чело на СДС, според него, стои „чуварот на фотелјата на Зоран Заев“, Венко Филипче, а во партиското раководство бил вклучен и Јон Фрчковски, син на нивниот идеолог. Тој оцени дека во раководството на СДС има „различни профили на луѓе“, кои, како што тврди, се поврзуваат со криминал, корупција и манипулации.Според Манасиевски, во јавноста пред неколку месеци се појавиле фотографии од Фрчковски, за кои тој тврди дека покажуваат користење психотропни супстанции на работно место. Како што додаде, од СДС немало ниту оградување, ниту јасна реакција, а најавената оставка, според него, не била разгледана.Тој постави низа прашања, меѓу кои и зошто надлежните институции, вклучително и Јавното обвинителство, не постапиле доколку, како што тврди, настанот се случил во државна институција, како и од каде потекнуваат спорните супстанции. Манасиевски праша дали постои привилегиран однос кон „децата на транзициската елита“.„СДС му должи извинување на народот, наместо да ги наградува луѓето кои ја злоупотребуваат доверената функција“, изјави Манасиевски, нагласувајќи дека вистински реформи во СДС се „повеќе од потребни“.Од СДС засега нема официјален одговор на овие обвинувања.

Македонија | пред 1 месец

zagadeno-skopje-5

Скопјани го дишат најзагадениот воздух во Европа, а власта нема пари за здравје – има за криминални тендери, велат од СДСМ

Граѓаните на Скопје секојдневно го дишат еден од најзагадените воздухопловни коктели во Европа, изложувајќи се на сериозни здравствени ризици. Децата, младите, хронично болните и повозрасните се најпогодени, но за власта тоа очигледно не претставува приоритет, реагира Социјалдемократски сојуз на Македонија.Иако Скопје е втор најзагаден град во Европа, Владата не презема системски мерки ниту вложува во политики за чист воздух обвинува опозицијата. Според СДСМ, оправдувањето дека „нема пари“ не држи, бидејќи средства очигледно има – но само за наместени и криминални тендери.Антикорупцискиот тим (АКТ) на СДСМ, како што велат од партијата, разоткрил корупциски механизам преку кој милиони евра од буџетот завршуваат кај фирми блиски до власта. Во еден случај, една фирма добила дури 161 тендер, додека друга фирма, со само двајца вработени, инкасирала девет милиони евра за една година.„Ова се приоритетите на власта на ВМРО-ДПМНЕ – корупција и грабеж, наместо здравје и живот на скопјани“, наведуваат од СДСМ.Корупцијата, според партијата, навлегла во секој сегмент на општеството, а последиците се директно опасни по здравјето на граѓаните. Наместо инвестиции во заштита на животната средина и јавното здравје, државните пари се трошат за криминални шеми и партиски блиски бизниси.„Мора да се стави крај на криминалот и корупцијата. Грабежот мора да престане, а јавните средства да се насочат кон граѓаните и нивните реални потреби“, порачуваат од СДСМ.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања